You are on page 1of 40

Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

ФИНАНСИСКИ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК


ALLOCATIVE EFFICIENCY (АЛОКАЦИСКА) ЕФИКАСНОСТ Се однесува на способност на владите да ги распределуваат средствата и да одберат програми и проекти
НА РАСПРЕДЕЛБА во согласност со нивните цели. Во економската теорија, алокациската ефикасност, која уште се нарекува и
„парето ефикасност“, се постигнува кога средствата се распределуваат на таков начин, што било каква
промена во износите, причинува нечиј губиток.
ACCOUNTABILITY ОДГОВОРНОСТ Концепт во рамки на владина политика или управување што значи дека лицата се сметаат за одговорни за
извршување на определени должности или задачи, како и за почитување на правила и стандарди кои се
однесуваат на нивните позиции. Лицето или телото на кого поединците одговараат за своите активности
треба јасно да бидат определени, а поединците можат да бидат наградувани за постигнати добри
резултати или да сносат последици заради кршење на дисциплината или за неадекватни резултати. Исто
така, раководителот може да се смета за одговорен за постапките направени од персоналот. Владите кои
воведуваат реформи во областа на јавната администрација, генерално се обидуваат да пренесат
поголема флексибилност и автономија на раководителите како начин за подобрување на ефикасноста на
нивната работа. Како со ова им се дава на раководителите поголеми овластувања во одлучувањето, со
реформите се дава поголем акцент врз одговорноста како начин на кој се балансира и проверува
употребата на тоа овластување. На овој начин на раководителите им се обезбедува поголемо
овластување при донесување на одлуки, а реформите подразбираат многу поголемо влијание врз
одговорноста како начин на балансирање и проверка на тоа овластување. Во однос на работата што ја
вршат владините министерства и агенции, одговорноста може да биде: (i) интерна, према повисокото ниво
на управа, за која редовно се проценува начинот на кој персоналот и раководителите ги извршуваат
задачите поставени со описот на работното место, а според кои зголемувањата во примањата/или
проспектите за унапредување честопати зависат од резултатот на такви проценки; (ii) надворешна, према
законодавството или јавната или централна агенција како што е институцијата за ревизија.
ACCOUNTING СМЕТКОВОДСТВО Теорија и системи на организирање и собирање информации за финансиските и економски активности.
Добрите сметководствени системи се од суштинско значење за сметководственото управување,
финансиската одговорност и ефикасно донесување на одлуки.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.1/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

ACCOUNTING BASIS СМЕТКОВОДСТВЕНА Дефинирано во МФС (IFAC - Меѓународно финансиско сметководство) (1998) како „збир на
ОСНОВИЦА сметководствени принципи кои одредуваат кога влијанијата од трансакции или плаќања треба да бидат
признати за цели на финансиското известување. Се однесува на временскиот момент во кој се вршат
мерењата, без обѕир на самата природа на мерењата“. Постојат многу видови на сметководствена
основица. МФС идентификува, во спектарот на сметководствените основици две основни појдовни точки
(готовинска и според настанување на плаќањето, односно основа на настанување на плаќањето) и два
вида (модифицирана готовинска основица и модифицирано настанување на плаќањето). Системите на
сметководство врз готовински основи признаваат трансакции или плаќања кога средствата се наплатени
или исплатени. Системите на сметководство врз основи на настанување на плаќањето признаваат
трансакции или плаќања во моментот кога економската вредност ќе се создаде, трансформира, размени,
трансферира или поништи, односно ќе се евидентираат сите економски текови (не само готовински).
Модифицираната готовинска основица се разликува од готовинската основица по тоа што признава
депозити и исплати што потекнуваат од тековната година и што дозволува одреден период по
завршување на годината во која тие можат да се евидентираат и објават (период на комплементарност-
дополнителен период). Модифицираното настанување на плаќање во основа се разликува од настанување
на плаќање по тоа што физичкиот (материјален) имот/приход се расходува во моментот на набавката.
ACCOUNTING CONTROLS СМЕТКОВОДСТВЕНИ Постапки и документација што се однесуваат на чување на имотот/приходот, извршување и евидентирање
КОНТРОЛИ на финансиски трансакции и сигурност на финансиската евиденција. Тие обично се врз основа на
стандарди што ги издава министерството за финансии или повисоките институции за ревизија со цел да се
обезбеди споредбеност на сметководствените практики помеѓу сите министерства и сообразност со
национални и/или меѓународни конвенции.
ACCOUNTING SYSTEM СМЕТКОВОДСТВЕН СИСТЕМ Збир на сметководствени постапки, механизми на интерна контрола, книга на сметки и контни планови што
се користат за администрирање, евидентирање и известување за финансиски трансакции. Системите би
требало да го вклучат принципот на двојно книжење, евидентирање на сите фази на исплата и наплата
што се потребни за да се признаат сметководствените трансакции, интегрирање на контата на
имот/приходи и обврски со оперативните конта и водење евиденција на таков начин за да се овозможи
ревизија.
ACCOUNTS PAYABLE/ СМЕТКИ НА КУПУВАЧИТЕ И Износи што се должат на добавувачите или побаруваат од купувачите.
RECEIVABLE ДОБАВУВАЧИТЕ
ACCRUAL ACCOUNTING СМЕТКОВОДСТВЕНА Види сметководствена основица.
ОСНОВИЦА ПРИ УТВРДУВАЊЕ
НА БУЏЕТ

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.2/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

ACCRUAL-BASED BUDGET, БУЏЕТ ВРЗ ОСНОВА НА Овој термин може да се толкува на два начина:
ACCRUAL BUDGETING ФАКТУРНА ВРЕДНОСТ  пресметковна документација која покрај распределбата на средствата врз готовинска основа содржи и
(ПЛАНИРАЊЕ/УТВРДУВАЊЕ информации од сметководствена основица за утврдување на буџетот,
НА БУЏЕТ ВРЗ ОСНОВА НА  буџетски распределби засновани на податоци од сметководствената основица за утврдување на
ФАКТУРНА ВРЕДНОСТ) буџетот, пр. вклучување на резерви за амортизација.
Во Обединетото Кралство, сметководствените основици за утврдување на буџетот /буџет се нарекува
уште и сметководство / буџетски средства.
ACQUIS COMMUNAUTAIRE ACQUIS COMMUNAUTAIRE Го сочинува целокупното законодавство на Европските заедници што е составувано и менувано во текот
на последните 40 години. Во него е вклучен Договорот од Рим, кој е дополнет со Единствениот акт, како и
Договорите од Мастрихт и Амстердам; исто така ги вклучува и сите регулативи и директиви усвоени од
страна на Советот на министри и пресудите на Европскиот суд на правда.
ACTION PLAN АКЦИОНЕН ПЛАН План со кој се одредуваат одговорностите, процесите, временските распореди и чекори потребни за да се
обезбеди преземање на конкретни активности (акции), кои имаат за цел остварување на општите и
посебни програмски цели, барања и стандарди на делотворност на одредена агенција.
ACTIVITY АКТИВНОСТ Во смисла на класификација на трошоците, активноста претставува под-оддел на програмата со посебни
цели и излезни резултати (аутпут), со што се овозможува мерење и управување со делотворноста.
ACTIVITY-BASED COSTING УТВРДУВАЊЕ НА ТРОШОЦИ Пристапот во одредување на трошоците со кои може да се реши проблемот на распределба на редовни
(ABC) ВРЗ ОСНОВА НА АКТИВНОСТИ трошоци.Овој пристап се разликува од традиционалниот во тоа што го определува причинителот на
трошоците за одредена категорија на редовни трошоци, наместо едноставно да се применува обврзната
основица на распределба.
ADMINISTRATIVE CONTROLS АДМИНИСТРАТИВНИ Нефинансиски постапки и евиденција на министерствата кои обезбедуваат да се применуваат правила за:
КОНТРОЛИ  именување, унапредување, наградување и дисциплински мерки за персоналот;
 јавни набавки (понуди, тендери, управување со договори, итн.);
 еднакви услови за малцинските групи;
 управување со протокот на информации;
 аванси за патувања и репрезентација, итд.
AGENDA 2000 АГЕНДА 2000 Единствена рамка според која Европската комисија ја зацртува перспективата за развој на Европската
Унија и нејзините политики по влегување во новиот век; како и влијанието од проширувањето на
Европската Унија; Мислења за пристапување за членство поднесени од страна на земјите-кандидати како
и идната финансиска рамка за 2000 – 2006 година
AID-IN-KIND 13 ПОМОШ ВО НАТУРА Прометот на стоки и услуги што не опфаќаат размена на парични средства ниту инструменти на
задолжувања. Во некои случаи, тнр. „стокова помош“ (како што е жито) се продава и добитот се префрла
на сметка. Најчесто, добитот се префрла со посредство на посебен фонд.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.3/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

ALLOTMENT РАСПРЕДЕЛБА Може да биде и синоним за поделба или за одреден степен во постапката на распределба на буџетските
средства меѓу буџетските корисници. Исто така видете и под (апропријација) распределба.
ANTICIPATED MARGINAL ПРЕДВИДЕН ГРАНИЧЕН Изразот, предвиден граничен повраќај се однесува на очекувани промени во излезниот резултат (аутпут)
RETURN ПОВРАЌАЈ заради дополнителни специфицирани единици на влезот, вложувањето на средства (инпут).
APPORTIONMENT ПОДЕЛБА/РАСПРЕДЕЛБА Овластувања или распределба на средства што воглавно ги дава или врши министерството за финансии
за ресорните министерства и други буџетски тела, со што им се дозволува да се задолжуваат со средства
или да исплаќаат средства, или и двете и тоа во рамки на одреден временски период. Исто така видете
под овластувања.
APPRAISAL ПРОЦЕНКА Преглед на деталите на предлог на политиката или проект на капитални инвестиции што се заснова на
анализа на нивните економски, финансиски и други ефекти. Оценката на политиката/проектите понекогаш
се нарекува и екс анте евалуација (оценка).
APPROPRIATION (АПРОПРИЈАЦИЈА) Се однесува на овластувањата што и се дадени на извршната власт од страна на законодавството за
ИЗДВОЈУВАЊА ОД БУЏЕТОТ трошење на јавните средства, до одредена граница, за утврдена цел. Годишните издвојувања од буџетот
се утврдуваат по пат на годишни закони за буџетот, кај некои држави, со посебни акти за распределба што
се усогласуваат со буџетот. Дополнителни буџети/апропријации (распределби) понекогаш се утврдуваат по
усвојување на годишниот закон во случаи кога годишната буџетска распределба не е доволна да се
задоволат посебни, специфицирани цели. Терминот „постојана буџетска распределба“ понекогаш се
користи за да се дефинира надлежноста која, во согласност со другите закони (пр. закони за социјална
заштита), важат подолго од една буџетска година. Во поголем број на земји, од агенциите и одделенијата
се бара да имаат посебна извршна надлежност (поделба, распределба или овластување) како би можеле
да создадат обврска на терет на буџетската распределба.
ARREARS НЕНАПЛАТЕНИ ДОСПЕАНИ Износи што не се исплатени или наплатени до датумот што е специфициран во договорот. Ненаплатените
ПЛАЌАЊА обврски за плаќање можат да настанат заради неплаќање на фактури на добавувачите од страна на
министерствата/ агенциите, неисплатени плати, трансфери или трошоци од отплата на долг.
Ненаплатените обврски по основ на данок се даноци кои се должат на владата, но кои не се наплатени.
ASSETS ПРИХОДИ/АКТИВА/ИМОТ Средства кои содржат одредени вредности врз кои се применуваат сопственички права од страна на
институционалните единици, поединечно или колективно и од кои економските бенефиции можат да се
стекнат или со нивно чување или користење во текот на одреден временски период. „материјалните“
средства може да бидат или финансиски (пр. готовински парични средства или хартии од вредност на
владата ) или постојани (пр. згради, патишта, национални паркови, итн.). Активата може исто така да биде
и „нематеријална“ како што се авторски права или право на експлоатација на минералните наоѓалишта.
ATTESTATION AUDIT 21 РЕВИЗИЈА ЗА АТЕСТИРАЊЕ Видете под ревизија.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.4/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

ATTRIBUTION ПРИПИШУВАЊЕ Одлука за тоа колку резултатот може да се припише на политичките мерки или на програмата за
расходување на владата, а не на некои други влијанија. Ова е задача која во текот на изработка на
евалуативната студија претставува најголем предизвик.
AUDIT 23 РЕВИЗИЈА Стручен преглед на законската и финансиска усогласеност или резултат, што се изработува за да се
задоволат барањата на управата (интерна ревизија) или од некое надворешно ревизорско тело или некој
друг независен ревизор за исполнување на законските обврски (надворешна ревизија). Посебна задача на
внатрешната ревизија е да се надгледуваат управните системи на контрола, да се информира управата за
слабостите и да им се дадат препораки за подобрување. Обемот на ревизијата варира, како што варира и
терминологијата во оваа област и вклучува (во согласност со ревизорските стандарди што ги подготвува
Меѓународната организација за институции за ревизија (ИНТОСАИ) финансиска ревизија (или ревизија на
регуларност) што опфаќа:
 Атестирање на финансиската одговорност на надлежните тела, во кое е вклучен преглед и проценка
на финансиската евиденција, како и двање мислења за финансиските извештаи.
 Атестирање на финансиската одговорност на владината администрација во целиина.
 Ревизија на финансиските системи и трансакции, вклучително и проценка на усогласеност со
соодветните статути и прописи.
 Ревизија на функциите на внатрешната контрола и внатрешната ревизија.
 Ревизија за исправноста и етичноста на административните одлуки донесени од страна на телата во
кои се врши ревизија.
 Поднесување извештаи за сите други прашања од или во врска со ревизијата за која САИ
(Институцијата за врховна ревизија) смета дека треба да се откријат.
 Треба да се напомене дека првите две горенаведени ставки честопати се познати и како ревизии за
атестирање. Третата и петтата ставка честопати се познати и како ревизија на усогласеност.
 Ревизија на резултатот (или ревизија на вредноста што се добива) се состои од:
 Ревизија на административните активности во согласност со административните принципи и практики,
како и политиката на управување.
 Ревизија на ефикасноста во користење на човековите, финансиски и други ресурси, вклучително и
преглед на информатичките системи, мерките на учинок и системите за надзор, како и постапките за
корекција на дефинираните нерегуларности што ги користат телата во кои се врши ревизија.
 Ревизија на делотворноста на учинокот во однос на постигнување на целите на телата во кои се врши
ревизија, како и ревизии на стварното влијание на активностите.
AUDIT FINDING НАОДИ НА РЕВИЗИЈАТА Релевантни изјави за фактите. Резултатите од ревизијата се добиваат од процесот на споредување на она
што би требало да биде со она што навистина е.
AUDIT RISK РИЗИЦИ ПРИ РЕВИЗИЈА Ризик, со постапките што ги извршува ревизорот да не се откријат проблемите кои, ако се познати, би
довеле до тоа извештајот на ревизорот да биде изменет.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.5/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

