You are on page 1of 54

Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Дипломски труд:

Стереотипи и предрасуди - бреме кое го носиме

1
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Содржина:

Вовед 4

1. Како се определуваат предрасудите? 5


1.1 Историја на предрасудите 5
1.2 Современи теории и емпириски науки 6
1.3 Полови предрасуди (сексизам) 9
1.4 Национализам 9
1.5 Класицизам (социјални групи) 10
1.6 Сексулана ориентација 11
1.7 Расизам 11
1.8 Религија 12
1.9 Јазик и лингвистика 13
1.10 Предрасудите како опшествена појава 14
1.11 Предрасудите и самопочитта 15
1.12 Што ги предизвикупа предрасудите? 16

2. Како се определуваат стереотипите? 17


2.1. Функција на стереотипите 17
 Когнитивна функција на стереотипите
 Социјална функција на стереотипите
2.2. Стигма (негативен стереотип) 19
2.3. Како да се справиме со стигмата? 22

3. Разлики помеѓу предрасудите, стереотипите и дискриминацијата 22


3.1. Предрасуди (емотивен состав) 22
3.2. Стереотипи (спознаен дел) 23
3.3. Дискриминација (однесување) 23

4. Социјално спознавање 24
4.1. Припадност кон сопствената група 24
4.2. Хомогеност кон спротивната група 25
4.3. Пропусти во логиката 25
4.4. Активирање на стереотип 26
4.5. Зошто постојат непожелни стереотипи? 27
4.6. Автоматска и контролирана обработка на стереотипи 27
4.7. Илузорна коорелација 28
4.8. Ревизија на стереотипни верувања 29

5. Начин на кој ги распоредуваме ресурсите –Теорија на реален конфликт 30


5.1. Економска и политичка конкуренција 30
5.2. Улога на жртвено јагне 31

6. Начин на кој се конформираме –Нормативни правила 32


6.1. Кога се предрасудите институционализирани? 32
6.2. Нормативен конформизам 33
6.3. Модерни предрасуди 33

7. Како до намалување на предрасудите? 34


7.1. Хипотеза на контакт 35

2
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

7.2. Како контактот придонесува до намалување на предрасудите: 6 правила 36


7.3. Соработка и меѓусебна зависност (одделенска –сложувалка) 37
7.4. Како делува одделенска-сложувалка? 38

8. Стереотипни предрасуди во американско опшество (САД) 39


8.1 Најголемиот проблем во САД-расизам 39

9 Стереотипи и предрасуди во Западна Европа 45


9.1 Исламофобија во Франција и Велика Британија 46

10 Стереотипи и предрасуди во германското опшество 47


10.1Холокаустот 47
10.2Истребувачкиот процес 48

11 Стереотипи и предрасуди во Македонија и Балканските простори 50

Заклучок 52

Користена литература 54

3
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Вовед

Во светот има над седум милијарди луѓе. Секој поединец со посебна историја, посебни
вредности, различни верувања, богатство. За нeкој богатството е во малите нешта, за
некој е во парите. За некој децата се пред се’, а додека за некој кариерата. Некој верува
во Бог додека некој друг е атеист. Некој има бел пигмент на кожата додека некој има црн
или жолт. Некој е отворена личност која не се плаши да експериментира со својата
младост и сексуалност додека друг се придржува на опшествените норми кои се
создадени од мислењето на некој други.

Зошто овие навидум банални и индивидуални разлики изгледаат толку големи во очите
на некој други?!

Со секој наш покрет што го правиме, со секоја наша постапка, заедно доаѓа еден глас што
ни е врежан во главата, и ни кажува што е правилно, а што не е.

Што всушност е тој глас, од каде потекнува, кога сме го снимиле и научиле?

Во понатамошната содржина, ќе ги разработиме што се тие и како се викаат.

4
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

1 Како се определуваат предрасудите?

Предрасудите се претходно стекнати, обично непожелни судови или чувства


насочени кон одредена група или одредена личност, поради различни причини или
аспекти како што се: полот, верувањата, религијата, социјалната класа, возраста,
дисабилитет, сексуална ориентација, националноста, расата, стигма, јазик или некои
други лични карактеристики. Исто така предрасудите можат да се однесуваат на некои
неосновани верувања кои можат да се одразат со нерационално однесување на некои
поединци или групи, кое обично е отпорно на влијанието на разумот.

Гордон Алпорт (Gordon Allport) ја дефинира предрасудата како “чувство“ кон личност или
група којашто не е базирана на искуството.

1.1 Историја на предрасудите

Првото психолошко истражување спроведено за предрасудите било околу 1920-та


година. Тоа истражување се однесувало на т.н. владеењето на “белата раса“. Овие
истражувања доведоа да многу психолози да сметаат дека предрасудите се природно-
нормални однесувања кон инфериорните раси.

Додека во 30-те и 40-те години перспективата на овој заклучок почнал да се


менува, со што се зголемила грижата за анти-семитизмот (дискриминација кон Евеите). Во
тоа време теоретичарите ја гледале предрасудата како патолошка и поврзана со поимот
расизам.

Теодор Адорно (Theodor Adorno) верувал дека предрасудата произлегува од авторитетна


личност (крутост и строгост, став кон авторитетот). Тој верувал дека луѓето со авторитетна
личност биле поподложни да ги осудуваат и расудуваат луѓето или групата од пониската

5
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

класа. Тој ги опишал “авторитетните личности како ригидни кои го почитуваат авторитетот
(црно или бело) и имаат строги социјални правила и хиерархии”.1

Во 1954 та година, Гордон Алпорт (Gordon Allport) ги поврзал предрасудите со


категотијалното размислување. Алпорт тврдел дека предрасудите се природен и
нормален процес на човекот. Спред него:

“ човечкиот ум мора да размислува со помош на категориите... веќе оформените


категории се темелите за нормалното расудување или предрасудите. Едноставно не
можеме да го избегнеме овај процес. Уредниот живот зависи од него.“2

Во 1970-те, истражувањата почнале да покажуваат дека предрасудите почнале


повеќе да се базираат на “ фаворитизам кон некој од сопствената група“ одколку на
негативни чувства кон другата група.

1.2 Современи теории и емпириски наоди

Социјанлиот психолог Хенри Таџвел и неговите колеги откриле дека фаворитизмот


(внатре во рамките на одредена група) може да се појави дури и во групи кои предходно
немале опшествено значење.

Во експериментите, било откриено дека кога доброволците- учесници биле сместени во


групи (изградени врз основа на пример, фрлање на паричка), овие учесници покажувале
внатрегрупов фаворитизам, при што во меѓучовечките односи, предност им давале на
членовите на сопствената група односно ингрупата.

1
Plous S. “The Psychology of Prejudice”-Understanding Prejudice
2
Allport G. (1954) The Nature of Prejudice

6
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Ефектот на еднородност на аутгрупата, е прецепција според која членовите на една


аутгрупа се послични за разлика од членовите на ингрупата. Социјалните психолози
Кватрон и Џон, спровеле истражување кое го докажува ова тврдење, во кое зеле учество
ученици од соперните училишта Принстон и Ратгерс.3 На учениците од секое училиште им
биле прикажани видеа со други ученици од секое училиште како избираат вид на музика
за слушање. Потоа на учениците им била дадена задача да погледнат колку проценти од
соучениците на снимените ученици би ја избрале истата музика. Учениците предвидувале
многу поголема сличност меѓу членовите на аутгрупата (соперничкото училиште).

Моделот на оправдување-потиснување на предрасудата бил создаден од Кристијан


Крендал и Ејми Ешлман.4 Овој модел објаснува дека луѓето се соочуваат со конфликт меѓу
желбата да ја изразат предрасудата и желбата да одржат позитивен јас-концепт. Овој
кофликт ги предизвикува луѓето да бараат оправдување за тоа што не ја сакаат аутгрупата
и да избегнат негативни чувства за себе си кога ја изразуваат предрасудата.

Теоријата на реалистичкиот кофликт кожува дека натпреварот за ограничени ресурси


доведува до зголемени негативни предрасуди и дискриминација. Во експериментот на
Роберт Кејв биле создадени предрасуди и непријателство помеѓу двата летни кампови по
одржувањето на спортските натпревари кои се играле за мали награди. Непријателството
било намалено откако двата натпреварувачки кампови биле присилени да соработуваат
за да постигнат одредена цел.

Друга современа теорија е интегрирана закана или integrated threat theory (ITT) развиена
од Валтер Стивен.5 Таа проникнува од неколку други психолошки објаснувања и односот
ингрупа/аутгрупа. Ја користи теоријата на опшествен идентитет како основа за својата
валидност т.е. единките дејствуваат во контекст основан во група.

ITT образложува четири закани:

 Реалистички закани
3
Quattrone, George A;Jones, Edward E. (1980) “The Preception of Variability within in-groups and out-
groups:Implikations for the law of small numbers”
4
“A justification-suppression model of the expression and experience of prejudice” Amy 2003
5
“Woman’s attitues toward men:an Integrated Threat Toach” 2000

7
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

 Симболички закани
 Меѓугрупова анксиозност
 Негативни стереотипи

Реалистичките закани како компетиција за природен ресурс или закана за приходот.

Симболичките закани настануваат од прецепирани разлики во културните вредности


меѓу групите.

Меѓугрупова анксиозност е чувство на тегоба кое се јавува во присуство на аутгрупата


или член од аутгрупата.

Негативните стереотипи се закани каде единките го антиципираат негативното


однесување од членовите на аутгрупата заедно со перцепираниот стереотип.

