You are on page 1of 1

Масжа и видови на масажа

Масажата е еден од најстарите методи за лекување и нега на телото. Таа е постапка при која се
користи механичка енергија и со која се дејствува на телото.

Во негата на кожата на телото спаѓа масажата на телото. Таа се применува со цел:

• да се добие нежна, мека и сјајна кожа,

• подобрување на циркулација на крвта и лимфотокот,

• релаксирање на мускулите,

• отстранување на токсичните материи и разградување на целулитот,

• релаксирање на психата и др.

Во зависност од начинот на масажа и целта која треба да се постигне, разликуваме:

• медицинска масажа,

• спортска масажа,

• релаксирачка масажа,

• антицелулитна масажа.

Во однос на површината масажата може да виде локална и општа масажа. Локална е ако се
извршува на одреден дел од телото ( лице, глава, рака ) , а општа масажа е кога се извршува на
целото тело.

Како средства за масажа можат да се користат креми или најчесто се применуваат масла со
додаток на етерични масла. Масажата се изведува рачно, а исто така, може да се изведува и
апаратурно.

Услови за изведување на масажата

Просторијата во која се изведува масажата треба да биде беспрекорно чиста, проветрена,


затоплена, осветлена и да име убав амбиент. Затопленоста да биде од 19-23-степени.

Столот за масажа исто треба да има стандарни димензии и тоа висина од 70-80 ,cm должина
180cm и широчина 60cm.

Пред да се започне со масажа козметичарот треба да се запознае со здравствената состојба на


пациентот. При одредени состојби како испуштени вени, заболувања на кожата не смее да се
врши масажа.

Козметичарот треба да внимава на хигиената на сопствената облека и на телото.Масажата е


физичка работа и затоа треба да се внимава на кондицијата, козметичарот треба да развие
чувство на допир.

You might also like