You are on page 1of 3

ВО ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ „11 ОКТОМВРИ“

Револуционерната песна
„Во борба, во борба...“
повторно станува актуелна
(ВИДЕО)
На иницијатива на Радио Бубамара по 70 години повторно оживеа
една од најпопуларните македонски песни на сите времиња.
Слободарските стихови од антологиската „Во борба, во борба...
македонски народе“, со кои започна НОБ во Македонија и рефрените
со кои беше прославена победата над фашизмот, повторно се
актуелни благодарение на културно-уметничкиот народен херој и
политичко-здравствен дисидент Кирил Поп Христов и еколошко-
забавниот војвода Ранко Бубамара.
Снимањето на песната има интересна приказна. Новата верзија на песната е
снимена пред точно една година, на само неколку часа пред актерот Кирил Поп
Христов да замине на лекување во далечниот Еквадор.

„Кога го испраќавме за Еквадор, посака да влезе во студио и да го отпее


познатиот рефрен за слободата и да испрати неколку еколошки радиопораки
до своите сограѓани. Додека ги ставаше куферите во автомобилот ја отпеа
неколку пати, за потоа во студио во еден здив да ја сними само со глас.

За наша среќа, имаме и видео запис од неговото харизматично слободарско


пееење во студио, кое го снимивме со мобилен телефон, со што успеавме да
изработиме и празничен видеоспот“, изјавија од Радио Бубамара.

По неколку дена е снимена и музиката со специјален народен оркестар. На


снимката е додаден и дел од говорот на војводата Ранко Бубамара, кој го
обзнани во Крушево во име на шумско-еколошкиот манифест за заштита на
шумите и дрвата од неконтролирано сечење.

You might also like