You are on page 1of 88

Оливер

Цацков

ШТИП
ОД 1900
ДО 1912
ГОДИНА
На
Кирил и Снежана

1
ВОВЕД

Периодот од 1900 до 1912 година се совпаѓа


со последните години од турското владеење во
Македонија. Во тоа време Штип бил со сите
карактеристики на еден исламски град. Сликата на
Штип до 1912 година сосема ќе ја променат
Балканските војни, кога всушност започнува новата
историја на овој град. Целта на оваа книга е токму тоа
да го задржи во сеќавање периодот кој неповратно
заминал во историјата. Но, трагата на тогашното
живеење сепак оставила белзи во секојдневното
живеење на штипјани.Во неколку поглавја целосно се
отсликува стилот на живеење, административното
уредување, револуционерните, демографските,
просветно-духовните и воено-политичките настани.
Периодот што го обработува книгата е плод на повеќе
годишно истражување на архивска, библиографска и
фото документација со која веродостојно се
2
прикажува целокупниот амбиент во кој се живеело во
Штип.

3
4
ПОЛИТИЧКИТЕ ПРИЛИКИ И НАЦИОНАЛНО
РЕВОЛУЦИОНЕРНОТО ДВИЖЕЊЕ ВО ШТИП
И ШТИПСКО ОД 1893 ДО 1912 ГОДИНА

2. Македонското национално револуционерно


движење пред почетокот на балканските војни

Македонскиот народ бил меѓу првите од


балканските народи кој бил поробен од Турците.
Губејќи ги сите други поранешни територии на
Балканот, кои веќе формирале свои држави, Турција
своето насилство, експлоатација и терор се повеќе го
засилувала над сеуште неослободениот македонски
народ. Нема дилема дека ваквата положба била
условена и од најпримитивните феудални
општествени и економски противречности во
Турската држава.
Македонија се до 1912 година била турска
провинција, на чија територија се спроведувала
економско, политичко, и национално угнетување. Во

5
едни такви прилики се развивало Македонското
национално-ослободително движење.
На движењето дејствувале две насоки:
внатрешни и надворешни. Внатршните биле
условени од состојбата во Македонија, која сеуште се
наоѓала во еден доцно-феудален систем, кој се
одвивал на чифлиците на чифлик сајбиите. Но, со
постепеното навлегување на капиталистичките
односи, се поајвила и првата македонска буржоазија,
која секако имала за цел да се ослободи од стегите на
феудалниот притисок, преземајќи се што можела, да
влијае на народните маси за развој на националното
движење.
Исто така и црквата како силен двигател на
националните чувства на населението, се наоѓала под
притисок на протурскиот елемент во најзините редови
односно фанариотите, кои со сите сили настојувале да
ја подржат денационализацијата на Македонците, на
што населението остро се спротистави и ги
оневозможи.

6
Во првата половина на 19 век, македонското
национално движење, било слабо и неорганизирано,
за да подоцна кон крајот на векот, почнува да добива
поорганизирана димензија. Движењето имало две
карактеристични етапи:
- Првата фаза е некаде пред самиот крај на 19
век, со акцент на борбата за јазикот, црквата и
училиштето, што било повод за истапувањето за
културно-просветната автономија на Македонија.
- Втората фаза е периодот на самиот почеток
на 20 век каде што движењето за национално
ослободување е се повеќе организирано за потполно
културно-економско и политичко ослободување на
Македонија, за подоцна да добие и карактеристики на
вооружена борба.
До кој степен стигнало ова национално будење
е создавањето на ВМРО во 1893 година во Солун.
Нејзините основачи не биле само македонски
патриоти и револуционери, туку во нив била собрана
идеолошката и интелектуална сила на македонското
револуционерно движење. Создавањето на ВМРО го

7
означил големиот чин на македонската организација
за борба на слобода.
Сепак, најголема придобивка на македонското
револуционерно движење ќе биде Илинденското
востание од 2-ри август 1903 година. За прв пат тогаш
во македонската историја се изврши револуционерен
настан во дослух со закономерностите на
политичкиот, стопанскиот, образовно – воспитниот и
духовен развој на една генерација, која ја презеде врз
себе историската одговорност да се поведе
македонскиот човек во непомирлива и
безкомпромисна борба свесна за саможртвите што ги
очекува за кое Љубен Лапе напишал:„Најпосле дојде
денот што толку многу го чекавме за да се расправиме
со нашиот вековен душман. Крвта на нашите невини
загинати браќа од Турската тиранија вика високо за
отплата. Погазената чест на нашите мајки и сестри
сака да си дојде на место, доста веќе толку маки, доста

8
срамови илјада пати подобро смрт отколку срамен и
скотски живот“. 1
Врвна придобивка од Илинденската епопеја е
Крушевската Република–Прва на Балканот.
Крушевската Република ја покажала организираноста
на националната револуционерна борба и државност.
Демократскиот дух на Републиката се покажал преку
Манифестот за повик на борба на која се повикани
сите без разлика на верска и национална припадност.
Во борбата покрај Македонците учествувале и
другите националности. Затоа и Републиката ќе се
издигне над своето време и ќе го доживее својот втор
и трет Илинден. Крушевскиот манифест станал еден
од најактуелните документи и најуниверзален не само
кај нас туку во Европа и светот.
Илинденското востание ќе остави длабоки
траги во понатамошниот развој на Македонското
национално и револуционерно движење. Според

1
Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата на
Македонскиот народ, книга 2, Скопје,1976,462.

9
податоците објавени во 1904 година во Илинденското
востание и во цела Македонија „Учествувале 26.500
востаници организирани во различни вооружени
формации кој воделе 239 боја против турската армија
од 350.000 души. Во тие боеви турската армија имала
6.000 убиени и 5.000 ранети. Во непосредни борби
Македонските востаници изгубиле 1.000 души.
Меѓутоа големи загуби претрпело и населението.
Опожарени биле 200 села, убиени 4.700 жени, деца и
стари луѓе, околу 3.000 жени и девојки биле
обесчестени, околу 70.000 души биле обездомени,
околу 30.000 души побегнале во Бугарија“.2 По
замолкнување на крвавата борба и престанување на
востаничките акции врз македонското население
продолжиле насилствата на разбојничките банди
потпомогнати и во содејство со Турскиот аскер.
Големите европски сили со цел да го смират и
олеснат економско политичкиот и воениот притисок
од страна на Отоманската власт барале од Турција да

2
Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје,
2000.,483.
10
извршат реформи во овој опожарен регион. Најголеми
душегрижници од европските држави за подобрување
на ситуацијата во Македонија од страна на Турција
биле двете најзаинтересирани сили на Балканот,
Русија и Австрија. Овие реформи во европската
дипломатија се познати како Мирцштегски реформи.
Реформите биле разгледувани и донесени за време на
средбата на рускиот цар Николај Втори и
Австроунгарскиот цар Франц Јосиф, најпрвин во
Виена, а потоа во Мирцштег. Мирцштегската
реформска програма била усогласена и донесена на 2
октомври 1903 година, а на следниот ден 3 октомври
„министрите за надворешни работи на Австро–
Унгарија и на Русија, Голуховски и Ламздорф,
испратиле идентични телеграми до своите амбасади
во Цариград, Каличе и Зиновјев, со налог содржината
на телеграмите во кој биле внесени содржината на
новата реформска акција во трите Румелиски вилаети

11
односно да и ги соопштат резултатите од високата
Австро – Унгарска средба на Високата порта“.3
Со реформите било предвидено да се изврши
реорганизација во администрацијата потоа
реорганизација на турската жандармерија и полиција
едни од најсуштествените мерки за смирување во
земјата. Потоа реформи во судството и во други
области. Како ќе се реализираат и спроведат
реформите од Отоманската влада големите европски
држави меѓу себе ќе ги разделат областите каде ќе
работат како контролори, инспектори и организатори.
На самиот почеток на реализирање на овие реформи
се покажала и вистинската фасада на големите сили
дека овие реформи не се во нивен интерес. Затоа
македонското население ќе биде во голема мера
разочарано, бидејќи воопшто со ништо не се
придонело да се подобри животот на измачениот
македонски народ. Не случајно македонскиот човек,
знаел понекогаш во овие тешки мигови на живеење да

3
Глигор Тодоровски: Реформите на големите Европски сили
во Македонија-1829-1909, Скопје.,32.

12
се пошегува дека„ во Македонија имало повеќе
униформи одошто реформи“. Мирцштегските
реформи не навлегле во суштината на ситуацијата во
Македонија затоа и не можеле да ги задоволат
интересите на македонскиот народ. Мирцштегската
програма пропаднала најмногу поради тоа што се
обидела да ја реформира Македонија но без да ги
среди односите со Македонците. Таа значеше „објава
до целиот свет дека Блискоисточното прашање беше
конечно отворено. На површина таа носеше знаци на
промени. Никој не можеше ниту да помисли дека ќе
биде последна ниту да претпостави дека откако се
сфати дека турското владеење е невозможно. Силите
ќе се повлечат од донесување на логичко решение.
Програмата на секој народ на Балканот му објави дека
се ближи крајот и неизбежно ги нагласи нивните
потајни соперништва и непријателства“. 4
Периодот по Мирцштешките реформи до
Младотурската револуција па се до Балканските војни
ги засилиле акциите на странските пропаганди на

4
Х.Н.Брејлсфорд, Македонија , Скопје, 2002.,390.
13
соседните Балкански држави Бугарија, Србија,
Грција, Романија. Всушност, тие со своите постапки
кон Македонија се однесувале потполно завојувачки.
При спроведување на своите пропаганди во
Македонија тие уфрлувале и вооружени чети. Целта
на овие балкански држави била да се наметне на еден
перфиден начин дека во Македонија живее нивен
народ, а преку ова и заграбување на земјата, со цел да
го наметнат своето образование и култура, а потоа и
политичко влијание. Преку испраќањето на свои
агенти во Македонија всушност си обезбедувале база
за нивна акција. Најстара била грчката пропаганда.
Грчката Патријаршија настојувала преку црквите и
училиштата да подготви пат за присвојување на
делови од Македонија. Ова пропаганда сакала да
докаже дека Македонија е Грчка земја и дека треба да
се присоедини со Грција. Атина преку својата
дипломатија се определила кон Македонија заради
плодните македонски полиња, а со тоа и да го реши
проблемот со исхраната на своето население и за свое
богатење.

