You are on page 1of 21

6 ГЛАВА

1. Како се дефинира пазарот?


 Што претставува економската категорија пазар ?
Збир на купувачи и продавачи кои низ своите трансакции ги одредуваат цените
Механизам со кој се одредуваат цените
Место каде што се сретнуваат побарувачката и понудата
Механизам за уредување на економските текови ( исход, цел, функција)

 Што значи поимот пазарот како механизам за уредување на


економските текови ?
Од претходната дефиниција за пазарот во која се вели дека : - пазарот е место каде
се пресретнуваат купувачите и продавачите, треба да се има во предвид дека се
работи за апстрактен и нематеријален поим. Не се работи само за аритметички
збир, ниту пак механизам, ниту само простор само во физичка смисла на зборот.
На пр. Битпазар е место на кое се сретнуваат купувачите и продавачите, при што се
остваруваат исходи битни за функционирање на економскиот систем.

Заради реткоста на ресурсите кои се недоволни да ги задоволат потребите и


желбите на луѓето, тие треба да бидат користени на што поефикасен начин и преку
трансакциите да се открие нивната реална (пазарна) вредност. Потребно е да се
одговори на следниве три прашања:

1. изнаоѓање на реалната цена на ресурсите – со што се определува


оптималниот начин на користење
2. која е оптималната алокација на ресурсите
3. оптимален начин на распределба на добивката.

Сите три наведени аспекти всушност претставуваат уредување на економските


текови.

Пазарот претставува префериран механизам на уредување на економските текови,


затоа што содржи механизам кој продуцира оптимални решенија за уредување на
економските текови и се добиваат одговорите на прашањата за цената, алокацијата
на ресурсите и распределбата на добивката. Од претходно кажаното дека пазарот
претставува ефикасен начин за уредување на економските текови, логично е дека
префериран начин на уредување на економските текови ќе биде пазарот. Од ова
произлегува дека пазарот не е единствен начин за уредување на економските
текови. Алтернативен начин претставува државното планирање кое во минатото
бил единствен начин на уредување на економските текови во поранешните
социјалистички економски системи, кој бил заменет со пазарот. Во рамките на
современиот пазарен економски систем, покрај пазарот се користат и
долгорочните развојни стратегии, како и краткорочната (т.е. тековна)
економска политика. Овие три елементи претставуваат механизам за уредување
на економските текови кај современиот пазарен економски систем.

Функцијата на пазарот денес и во минатото е различна од онаа во 19-тиот со онаа


од 20-тиот век. Во современиот економски систем, пазарот функционира слободно
во рамките правнaта регулатива. Таа правна рамка го овозможува адекватното
регулирање на пазарите.

2. Што означува поимот пазарни структури (пазарни состојби)?


Видот на односите на пазарната моќ кои се формираат во зависност од одредени
специфичности, како на страната на понудата така и на страната на побарувачката.

 Што се тоа пазарни структури ?


 Какви видови пазарни структури постојат ?
I. Пазар со перфектна конкуренција – кога има многу понудувачи и многу
купувачи. Тој постои кога се задоволени следните 4 услови:

1. прифаќање на цените од страна на сите учесници на пазарот. Цените се


формираат под влијание на сите купувачи и понудувачи. Купувачите се
многубројни, а понудувачите иако се исто така многубројни, тие се
поединечно мали и немоќни самостојно да влијаат на формирање на цените.
2. хомогеност на производите – сите понудувачи нудат идентични производи,
што значи дека трансакциите се одлучуваат само во зависнот на цената.
Цената која се формира на овој вид пазар е единствена за сите понудувачи. И
затоа на купувачите им е сеедно од кој понудувач ќе ги купат производите.
3. перфектна мобилност на ресурсите – понудувачите имаат слободен влез и
излез на пазарот и можност за алоцирање и релоцирање на ресурсите по
сопствена проценка во зависност од профитабилност на дејностите.
4. перфектна информираност, сите купувачи и понудувачи имаат перфектни
информации за сопствените желби, нивоа на доход, цените и квалитетот на
производите и за технологијата на производство.