AUDIT SAMPLING 26 РЕВИЗОРСКИ ПРИМЕРОЦИ Ревизорски постапки што се спроведуваат на примерок од основната популација што е релевантен за
активностите на ревизијата, а не на целокупната популација.
BALANCE SHEET ЗАВРШНА СМЕТКА Финансиски извештај со кој се покажува вредноста на приходите и расходите што едно тело ги има во
одреден временски период. Завршната сметка обично се прави на почетокот и на крајот на
пресметковниот период. Завршната сметка што ги сумира почетните салда, приливите и одливите, како и
завршните салда што генерално се бараат за секој посебен фонд во рамки на една влада. Сепак, во
пракса, многу мал број на влади подготвуваат извештаи за своите финансиски состојби што навистина би
можеле да се наречат сеопфатни биланси на состојбите што ги опфаќаат сите приходи и расходи. Исто
така видете и под нето вредност.
BASELINE ОСНОВНИ ТРОШОЦИ Терминот основни трошоци се однесува на изминатата, тековната и проектирана потрошувачка, по
завршување на годината.
BASELINE BUDGET ОСНОВЕН БУЏЕТ Износ потребен за финансирање на тековните програми или постоечки политики - честопати корегиран
заради инфлација, еднократни трошоци, со закон пропишани барања настанати во услови на демографски
промени – врз основа на кои се одобруваат зголемувања и намалувања на трошоците во текот на
процесот на подготовка на буџетот. Според кратката дефиниција, оваа буџетска основица вклучува
трошоци на тековните нивоа на активности, што претставува трошок на тековните програми корегиран за
инфлациските услуги, со закон пропишани барања, еднократни трошоци и за влијанието на тековните
одлуки на основицата за целата година. Како дополнение на тоа, може да се земе тековното ниво на
услуги, а со самото тоа, буџетската основица може исто така да вклучи промени кај партнери кои користат
разни програми (пр. школски деца, итн.).
BELOW-THE-LINE-ITEMS ПОД-ЛИНИСКА СТАВКА Ставки кои не се ниту стварни приходи ниту расходи, но кои можат да се користат за финансирање на
владиниот дефицит.
BENCHMARKING ОДРЕДУВАЊЕ НА ГЛАВНИТЕ Вклучува методи и постапки за споредување на една организација со друга како начин за подобрување на
ПОКАЗАТЕЛИ учинокот. Процесното одредување на главните показатели претставува проучување и проценка на
процесот и активностите што влегуваат (инпут)се претвараат во излази (аутпут). Одредување на главните
показатели за резултати ги споредува стварните резултати на организацијата со тоа што се користат
показатели или мерки на учинок.
BUDGET 32 БУЏЕТ Документ (i) во кој е вклучен план на идните финансиски активности на владата или владините
организации. Буџетот генерално се подготвува годишно и се состои од предложени владини трошоци,
приходи, заеми и останати финансиски трансакции за наредната година, а како што е случај во голем број
на земји, за наредните две до три години. Буџетот се подготвува врз готовински основи во повеќето земји.
Се поднесува на парламентот, кој ја прифаќа потрошувачката така што го одобрува буџетот или актот за
распределба што е во согласност со предлогот на буџето

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.6/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

BUDGET EXAMINATION РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ Процесот на разгледување на буџетските барања примени од страна на министерствата и агенциите, што
ги врши лице од централните одделенија за буџет при министерството за финансии, каде што буџетското
барање се анализира, се развиваат алтернативи, се носат заклучоци и се даваат препораки.
BUDGET EXAMINATION МИСЛЕЊЕ НА Мислењето на аналитичарите претставува пишан аналитички документ, кој се состои од резиме на
ISSUE PAPER АНАЛИТИЧАРИТЕ програмското буџетско барање, дава преглед на основата на програмата, расправа за прашања во врска
со програмата, ги одредува алтернативите и аргументите за и против тие алтернативи и дава препораки за
прашања како што се степен на финансирање, рализација на програмите и долгорочни правци.
BUDGET EXAMINER БУЏЕТСКИ АНАЛИТИЧАР Лице во Министерството за финансии кое е задолжено за разгледување на програмите и предлозите што
се содржани во буџетските барања на одредените министерства, односно кое е задолжено да работи
околу буџетот.
BUDGET FORMULATION ПОДГОТОВКА НА БУЏЕТОТ Сите чекори и процеси за подготовка на владиниот буџет, почнувајќи од прелиминарните анализи и
предвидувања, преку поднесување на буџетските барања од страна на министерствата и други владини
тела и разгледување и донесување одлуки од страна на владата, до званичната презентација на буџетот
во законодавниот дом.
BUDGET INSTRUCTIONS БУЏЕТСКИ ИНСТРУКЦИИ Буџетските инструкции содржат општи упатства и обрасци што ги издава Министерството за финансии, со
кои се специфицираат процесот и обрасците што треба да се употребат од страна на министерствата во
текот на изработката на нивните буџетски барања што ги поднесува Министерството за финансии. Во
пакетот на буџетските инструкции обично се вклучуваат и делови што се однесуваат и на буџетите на
локалните влади, како и барањата за објавување на активности надвор од буџетските јавни институци.
BUDGET JUSTIFICATION ОПРАВДАНОСТ НА БУЏЕТОТ Видете под поднесување на проценка.
BUDGET PROPOSAL ПРЕДЛОГ НА БУЏЕТ Барањето што го презентира извршното тело пред законодавниот дом или законодавниот извршен совет,
кое се однесува на овластување за трошење (понекогаш се доставува со пресметка на очекуван приход
чие прибирање, во некои земји исто така мора да биде одобрено). Барањето/предлогот може да биде
предмет на измени од страна на законодавниот дом, со тоа што можноста за правење измени може да
биде ограничено или неограничено со уставни одредби, како што е одредбата приходите да мораат да
бидат зголемени за да се покрие секое зголемување на трошоци.
BUDGET REQUEST БУЏЕТСКО БАРАЊЕ Видете под поднесување на проценка.
BUDGET SYSTEM LAW СИСТЕМСКИ ЗАКОН ЗА БУЏЕТ Видете под основен закон за буџет.
BUDGET YEAR 42 БУЏЕТСКА ГОДИНА Временски период за кој парламентот ги одобрува расходите и други буџетски трансакции. Во голем број
на буџетските системи, стварните распределби на буџетот, обврските, испораките и исплатите што се
однесуваат на владините програми за трошење, можат да се продолжат така да се однесуваат на период
подолг од една година за која распределба првенствено биле утврдени.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.7/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

BUDGETARY DOCUMENTS БУЏЕТСКИ ДОКУМЕНТИ Збир на документи кои заедно со буџетот се доставуваат и разгледуваат во парламентот. Како дополнение
на предлозите што се однесуваат на владината потрошувачка, приходите и заемите, буџетските документи
можат да содржат и изјава за економскиот и финансиски контекст на буџетскиот предлог, владините цели
на економската политика, среднорочни макроекономски проекции и некои објаснувања во врска со
програмите и активностите на владата, што се финансираат од буџетот.
BUDGETING ПЛАНИРАЊЕ/БУЏЕТИРАЊЕ/ Процес со кој владата или владината организација ги планира нејзините идни расходи, приходи, заеми и
УТВРДУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ други финансиски активности.
CAPITAL ACCOUNT КАПИТАЛНА СМЕТКА Видете под капитални трошоци.
CAPITAL BUDGET КАПИТАЛЕН БУЏЕТ Видете под капитални трошоци.
CAPITAL CHARGE НАДОМЕСТОК ПО ОСНОВ НА Во ограничен број на земји (пр. Нов Зеланд), надоместокот по основ на капитал се применува на
КАПИТАЛ приходите на владините министерства/агенции. Целта на воведување на овие надоместоци е да се даде
поттик на потрошувачките агенции нивниот капитал да го користат што поефикасно. Бара правилен систем
на сметководствено евидентирање и вреднување на капиталните приходи.
CAPITAL EXPANDITURE КАПИТАЛНИ ТРОШОЦИ Трошоци настанати по основ на набавка на земјиште и други материјални средства, владини резерви и
невоени, нефинансиски средства, за повеќе од минималната вредност, со очекувано времетраење подолго
од година. Капиталните трошоци честопати се прикажани во посебен дел (или капиталната сметка) од
буџетот или во сосема посебен буџет за капитални трошоци. Видете исто така и под бруто формирање на
фиксниот капитал.
CAPITAL GRANT 49 КАПИТАЛЕН ГРАНТ Неповратните трансфери што ги добиваат регионалните влади од страна на централната влада или
(неповратни парични средства) меѓународни организации за финансирање за набавка на нефинансиски капитални средства од страна на
примателот.
CAPITAL INVESTMENT КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА Видете под капитален трошок.
CAPITAL REVENUE КАПИТАЛЕН ПРИХОД Добивката од продажба на нефинансиски капитален имот, вклучително и земјиште, нематеријален имот,
резерви и фиксен имот во вид на згради, други градежни објекти и опрема што има вредност поголема од
одредениот минимум и чиј век на користење е подолг од година, во текот на производство, како и добивки
од неповратни трансфери за капитални цели што се добиваат од невладини извори.
CAPITAL TRANSFER ТРАНСФЕР НА КАПИТАЛ Пренесување на сопственоста врз имотот (покрај резервите и готовинските парични средства) или
поништување на обврските на побарувачите, без примање надоместок во замена. Таквите трансакции се
состојат од трансфер на готовински парични средства што се поврзани или условени со набавка на
дотичниот имот. Трансфер што не е капитален трансфер се смета за тековен трансфер. Капиталните
трансфери што ги прави владата според ВФС 2000 (Владина финансиска статистика) се класификуваат
како расход.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.8/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

CAPITAL, CAPITAL ASSETS КАПИТАЛ (КАПИТАЛНИ Акумулација на материјалните или финансиски приходи. Видете исто така и под бруто формирање на
ПРИХОДИ) фиксниот капитал.
CASH ACCOUNTING СМЕТКОВОДСТВО СПОРЕД Видете под сметководствена основица.
ГОТОВИНСКА ОСНОВА
CASH MANAGEMENT УПРАВУВАЊЕ СО Процес на развивање на прогнозите на агенциските и централните парични текови, дозначување на
ГОТОВИНСКИ ПАРИЧНИ средства на овластените потрошувачки агенции, надгледување на паричниот промет и очекувани барања
СРЕДСТВА за готовина, издавање и откупување на хартии од вредност на владата со цел финансирање на владини
програми.
CASH-BASED BUDGET БУЏЕТ СПОРЕД ГОТОВИНСКА Буџет според кој секоја распределба претставува овластување за вршење на готовински исплати.
ОСНОВА
CENTRAL AGENCIES 57 ЦЕНТРАЛНИ АГЕНЦИИ Тоа се организациите што ги координираат активностите и воедно даваат политички правец и оперативни
насоки на ресорните министерства и агенции. Тоа во практиката многу варира од држава до држава, но
„централните агенци“ генерално ги вклучуваат: министерство за финасии; служба која директно го
информира премиерот или советот на министри за развојот и координација на политиката; министерство
или агенција кое е одговорно за развивање и координирање на политиките што се поврзани со управување
со човекови ресурси во јавниот сектор; министерство за надворешни работи, во одредени области, како
што е меѓународна соработка и министерството за правда, во изработка на законски нормативи и нацрт
закони.
CENTRAL BANK ЦЕНТРАЛНА БАНКА Јавна институција која е надлежна за вршење на функциите на монетарната политика како што е емисија
на пари, управување со меѓународни резерви и прифаќање на депозитни обврски према други банки.
Централната банка исто така се појавува и како краен извор за позајмување и честопати дава услуги на
фискалниот агент на централната влада (пр. Управување со единствената државна каса (сметка) на
владата).
CENTRAL GOVERNMENT ЦЕНТРАЛНА ВЛАДА Сите единици на владата кои имаат надлежност врз целокупниот економски простор на една земја. Општо
земено, централната влада е одговорна за оние функции што влијаат на земјата во целина: на пример,
национална одбрана, односи со други земји и меѓународни организации, воспоставување на законодавни,
извршни и правосудни функции што ја покриваат целата земја и давање на јавни услуги како што е
здравствена заштита и образование. Непазарните, непрофитните институции што се контролирани и
поголем дел финансирани од страна на централната влада се вклучени во централната влада. Исто така
видете под општа влада, државна влада и под-национална влада.
CENTRE OF GOVERNMENT ЦЕНТАР НА ВЛАДАТА Центарот на владата ги опфаќаат тело или збир на тела кои даваат директна поддршка и го советуваат
претседателот на владата и советот на министри или кабинетот.
CERTIFICATION 61 СЛУЖБЕНО ПОТВРДУВАЊЕ Видете под верификација.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.9/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