14
Грчката пропаганда директно била раководена
од престолнината Атина. Ова пропаганда
инсистирала и да се активира на меѓународен план со
цел да ја разубеди меѓународната светска заедница за
нејзиното право на Македонија и дека не постои
територија Македонија.
Грчката Патријаршија својата црковна служба
ја изведувале на Македонската територија на грчки
јазик. Во Македонија доверувајќи им го
раководството на пропагандата на своите конзули
грчката власт настапувала со сите средства на
располагање, на една страна употребувајќи терор и
насилство и развивајќи шпионска мрежа, а од друга
страна отварала голем број на образовни институции
чија основна намера била ширење на грчкиот јазик,
писменост и асимилирање на македонското
население. Се сметало дека македонскиот селанец бил
во најтешка положба на Балканскиот полуостров.
Злото кое го притискало допринело и општа
несигурност на овој терен. Покрај грчката пропаганда
исто така засилена активност на македонските

15
територии ќе дојде и од страна на српската
пропаганда. Во Белград акциите ги водел Главниот
одбор на четничката организација, а зад него стоело
Министерството за надворешни работи, како водечка
организација, Владата и опозицијата. Покрај овие
државни институции значајна улога имала и Српската
православна црква која барала цела Македонија
припадне на Србија. Првите чекори кој ги презела
српската пропаганда биле барањата да се дозволи во
Македонија отварање на цркви, училишта и
здравствени установи. Преку отварање на свој
конзулат во Македонија се зголемувале и паричните
средства за пропагандна активност. Српската
вооружена пропаганда слично како и грчката во
постигнување на својата цел вршела грабежи,
насилства над невиното македонско население. Таа
успевала под силен притисок или пак со медод на
помош на сиромашни родители да испраќа одлични
македонски ученици во големите образовни центри со
цел од нив да направат добри Срби кој подоцна
враќајки се во својот роден крај да истакнуват дека

16
Србија е колепка на српството. Во периодот од
Илинденското востание до Младотурската револуција
организирано и со акции ќе стапи најмладата и
најсилна Бугарската пропаганда. За оваа цел
Бугарскиот Двор ќе ангажира средства да ја засили со
целата своја жештина и употребувајќи најразновидни
шпекулации и интриги оваа пропаганда. Во овие
настојувања на Бугарскиот двор многу ќе помогне
придонесот и на Бугарскиот егзархистички апарат.
Слично како и Грчката, Српската и Бугарската
пропаганда се служела со отварање на егзархиски
училишта, цркви во кој црковната служба се
извршувала на бугарски јазик како и во училиштата.
Сето ова ќе предизвика судири на македонската
интелегенција со Бугарската егзархија која ќе
предизвика стагнација на развојот на школството во
Македонија. Основна задача на владите на Трите
буржоаски земји била да се мистифицира и
фалсификува македонското историско минато со цел
да се покаже Српското, Грчкото или Бугарското
потекло на Македонскиот народ. Можеби

17
најилустративни се зборовите на д-р Петар
Бојаџиевски кој во книгата “Здравствено социјалната
политика на странските пропаганди во Битола“
пишува:„Во сите досега публикувани книги за
денационализаторската и асимилаторската политика
на странските пропаганди во Македонија основна
поента се става на улогата на црквата и црковно
училишните општини, како две најзначајни алки за
спроведување на зацртаната политика. Опстојното
анализирање на оваа политика и начинот на нејзиното
спроведување меѓу Македонскиот народ го наметнува
сознанието дека не помала улога за нејзината целосна
реализација, одиграла и здравствено – социјалната
политика која успеала да привлече голем број
Македонци кон Грчката, Бугарската, Српската,
романската или Католичката кауза“.5
Рилскиот Конгрес во 1905 година посветил
големо внимание и за прашањето на идната дејност на
оружената борба и нејзиниот однос спрема туѓите

5
Д-р Петар Бојаџиевски, Здравствено социјалната
политика на странските пропаганди во Битола, 2003.,5.
18
пропаганди во Македонија и другите надворешни
сили. На конгресот биле остро осудени и
пропагандите на Бугарија, Србија и Грција спрема
Македонија. Овде бил заземен став кон разбивачката
дејност на грчката и српската пропаганда кон нивните
уфрлувани чети кој биле директно насочени кон
Македонското револуционерно движење кои нема да
бидат прифатени и кон нив со голема омраза и отпор
гледало македонското население.
Рилскиот конгрес „го озаконил и крајно
негативниот однос на бугаризацијата спрема дејноста
на егзархијата во Македонија како експонент на
Бугарскиот државен национализам спрема
Македонија. Додека Егзархијата се стремела преку
својата црковна училишна дејност да подготви терен
за присоединување на Македонија кон Бугарија,
дотогаш, пак, организацијата преку организирањето
на македонското население се подготвувала по
револуционерен пат да создаде Македонска држава“.6

6
проф д-р Владимир Картов, Историја на државата и
правото на народите на Југославија Скопје, 1991.,220.
19
Во ваква зовриена политичка атмосфера во
време на масовни прогони, убиства и самоволија,
македонскиот народ ја дочекал и Првата и втората
балканска војна која не само што не го решииле
македонското прашање,туку напротив создале ново.
Кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-тиот век,
Турција се наоѓала пред голем економски и
политички колапс. Дури и во почетокот на 20 век
продолжила економската и политичката зависност во
империјата од западноевропските капиталистички
држави. Во тоа време турската буржоазија сеуште
била слаба за да може да изврши реформи во големата
држава. За да ги намали привилегиите во земјата на
западноевропските капиталистички држави, да го
истисне странскиот капитал, а со тоа и зависноста на
државите од Запад. Затоа делови од младата турска
интелегенција, офицери и воопшто од прогресивниот
дел на Отоманското општество побарале
модернизација на земјата, укинување на султанскиот
апсолутизам и воведување на уставност и
парламентаризам. Периодот од Илинденското

20
востание до Младотурската револуција, појавата
иницирана од младотурското движење биле
воспоставени тесни врски меѓу младотурското и
македонското национално ослободително движење.
Основна цел на младотурското движење била да се
зачува целосниот територијален интегритет на
турската држава, укинување на веќе застарениот
непопуларен апсолутизам на турскиот феудален
систем и извршување на реформи во Отоманската
империја односно воспоставување на уставен режим.
Преставниците на ова прогресивно движење
биле младиот офицерски кадар, напредната
интелегенција, студенти кој се школувале во
западните земји каде се запознале со напредните
демократски идеи, и се ангажирале да извршат
промени во својата земја. Младотурското движење
зело голем замав по избувнувањето на Илинденското
востание во Македонија кога центарот од старнство се
преселил во Солун и Битола. Македонија прераснала
во центар на Младотурското движење и тоа
предводени од Младотурскиот комитет “Единство и

21
напредок“. На 3-ти јули 1908 година командантот на
Турскиот гарнизон во Ресен, Ахмет Нијази бег ја
напуштил централната апсолутистичка власт, веднаш
потоа се придружиле и други слоеви од општеството.
Нијази бег ја презел контролата и воспоставил
востаничка власт во поголемиот дел од Западна
Македонија во: Преспа, Струшко, Дебарско,
Охридско како и дел од Албанија.
Особено е значаен прогласот на Нијази бег
упатен до македонскиот народ во кој се вели: „Ги
известувам моите христијански и османски браќа дека
дојде време да им се стави крај на повеќевековните
злосторства. Во оваа ситуација се доведовме слушајќи
ги големите европски сили и малите соседи Бугарија,
Грција и Србија. За овие злосторства придонесоа
многу и нашите уќумати со своите притисоци врз сите
нас Турците, Македонците, Власите и Грците. Ние се
бореме за елиминирање на спомнатите притисоци и
да создадеме иднина во која сите ќе имаме
независност и слобода. Нема никакви разлики меѓу
нас. Ги молиме селаните и граѓаните да им кажат на

22
луѓето дека се бориме за обезбедување на слобода,
братство, рамноправност и правда. Поради тоа ги
повикуваме нив да ги распуштат нивните чети и да се
приклучат кон нашите. Ќе им се гарантира
национална самобитност и слобода за употреба на
јазикот на Македонците“.7
Тоа што, младотурското движење почнало во
Македонија не е случајно бидејќи, турските офицери
биле по самостојни што им овозможувало услови за
послена организациска активност. Младотурската
револуција со симпатија била прифатена од
македонскиот народ, стариот султански
апсолутистички режим се рушел и се воведувал нов
либерален, парламентарно-уставен систем во земјата,
со кое се давало поголема слобода.
Овие ретки моменти на зближување на
македонскиот народ со младо-турците е време на
слободен живот познат во македонската и европската

