You are on page 1of 14

Лексикологија и фразеологија

Поимот “Лексикологија” доаѓа од грчкиот збор lexi = збор + logos = наука.

Лексикологијата е дел од науката за јазикот што го проучува, објаснува и опишува


речникот или лексиката на даден јазик, поставувајќи ги притоа сите општи прашања кои
се однесуваат на зборот како основна единица на јазикот.

Зборот како единица на реченичкиот фонт има своја форма и содржина:

 Формата е неговата надворешна (материјална) страна на зборот, се однесува на


неговата гласовна структура (букви).
 Содржина е неговата внатрешна страна онаа што се нарекува лексичко значење
(значење)

Пример зборот м а с а. Според формата, тој збор е составен од четири гласа кои се означуваат
со соодветни знаци од азбуката. „М а с а“ е именка од женски род во еднинска форма. Може да
ја членуваме и да го смениме бројот (масата, масава, масана, маси, масите) итн. Овие
граматички карактеристики се неговата надворешна страна.

Но, во свеста на човекот, кога ќе го кажеме зборот „маса“, веднаш се создава слика за
предметот што го означува и ние го сфаќаме значењето на зборот. Тоа е содржината на
зборот, неговата внатрешна – лексичка страна.

Зборот е глас или гласовен комплекс кој има значење и определена функција и се
употребува во јазикот како самостојна јазична единица. Главната функција на зборот е
номинативна или именувачка. Не сите зборови служат за именување, но нив нема да ги
разгледаме. Постојат:

 Моносемички зборови, моносемија (mono= еден, sema=знак) – зборови со едно


значење.
 Полисемички зборови, полисемија (poli = многу, sema = знак) тоа се многузначни
зборови кои развиле второ, трето или и повеќе значења. Тие се повеќе застапени за
разлика од моносемичките зборови. Полисемијата е еден од начините за
збогатување на лексиката. (со преземање на зборови од другите јазици и
зборообразување)
Пр: Глава- дел од тело, глава во книга, глава во фамилија, му фаќа главата, плати со глава

Сите овие значења се содржина на именката - глава.

Начини на образување нови зборови, значења:

 Метафора- преносно значење врз основа на сличност.


Пр: лав- животно, храбар човек

Метафората може да се образува и брз база на надворешна сличност.


Пр: чашка – мала чаша, дел од цвет, колено.

 Метонинија- замена на еден поим за друг преку конкретна, логичка врска.

 Нашата гимназија е многу стара. (објектот)


 Цела гимназија бевме на излет (професори и деца)
 Го читам Петре (ги читам делата на Петре)
 Фабриката денеска штрајкува (вработените)

Синоними- од sin- ист и onimim- име. Синонимијата е семантички однос меѓу две или
повеќе лексеми кои целосно или делумно се совпаѓаат со значењето. Тоа се зборови кои се
разликуваат по гласовна структура, но се еднакви или блиски според значењето. На
функционален план тие изразуват способност да се замената со друг збор во еден или
повеќе контексти притоа да не влијаат врз содржината на исказот. Две лексеми меѓу чија
содржина постои семантички однос на делумно или целосно совпаѓање се нарекуваат
синонимен пар. Пр дванаесет – дузина

Кога во ваков однос ќе се јават три или повеќе лексеми, тогаш групата се вика синонимен
ред (низа). Тој ред може да биде од зборови со ист корен. Пр трча, оттрча, стрча

Може да се формира од зборови од различен корен. Пр: паметен, мудар, разумен, умен

Синонимите може да бидат делумни (блискозначни) кои меѓусебе можат да се заменат во


некои контексти и целосни (истозначни) кои може да се заменат во сите контексти.

Целосните синоними се многу поретки и се ограничени на синонимни парови. Употребата


на истозначни зборови го отежнува разбирањето и затоа повеќето се ограничени на
блискозначни. Во македонскиот јазик преку разликите во значењето на одделни
зборовите може да дојде до нијансирање на значењата.

Маж- оженет човек, младо момче, некој кој е храбар.

Сопруг- оженет човек

Маж и сопруг би можеле да се заменат само ако се работи за првото значење.


Антонимија – од грчки anti – против, onima – име. Зборови со спротивно значење.
Антонимија е вид семантички однос на лексичките единици кои имаат спротивно значење.
Со нив се именува ист тип појави кои се спротивни по својот карактер:

пр: ден-ноќ, рано-доцна, дојде-појде

Има и зборови кои немаат антонимен пар (лични имиња) и одделни зборови: леб, лист.