CHART OF ACCOUNTS КОНТЕН ПЛАН Класификација на сите трансакции, плаќања, приходи, амортизација, губитоци, итн. според нивната
економска, законска или сметководствена природа. Го дефинира организирањето на сметководните книги
што ги водат владините сметководители.
CHEQUES ISSUED ИЗДАВАЊЕ НА ЧЕКОВИ Фаза во процесот на создавање на трошоци во која државната каса или службениците задолжени за
плаќања во министерствата издаваат инструменти за плаќање што се даваат на добавувачите на стоки и
услуги како вид на исплата за примена стока или извршена услуга. Во некои земји, каде што банкарскиот
систем не е доволно развиен, може да не се издаваат посебни чекови туку дознаки и платни налози со кои
се потврдуваат испораките што служат како инструменти со кои се бара директна парична исплата од
страна на државната каса. Во владиното сметководство, честопати трошоците се евидентираат врз основа
на издадени чекови или дознаки.
CHEQUES PAID НАПЛАТА НА ЧЕКОВИ Фаза во процесот на создавање на трошоци што се состои од давање на увид и наплата на владини
чекови кај банките, како и теретење на државна каса (сметка) на министерствата/агенциите. Владиниот
трошок се евиденгира на контата на паричните средства преку одредено задолжување на сметката на
владата.
CLOSED ACCOUNTS 65 ЗАВРШНИ СМЕТКИ Основен извештај за завршната буџетска состојба што го изработува врвна ревизорска институција или
друга сметководствена или ревизорска агенција, по заклучување на буџетскиот период. Завршните сметки
можат да бидат врз готовинска основа, прикажувајќи ги само годишните депозити и исплати (со или без
дополнителен период) или врз основа на фактурната вредност, каде исто така се прикажуваат обврските
во смисла на идни трошоци или во смисла на идни даночни наплати, како и пренос на приходи или
расходи од претходните буџети.
COMMITMENT ДОГОВОРНА ОБВРСКА Во сметководствена смисла, договорните обврски се однесуваат на фазата на создавање на трошоци во
која се склучува договор или други видови на законски обврзни спогодби, општо за идни испораки на стоки
или услуги. Обврската не се признава се додека не дојде до испораката, владата има договорна обврска
да ја подмири обврската тогаш кога се извршува испораката. во некои пресметковни системи, терминот,
договорна обврска се однесува на фазата во циклусот на создавање на трошоци што е поинаква од
фазата на задолжување во сметководствена смисла (пр. Резервирање на распределени средства или
фаза на верификација). Изразот, договорна обврска, исто така се користи и во поопшта смисла,
недоговорна смисла како цврста заложба на владата во политичките изјави.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.10/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

COMPLEMENTARY PERIOD ДОПОЛНИТЕЛЕН ПЕРИОД Период по заклучување на редовната фискална година во тек на која нереализираните наплати и исплати
67 или обврски можат да се реализираат и да се припишат на претходниот пресметковен (буџетски) период.
Тоа може да трае и по неколку месеци. Во некои земји, сметководствениот период опфаќа „дополнителен
период“ за реализирање на плаќања (пр. 30 или 60 дена) по завршување на фискалната година.
Плаќањата што се реализираат за време на дополнителниот период, а кои се однесуваат на трансакции
(договорни обврски и испораки) преземени во текот на завршената претходна фискална година и се
прикажуваат како расходи настанати во текот на таа година. Во некои земји и реализираните и
нереализирани налози за плаќање се признаваат како расход во тек на дополнителниот период (пр.
Земјите што имаат француски пресметковен систем).
COMPLIANCE AUDIT РЕВИЗИЈА НА СООБРАЗНОСТ Видете под ревизија.
/ УСОГЛАСЕНОСТ
COMPREHENSIVENESS СЕОПФАТНОСТ Сеопфатност на пресметката/буџетот значи дека буџетот мора да ги опфати сите расходи, приходи, заеми,
како и други финансиски активности на владата. Со тоа се создава рамка со која се промовира реална
проценка на политичките опции кои меѓусебно се наметнуваат, како и ефикасно планирање и
спроведување на пресметката/буџетот.
CONCESSION КОНЦЕСИЈА Концесијата е вид на јавно-приватно партнерство. Договорите за концесија може да имаат различни
правни називи и предмети кај различни национални закони. Кај повеќето договори за концесија,
договарачот го сноси ризикот што настанува при давање на услуги.
CONSLIDATED ACCOUNTS КОНСОЛИДИРАНИ СМЕТКИ Видете по консолидација.
CONSOLIDATED BUDGET 72 КОНСОЛИДИРАН Содржина на буџетот/пресметката кој во себе ги содржи сите приходи и задолжувања за трошење на сите
БУЏЕТ/ПРЕСМЕТКА нивоа на власта во внатрешниот систем.
CONSOLIDATED FUND КОНСОЛИДИРАН ФОНД Основен фонд во кој се депонираат сите депозити и од кој се вршат сите плаќања, доколку со закон не е
поинаку пропишано; еквивалентен на единствената државна каса (сметка). Изразот се користи во многу
земји на британскиот Комонвелт. Видете исто така и под општ фонд.
CONSOLIDATION КОНСОЛИДАЦИЈА Процес на елиминација на трансакции меѓу различни министерства/агенции/одделенија на влада и
комбинирање на износите на нивните „надворешни“ трансакции према и од другиот дел на стопанството во
заеднички сет на категории.
CONSUMPTION OF FIXED ПОТРОШУВАЧКА НА Намалување на вредноста на фиксните приходи што се користат во текот на сметководствениот период а
CAPITAL ФИКСНИОТ КАПИТАЛ кој произлегува од физичкото распаѓање, природна застареност или случајно оштетување. Видете исто
така и под амортизација.
CONTESTABILITY 76 КОНКУРЕНТНОСТ Обезбедува постоечките политики да се предмет на контрола и проценка.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.11/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

CONTINGENCY FUND OR ПОТРЕБНИ ФОНДОВИ ИЛИ Посебен фонд или пресметковна/буџетска ставка што е издвоена во вкупниот годишен
RESERVE РЕЗЕРВИ пресметковен/буџетски износ, со цел подоцна да се распредели, за да се покријат промените во
надворешното опкружување. Во среднорочното планирање, потребните и политички резерви се користат
за да се постигне флексибилност и за да се одбегне предвремено создавање на расходовни задолжувања,
со прогресивно поголеми резерви во вкупните износи издвоени за следните години.
CONTINGENT LIABILITY ПОТЕНЦИЈАЛНИ Обврски што се создадени, но чија доспеаност и износ зависи од тоа дали ќе се јави потреба за тоа.
(дополнителни) ОБВРСКИ Според тоа, тоа не се уште стварни обврски и можеби нема никогаш да станат обврски додека не
настанат.
CONTRACTING OUT ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР Аранжман според кој некое одделение или агенција склучуваат деловен договор со надворешен
добавувач. Што се однесува до изградба на инфраструктура, владите може да склучуваат договори со
претпријатија од приватниот сектор за изградба на таков имот, во кој обично се вклучува и спогодба
според која на претпријатијата од приватниот сектор може да им се даде право да го стекнат/добијат
имотот по одреден број на години по завршување на изградбата. Такви аранжмани скратено може да се
наречат: Изгради, работи и Трансферирај (Build Operate and Transfer – BOT), Изгради, изнајми и
трансферирај (Build Lease and Transfer – BLT), Изгради, поседувај и работи (Build Own and Operate – BOO)
или Проектирај, изгради, финансирај и работи (Design Build Finance and Operate – DBFO).
CONTROL 80 КОНТРОЛА Видете под финансиска контрола и внатрешна (управна/административна) контрола.
COPENHAGEN CRITERIA КРИТЕРИУМИ ОД Усвоени во 1993 година од страна на Европскиот совет, критериумите од Копенхаген мораат да ги
КОПЕНХАГЕН исполнат сите земји-кандидати ако сакаат да станат членки. Земјите-кандидати мораат да постигнат
стабилност на институциите преку кои ќе се гарантира демократијата, владеењето на правото, човековите
права и почитување и заштита на правата на малцинствата; постоење на пазарностопанство, како и
можност да се издржат притисоците на конкуренцијата и пазарните сили во Унијата; како и способност да
се исполнат обврските за членство вклучително со почитување на целите на политиката на економската и
монетарна унија.
CORPORATE GOVERNANCE КОЛЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ Правила и постапки со кои се обезбедува управување со компанијата правилно и ефикасно, вклучително и
тоа, директорите и персоналот да се однесуваат на соодветен начин и во согласност со законите и
најдборите практики.
CORRUPTION КОРУПЦИЈА Постојат многу различни дефиниции на овој поим. Наједноставен и најопшт е „злоупотреба на јавните или
приватни позиции со цел директна или индиректна лична добивкa“
COST DRIVER 84 ПРИЧИНИТЕЛ НА ТРОШОЦИ Секој фактор што предизвикува промена во трошоците на одредена активност или одреден излез (аутпут).
COST EFFECTIVENESS ЕФИКАСНОСТ НА ТРОШОЦИТЕ Опсег до кој целите на одредени политики и програми се реализираат со најмал економски трошок:
синоним за вредност-за-пари (анг. value-for-money).
COST RECOVERY ПОКРИВАЊЕ НА ТРОШОЦИ Видете под надоместок на корисниците.
Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.12/40
Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

COST-BENEFIT ANALYSIS 87 АНАЛИЗА НА Вид на анализа која вклучува мерење на трошоците и/или добивката во парични единици (како што е
ОПШТЕСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ слободно време или влијание врз околината) а кои непосредно немаат пазарна вредност. Анализата
И ДОБИТ, COST-BENEFIT опфаќа три логични чекори:
АНАЛИЗА  дефинирање на цели и алтернативи за постигнување на тие цели;
 анализирање на постепените промени со секоја алтернативна интервенција во однос на промената
без соодветна алтернатива, и
 споредување на трошоците и добивката на разни алтернативи.
COST-EFFECTIVENESS АНАЛИЗА НА ЕФИКАСНОСТА Вид на анализи со која се споредуваат проектите или програмите што генерално имаат заеднички излези
ANALYSIS НА ТРОШОЦИТЕ (аутпут). Се користи за споредување на алтернативи за кои може да се утврдат, но не и да се вреднуваат
главните излези (аутпут). Показатели за ефикасноста на трошоците вклучува трошок по единица нааутпут,
или единица на аутпут по единица на трошок и е усмерено кон утврдување на методи за постигнување на
одредена цел, со најмали трошоци. Исто така видете и под анализа на најмали трошоци.
COUNCIL OF MINISTERS СОВЕТ НА МИНИСТРИ Основно тело на владата за формирање на политиката со кое претседателствува премиерот, а го
сочинуваат министрите од највисоко ниво (во многу земји сите министри). Обично, Советот на министри се
состанува најмалку еднаш неделно. Работата на подетално ниво обично се врши во под-комисии. Во
некои земји, советот на министри се нарекува „кабинет“, во други земји „кабинет на министри“ или
едноставно „влада“.
CURRENT ACCOUNT 90 ТЕКОВНА СМЕТКА Во неа се вклучени сите депозити (вклучително и грантови-неповратни парични средства) и сите плаќања
(вклучително
каматите) што не се капитални трансакции.
CURRENT ASSETS ТЕКОВНИ (ОБРТНИ) Готовински средства, парични средства по видување и други приходи на правни лица, со кои редовно
СРЕДСТВА работи тоа лице, ги троши или претвара во пари во рок од 12 месеци по периодот кога се составени
финансиските извештаи.
CURRENT EXPENDITURES ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ Сите трошоци покрај капиталните или капиталните трансфери. Видете исто така и под капитален трошок и
капитален трансфер.
CURRENT REVENUE ТЕКОВЕН ПРИХОД Ги опфаќа сите приходи по основ на данок, како и сите други видови на неповратни средства, покрај оние
кои потекнуваат од грантови-неповратни парични средства, продажба на земјиште, нематеријални
средства, владини резерви или фиксен имот или од капитален трансфер.
CURRENT SERVICES ПРЕСМЕТКА/БУЏЕТ НА Проектирани трошоци за продолжување на програми кои се одобрени со претходниот буџет/пресметка,
94BUDGET ТЕКОВНИТЕ УСЛУГИ проектирани за идната буџетска година, прилагодени за инфлација или програмско задолжување. Видете
под „основен“ буџет.
CURRENT TRANSFER ТЕКОВЕН ТРАНСФЕР Видете под капитален трансфер.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.13/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