7
Јусуф Хамза, Турско македонските односи во периодот
од 1850 до 1912 година, Скопје,
1988.,163.
23
наука како Хуриет (слобода). Во контекст на ова треба
да ја спомнеме и програмата на Јане Сандански или
Неврокопската програма во која се барало,
парламентарно уредување во Македонија, широко
самоуправување на општините, окрузите и областите,
амнестија на политичките затвореници,
самостојноста на црквата, отварање на некој световни
училишта и друго.
Сфаќајки го прогресивниот карактер на
Младотурското движење, македонската
интелегенција се придружувала кон сево ова и
македонското револуционерно движење која ги
повлекла своите чети и ќе ги разоружила. Меѓу
првите тоа го направил Јане Сандански, кој ги
легализирал четите и се спуштил во Солун. За сето ова
пишувале многу весници, меѓу кои и белградска
Политика во која се вели: „тука во Скопје стигна веста
меѓу Турците дека денес Јане Сандански, свечено се
легализира во Солун“.8

8
Зборник, Јане Сандански и Македонското национално
движење, Скопје, 1976.,84.
24
Раководството на Македонската
револуционерна организација сакала да го искористи
овој момент, надевајќи се дека македонскиот народ ќе
добие некаква слобода. По преземањето на власта
младотурците покажале извесни слабости, наместо да
ја продолжат револуционерната борба, тие како да се
исплашиле од ново настанатата ситуација како да ги
разрешат многубројните барања на народните маси,
кои ја барале ветената слобода. Имено по превратот
младотурците не го смениле султанот, и тој подоцна
со своите истомислениците организирал пресврат во
мај 1909 година. Но, за кратко време
контрареволуцијата беше ликвидирана, големо
учество во оваа зеле и македонските чети кој на чело
со Јане Сандански, со околу 1200 македонски
доброволци влегле во Цариград.
Најголем придонес од младотурското движење
е создавањето на Народната федератива партија како
легална политичка партија. Таа била создадена на
иницијатаива на Серскиот, Струмичкиот и
Солунската окружна организација. Набргу потоа на

25
03 август 1909 година бил одржан и конгрес на кој
зеле учество 33 делегати од цела Македонија. На овој
конгрес било избрано централно биро на НФП во
состав: Димитар Влахов- претсдедател, Христо
Јанков-секретар и Анастас Матлиев –благајник. За
жал, векот на партијата бил краток бидејќи Турците
во август 1910 година, ја забраниле активноста на
истата, бидејќи се плашела од нејзиното ширење и од
учеството на македонската интелегенција и народ.
Поради зајакнувањето на вооружените пропаганди на
соседните балкански држави, и по победата на
Младотурската револуција, Македонското прашање
влегло во својата најкритичка фаза и добило широка
меѓународна димензија. Тоа станало и причина за
меѓусебни несогласувања меѓу големите европски
сили. Младотурската револуција е последен обид за
зачувување на Османлиското царство. Требаше „да
биде последниот обид за зачувување на Македонија за
распарчување од соседните држави. Никој не го
положи тестот. Турција го загуби своето царство, а

26
Македонија својата земја“.9 Сметајќи ги внатрешните
слабости на Турција буржоазијата на соседните земји
Бугарија, Србија, Грција и Црна гора почуствувале
дека е дојден часот да ги задоволат своите апетити
изразени преку желбите да го распарчат
Македонскиот идентитет.
На крајот се случи тоа што сите го очекувале.
На 18 октомври 1912 година започна Првата
балканска војна. Целокупната територија на
Македонија била претворена во воен виор. За
суштината и карактерот на оваа војна концизно ќе
забележи проф Љубен Лапе со зборовите: „Кому ќе му
припадне Македонија. Ваквото прашање го поставува
весникот “Народ“ (Орган на Бугарските социјалисти).
На прашањето не збунето одговараат српските и
бугарските националисти и шовинисти: едни бараат
таа да и припадне на Србите другите на Бугарија. И
едните и другите притоа се раководат не од обзирите

9
Славчо Ковиљовски, Сто години од Младотурската
револуција: Што доби Македонија со неа, а што загуби, Скопје
2008.,80.
27
за доброто на народот на Македонија, туку од
себичните интереси на својата експлоататорска
буржоазија и кариеристичка интелегенција“.10

1.2. Политичките прилики и националното


и револуционерно движење во Штип и
Штипско од 1893 до 1912 година

Настојувањата за подобар живот и национална


осознаеност на македонскиот народ започнале при
крајот на 19 век. До кој степен била развиена
македонската национална свест, најдобро го
покажува создавањето на ВМРО (Внатрешно
македонска револуционерна организација) на 23

10
Љ. Лапе, цит.д.,777.
28
октомври 1893 во Солун, тогашен македонски
опшествено- политички центар.
За прв пат во македонската историја се
извршил револуционерен чин, во дослух со
закономерностите на политичкиот, економскиот и
опшествениот развиоток, една млада и инспирирана
од демократски и социјалистички идеи, генерација је
презела на себе и историската одговорност да го
поведе народот во решавачка борба против
Османскиот поробувач. Да го поведе во непомирлива
и организирана свесна борба на живот и смрт.
Самиот наслов на зборот ВМРО, укажува дека
организацијата е внатрешна, македонска, всушност
тие го потенцирале нејзиното право на полна
самостојност и независност во врска со
револуционерното на територијата на Македонија.
Организацијата на почетокот се ширела по
градовите, но набргу преку интелектуалците,
наставниците, и свештениците својата активност ја
прошириле и по македонските села. Историската
заслуга на многубројнита генерација борци и

29
мисионери кои во своите мисли и во своите идни
акции, по одредено ги втемелија многустраните
содржини на нашата денешнина.
На крајот на конгресот од 1896 година во
Македонија биле создадени 6 револуционерни окрузи
во чии состав имале и по неколку револуционерни
околии.Се предвидувало едно од тие окрузи да биде
со седиште и во Штип.
Но, сепак тој останал околија во состав на
Скопскиот револуционерен округ. Во овој период „во
Штип и Штипско учествувале плејада македонски
револуционери и учители: Ѓорче Петров, Гоце
Делчев, Даме Груев, Туше Деливанов, Петар поп
Арсов, Тодор Лазаров, Трајко Калајџиски, Мише
Развигоров и многу др. Овие учители на просветното
дело му дале нова револуционерна,национална-
ослободителна содржина и карактер. Во нивната
личност и работа се соединил, учителскиот позив и
работа како нов квалитет во севкупното
ослободително движење на македонскиот народ“.11

11
Штип низ вековите, книга I, Штип, 1986.,395.
30
Голема придобивка за Штип е што главните
апостоли на националното револуционерно движење
ја започнале својата работа во Штип. Градот го имал
задоволството за прв пат во него да учителствува Гоце
Делчев. Друга случајна околност, што придонело во
Штип на самиот почеток од формирањето и
дејствувањето на организацијата и организираното
револуцинерно движење е да се сретнат и заедно
работат, двата великана, на македонското
национално-ослободително движење Даме Груев и
Гоце Делчев. Просветната и педагошка работа на
Делчев не била само една епизодна професионална
обврска, туку и долг кон позивот и поширока,
посеопфатна и содржајна функција во служба на
делото на револуцијата и слободата на својот народ.
Тој бил изразит пример на учител револуционер, во
чија личност биле споени две благородни фукции и на
таков начин станал најверен толкувач на историските
интереси на својот народ. Гоце за прв пат ги применил
во Штип и Штипско каде започнала неговата
просветно-револуционерна работа. Во почетокот на

31
ноември 1894 година Делчев ја започнал својата
работа во Новоселското двокласно училиште, а Туше
Делииванов во штипското третокласно училиште “Св.
Кирил и Методи . Како учител го засакал позивот и го
сфатил мошне одговорно посветувајќи се целосно на
просветно педагошката и образовна-просветна работа
со учениците. Тој со своите другари истомисленици,
станал основополжник на едно ново самостојно
педагошко училиште - на револуционерната
педагогија.
Најверни соработници во кои Гоце Делчев
имал целосна доверба од Штип биле следниве лица:
Петар Константинов (испратен со семејството во
интернација во Мала Азија, од каде никогаш не се
вратил. Едниствениот син Владимир, за да се спаси од
интернација, пребегал во Софија во 1909 година, каде
работел како пожарникар, а во 1912 година се вратил
како ополченец), Глигор Иванов, Ордан Шијаков,
Санде Здравев, Христо Настев и Милан Андонов.
Покрај нив, истакнати партиски активисти и блиски
соработници на Д. Груев и Г. Делчев од Штип биле и

32
Мише Развигоров, Ефрем Чучков, Димитар
Мирашчиев, Ѓошо Гочев и Христо поп Коцев.
Зачленувањето во Организацијата одело по
однапред утврдени правила. Најсвечениот чин било
положувањето на заклетвата кон целите на
Организацијата и за целосна преданост кон
револуционерното дело. Заклетва положувале голем
број трговци, земјоделци, занаетчии, работници,
образовани и необразовани итн. За овој најсвечен чин
во своите сеќавања Јордан Зуламов (кому неговиот
татко Ристо изворно претходно го запознал), меѓу
другото го навел следново: „Во куќата на Мише
Залчев, за извршување на заклетвата била подготвена
соба во долниот кат, собата била наместена со маса,
поставен Чесниот крст и Евангелие, а помеѓу нив
стоела запалена свеќа. Двајца од членовите на
организацијата биле облечени во комитска облека со
пушки “ Малихери“, како почесна стража. Лицето кое
доаѓало да положи заклетва, застанувало пред
Чесниот крст, се покоонувало, прекрстувало и ги
изговарало зборовите “Умирам не кажувам“, истото