Во практиката овој тип на пазарна структура не постои. Таа постои само како
економски модел според која се анализираат другите пазарни структури. Во
праксата место перфектна, таму каде што нема големи отстапувања од
опишаната состојба постојат пазари со изразена конкуренција.

II. Монополизиран пазар - Монопол

Монополизираниот пазар е сосема спротивен на пазар со перфектна конкуренција.


На овој пазар постои само еден понудувач, а многу купувачи. Оваа пазарна
структура се нарекува монопол. Пазарната моќ на монополот е сконцентрирана на
само еден понудувач. А кога постои обратна ситуација каде што има многу
понудувачи а еден купувач тогаш се нарекува монопсон. Во оваа пазарна
структура единствениот понудувач или единствениот купувач ја формира цената на
пазараот без да се грижат за конкуренцијата. И оваа пазарна структура реално не е
возможна.

Суштината на двете наведени пазарни структури укажува на тоа дека секој


приватен субјект, кој настапува на пазарот како индивидуа или деловен субјект –
ако се јавува како понудувач ќе настојува да биде во позиција на монополист, а ако
се појавува во улога на купувач, ќе сака да си обезбеди позиција на монопсонист.
Тоа е возможно ако се изградат бариери за влез на пазарот за други учесници, што
е логичен мотив, затоа што монополистичката позиција во принцип обезбедува
максимизирање на приватната корисност. Во тоа се состои основата на
пазарната игра. Пазарните регулатори пак треба да создаваат пазарна констелација
која ќе доведе до максимизирање на економската ефикасност и индивидуалната
корисност за сите учесници на пазарите, т.е. сите граѓани. Тоа е основата на
регулацијата на пазарите кај современите пазарни структури. Успехот на пазарот
како механизам за уредување на економските текови е резултат на две
спротиставени сили – индивидуалната пазарна игра и регулација на пазарите.

III. Монополистичка конкуренција

Монополистичката конкуренција е пазарна структура слична на изразена пазарна


конкуренција и тука постојат повеќе понудувачи и купувачи. Влезот и излезот во
оваа пазарна структура не е ограничен. Но монополистичката конкуренција, за
разлика од изразената пазарна конкуренција се разликува по тоа што тука има
диференцијација а не хомогеност на производите.

Диференцијацијата на производите претставува продавање на еден ист тип на


генерички производ, кој се разликува од понудата од другите по некоја посебност
(квалитет, изглед, дизајн, бренд и сл.). Пр. автомобилската индустрија нуди
автомобили – генерички производ, но од различни производители имаат различни
карактеристики. Диференцијацијата на производите се однесува на производи кои
се класифицираат во категориите на преработени прехрамбени производи, текстил,
средства за хигиена, козметика итн. Во монополистичката конкуренција секој
понудувач има две алатки за конкурентска борба :

 цената
 производната диференцираност

Но за да постои монополистичката конкуренција мора да биде исполнет условот за


слободен влез на пазарот на нови играчи. Тоа од една страна значи:

- способност на новите пазарни играчи да ги совладаат


бариерите на пазарот и
- потреба пазарниот регулатор да ги намали и дефинира
бариерите за влез на пазарот.

IV. Олигопол

Олигополот е најтипичен вид на пазарна структура. Тука не е пресудно дали има


или нема производна диференцијација, туку битно е што постојат неколку (мал
број) понудувачи кои ја сочинуваат целокупната понуда. Тоа произлегува од
релативно високите бариери за влез на пазарот кои ги создаваат неколкуте
понудувачи. А таа пак во најголем број случаи постои од технолошкиот прогрес и
иновациите на помоќните деловни субјекти. Олигополот е карактеристичен во
метална индустрија, авиосообраќај, нафтена индустрија, производство на
компјутери и сл. Овде бариерите за влез претставуваат технолошкиот прогрес и
иновации кои се заштитени преку патентирање. Така се прави поврзување на
заштитата на сопственичките права и детерминантите на пазарните структури, кои
укажуваат на еден друг многу битен аспект важен за пазарната регулација а тоа е:

- цикличното движење, т.е. фазите на животните циклуси на


производите и ширењето на технологијата во меѓународни
размери.