DEBT MANAGEMENT УПРАВУВАЊЕ СО ДОЛГ Претставува управување со долгот на јавниот сектор и тоа на што поефикасен начин за да се намалат
трошоците на владата. Функциите на управување со долгот понекогаш се обавуваат од страна на
одделенијата при министерствата за финансии, понекогаш од страна на државната каса, а понекогаш од
страна на агенцијата која го известува министерот за финансии.
DECENTRALIZATION ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Пренесување на одговорноста врз демократски независните пониски нивоа на влада со што им се дава
поголемо управно дискреционо право, но не и поголема финансиска независност.
DECONCENTRATION 98 ДЕКОНЦЕНТРАЦИЈА Пренесување на одговорноста од централните министерства на теренските службеници или по
автономните агенции, со што се остварува поголема блискост со граѓаните, воедно останувајќи во состав
на централната влада.
DEFICIT/SURPLUS ДЕФИЦИТ/СУФИЦИТ Постојат различни дефиниции за дефицит:
Дефицитот (или суфицитот) се дефинира според прописите на Европскиот совет, во контекст на
Договорите од Мастрихт/Амстердам, како нето позајмица на владата на некого или од некој, како што е
дефинирано во ЕСС 95 (Европски систем на сметки од 1995 година).
Дефицит според готовинска основа, како што е дефиниран во верзијата ВФС 2000, е еднаков на исплатата
на трошоци плус „позајмување намалено за отплата“ минус приходите според готовинска основа минус
примената готовина. За разлика од дефицитот дефиниран во контекст на Договорите од Мастрихт и
Амстердам, оваа мерка на дефицитот се состои само од готовински трансакции и вклучува во ставките
„над линијата“ некои трансакции кои во согласност со НЦ 93 (Системот на национални сметки од 1993) и
ЕСС 95 се класифицираат како трансакции на финансирање (како што се продажба на акции и
сопственичкиот удел како дел од програмата за приватизација).
Дефицит по основ на договорни обврски се дефинира како готовински дефицит плус нето зголемени
ненаплатени обврски, односно трошоци признати во фаза на верификација плус „заеми намалени за
отплата“ минус приходи (врз готовинска основа). Во оваа мерка на дефицитот не треба да се вклучат
договорните обврски што се однесуваат на неиспорачани порачки или повеќегодишни договорни обврски.
DEPARTMENTAL ОРГАНИЗАЦИСКИ Некорпорирани индустриски или комерцијални единици кои:
ENTERPRISE 100 ПРЕТПРИЈАТИЈА  се тесно поврзани со владино министерство/агенција,
 можат да држат мали оперативни салда,
 ги снабдуваат владините единици или јавноста со стоки и услуги,
 делуваат во мал опсег/степен.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.14/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

DEPRECIATION АМОРТИЗАЦИЈА Намалување на вредноста на имотот со тек на време, што е резултат на физичката искористеност или
застареност. Во согласност со сметководствено настаната обврска, секоја година, вредноста на имотот
прогресивно се намалува (отпишува) за вредност на амортизацијата, што се пресметува врз основа на
векот на користење на имотот. Амортизација што се евидентира во комерцијалното сметководство или што
се дозволува за цели на оданочување, може да одстапува од вредноста на потрошениот фиксен капитал
што се пресметува за државните сметки, посебно во текот на периодот на инфлација. Видете исто така и
под фиксен капитал.
DISCOUNTING ДИСКОНТИРАЊЕ Методот на споредба на трошоците или бенефициите што ќе настанат (или настанале) во разни
временски периоди. На 1 евро годишно “н” му се дава „сегашна вредност“ во износ од 1/(1+р)н евро во
годината 0, каде што „р “ е дисконтна стапка“. Видете исто така и под нето сегашна вредност и интерна
стапка на повраќај.
DISCRETIONARY SPENDING ДИСКРЕЦИОНО ТРОШЕЊЕ Овој поим се однесува на оној дел на пресметковните средства за кои владата и законодавството мораат
секоја година да одлучат како да ги потрошат во наредната фискална година, како што е за станбени
потреби, образование или странска помош. Овој вид на трошење се става наспроти на „обврзното
трошење“ што се однесува на оние ставки за кои постои законска обврска владата да обезбеди средства и
една трајна распределба на средствата што одобрува задолжување на такви трошоци. Каматите на долг и
програмите за „стекнување на права“ се примери од ваков вид на трошење. „Обврзниот“ дел на
пресметката е многу почесто поголем од дискрециониот дел.
DOUBLE-ENTRY ДВОЈНО СМЕТКОВОДСТВО/ Во системот на двојно кноговодство, секој тек предизвикува две книжења на еднакви вредности,
ACCOUNTING/ КНИГОВОДСТВО побарувања и долговни книжења. Според конвенцијата, зголемувањата на контата на активата и
BOOKKEEPING намалувањата на контата на обврски и нето вредностите се евидентираат на долговната страна.
Спротивно на тоа, намалувањето на контата на активата и зголемувањата на контата на обврските и нето
вредностите се евидентираат на страната на побарувања. Системот на двојно книговодство обезбедува
вкупната вредност на активата на една единица секогаш да е еднаква на збирот на нејзините обврски и
нето вредности.
EARMARKING УТВРДУВАЊЕ НА НАМЕНСКИ Тоа е практика за распоредување на приходите по основ на одреден данок или група на даноци за цели на
СРЕДСТВА финансирања на одредени владини активности или области на активности.
ECONOMIC CLASSIFICATION ЕКОНОМСКА КЛАСИФИКАЦИЈА Класификацијата на потрошувачката (или трошоците) и набавките /расходувањето на имотот во економски
106 категории, со која се нагласува природата на трансакцијата (плати, камати, трансфери, итн.). Исто така
видете и под класификација по предмети, класификација по линијски ставки.
ECONOMY ЕКОНОМИЧНОСТ Набавка на финансиски, човекови и материјални ресурси со соодветен квалитет и квантитет во одредени
моменти и со најмали трошоци.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.15/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

EFFECTIVENESS ДЕЛОТВОРНОСТ Опсег до кој програмите ги постигнуваат нивните очекувани цели или „резултати“. Ефикасноста е
најважниот елемент на вредноста за пари во јавниот сектор. Стоките и услугите може да се осигураат на
еден економичен и ефикасен начин, но ако со нив не се постигне саканата цел, ресурсите што ќе се
употребат ќе бидат залудно потрошени.
EFFICIENCY ЕФИКАСНОСТ Односот меѓу стоките и услугите што се добиени од страна на програмите или активностите (аутпут) и
ресурсите што се користат за нивно добивање (влез (инпут)). Ефикасноста се мери према трошоците по
единица аутпут.
EFFICIENCY MEASURES 110 МЕРКИ НА ЕФИКАСНОСТ Овие мерки честопати се прикажуваат како единичен трошок на набавките за одреден предмет или услуги.
На пример, може да чини 10 долари да се направи една анализа на примерок на вода во лабораторија.
Исто така, постојат и пософистицирани начини на мерење на ефикасноста на трошоците по пат на “cost-
benefit” анализи. Едноставната верзија на овој поим би била констатацијата дека со еден милион долари
може да се купи една постројка за прочистување на вода која би опслужила 10.000 луѓе; или алтернативно,
за иста сума пари би можело да се купи 1.000 метри нови цевки со кои 20.000 луѓе во градот би можеле да
се снабдуваат со пречистена вода. Така да за ист износ на финансирање може да се опслужи два пати
поголем број на граѓани. Ние препорачуваме да се концентрирате на единечни трошоци кај поголемиот
број на програмски активности и да се обидете со cost/benefit анализа за капитални проекти.
END OUTCOMES КРАЕН ИСХОД/РЕЗУЛТАТ Видете под исход/резултат.
ENTITLEMENT PROGRAM, ПРОГРАМИ ЗА „СТЕКНУВАЊЕ Секоја програма на трошење каде што трошоците се отворени (обично плаќања во вид на
DEMAND-LED PROGRAM НА ПРАВА“, ПРОГРАМИ СО трансфери/грантови (еднократна парична помош) и по која крајните корисници мораат да бидат исплатени
КОИ СЕ ПОТТИКНУВА или им се доделува трансфер/грант кога задоволуваат одреден критериум, дефиниран со законодавни или
ПОБАРУВАЧКАТА владини прописи. Некои од вообичаените примери се наоѓаат кај програмите за социјална заштита,
програмите за невработени и програми за намалување на сиромаштијата.
ESTIMATES SUBMISSION ПОДНЕСУВАЊЕ НА Се однесува на збир на документи што буџетските единици ги испраќаат до министерството за финансии
ПРОЦЕНКА за да се дефинираат (одредат) и поддржат нивните буџетски барања.
EUROPEAN UNION MEMBER ЗЕМИТЕ-ЧЛЕНКИ НА Европската Унија е резултат на еден процес на соработка и интеграција што започнува во 1951 година
STATES 114 ЕВРОПСКАТА УНИЈА помеѓу шест земји (Белгија, Германија, Франција, Италија, Луксембург и Холандија). Скоро по педесет
години, со четири бранови на проширување (1973: Данска, Ирска и Обединетото Кралство; 198: Грција;
1986: Португалија и Шпанија; 1995: Австрија, Финска и Шведска), Европската Унија денес брои 15 земју-
членки и се припрема за нејзино петто проширување, овој пат према источна и јужна Европа. Полска,
Унгарија, Чешката Република, Естонија, Словенија и Кипар кои водат преговори за пристапување од 1998
година. Бугарија, Романија, Словачка, Литванија, Латвија и Малта започнаа со слични преговори во 1999.
Турција е исто така кандидат.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.16/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

EVALUATION ЕВАЛУАЦИЈА (оценување) Евалуација (оценување) на една програма претставува детален преглед на економските, финансиските,
општествените и итн. влијанија на одредена програма или политичка иницијатива. Кумулативната
евалуација се врши во случаи кога програмата постои веќе некое време (екс пост евалуација) со намера да
се добие нејзината делотворност и да се оцени нејзината севкупна вредност. Формативната евалуација
обично се презема во текот на спроведувањето на програмата (преодна евалуација) со цел подобрување
на нејзината делотворност (успешност).
EVALUATION DESIGN ДИЗАЈНИРАЊЕ НА Тоа е логичен модел што се користи за донесување заклучоци за исходите преку евалуативна студија. При
ЕВАЛУАЦИЈАТА изборот на дизајнот на евалуацијата, оној кој ја врши евалуацијата во исто време мора да го одреди и
видот на информацијата што се добива, како и видот на анализа на која ќе се подвргне оваа информација.
EX ANTE CONTROL, A ЕКС АНТЕ КОНТРОЛА Претходно одобрување на одреден трошок. Налозите за плаќање и дополнителната документација се
PRIORI AUDIT (АПРИОРИ РЕВИЗИЈА) проверуваат за да се потврди дали трансакцијата е правилно одобрена, дали е законска и регуларна и
дали постојат средства во согласност со буџетот. Ваквите проверки може да ги врши централно надлежно
тело во рамки на министерството за финансии или некое ресорно министерство/агенција.
EX POST CONTROL, A ЕКС ПОСТ КОНТРОЛА Видете под ревизија.
POSTERIORI AUDIT (АПОСТЕРИОРИ РЕВИЗИЈА)
EXPENDITURES ТРОШОЦИ Изразот „трошоци“ понекогаш многу лесно се користи за да се прикажат исплатите во готови пари. Но
сепак, стриктната дефиниција е всушност трошок за набавени стоки и услуги, без обѕир на временскиот
момент на плаќање. Трошоци за набавки на стоки и улуги настануваат во моментот кога купувачите се
задолжуваат према продавачите, т.е. или во случај кога (a) сопственоста врз стоките и сулугите се
пренесува од продавачот врз новиот сопственик или во случај кога (б) испораките на стоките и услугите е
извршено на задоволство на купувачот.
EXPENSES 120 РАСХОДИ Во ВФС 2000, изразот „расходи“ се дефинира како збир на трансакциски активности со кои се намалува
нето вредноста во тек на пресметковниот период. Во расходовните трансакции спаѓаат надоместоци за
вработените, трансакции на користењето на стоките и услугите, потрошен фиксен капитал, расходи
сврзани со имот (камати и ренти), општествени бенефиции, субвенции, грантови и други трансакции, како
што се трансфери на непрофитните организации и надоместоци заради оштетувања или повреди.
Набавката на нефинансиски имот и трансакции на финансирање не се сметаат за расходовни
трансаскции.
EXTERNAL AUDIT НАДВОРЕШНА РЕВИЗИЈА Се однесува на ревизија што ја спроведува надворешно тело и независно од организацијата која се
ревидира, а чија цел е да се даде мислење и извештаи за сметките и финансиските извештаи на
организацијата, за законитоста и регуларноста на нејзините активности (работа), за нејзините постапки за
финансиско управување и за нејзината финансиска делотворност (ефикасност). Организациите што се
одговорни за надворешна ревизија на владините активности најчесто директно известуваат во
парламентот и често се нарекуваат ИВР (SAI - институции за врховна ревизија).