Според потеклото можат да бидат со ист и со различен корен. Меѓу различните коренски
основи не постои етимолошка врска бидејќи се развиле од различни корени.

Пр: жив-мртов вистина-лага. Затоа ги сметаме како примарни или вистински антоними.

Наспрема нив се истокоренските кои се создаваат со зборообразувачки сретства


(префикси): натпросечен-потпросечен отвори-затвори законски-противзаконски

Антонимните парови можат да бидат:

 Според некое обележје: умен-глуп лесен-тежок


 Чувства: смеа-плач љубов-омраза
 Прострарни; блиску-далеку
 Состојба: крене-спушти

Антонимите секогаш треба да се од иста зборовна група.

Зборовите кои имаат повеќе значења за секое значење имаат различен антоним.

Пр: стар- млад стар-нов стар-современ стар-модерен

Постојат и контекстуални антоними – индивидуални кои не излегуваат од содржината


каде се употребени. Пр “Везилка” црн-црвен копнеж-мака
Хононими – homos- еднаков, onima- име. Зборови кои се еднакви по звучност и бележење,
но имаат различни значења. Пр; коса= од глава, алатка

Град= временска појава, место

Клас= жито, одделение

Многу често се добиваат од семантичко распаѓање на полнозначните зборови. Пр; парк=


градски, возен, аква.

Постојат и етимолошки различни според потекло пр: цел го изеде бурекот, пристигна на
целта. Тон (звук-тежина)

Хононимете можат да бидат; делумни и целосни (полни).

o Целосните се од иста зборовна група и се совпаѓаат во сите граматички форми.


o Делумните не се совпаѓаат во сите граматички форми. Пр: град- место, градови
Град – појава, нема множина

Хомофони – зборови слично се пишуваат, но имаат различни значења (луд-лут)


Хомографи – зборови кои се пишуваат исто, но различно се изговараат и имаат
различно значење ( не-н’e; и-ѝ; се-с’e)
Пароними- блиски по звучење, различни по значење. (Австрија-Аврстралија,
Словенија-Словачка)
Лексиката според потеклот
Во македонскиот јазик зборовите можат да се поделат во две групи: зборови од
словенски јазици и заемки од несловенски јазици.
o Црковно-словенизми - навлегле преку писмената традиција и се ограничени
на одредена терминологија (мошти, полза..)
o Бугаризми – не се земени целосно туку само зборообразувачките делови.
Тел- родител, учител кои подоцна се замениле со ач- воспитател-воспитувач
спасителен-спасувачки
o Русизми – навлегле преку школувањето во Русија (ѕиден, весник, ставка,
штрајк, болшевици)
o Србизми – фонетски и морфолошки се адаптирани (улаз-влез)

Заемки од туѓо потекло:

 Романизми – едни од најстарите заемки, балкански латинизми (бања, коледе, цар..)


 Аромански – влашки јазик (овчарска терминологија)
 Италијански – заемки преку турскиот јазик (бандера, театар...)
 Француски – (тантела, мода, палто...)
 Албански – се користеле како “тајни говори” (блуза, уста, чупе...)
 Грцизми – првенствено навлегле во црковниот јазик (aмин, ангел, узо,
анатема,евангелие, трпеза) се прифаќале и само одредени делови – префикси (авто,
аеро) суфикси (ка, оса, чка)
 Турцизми – се голем дел од лексиката, околу 3000 зборови. Турскиот јазик бил
посредник за арапскиот и персискиот јазик. Најстарите турцизми навлегле веднаш
по наметнувањето на турската власт (каур, џамија, одаја...) за некои поими иако
имаме словенски зборови се уште се користат турцизмите (комшија-сосед, масло-
зејтин, обичај-адет). Постојат пасивни турцизми (кои повеќе не се користат) и
активни (јоргован, каранфил, алва, баклава, чорба, шеќер...)

Треба да се прави разлика помеѓу заемки и интернационални зборови. Доколку зборот е


заемка тоа значи дека за појавата имаме и наш терминот, а интернационализмите
претставуваат зборови кои се исти во повеќе јазици.

 Лексички заемки – целосно се преземаат од друг јазик (политика)


 Лексички калки – добиени со буквален превод (ортографија, ортоепија...)
 Лексички хибриди – зборови кои содржат наш и туѓ елемент (хокеј на трева, макси-
здолниште...)
Постојат повеќе причини за заемање: потребата да се именува некој предмет,
економичност (за некој поим со наши зборови би морало да употребиме 2+ додека со туѓ
би кажале во еден) заради избегнување на повторување на исти зборови.