3. Во кои услови постои пазар со перфектна конкуренција?


Кога комулативно се исполнети 4те услови:
1)Прифаќање на цените од сите ( сите се мали и никој нема моќ да влијае на цена)
2)Хомогеност на производите ( сите нудат идентично, трансакции зависат само од
цена)
3)Перфектна мобилност ( нема бариери за влез/излез, алоцирање е само врз основа
на профитабилност на дејност)
4)Перфектна информираност
Во практиката постои изразена конкуренција.

5 Во што се разликуваат монополистичката и изразено пазарна


конкуренција ?

Изразена пазарна конкуренција е конкуренција која нема големи отстапувања од


перфектната конкуренција која се карактеризира со следниве особености .

1)Прифаќање на цените од сите ( сите се мали и никој нема моќ да влијае на цена)
2)Хомогеност на производите ( сите нудат идентично, трансакции зависат само од
цена)
3)Перфектна мобилност ( нема бариери за влез/излез, алоцирање е само врз основа
на профитабилност на дејност)
4)Перфектна информираност

Монополистичката конкуренција се карактеризира со:


1. Цените се разликуваат кај сите производители
2. Диференцираност на производите
3. Мобилноста е висока – влезот е слободен
4. Информираност непотполна

4. Што е најкарактеристично за олигополската пазарна структура?


Пазарна структура која е најтипична во реалноста, има само неколку понудувачи,
заради високите бариери за влез.
Олигополот е најтипичен вид на пазарна структура. Тука не е пресудно дали има
или нема производна диференцијација, туку битно е што постојат неколку (мал
број) понудувачи кои ја сочинуваат целокупната понуда. Тоа произлегува од
релативно високите бариери за влез на пазарот кои ги создаваат неколкуте
понудувачи. А таа пак во најголем број случаи постои од технолошкиот прогрес и
иновациите на помоќните деловни субјекти. Олигополот е карактеристичен во
метална индустрија, авиосообраќај, нафтена индустрија, производство на
компјутери и сл. Овде бариерите за влез претставуваат технолошкиот прогрес и
иновации кои се заштитени преку патентирање. Така се прави поврзување на
заштитата на сопственичките права и детерминантите на пазарните структури, кои
укажуваат на еден друг многу битен аспект важен за пазарната регулација а тоа е:
- цикличното движење, т.е. фазите на животните циклуси на производите и
ширењето на технологијата во меѓународни размери.

5. Што означува поимот неуспех на пазарот?


Ситуација во која пазарот не води кон оптимално остварување на неговата
функција на уредување на економските текови. Отстапување од состојбата на
општа пазарна рамнотежа која би била постигната под услови на перфектна
пазарна конкуренција.
Во таа смисла за неуспех на пазарот може да се зборува кога постојат следниве
четири состојби :
 преголема пазарна моќ
 некомплетност и асиметрични информации
 екстерналии
 кај јавните добра и услуги

Пазарна моќ е кога само еден или неколку пазарни понудувачи, поради
констелацијата на односи или бариери за влез можат сами да ја одредуваат цената и
другите услови на пазарот. Во тој случај другите учесници можат или да ги
прифатат тие цени или да си заминат. Битен аспект на таква пазарна констелација
претставува еластичност на побарувачката, бидејќи колку е таа ценовна или
доходовна елластичност на побарувачката пониска, толку е поголема разорноста на
злоупотребуваната пазарна моќ. Пр. кај лековите постои изразито мала ценовна и
доходовна еластичност на побарувачката – кога на некој му е потребен лек, без
разлика на цената ќе го купи, затоа тука пазарна моќ е деструктивна. Пазарниот
неуспех всушност постои зошто се воспоставува пазарен (ценовен) еквилибриум
(урамнотежување) во точка каде што не постои целосно користење и ефикасна
алокација на ресурсите. Всушност таа ситуација наместо да создава поголема
ефикасност, пазарот создава неефикасност и загуби и за индивидуите и за целата
заедница.