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.17/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

EXTERNAL DEBT 122 НАДВОРЕШЕН ДОЛГ Долг што им се должи на нерезиденти на дадената земја.
EXTRA-BUDGETARY ЕКСТРА-БУЏЕТСКИ Израз што општо се однесува на влдини активности што не се прикажани во годишниот буџет. Почесто,
FUNDS/ACCOUNTS (EBFS) ФОНДОВИ / СМЕТКИ ЕБФ/С-ки можат да бидат предмет на различни системи на управување врз паричните средства, контроли
и извештаи во однос на самиот буџет. Се користи широк спектар на екстра-буџетски аранжмани,
вклучително и посебни фондови (како што се фондови за социјална заштита) кои се формираат врз основа
на посебни закони, стокови фондови кои користат депозити од продажба на помош во натура и
одредување на приходи за посебни намени. Видете исто така и под екстра-буџетски трошоци.
FINANCIAL AUDIT, ФИНАНСИСКА РЕВИЗИЈА Види под ревизија.
REGULARITY AUDIT (РЕВИЗИЈА НА РЕГУЛАРНОСТ)
FINANCIAL CONTROL ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА Аспекти на интерна (или административна) контрола кои се однесуваат на финансиски прашања и учинок.
Види исто така и под внатрешна (административна) контрола.
FINANCIAL INSTRUMENT ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТ Секој договор со кој се добива финансиска добивка за еден субјект и финансиска обврска или инструмент
на капитал за друг.
FINANCIAL LEDGER SYSTEM СИСТЕМ НА ФИНАНСИСКИ Види под систем на главни книги.
КНИГИ
FINANCIAL MANAGEMENT ФИНАНСИСКО УПРАВУВАЊЕ Законски и административни системи и постапки кои се утврдени за да им се овозможи на владините
министерства и агенции да ги извршуваат нивните активности во обезбедување на правилно користење на
јавните средства, а кои ги задоволуваат дефинираните стандарди за интегритет, регуларност, ефикасност
и делотворност. Финансиското управување вклучува прибирање на приходи; управување и контрола на
јавните трошоци; финансиско сметководство и известување; управување со парични средства и во некои
случаи, управување со имотот.
FINANCIAL REPORTING 129 ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ Начин на пренесување на финансиски информации од страна на еден субјект (пр. влада, ресорно
министерство) према заинтересираните страни (пр. парламент, министерство за финансии). Ги опфаќа
сите извештаи што содржат финансиски информации обично врз основа на податоци што се наоѓаат во
финансискиот систем на сметководство и известување.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.18/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

FINANCIAL STATEMENTS ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ Претставуваат сметководствени извештаи што ги подготвува субјект што поднесува извештај за да
пренесе информации за неговите финансиски резултати и состојба. Во системот на сметководство
обично се подготвуваат извештаи за финансиската состојба или биланс на состојбата што го покажуваат
вкупниот приход (имот), обврските и нето вредноста; извештај за финансискиот учинок или оперативен
извештај (биланс на успешноста), што ги покажува приходите и расходите од тој период; како и извештај за
промената на нето вредностите, кој ги објаснува промените меѓу почетното и завршно салдо. Овие
извештаи се надополнуваат со извештајот за паричниот промет. Извештаите ги содржат оние податоции
табеларни прикази што со кои се појаснуваат или подетално објаснуваат ставките во извештаите. Слично
на тоа, аналитичката рамка во ВФС 2000 ги содржи следните табели: Активности на владата, што
претставува општо збир на трансакциите на владата во тек на пресметковниот период; Извештај за
останатите економски текови, со кој табеларно се покажуваат влијанијата, покрај трансакциите и на
владината финансиска состоајба и биланс на состојбите и извештај за изворите и искористувањето на
паричните средства.
FINANCING ФИНАНСИРАЊЕ Сите трансакции на финансиските приходи/имот и обврските со кои се балансира фискалниот дефицит
или суфицит. Во поширока смисла, тоа се парични средства врз основа на кои владата стекнува
финансиски средства за цели на спроведување на нејзините политики, програми и проекти.
FISCAL DEFICIT ФИСКАЛЕН ДЕФИЦИТ Видете под дефицит.
FISCAL POLICY RULES ПРАВИЛА НА ФИСКАЛНАТА Постојаните ограничувања на фискалната политика, што обично се дефинираат во контекст на показател
ПОЛИТИКА на целокупниот фискален учинок, како што се односите меѓу дефицитот и БДП, но и задолжувањата и
БДП. Во контекст на тоа се и правилата дефинирани во Договорите од Мастрихт и Амстердам.
FISCAL SUSTAINABILITY ФИСКАЛНА ОДРЖЛИВОСТ Се однесува на проценка на макроекономските фактори и пресметката/буџетот во контекст на такви
фактори и трендови на односи, како што се долгови во однос на БДП, даночни приходи во однос на БДП и
трошоци во однос на БДП, како и на нефинансирани социјални обврски и видови и опсег на дефицитот.
FISCAL TRANSPARENCY 135 ФИСКАЛНА Претставува политика на обезбедување на информации до јавноста за организацијата на владата, за
ТРАНСПАРЕНТНОСТ економските и финансиски цели на нејзината политика, за нејзините финансиски прогнози и за сметките на
јавниот сектор. Тоа вклучува лесна пристапност до сигурни, целосни, правовремени, разбирливи и
меѓународно споредливи информации за владините активности – вклучително и тие активности кои се
преземени надвор од владиниот сектор – така што изборното тело, законодавството и финансиските
пазари можат правилно да ја проценат владината моментална и идна финансиска состојба.
FISCAL YEAR ФИСКАЛНА ГОДИНА Редовен годишен пресметковен/буџетски период за кој се утврдуваат приходи и расходи и за кои се
изработуваат пресметки, исклучувајќи било кои дополнителни периоди во тек на кои книгите не се
заклучуваат и по почетокот на наредната фискална година.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.19/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

FIXED ASSETS ФИКСНИ ПРИХОДИ/ИМОТ Трајни добра покрај земјиште, минерални наоѓалишта, шуми и слични материјални добра што не се
репродуцираат, што ги користат резидентните индустрии за производство, произведувачи на владини
услуги за цивилни цели и произведувачи на приватни непрофитни услуги за домаќинствата, вклучувајќи ги
и станбените објекти каде што живеат сопствениците, трајни семејни станови за воениот персонал,
расплодна стока и млечна стока.
FLOAT 138 (ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ВО Издадени но ненаплатени чекови. Износот на “пливачките средства” е изразен во разликата меѓу вкупните
ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ) чекови издадени од страна на државната каса и вкупните наплатени чекови како што е прикажано во
евиденцијата на државната каса (банкарска сметка). Ако “пливачките средства” може да се утврдат, треба
да се прикажат како ставка за порамнување на вкупните трошоци. Исто така, се прикажува и како „ставка
во транзит“ (преодна ставка). Изразот “пливачки средства” понекогаш се користи и за обврски кои одма не
мораат да се исплатат (пр. фактури што се евидентирани пред последниот рок во кој можеле да бидат
исплатени, а да не отпочне пресметувањето на затезните камати).
FLOATING DEBT ФЛОТАНТЕН (ПЛИВАЧКИ) Износ на задолжувања, покрај договорните задолжувања со фиксен рок што владата ги направила за стоки
ДОЛГ и услуги што се примени но сеуште ненаплатени. Тоа е всушност акумулација на неисплатени сметки. (Во
некои земји, овој термин се однесува и на неконсолидиран дел на владин краткорочен долг).
FOREIGN DEBT НАДВОРЕШЕН ДОЛГ Видете под надворешен долг.
FORMULA GRANTS ГРАНТОВИ (неповратни Грантови по формули се средства што од едно ниво на власта се распределуваат на други нивоа врз
парични средства) ПО основа на утврден критериум, користејќи фактори како што се документираните потреби за доход по глава
ФОРМУЛИ на жител, фискални или даночни активности на локалните власти итн.
FORWARD COMMITMENTS, ИДНИ ДОГОВОРНИ ОБВРСКИ Договорните обврски што се однесуваат на период подолг од една година (пр. договори за
MULTI-YEAR COMMITMENTS (ПОВЕЌЕГОДИШНИ инфраструктурни проекти). Успешното надгледување на идните договорни обврски е од големо значење за
142 ДОГОВОРНИ ОБВРСКИ доброто планирање на пресметката/буџетот, како и контрола на трошоците. Голем број на земји во буџетот
вклучуваат одобренија за идни договорни обврски.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.20/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

FRAUD ИЗМАМА Најтешка форма на нерегуларност. Во однос на трошоците, опфаќа секаков вид на намерни дејанија или
пропусти што се однесуваат на:
 Употреба или презентирање на невистинити, неточни или непотполни изјави (извештаи) или
документи, што како последица има погрешна распределба на средства или неоправдано задржување
на средства.
 Необјавување на информации што се во спротивност со посебните одредби, а со иста последица како
во претходниот случај.
 Примена на средства за намери покрај тие за кои првенствено биле и наменети, а со иста последица
како во претходниот случај.
Во однос на приходите, опфаќа секаков вид на намерни дејанија или пропусти што се однесуваат на:
 Употреба или презентирање на невистинити, неточни или непотполни изјави (извештаи) или
документи, што како последица има незаконско смалување на буџетските средства.
 Необјавување на информации што се во спротивност со посебните одредби, а со иста последица како
во претходниот случај.
 Недозволена примена на со закон стекнати бенефиции, а со иста последица како во претходниот
случај.
FULL COSTS ВКУПНИ ТРОШОЦИ Збир на сите трошоци на една програма или активност, вклучувајќи го и трошокот на фиксниот капитал,
тековните трошоци и трошоци на активностите што се однесуваат на програмата, но што ги извршуваат
други субјекти покрај субјектот што е одговорен за програмата.
FULL-TIME EQUIVALENT РАБОТНИ МЕСТА СО „ПОЛНО Бројот на работни места што се финансираат врз основа на бројот на работни дена за цела година.
POSITIONS (FTE) РАБОТНО ВРЕМЕ“
FUNCTIONAL ФУНКЦИОНАЛНА Класификација на трансакцијата на трошоците (како и трошоците) и набавките/расходувањата на
CLASSIFICATION КЛАСИФИКАСЦИЈА финансискиот имот, за цели на политиката, во согласност со намерата заради што и трансакцијата се
прави. Функционалната класификација е независна од административните организации или единици што
ги извршуваат активностите или трансакциите. Стандардниот систем на Класификација на функциите на
една влада (КОФОГ - COFOG), што е востановена од Обединетите Нации има за цел создавање на основа
за меѓународни споредби и за подготовка на сметки на доходите што би биле во согласност со
методологијата на Системот на национални сметки (СНС).
GENERAL FUND 147 ОПШТ ФОНД Се однесува на сметка на која се депонираат поголемиот број на даночни приходи и од која се исплаќаат
поголем број на тековни трошоци за владините активности. Таа треба да се стави спроти фондовите со
посебна намена, фондовите за претприемништво,фондовите на доверители и фондовите надвор од
буџетот. Во контекст на Британскиот Комонвелт, општиот фонд се нарекува уште и консолидиран фонд.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.21/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

GENERAL GOVERNMENT ОПШТА ВЛАДА Според Системот на национални сметки, „општа влада“ претставува групирање на владини единици на
различни нивоа: централни, државни (во земјите со федерално уредување), нивоата со локални
надлежности и фондови за социјална заштита. Владините единици се единици кои, покрај тоа што ги
извршуваат нивните политички задачи и одговорности, во поставување на економски прописи, особено во
давање на јавни услуги за лична и колективна потрошувачка и распределба на доходот. Карактеристика
што ги дефинира владините единици е можноста да наметнуваат, директно или индиректно, даноци и
други давачки/такси за кои не постои целосен квид про кво (нешто за нешто-трансакции) врз другите
сектори настопанството. Исто така видете и под централна влада, локална власт, државна влада, под-
национална влада.
GENERAL LEDGER SYSTEM СИСТЕМ НА ГЛАВНА КНИГА Централниот(ите) систем(и) за спроведување на буџетот, сметководство и финансиски извештаи. Тој(тие)
систем(и) води евиденција за одобрените распределби и дополнителни распределби; за преносите; за
издавање на средства. (поделба/распределба, давање одобренија, планови на трошење итн.); за
договорните обврски, за пресметани трошоци и исплати во однос на пресметковни алокации
(распределби) и за издавање на средства. Системот на главната книга вклучува и евиденција на
приходите, задолжувања и други обврски, финансиски имот и за други финансиски трансакции (како што се
трансакции помеѓу владини агенции). Исто така видете и под владини информатички системи за
финансиско управување.
GENERAL PURPOSE ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ СО Финансиски извештаи чија намена е да ги задоволи информациските потреби на општите корисници.
FINANCIAL REPORTS ОПШТА НАМЕНА
GENERALLY ACCEPTED ОПШТО ПРИФАТЕНИ ОПСП кои во Обединетото Кралство се нарекуваат „тактики“ претставуваат сметководствени начела или
ACCOUNTING PRINCIPLES СМЕТКОВОДСТВЕНИ принципи што настанале со консезус на стручњаци и институции од сметководствената професија. Во
(GAAP) ПРИНЦИПИ голем број на земји тие сметководствени начела и принципи ги пропишува владата, по извршени
консултации со стручњаци и со професионални институции за комерцијално сметководство. Во некои
земји-членки на ЕУ (пр. Франција), „општиот сметководствен план“ ја дефинира општата структура на
контниот план и поврзаните сметководствени начела.
GENERATIONAL ГЕНЕРАЦИСКО Сметководствениот систем што се користи за да се проценат дистрибутивните импликации врз фискалната
ACCOUNTING 152 СМЕТКОВОДСТВО политика за различни поврзани групи. Тоа се постигнува така што се проценува моменталната вредност на
нето даночните исплати (исплатени даноци намалени за добиени бенефиции) во тек на животниот век на
различни генерации што се предмет на моменталните даночни политики и политиката на потрошувачка.
Генерацијата се дефинира како збир на сите мажи и жени (кои се бројат одвоено, заради различни
даночни и бенефициски профили) родени во иста година. Таа техника е потребна во смисла на тоа што
податоците и резултатите зависат од голем број на поедноставени претпоставки. Општо земено, се смета
за дополнителна техника во анализата на одржливоста на фискалната политика, како и на анализата на
прашањето на дистрибуција помеѓу генерации.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.22/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