Предрасудите можат да бидат централен фактор на појавата на депресија. Ова може


да се случи кај некој кој е жртва на предрасуди, кој е мета на нечии предрасуди или
пати од сопствените предрасуди кон самиот себе.

8
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

1.3 Полови предрасуди

Полови предрасуди односно кажано


сексизам6 се предрасуди или
дискриминација која се однесува за
половите разлики. Ова обично се поврзува
со негативните предрасуди кон жената,
кои произлегуваат од верувањето дека
жените се помалку вредни или помалку способни од мажите. Низ историјата, за
жените се сметало дека се потчинети кон мажите, често игнорирајќи ги во различни
области како: едукација, работна позиција, авторитет, хиерархија итн. Традиционално,
за мажите се сметало дека се поспособни од жените, умствено и физички.

Емпириските исражувања откриле широко распространети културни верувања дека,


мажите се социјано повредни и покомпетентни од жените во голем број на
активности. Примери за полова дискриминација се: домашно насилство, силовање,
осакатување на женски гениталии (отстранување на дел или цел генитален дел на
женскиот полов орган), присилен брак на дете итн.

1.4 Национализам

Национализмот сугерира “заеднички идентитет“ кои луѓето припадници на


нацијата ги минимизира разликите во групата и ги зголемува и потенцира разликите на
оние кои не се нејзини членови. Ова доведува до претпоставка дека, членовите на
нацијата имаат многу повеќе заедничко отколку што всушност имаат бидејќи се “културно
обединети“.

6
Oxford dictionary

9
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Тој може да служи и како обединување на луѓето од нацијата околу поддршка за


одредена политичка цел. Национализмот најчесто вклучува покорност и солидарсност
меѓу луѓето на нацијата и може да резултира не само во чувството на јавна одговорност
туку и исклучување на оние кои се сметаат на аутсајдери. Бидејќи идентитетот на
националистите е преданост кон државата, присуството на аутсајдери може да доведе до
непријателства.

1.5 Разлики во социјалните и економските класи (класицизам)

Во Светскиот англиски речник, класицизмот се дефинира- пристрасен или


дискриминаторен став кон разликите создадени меѓу опшествените и економските класи.
Некои тврдат дека економската нееднаквост е неизбежна во опшеството, па затоа
секогаш постои висока или владејачка класа. Дури и наједнаквите опшества во историјата
имале нееднакво рангирање според опшествениот статус. Кога се појавило опшественото
рангирање, тоа не било антигонистичко или непријателско како сегашниот класен систем.
Во денешно време членовите на повисоката социјална и економска класа ги гледаат
подолните членови како ништожни и слаби, некои па дури и не дозволуваат нивното дете
на учи во “обичните“ училишта, а да се дружи со негови врсници кои “не припагаат“ во
нивните класи.

10
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

1.6 Сексуална ориентација

Сексуалната ориентација
хомосексуалност,хетеросексуалност и бисексуалност“. Во
денешно време, малцинските групи како хомосексуалците
и бисексуалците се на удар од многу предрасуди и
стереотипи од мнозинската група. Тие се предмет на
омраза од другите поради нивните сесуални
претпрочитања. Таквата појава на интензивна омраза
основана на сексуалната ориенатција на дадена личност е
хомофобија. Оваа дискриминација ги отвора прашањата, зошто сексуалната ориентација
е судбоносна и е моќна одлика за многу пазари на трудот, зошто заработувањето е
значително помало и немаат права?!

1.7 Расизам

Разделувањето на луѓето на хиерархии врз основа на нивната раса и бојата на


кожата е уште една дискиминација и нееднаков третман кон група на луѓе поради
нивните генетски разлики.

Расизмот се дефинира како постапки и дела кои го одразуваат верувањето дека


човештвото е поделено на различни биолошки групи наречени раси и членовите на
одредена раса делат одредени особини коишто ја прават групата во целина помалку
пожелна, повеќе пожелна, инфериорна или супериорна. Во минатото расизмот играл
голема улога во политичкото и идеолошкото поддржување на геноцидите како што е

11
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

холокаустот, но и во колонијален контекст како што е “каушуковата треска“ во Јужна


Америка и Конго, и во освојувањето на Америка и колонизацијата на Африка, Азија и
Австралија. Расизмот исто така претставува водечка сила на трансатлантската трговија со
робови како и на земји кои се темелеле на расна сегрегација како што се САД во 19ти и
раниот 20 ти век. Обединетите нации во целост ги осудуваат расистичките политики и
идеологии во декларацијата за човекови права.

1.8 Религиски предрасуди

Познато е дека постојат голем број на религии, некои позастапени, некои не толку
застапени, монотеистички – политеистички, постари – помлади, но сепак секоја религија
ја има истата цел
кон своите
членови. И
покрај тоа што
различните
религии ги учат
своите членови
да бидат толерантни кон тие кои се различни и да имаат сочувство, низ историјата
постоеле инстанци каде религијата се користела за да промовира омраза.

Истражувачите направиле различни истражувања за врските помеѓу религијата и


предрасудите. Едно истражување спроведено со ученици во САД открило дека тие кои
објавиле дека религијата е многу влијателна во нивниот живот покажале повисок степен
на предрасуди за разлика од оние кои не биле религиозни. Други истражувања откриле
дека религијата има позитивен ефект врз луѓето, што се однесува до предрасудите. Оваа
разлика во резултатите може да се препише на разликите во религиозните толкувања
меѓу индивидуите. Оние кои практикуваат “институционализирана религија“ која се

12
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

фокусира повеќе на опшествените и политичките аспекти на религиозните настани, се


посклони на зголемување на предрасудите. Оние пак кои практикуваат “интериоризирана
религија“ каде верниците се посветуваат себе си на нивните верувања, се посклони на
намалување на предрасудите.

1.9 Лингвистички предрасуди (јазик)

Во раните 1980-ти, лингвистот Тов Скутнаб-Кангас ги опишал овие предрасуди врз


основа на јазикот како лингвицизам. Единките или групите можат да се соочат со
неферски однос врз основа на нивната употреба на јазикот. Оваа употреба на јазикот
може да се вклучи мајчиниот јазик на единката и други карактеристики во говорот на
личноста како акцент, големина на речник и синтакса. Може исто така да ја вклучи и
способноста или неспособноста на личноста да користи друг јазик.

13
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

1.10 Предрасудите како опшествена појава

Познато е дека помалите групи се жртви на предрасуди од страната на големите,


доминантни групи. Меѓутоа предрасудите ги има секаде, во секоја доба и сфера. Од една
или друга страна, не’ опфака сите нас, и секој од нас може да биде мета и жртва на
предрасудите. Како една од наголемите групи спаѓа национализмот.

Како што им е на сите познато, американците не се први на листата како омилен народ.
Американците биле, и се мета на предрасуди во скоро сите делови на светот. Како на
пример, во периодот на 1960-тите и 1970-тите, комунистите од северен Виетнам, ги
нарекувале американците “бесни капиталистички кучиња на империјата“ . Многу делови
во светот ги нарекуваат како “економски и воено злоставувачи“, “ големи ѓаволи“.

Преку истажувањата, стереотипот на америкаците произлегол од граѓаните на Велика


Британија, кои се склони да ги опишуваат како наметливи, дрски и агресивни. Додека пак
американците ги опишуваат граѓаните на Велика Британија како ладни, воздржани и
неемоционални луѓе.

Националноста е само една од бројните причини од кои може да произлезе етикетирање


и дискриминирање. Расен и етнички идентитет е исто така еден од предрасудните
ставови. Како што е познато, сите американци кои се со мешано потекло се на мета на
предрасуди ( Индијанци, Афро-американци, Јапонски американци, Азиски итн.).

Други аспекти кои можат да бидат погодени од предрасуди се: полот, сексуалната
ориентација, религијата итн. Исто така мета на предрасуди може да биде вашата телесна
положба и изглед како на пример, прекоумерена телесна тежина, неспособност,
дисабилитет, сида (AIDS) итн. Тоа може да биде причина за неправеден третман од страна
на други. Или еве ќе земеме пример еден стар стереотип (глупави плавуши). Дури и
вашето занимање може да биде причина за вие да бидете расудувани. Важно е дека
никој не може да биде поштеден од предрасуди. Тој е проблем кој го погодува, и целиот

14
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

човечки род треба да се соочи со него. Покрај тоа што ги има секаде распротранети,
предрасудите се исто така и опасни. Негативниот однос спрема некоја група може да
биде: немилостлив и може да прерасни во голема омраза, тортура, убиства па дури и
геноцид.

1.11 Предрасудите и самопочитта

Личностите кои се мета на немилостливи предрасуди, често може да се случи да


имаат ниска самопочит. Самопочитта е главен аспект во животот на една личност. Сликата
која ја има сам за себе е клучна за тоа како се однесува и што ќе постигни во животот.
Личноста со ниска самопочит и самодоверба смета дека не заслужува добро образование,
пристојно работно место, возбудлив романтичен партнер итн.

Голема е веројатноста да лицето со ниска самопочит биде несреќно, неуспешно, за


разлика од лицето кое има висока самопочит.

Во истражувањата кои се спроведени во 1940-тите, социјаните психолози Kenneth Clark,


Mamie Clark покажале дека афро-американските биле уверени дека не е пожелно да се
биде црнец. Понатамошното истажување, децата требало да одберат дали би играле со
црна или со бела топка, и притоа поголемиот број одбрале да играат со бела топка
бидејќи била поубава и супериорна.

Пред Врховниот Суд во САД 1954 година, Thurgood Marshall цитирал “експериментот е
доказ дека сегрегацијата ја нарушува самопочитта и самодовербата кај афро-
американските деца.“ Ниската самопочит ја погодила не само афро-американската група
туку и други групи на луѓе. Philip Goldberg во 1968 година покажал дека и жените имаат
ниска самодоверба и ниска самопочит.