33
го правело и пред Евангелието со зборовите “ Глава
давам не предавам“.12
Големиот идеалист и жесток агитатор Мише
Развигоров, заедно со Тодор Лазаров започнале
организацијата да ја шират и во селата. Ефрем Чучков
работел во Малешевијата, Александар поп Орушов
(таткото на Тодор Александров) го основал првиот
комитет во Радовиш, додека останатите создавале
револуционерни групи во Кратовско, Кочанско и
Паланечко. Во овие места биле отворени и првите
канали за пренос на оружје во западна и јужна
Македонија. Во една од акциите за пренос на оружје
во 1896 година бил откриен и затворен Доне
Штипјанчето, кој од страна на турската власт по
ѕверските мачења никого не предал.
Во своите спомени Даме Груев, во врска со
овие настани запишал:„..бев повикан за учител во
Штип во трикласното општинско училиште. Имаше
18 учители и учителки заедно со Ново село, јас бев

12
Според личните сеќавања на Ј. Зуламов дадени во
1990 година.
34
главен учител. Во ноември дојдоа Гоце Делчев и Туше
Делииванов, а ние веќе имавме приврзаници во
еснафите, во Горни Балван учител беше Кралев од
Куманово неговиот брат беше заптија при валијата во
Скопје. Тој ме предаде на Хаф’з паша, но не успеа да
ме затвори. Делевме книшки и весници со
револуционерна содржина. Отворивме празнично
училиште и држевме предавања со чисто
револуционерни теми, дававме и театарски престави
со иста тематика. Истото го правевме во Радовиш и
Виница. Додека бев во Штип почнавме да издаваме
хектографиран весник кој го распространувавме низ
околијата“.13 Инаку, Даме Груев дошол во Штип во
1894 година и е основач на првиот македонски таен
револуционерен комитет во Штип.
За овие настани пишувал и рускиот новинар
Бори Тегјев. Тој, во еден руски весник (кој се печател
во Ст. Петербург) во јануари 1904 година го објавил
текст под наслов “Спомени од Македонија на руски

13
20 години од смьрта на Даме Груев, София, 1927
година, книга 5.,34.
35
доброволец“, во кои меѓу другото го запишал
следново:“Во градот Штип на северозападните
падини на Плачковичка гора, 1893 бил учител Даме
Груев. Тој организира таму тајно друштво со цел да
агитира и да го подготвува македонецот, за
престоечкото востание. Тоа друштво броело 120
члена и 100 агитатори“.14
Периодот на делувањето на ВМРО бил
релативно мирен се до познатата провала во Виница
во 1897 година.15 Оваа афера најголеми последици
имала во Штипскиот, Кочанскиот и Злетовско-
Кратовскиот регион.
Штипјани, кои биле затворени како учесници
во аферата биле: Кара Тасе, Васил Левката (од
тепањето умрел), Пане Пиштолот, Ѓоше Иванов и
Коце Бакалчето. Тогаш бил затворен и учителот
Мише Развигоров, секретер на општинскиот комитет

14
Истото.,21.
15
Поради убиството на на еден турски бег, властите
презеле енергични и остри мерки за откривање и казнување на
сторителите, кој инаку биле уфрлени од Бугарија.
36
на ВМРО“. Тој, „по грозното мачење во штипскиот
затвор, врзан како мечка беше влечкан по селата
штипски, кочански, за да го наговори населението да
го предаде скриеното оружје, единствено тој беше
признал пред Дервиш16 дека го организирал и
вооружувал населението преземајќи ја целата
одговорност врз себе“.17 Во меѓувреме, на 27 март
1903 година дошло до судир во село Карбинци помеѓу
Турците и четата на Гене војводата. Не се располага
за вистински податоци за овој настан, а се знае дека
во борбата дека загинале домаќинот Дане Дамбев и
жител на село Балван.
Во Штип еден период престојувал и Петар поп
Арсов, еден од основачите на ВМРО, кој тука го
наследил Гоце Делчев за главен учител во основното
училиште во Ново Село. П. поп Арсов, браќата Арсо
и Тодор Лазарови и Мише Развигоров станале

16
Дервиш, бил главен вилаетски полицаец.
17
Александар Апостолов, Виничката афера, Виница,
1999.,24.
37
раководители на Окружниот комитет на ВМРО во
Штип.
Илинденското востание иако силно одекнало
во Штип и Штипско, не дошло до позначаји акции на
четите. Причината за тоа лежи во фактот што
најголемиот дел од учесниците на Привременото
раководство на организацијата биле затворени.
За периодот по Илинденскот востание и
Младотурската револуција се засилиле странските
пропаганди на соседните Балкански држави:
Бугарија, Грција, и Србија. Со своите постапки кон
Штипскиот регион тие се однесувале исклучиво
завојувачки. Егзархијата и Бугарскиот двор
предначеле во ангажирањето на средства за
засилување и зајакнување на својата пропаганда во
овој за нив значаен регион. Младотурската
револуција во Штипскиот регион била дочекана со
големо воодушевување. Населението „за прв пат
почувствувало дека ќе живее слободен и мирен
живот. Како резултат на тоа во Штип пристигнале
Петар Чаулев, Стојан Мишев, Иван Брло, Тодор

38
Мијалков, Сане Чифуто, Стојан Илиев-Кривидолски
и други. Во Штип од селата пристигнала и селската
милиција. Тие денови во Штип се собрале над 2000
вооружени четици и милиција. На пат за Прилеп, во
Штип се задржал и војводата Петре Ацев, а по извесно
време и Тодор Александров, тогашен секретар на
четата на Кочанскиот војвода Симеон Ѓеоргиев-
Клинчарски, кој имал задача да го контролира
Источниот регион и Скопскиот округ“. 18 За сите овие
политички збиднувања во Штип и Штипско свое
видување имал и Иван Михајлов, кој во своите
спомени запишал дека „духовниот живот во Штип
беше сеуште возбуден, народот како да не можеше да
поверува дека во Турција настанала, слобода се
натпреварувале стари и млади, да пишуват сцени на
побратимување со Турците. Голем настан бил и
влегувањето на четата четата на Ефрем Чучков во
градот. Многу се чудеа нашите дека при оваа
свеченост излегуваа и турските кадии да ги видат
комитите. Тапани, свирки, извици со “ура“, и Јаша’сн

18
Штип низ вековите,цит,д.,451.
39
Хуриет, едалет мусавет (да живее уставот и
братството и единството).Голем банкет за четата бил
направен во “Гранд“ хотелот со турските офицери и
првенците на националностите- се било предмет ма
разговори, по куќите и чаршијата“.19
Затоа, во почетокот од воведувањето на
Хуриетот кај сите штипјани владеел голем
оптимизам, но и неверојатни случаи кога, на општо
изненадување на сите жители дошло до заедничко
дружење и прегрнување помеѓу четниците и турските
офицери, дотогаш незапаметено и невидено на овие
простори. Дури и турските училишта станале
достапни за христијанските младинци. Но, за жал овој
оптимизам не бил реален, тоа го покажале
подоцнежните настани во кој се изразува, големото
незадоволство во Штипскиот регион.
Условите бргу почнале да се менуват.
Првичната еуфорија спласнала, бидејќи
Младотурците плашејќи се да не ја загубат својата
власт, почнале со терор и одмазда. Животот во

19
Иван Михајлов, Спомени, Италија, 1958.,69.
40
регионот станал како и порано. Тоа значело само нова
трагедија за македонскиот народ. Во една ваква
несигурност, жителите од градот и селата
прибегнувале кон четништвото кое повторно било во
подем од одмазда од Турците. Периодот пред
Балканските војни, по својата суровост и доведување
на македонското население до уште поголемо
стрмоглаво страдање, го одбележаа и т.н „магарешки
атентати“. Македонија „била изложена на краен очај
и безредие, ситуацијата била доведена до секојдневно
убивање на невино население заради провокативните
терористички акции на делувањето на ВМРО, особено
штетни биле и т.н „магарешки атентати“ кои немале
никаков политички ефект, туку само ја влошувале
состојбата на македонското населени изложено на
невидени репресалии и одмазништво“.20
Еден таков атентат се случил во Штип на 21
ноември 1911 година. Имено, попладнето на овој ден
одекнала бомба на пазарот “Шардаван“ во близина на

20
Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Предавствата и
атентатите во македонската историја,Скопје, 2004.,164.
41
џамијата. За миг полната и жива чаршија замолкнала,
луѓето се засолниле во околните дуќани, со голем
страв и неизвесност во исчекување на реакцијата на
властите. Во масакарот биле убиени следниве лица,
Јорде Медаров, Миле Прошев-Гошев, Ване Кус
Арсов, Пане Ставрев, Величко Пецов, Ване Стојанов
и Мише Тасев. Околу 200 лица биле ранети, меѓу кои:
Ване Донев, Тоде Доланец, а во Софија на лекување
биле пратени: Миле Стојанов и Тасе Чаушков.
Браќата Славко и Јове Ефремови биле затворени“.21
Реакцијата на властите била брутална, дури ниту
децата не биле поштедувани.
Европа ја осудила реакцијата на Турција,
предизвикувајќи незадоволство дури и кај нивните
пријатели. Непосредно по масакарот „од Бугарија во
Штип пристигнала една санитарна мисија предводена
од д-р Сарафов и д-р Крстева, но турските власти не
му дозволиле на д-р Сарафов да допатува во Штип. За
Штип била пуштена д-р Крстева за да им помогне на

21
Елена Паризова, Магарешки атентати, ДАРМ,
Одделение Штип, Фонд: Баклканска војна, кутија бр 1.,2.
42
ранетите и да ја подели собраната помош. Заедно со
Крстева допатуваа во Штип и Скопскиот бугарски
митрополит г-дин Неофит како и г-дин Мирискит
советник при Светата Бугарска егзархија во
Цариград.Сите спомнати лица им давале на
постраданите помош во облека и пари“.22
Набргу во Скопје дошла и една американска
мисија да даде помош на настраданите фамилии.Само
мал дел од средствата стиганле до вистинските раце,
бидејќи поголемиот дел од средстават завршил во
рацете на неколку трговци и шпекуланти, во име на “
издржување “ на дацата и жените на загинатите
Штипјани. Сите овие настани всушност, преставувале
логичен вовед на она што се случило по почетокот на
Првата и втората балканска војна, Букурешкиот
договор и почетокот на Првата светска војна.