GOALS AND OBJECTIVES ОПШТИ И ПОСЕБНИ ЦЕЛИ Двата термини се користат за да се опишат саканите, мерливи резултати што треба да се постигнат со
помош на владина програма или нејзини активности. „Општите цели“ обично се однесуваат на поопшти
резултати за кои може да бидат потребни неколку години за да се постигнат и честопати во себе
вклучуваат голем број на лица, активности, процеси и достигнувања. „Посебните цели“ се однесуваат на
нешто поконкретни резултати, обично тие што може да се измерат (време, трошок, број, квантитет), а кои
обично можат да се постигнат во кратки временски периоди и честопати претставуваат преодни чекори за
постигнување на поопшти цели.
GOING CONCERN КОНТИНУИТЕТ НА Се однесува на способноста на организацијата да ги исплаќа нејзините долгови според нивно доспевање.
ДЕЛОВНОСТ Организација што во тоа успева поседува континуитет на деловност. Една од главните претпоставки што
се однесуваат на општата подготвеност на финансиските извештаи е континуитет на деловност.
GOVERNANCE ПОЛИТИЧКО УПРАВУВАЊЕ Политичкото управување е спроведување на политичката моќ при раководоењето со работите на една
нација. Доброто политичко управување (анг. sound governance) вклучува во неговите составни елементи
политичка одговорност; слобода за здружување и учество; сигурна и праведна законска рамка;
транспарентност, делотворно и ефикасно управување со јавниот сектор.
GOVERNMENT ВЛАДА Генерички израз кој се применува за сите инструменти на јавните надлежности на секое територијално
подрачје или негови делови, што се воспоставени со помош на политички процеси, мотивирани од јавниге
(општите) цели во економските, општествените и политичките сфери, примарно што се ангажирани во
обезбедување на јавни услуги што се разликуваат по карактерот, трошоците и изворите на финансирање
од активностите што се вршат во другите сектори. Општата влада е комбинација на сите владини единици
што работат внатре во земјата, а се состојат од: (1) централна влада; (2) државна, провинциска или
регионална влада; (3) локална влада вклучително и општини, школски одбори итн.; и (4) фондови за
социјално осигурување и социјална помош кои се класифицирани или како посебен подсектор во состав
на општата влада или како дел на ниво на власта каде работат. Нефинансиските јавни претпријатија и
јавните финансиски инстируции не се дел од општата влада. (Видете исто така и под: поднационална).
GOVERNMENT FINANCE ВЛАДИНИ ФИНАНСИСКИ ВФС ги издава Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ). Верзијата за 2000 година ги содржи измените на
STATISTICS 157 СТАТИСТИКИ (ВФС) поранешната верзија што е публикувана во 1986 година, пр. измени во врска со податоците што се
добиваат со промена на сметководствената основица. Се очекува ВФС 2000 да се издаде при крајот на
2000 или во текот на 2001 година.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.23/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

GOVERNMENT FINANCIAL ВЛАДИНИ ИНФОРМАТИЧКИ Информатичките системи што им помагаат на министерствата/агенциите ефикасно и делотворно да
INFORMATION СИСТЕМИ ЗА ФИНАНСИСКО управуваат со нивните програми и во согласност со законите. Централен дел на овие системи се
MANAGEMENT SYSTEM УПРАВУВАЊЕ постапките за сметководство и извештаи според кои се водат книги во кои се евидентира прометот на
средствата. Кај интегрираниот пристап, другите информатички системи мора да се сметаат како поддршка
на овие клучни сметководствени системи, така што ги поддржуваат стандардите на размена кај тие клучни
системи. Управувачките информатички системи го прават клучниот елемент во управувачката контрола и
сами по себе мора да бидат ефикасни и потрошувачко делотворни. Исто така видете и под систем на
главна книга.
GRANTS ГРАНТОВИ (ЕДНОКРАТНА Според ВФС грантовите се доброволни тековни или капитални трансфери помеѓу владините единици или
ПАРИЧНА ПОМОШ) меѓу мултинационални организации (пр. грант на Фаре). Покрај нив, доброволен трансфер на приватна
организација или поединци исто така честопати се нарекува грант.
GROSS FIXED CAPITAL БРУТО ФОРМИРАЊЕ НА Вредност на нови или постоечки трајни невоени добра, имот, постројки и опреми, што ги купила владата
FORMATION 160 ФИКСЕН КАПИТАЛ или се спроведени за сопствена сметка, намалена за вредноста на продажба на такви добра. Ги опфаќа
само тие добра што имаат нормален век на траење подолго од една година и со вредност над
специфицираниот минимум. Промените во владините резерви или инвентар се вклучени во формирање на
капиталот. Трошењето на фиксниот капитал (амортизација) се одзема од бруто формирање на фиксниот
капитал за да се измери нето формирањето на фиксниот капитал.
IMPACT ВЛИЈАНИЕ Изразот „влијание“ честопати се користи како синоним за изразот „краен резултат “. „Нето влијание“ на
одредена програма ги опишува крајните резултати што навистина можат да се припишат на таа програма.
Тоа не ги опфаќа ефектите на факторите што се надвор од програмата и се проценуваат по пат на методот
на евалуација. „анализа на влијание“ се однесува на проценката на ефектот на една програма или
политички иницијативи врз своето опкружување (пр. Студија на влијанието врз животната средина) или го
покажува степенот до кој таа програма навистина ги дала саканите ефекти на корисникот на програмата.
IMPREST FUND НАМЕНСКИ ФОНД Фонд со фиксен износ или благајнички пари што се во вид на валутни пари, владини чекови или банкарски
сметки, а што се дадени авансно како „средства што се држат надвор од државна каса“ и што се теретат на
одредена сметка во корист на овластен благајник за исплата. Фондот може да биде од обртен (револвинг)
вид, што значи дека се надоместува до фиксниот износ во текот на трошење односно користење, но може
да биде и од стационарен вид.
INPUTS ИНПУТИ Ресурси што се користат за производство на аутпут-резултати. Влезовите (инпут) обично се изразуваат
(ВЛЕЗОВИ/ВЛОЖУВАЊА) како збир на трошоци или на самите ресурси (пр. број на вработени/денови). Влезот (инпут) за одредена
активност може да биде излез (аутпут) од некоја претходна активност.
INSTITUTION 164 ИНСТИТУЦИЈА Понекогаш се користи како синоним за термините „организација“ или „тело“, пр. министерство или владина
канцеларија/служба. Сепак, терминот се користи се почесто во друга смисла, за да се опишат формалните
и неформалните правила со кои се утврдува однесувањето, како и примената на овие правила.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.24/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

INSTITUTIONAL SECTOR ИНСТИТУЦИОНАЛЕН СЕКТОР Институционалниот сектор е група на институционални единици со слични карактеристики во однсувањето
(пр. Општ владин сектор).
INSTITUTIONAL UNIT ИНСТИТУЦИОНАЛНА Во СНА и ГФС 2000, институционалната единица е субјект што може да поседува имот, создава обврски и
ЕДИНИЦА делува во сопствено име во однос на финансиски и економски прашања. Се разликуваат три вида на
владини единици:
Административни единици на централните, државните или локалните влади, вклучувајќи ги и
надворешните пресметковни (буџетски) фондови.
Фондови за социјална заштита.
Непазарни, непрофитни организации што ги контролира и претежно финансира владата.
INTERNAL AUDIT ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА Се однесува на ревизија што го спроведува одделение или единица во состав на министерство или друга
владина организација, на кого управата му доделила задача да врши проверка на системите и постапките
во организацијата за да се намалат можностите за грешки, измама и појава на неефикасни практики.
Единиците за внатрешна ревизија мора да бидат функционално независни во рамки на организацијата што
се ревидира и да ја известуваат директно управата на организацијата.
INTERNAL CHALLENGE ФУНКЦИЈА НА ИНТЕРЕН Структурен процес според кој се бара од персоналот, кој го врши прегледот на сметки, за да ги оправдаат
FUNCTION ПРЕДИЗВИК нивните препораки што се однесуваат на нивоата на финансирање за потрошувачките агенции во контекст
на програмски анализи, вклучувајќи го и односот на програмските достигнувања со целите и можни
алтернативни начини за постигнување на истите општи или посебни цели.
INTERNAL RATE OF RETURN ВНАТРЕШНА СТАПКА НА Дисконтна стапка што би дала нула за нето моменталната вредност преку инвестирање. Исто така видете
ПОВРАЌАЈ (ВСП) под дисконтирање и нето моментална вредност.
INTERNAL, MANAGEMENT ВНАТРЕШНА Се дефинира како „организирање на политиките и постапките што се користат за да се обезбеди, со
CONTROL 170 (АДМИНИСТРАТИВНА) владините програми да се постигнат саканите резултати; ресурсите што се користат во тие програми да
КОНТРОЛА бидат во согласност со поставените цели на предметната организација; програмите да бидат заштитени од
губитоци, проневери и лошо управување и да се на располагање сигурни и правовремени информации,
што се користат при известувањата, поддршка и донесување на одлуки“ (ИНТОСАИ). Во практиката,
системите на внатрешните контроли опфаќаат широк спектар на специфицирани постапки, вклучувајќи, на
пример, контроли во сметководство, процеси, набавки, поделба на должностите и во финансиските
извештаи. Системите на административните контроли бараат делотворна комуникација внатре во
организациите и мораат да бидат поддржани со добри постапки на внатрешната ревизија. Одговорност на
управата на организацијата е да формира и да ги надгледува системите на внатрешната контрола, а не на
надворешен ревизор. Сепак, надворешен ревизор треба да даде коментар на недостатоците или на
адекватноста на такви системи, затоа што како резултат на постоењето на добра внатрешна контрола
нема да биде потребно да се врши детална ревизија на поединечни документи и трансакции. Исто така да
се види и под сметководствена контрола, административна контрола и финансиска контрола.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.25/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

INVENTORY ИНВЕНТАР Стоки, друг имот и услуги што се:


 користат во тек на редовниот тек на операции.
 наоѓаат во процесот на производство со намера да се продадат.
Или што се користат во производство на стоки, друг имот или услуги, вклучително и потрошни резерви и
инвентар, но не го вклучуваат имотот што се амортизира.
LEAST-COST ANALYSIS АНАЛИЗА НА НАЈНИСКИТЕ Вид на анализа со која се споредуваат проектите и програмите што имаат заеднички крајни резултати или
ТРОШОЦИ заеднички излези (резултати) (аутпут). Анализа на најниските трошоци се користи за да се споредат
алтернативите за кои се дефинирани главните излези (аутпут) икрајни резултати, но кои не се
квантитативно одредени.
LEGITIMACY ЛЕГИТИМИТЕТ Легитимност значи, носителите на одлуки што можат да ја менуваат политиката за време на
спроведувањето мораат да учествуваат во донесување на одлуки и да се согласат со политичката одлука,
било таа да е донесена за време на процесот на подготовка на буџетот или во некој друг период.
LENDING MINUS ПОЗАЈМУВАЊЕ НАМАЛЕНО ЗА Видете под трансакции со финансиски имот за политички цели.
REPAYMENTS ОТПЛАТИ
LIABILITY ОБВРСКИ Губитокот на потенцијал за давање услуги или идни економски бенефиции, што субјектот мора
моментално да ги наметне врз други субјекти како резултат на претходни трансакции. Обврските мораат
да бидат утврдени и дадени во извештајот за имот и обврските, само кога е сигурно дека ќе дојде до иден
губиток на потенцијалот за давање услуги или идни економски бенефиции и кога вредноста на обврските
може да се измери.
LINE-ITEM CLASSIFICATION КЛАСИФИКАЦИЈА ПО Видете под: класификација по предмети.
ЛИНИСКИ СТАВКИ
LOCAL GOVERNMENT, ЛОКАЛНА ВЛАДА (ИЛИ Локалната влада е збир на јавни тела со овластувања врз поголемиот дел на територијата на земјата. Таа
LOCAL AUTHORITITES ЛОКАЛНИ НАДЛЕЖНОСТИ) е трето ниво во земјите со федеративно уредување или второ и трето ниво во земји со унитарно
уредување (региони, жупании, општини итн.). За да постои како посебен субјект, локалната влада мора да
има овластувања да ги извршува должностите независно од другите нивоа на општата влада. Исто така
видете и под централна влада, општа влада, државна влада и поднационална влада.
MACROECONOMIC МАКРОЕКОНОМСКА Прогноза, обично за период од неколку години, проектирани услови и развој на стопанството на една
FORECAST 178 ПРОГНОЗА земја. Прогнозата може всушност да се состои од неколку прогнози со опсег на резултати што се засноваат
на различни претпоставки.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.26/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

MACROECONOMIC МАКРОЕКОНОМСКА РАМКА Среднорочната макроекономска рамка обично го вклучува платниот биланс на реалниот сектор (или
FRAMEWORK производниот сектор), фискалните сметки и монетарниот сектор. Таа е инструмент со кој се проверува
конзистентноста на претпоставките или проекциите што се однесуваат на економскиот пораст, фискалниот
суфицит или дефицит, платниот биланс, инфлации, кредитниот пораст и учеството на приватниот и
јавниот сектор во тој пораст, политиката на надворешното задолжување итн.
MANDATORY PROGRAMS МАНДАТОРНИ ПРОГРАМИ Мандаторна потрошувачка е потрошувачка што е одобрена и обврзна во согласност со одредени законски
прописи. Тоа може да се промени само со усвојување на нов закон.
MARGINAL RETURN ГРАНИЧЕН ПОВРАЌАЈ Разлика во нивото на продуктивност или излезите (аутпут) што произлегува од потрошувачката на
дополнителни средства преку тековната основица на одредена програма.
MARKET TESTING 182 ИСПИТУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ Процес во кој владините министерства/агенции проценуваат дали услугите за кои тие се надлежни можат
да ги обезбедат компаниите од приватниот сектор наместо да останат во рамки на јавниот сектор. Овој
пристап на „испитување на пазарот“ стана популарен во Велика Британија во текот на 80-те кога се
проценуваше дали владините активности треба да се спроведуваат со склучување на договори или со
приватизација.
MEDIUM-TERM BUDGET СРЕДНОРОЧНА Рамка во која се вклучени проекциите на владините расходи и приходи во тек на среднорочен период
FRAMEWORK (MTBF) ПРЕСМЕТКОВНА/БУЏЕТСКА (обично од 3 до 5 години). Во проекциите на расходите може да бидат прикажани разни нивоа, во
РАМКА зависност од контекстот на земјата. Некои земји имаат востановено повеќегодишни пресметковни/буџетски
процеси. Во тие земји, повеќегодишните проценки се концентрираат на постоечките политики и стануваат
основа за пресметковни преговори во следните години на буџетот. Во други земји, со нив само се
обезбедуваат дополнителни информации за планирање. Општо земено, повеќегодишните проценки се
померуваат за една година нанапред, така да уште една година се додава на крајот на периодот.
MEDIUM-TERM СРЕДНОРОЧНА РАМКА ЗА Компонента на јавните расходи во рамки на среднорочна пресметковна/буџетска рамка. Исто така видете и
EXPEDNITURE FRAMEWORK РАСХОДИ под среднорочна пресметковна/буџетска рамка.
(MTEF)
MISSION МИСИЈА Широка изјава за највисоките општи и посебни цели на организациите или програмите.
MODIFIED ACCRUAL МОДИФИЦИРАНА Видете под сметководствена основица.
ACCOUNTING ПРЕСМЕТКОВНА ОСНОВИЦА
MODIFIED CASH МОДИФИЦИРАНА Видете под готовинска основица на сметководство.
ACCOUNTING ГОТОВИНСКА ОСНОВИЦА НА
СМЕТКОВОДСТВОТО
MONETARY FINANCIAL МОНЕТАРЕН ФИНАНСИСКИ Имот (приход) и обврски што треба да се примат или платат во фиксен износ или износ што може да се
188ASSETS AND LIABILITIES ИМОТ/ПРИХОДИ И ОБВРСКИ одреди.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.27/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