15
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

1.12 Што ги предизвикува предрасудите?

Зошто луѓето имаат предрасуди? Дали е тоа природно или неприродно?

Според еволуциски псхолози, животните имаат изразена тенденција кон генетско слични
животни и искажуваат страв и презир кон генетско различни организми, иако не им
нанеле никаква штета.

Предрасудите можат да бидат составен, суштински дел на нашиот биолошки механизам


на преживување, предизвикувајќи фаворизирање на сопственото семејство, племиња или
раси, изразувајќи непријателство спрема странците. Наспроти тоа можно е да луѓето се
разликуваат од животните. Можеби нашата природна склоност е да сме пријателски
отворени и да соработуваме. Ако е така, до предрасудите не се доаѓа природно. Најпрво,
до нас ќе биде културата(родителите, заедницата, медиумите) намерно или ненамерно
не’ подучуваат да луѓето кои се различни од нас им припишуваме негативни обележја и
особини. Во секој случај, поголем број на социјани психолози ќе се сложат да содржината
на предрасудите мора да се научи. Колку е лесно да се научат предрасудите?

Можно е да малите деца ги превземаат предрасудите од своите родители, но


предрасудите не мора да ги задржат кога ќе го напуштат домот. Мег
Рохан и Марк Зана внимателно ја проучувале народната мудрост “јаболката никогаш не
паѓаат подалеу од стеблото“, истражувајќи сличност во ставовите и вредностите измеѓу
родителите и нивните израснати деца. Сличноста била значајно поголема измеѓу децата и
родителите. Кога децата на предрасудните родители го напуштат домот (одат на
студирање) поголема е веројатноста да се сретнат со спротивни гледишта.

16
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

2 Како се определуваат за стереотипите?

Менталната слика на еден индивидуалец или група на луѓе кои делат одредени
карактеристики, квалитети се нарекува стереотип. Стереотипите се всушност кога
погрешните сфаќања кои опстојуваат наспроти податоците и фактите. Стереотипите се
штетна појава бидејќи со нив се оправдува непријателството.

Во социјаната психологија, стереотип е било која помисла која е широко присвоена од


специфичен тип на индивидуи од одреден начин на однесување кој го претставува една
цела група. Тие мислења некогаш не се реални односно вистинити.

Терминот stereotype доаѓа од грчките зборови stereos (цврст) и typos (впечаток) односно
солиден или цврст впечаток. 7

Прв пат зборот стереотип произлегол во 1850та како именка што значи “слика која не се
менува, овековечена“. Сепак овај збор бил прв пат употребен дури во 1922-ра како
модерен психолошки термин од амерички новинар Walter Lippmann во неговото дело
Public Opinion.8

2.1 Функција на стереотипите

Раните истражувања објаснуваат дека стереотипите биле користени од крути,


потиснати луѓе полни со авторитет. Ова значело дека луѓето кои потекнуваат од иста
социјална класа ги делат истите стереотипи. Модерните истражувања покажуваат дека за
целосното разбирање на стереотипите потребни се разгледувања од две различни
перспективи или гледни точки.
7
A Greek-English Lexicon, on Perseus Digital Library
8
Hate prejudice and rasism Milton (1993) State University of New York Press pp.135-137

17
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

 Когнитивни функции на стереотипите


Стереотипите ни помагаат да ја сфатиме смислата на светот, логиката на светот.
Стереотипите се категории на предмети и луѓе.
Гордон Алпорт придонесол можни одговори зошто на луѓето им е полесно да
сфатат категоризирани информации. Како најпрво, луѓето можат да се
консултираат со одредена категорија за да ги идентификуваат моделите на
одговор. Како второ, категоризираните информации се поспецифични од
некатегоризираните информации, бидејќи категоризацијата ги акцентира
особините што ги делат сите членови на групата. Трето, луѓето лесно можат да
опишат објект во категорија, бидејќи објектите во иста категорија имаат исти
карактеристики. И за крај луѓето можат да ги земат “здраво за готово“
карактеристиките на одредена категорија бидејќи самата категорија може да биде
произвола групација.
Стереотипите финкционираат како чувари на време и енергија кои им
овозможуваат на луѓето да дејствуваат поефикасно. Уште една перспектива
сугерира дека стереотипите се перцепирање на луѓето за нивниот социјален
контекст.

 Социјални функции на стереотипите

Стереотипите имаат социјална функција :

1. кога стереотипите се користат за објаснување на социјални настани


2. кога стереотипите се користат со цел да се оправдаат активностите на
нивната група (ингрупа) до другата група (аутгрупа)
3. кога се користат стереотипи за разликување на ингрупата како позитивно
различни од аутгрупата

2.2 Стигма (негативен стереотип)

18
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

“Единствената и најважна пречка која е потребно да се надмине во едно


опшество е стигмата и дискриминацијата која се врши кон луѓето кои
страдаат од ментално и бихевиорално нарушување.“

-The World Health Organisation9

Стигмата е белег од срам кој ја дели личноста од другите луѓе. Кога некоја личност
е етикетирана според нејзината болест, таа повеќе не е гледана како индивидуа
туку како дел од стереотипна група. Негативни однесувања и верувања кон оваа
група придонесуваат предрасуди кои доведуваат до дискриминација.

Stigma = stereotyping → prejudice → discrimination

Стигмата ги носи овие чувства и искуства:

-срам -стереотипни етикети

-вина -дискриминација на работа, дома, опшество

-безнадежност -подруг третман во опшеството

-осаменост, изолација -депресија

Стигмата е неприфаќање на некоја личност базирана од социјалните карактеристики од


другите членови на опшеството.

9
Светската Здравствена Организација

19
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Стигма потекнува од грчки збор што значи маркирање или тетоважа, кое било нанесено
преку горење или сечење на кожата на криминалци, робови или предавници со цел
визуелно да се идентификуваат и
да се усрамат како морално
загрозени личности. Овие
индивидуи биле избегнувани на
јавни места. 10

Стигмата исто така може


да се опише како етикета
која ја одбележува
личноста со сет несакани
карактеристики кои
формираат стереотип.

Кога на една личност луѓето ќе ги идентификоваат и етикетираат нејзините разлики,


другите ќе предпостават дека работите така треба да бидат и личноста ќе продолжи да
биде стигматизирана. Стигмата може да има влијание врз однесувањето на нејзините
жртви. Не само што го менува нивното однесување туку ги обликува и емоциите и
верувањата. Членовите на стигматизираните социјални групи обично се соочуваат со
предрасуди кои водат кон депресија. Овие стигми го доведуваат личниот социјален
идентитет во заканувачки ситуации како ниска самодоверба. Членовите од
стигматизираните групи свесни се дека не се третирани на ист начин како другите туку се
дискриминирани.

Истражувањата покажале дека до десет годишна возраст, повеќето деца се свесни за


куртуролошките разлики, различните групи и стереотипи, а децата кои се членови на
таквите стереотипи се свесни на уште помлади години.

“Imagine a society of saints, a perfect cloister of exemplary individuals. Crimes, properly


so called, will there be unknown, but faults which appear venial to the layman will create
10
Stigma:Notes on the Manangement of Spoiled Identity-Goffman, Erving (2009)

20
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

there the same scandal that the ordinary offense does in ordinary consciousness. If, then,
this society has the power to judge and punish, it will define these acts as criminal and
will treat them as such. For the same reason, the perfect and upright man judges his
smaller failings with a severity that the majority reserve for acts more truly in the nature
of an offense. Formerly, acts of violence against persons were more frequent than they
are today, because respect for individual dignity was less strong. As this has increased,
these crimes have become more rare; and also, many acts violating this sentiment have
been introduced into the penal law which were not included there in primitive times” 11

“Замислете општество на светци, совршен манастир на примерни поединци.


Злосторствата, правилно така наречени, ќе бидат непознати, но грешките кои се
појавуваат ќе создадат ист скандал што обичниот прекршител го прави во обичната
свест. Ако, тогаш, ова општество има моќ да суди и казни, ќе ги дефинира овие
дела како криминални и ќе ги третира како такви. Од истата причина, совршениот
и исправен човек ги оценува неговите помали грешки со сериозност што
поголемиот дел од резервите за постапување попрецизно дејствува во карактер на
прекршок. Порано, актите на насилство против лица биле почести отколку што се
денес, бидејќи почитувањето на индивидуалното достоинство било помалку
засилено. Како што се зголеми, овие кривични дела станале поретки; и, исто така,
многу дела што го прекршиле ова чувство биле воведени во кривичниот закон, кој
не биле вклучени таму во примитивни времиња “

-Emile Durkheim-прв кој ја открил стигмата како социјален феномен 1895година

2.3 Како да се справиме со стигмата?

Истражувањата покажале дека стигмата може да се намали со протест, едукација и


контакт. Преку протест луѓето не би се однесувале на некој несоодветен начин.
Едукацијата ги заменува неточните стереотипи, со точни информации и факти. Контакт,
лице во лице, интеракција помеѓу стигматизирани личности со јавноста.

11
Emilie Durkheim (1982) Rules of Sociological Method (1895) The Free Press

21
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

3. Разлики помеѓу предрасуди, стереотипи и дискриминација

Стереотипите, предрасудите и дискирминацијата се сфатени како роднински


поврзани, но сепак се различни концепти. Стереотипите се оценети како најкогнитивни
компоненти и се случуваат несвесно, додека предрасудите се со афективна компонента.
Стереотипите одразуваат очекувања и верувања за карактеристиките на одредена група,
предрасудите претставуваат емоционална реакција а додека дискриминацијата се
однесува на постапките кои се вршат кон таа група.