Одговор на прашањето како треба да се регулираат пазарите за да се спречи


нивниот неуспех кој произлегува од големата пазарна моќ на мал број учесници,
прво треба са се осознаат причините. Во литературата се спомнуваат следните
извори на монополска моќ:

 еластичност на пазарната побарувачка - состојба или мерка која се добива


кога:
1. се споредува интензитетот на промените на побарувачката со
интензитет на цените што се нарекува ценовна еластичност на
побарувачката;
- ако цените се менуваат пропорционално со промените на
цените е – еластична побарувачка;
- ако промената на побарувачката е помала од промената на
цената е – нееластична побарувачка;
- ако промената на побарувачката е поголема од промена на
цената е високо еластична побарувачка
2. се споредува интензитетот на промените на побарувачката со
интензитетот на промените на доходот, што се нарекува доходовна
еластичност на побарувачката, која исто може да биде еластична,
нееластична и високо еластична,

Кога е пониска еластичност на побарувачката создава можност за поголема


злоупотреба на монополската моќ, а повисока еластичност спротивно.

 бројот на понудувачи на пазарот – колку има повеќе понудувачи, толку е


помала монополската моќ на секој понудувач одделно. Но исто така е важен
бројот на моќните играчи, т.е. бројот на оние субјекти кои можат, преку нови
откритија, со технолошки прогрес или на друг начин да создаваат високи
бариери за влез на нови понудувачи на пазарот.
 видовите на интеракции меѓу понудувачите – и кога има мал број на
понудувачи, важно е во какви меѓусебни односи се. Ако бидат спречени да
се договараат за да ги утврдуваат цените, дури и присуството на само
неколку
 понудувачи на еден пазар може да создаде сосотојба која ќе биде поблиску
до изразена пазарна конкуренција.

Извори на монопсонска моќ се:

1. еластичност на пазарната понуда


1. број на купувачи на пазарот
2. видови интеракции меѓу купувачите.
4 Во што се разликуваат целите за настапување на пазар од страна на
приватните субјекти во однос на целите на пазарните регулатори ?

Ако се јави пазарен неуспех, поради преголема пазарна моќ постојат неколку
начини за санирање на таа состојба:

 во случаи каде што постои монополизирана пазарна структура , треба да


дојде до целосно суспендирање на пазарот како механизам за уредување и
улогата на пазарот и да се превземе државна интервенција преку директно
регулирање на односите (регулација на цените, алокација на ресурсите и
распределба на добивката). Но во тој случај пазарната моќ на приватните
субјекти се претвора во бирократска моќ на владата. Сепак владата со овој
создаден монопол ги уредува економските односи имајќи го во предвид
интересот на сите граѓани, додека приватниот интерес е насочен кон
приватните сопственици.
 Постојат аргументи кои се спротиставуваат на владинта интервенција на
монополизираните пазари, затоа што постои опасност од можноста да се
јават силни влијаниа на одделни индивидуи и групи на индивидуи кои
лобираат кај владата на формален и неформален начин за одредување на
начинот на (не)регулација на пазарот.
 Исто така се поставува прашање дали владата и кога спроведува политика на
штитење на заедничките интереси е поефикасна од неуспешниот пазар. Од
тука се поставува прашањето Дали како што постои неуспех на пазарот
еднакво може да постои и владин неуспех?

Пазарната регулација претставува една од најкомплицираните задачи на


управување на економските системи. Во најопшта смисла се поставуваат две
правила:

 Во дејности каде што постои природен монопол тоа значи дека овие
дејности каде што технолошко технолошките процеси на
производство диктираат услови при што економски е најефикасно
целата понуда на пазарот да биде дадена на еден понудувач, зошто
воведување на пазарна конкуренција би била економски неефикасна и
неостварлива. Односите во тие дејности се регулираат со одредување
на цените и условите за вршење на дејностите директно од страна на
владата.
 Таму каде што не постои природен монопол туку постои
монополизирана пазарна структура која резултира заради енормно
високите бариери за влез изградени од страна на моќни понудувачи
кои имаат голема пазарна моќ. Таму регулирањето треба да се изведе
преку:
- намалување на бариери за влез на пазарите
- создавање на конкуренција со либерализација на увозот
- спречување на договарање меѓу понудувачите за
фиксирање на цените