22
Исто таму.
43
1.3. Револуционерни дејци родени во
Штип

Михаил (Мише) Спиров Развигоров, Страхил


Развигоров, Александар Спиро Развигоров,Ипократ
Томе РазвигоровДимитар Павлов Грозданов,
Александар поп Орушев,Тодор Александров поп
Орушев,Јордан Ѓурков ,Владимир Живков,Митко
Домазетов, Александар Захариев, Славе Иванов,
Спиро Келеманов,Христо поп Коцев, Илија
Лилинков,Иван Михаилов Гаврилски, Панчо
Михајлов, Спиридон МихаиловСтојан Мишев,
Христо Настев, Никола Наумов, Иван
Параспуров,Владимир Сланков, Христо Чемков,
Петар Џидров, Лазар Замфиров Киро Глигоров-
Келешо,Иван Брло, Андон Тошев Стојанов (Доне
Штипјанчето), Браќата Михаил и Арсениј
Констенцеви, Поп Владо Цервеноелеков, Славејко
Арсов,Владислав Славчо Ковачев, Лазаров Арсо и
неговиот син Коце,Мане Методи Устичков, Јордан

44
Авукатов,Димитар Мирашчиев,Тодор Лазаров-
“Брадата и други.

45
2. ОПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИТЕ,
КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНИТЕ,
ЗДРАВСТВЕНИТЕ И ДЕМОГРАФСКИТЕ
ПРИЛИКИ
ВО ШТИП ДО 1912 ГОДИНА

Воената организација во градот за време на


турското владеење

Турската војска во Штип во 1912 година имала


20 топови (6 брзометни и 14 ридски), коњаница со 400
војници и еден табор пешадија од 500-600 војници.
Офицерскиот кадар го сочинувале еден командант,
еден потполковник, три капетана, и неколку стотици
поручници и подпоручници. Христијаните до 1910
година плаќале само данок за војска “ бедел аскери “,
а не служеле војска. Лицата што имале завршено
медреса или духовна семинарија не служеле војска.
Воениот рок траел три години.
Турски воени згради во Штип биле воениот
магацин “Дебој“, двокатна зграда ѕидана од камен.

46
Над него постоел горен магацин исто така граден од
камен, како и една турска воена болница во
непосредна близина на магацините. Болницита,
според нецелосните податоци, била формирана во
1886 година. Нејзин управник бил капетанот Хаџи
Нури. Во периодот од 1905 до 1911 година, во
штипската воена болница работеле: капетанот
Мехмед Нури (уролог), капетанот Хаџи Фаик Фикрет,
капетанот Ремзи, капетанот Рифки (хирург),
капетанот Хилми, областен капетан Мехмед Зекирија,
капетанот Мустафа Кулуси, капетанот Галиб Басри.
Непосредно пред Балканските војни медицинската
екипа била засилена со полковникот Хилми Изет
(хирург), потполковникот Абдул Кабир, областен
капетан Хасан Ќамил, капетанот Махмуд Мустафа и
други.
Во градот постоеле и Артилериски касарни со
3 павилјони на два ката, ѕидани со камен, како и
коњушници, топовски шупи и војничка кујна. Сите
овие згради се наоѓале надвор од градот на левиот
брег на реката Брегалница (зградите сеуште постојат

47
и денес). Во близината на Дебојот се наоѓала зградата
на турската окружна команда.
Помеѓу Штип и Ново Село, од левата страна на
реката Отиња, горе во страната на ридот Кумлак
(песочен рид), над тогашните градски гробишта,
заради својата стратешка поставеност се наоѓала
полициско-воената зграда позната како Каракол (која
и денес постои).

2.1 Организација на полициската власт

Штип бил седиште на кајмакамот кој ја имал


целата полициска власт во свои раце. Кајмакамот
управувал со целата каза преку полициско-
жандармериско одделение, судско истражно,
пореско-благајничко, таписко, статистичко,
шумарско, просветно, санитетско и ветеринарно. Во
штипската каза во 1912 година имало 70 жандари, кои
биле распоредени по градот и караколите
(набљудувачница) каде постојано биле присутни по
двајца или тројца жандари.

48
Освен кајмакамот, како политичка
институција во градот постоело, беледие - општинска
управа на чело со претседател (беледие-реиз), четири
до пет кметови, и членови (ази), писар (беладие-
ќитап), благајник, 5-6 служители, 7-8 колари за
изнесување на сметот, и 10 чистачи. Претседателот се
бирал по пат на гласање од страна на граѓаните со
мандат од 4 години. Тој бил со платена функција,
додека не и кметовите.
Општинската управа се грижела за хигиената,
за поправки и одржување на калдрмата во градот,
водоводот и канализацијата. Во склоп на беледиетот
функцијата пудар, кој го чувал полето од штети од
стоката и кражби, и пожарникарска служба.

49
2.2 Судство

Штип во овој период имал два вида на


судови:граѓански и кривичен суд. Постоела и
институцијата државен тужител и истржно
одделение. Граѓанскиот суд расправал дела од движен
и недвижен имот, брачни спорови, како и имотни
односи меѓу сопружниците. За христијанските брачни
односи биле црквата, а подоцна комитските судови.
За спорови до 500 гроша вредност такса не се
наплатувало. За повеќе од 500 се наплаќало такса од
20 гроша. Се наплаќало за доставувањето на поканите
според часовите на оддалеченост. Кривичниот суд
можел да суди дела до 3 години затвор, за поголема
вина судел Санџачкиот кривичен суд во Скопје, а
против таа пресуда надлежен бил Касациониот суд во
Цариград. Мудирот можел да суди граѓански спорови
до 1500 гроша. Секој суд имал по еден судија- кадија,
по два члена- ази (задолжително еден христијанин и
еден муслиман), еден секретар, два-три писари, еден
извршител и еден нотариус (бележник). Судијата и

50
азите, според законот, морало да се дипломирани
правници но, во одсуство на такви се поставувале и со
понизок степен на образование.

2.3 Културно-просветните прилики

Во Штип до 1912 година додека трело


турското владеење, постоеле неколку вида училишта:
муслимански, христијански (каурски), еврејско и
бошњачко. Државна вера и јазик во наставата бил
исламот и турскиот јазик. Државата се грижела само
за образованието на турските деца, иако подеднакво
собирала данок за просвета (меариф- параси) од сите
граѓани.

Муслимански училишта:
Во Штип до 1912 година постоеле 4 основни
училишта, Руждија (неполна гимназија) и медреса.
Зградите на училишта биле државни. Две од тие
згради сеуште постојат. Едната денес се користи како

51
градинка и се наоѓа позади гимназијата. Другата е
позната под името “ стар суд “ и денес се користи како
индивидуална зграда. Руждијата била сместена на
местото на т.н стара дивизија во непосредна близина
на денешната судска зграда.Медресата се наоѓала на
истото место што е и денес со име Хамидие медреса
(медреса на султанот Хамид).
Христијански односно егзархиски училишта :
Постоеле три основни егзархиски училишта
(мешовити) и една тригодишна нижа гимназија. Во
двете градскиучилишта учеле 267 ученика и 141
ученички. Работеле 8 учители кои предавале и во
класните училишта. Училишните згради биле
сопственост на црковно-школската општина. Децата
на побогатите штипјани школувањето го
продолжувале во Солунската гимназија. Едното се
наоѓало во Стар конак и се викало “Св.Рангел
(Архангел), другото “Св. Кирил и Методи “ веднаш до
црквата “Св. Никола“ и третото “Света Богородица “
во Ново село. Во него учеле 151 ученик и 100
ученички со 7 учители. Во класното училиште во

52
градот учеле 42 ученика и 4 ученички, 2 учитела кои
предавале и во основните училишта. Во класното
училиште во Ново Село учеле 45 ученика и 10
ученички и 4 учитела.
Во штипската каза во тоа време работеле
вкупно 45 учители (38 учители и 7 учителки). Покрај
овие што работеле во Штип, постоело училиште во
селото Варсаково со 1 учител, во село Долани со 1,
Горни Балван со 2 (една учителка) и село Трогерци
една учителка.
Постоело и едно еврејско и едно бошњачко
училиште.

2.4 Верски состојби

Во овој период во Штип се исповедале


следнива религии: христијанска- источно
православна, исламска со 4 свои секти и тоа: бекташи,

53
мелаими, руфаи, и авлети. Првите две се шеици а
другите сунити(празноверни). Бекташите го слават и
празнуваат старозаветниот светец Св. Илија. Се
исповедале и еверејската и протестантската религија
(била присутна исклучиво по пат на мисионерство без
своја институција). За исповедање на еврејската
религија постоела синагога, која се наоѓала во
еврејското маало во центарот на градот.
Сите цркви во Штип, без исклучок, биле под
егзархиска управа.23 Во нив се одвивала целата
национала, политичка и просветна работа. Се било
дозволено што е во рамките на црквата. Во тој период
постоеле следниве цркви: “Св. Никола Варошки“, во
која служел штипскиот свештеник Димитар поп
Ѓорѓичков и Владо Црвенелеков, “Св. Богородица
Новоселска“, во која служел поп Глигор Бурев, “Св
Рангел Стар Коначки“,“Св Јован “, “Св. Власиј “, Св.