Лексика според процес на обновување

Лексиката може да биде во активна или пасивна употреба.

1. Во пасивна лексика спаѓаат зборови кои се застарени и означуваат неактуелни


предмети или сосема нови зборови. Затоа се делат во две групи: застарени и нови.
 Историцизми се зборови кои целосно излегле од употреба и немаат замена, а
доколку се користата се уште тоа е со друго значење затоашто основното нзачење
повеќе не постои. (бир, паша, везир...)
 Архаизми се стари зборови кои се заменети со други нови зборови, се усовршуваат
(армија-крадец, еким-лекар)
 Неологизми се зборови кои се примаат за да означат поим. Во одреден период се
нови, а потоа се дел од секојдневниот живот. (фрижидер, телевизор, летоци,
фашизам) зборовите може многу брзо да преминат од неологизми во архаизми.

Зборови со контракција- се зборови кои се добиваат со спојување на два или повеќе


зборови од различни јазици во еден. (мотел=мотор+хотел, смог=чад+магла,
ситком=ситуација+комедија...)
Постојат и неологизми на автори кои не станале дел од секојдневниот живот, но се
застапени во лингвистиката на авторот. Тие се создаваат со зборообразувачки
елементи.
Општо јазични неологизми
Неологизми на автори, писатели – зборовите не станале дел од активниот речник,
тие се контекстуални, индивидуализми. Се прават со зборообразувачки елементи.
Лексика со ограничена употреба:
1. На определен дијалект
2. Професионална лексика
3. Жангровска лексика

1. Во дијалектна лексика спаѓаат зборови кои се употребуваат на определена


територија и припаѓаат на дијалект. Тие се воглавно сретства за усната
комуникација.
 Лексички дијалектизми – еднкви по значење со општо стандардните
зборови, а од нив се разликуваат според звуковниот состав. Во овој случај
тие се синоними на стандардните форми. (френки-домати, дума-мисли,
чушки-пиперки)
 Семантички дијалектизми- се совпаѓаат по звучење со стандардните, а се
разликуваат по значење- хомоними. (карпус-лубеница, соба-печка)
 Регионални или етнографски- зборови што се употребуваат за да ги
истакнат локалните особини. (Развигор, ѓомлезе, Кошава...)

2. Професионална лексика, терминолошка за група луѓе од различни професи, се


изделува од другиот вид лексика затоа што означува одредени поими,
сретстава... тие се создаваат со зборообразување или со преосмислување на
стандардните зборови. Најважно е овие зборови да имаат апсолутна семантичка
точност, да се еднозначни.
3. Жаргонска, аргон, сленг лексика – помали групи луѓе кои на некој начин
отскокнуваат со општествената положба што ја имаат: возраст, специфика на
живеење итн. Тие со посебна лексема означуваат предмети или појави за кои
веќе имаме зборови во јазикот. (млад војник- гуштер, стар-џомба)

Ономастика – наука која се занимава со проучување на имињата. Оnima – име. Тоа


најчесто го прави со помош на другите научни дисциплини. Сите имиња може да се
поделат во две групи: имиња на луѓе - антропоними и имиња на места - топоними.
Постојат три вида на имиња: лични, прекари (се употребувале за да се разликуваат
луѓе од помали заедници кои имале исто име, денес се знак за блискост) презимиња
(претставуваат најмлад лексички слој)

 Имиња на народи или етнички групи – етноними.


 Топонимијата има три групи: имиња на населени места (Скопје, Дојран...)
еконими, ојконими
На планини, гори – ороними и на води – хидроними.

Лексикографија
Науката која се занимава со составување и пишување на речници се нарекува
лексикографија. (Lexicon-книга, graphein-пишува)

Од XIX век поимот лексикографија се шири така што денес покрај практичната умешност
во составување на речник во рамките на оваа научна дисциплина се опфаќаат и теоретски
проблеми. За решавање на овие проблеми лексикографијат ги користи пред се
проучувањата од лексикологијата затоа што овие две области се поврзани.

Поделба на речниците: енциклопедиски и јазични.

 Енциклопедиските речници ни нудат податоци за вонјазичникот свет. Според


обемот се делат на: енциклопедии и лексикони.
 Енциклопедија е дело во кое по азбучен ред се дава преглед на човековот знаење.
Според содржината се делат на општи (знаење од сите области), национални (со
знаење за историјата, културата на еден народ) и посебни (исполнети со
информации од една струка или гранка од човековата дејност)
 Лексикон е прирачник во кој по азбучен редослед се даваат основни информации
за различни поими, настани, личности. Тие се помали од енциклопедиите.

