You are on page 1of 6

ДМУЦ„Сергеј Михајлов„- Штип

Анализа по предметот: Музички форми

Тема:

Анализа на втор став од пијано соната

Професор: Изработил:

Билјана Кошча Дејан Ангелов

Април2020
Содржина
1.Вовед.................................................................................................................................................3
1.1.Дводелна песна......................................................................................................................3
2.Главен дел.........................................................................................................................................5
2.1.Анализа.....................................................................................................................................5
3.Нотен пример....................................................................................................................................6
1.Вовед
1.1.Дводелна песна

Дводелната песна е со шема “a b” и е составена од два периоди или други


делови кои по големина одговараат на периодот. Истите можат да бидат мали
или големи во зависност од големината на периодот. Со други зборови, малата
дводелна песна собржи 2x8 такта, а големата дводелна песна содржи 2x16
такта (во случај да нема неправилности во конструкцијата). Дводелната песна е
заокружена форма со внатрешно тематско единство. Нејзината внатрешна
единственост е:

Тематска-двата дела се доста слични,или другиот содржи делумно


повторување на првиот.

Хармонска-може да содржи и модулации најчесто во поблиски тоналитети,но


на крај завршува во основниот тоналитет и структурна (деловите се со иста
приближно иста големина).

Во дводелната песна не е возможно да се изградат значајни тематски и

хармонски контрасти,затоа што истата претставува најмала форма на песна.

Постојат два типа на дводелни песни кои се разликуваат еден од друг по

структурата на нивниот втор дел:

1. Првиот основен тип- со шема “a b” при што дуквите ги означуваат

периодите (понекогаш наместо период,се наоѓа низа од две

реченици,или наместо мал период,голема реченица). Првиот дел

обично претставува правилен период кој завршува во основниот

тоналитет,или модулира во некои од најблиските тоналитети. Вториот

дел е поразличен од првиот (нормално не премногу различен) а

завршува во основниот тоналитет.

2. Вториот е преодна форма помеѓу дводелна и триделна песна со шема “a a b


a” каде буквите означуваат само поедини реченици (а а= I дел, b a= II дел)
Првиот дел е ист како кај основниот тип на дводелната песна (најчесто во
периодична целина) додека другиот дел не е период,туку низа од две реченици
со различна содржина: прватаbвнесува извесен контраст а втората а го
донесува со дословен или изменет вид материјалт од I дел од песната а а.

Ваквата форма по структура е дводелна,но по тематската содржина троделна


бидејки содржи реприза на отсекот а после контрасниот дел b.

Ваквата преодна форма од правата троделна песна, се разменува по тоа што


има реприза само на едната реченица,додека кај троделната песна I и III дел
по правило се по иста должина. Отсекот b во преодната форма донесува
позначајни контрасти (тематски и хармонски) одколку во b делот кај дводелната
песна. Овој дел е често фрагментарно изграден и е модулативен (најчесто на
доминантна хармонија или како доминантен оргелпунктски педал). Во повеќе
случаи отсекот b и не е реченица,туку само повторен двотакт. Репризата а т.е.
вториот отсек од вториот дел е честопати повторување на втората реченица од
првиот дел. Доколку во овој дел има и некаква промена,тогаш темата ќе биде а
а1 b a2. Не е реткост и проширување на репризата по пат на секвенца која води
до кулуминација.

Двата типа на дводелни песни содржат повторувања со репетиција,при што се


повторуваат и двата делови (поретко само вториот). Според ова се јавуваат
следниве теми:II:a:II:b:II, IIaII:b:II, II:aa:II: ba:II, II a a II: b a:II.

Дводелната форма на песната може да се прошири и со надворешни додатоци


кои не се во шемата на формата. Тоа се вовед и кода.

Вовед –(интродукција е ретка и кратка појава со составен тематски материјал,а


понекогаш претставува само хармонска фигура.

Кодата-(Ит. Coda-опашка) е завршен отсек,кој се додава како надворешно


проширување на крајот на делото.Кодата почесто се јавува кај оние дводелни
песни кои претставуваат самостојни композиции и во повеќе случаи е кратка.
2.Главен дел
2.1.Анализа

Вториот став на оваа сонатата за пијано бр.50 HOB XVI:37 од Франц Јозеф
Хајдн претставува дводелна песна. Составен е од два дела а дел кој што трае
од 1-9 такт, и b дел кој што трае од 10-19 такт. а делот започнува во (1 такт) во
паралелниот молски тоналитет d –moll, каде што веќе во 5 такт може да се
забележи модулација кон релативниот дурски тоналитет F –dur за да заврши со
совршена каденца во (9 такт). Овој дел по форма претставува правилен период
кој што завршува во основниот тоналитет. b делот започнува во (10 такт) во
субдоминантниот тоналитет G –dur, потоа модулира во d –moll во (12 такт), што
доведува до несовршена каденца во (17-19 такт). Со тонично хроматско седмо
стапало во субдоминантниот тоналитет во (15 такт) и наполитански секстакорд
во (16 такт). Овој дел по форма претставува исто период кој што не завршува
во основниот тоналитет туку во паралелниот молски d –moll.
3.Нотен пример

You might also like