3.1 Предрасуди – емоционален став

Изразот на предрасудата се однесува на општата структура на ставот и неговиот


емоционален состав. Постојат позитивни и негативни предрасуди. Иако предрасудите
можат да бидат позитивни и негативни, социјаните психолози ги изразиле како негативни
ставови кон други. Предрасудата може да се дефинира како негативен или непријателски
став кон одредена група.

3.2 Стереотипи – спознаен дел

Новинарот Walter Lippmann 1922 кој го воведе изразот стереотип, ја опишал разликата
помеѓу надворешниот свет и стереотипот (мала слика во нашата глава која ја носиме
наоколу). Стереотип е генерализација на одредена група на луѓе, кои на сите членови на
оваа група им се припишуваат одредени особини. Еднаш формирани, стереотипите се
отпорни на промени на нови информации. Важно е да се напомени дека

22
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

стереотипизирањето не е секогаш емоционално. Стереотипизирањето често е начин кој го


правиме погледот кон светот поедноставен. На пример, Гордон Алпорт 1954 та ги опишал
стереотипите како “закон на минимален напор“. Спрема Алпорт, светот за нас е
едноставно премногу сложен за да во се’ имаме сложени образложени ставови. На место
тоа, го штедиме когнитивното време и енергија развивајќи точни ставови за некои
прашања, додека за други прашања се потпираме на едноставни непрецизни верувања.

3.3 Дискриминација (однесување)

Стереотипното верување често резултира со неправедни постапки, а тоа се нарекува –


дискриминација. А според дефиниција е неправедно, негативно или штетно однесување
кон членовите на групата заради нивната припадност кон таа група. На пример, ако учител
по математика во четврто одделение, стереотипно верува дека девојчињата се изгубен
случај за математика, помала е веројатноста да тој им посвети исто време на девојчињата
за учење како што им посветува на машките.

Ако полицаец стереотипно верува дека афро-американците се повеќе насилни од


белците, тоа може да делува во неговиот однос кон одредени афро-американци.

4 Социјално спознавање

Социјалното спознавање е темната страна на луѓето. Подетално да ја разгледаме


таа темна страна на социјално познавање.

23
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Првиот чекор во предрасудите е формирање на група, потоа категоризација на некои луѓе


во една група, врз основа на некоја одредена катактеристика и други луѓе во друга група
врз основа на нивните различни карактеристики. Таквата категоризација – групирање е
поддржана според нивните сличности и е темел на луѓето и нивното споцијано
спознавање.

Пример – физичкиот свет го организираме групирајќи ги животните и билките во


таксономија, а додека опшествениот свет го организираме групирајќи ги луѓето врз
основа на полот, националноста, идентитетот итн. Со секое групирање со кое се
среќаваме, не реагираме како на ново и потполно непознато. Наместо тоа, ние полесно
одлучуваме како да реагираме на тоа одредено групирање врз основа на минатото.
Таквата социјална категоризација е корисна и потребна. Меѓутоа, таквиот едноставен
когнитивен процес има многу долгорочни импликации.

4.1 Пристрасност кон сопствената група

Зошто имаме пристрасност кон сопствената група – дали е позитивното чувство и


посебниот однос кон луѓето кои сметаме дека се од нашата група или негативното чувство
и неправедниот третман кон луѓето од спротивната група?

Британскиот социјален психолог Хенри Тајфел 1982 година открил дека главниот мотив е
самопочитта: поединците сакаат да ја зголемат нивната самопочит и идентификација кон
друштвената група. При што самопочитта ќе се зголеми само ако поединецот во таа група
ќе се гледа како супериорен, во однос на другата група. Значи за членовите на Ku Klux Klan
не е дозволено да веруваат дека припадниците на различните раси се само одделени туку
и да се задоволат самите себе во нивната супериорност на белата раса.

Дури и кога разликите на тие групи се минимални, членовите од сопствената група имаат
желба да ги победат членовите од спротивната ( непријателската ) група, и тоа резултира

24
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

со неправеден третман, бидејќи на таков начин се зголемува самопочитта и


самодовербата. И кога вашата група победува, тоа го зголемува чувството на гордост и
идентификација во таа група.

4.2 Хомогеност кон спротивната група

Освен пристрасност кон сопствената група, постои и други последици на


социјалната категоризација како хомогеност кон спортивната група. Се работи за
верувањето дека “сите тие се исти“. Членовите на сопствената група се склони да
забележат сличности со членовите од спротивната група, за разлика од тоа што навистина
се, и да се похомогени од членовите на сопствената група. Со други зборови, ако нешто
знаете за некој член од спротивнната група, поверојатно е да знаете нешто за сите
членови од таа група.

4.3 Пропусти во логиката

Секој кој се има противено со некој кој има длабоко засадени предрасуди за некоја
група, знае дека е тешко да се промени неговото мислење. Дури и луѓе кои изгледаат
разумни, стануваат релативно имуни на рационални и логички аргументи кога станува
збор за темата на нивните предрасуди. Зошто е тоа така?

Постојат две причини кои ги вклучуваат емоционални и сознајни аспекти кон ставот.

Како прво, емоционалниот аспект ја прави предрасудната особа да постане тежок


соговорник. Како што е добро познато, логичните аргументи не делуваат добро за
спротиставување на емоциите. Второ, ставовите влијаат врз обработката на
информациите за предметот. Тоа претставува тешкотија за особата која настојува да ги
намали предрасудите на пријателот. Никој од нас не е 100% сигурен кога се работи за

25
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

обработката на социјаните информации кои ни се битни. Заради начинот на кој


функционира човечкиот мозок, ние едноставно не бегаме од објективното случување.
Така, поединците со одредено мислење ( или шема) за некои специфични групи,
информациите за таа група ќе ги обработуваат на подруг начин за разлика од
информациите на друга група. Информациите кои се компитабилни со нивните мислења,
ќе привлечат повеќе внимание, ќе бидат често обновувани, и спрема тоа тие информации
ќе бидат побрзи повеќе запаметени за разлика од информациите кои не се компитабилни
со постоечките мислења. Примената на тие ефекти во подрачјето на предрасудите,
можеме да забележиме кога некој член од некоја група се однесува онака како што
очекуваме, тој со своето однесување го потврдува и го зајакнува нашиот стереотип. Тогаш
тој стереотип станува релативно отпорен на промени. Тоа докажува дека точни
стереотипи има секогаш кога ние ги гледаме на таков начин и веруваме во нив.

4.4 Активирање на стереотип

Стереотипите ги одразуваат културните верувања. Во внатрешноста на одредено


друштво, постои лесно препознатлив опис на членовите на таа група. Дури и ако не
веруваме во стереотипите, можеме лесно да ги препознаеме како вообичаени верувања
на другите.

Како на пример, на сите ни е познато стереотипот на жените како не-возачи и како


преосетливи.

4.5 Зошто постојат непожелни стереотипи?

Би сакале ли познавањето на некој стереотип да влијае врз вашата когнитивна


обработка на информации врз одредена особа, иако не верувате во тој стереотип и
сметате дека немате предрасуди спрема таа група?

26
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Пример да го земеме во предвид ова сценарио:

Член сте на одредена група и проценувате изведби на други особи. Некој од вашата група
искажува неубав стереотипен коментар кон некоја особа. Дали тој коментар ќе влијае врз
вашата проценка за таа изведба?

Веројатно ќе си речите “не јас тој коментар ќе го занемарам“.


Но, прашањето е дали навистина ќе можете да го занемарите тој стереотипен коментар,
дали тој негативен стереотипен коментар ќе ги поттикне сите други негативни стереотипи
и верувања на таа група и ќе влијае врз проценката врз тој конкретен поединец?

Eeron Henderson – King, Richard Visbett 1996 година покажале дека за активирање на
негативниот стереотип кон црнците и намалување на желбата за интеракција со нив,
доволно е само едно негативно однесување од некој друг црнец. Тука се сугерира дека
повеќето од нас имаме стереотипи, и дека тие се всушност тикови под нашата површина.

Не е потребно многу за стереотипот да се активира, но кога веќе се активира, може да


има долгорочни последици на тоа како се третира поединец на спротивната група.

4.6 Автоматска и контролирана обработка на стереотипи

Devine 1989 година разликува автоматска и контролирана обработка на


информацијата. Автоматскиот процес е тој процес над кој немаме контрола.

На пример, иако имате низок степен на предрасуди, сепак сигурно ви се познати


одредени стереотипи како што се: “афро-американците се насилни“, “хомосексуалците се
женствени“, “Евреите се матријалисти“ итн. Тие се стереотипи кои во одредени услови се
појавуваат автоматски- едноставно се јавуваат во свеста. Тој автоматски процес не може
ниту да се спречи, ниту да се контролира.

Меѓутоа, луѓето кои немаат изразени предрасуди можат со контролираниот процес да ги


потчини или совлада тие стереотипи. Пример, таа особа може самата себе да си каже “ Еј,

27
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

тој стереотип е неправеден, навредлив, неточен“ – “не се сите афро-американци насилни,


има и белци кои се понасилни“.

Некои луѓе, изгледа имаат негативно верување за афро-американците додека други


немаат. Освен тоа утврдено е дека степенот на изразеност на автоматските предрасуди
овозможува предвидување на луѓето во нивното однесување.

4.7 Илузорна коорелација

Друг начин на обработка на информации и поддржување на стереотипно мислење


е илузорна коорелација.

