You are on page 1of 2

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА


ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА

Педагошкиот факултет – Битола, во состав на Универзитетот „Св. Климент


Охридски“ – Битола, согласно Решение за акредитација бр. 13-6727/4 од 28.05.2021
година на Министерството за образование и наука, Правилникот за начинот на
следењето на наставата, полагањето на испитите за педагошко-психолошка и методска
подготовка, како и начинот на акредитација на високообразовните установи
( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 241/2020 и бр. 11/2021 год.)
и Одлуката бр. 02 - 213/4 од 29.08.2023 година на Наставно – научниот совет на
Факултетот, објавува

КОНКУРС
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПРОГРАМА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА
ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА
(ПЕДАГОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА) НА
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ-БИТОЛА
НА УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
ВО ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2023/2024 ГОДИНА

Право на запишување на програмата за педагошко – психолошка и методска


подготовка (педагошка доквалификација), имаат кандидатите кои се стекнале со
високо образование (240 ЕКТС) на ненаставна група на наставнички студии, односно
студии кои немаат наставна насока.
Педагошко ˗ психолошката и методска подготовка се реализира во текот на еден
семестар преку следење на настава и полагање на испити како и изведување на
најмалку 45 дена практична настава во училиште.
По завршувањето на програмата, реализираната практична настава и успешното
полагање на сите испити, кандидатот се стекнува со 30 кредити според ЕКТС.

Листа на предмети:
Кредити Часови
Предмет
Педагогија 5 3+2+1

Психологија 5 3+2+1

Методика 5 3+2+1

Педагошка практика 7 45 дена

Изборен предмет 1 4 2+1+1

Изборен предмет 2 4 2+1+1

Вкупно: 30
Листа на изборни предмети:
Кредити Часови
Предмет
Училишна докимологија 4 2+1+1

Училишна организација 4 2+1+1

Етика во образованието 4 2+1+1

Методика на воспитна работа 4 2+1+1

Педагошка комуникација 4 2+1+1

Инклузивно образование 4 2+1+1

Интеркултурно и мултикултурно 4 2+1+1


образование

Трошоците за стекнување на педагошко ˗ психолошка и методска подготовка


(педагошка доквалификација) изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.

Рокови за пријавување и запишување.


Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во следните термини:

Пријавување на кандидатите 30 Август до 14 Септември


Решение за прием 18 Септември
Запишување на кандидатите 19 и 20 Септември

Документи за пријавување и запишување:

- При пријавувањето, кандидатите ги поднесуваат следните документи:


1. Пријава со потврда за уплатени 50 денари за административна такса;
2. Диплома/уверение за завршено високо образование (оригинал или заверена на
нотар);
3. Извод од матичната книга на родените;
4. Доказ за државјанство на РМ (Уверение или решение);
- При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. Индекс
2. Две фотографии (3,5 x 4,5 см.)
3. Пријавни листови
4. Потврда за уплатени средства во висина од 250 евра во денарска
противвредност, на жиро сметката на Педагошки факултет – Битола.

You might also like