 Јазичните речници се делат според неколку критериуми:


1. Содржина: општо јазични (обработуваат лексеми кои припаѓаат на општата
лексикологија), посебни (терминолошки во кои се обработени сите или само
дел од обрани стручни или научни термини).
2. Според обемот јазичните речници се делат на: мали или џебни, средни или
прирачни и големи.
3. Според бројот на јазици чија лексика се обработува: еднојазични, двојазични и
три или повеќе јазични.

Лексемата што се обрабоува во речникот се нарекува лема. Истакната е во


речникот со поинаков вид букви. Како лема во речникот се вбројува и канонскиот,
правилниот облик на лексемта. Кај именските зборови тоа е номинативната форма,
а кај глаголите формата за трето лице еднина.
Основните податоци кои обично се дадени во скратеници и стојат по лемата се
нарекуваат одредници.

 Етимолошки одредници – корен, потекло на лемата.


 Граматички – каков вид на збор е, род, број, лице
 Стилски – стилски обележаности.
 Нормативни – статусот на лемата (активна, пасивна, општа, стручна...)

Видови речници на македонски јазик

 Азбучните речници најчесто се пишувани од лесно кон десно, но има и од десно


кон лево т.н обратни речници. Во 1967 излегол обратниот речник на
Македонскиот јазик.
 Фрекветен речник – Драги Стефанија
 Четиријазичникот – 1961-1966
 Правописен речник – Кирил Конески – 1999
 Жаргонски речник
 Речник на “Бели мугри”
 Речник за населените места
 Речник на македонската народна поезија
 Интенцијален речник на глаголите
 Речник на македонски презимиња
 Етимолошки – немаме
 Енциклопедиски – немаме
 Речник на “Табакерата”
 Толковен речник – шест тома
 Речник на македонски јазик – Зозе Мугрески
 Антоними на македонски јазик со руски еквиваленти – Роза Тасевка
 Речник на литературни изрази од Тодор Димитроски
 Прв том на фразеолошки изрази на македонски јазик - 2003
Фразеологија
Фразеологија од грчки phrasis – израз, logos – наука. Ги изучува фразеолошките
изрази во јазикот, значењето, структурата и употребата на затворените структури.
Во очи паѓа употребата на два термина: изведенките од фраз и од идио. И двата
термина потекнуваат од грчкиот јазик phras- начин на изразување, израз и idioma –
посебност.
Фразеологијата има уште две додатни значења:
- севкупност од затворени и неделиви состави
-начин на изразување на одредена група.
Најчесто, фразеологијата се поврзува со лексикологијата. Причина за ова мислење
е дека фразеолошките изрази се сметаат за еквиваленти на зборовите и се
проучуваат со нивна помош. Меѓутоа, за разлика од лексикологијата, која ги
проучува зборовите како дел од речничкиот фонд на еден јазик, фразеологијата ги
проучува затврдените зборовни состави како посебен слој.
ФИ се неслободни зборовни состави кои не се создаваат во говорниот процес, туку
се репродуцираат во готова форма која се зацврстува со долгата употреба.
Покрај ФИ, во дел од литературата се спомнуваат терминолошките синтагми.
Основната разлика е во тоа што со ТС се именуваат одредени предмети и појави.
Пр: мртва природа- област на уметноста, апсолутна нула – термин во
математиката.
ФИ изделуваат две големи групи:
1. Глобални – заемна зависност меѓу лексемите и нивното значење се добива по
пат на метафора (фати магла).
2. Компонентни - еднонасочна зависност, едната лексема го чува своето значење, а
другата е носител на фразеологизацијата (искисна до коска).

Посебна категорија во ФИ има за пословиците, поговорките, крилатиците. За тоа


дали тие треба да се сметаат како дел од ФИ има две спротивставени мислења.
- Едни сметаат дека не треба затоа што значењето на пословиците се
интерпретира преку реченицата и затоа што во нивнота содржина
нема значење туку суд.
- Другите претставници сметаат дека треба затоа што тие имаат само
едно преносно значење и не секогаш претставуваат судови.
Развојот на зборовните состави се следи низ три стадиуми:

I. Одредена група на зборови се зацврстуваат како постојана и стабилна комбинација.


II. Добиваат одредено значење преносно или фигуративно и со тоа доаѓа до
стеснување или проширување на употребата на изразот.
III. Добиваат скаменета форма (ни еден дел не може да се смени, изостави или да се
смени збороредот)

Оние изрази кои не го достигнале третиот стадиум се нарекуваат отворени.