Кога очекуваме две работи да се поврзани, ние веруваме дека тие се поврзани, иако во
стварност баш не се.

Во американската култура постои многу илузорна коорелација.

На пример, постои вообичаено верување дека некој пар кој не може да има деца, би
посвоиле, веројатно затоа што со посвојување би се чувствувале помалку анксиозни и би
чувствувале помал стрес.

Таа коорелација е потполно илузорна. Понекогаш, некој на изглед неплоден пар ќе зачне
дете после посвојување, но тоа не се случува толку често како кога на изглед неплоден
пар не посвои дете. Меѓутоа, првиот наведен случај бидејќи е убав, живописен, кога ќе се
случи, остава силен впечаток и созадава илузорна коорелација. (Gilovich1991)

Каква врска има ова со стереотипи и предрасуди?

Илузорната коорелација најверојатно се јавува кога случувањата или луѓето се истакнати


или значајни, значи кога отстапуваат од просекот, типични друштвени сцени на кои сме
навикнати.

28
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Да напоменеме дека илузорната коорелација исто така се прави и на далеку пасивен


начин. Со луѓето кои се од впечатлива група, не е морално да имате лично искуство.
Телевизија, весници и други медиуми прават илузорна коорелација, кога жени,
малцинства и членови на друга група ги прикажуваат во стереотипни улоги.

4.8 Ревизија на стереотипни верувања

Треба да нагласиме две работи:

1. Во одреден степен сите ние ги стереотипизираме другите- тоа е составен дел од


тоа што сме сознајни колапс
2. Емоционалните ставови е потешко да се променат за разлика од неемоционалните
ставови
Личност со силни предрасуди, стреотипизира длабоко, темелно и потполно за
разлика од останатите. Со тој процес, предрасудните ставови стануваат како
потврда, драстично намалувајќи ја делотворноста на логичните аргументи или
непристојни информации.

5 Начин на кој ги распоредуваме ресурсите – Теорија на реален


кофликт

29
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Еден од највоочливите конфликти и предрасуди е конкуренцијата за ретки ресурси,


за политичка моќ и опшествениот статус. Може да се каже дека сите едноставни
проблеми можат да се поделат на сопствена и надворешна група.

Според теоријата на реален конфликт, ограничените ресурси водат кон конфликт помеѓу
групи и тоа резултира со предрасуди и дискриминации. Значи предрасудите се појавуваат
во тешки времиња и кога постои кофликт околу неделивите цели. Пример, поради
ограничениот број на работни места, произлегле предрасуди помеѓу англо-саксонските
работници и мексиканците, заради спорна територија; арапите, израелците поради
ропството во САД.

5.1 Економска и политичка конкуренција:

Во истражувањето на предрасудите, во еден мал индустриски град, John Dollard е еден кој
го потврди односот помеѓу дискриминацијата и економската конкуренција. Додека во
почетокот на тој амерички град, предрасудите иако не биле видливи кога се доселиле
германците, тие избувнале кога имала помала побарувачка за работни места. Локалните
белци, изразувале голема агресија спрема новодојдените работници, ги навредувале, ги
омаловажувале, при што чувствувале задоволителна супериорност. Биле уплашени
Германците да не им ги земат работните места бидејќи биле ограничени.

Ова докажува дека кога времињата се тешки и ресурсите ограничени, членовите од


владејачката група се чувствуваат ранливи заради спротивната група и тие ќе бидат
склони на предрасуди, дискирминација и насилство.

5.2 Улога на жртвено јагне

30
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Посебен облик на теорија на реален конфликт е теоријата на жртвено јагне. Како


што беше кажано претходно, ако се времињата тешки и ресурсите ограничени,
поединците се склони да има наштетат на припадниците на спротивната група. Меѓутоа
постојат ситуации кога не постојат вистински соперници.

На пример: Во Германија, после Првата Светска Војна, инфлацијата излегла надвор од


контрола, а луѓето биле деморализирани, фрустрирани и многу сиромашни. Во 1930 та
година, кога ослабеле економски, нивната фрустрација успеале да ја насочат кон Евреите,
лесно препознатливи како невладејачка (надворешна) група. Што се тие виновни, што
Германија била економски слаба, а сакала да мери сили со светот?!

Нејзината влада избегнувала одговори и одговорноста ја насочувале кон некој друг. Така
Германците направиле илузија дека за се’ ова се криви Евреите и дека ако им ги скратат
граѓанските права или ги елиминираат, сите проблеми ќе исчезнат.

На овој начин Евреите служеле како жртвено јагне бидејќи немале сила да се бранат и да
го возвратат ударот од нацистите.

6 Начин на кој се конформираме (Нормативни правила)

Предрасудите се формираат и одржуваат во склоп на деловниот и опшествениот


свет. Некои од нив делуваат внатре во самиот поединец, како што се, начинот на
обработување на информацијата и придавање на значење на набљудуваните случки.

31
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Некои од нив делуваат на различни групи на луѓе, и како последица на тоа се:
конкуренција, конфликт и фрустрација.

6.1 Кога се предрасудите институционализирани?

Нормите се верување во тоа што е прифатливо, прикладно и допуштено. Нормите


исто така значајно варираат од културата. Регионалните разлики во културата се

појавуваат внатрешно во исти земји. До неодамна постоело расна сегрегација (расна


дискриминација) во хотелите, рестораните, во кино, јавни места-фонтани, јавните
тоалети, работата. Може да се каже дека сегрегацијата пред 1954 та година владеела во
повеќе подрачја на опшествениот живот во јужниот дел на САД.

Нормите не треба да се подучувани. Ако целата култура се придржува на нормите,


најверојатно е дека и децата ќе ги усвојат и ќе се придржуваат на нив, се додека не се
сретнат со други норми. Со други зборови ако се живее во друштво во кое преовладуваат
стереотипи, повеќето од нас во одредени делови ќе ги зголемат предрасудите и
дискриминациите. Тоа се нарекува институционализирани предрасуди или
институцинализирана дискриминација.

Пример, ако пораснете во друштво каде што има помал број на жени и многу мал дел се
професори, физичари или менаџери, тогаш друштвото ќе се развие со негативни ставови
во одредени способности на жените и тие ќе припаѓаат во помалата група.

6.2 Нормативен конформизам

Да бидеш неконформист (неприспособлив) може да биде болно. Tomas Pettigrew


забележал дека многу луѓе ги прифаќаат предрасудите и учествуваат во
дискирминацијата само за да се приспособат и да учествуваат во културата.

32
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Припадниците се склони да ги удоволат очекувањата на групата за да се приспособат и да


бидат прифатени.

6.3 Модерни предрасуди

Иако нормативните промени се се’ намалени, дискриминацијата и предрасудите се’ уште


не се искоренети. Многу луѓе внимаваат како се однесуваат кон другите и покажуваат
непредрасуден став иако длабоко во себе имаат и одржуваат стереотипно гледиште. Овие
предрасуди се нарекуваат модерни предрасуди и е појава кога луѓето се научиле да ги
кријат своите предрадуси.

7 Како до намалување на предрасудите?

Предрасудите се доста присутни, без разлика дали се прикриени или брутално


отворени.

33
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Дали тоа значи дека предрасудите се неизбежен дел од меѓусебната интеракција и дали
секогаш тие ќе бидат присутни?

Луѓето се менуваат. Но, како? Што можеме да направиме за да го елиминираме или да го


намалиме овај штетен облик на опшествено однесување?

Поради тоа што стереотипите и предрасудите се основаат врз погрешни


информации, аналитичарите долго време верувале дека за тоа потребно е луѓето да се
образоваат, да им се дадат точните информации и нивните предрасуди ќе исчезнат.

Меѓутоа тоа се покажало како лажна надеж. Тоа е поради тоа што предрасудите
потекнуваат ид емоционална природа, а исто така постојат и некои когнитивни замки на
кои паѓаме. Стереотипите основани на погрешни информации, тешко е да се променат
само со давање на точни информации.

Но, со обновување на контактите со спротивната (стереотипната) група, може да дојде до


позитивни стереотипи и предрасуди. Сепак, самиот контакт не е доволен, потребни се
посебни видови на контакти.

7.1 Хипотеза на контакт

Во 1954 година кога Врховниот суд во САД ја укинала сегрегацијата во училиштата, многу
социјални психолози верувале дека десегрегацијата во училиштата ќе ги намалат
стереотипите, предрасудите и ќе ја зголемат самопочитта кај афро-американцките деца.

34
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Постоела добра причина за тој оптимизам, не само затоа што теоретски има смисла, туку
и емпириските докази ја подржувале моќта на контактот меѓу расите (десегрегација и во
станбениот дел).

Меѓутоа, укинувањето на сегрегацијата во училиштата не било така лесно како што


повеќето социолози очекувале. Наместо тоа, резултирало со прекршоци и немири.

Што се случило? Зошто десегрегацијата во станбениот дел покажала поголеми резултати


од десегрегацијата во училиштата? Одма станува очигледно дека неможат сите видови на
контакти да ги намалат предрасудите и да ја зголемат самопочитта.

Гордон Алпорт во своето познато дело „The nature od prejudice“ 195412 ја формулирал
хипотезата на контакт како:

“Предрасудите можат да се намалат кога има рамноправен контакт помеѓу


мнозинската и малцинската група и остварување на заеднички цели. Чинот е значајно
полесен ако тој контакт е подржан институционално (закони, обичај, локална
атмосфера) и ако е организиран за да се внимава на заедичките интереси и хуманоста
помеѓу членовите на двете групи“

Со други зборови, Алпорт не говори за обичниот контакт. Контактот мора да биде помеѓу
луѓето кои се од ист стасус и имаат исти социјални цели.