23
Бугарската егзархија е бугарска црква создадена со
ферман на султанот како ентитет на Цариградската патријаршија
во 1870 година. До 1912 година во нејзин состав биле вклучени
Велешката, Охридската и Скопската епархија
54
Спас “ (капела во градските гробишта), црква “Св.
Четириесет Маченици (фитијата), која извесно време
била претворена во џамија, а во цитираниот момент
била бошњачка џамија. Во Ново Село постоел и
женски манастир “Покров на Св. Богородица“
Во Штип до 1912 година постоеле 8 џамии и 3
текиња (горно и долно- Аша теќе и К’р теќе). Од
џамиите попознати биле, Орта џамија (средна), Алаџа
џамија (шарена), Кад’н Ане (која постои и денес),
Куршумли џамија (Хуса Медин паша џамија) која
била покриена со олово кое рефлексирајќи ја
сончевата светлина, овозможувала таа да биде
забележлива од сите приоди во градот.

2.5 Урбани карактеристики

За планско уредување на градот во 1912 година


не станувало збор, тоа било нешто непознато. Од
канализација постоеле т.н турски “геризи “ кои се
излевале по средината на градот, најмногу во реката

55
Отиња која преку летото била без вода, од што се
ширела многу непријатна реа.
Водоводот бил лошо направен, што
условувало да градот честопати остане без вода, или
била причина за заразни болести. Од сите страни на
градот течела вода низ водоводни цевки кој обично
биле грнчарски “ќунци“ потполно порозни примале
однадвор се, а водата во нив не се задржувала. Биле
положени плитко под земјата, поради што честопати
се случувало минувачите во обид да се напијат вода
(овчарите или патниците) ги кршеле на тој начин,
овозможувале водата да се загади или евентуално
цевките да станат непроодни.
Покрај водоводот (главен водовод) во тоа
време е Шардаван-баши, со вода се снабдувале од
бунари и чешми. Чешмите ги имало во секое маало,
но и надвор од градот, и обично биле под вак’ф ска
управа, од кои средства се одржувале. Од чешмите во
градот постоеле: Коџаалиева чешма (чешма на
Великиот Алија), Аџидимитрова, Гочева, чешма во
дворот на школото и во дворот на црквата Св. Никола

56
и Демјаница. Понатаму во Горно маало имало три
чешми: Тополска, Џамиска и Светирангелска чешма.
Во маалото Стар конак, Коначка чешма, Шпиталска
чешма, Ашај теке и чешма во Тузлија која била солена
(туз на турски значи сол).
Во градот во чаршијата постоеле бунари: Јулди
бунар во еврејското маало, Чингени бунар во
циганската чаршија, Арастан бунар и Гарга бунар во
леблебиџиската чаршија. Во средината на градот
Шардаванска чешма која била многу убава.
Ново село се снабдувало со вода од Станчевите
чешми (ги изградил Костадин Станча), Бисеркин
бунар и Аџиганев бунар. Од полските чешми познати
се: Новакова, Рибнички чешми, Дренката, Цицонкова
чешма, Паскова, Струмина чешма, во новоселското
поле Аузо (покриена вода) и Курт бунар (Волчји
бунар).
За одржување на личната хигиена Штип имал
два амама, Горен и Долен. Горниот амам се наоѓал на
местото пред денешното училиште „Ванчо Прке“, а

57
Долниот спроти градската црква Св. Николај до
некогашната Маларична станица.
Во Ново Село се користеле топлите извори на
Кежовица и Л`џите. Бањата Кежовица ја изградил
Турчин “добродетел“, за лекување на лепрозните
(извесно време била лепрозориум- прифатилиште за
лепрозни)24, а потоа се користела како градска бања,
додека Л`џите биле исклучиво градска перална. Во
турските куќи, во дворовите постоеле таксими
(резервоари).
Куќите биле градени од камен и кал или
“керпич“- непечена цигла. Поимотните граѓани
своите куќи ги граделе со цигли и варовен малтер.
Циглите се носеле дури од Солун. Меѓукатната
конструкција била со “каратаван“(од греди и даски)
така што домаќините горе и доле можеле да
разговарат преку подот. Мангалот било основно
средство за затоплување на просториите за живот.
Покривите на куќите биле со бели плочи (од
месноста Калимерово). Поради тоа Турците го викале

24
в. “Наша Стара Србија“, бр. 132, од 13 јуни 1925.,3.
58
кајганли Истиб-белоплочест Штип“.25 Помеѓу куќите
на христијаните и куќите на муслиманите не постоела
голема разлика. Главната разлика меѓу нив е што
православните куќи повеќе се изнесени кон сокакот, а
муслиманските повеќе кон внатре, кон дворот. Околу
муслиманските куќи имало големи бавчи за разлика
од христијанските. Најглавната разлика била таа што
христијанските куќи меѓусебно биле поврзани со
капиџици, така што куќите од цело едно маало можат
да се обиколат без да се излезе на улица. Низ
капиџиците жените меѓусебно се посетувале, навечер
преку нив се одело на поседенка, но често низ
капиџикот бегале комитите и други политички
виновници кои ги гонела турската власт. Во
христијанските куќи се влегувало преку голема
дрвена порта која од внатре се затварала со челични
тојаги или челични кваки. Низ капијата се влегувало
во двор каде имало бавча, заседена со цвеќе и
калдрмисана патека. Ако кујната е во дворот се викала

25
Александър Balabanov, И аз на тόзи свят,
Sofi®, 1979.,28.
59
„мутвак“, ако е внатре во куќата „јаџак“. Наоколу во
самите ѕидови од даски се правеле „долапи“ во кои се
сместувале алиштата и постелнинината. На горниот
спрат од куќите здолжително имало чардак. Во
свештеничките куќи имало посебна просторија
украсена со икони која се викала параклис. Сите соби
на горниот или долниот спрат во кои се спиело се
викале соби, а оние за прием на гости се викале одаи.
Во одаите околу сите четири ѕида постоеле јанови или
миндери. Таваните на собите биле ковани со даски
кои биле така поредени да прават облик на ѕвезда или
облик на сончеви зраци. На подовите се постилале
килими, и обично се спиело на душеци, додека кај
богатите имало дрвени и железни кревети.
Од 1884 година, коритото на реката Отиња
било канализирано и изградени кејови на левата и
десната страна на реката

60
2.6 Сообраќај и патишта

Во периодот до 1912 година Штип со околните


места бил повразан со пешачки или каравнски, а
подоцна и колски патишта.
Патот Велес- Штип, во должина од 43 км
започнал да се гради 1893 година, а завршен 1903
година потоа почнал да се гради Штип -
Кочани(35км). Тоа биле двата единствени пата на кои
била истакната километражата одбележана со турски
цифри. Нешто подоцна бил изграден и патот Штип-
Радовиш. За најдобар се сметал Штип-Криволак,
покрај Брегалница преку Лакавица а потоа преку
Вардар. Патот помеѓу овие две реки минел преку
планинскиот венец Серта.
Железнички патишта немало, најблиската
железничка врска била преку Криволак и Велес.
Транспортот се вршел најчесто со камилски каравани,
воловски коли, коњи, но најмногу на магариња.
Патниците се превезувале со коњска кола на четири
тркала, на две тркала (чеза), пајтони, на коњи и пеш.

61
Актуелни биле пајтоните со три коњи т.н ландони.
Истите биле покриени за време на дожд и можеле да
се откриваат. Прочуен мајстор, пајтонџија и
превозник бил Јусин чауш. Штипјани кои подоцна
биле пајтонџии, занаетот го научиле од него. За
одбележување е и пајтонџијата Коле Плачеја, кој едно
зимо замрзнал во пајтонот на патот кај село
Сарамзалино.
Кирајџиите биле превозници со коњи.
Попознати биле: Мише Суруџија, Браќа Атанаскови
(имале по 10 коња за пренесување на стока), Пане
Пиштоло, Мише Албаната. Кога тргнувале карваните
со себе воделе бедел - чувар, тоа бил платен човек
Турчин, за него имало специјално коњ, пушка и
дозвола од властите и имал задача да го брани
карванот од напаѓачи и арамии.
Во целиот Брегалнички регион, единствено во
Штип постоела воена телефонска линија и
поштенско-телеграфска станица. Помеѓу Штип и
Велес имало телеграфска врска со останатите места,
врската била можна само со помош на воени

62
телефони. Поштата од Велес за Штип и обратно се
пренесувала со воени камиони, а помеѓу останатите
населени места се доставувала преку среските
полициски и воени органи. Единствен пренесувач на
пошта со сопствена кола (со договор за 5 години) бил
позатиот штипски трговец Коста Тошанов.

2.7 Економски прилики

Финансиската управа во Империјата била


сосема издвоена и имала свој шеф „мал мудир“ и
благајник. Порез се плаќало на земјата, зградите и
ситната четириножна стока: овци, кози, свињи и др.
Покрај тоа се плаќал и десеток, порез на вино и ракија,
за што постоеле посебни чиновници.
Царинарници постоеле во Радовиш, Пехчево и
Царево Село (Делчево). Постоело монополско
друштво за тутун кое продавало и таксени марки.