Исто така треба да се знае дека постои антимонополско законодавство, кое во


основа значи дека е забрането договарање меѓу понудувачите кои имаат за цел
држење на цените на многу високо ниво. Но треба да се знае дека можат да излезат
и некои реални проблеми при спроведување на антимонополското законодавство.

А тоа се :

- спречување на позитивни тенденции на пазарот


- оваа област претставува домен каде што сите односи се многу
суптилни и домен каде што се испреплетени приватните
интереси
Некомплетни и асиметрични информации

Некомплетна информираност

Исто така претставуваат причина за пазарен неуспех, затоа што за да може да се


направи оптимален избор учесниците на пазарот треба да ги знаат сите релевантни
аспекти за секоја трансакција. Перфектната конкуренција резултира со перфектна
информираност. Но во реалноста перфектна информираност не постои, па така
ниту производителите не ги знаат сите информации за нивните потенцијални
купувачи – односно нивните преференци, ниту пак купувачите не ги знаат сите
информации за сите понудувачи. Исто така асиметричните информации се
карактеристични за некои пазари на пример пазарите на стари автомобили, при што
понудувачите имаат повеќе информации за автомобилите отколку нивните
купувачи. Исто така на пазарот на трудот постојат асиметрични информации каде
што продавачите на трудот - работниците повеќе од работодавачите ги знаат своите
способности и вештини.

Асиметрична информираност

Се случува кога една од страните во некоја пазарна трансакција има повеќе


информации од другата страна. На пр. пазар на половни автомобили, каде што
продавачите знаат повеќе информации од купувачите. Истото се случува и на
пазарот на трудот, каде што понудувачот на работна сила има повеќе информации
за своите квалитети и квалификации од потенцијалните вработувачи.

Некомплетната и асиметрична информираност доведува и до :

11. Што означува поимот погрешен избор ?

Погрешен избор – кој се јавува кога производи и услуги од различен квалитет се


продаваат по иста цена, или производи со ист квалитет се продаваат со различна
цена. Почесто се случува да се продаваат производи со ист квалитет но со повисока
цена.
12. Што означува поимот морален хазард ?

Морален хазард

Пазарен ефект кој се гледа во преголемоте користење на добро или услуга само
затоа што е набавено, дури и кога нема потреба од тоа. ( пр. Здравствено
осигурување)

Агент принципал

Агент е физичко или правно лице (работи самостојно и наплаќа провизија) при тоа
е овластена изрично или преќутно да работи за друг (налогодавач) принципал. Во
поширока смисла овој термин опфаќа трговски застапници, брокери, застапници на
земјопоседници а во најтесна смисла застапници и посредници, Во континентално
право агентот по правило е застапник кој работи во име и за сметка на
налогодавачот. Во англосаксонското значење агентот има пошироко значење од
каде произлегуваат три можности:

1. неоткриен налогодавач – агентот не открива на трети лица дека работи за


друг и во свое име склопува бизнис во свое име
2. неименуван налогодавач – агентот открива дека работи за трето лице , но
не го открива неговиот идентитет, а договорите ги потпишува по
овластување на налогодавачот
3. именуван (откриен) налогодавач – агентот открива постоење и
идентитетот на налогодавачот и склопува бизнис за негово име и за негова
сметка.

6. Во една анализа на пазарот на лекови во Скопје, е откриено дека


пазарната констелација се карактеризира со: 1). Ниска еластичност на
побарувачката, 2). Има релативно мал број на понудувачи на пазарот,
3). Учесниците честопати меѓусебно се договараат за утврдување на
цените; за каков вид на пазар се работи ?