7.2 Кога контактот придонесува за намалување на предрасудите: Шест


правила

12
Класична книга напишана истата година кога е донесен законот Врховен суд) за укинување на
сегрегацијата, останува како анализа за предрасудите во социјалната психологија.

35
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Како прво,истражувачите утврдиле дека кога еднаш се развијат непријателство и


недоверба помеѓу децата, хармонија не може пак да се воспостави кога имало конфликти
и натпревари. Всушност сите кои се обиделе да обединат две групи во неутрални
околности, на крај завршувало со поголемо непријателство и недоверба. Шериф (Sherif)
успеал да го намали нивното непријателство со помош на меѓусебна зависност.

Второ,заедничка цел- камион се заглавил дури децата биле на излет. За да излезат од таа
ситуација морало сите деца од двете групи да го туркаат камионот и да соработуваат
заедно. Таквата ситуација довела до намалување на непријателското чувство и
негативното стереотипизирање помеѓу децата.

Трето е заедничкиот статус. Членовите на групата да бидат изедначени во статус и моќ.


Ако статусот помеѓу членовите е нееднаков, тогаш нивните интеракции ќе се темелат врз
разликите –шефовите ќе се однесуваат како стереотипни шефови, вработените како
стереотипни подредени- и никој нема да научи нови информации за другата група.

Четврто, контактот мора да се оствари во пријателска, неформална средина каде


членовите ќе бидат во опуштена интеракција.

Петто, клучно е поединецот да верува дека членовите кои ги запознава се типични за


таа група, пример, во истражувањето на полицијата во Вашингтон, каде што се застапени
жени полицајки партнери, мажите изјавиле дека се задоволни од работата на нивните
жени-партнери и да не треба жените да се запоставуваат како полицајци.

Шесто, контактот ќе резултира со намалени предрасуди кога социјаните норми помагаат


и ја подржуваат рамноправноста помеѓу групите.

Кога овие шест правила на контакт: меѓусебна зависност, заедничка цел, рамноправен
статус, неформален меѓусебен контакт, повеќенасочен контакт и социјална
рамноправност-се испочитуваат, остварената недоверба или непријателство може да се
намали и да се намалат стереотипизирањето, предрасудите и дискриминацијата.

36
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

7.3 Соработка и меѓусебна зависност (одделенска-сложувалка)

Поимот одделенска сложувалка е техника на заедничка цел (заеднички труд) која помага
во намалување на предрасудите и ја зголемува самодовербата кај децата. Децата се
распоредуваат во неколку групи со што успехот на одредена група зависи од успехот и
трудот на секое дете во таа група.

Службените податоци објасуваат дека експериментот одделенска сложувалка се користел


за: употреба кај ученици со традиционално потекло каде се етнички и расистички
поделени. Учениците со оваа техника покажале намалено стереотипизирање и
предрасуди и зголемена наклонетост и колегијалност во таа група, вон и надвор од
етничките граници. Освен тоа децата со оваа техника покажале значително зголемување
на самодовербата и самопочитта , нивната интеграција, во школскиот двор било
забележано поголемо мешање на припадниците на расните и етничките групи.

Покрај оваа техника, децата почнуваат да обрнуваат поголемо внимание (едните за


другите) и покажуваат поголема меѓусебна почит.

“Подобро се двајца место еден, затоа што имаат добра награда за нивниот труд. Ако
не успее, едниот ќе го подучи својот колега, но тешко на тој што сам не успева а нема
кој да му поможи. Ако двајца лежат, топло им е, но ако е некој сам може ли да му е
топло?“13

7.4 Зошто техниката одделенска-сложувалка делува?

Постојат неколку причини зошто оваа техника делува.

Првата причина за тоа е дека оваа техника успева да ја поништи делбата на владејачката и
споредната група, и овозможува развиток на спознајните категории“целини“.

13
Ecclesiastes 49:9-12

37
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Друга причина зошто оваа техника делува е тоа што членовите се ставаат во ситуација
како “ценета услуга“. Кога некој поединец му помага на друг поединец или му прави
услуга, самопочитта на тој поединец се зголемува и се чувствува важен и битен.

Исто така постои уште една добра причина зошто оваа техника делува, а тоа е :процес и
развој на емпатија. Со способноста на емпатија, се намалува тенденцијата на настанување
на стереотипи.

8 Стереотипи и предрасуди во американско опшество (САД)

8.1 Најголемиот проблем со САД - Расизам и дискриминација

38
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Кога речиси 90% од белите луѓе кои го полагаат “Implict Association Test”
(Имплицитниот тест на асоцијација)
покажуваат вродена расна пристрасност за
белите луѓе наспроти црните луѓе, тоа значи
нешто...

Расизмот во САД е широко распространет од


ерата на колониите.
Права и привилегии им биле дадени на белите Американци (особено богати белци од
Англо-Саксонските протестанти) во областа на образованието, имиграцијата, гласачкото
право, државјанството, откупот на земјиште и кривичките постапки во периодот на 17 век
до 1960 –тите. Додека не-протестантскиот народ од Европа; особено Ирскиот народ,
Полјаците, Италијанците, претрпеле ксенофобична исклученост и други форми на етничка
дискриминација во американското опшество, биле етикетирани за расно инфериорни и
како Евреите и Арапите, и се соочуваат со континуирана дискиминација во САД, и како
резултат на тоа, некои луѓе кои припаѓаат на овие групи не се идентификувани како бели.
Источните и Јужните Азијци исто така се соочуваат со расизам во Америка.

Големите и расно-етнички дискриминации вклучиле: ропство, сегрегација, американско-


индијански војни, Индијански интернационални училишта, закон за имиграција и
натурализација, интерни логори итн. Формалната расна дискриминација во голема мера
била забранета во средината на 20 век и се сметала за опшествено неприфатлива и
морално одвратна. Расистичката класификација продолжува да се јавува во:
вработувањето, вдомувањето, образованието, владата, полициската бруталност итн.

Иако САД помина далеку од деновите на ропство и биле направени огромни чекори од
страна на владата за давање на еднакви права на белите и црните луѓе, сепак расизмот и
дискриминација се многу важен проблем во САД. Понекогаш тоа е очигледно и отворено,
но често тоа може да биде посуптилно, па дури и вградено во системот, како што се гледа
од расното профилирање од страна на службениците за спроведување на законот и други
владини претставници. Поради политиките на нула-толеранција во училиштата,

39
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

обесправените црни млади брзо ги напуштаат училиштата и завршуваат во системи за


малолетничка и кривична правда, наместо да добие шанса и советување од училишниот
одбор како белите луѓе.

 Расизмот кон Индијанците

Со доаѓањето на Европејците на бреговите на


Северна Америка и нивниот план за покорување
и освојување на земјата, дојде расизмот и
нетолеранцијата кон Индијанците. Европејците
верувале дека првобитните жители на Америка
биле незнабошци и дивјаци кои требало да
бидат цивилизирани преку христијанството и
европската култура. Ова довело до геноцид,
масовно убиство, украдена земја, обиди да се уништат традициите на Индијанците,
како и присилна асимилација преку институции како што се станбени училишта и
поставување на “индијански резервати“. Медиумското претставување на првите
жители на овој континент како крволочни дивјаци, помогнало да се оправдаат
европските злоупотреби кон Индијаците. Долгорочните ефекти на оваа
дискриминација и злоупотреба го вклучуваат фактот што Индијанците имаат
највисока стапка на самоубиства од било која друга група во САД, според
Националниот институт на ментално здравје.

 Расизмот кон Афро-американците

Во 17 век многу Африканци биле донесени во Америка како робови, киднапирани


од нивните татковини пд различни делови на Африка. Африканските мажи, жени и

40
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

деца биле лишени од нивните имиња и идентитети, принудени да бидат


“христијанизирани“, камшикувани, тепани, малтретирани и во многу случаи и
линчувани или обесени по желбата на нивните “бели“ господари, за кои ропството
било клучно за одржување на нивните огромни земјишта. Семејствата биле
одвоени преку процесот купување-продавање робови. За оние Африканци во
Америка кои не биле робови (најголем број на робови биле во јужниот дел на
САД), постоеле дискирминаторски закони како забрана да гласаат, забрана да
поседуваат земјиште итн.
Иако ропството на крајот било забрането и се донесол закон со кој се забранува
дискриминацијата, расизмот против оваа група останува и се манифестира на
суптилен начин.
Како на пример, комисијата за правата на вработување во Вашингтон, откри дека
црнците се соочуваат со дискриминација во едно од пет интервјуа за работа.
Американската социолошка институција забележува дека “работодавачите денес
користат различни фази од процесот на вработување за да ги дискриминираат
малцинствата и да нудат повисоски плати и работни места за белите вработени“.

 Расизмот кон Еврејско-американците

Иако Евреите прв пат пристигнале во Америка пред 300 години и уживале
одредено ниво на верска слобода, антисемитизмот постоел, бил прифатлив и
вообичаен опшествен чин. Во доцниот 18 ти век им било забрането на оние кои не
биле христијани да гласаат или да држат јавни функции. Сепак овие бариери
подоцна биле отстранети. Во 1940 тите години во времето на Холокаустот во
Европа, врз основа на Законот за имиграција од 1924, на бродот со над 900
германско-еврејски бегалци им било забрането да слезат на американската почва.
Само една третина од бегалците кои биле присилно вратени во Европа го

41
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

преживеале геноцидот. Ку Клукс Кан (Ku klux Kan) една од најпознатите насилни
групи на омраза во Америка, покрај Афро-американците, нивиот бес бил насочен и
кон Евреите. Исто така дискриминацијата врз Евреите се практикувала во
работната сила и не им било дозволено да влезат во голем број одморалишта и
социјални клубови. Во голем број на случаеви, Евреите биле ограничени да
купуваат одредени видови на имот.

