Professional Documents
Culture Documents
Гилгамеш
Гилгамеш
Гилгамеш, кралот на Урук, знаел вистински да ужива во животот. Тој господарел, се забавувал
и пирувал денови и ноќи, другарувал, љубел, смело се борел, херојски убивал ѕверови, на
боговите им се спротивставувал – зашто и самиот бил две третини бог, а само една третина
човек. Најмногу од сè го сакал својот пријател, дивиот Енкиду, кој му бил рамен во сила и
издржливост и со него ги споделувал убавите моменти од животот. Затоа, огромна била
неговата болка кога Енкиду умрел. Шест дена и шест ноќи го оплакувал, ги корнел косите и
облеката, рикал како лавица. Но, во тие денови, освен болката, го почувствувал и својот
најголем страв – стравот од смртта. Тогаш Гилгамеш се соочил со краткотрајноста на животот
и со сознанието дека еден ден и тој самиот ќе умре. Оттогаш тој има само една цел во животот
– да ја пронајде бесмртноста! Со натчовечки напори поминува мориња и планини, се соочува
со богови и со својот прататко Утнапиштим и заради својата упорност и издржливост ја добива
тревката на бесмртноста. Тревката, која ќе посака да ја подели со сите луѓе, за сите да ги
направи бесмртни! Боговски несебичен, бескрајно хуман, со спас за сите во рака, ќе мора
повторно да очајува кога змијата ќе му ја изеде тревката. Разочаран и паднат во духот,
беспомошен, тој ќе се врати во родниот град.
Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен,
непопустлив, гневен и упорен. Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена.
Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и
сочувствителен, великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам.Така, Ахил е
брзоногиот, божескиот, боголикиот, прекрасниот, русокосиот, синот Пелејев;(добива епитети)
Ахил е син на морската божица Тетида и кралот Пелеј и е водачот на Мирмидонците, јунакот
околу кого се групирани сите поважни настани во „Илијада“. Во античко време тој бил
олицетворение на нивниот идеал за совршен јунак.
Х ектор е најславниот јунак на Тројанците. Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како
борец, како сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му Парис, заради
честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот живот. Особено пленува љубовта која ја
покажува кон жена си Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но
сепак најсвета за него е родната земја. Хектор е коњокротец, сјајношлемец итн. Освен за
ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби брзопловни; оган
живожарен; корабоводци итн.(добива епитети)