You are on page 1of 2

1.

Тонска скала е мелодиска низа од 7 + 1 тон, различни по висина каде 8миот тон е
повторен. До ре ми фа сол ла си до
2. Степен е растојание меѓу 2 соседни тонови (растојание меѓу 2 дирки на пијаното каде има
има и црна дирка измеѓу). Се бележи со лак под нотите.
3. Полустепен е најмало можно растојание меѓу 2 соседни тонови (растојание меѓу 2 бели
дирки кога измеѓу не стои црна дирка). Се бележи со остар лак над нотите.
4. Проширување на тонскиот обем (мало ла и мало си) – тоа значи тоновите одат надолу
под првото до (до, си, ла....), СИ се пиши со црта одозгора, ЛА се пиши исто со црта
одозгора со мал празен простор.
5. Ноти и паузи да се научат како се пишуваат (ги има в тетратка), цела трае 4 удари,
половина трае 2 удари, четвртина трае 1 удар и осмина трае ½ удар.

6. Молска скала а-мол, не почнува од до (це), туку од ла (а). Растојание меѓу степените и
полустепените се поместува за 2 дирки надолу на пијаното според ц-дур скалата.

7. Продолжување на нотна вредност односно траење на нотата: лак, точка и корона.


8. Точката ставена десно од нотата ќе ја продолжи за пола од нејзината вредност. Пример,
точка до цела нота ќе се продолжи за уште пола нота, така ќе трае 4+2 удари.
9. Со лак се продолжуваат 2 ноти со исто име и висина и се спојуваат во едно траење.
Пример две цели ноти, до, ќе траат 8 удари без да се подигни прстот од дирката.
10. Корона е обратен лак со точка на средина и се става над нотата, ја продолжува за
приближно половина од нејзиното траење, но сепак, во зависност од чувствата на
изведувачот, тој одредува колку ќе ја продолжи нотата.
11. Скалите се делат на дурски и молски. Дурските се весели, погруби, а молските се помеки,
нежни, тажни.
12. Скалата што започнува од Це се вика це дур скала (c-dur).
13. Toновите имаат и абецедни имиња, c, d, e, f, g, a, h, c2
14. Стапало е местото на тоновите во тонската скала и се бележи со римски броеви од I до VIII,
така тонот до е прво стапало, ре е второ стапало итн.
15. C-dur скалата е основна скала и може да се подели на 2 еднакви дела по 4 тона кои се
викаат ТЕТРАКОРДИ (тетра-четири, корд-жица). До ре ми фа – прв долен тетракорд. Сол ла
си до – втор горен тетракорд.
16. Полустепени во ц-дур скалата има меѓу 3и4 и 7и8 стапало. Меѓу тие тонови нема црна
дирка на пијаното. Меѓу останатите има цели степени.
17. Во а-мол скалата полустепените се меѓу 2и3 и 5 и 6 стапало.
18. Тонска азбука се тоновите до ре ми фа сол ла си до, секој тон има свое име и звучи
различно.
19. Тоновите се запишуваат на петтолиние, и тие имаат заеднички клуч кој се вика виолински
клуч. Тој секогаш се пишува на почетокот на петтолинието.
20. Петтолиние е систем на кој се пишуваат музички знаци, се состои од 5 линии и 4 празнини.
21. Виолинскиот клуч се нарекува и G или СОЛ клуч оти се пишува од местото на нотата СОЛ.
22. Растојанието од една до друга тактова црта се вика такт.
23. Секој такт е составен од тактови времиња, а колку ќе бидат на број се одредува со
тактова мера (ако е 2/4 такт значи ќе бидат 2 времиња). Тактовите времиња можи да
бидат јаки и слаби,
24. Има 2/4 такт (едно слабо и едно слабо тактово време), ¾ (едно силно и две слаби) и 4/4
(две силни и две слаби тактови времиња).

You might also like