You are on page 1of 8

1.5.

Нивоа на планирање на
сообраќајот на во градовите и ЈГП
А) Сообраќајно планирање според различни критериуми

Процесот на планирање на сообраќајот во градовите се
разликува во различни земји и градови според:

носителите на планирање;

нивото на планирање;

и опфатноста на планирањето.
Б) Класификација на планирањето во сообраќајот
во градовите според нивото на опфат

Ниво 1 Урбано – просторно планирање;

Ниво 2 Планирање на мултимодален сообраќаен
систем;

Ниво 3 Планирање на еден вид превоз;

Ниво 4 Планирање (дизајн) на индивидуални
сообраќајни објекти
Ниво 1 Урбано просторно планирање

Во ова ниво се поставуваат распоредот на различните
зони во градот (станбени, деловни, индустриски,
спортско – рекреативни, универзитетски и училишни
кампуси);

Се осмислуваат и пресметуваат потребните видови
сообраќајна и комунална инфраструктура;

Ниво1 на планирање е полесно изводливо при изградба
на нови градови, или нови делови од градот.
Ниво 1 Урбано – просторно планирање


Првото ниво е најважно, но и најсложеноза долгорочниот развој
на градот. Со него се планираат:
– сите основни функции на градот;
– нивниот просторен распоред,
– а врз основа на нив и сообраќајните потреби во градот.

Без првото ниво на планирање, градовите не може да постигнат
квалитет на живеење и ефикасност. Но, дури и во развиените
земји ниво 1 не се реаализира целосно;

Тешкотијата во постигнување на планирање на ниво 1, е
барањето одлична координација и кооперација помеѓу
многубројни органи од власта, и стручни тела во кои се планира и
спроведува урбаното и сообраќајно планирање;.
Ниво 2 Планирање на мултимодален сообраќаен
систем
Создавање мултимодален сообраќаен систем во градот,
каде ќе бидат вклучени:
– Пешачки сообраќај;
– Велосипедски сообраќај;
– Индивиадуален патнички автомобил;
– Автобуси;
– Трамваи;
– Метро и др.
Во границите на нивната оптимална примена.
Ниво 2 Планирање на мултимодален сообраќаен
систем

Ниво 2 е насочено кон сообраќајниот систем во целина;

Целта е да создаде координирање и интегрирање на различни
видови превоз, кои заедно и комбинирано ќе дадат квалитетна
услуга на превоз на патници и стоки;

Тука се појавуваат проблеми во планирањето, заради евентуално
непостоење на центри за урбано и сообраќајно планирање, кои би
ги обединиле сите видови превоз.

Во таков случај, приврзаниците на еден вид превоз (пример
автомобил, или трамвај), одлучуваа „по свое“ и сакаат да го
истиснат користењето на останатите видови превоз;

Важното за Ниво 2 е да се познаваат границите на ефикасност за
секој од видовите превоз, кои ќе бидат вклучени во градскиот
сообраќаен систем.
Ниво 3 Планирање на еден вид на
превоз

Овој вид на урабано и сообраќајно планирање се ограничува
само на еден вид превоз;

Најчесто во ниво 3 се планираат мрежите од сообраќајници,
или линии, кои се наменети за тој вид превоз;

Пример: автобуска мрежа, метро мрежа, велосипедска
мрежа, автомобилска мрежа и сл.

Ваквиот начин на планирање е доста распространет, полесно
решлив, заради поедноставните организациони проблеми;

Но, за постигнување Квалитет на живеење во градот, мора
да постои мултимодално комбинирање на различните
видови градски сообраќај.
Ниво 4 Планирање (дизајн) на индивидуални
сообраќајни објекти

Ова е најниското ниво на планирање, планирањето и дизајнот на
одделни сообраќајни објекти;

Овде проблемите се поедноставни, бидејќи се решава само еден
дел од градскиот сообраќаен систем;

Пример: Единицата на локалната самоуправа, веќе одлучила за
изградба/или реконструкција на некоја крстосница во градот.

Дизајнот на одреден објект е финансиран од една институција
(локална, или државна), а е изграден од градежна компанија, која
веќе го понудила своето идејно решение, и истото било усвоено
од страна на инвеститорот на проектот(пример од локалната
власт - општината).

Овде не постои потреба од координирање со други видови на
превоз, или со надлежните од просторното планирање.

You might also like