 Расизмот кон Јапонски-американци

Со бомбардирањето на Перл Харбор во декември 1941 година во Јапонија, се


зголемил интензитетот на расизмот против јапонските американци. Поради тоа,
тие биле цел на малтретирање, дискриминација и надзор. Членовите на
заедницата изгубиле домови, работни места и бизниси. Но, најлош удар бил
извршниот налог февруари 1942 година потпишан од претседателот Френклин Д.
Рузвелт кој овластил интегритет врз Јапонските Американци. Тие се сметале за
непријатели на државата. Повеќе од половина од 120,000 биле испратени во
логори од кои повеќето биле деца. Некои од затворениците загинале во логорите
поради недостаток на медицинска нега. Други биле убиени поради непочитување
на наредбите. Според извештајот кој бил објавен во 1943 година од страна на
Воената агенција, која ги водела камповите, Јапонските американци биле сместени
во “ касарни обложени со едноставна рамка, без водовод и место за готвење“.
Овие пренатрупани сместувања биле мрачни и опкружени со бодликава жица.
Самиот претседател Рузвелт ги нарекол “концентрациони логори“.

Институционален расизам

42
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Институционален расизам е теорија на аспектите и ставовите на воспоставените


институции на опшеството кои ги обесхрабруваат некои расни групи, иако не со отворен
дискриминаторски механизам.

Постојат неколку фактори кои имаат институцинален расизам: образовните и


професионалните недостатоци со кои се соочува не-англискиот соговорник во САД,
стереотипни слики кои се’ уште остануваат во опшеството итн.

Питер Кауфман во една своја статија опишува три случаи во кои институционалниот
расизам придонел за актуелните гледишта за расата:

1. Резиденцијална расна сегрегација (според Кауфман, причината поради


којашто училиштата се се’ уште поделени се должи на тоа што градовите се
во поголем дел сегрегирани)
2. Медиумски чудовишта. Масовните медиуми имаат тенденција да ги
обликуваат нашите стереотипи и предрасуди.
3. Недостаток на образование

Здравствена заштита

Пстојат големи расни разлики во пристапот на здравствената заштита и квалитетот


на обезбедена здравствена заштита. Студијата објавена во американскиот весник за јавно
здравје проценила дека “над 886,000 смртни случаи можеле да бидат спречени од 1991-
2000 ако афро-американците ја добиеле истата грижа како белците“. Клучните разлики
што ги наведоа беа: недостатокот на осигурување, лошата услуга и неподготвеноста да се
побара грижа. Нееднаквоста во здравствената заштита, исто така може да одразуваат
системска пристрасност во начинот на кој се пропишуваат медицинските постапки и
третмани за различни етнички групи.

43
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Систем за правда

Расни нееднаквости се забележани на сите нивоа на правниот систем во САД.


Според извештајот на конгресот во 2009 година од Марк Шауер, додека афро-
американците сочинуваат 13% од населенитео во САД и 14% од месечните корисници на
дрога, тие се 37% од луѓето уапсени за престап на дрога, како и 56% од луѓето во
државните затвори. Комисијата за казнување во март 2010 година објави дека во
федералниот систем црните прекршители добиваат казни кои се 10% подолги од белите
престапници за истите кривични дела. Во извештајот од јули 2009 година од страна на
Проектот за изрекување казни, се констатира дека две третини од луѓето во САД со
доживотна казна не се бели.

Злосторства од омраза

Во Соединетите Американски Држави, повеќето злосторства што се однесуваат на


жртвите врз основа на нивната расна или етничка припадност се сметаат за злосторства
од омраза. Според Бирото за правда статистика, белците, црнците и Хиспанците имале
слични стапки на насилен криминал од омраза виктимизација помеѓу 2007 и 2011 година.
Меѓутоа, од 2011 до 2012 година, насилните кривични дела од омраза против шпанската
страна се зголемиле за 300 отсто. Кога размислуваме за сите злосторства од омраза, а не
само за насилни, афроамериканците се далеку поголеми шанси да бидат жртви отколку
другите расни групи.

9 Стереотипи и предрасуди во Западна Европа

44
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Европа отсекогаш била полна со стереотипи - и често е фасцинантно или забавно да се


види како различните предрасуди се разликуваат од една до друга земја. Французите се
смета дека се снобови, британците добро воспитани, и германците работници. Овие -
претежно лажни - стереотипи навистина не’ учат многу за тоа како се перцепираат. Важно
е да се биде свесен за стереотипите - само за да може да се избегнат предрасудите.

Но, со последователните случувања, се појавиле поинтензивни стереотипи и


предрасуди како што се: исламофобија, тероризам.

Исламофобијата е интензивен страв или омраза или предрасуда против


исламската религија или муслиманите особено кога се гледа како на геополитичка сила
или извор на тероризам . Зборот исламофобија е неологизам формиран од исламот и -
фобија , суфикс што се користи на англиски јазик за да се формираат "именки со чувство"
страв.

Според Оксфордскиот англиски речник , зборот значи "интензивна непријатност или страв
од исламот, посебно како политичка сила, непријателство или предрасуда кон
муслиманите" и е потврдена на англиски јазик уште од 1923 година. Универзитетот
Беркли предложи дефиниција за исламофобија: "Исламофобијата е измислен страв или
предрасуди поттикнати од постојната глобална структура на моќност на евроцентриците и
ориенталистите. Таа е насочена кон перцепирана или вистинска муслиманска закана
преку одржување и проширување на постојните диспаритети во економските,
политичките и социјалните и културни врски, притоа рационализирајќи ја потребата за
распоредување на насилството како алатка за постигнување на "цивилизациска
рехабилитација" на целните заедници (муслимански или на друг начин). Исламофобијата
повторно ја вградува и потврдува глобалната расна структура преку која диспаритетите во
дистрибуцијата на ресурси се одржуваат и продолжуваат“14

9.1 Исламофобија во Франција и Велика Британија

14
Oxford dictionary

45
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Исламофобијата во Франција и Велика Британија се интензивираше во последните


години, особено во пресрет на терористички инциденти, како на пример нападот Чарли
Ебдо во Париз во 2015 година и нападот во Лондон Бриџ . Ова доведе до тоа британскиот
премиер Тереза Мај и францускиот претседател Емануел Макрон да се состанат во
јануари 2018 година за да се договорат за заеднички пристап во борбата против
тероризмот .

Во многу аспекти, Франција и Велика Британија се соочуваат со слични предизвици. Тие се


и во Западна Европа и имаат значително муслиманско население. Се проценува дека има
5,7 милиони муслимани во Франција и нешто повеќе од 2,7 милиони во Велика Британија.
Но, истражувањата покажуваат дека исламофобијата функционира поинаку во секоја
земја. Во двете земји, повеќето антимуслимански дела се одвиваат во двата главни
градови, но распределбата на исламофобични дела варира. Во Париз, анти-
муслиманските дела се случуваат повеќе во парискиот центар и постепено се намалуваат
од центарот што го одите. Ова создава контраст помеѓу центарот и предградијата . Ова е
различно од Лондон , каде што има сличен број исламофобични инциденти и во
внатрешниот и во надворешниот Лондон. Многу антимуслимански дела се одвиваат на
автобуси и возови или во транспортните центри . Поради тоа, феноменот е повеќе
дифузен, бидејќи антимуслиманските дела се случуваат главно во секојдневните
простори.

Причината зошто повеќе дискриминација се случува во јавните институции, во голема


мера се должи на влијанието на францускиот закон од 2004 година што ја забранува
шамијата во државните училишта. Некои државни службеници - дали го познаваат
законот или не - веруваат дека имаат право да го прошират својот опсег на сите
корисници на различни јавни институции, а не само на училиштата. Додека носењето на
никаб, или целото лице со превез, е забрането во јавноста во Франција од 2010 година.
Како резултат на тоа, исламофобијата во Франција е повеќе институционализирана

46
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

10 Стереотипи и предрасуди во германското опшество

10.1 Холокауст

Холокауст (на

хебрејски: ‫השואה‬
Ха-шоа) holos-
целосно, (καῦσις)
kausis, causton-
палење) е термин
кој се користи за
масовното
систематско
убивање на околу
шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на
нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.Овој режим исто така
масовно убивал и други народи и групи на луѓе, какo: Ромите, Словените,
хомосексуалците, хендикепираните, итн.

Во јануари 1933 година, по десетгодишна политичка борба, Адолф Хитлер дошол на власт
во Германија. Додека неговата моќ растеше, тој континуирано ги обвинуваше Евреите за
поразот на Германија во Првата светска војна и за економските тешкотии со коишто таа се
соочи. Во јавноста, тој ја пласираше расната теорија, според која Германците со светол
тен, плава коса и сини очи се супериорна човечка раса, владеачка раса, а спроти нив се
Евреите, кои коваат светски заговор со што се обидуваат да ја оттргнат германската раса
од позициите во светот што им припаѓаат и да владеат со светот.

Во тој период, Евреите биле едвај еден процент од тогашната 55 милионска германска
популација. Германските Евреи во тоа време биле космополити и горди што се Германци
по националност, а Евреи по религија. Тие живееле во Германија со векови. Тогаш, како и
сега, важеа за интелигентни луѓе со успеси во многубројни професии.

