You are on page 1of 1

Мотивациско писмо

До Џангл-овците:

Да се работи како водич, водејќи групи составени од различни возрасти, профили на дестинации е
нешто што би го правела и беспари. Тоа е најголемиот доказ дека нешто се прави со голема
мотивација и желба. Обожавам да патувам, истражувам и учам нови култури.

Дипломиран актер и дипломиран германист се звањата со кои се стекнав по дипломирањето на


ЕФТА- Факултетот за аудиовизуелни уметности и Универзитетот Гоце Делчев при одделот за
Германски јазик и книжевност. Јазиците и уметноста се нешто што ме води и исполнува а во оваа
професија како водич наоѓам симбиоза на сите мои вештини и способности. Уште во студентските
денови бев дел од семестрални размени во Лисабон и Ријека. Секое лето како студент работев
некаде па така се случија искуствата во MCDonalds, Нирнберг Германија и како водич MB
Excursions, Медулин, Хрватска. Во Германија имав за можност прв пат практично да се користам со
моето знаење на германскиот јазик како касиер а во Хрватска работев на брод со капацитет од 100
гости на дневни екскурзии. Туристите најчесто беа од германско говорно подрачје но можам да
кажам поради незборувањето на Италијанците на ниеден странски јазик освен италијанскиот, се
потрудив да ја научам агендата на италијански па и да скршам некој збор за да им доловам што се
е дел од екскурзијата а останатото беше препуштено на гестови и мимики  Таму имав можност
да стекнам искуство , како е да се работи со туристи, да се биде одговорен за група и уживањето
на локацијата да постане взаемно. Заљубена сум во морските широчини и секој ден ни беше
исполнет со 2 кратки излети до еден мал локален остров во близина на Истра. Зборувам англиски,
германски, шпански а притоа учам и грчки. Живеев во Атина каде што најпрво бев дел од
програмата Европски Солидарен Корпус и волонтирав во невладина организација и бев
задолжена за донации на облека на ранливи групи и мигранти. Потоа се вработив во Airbnb каде
што телефонски ја извршував целата комуникација помеѓу Guest- Host. Туристите и домаќините
беа луѓе од цел свет а најчесто едната страна е германско зборувачка па така стигаа до мене како
контакт. Бев задолжена за продажба на дополнителни Experience кои се дел од самото Airbnb или
се дел од желбите и интересите на самиот гостин. Посредував при поместување на самото време
на Check –in или кога летот е откажан па со тоа и самата резервација бара измени. Имав можност
да се запознаам со барањата, потребите при сместувањето на туристите и што е тоа што им се
допаѓа а што не ширум светот. Исто така како и да се смират кога ситуацијата е навистина стресна,
доцна во ноќта стигаат и самиот Host го нема да се појави и мора да се пронајде алтернативно
решение.

Сите мои досегашни професионални и приватни одлуки ме довеле до заклучокот дека сум
флексибилна, брзо се приспособувам, имам желба за личен напредок, сакам да им ги претставам
дестинациите на останатите онака како што јас ги доживувам и уживам во нив, верувам дека
секаде треба да се извлече најдоброто од дадената ситуација и момент и сето ова ми дава
мотивација да бидам водич кој ќе го освежи тимот на Jungle Tribe и ќе внесе една нова енергија
со цел да привлечеме што повеќе луѓе кои ќе патуваат со нас и ќе го откриваат светот.

You might also like