Professional Documents
Culture Documents
трета-историја-на-јазик 1
трета-историја-на-јазик 1
Охриѓанецот Григор Прличев, пак, скоро целиот свој живот бил растргнат меѓу
сопствениот роден говор и јазикот на богатата античка култура на кој се
школувал и кој го изучил многу солидно – грчкиот јазик. На овој јазик тој ги
напишал своите две најголеми поеми Сердарот и Скендербег, а според
неговите искажувања, една од причините поради кои на атинскиот поетски
конкурс победила неговата поема „Сердарот” бил и фактот што тој толку добро
го владеел грчкиот јазик, што членовите на комисијата не забележале дека
авторот не е Грк.1
Сепак, постојат неколку зачувани говори кои тој ги одржал пред своите
сограѓани и кои се напишани на чист охридски дијалект. Таквите јазични
карактеристики се забележуваат и во неговиот обид да создаде еден вид
општословенски јазик, т.н. словенско есперанто. Прличевата далекусежна
идеја била повторно да се создаде единствен литературен јазик за сите
Словени, за кој сметал дека е „нужда велика”. За жал, таа не заживеала. На
овој негов јазичен конструкт тој самиот препеал делови од „Илијада” и
„Одисеја”на Хомер.
Благодарение Вам, мили мој колеги, что оставихте татковината си и дојдохте да послужите на нашата татковина, или подобро
да кажа, на татковината на св. Кирил и Методиј, и да празднувате в самиј Солун праздникот на Солунските светии ... Оскудело
нам мудрих мужеј число... Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж.
Срдечно благодарение Вам, мили мои сотрудници, что дојдохте да целувате светата земја, дето стăпнали нозете на св. Кирил и
Методија. Ниту нужда имаше от нашето благодарение. Доволно сте наградени от самата си сăвест. Даже и блаженство е вселено
во срацата Ваши, дето служите на Кириловото отечество. Идењето Ваше во Солун надали е подолно од поклонение на Божиј
гроб... којто ке произведе оште много Кириловци и Методиевци, които ке бăдат светила на училштата ни , ке бăдат благолепие
на црквите ни, ке бăдат стăлпци на верата, и ке прославјат Македонското име... Повторувам, оти учителите не се должни да
проповедаат. Тие дошле не за друго, освен да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа
убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и
Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за
Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија
покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението...
[10] [8] [11
И от дробнаго бисера
Сполај ти, Господи, сполај ти оти сонцево грејт од кај што заоѓат овде! Чудна
земја ќе биди оваа ‡ си рекол сам со себе ‡ зер долна земја ќе бидит оваа!
Ејди јас сиромав, нема за мене избавиште и одење веќе во Коњари. Ах село
златно, ах, град Прилеп златен, дали ќе ме донесит Господ уште еднаш тамо!
Ако речи Господ уште еднаш јас да појдам тамо, три години ќе чинам измет на
манастир на Трескаец, на Богоројца. Ов, јас сиромав само со умот што се
богатеам, оту уште еднаш јас не било к’смет да си одам, ами види тоа широко
море: до кај што ми око гледа, до тамо вода имат; нема јас да се вратам уште
еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо.
Сопрво беше напраил еден крс на едно дрво од некое суо дрвце за да го
познаат местото, чунки ќе одел као внатре во адата за да види што има и што
нема, да ако нема некоја трага од чоека, пак сакал да се врати назад, кај
изворот, за да поживеит тамо со јемишот што бил на дрвата.