You are on page 1of 13

Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

Факултет за образовни науки

ДОКИМОЛОГИЈА

Проф. д-р Снежана Мирасчиева


Е) Мерила за
оценување на
постигањата

Со поимот Мерила за оценување на постигањата


се означуваат поимите стандарди, критериуми и
норми за оценување и вреднување на квалитетот на
постигањата на ученикот.
А). Стандарди; Образовни стандарди
• Стандард е ....
а. однапред утврден образец за споредување при вредносна проценка и
мерење, но не мора да биде репрезентативен како нормата;
б. она што е социјално и практично прифатливо или очекувано но не и
„типично“;
• Стандардот не е ниту идеал ниту совршенство, туку нешто што е реално,
некогаш максимално, сепак достижно и остварливо.
• Образовните стандарди се:
➢ одраз на општествените барања
➢ продукт на државна образовна политика
➢ израз на општествените интереси и потреби
• Образовните стандарди .......

а) ги опфаќаат целите и содржините на образованието, условите за


реализација на програмата и системот на оценување на постигањата на
учениците;
б) го претставуваат минималното ниво на знаења, умеења и развој на
способностите кај учениците од одредена возраст;
в) го утврдуваат нивото на подготовка на учениците согласно развојните
потреби на општеството и личноста на ученикот;
г) се однесуваат на содржините и квалитетот на образованието. Со нив се
утврдува што треба да знаат и што да можат да прават учениците по
завршувањето на одреден степен од образованието.
• Најчесто како синоними кои всушност не се но имаат слична
содржина и намена, се користат сложенките: базични содржини;
заедничко програмско јадро; национален курикулум; каталози на
поими; стандарди на постигања. Суштината на сите овие поими е:
утврдување на основните барања (цели, задачи, услови) за
заеднички задолжителни содржини за ученици од одредена
возраст;
• Образовните стандарди......

• се проследени најчесто со упатства, насоки, примери и со стандарди за:


планирање на реализација на програмите; концепции за учебници;
критериуми за оценување и сл.
• се менлива категорија кој го следи развојот на науката, техниката и
технологијата, општеството;
• можат да се однесуваат на:
- постигањата на учениците;
- просторот и опремата на една образовна установа
- стручниот кадар
- организација на воспитно-образовната работа (број на деца во група, број
на ученици во паралелка, број на наставници, календар на учебна година)
Б) Критериуми и индикатори (показатели)
• Критериум ...
...е објект за споредување, цел, правило, мерка, величина, односно „мерка на
успехот“;
Во образованието како основа за критериуми се земаат целите и образовните
стандарди со кои се утврдува она што е социјално и практично пожелно и
можно да се постигне како посакувана состојба (промените кај ученикот во
смисла на обем и длабочина на знаењето, ниво на развој на способности и
вештини, ставови).
...е мерка за ефикасноста на единката во постигнувањето на целите во
воспитно-образовниот процес во кој е вклучена.
Големината на мерката како критериум е цел (минимално барање, стандард)
што треба да се постигне и е основа за утврдување на успехот според
елементите што се оценуваат.
• Врз основа на критериумот се донесуваат квалитативни судови и одлуки за
успехот на индивидуата. Одлуките можат да бидат на два или повеќе
степени ( успешен – неуспешен или солидно, добро,....).
• Критериумот за вреднување на постигнувањата се определува врз основа
на очекуваните резултати ( што е содржина на целите);
• Критериумот мора да биде одраз на сите релевантни елементи преку кои
може да се согледа и оцени постигањата на индивидуата.
• Се определува во две етапи: во првата етапа се анализираат целите и
содржините во програмата и се идентификуваат сите компоненти кои се
релевантни за успешноста во постигнувањата како и нивните показатели; во
втората етапа за секој конкретен индикатор се утврдува критериумска мерка
преку која ќе се искаже успехот.
• Се продукт на договор и се однесуваат на нивото и степенот на изразеност
на индикаторот кој се смета за задоволителен;
• Се гради врз основа на лични и социјални норми, правила, вредности,
принципи, цели.
• Видови критериуми
според начинот
на утврдување
според
структурата

мултипли-
емпириски
сите посебни
априористички- (статистички)-
компоненти на
композитен однапред утврден, пожелен неопходен
успехот, содржи
(општ, генерален): врз основа на минимум на
повеќе
ги содржи сите определени постигања, може да
критериуми,
критериумски стандарди; можат има повеќе нивоа
односно се
елементи да бидат глобален (добро, одлично); е
темели на повеќе
изразени во еден и парцијален; има резултат на веќе
податоци кои не
резултат (пр. одредени добиени резултати
се изразуваат во
бројчана оценка); предности и на успех на
една оценка; е
е основа за недостатоци..... репрезентативна
основа за
глобално група на ученици
аналитичко
оценување оценување
• Индикатор (показател) ... е знак, обележје, податок, симптом;
Индикаторите на постигањата на учениците:
1. се реално постојните особини и квалитети на одделни нивни
остварувања;
2. се основни квалитативни и квантитативни признаци, белези, црти
или карактеристики на она што се следи, мери и проверува;
3. се содржински белези и одлики на предметот на проверување и
оценување кои ја откриваат неговата суштина и овозможуваат да се
стекне јасна претстава за него;
4. имаат променлив карактер во однос на нивната содржина (обем,
квалитет, насоченост);
5. се основни извори на информации за квалитативните и
квантитативни карактеристики на предметот на проверување и
оценување, што значи дека постојат во самиот предмет на
проверување и оценување и се израз на неговата суштина,
целосност и неповторливост;
6. во дидактичка смисла се однесуваат на ширината и длабочината
односно на квалитетот на промените кои настанале кај личноста
како резултат на воспитно-образовниот процес;
7. се утврдуваат врз основа на целите во наставата и воннаставни
активности. За секоја цел треба да се определат конкретни
индикатори;
8. му помагаат на наставникот да ги идентификува постигнувањата
на учениците и во исто време да ја следи сопствената работа.
• За сите индикатори треба да се определат критериуми!
В) Норми
• се репрезентативни вредности кои се израз на типични, просечни, нормални
постигнувања на определена категорија на ученици во некоја област или
наставен предмет;
• имаат дескриптивен карактер, а не пропишуваат како стандардите;
• во воспитно-образовната работа се утврдуваат како статистички вредности
кои резултираат од емпириски добиени податоци со примена на
стандардизирани тестови на репрезентативен примерок;
• се основа за споредување на постигањата на еден ученик за да се процени
неговиот релативен успех во однос на останатите ученици;
• помагаат при процесот на рангирање;
• Во воспитно-образовните установи се определуваат и норми за
оценување на поведението (однесувањето) на учениците, односно
воспитните цели (кои се всушност општествени и социјални цели
кои се однесуваат на општоприфатените, вообичаени и
посакувани форми на однесување утврдени врз основа на
искуства, а некои од нив и врз основа на закони, правилници,
кодекси на однесување).
• Овие норми го определуваат квалитетот, квантитетот и
функционалната вредност на очекуваното и посакувано
однесување и се регулатор на однесувањето во средината
воопшто.

You might also like