Констелацијата е олигополска.
 Што е тоа контестабилен пазар ?
 Што значат пазарни ризици и како се раководи со нив ?
1. Кога може да се зборува за неуспех на пазарот?
1)Преголема пазарна моќ
2) Некомплетност и асиметричност на информациите
3) Екстерналии
4) Јавните добра и услуги

1. Што е пазарна моќ?


Состојба во која само еден или само неколку учесници на пазарот можат самите да
ги одредуваат цените и другите услови кои ќе преовладуваат на пазарот.
Неуспехот на пазарот произлегува од тоа што се воспоставува пазарен
еквилибриум во точка каде што не постои целосно користење и ефикасна алокација
на ресурсите (пазарот почнува да создава неефикасност и загуби)

2. Извори на монополска моќ?


1)Еластичност на пазарна побарувачка (пониска еластичност – можност за
поголема злоупотреба)
2)Број на понудувачи на пазарот ( повеќе понудувачи –помала моќ на секој
одделно)
3)Видови интеракции меѓу понудувачи ( ако не ги договараат цените ќе е
пооптимално)

3. Извори на монопсонска моќ?


1)Еластичност на пазарна понуда
2) Број на купувачи на пазарот
3) Видови интеракции меѓу купувачи

Кои мерки се преземаат кога има неуспех на пазарот заради преголема монополска
моќ? ( Начини на пазарна регулација)
Природен монопол – Одредување цени и други битни услови за вршење на
дејности директно од страна на владата
Неприроден монопол – Намалување на бариери за влез/излез, Создавање
конкуренција со либерализирање на увоз, Спречување евентуално договарање меѓу
понудувачи за фиксирање цени (антимонополско законодавство)

4. Што е погрешен избор?


Пазарен ефект кој се јавува кога производи или услуги со различен квалитет се
продаваат по иста цена, или пак производи или услуги со ист квалитет се продаваат
по различна цена ( затоа што купувачите се не се доволно информирани и не можат
да ги одредат вистинските квалитети во моментот кога ги купуваат).
5. Што е морален хазард?
Пазарен ефект кој се гледа во преголемоте користење на добро или услуга само
затоа што е набавено, дури и кога нема потреба од тоа. ( пр. Здравствено
осигурување)

6. Кои мерки се преземаат кога има неуспех на пазарот заради


некомплетни и асиметрични информации?
Огласување и рекламирање – информирање на потрпшувачи од страна на
понудувачи ( решение за некомплетни, но не и асиметрични информации)
Производни гаранции
Самата владата презема мерки за информирање

7. Како се решева проблемот со екстерналиите како причина за неуспех на


пазарот?
По пат на интернализирање на тие трошоци кои се прелеваат на околината од
страна на приватните сопственици
Видови мерки: Поставување стандарди, воведување давачки, дозволи

8. Како се решава проблемот со преобилно користење на јавните добра и


услуги?
Обезбедувањето на јавните добра и услуги го презема Владата.

9. Што е контестабилен пазар?


Монополизиран пазар кон функционира слично на пазарот во кој има изразена
конкуренција.
Причина: страв од потенцијална конкуренција, монополистот ги користи
релативно пониските цени како бариера на влез за потенцијалните

10. Кои се видовите на бариери за влез на пазарот?


Вградени во облиците на пазарна конкуренција и секогаш присутни (предност на
брзите, достигната економија на обем, лично познавање со локални државни
функционери, освоени пазарни ниши)
Одраз на поголемо искуство на некои понудувачи/историски околности, па затоа не
се менуваат или се менуваат бавно ( фаворизирање домашни фирми, предности на
домашни фирми како резултат на подобро познавање на домашната култура,
обичаи, вкусови, јазици, правен систем)
Природни услови и географија, делумно се надмининуваат со технолошки
напредок
Воведени од домашната влада, секогаш постојат
Антиконкурентско и спекулативно однесување на постојните конкуренти
11. Претпоставки за одредување пазарна контестабилност ?
Новите конкуренти да се соочуваат со нула слабости во споредба постојните
конкуренти
Да постојат нулта трошоци за излез од пазарот

You might also like