MTFF) (MEDIUM-TERM СРЕДНОРОЧНА ФИСКАЛНА Агрегатни проекции на приходите, расходите и финансирањата за период што го пречекорува
FISCAL OR FINANCIAL (ИЛИ ФИНАНСИСКА) РАМКА среднорочниот. Исто така видете и под среднорочна пресметковна/буџетска рамка.
FRAMEWORK
MULTI-YEAR BUDGET, ПОВЕЌЕГОДИШЕН БУЏЕТ, Видете под среднорочна пресметковна/буџетска рамка.
MULTI-YEAR ESTIMATES 190 ПОВЕЌЕГОДИШНИ ПРОЦЕНКИ
NET FIXED CAPITAL НЕТО ФОРМИРАЊЕ НА Видете под бруто формирање на фиксен капитал.
FORMATION ФИКСЕН КАПИТАЛ
NET LENDING / BORROWING НЕТО ПОЗАЈМУВАЊЕ (НА Нето позајмувањето на други и од други во ГФС 2000 и во ЕСА 95 се дефинирани како нето зголемување
ДРУГИ И ОД ДРУГИ) на финансиските приходи (имот) намалено за нето зголемување на настанатите обврски. Исто така може
да се пресмета и како нето оперативно салдо зголемено за нето набавка на капитален имот. Исто така
видете и под позајмување намалено за отплати.
NET OPERATING BALANCE НЕТО ОПЕРАТИВНО САЛДО Едно од клучните салда во табелата на владините активности што се подготвува во согласност со
методологијата во ГФС 2000. Се дефинира како приходи намалени за трошоците или како промена во нето
вредноста на трансакциите.
NET PRESENT VALUE 194 НЕТО МОМЕНТАЛНА Нето вредност на збирните трошоци и бенефиции по извршеното дисконтирање за одреден период.
ВРЕДНОСТ НМВ Најчесто се применува на трошоци и бенефиции од изградбата и користење на предложена капитална
инвестиција за времетраење на нејзиниот век. Дисконтирано за година во која изградбата би требало да
отпочне. Исто така видете и под дисконтирање.
NET WORTH НЕТО ВРЕДНОСТ Нето вредност е разликата меѓу вредноста на целокупниот имот (приходи) и сите обврски во одреден
временски период. Тоа претставува избалансирана ставка во билансот на состојбата.
NON-DISCRETIONARY НЕДИСКРЕЦИОНИ ПРОГРАМИ Недискрециони програми е термин што се однесува на програми чие трошење е одобрено во согласност
PROGRAMS со одредени законски прописи. Тие може да се променат само со усвојување на нов закон. Видете под
мандаторно трошење.
NON-FINANCIAL ASSETS 197 НЕФИНАНСИСКИ ИМОТ Имот во кој спаѓаат:
Имот настанат како резултат на процес на производство. Тука спаѓаат фиксниот имот и инвентарот. Во
владиниот сектор, имотот се класифицира како згради и градежни објекти, машини и опрема, култивиран
имот и нематеријален фиксен имот.
„Непроизводен имот“ што се јавува и во друг облик во процесот на производство. Може да се јави како
природен (пр. водени ресурси) или може да настанат со посредство на законски или сметководствени
активности (пр. Сопственички права на дел од електромагнетниот спектар).

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.28/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

NON-FINANCIAL PUBLIC НЕФИНАНСИСКИ ЈАВЕН Општиот владин сектор плус нефинансиските јавни претпријатија. Нефинансискиот јавен сектор ги
SECTOR СЕКТОР исклучува, односно не ги вклучува претпријатијата од финансискиот сектор затоа што консолидацијата со
јавните финансиски институции ќе ги елиминира статистичките податоци за финансиските барања на
општата влада и нефинансиските јавни претпријатија, што ги задоволува централната банка и другите
банки што се сопственост или под контрола на владата.
OBJECT CLASSIFICATION КЛАСИФИКАЦИЈА ПО Група на расходи со кои се определуваат посебни видови на стоки или услуги што се набавуваат или
ПРЕДМЕТИ трансфери на плаќања што се вршат во рамки на одредена програма или активности. Овој концепт често
се нарекува и класификација „според линиски ставки“.
OBLIGATION 200 ОБЛИГАЦИЈА Воглавно се однесува на договорни обврски, реални или потенцијални. Понекогаш се користи и со потесно
значење и се однесува на договорни обврски.
OBLIGATION-BASED BUDGET БУЏЕТ ВРЗ ОСНОВА НА Буџет кој во себе вклучува и распределба врз основа на облигации. Такви распределби даваат право да се
ОБЛИГАЦИИ создаваат договорни обврски со трети страни и да се вршат плаќања во согласност со тие договорни
обврски, а при тоа да не се утврдува временско ограничување. Таквите распределби имаат сопствени
животни циклуси и не се ограничени на една година. Овој систем повеќе не се користи за сите видови на
расходи, но може да се користи за посебни програми (пр. во САД).
OFF-BUDGET TRANSACTION, ВОН-БУЏЕТСКИ ТРАНСАКЦИИ Терминот „вон-буџетски“ (анг. off-budget) честопати се користи со поинакво значење во однос на терминот
ACTIVITY (АКТИВНОСТИ) надвор од буџетот“ (анг. extra-budgetary). Трансакција надвор од буџетот е таа што ја вршат
потрошувачките агенции или ресорните министерства чии трансакции би требало да бидат содржани во
буџетот (пр. Кога со „со посебен фонд“ се распределуваат приходите што ги стекнува министерството, а
што не одат во централната банка или министерството за финансии и се користат како дополнителни
исплати за вработените или за други цели). Надвор од буџетскиот фонд (што се уредува со посебен закон)
се подразбираат трансакции, кои по нивната дефиниција се надвор од буџетот. Исто така видете и под
фондови/сметки надвор од буџетот.
OPERATING ACTIVITIES ОПЕРАТИВНИ АКТИВНОСТИ Аактивности што се однесуваат на набавки на стоки и услуги.
OPERATIONAL STATEMENT ОПЕРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ Финансиски извештај со кој се покажуваат за фискалната година или некој друг финансиски период,
вкупните трошоци настанати со искористување на средства од страна на министерствата/агенциите во
постигнување на нивните цели; опсег на сите надоместоци на трошоци (пр. Преку кориснички
надоместоци); како и сите оперативни приходи од независни извори и приходи од владата. Тоа е всушност,
биланс на успехот.
OPTION PAPERS 205 ДОКУМЕНТИ ЗА Документи за опции/можности се документи кои честопати во себе содржат анализи на прашања,
ОПЦИИ/МОЖНОСТИ алтернативни текови на активности, предности и недостатоци на тие алтернативи, дополнителни
информации и податоци, како и препораки.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.29/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

ORGANIC BUDGET LAW ОСНОВЕН ЗАКОН ЗА БУЏЕТ Закон со кој се уредува временскиот распоред и постапките според кој буџетот треба да биде подготвен,
(OBL) одобрен, реализиран, евидентиран и според кој се поднесуваат завршни сметки за одобрување. Во некои
земји, ОЗБ има предност врз други финансиски закони пр. за сметководство, управување со долг,
внатрешна контрола, финансирање на локалните власти итн. Со законот се утврдуваат и овластувањата и
одговорностите во процесот на подготовката, управувањето и реализирањето на годишниот буџет. Исто
така, честопати се нарекува и „закон за буџетски систем“.
ORGANISATION FOR ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ОЕЦД опфаќа 30 земји што го применуваат принципот на пазарно стопанство, плуралистичка демократија
ECONOMIC CO-OPERATION ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА И и почитување на човековите права. Првите 20 членки на ОЕЦД беа земјите од Западна Европа и Северна
AND DEVELOPMENT (OECD) РАЗВОЈ (ОЕЦД) Америка (Австрија, Белгија, Канада, Данска, Франција, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Италија,
Луксембург и Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Обединетото
Кралство и САД). Подоцна се придружуваат Јапонија, Финска, Австралија и Нов Зеланд. Во поскоро време
се придружуваат уште и Мексико, Чешката Република, Унгарија, Полска и Кореја). Во септември 2000
година, ОЕЦД ја повика Република Словачка да стане нејзин 30-ти член.
OUTCOME EVALUATION ЕВАЛУАЦИЈА (оценување) НА Со овој вид на евалуација се оценува опсегот до кој со одредена програма се постигнуваат одредени
ИСХОД резултати. Со неа се фокусира на исходите (вклучително и несаканите ефекти) за да се оцени
делотворноста, но може да се оцени и програмскиот процес. Видете исто така и под влијание.
OUTCOMES 209 ИСХОДИ/РЕЗУЛТАТИ Економски или социјални промени заради преземени мерки во рамки на некои политики, програми или
активности. Исходите се разликуваат од резултатите, со кои се мерат моменталните ефекти од порграмите
или активностите. На пример исходот на кампањата на алко тестирањата што ги спроведува полицијата
може да биде намалување на возење во алкохолизирана состојба, додека еден од резултатите може да
биде бројот на возачи каде што е регистрирана поголема количина на алкохол отколку што е дозолено.
Програмите честопати имаат два вида на исходи : (i) Крајни исходи кои претставуваат сакани или
ултимативни исходи кои програмата или активностите тежнееат да ги постигнат; (ii) Преодни исходи од кои
се очекува да доведат до саканата цел, но сами за себе не претставуваат цел. Исто така видете и под
влијание, резултат (аутпут), показатели на учинок, мерење на учинок.
OUTLAY РАСХОДИ Се однесува на расходите на владата.
OUTPUT BUDGETING 211 ПЛАНИРАЊЕ НА Тоа е буџетски систем со кој се поврзуваат распределбите со одредени резултати. Најчесто, при овие
РЕЗУЛТАТИТЕ (АУТПУТ планирања, распределбите се мерат по основ на настанување, наместо вообичаената готивнска основа, а
раководителите се одговорни, резултатите (аутпут) да ги дадат во согласност со „договорите“ што се
усогласени со министрите. До неодамна, таков пресметковен систем беше спроведен во само една од
земјите-членки на ОБСЕ (Нов Зеланд), иако некои држави, како што е Обединетото Кралство, се во тек на
такво спроведување на таков пресметковен систем кој во себе би содржел одреден број на слични
карактеристики. Исто така видете и под планирање на буџетот

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.30/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

OUTPUTS ИЗЛЕЗНИ РЕЗУЛТАТИ Производи или услуги што директно произлегуваат од програмата или активностите. Резултатите (аутпут)
се значајни, пр. при поставување цели што персоналот треба да ги оствари и при мерење на учинок, но
самите не покажуваат опсег до кој е постигнат напредок кон постигнување на крајната цел на програмата.
Во зависност од нивната природа, излезите (аутпут) можат, но и не мора, да бидат лесно мерливи , пр.
број на болнички случаи е полесно да се измери од квалитетот на советите во врска со прашања од
областа на политиката што ја дал здравствениот службеник во надлежното ресорно министерство.
OUTTURN РЕАЛИЗАЦИЈА Стварни приходи и расходи.
PAYMENT ORDER НАЛОГ ЗА ПЛАЌАЊЕ Налог за извршување на плаќање на сметки или фактури, што ги подготвуваат службениците на ресорните
министерства, други корисници или министерството за финансии.
PENSION FUNDS, FUNDED ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ Организации што се востановени за обезбедување на придоноси, врз основа на пензионирање за
TYPE (ФИНАНСИСКИ ВИД) одредена група на вработени. Тие имаат нивни сопствени приходи и расходи и учествуваат во финснсиски
трансакции на пазарот за сопствена сметка. Ваквите пензиски фондови се вклучени во пензискиот сектор.
PERFORMACE AUDIT 216 РЕВИЗИЈА НА УЧИНОКОТ Види под ревизија.
PERFORMACE INDICATORS ПОКАЗАТЕЛИ НА УЧИНОКОТ Учинокот може да се следи или проценува со помош на мерки или показатели. Со мерките се врши
(ИЗВЕДБАТА) директна евиденција на влезовите, резултатите и исходите (пр. број на полициски патроли што се
извршени во даден период претставува мерка на резултатот). Показателите се користат како релативни
показатели кога е тешко или скапо да се одредат директните мерки (пр. уличната цена на илегалната
дрога е показател од исходот на програмата за борба против дрога). Во практиката, термините „мерки“ и
„показатели“ честопати се користи наизменично. „Показателите на мерки“ можат да се користат за оценка
на влезовите, процесите, излезите (резултатите) и исходите. Видете исто така и под мерење на учинок.
PERFORMANCE BUDGETING ПЛАНИРАЊЕ ПО УЧИНОК Планирањето по учинок претставува клсификација на владините трансакции по функции и програми во
согласност со целите на владината политика (општи и посебни); востановување на показатели на учинокот
за секоја програма и активност; како и пресметка на трошоците од тие активности и дадените резултати.
Термините „планирање по учинок“ и „програмско планирање” честопати се користат наизменично, иако
програмското планирање може исто така да се дефинира и како вид на планаирање по учинок со што се
става поголем нагласок на програмската класификација во согласност со целите на владината политика и
на потребата да се спроведе ефикасна алокација/распределба на средствата. Во ниедна земја не е
воспоставен потполн систем на планаирање по учинок, во најголема мерка заради големите информатички
барања и сложените системи на управување кои би биле потребни. Видете исто така и под систем на
планаирање, програмирање и планирање.
PERFORMANCE МЕРЕЊЕ НА УЧИНОК Проценување на ефикасноста и изведбата на програмата или активноста на една организација така што се
219MEASUREMENT мерат релевантните влезови (инпут), процеси, излези/резултати (аутпут) и исходи. „Мерките за учинок“ или
„показателите за учинок“ можат да се користат за оваа намена.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.31/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

