You are on page 1of 3

Фармацевтска хемија за 4-та година проф.

Александар Чапрагоски

Наставно ливче со прашања (антиинфективни лекови)

1. Состојбата позната како “синдром на сиво бебе” е


карактеристичен за:
А) нитрофурани.
Б) тетрациклини.
В) фузидинска киселина.
Г) хлорамфеникол.

2. Како алтернативна терапија кај пациент со менингитис ќе


препишеме:
А) хлорамфеникол.
Б) дексаметазон.
В) стрептомицин.
Г) изониазид.

3.Линезулидот своето дејство го изразува преку:


А) врзување за 30s и 70s рибозомските подединици.
Б) врзување за 30ц и 50s рибозомските подединици.
В) врзување за 50s и 70s рибозомските подединици.
Г) врзување за 30s, 50s и 70s рибозомските подединици

4. Кој антибиотик спаѓа во првата група хинолони?


А) Норфлоксацин
Б) Налидиксична киселина
В) Ципрофлоксацин
Г) Перфлоксацин

5. Бактерицидниот ефект на хинолоните се должи на:


А) инхибиција на синтезата на пептидогликан.
Б) инхибиција на синтезата на протеини.
В) инхибиција на репликацијата на ДНК.
Г) деградација на клеточната мембрана.

6. Кој сулфонамид би го издале на 50 годишна жена кај која е


забележано воспаление на цревата?
А) Сулфасалазин
Б) Сулфаметоксазол
В) Сулфацетамид
Г) Пиразинамид
Фармацевтска хемија за 4-та година проф.Александар Чапрагоски

7. Кај пациент со симптоми на треска, ноќни потење, губење телесна


тежина и хронична кашлица со крвав исплувок ќе се посомневаме на:
А) епилепсија.
Б) маларија.
В) ендокардитис.
Г) туберкулоза.

8. Првиот ред на лекови во третман на туберкулоза го сочинуваат:


А) циклосерин и канамицин.
Б) изониазид и етамбутол.
В) рифампин и капреомицин.
Г) етамбутол и етионамид.

9. Кај пациент со маларија ќе дадеме терапија со:


А) антипротозоични соединенија.
Б) антитуберкулозни соединенија.
В) антихелминтици.
Г) антифунгални соединенија

10. На пациент со инфекција предизвикана од P.carinii му е


препишана терапија со сулфонамиди. Што ќе му препорачаме?
А) Избегнување на млечни производи
Б) Истовремено земање на витамин А
В) Внесување на многу течности
Г) Зголемен внес на железо

11.Одговори соодветно за секој точен или неточен податок со Т или Н.

- Хлорамфениколот е антибиотик со широк спектар на дејство ____


- Фузидинската киселина се користи за инфекции во коски ____
- Хинолоните може да формираат хелати со метали ____
- За активноста на нитрофураните е важна метил групата ____
- Метенаминот претставува антипротозоичен лек ____
- Сулфонамидите се структурни аналози на GABA ____
- Кристалурија е несакано дејство на хинолоните ____
- Изониазидот е лек за туберкулоза од втор ред ____
- Трихомонијазата претставува венерично заболување ____
- Маларијата ја предизвикува паразитот Anopheles ____
- Антихелминтиците не се комбинираат со лаксативи ____
- За третман на шуга се користат скабициди ____
- Линданот е препарат против вошки ____
- Габите во клеточната мембрана содржат холестерол ____
- Салицилната киселина е средство за системски микози ____
- Амботерцинот Б е алиламин за посериозни системски инфекции ____
Фармацевтска хемија за 4-та година проф.Александар Чапрагоски

You might also like