63
2.8 Земјоделие

Единствено во Штип, од целиот Брегалнички


округ, постоело стовариште за земјоделски алати
(дрвени рала, коси, плугови). Како земјоделска
установа може да се смета Зираат банка односно
Земјоделската банка. Имотите биле
големопоседнички-чифлици и малопоседнички. За
здравјето на стоката се грижел ветеринар. На богатото
штипско поле во изобилство се обработувал афионот
кој во добри години богато го наградувал трудот на
земјоделецот, „ако дождот не го измие“, како што
кажувале работниците, драгоцениот катран секогаш
ги полнел кесињата со жолтици. Од афионовото семе
се произведувал одичен густ шарлаган кој по вкус и
арома го надминувал маслиновото масло. Штип
изобилувал и со винова лоза, се извезувало
квалитетно вино. Манастирот Хилендар во
штипското предградие имал 50 имоти под винова
лоза.

64
Се произведувала квалитетна пастрма, имало
цели семејства на кои главно занимање им било
сушење и приготвување на пастрма. Во Ново Село тоа
било семејството Рамбабови. Годишно за
производство на пастрма се колеле повеќе од 3000
кози. Штип извезувал пастрма и вон брегалничката
област. Речиси во секој двор имало по едно дрво -
црница на кое се одгледувала свилената буба(кокона).
Во Штип постоеле мелници кои работеле на бензин и
две фабрики за производство на зејтин од сусами
афионово семе, тоа биле шарлаганџилниците на
Пенушлиски и Тошанови.

2.9 Занаетчиство и трговија

Штип бил прочуен занетчиски град и град


транасфер на стоката од Солун. За него Ѓорче Петров
напишал:„Штип некогаш бил голем трговски центар
и посредник на трговијата на Солун и Северна

65
Македонија. Со железницата од 1878 година Штип го
загубил трговското значење...Мухаџирските коли се
појавија по војната кога надојдоа преселници,
пренесуваа стока од еден град во друг. Во
амфитеатралната положба на Штип централно место
завзема Варош маалото, Горно маало- старото
христијанско маало и Исарското маало. Отиња 1886
година ја наводни целата чаршија и големдл од Варош
маало и направи големи пакости.
Лево од Отиња, во турскотомаало е
општинското собрание (Беледие). Под него крај
Отиња се наоѓаат беледиските дуќани. Во Штип може
да се влезе од три места. Од врвот на Исарот се
гледаат сите три места за влез во градот.
Штип бил склад на стоки од Солун, доаѓале од
северна Македонија и северна Албанија да купуваат
солунска стока, но и штипските трговци ја носеле
стоката по другите градови. Штип денес е еден од
најопаднатите и најбедните градови. Првиот удар на
Штип му го задала железницата, вториот новата
граница, која му одзеде неколку пазари, со тоа го

66
загуби значењето на посредник и трговски центар.
Третиот удар е афионот и на житната трговија го
нанесуваат солунските Евреи, трговци и комисионери
и компанијата на браќата Алатини (Латини)“.26
Занетчиството во Штип било најразвиена
стопанска гранка во најразлична структура. Познато е
дека во Штип до 1912 година постоеле 35 занаетчиски
дејности со над 500 дуќани и околу 30 еснафски
организации. Под името занаетчиска дејност и
бројноста на дуќаните биле формирани и цели
чаршии како на пр. : леблебиџиската, кондурџиската,
ковачката, казанџиската и др. Бројност на занаетчиите
во 1912 година: кондураџии 50, калајџии - 5,
мутавџии(крзнари) - 15, лимари- 3, терзии- 30,
абаџии- 12, табаци(штавење на кожа)- 20, сарачи(узди
и оглави)- 10, касапи -9, грнчари-10, сајџии- 2,
ќурчии(кожари)-30, фурнаџии- 38 (25 фурни), ковачи
-20, шеќерџии-10, ножари-2, чибукчии- 3, наланџии-
3, бербери 40, ќумбетчии-6, пушкари - 1, кацари-3,

26
Горче Петров, Материали по изучаването на
Македония, София, 1896.,743.
67
тишлери-6, опинчари - 15, самарџии - 20, бравари - 1,
кројачи - 15, рогожар-3, чешлари-3, гребенари-3 и
повеќе ракиџии, винари и оцедари. Познати штипски
занаетчии и трговци биле следниве лица:Кондурџии:
Тоде Чолако, Ванчо Зејтинико, Ристо Јорданов, Сане
Кузманов, Jане Кусата, Мите Ушло , Петре Пиката,
Ефрем Попандонов, Мане Кљусев, Димо Венкин ,
Тодор Варналиев , Тоде Кедето Самарџии: Ристо
Биков, Тодор Ангелов Шивачи: Петре Ников, Коле
Стефаната, Мише Кочубата, Ефрем Трпков, Трајче
Брашнарски Грначари: Тасе Бошков, Коле
Грнчаров, Јосе Јованов, Стојан Тасков. Касапи : Коле
и Аксе Илиеви, Пане Газако. Бакали: Мипе Сечков,
Ристе Козаро, Ване Шалев, Трајче и Методи
Аџипецови, Ване Жежов, Ладе Кавраков, Трајче
Горигори, Пане Колев, Коста Барутчиев, Петар
Кожинков (бакалницата е основана 1881 година),
Тоде Савев. Фурнаџии:Мише Крупешки ,Коле
Кекерето. Саатчии:Стојан Савев, Петре Данов.
Пајтонџии: Тоде и Мише Жежови.

68
Тенеќичии: Коце Дуруданов,Мише Цецов.Трговци:
Лазо Пеливански (трговец и сопственик на деликатес
основан 1861 година),Ванчо Павлов, Коце Рибарче
(солар),Ристе Шеќеринов,Коста Гичев,Хаџи Давид
Менахем Сион,Александар Голов, Хаџипецов
Методи ,Делибашо (брашнар), Коце Камче
(солар),Аџиганеви, Тошанови, Аџидимитрови
,Пенушлиеви.Чешлар:Димко Камчев Шеќерчии :
Ристо и Петре Цуцулови ,Тоде Шишков. Јорганчија:
Јордан Авукатов Фотограф: Пане Лазаро.Абаџија
:Давче Абаџијата.Терзија:Костадин Миладинов,Тоде
Дулдуро.Ќурчија: Мијалче Чакало.
На пазарот во Штип покрај занаетчиските
производи можело да се најдат и земјоделските
производи, опиум, афионско семе27, памук, пченица,
р`ж и разни кожи.

27
Според Коце Барутчија, стар штипјанец, стои дека
афионот прв пат е посеан во Штип 1874 година, но
неуспешно.Семето дадено на неговиот чирак Тасе Крушката кој
го посеал во Балван, таму никанло, по што масовно полнало да
се користи како земјоделска култура. Додека пак Хартман
69
Штип располагал со„ анови за преноќевање на
трговците и пазарџиите кои доаѓале по роба во Штип.
Прв хотел изграден во Штип е „Гранд хотел“ (во
сопственост на црковната општина), потоа хотел
„Солун“ во сопственост на Ване Филипов Пупунчето
и „Балкан“ на Ѓошо Постоло. Во 1912 година во
градот постоеле повеќе (47) анови. Од нив попознати
биле: Пирини ан (Пиринчаа- Карван сарај), Аќифаа ан
и Мамудов ан биле сите на едно место,заедно,
Тошански ан, кој исто така имал простории за
прифаќање на камили,Зоев ан(Завоев), Аџипецов ан,
Дуков ан, Данов ан, Горица ан, Миладински ан,
Терански ан, Аџикостадинов ан, во него се собирале
Турците на кафе. Овде свиреле чалгиските тајфи во
време на сунет или свадба. Веселбите траеле по три
дена. Анови имало и по селата, во Овче Поле и во
селото Таринци.

пишува дека токму во Штипско во 1835 година е донесено


првото афионски семе.
70
Постоела државна Зираат банка која
одобрувала кредит на земјоделците со хипотека на
недвижен имот“. 28
Значи, овие банки биле формирани по углед на
„менафи сандаклари“. Основањето на земјоделските
каси започнало со доаѓањето на Митхад паша. Зираат
банката во Штип се здобила со капитал во
хартија(тапии) од нередовните плаќачи во износ од
55.000 лири. Од 1908 година била основана уште една
банка т.н. Акционерски завод, но била со многу слаби
економски потенцијали и не била од голема полза.
Богатите штипјани добивале кредит од Отоманската
банка во Солун.

2.1.1 Метрички системи

Системот на мерки се користеле само


архаичните, никаде не биле заведени децималните

28
Данчо Зографски, Развитокот на капиталистички
елементи во Македонија за време на турско владеење, Скопје,
1967.,412.
71
системски мерки. Секаде владееле мерката : ока,
аршин, лакат, дулум и др. стари турски мерки.

2.1.2 Здравство

Познато е дека населението во Штип, без


ралика на националност, боледувало често од заразни
болести, се случувало цели семејства да боледуваат во
исто време. И покрај тоа во Штип болница за
граѓанството до 1912 година не постоела.
Од здравствени институции постоеле само
Турската воена болница и привремена болница за
заразни болести, во време на епидемии која била
сместена во куќата на Ибраим бег, кој во тоа време не
живеел повеќе во Штип. Имало и општинскиот лекар
и лекари со приватна пракса. Државата не
предвидувала вакцинација и никаква друга
превентива. При црковните општини постоеле две
хоспитално- каритативни установи: Шпиталето,
сопственост на градската црква Св. Николај и

72
„Бабите“ сопственост на женскиот манастир
„Богородичен покров“ во Ново село.
Во тоа време постоеле три аптеки, една
општинска со која раководел аптекарот Исак Тијано,
приватна сопственост на Каим Ардите и трета
сопственост Панче Накашов.