Фраземите се делат на:

1. Идиоми – значењето не е соодветно, нема никаква поврзаност (фрли топ – умре)

2. Компонентни фраземи – едниот збор има фразеолошко значење, другиот го чува своето
лексичко значење (едниот е преносен другиот буквален) (жив гладен, жив ненаспан)

3. Пословици, поговорки, поздрави, благослови, клетви и авторски цитати.

Постојат три вида на идиоми:

1. Чисти идиоми – повеќезборовни изрази чие преносно значење се добива од идиомот во


целина (spill the beans – открие тајна)

2. Полуидиоми – еден или повеќе зборови со буквално значење и барем еден збор со
преносно значење (foot the bill)

3. Буквални идиоми – честитки, поздрави...

ФИ има три критериуми:

1. Преносно значење:

- метафора – каква било употреба на зборовите надвор од нивното основно значење, се


поврзуваат по сличност.

- метонимија – поврзување според некоја конкретна врска, блискост

- синегдоха – замена на целото со еден збор

- споредба – како, ко, каков-таков

- рима – засилуваање на стилската вредност на изразот (ем гол – ем зол)


2. Стабилност – зацврстување

3. Фреквентност – колку е почест толку е постабилен

4. Репродукција (повторување) – нивното пренесување од колено на колено

5. Варијантноста – можноста за промена на одредени зборови во ФИ пришто не доаѓа до


промена на значењето (срце/душа ме боли)

6. Факултативност – некои зборови може да бидат испуштени и тие се нарекуваат


факултативни

ФИ може да се разгледуваат од повеќе аспекти:

1. Според структурата:

- ФИ кои по структурата одговараат на реченица:

 ФИ кои се употребуваат самостојно и со кои се предадени цели соопштенија (суши


просо на ортома, петок и сабота се, засука ракави)
 Пословици, поговорки, крилатици (брзата кучка слепи кучиња раѓа, железото се
кова додека е жешко, да се биде или не)
 Клетви, благослови, поздрави (пушка те фркнала, аирлија работа!)

-ФИ кои одговараат на синтагма, зборовен состав од најмалку два збора

֎ Придавка и именка (циганско лето, тврд орев, око соколово)


֎ Две именки (куршум-време, страв и трепет, лаги со рогови)
֎ Број и именка (на два чекора, во четири очи)
֎ Две придавки (мртов пијан, млад и зелен)
֎ Две глаголски именки (давање-земање)
֎ Два глагола (врти сучи, појди-дојди)
֎ Глагол и именка (тера инает, прави мајтап)
֎ Два прилога (мило за драго, криво лево, зиме лете, дење-ноќе)
֎ Споредбени (прав како фидан, сув како барут, каков татко таков син)

2. Според функција:

- Именски фраземи...36страна

3. Според потеклото:
- Словенско- затоа што голем број на ФИ се среќаваат во повеќе словенски јазици не може
да се каже дали се развиле паралелно или првенствено се појавиле во еден јазик, па се
прошириле. Овде се вклучуваат и мислите од писателите (мечкина услуга, мртви души,
човек – тоа гордо звучи). Кога станува збор за ФИ од српскиот и хрватскиот јазик, особено
е важен фактот дека повеќе од 50 години сме живееле со држава со три официјални
јазици. Затоа во мак.јаз се наоѓаат голем број ФИ од овие јазици со делумни адаптации
(исправа криви дрини, се прави енглез, тера мак на конец)

-Несловенско потекло:

֎ Изрази кои доаѓаат од западноевропските јазици (тука ги вклучуваме и


латинскиот и грчкиот јазик) набројувања стр 45
֎ Изрази од турскиот јазик стр 48

Фраземите од еден јазик (давач) се земаат во друг јазик (примач) на два начина:

1. Со директно земање, без преведување, без промена (најчесто од латинскиот јазик)

2. Со каликирање, превод, односно делумно калкирање

4. Според стилската разновидност

- стилски неутрални

- дијалектни

- жаргонски

- разговорни

- книжевни (стр 49)

Полисемија е лексемата да има две или повеќе значења. Рааликата помеѓи полисемија и
хомонија е во:

- Етимолошки – хомонимете настанале од формално различни


зборови.
- Блискоста меѓу значењата – хомонимите меѓусебно имаат
оддалечено значење.

Иако ФИ воглавно имаат едно значње сепак се појавиле и со повеќе, најчесто две....стр 56

You might also like