You are on page 1of 4

Монохибридно вкрстување во генетиката

Да се потсетиме!

Во клетката, поточно во клеточно јадро се сместени гените во кои се запишани


карактеристиките кои ги наследуваме од нашите предци.
Наследувањето е процес на пренесување на карактеристиките од родители на
нивните потомци.
• Наследувањето на својствата кај организмите со одвива по определени
природни законитости преку основните функционални единици на
наследувањето – гените.
• Сите карактеристики, физички и функционални на еден организам зависат од
информациите сместени во клеточното јадро. Всушност тие се сместени во
гените. Гените се функционални единки на хромозомите кои содржат ДНК.

- Гените линеарно се распоредени на хромозомите

• Хромозомите кои се наследуваат од двата родители формираат пар кој се


означува како хомологен пар на хромозомот.Секој пар може да носи различна
форма од истиот ген.

Хомологните хромозоми се хромозомски


парови (по еден од секој родител), кои се
слични по должина, позиција на гени и
центромерна локација.
Позицијата на гените на секој хомологен
хромозом е иста, но гените може да
содржат различни алели .
Различните форми на еден ген се
означени како алели.
Секој ген има два алели, еден доминантен
алел и еден рецесивен алел.
Гените кои дошле до израз кај потомците се наречени доминантни гени
(пр.висината,бојата на очи), а оние кои ги не се видливи но ги носиме во себе се
наречени рецесивни гени .Рецесивните гени може се пренесуваат на потомството и
може да дојдат до израз во следните генерации.

Алелите (формата на еден ген) може да се ДОМИНАНТНИ


(карактеристиката ќе се покаже кај потомството) и ги бележиме со голема буква А и
РЕЦЕСИВНИ ( карактеристиката нема да се покаже кај потомството, но постои) и ги
бележиме со мала буква а.

Пр. Ако од таткото имаме ген за зелени очи, а од мајката ген за црни очи , ние имаме
зелени , значи доминантен ген бил тој од таткото, но сепак го имаме и тој од мајката
рецесивниот за црни но не се гледа на нас.

Пример, кај бојата на очите: ако некој има кафена боја на очите може
едниот алел од генот носи каректеристика за кафеави очи - ке биде
претставено со голема буква „Б“ - како доминатен алел но има и   еден
алел за сина боја на  очи - ќе претставено со мала буква „б“ - затоа што
овој алел е рецесивен.
Тогаш неговиот генотип би бил „Бб“. Меѓутоа, ако детето примило две
алели на кафеаво око, нивниот генотип би бил „ББ“, а дете со две алели
на сино-очи „бб“.
Алелот за кафеави очи е доминантен над алелот за сини очи, така
што детето со генотипот „Бб“, во теорија, би имало кафени очи,
наместо сини или мешавина помеѓу двете.
ББ-кафени очи
Бб-кафени очи
бб-сини очи

Ако една единка содржи само една форма на генот тогаш таа се означува како
ХОМОЗИГОТ,доколку единката содржи две форми на генот таа се нарекува
ХЕТЕРОЗИГОТ .

ББ се хомозиготни доминатни алели (хомо=исти)


бб се хомозиготни рецесивни алели
Бб се хетерозиготни алели (хетеро= различни)
Шематски приказ за начин на наследување на особини кога двата
родители се носители на различни гени за иста особина (во случајот
наследување на боја)

Родител хомозигот (АА) со Родител хомозигот (аа) со


доминатен ген за жолта боја рецесивен ген за зелена боја

Потомство од прва генерација кај која е


изразен доминатниот ген за жолта боја (Аа),
но носи рецесивен ген за зелена боја

Во следната генерација постои


шанса 3:1 рецесивниот ген за
зелена боја да дојде до израз

Запомни
• Генотип e комплетниот збир на гени на организмот
• Фенотип e комплетниот збир на надворешни особини кај организмот
Монохибридно наследување-шематски приказ
Пример за Панетова мрежа за монохибридно вкрстување

F1 : Genotip = 2AA : 2Aa F1 : Genotip = 2Aa : 2aa


Fenotip = 4 доминатни Fenotip = 2 доминатни и 2 рецесивни

You might also like