2.1.3 Култура

Штип во цитираниот период бил, може да се


каже, културен град затоа што таа култура тој ја
создавал во услови кога личната безбедност не била
гарантирана и движењето во градот било сосема
ограничено. Поради тоа што Портата била толерантна
кон верските слободи па и културата на христијаните
била во рамките на црквата. Така во Штип долго
време функционирало “театрото“ сместено во салата
(изградена за таа намена) до Гранд хотел, во самиот
центар на Варош маало. Во истите простории било
сместено и читалиштето со библиотека
“Делателност“. Во читалиштето се добивале печатени

73
весници од Бугарија, Србија, (Правда, Време,
Македонија, Турција, Левант тајмс, Цариградски
весник, Српске новине, и Новини, Вести-
протестантски). Во тоа време во Штип се печателе два
локални весници “Македонија “ и “Револуција“ во
редакција на Петко Пенчев, кое се умножувале на
хектограф.
Музиката имала почесно место во животот на
штипјани. Во овој период училишните дворови и
црквите биле места, каде музичките таленти доаѓале
до израз. Но постоеле и музичички групи- чалгачиски
тајфи (свиреле на свадби, сунети и други прилики)
како можност за егзистенција. Познат штипски
дајречија бил Мише Владиков, чалгачија бил Тоде
Чолаков, гарнетчија Нетков Донче, кларинетист
Каракарез, лаут Мише Камбиро Владиков,алгачија
бил Тоде Чолаков, гарнетчија Нетков Донче,
кларинетист Каракарез.
За одбележуваче е и музичката група- пеачко
друштво со оркестар, на младиот учител Наунчо

74
Османков, заедно со Јордан Ѓурков формирана во
1908 година, кои настапувале и во околните места.

2.1.4 Демографските карактеристики

Населението во Штип до 1912 година било


хетерогено, а за пописите вршени во тој период
значајно е тоа што обично анкетарите биле секогаш
од “надвор “, а националноста се определувала според
верата и јазикот.Односно, ако се првославни, според
влијанието на тогашните цркви, (Патријаршиите на
Србија и Грција, и Егзархисти под влијание на
Бугарија) што укажува на тоа дека бројот на
населението треба да се зема со голема доза на
резерва. Според К’нчов во Штип во 1900 година
живееле 10.900 христијани, 8.7000 мухамедини, 800
јуданци, 500 непознати или вкупно 20.900 жители, а
во проценти 51,15 Македонци и 41,62 Турци.

75
Според статистичките податоци за бројната
состојба на населението во Штипската каза до 1912
година состобата била следна:29

Штипска
каза Македонци Турци Грци Власи Цигани Останати Вкупно
1912

19 150 27300 30 120 630 1950 49180

Во Штип до 1912 година живееле еврејската,


бошњачка, турската и христијанската заедница.
Еврејската заедница – Сефарди30 била
формирана во почетокот на 16 век, по инквизицијата
на католичката црква во Португалија и Шпанија.
Според турски извори од 1519 година штипската
заедница броела 38 семејства или 200 души. Во
извештајот на Унијата на израелитските друштва

29
Податоците се земени од архивата на Јован Мазгански
30
Сефарди се подгрупа на Евреи кои потекнуват од
Пиринејскиот полуостров.
76
(јануари 1913 година) со седиште во Берлин цитирани
се податоци за бројот на населението во Штип кое
според овој извештај е 25 000 жители, од кои 750
Евреи. Таму се вели и дека Бугарите се наоѓат во
градот, а во касарните надвор од градот се Србите.
Бугарите биле во Штип од 11 октомври 1912 година
до 16 јуни 1913 година. Со доаѓањето на Бугарите во
градот сите Евреи биле протерани, ја запалиле
синагогата која до темел изгорела, како и 24 еврејски
куќи и 6 дуќани. 750 муслимани,маѓу кои најмногу
деца од Штип и околните села биле убиени. Се што
било вредно во домовите го опљачкале, исто така и во
синагогата, а сите верски книги (меѓу кои имало и
стари) ги запалиле. Преку 700 Евреи се засолниле во
Солун, oние што биле стари и немоќни останале во
домовите, но подоцна биле убиени. Во меѓувреме 15
семејства на штипските Евреи трајно се населиле во
Солун Пред почнувањето на Балканските војни во
Штип живееле вкупно 107 еврејски семејства, од кои,
40 семејства се презивале Сион, 35 семејства Леви, 12
семејства Капуано,10 семејства Натан, 5 семејства

77
Рубиса и 5 семејства Коен. Тие прекарите ги добивале
според тенот на кожата, бојата на брадата, па така
носачот Јахуда го викале Ел Пасарико (Птица), Аврам
кој бил многу сиромав го викале Ел Ижо Дел Реј
(Кралски Син), глувонемиот Барух го викале Ел
Модо, Јичока Бонано Шаките Ел Прето (Црниот),
Давид Сион, Ел Ројо (Жолт), Хајм Леви (Ел Барбудо)
Брадата, постоел и прекар Ел Карнесеро
(Касапинот).Прекари имало колку и Евреи.
Еврејското маало се наоѓало во централното градско
подрачје. Изобилувало со прекрасна архитектура и
претежно трговски дуќани, што впрочем било и една
од нивните основни дејности.
Бошњачката заедница во Штип живеела во
свое маало, познато како Бошњачко маало. Судејќи
според написот во весникот “Политика“ од 1928
година, кој на својата насловна страница објавува
текст за бошњачкото маало во Штип. Тоа било
изградено во Штип 1908 година кога Младотурската
влада започнува да населува муслимани од Босна.
Новоизграденото маало било лоцирно на самиот влез

78
на градот на левиот брег на реката Брегалница во
близина на Фитијата која во тоа време била Бошњачка
џамија. Во маалото специјано за нив, биле изградени
40 куќи со по два влеза што подразбира живеалишта
за 80 семејства. Ако секое семејство, под
претпоставка имало само по 5 члена се добива бројка
од 400 жители. Бошњаците имале свое училиште, во
него се учело на босански јазик, имале своја
граматика и свој вероучител.
Нивното училиште се викало “Муслиманска
школа“ во него работеле учителите: Филип
Митровиќ, Пулхерија Ѓорѓевичка и Асан ефенди
Османович- вероучител. Во време на Првата
Балканска војна сите до еден заедно со Турците
избегале од Штип “.31
Со почетокот на Првата балканска војна во
Штип ништо повеќе не било исто. Со заминувањето

31
Елена Јосимовска, Бошњачкото маало во Штип до и по
Балканските војни, Скопје.
2003.,197.
79
на турската администрација започнува новата
историја на Штип.

80
Литература

1. Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата на


Македонскиот народ, книга 2, Скопје.
2. Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија,
Скопје, 2000.
3 Глигор Тодоровски: Реформите на големите
Европски сили во Македонија-1829-1909, Скопје.
4. Х.Н.Брејлсфорд, Македонија , Скопје, 2002.
5. Петар Бојаџиевски, Здравствено социјалната
политика на странските пропаганди во Битола.
6. Владимир Картов, Историја на државата и правото
на народите на Југославија Скопје.
7.Јусуф Хамза, Турско македонските односи во
периодот од 1850 до 1912 година, Скопје.
8 Зборник, Јане Сандански и Македонското
национално движење, Скопје, 1976.
9. Славчо Ковиљовски, Сто години од Младотурската
револуција: Што доби Македонија со неа, а што
загуби, Скопје 2008.

81
10. 20 години од смьрта на Даме Груев, София, 1927
година, книга 5.
11.Александар Апостолов, Виничката афера, Виница,
1999.
12. Иван Михајлов, Спомени, Италија, 1958.
13. Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Предавствата и
атентатите во македонската историја,Скопје, 2004.
14. Елена Паризова, Магарешки атентати, ДАРМ,
Одделение Штип, Фонд: Баклканска војна, кутија бр
1.
15. Горче Петров, Материали по изучаването на
Македония, София, 1896.
16. Данчо Зографски, Развитокот на капиталистички
елементи во Македонија за време на турско владеење,
Скопје, 1967.
17. Стојанов Петар, Делбите на Македонија 1912-1918
, Скопје, 1972.
18. Малковски Ѓорѓи, Свети Николе и Светиниколско
од 1912-1945 година, Свети Николе, 1990.

82
СОДРЖИНА

1. Вовед...........................................................................3
2. Политичките прилики и националното и
револуционерно движење во Штип и Штипско од
1893 до 1912 година ......................................................5
3. Револуционерни дејци родени во Штип................44
4.Опшественоекономските,културните,здравствените
демографските прилики во Штип до 1912 година...46
- воената организација во градот за време на
турскотовладеење........................................................48
- Судство.......................................................................49
- Културно –просветни прилики...............................51
Верски состојби..........................................................53
- Урбани карактеристики............................................55
-Сообраќај и патишта.................................................61
- Земјоделие..................................................................63
-Економски прилики...................................................63
-Занаетчиство и трговија.............................................61
- Метрички систем.......................................................71

83
- Здравство....................................................................72
- Култура.......................................................................73
- Демографски карактеристики..................................75
Содржина.....................................................................81

84
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски", Скопје

94(497.731)"1900/12"

ЦАЦКОВ, Оливер
Штип од 1900 до 1912 година / Оливер Цацков. - Скопје
:
Организација на резервните офицери на Република
Македонија - ОРОРМ,
2013. - 85 стр. ; 21 см

Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 81-82

ISBN 978-9989-2112-2-5

а) Штип - Историја - 1900-1912


COBISS.MK-ID 95037194

85
Оливер Цацков
Штип од 1900 до 1912 година

Издавач
Организација на резервни офицери на Р.Македонија

Рецензент
Проф.д-р Ѓорѓи Малковски

Лектрура
Проф. д-р Душко Цацков

Корица
Оливер Цацков

86
87

You might also like