47
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Меѓутоа, германската држава, водена од нацистичкиот режим, со Законот од Нирнберг


(1935) најпрвин го забрани бракот меѓу не-Евреи и Евреи и со што Евреите биле
отстранети од училиштата како професори, им беше забрането да обавуваат јавни
професии, да служат во војската, па дури и да седат на иста клупа во парк со не-Евреи.

Во исто време, добро организираните активности на Министерството за пропаганда на


министерот Јозеф Гебелс ги претставуваше Евреите како непријатели на Германија и
германскиот народ. Секој ден, по весниците се објавуваа натписи против Евреите, а
ѕидовите се облепуваа со антисемитски постери.

Во март 1938 година, Хитлер ги прошири границите на Германија, прогласувајќи


припојување (аншлус) на Австрија. И таму Евреите ги изгубија своите основни човекови
права. Како и во Германија, беа приморувани на јавна работа зачинета со потсмев под
будното око на германската нацистичка младина.

10.2 Истребувачкиот процес

Секој детал од истребувачкиот процес бил методски испланиран. Евреите кои пристигале
со возови од Белзец, Собибор и Треблинка (биле лажно информирани за да работат во
фабрики). Им било кажувано дека нивните алишта ќе бидат дезинфицирани и дека треба
најпрвин да се истушираат. Мажите биле одделувани од жените и децата. Сите биле
водени во бараките за соблекување. На жените и девојките им била сечена косата.
Најпрвин мажите, а потоа и жените, биле водени во простории со тушеви, каде откако ќе
влезеле, им ги затворале вратите и ги вклучувале машините на бензин. Смртоносниот
јаглероден моноксид за кратко им ја труел крвта, по што следела нова тура на "капачи".

Во Аушвиц-Биркенау, наместо јаглероден моноксид, за нив бил користен комерцијалниот


пестицид Циклон-Б. Најпрвин умирале децата, а потоа возрасните, бидејќи пестицидот е
вид на високоотровна киселина, која им била пуштана во вид на пареа. По 4-5 минути,
влегувале специјални единици составени од Евреи-заробеници, кои ја "чистеле"

48
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

просторијата за наредната група. Претходно, им биле вадени златните заби, доколку


некој имал такви. Телата биле уништувани на различни начини, вклучувајќи масовни
палења, кремирање на отворен оган, или во специјално дизајнирани печки, како оние од
Аушвиц. Сета облека, пари, злато, накит, очила и други вредности, биле сортирани и
вратени назад во Германија за „повторна употреба“. Косата од жените била праќана во
фирма во Баварија, за производство на перници, перики и фломастери!

Еден невообичаено перфиден аспект на сите овие злосторства им дава фактот што со
имиња на веќе убиените Евреи биле праќани разгледници од фиктивната област Валдси,
до нивните роднини дома, со зборовите: „Ние сме добро и добро ни оди. Работиме и
добро сме третирани. Го чекаме вашето пристигнување овде“, кои биле испечатени на
позадината!

Способните млади Евреи биле тетовирани на левата рака и праќани на принудна работа.
Сите други биле праќани во гасните комори. Само децата близнаци биле исклучени од
ова, за да бидат подложени на страшни ѕверски генетски експерименти.

11 Стереотипи и предрасуди во Македонија и Балканските


простори

49
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

Еден од процесите со кои сегашната деценија несомнено ќе се памети е етничката


припадност, конфликтите или војните кои се случиле, од кои повеќето потекнуваат од
земјите што го доживуваат наречениот-период на транзиција. Меѓу нив, неизбежно, се
конфликтите што се случија во и меѓу земјите кои биле формирани по распаѓањето на
Југословенската федерација. И покрај фактот дека нивните причини биле многу пошироки
и подлабоки, евидентно е дека етничките прашања биле искористени како главен
инструмент за создавање на нови стратегии или практикување на старите.

Македонија е земја каде што малцинствата претставуваат една третина од населението и


каде што граѓаните имаат различни религиозни врски. Во таква средина треба да се
очекува дека одредена количина на социјални и културни настани ќе имаат предрасуди и
Македонија не е исклучок. Негативни чувства беа особено изразени во првите години на
повеќепартиските избори и по воспоставувањето на независност. Ова се случило најмногу
поради тоа што биле користени етничката припадност и религијата како политички цели
од страна на сите страни, и како силна пропаганда и различни форми на надворешен
притисок. За македонската етничка средина во најширока смисла, постојат две значајни
прашања што треба да се истакнат. Првото се однесува на начинот на кој гледаат
различни етнички групи во рамките на државата , додека второто се однесува на развојот
или трендовите на меѓуетничките односи. Една од карактеристиките на Македонија е
прилично комплексната мрежа на меѓуетнички односи, не само поради значителниот број
малцински групи, но и поради тоа што во голема мера се разликува нивната големина.
Покрај политиката и законодавството, една од главните причини за овие ставови може да
се поврзе со специфични меѓусебни односи меѓу населението, што нè доведува до
прашање на предрасудите во најширока смисла. Иако е добро познато дека не постои
мултиетничко општество каде не постојат стереотипи, тие не мора да бидат опасни ако
остануваат само внатре. Сепак, тие исто така претставуваат многу погоден извор за
меѓуетнички тензии, во зависност од начинот на кој тие се спроведени.

Специфичен пример за стереотипите утврдени со етничката припадност беше односот кон


мешани бракови. Хомогените бракови се претпочитани од 38 проценти од Македонците,

50
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

50 отсто од Турците и 79 отсто од Албанците. Изборот на пријатели или соработници


никогаш порано не бил поврзан со нивната етничка припадност, но податоците од
минатата година покажаа дека повеќе од една четвртина од младите би биле пријателски
расположени само за членови на нивната етничка група. Триесет и четири проценти исто
така тврделе дека е тешко да се биде пријателски со луѓето кои не припаѓаат на својот
народ "(пред 10 години овој одговор беше даден од помалку од 4 проценти).

Заклучок

Преку генерализација на стереотипите, конкретните атрибути се наметнуваат на


поединците само поради фактот што се припадници на конкретната група, и се дерогира

51
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

фактот што секој поединец е уникатен сам за себе. Тие се гледаат како членови на
односна социјална група создадена токму преку одредените верувања и ставови на
мнозинството, најчесто негативни, засновани токму на таквите предрасуди и стереотипи.

Судската пракса на Европскиот суд за човекови права покажува дека предрасудите се


истовремено причината и манифестацијата на дискриминаторското постапување кое ако
не се осуди како неприфатливо во даденото општество ќе создаде поволна почва за говор
на омраза кој може да премине во криминал од омраза. Затоа обврска на државата е да
ги препознае, открие каква штета предизвикуваат и да се справува со постојните
стереотипи и предрасуди во самото општество, да ги предизвикува модифицирајќи ги
социјалните и културните трендови на однесување на различните групи, како што се
мажите и жените, мнозинството и малцинствата, различните возрасни групи, лицата со
попреченост и оние без попреченост, лицата со различна вероиповест или религија,
хетеросексуалците итн.

Стереотипите, предрасудите и дискриминацијата можат да бидат претставени како многу


опасни опшествени појави, затоа опшеството треба да превземе се’ што е од нејзина
страна за намалување дури и елиминирање на таквите опасни појави.

Еден од начините за намалувањето на оваа појава е преку протести, каде луѓето не би се


однесувале на некој несоодветен начин.

Другиот начин и еден од најефективните начини е преку пат на едукација. Не постои


нешто поопасно од недоволно едуциран човек, кој неговите норми, сфаќања, верувања и
стереотипи ги учи на автоматски начин. Поради тоа што стереотипите и предрасудите се
основаат врз погрешни информации, потребно е луѓето да се образоваат, да им се дадат
точните информации и нивните предрасуди ќе исчезнат. Едукацијата ги заменува
неточните стереотипи со факти, примери и точни информации.

Исто така како трет начин за намалување на овие појави е контактот. Преку контактот, се
врши интеракција, лице во лице, со стереотипизираните личности. Со овој начин, луѓето
ќе имаат можност да ги запознаат подобро, да им дадат шанса и да сфатат дека не е се’

52
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

како пто изгледа или верува од надворешен аспект-битна е внатгрешноста, дека сепак тие
се личности со чувства, уникатни на свој начин, со свои вредности и созадени од крв и
месо со исти физиолошки потреби како и останатите.

Сето ова не е толку едноставно како што изгледа, сепак треба голема заангажираност од
просветниот систем, хуманитарните невладини организации, општините, месните
заедници... за подигнување на свеста на луѓето.

Користена литература

 Социјална психологија (четврто издание) Elliot Aronson, Timothy D. Wilson, Robin M.


Akert
 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%BA
%D0%B0%D1%83%D1%81%D1%82

53
Стереотипи и предрасуди -бреме кое го носиме-Павлина Андоновска 2 018

 https://theconversation.com/islamophobia-in-paris-and-london-how-it-differs-and-why-
94793
 “The Nature of Prejudice” Allport Gordon
 https://europeisnotdead.com/video/images-of-europe/european-stereotypes/
 Sherman, Jeffrey W.; Lee, Angela Y.; Bessenoff, Gayle R.; Frost, Leigh A. (1998).
"Stereotype efficiency reconsidered: Encoding flexibility under cognitive load". Journal
of Personality and Social Psychology
 Dovidio, J. F., & Gaertner. S. L. (2010). "Intergroup bias". In S. T. Fiske, D. T. Gilbert, & G.
Lindzey (Eds.), The Handbook of Social Psychology (5th ed., Vol. 2). New York: Wiley.
 ”racism - definition of racism in English | Oxford Dictionaries”. Oxford Dictionaries |
English.
 Hilton, James L.; von Hippel, William (1996). "Stereotypes". Annual Review of
Psychology.

54

You might also like