PLANNING PROGRAMMING ПЛАНИРАЊЕ НА Системски пристап на програмско планирање што е развиен во САД во 1965, а подоцна и во многу други
BUDGETING SYSTEM 220 ПРОГРАМСКИОТ БУЏЕТСКИ земји. ППБС процесот се состои од три фази: 1) Во фазата на планирање, системската анализа се користи
СИСТЕМ (ППБС) за да се формираат целите на програмата и да се утврдат соодветни решенија 2) Фазата на програмирање
на средства се споредува со решенијата што се утврдени во фазата на планирање. Повеќе активности се
групираат во повеќегодишни програми што се вреднуваат и споредуваат. Анализите за трошоци и
анализите за ефективност на трошоците се користат за да се направи споредба на различни програми и
активности, како средства што се натпреваруваат меѓусебно за да се постигнат целите. 3) Во фазата на
планирање, програмите се сведуваат (преточуваат) во годишна пресметка (буџет). По многу години напори
и обесхрабрувачки резултати, ППБС ги исфрлиле од употреба земјите што вршеле експерименти со тој
систем, иако некои елементи од тој систем сè уште може да се најдат (пр. во системите за планаирање по
учинок). Видете под планирање по учинок.
PLANNING RESERVE РЕЗЕРВИ ПРИ ПЛАНИРАЊЕ Мал дел од вкупно планираните буџетски расходи што министерството за финансии ги одвојува пред да се
помине на изработка на буџетот, а потоа владата ги алоцира/распределува по буџетските ставки во
согласност со согледаните политички приоритети во поединечни сектори, програми итн.
POLICY ПОЛИТИКА Збир на активности што се разликуваат по видови и може да имаат различни корисници, а кои се
усмеруваат кон заеднички општи цели. Во однос на програмата, политиката не мора да има заокружен
буџет.
POLICY BALANCE РАМНОТЕЖА НА ПОЛИТИКАТА Во ГЦФС 2000 „рамнотежа на политиката“ се дефинира како нето позајмување од и кон други намалено за
нето набавките на финансиски стоки набавени за цели на политиката, или како приходи минус расходи
минус нето набавки на капитален имот минус нето набавки на финансиски стоки набавени по непазарна
основа. Негативната вредност на оваа рамнотежа на политиката претставува финансирање за цели на
управувањето врз ликвидноста. Рамнотежата е зголемен (акруален) еквивалент на севкупниот
дефицит/суфицит, како што е дефинирано во ГФС верзијата од 1986. Исто така видете и под
дефицит/суфицит (според готовинска основа).
POLICY PLANNING ПЛАНАИРАЊЕ НА Планирање на политиката е систематски процес на анализирање на општите прашања од јавен интерес во
ПОЛИТИКАТА утврдување на плановите и приоритетите на организацијата за решавање на тие прашања.
PREDICTABILITY 225 ПРЕДВИДУВАЊА Предвидувања во управувањето со буџетот значи дека раководителите треба да го знаат однапред
износот на средствата распоредени за нивната програма. Непостоење на предвидувањата им задава
потешкотии на јавните службеници во планирањето да даваат услуги. Во секој случај, предвидувањето
бара доволен опсег на на макроеконоска стабилност. Предвидувањето во агрегатните владини расходи и
во севкупната владина фискална позиција и дава сигурност на приватниот сектор, да постои сигурна
економска и финансиска основа врз која може да се заснова производството, пласманот и инвестиционите
одлуки.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.32/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

PROGRAMME ПРОГРАМА Збир на активности која има намера да прИдонесе во остварување на препознатливи групи на владини
цели (пр. развој на насадите). Програмата има целна популација која може да се одреди; дефиниран
буџет, персонал и други неопходни ресурси; и јасно одредени цели и резултати (аутпут).
PROGRAMME ANALYSIS ПРОГРАМСКА АНАЛИЗА Анализа на програмата со намера да се утврдат нивните резултати и делотворност.
PROGRAMME BUDGETING ПРОГРАМСКО ПЛАНИРАЊЕ Видете под планирање по учинок.
PROGRAMME ПРОГРАМСКА Класификација на буџетот и расходите на земјата во согласност со целокупната програмска структура на
CLASSIFICATION КЛАСИФИКАЦИЈА владините активности. Класификацијата на програмите е основна класификација за припрема и
извршување на буџетот во земји што користат програмско планирање. Сепак, таа се користи заедно со
други класификации (организациони, економски), а некои системи генерално овозможуваат анализа и
известување во согласност со меѓународни функционални категории.
PROGRAMME EVALUATION ЕВАЛУАЦИЈА (оценување) НА Евалуации на програми се поединечни систематски студии, што се вршат периодично или ад хок, со цел
230 ПРОГРАМИ да се процени колку успешно се остваруваат целите на програмите. Овие евалуации честопати ги прават
лица надвор од програмите, било внатре или надвор од предметната организација. Може да се утврдат
различни видови на евалуација, од кои сите користат мерење на програмскиот учинок, заедно со други
информации, за да се дознае нешто повеќе за бенефициите на програмите или за тоа како тие бенефиции
да се подобрат.
PROGRAMME INDICATORS ПРОГРАМСКИ ПОКАЗАТЕЛИ Видете под мерење на учинокот.
PROJECT ПРОЕКТ Единствена, недделива активност со поставени временски рокови, утврден буџет и јасно дефинирани цели
и резултати (аутпут).
PROVINCIAL GOVERNMENT ПРОВИНЦИЈАЛНА ВЛАДА Видете под државна влада.
PUBLIC CORPORATION ЈАВНИ КОРПОРАЦИИ / Компании и претпријатија што ги контролира владата. Може да се каже дека владата има контрола врз
ПРЕТПРИЈАТИЈА корпорацијата ако ја одредува генералната политика на корпорацијата, пример именува директори,
доколку тоа се бара. Контролата обично се воспоставува со владина сопственост врз повеќе од една
половина на акциите, со право на глас на таа корпорација. Освен тоа, спроведување на контролата може
да биде и со воведување на посебни прописи, потоа по пат на сопственост на мал број на акции со право
на глас или индиректно по пат на сопственост врз друга јавна корпорација/претпријатие.
PUBLIC EXPENDITURE УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИ Терминот може да се подели на неговите составни делови. Јавните расходи обично се расходи (трошоци)
MANAGEMENT 235 РАСХОДИ што се прават од страна на: општата влада, централната влада по пат на државниот буџет и други
буџетски инструменти и локалната влада. Јавните расходи во оваа книга не вклучуваат активности на
јавните претпријатија, што всушност се деловни претпријатија, ниту финансиски институции што се во
сопственост на државата. Управување со јавните расходи вклучува: подготовка, управување и реализација
на буџетот. Реализирање на буџетот вклучува екс-анте контрола, екс-пост контрола, внатрешна и
надворешна ревизија и евалуација, со разни видови на извештаи за секоја фаза.
Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.33/40
Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

PUBLIC INVESTMENT ПРОГРАМИ НА ЈАВНИТЕ Континуирана инвестициона програма што генерално покрива период од 3 до 5 години, што се подготвува
PROGRAMME ИНВЕСТИЦИИ (ПЈИ) во голем број на земји во развој и во транзиција, со честопати користење на кредити или доделување на
грантови (неповратна парична помош) од меѓународни организации како што се Светската банка,
Европската банка за обнова и развој, како и билатерална помош од донатори. ПЈИ треба да се сметаат за
компоненти за среднорочна буџетска рамка на земјата корисник на средствата, или барем да бидат
конзистентни со среднорочните фискални проекции на земјата. ПЈИ што ги финансираат МФИ
(меѓународните финансиски институции), честопати ја вклучуваат во себе значајната компонента на
тековните трошоци. Видете исто така и под среднорочна буџетска рамка.
PUBLIC QUASI- ПОЛУЈАВНА КОРПОРАЦИЈА / Неконсолидирани претпријатија што се во сопственост на владата, а што се ангажирани во пазарното
CORPORATION ПРЕТПРИЈАТИЕ производство и кои стопанисуваат на сличен начин како и корпорациите/претпријатијата што се во јавна
сопственост.
PUBLIC SECTOR ЈАВЕН СЕКТОР Општа влада, плус сите јавни корпорации/претпријатија и полујавни корпорации/претпријатија. Видете под
општа влада.
QUASI-FISCAL OPERATIONS ПОЛУЈАВНИ ФИСКАЛНИ Активности на централната банка (како и други државни финансиски и нефинансиски претпријатија) што по
239 ОПЕРАЦИИ природа се слични на фискалните активности што ги врши владата. Бидејќи овие активности се преземаат
во согласност со смерниците на владата, честопати се финансирани од централната банка и не се
опфатени и утврдени со буџетот. Примери за тоа се набавка на кредити за стоковите одбори (или други
тела) по каматни стапки пониски од пазарните, и трошоци на централната банка за давање гаранции на
деловните банки.
RECONCILIATION УСОГЛАСУВАЊЕ Најчесто, процес на проверка на налогот за плаќање што го врши владина агенција во однос на стварните
исплати што се прикажани во изводите на банките. Усогласувањето исто така може да се врши и во други
фази на процесот на создавање на трошок, како што е на пример кога е веќе создадена договорна обврска
и е даден налог за плаќање.
RELIABILITY СИГУРНОСТ Се однесува на квалитетот на финансиските информации/податоци: кога на таква информација/податок
може да се потпре (повика) дека верно ги прикажува, без предрасуди и направени грешки, трансакциите
или плаќањата што тие декларативно претставуваат или може да се очекува да претставуваат.
REPORTING ENTITY ТЕЛО КОЕ ИЗВЕСТУВА Владина организација или тело од кое со закон или донесени прописи се бара да изработи финансиски
извештаи во текот на реализација на буџетот и/или на крајот на буџетската година (извештаи на
„завршните сметки“). Такви извештаи може да бидат поднесени до Монистерството за финансии,
Парламентот или главната (врховната) институција за ревизија.
REPORTING MODEL МОДЕЛ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ Конфигурација и презентација на финансиските извештаи – посебно, кои обрасци и извештаи треба да се
вклучат, како се меѓусебно поврзани и како клучните мерки треба да се прикажат во разни извештаи.
RESULTS 244 РЕЗУЛТАТИ Резултатите претставуваат стварни измерени достигнувања на одредена програма.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.34/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

REVALUATION РЕВАЛОРИЗАЦИЈА Чинот на поставување на пазарна вредност на капитален имот на одреден датум.
REVENUE ESTIMATE ПРОЦЕНКА НА ПРИХОД Проценка на приход што ќе биде на располагање на буџетот во следната или наредните години.
Проценката на приходот е основна компонента на почетокот на подготовката на буџетот и честопати се
менува неколку пати во текот на буџетскиот циклус.
REVOLVING LOAN FUND ФОНД ЗА „РЕВОЛВИНГ / Фонд од кој се даваат заеми, што мора да бидат вратени, и тоа така што врз основа на отплатени заеми се
ОБРТНИ“ ЗАЕМИ даваат нови заеми.
RISK АНАЛИЗА/ПРОЦЕНКА НА Системски процес за проценка и интегрирање на проценки за можни несоодветни услови и/или плаќања,
ANALYSIS/ASSESSMENT РИЗИКОТ како основа за востновување на соодветен буџетски третман на тие услови или плаќања. Примери за тоа
опфаќаат ризици од војна, пропаѓање на банки, поплави или други природни катастрофи, епидемија на
вирусни болести итн. Исто така видете и под потенцијални обврски.
SERVICE QUALITY КВАЛИТЕТ НА УСЛУГАТА Во поширока смисла „квалитетот на услугата“ се однесува на делотворност. Сепак, генерално се користи
во потесна смисла, како термин што означува задоволување на итни потреби за корисниците, како што се
правовременост, пристапност, точност и континуираност на услугите. Како таков, се однесува на
квалитетот на испораките на услугите многу повеќе отколку на исходот на услугите. Развојот на културата
што е ориентирана кон клиентот/потрошувачот при испорака на јавни услуги се наоѓа во плановите за
реформи во повеќето земји-членки на ЕУ (пр. „Граѓанската повелба“ во Обединетото Кралство).
SOCIAL SECURITY FUNDS ФОНДОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА Фондови што осигуруваат социјални бенефиции на заедницата преку програмата за социјално
250 СИГУРНОСТ осигурување која генерално вклучува обврзни доприноси на учесниците. Во поголем број на земји, вакви
фондови се организирани посебно во однос на други владини активности, имаат свој сопствен буџет, и
одвоено го чуваат својот имот и обврски. Системите за социјална сигурност кои немаат одвоено свој имот
и обврски, не се нарекуваат фондови за социјална сигурност. Според ГФС, префериран третман на
фондовите за социјална сигурност се тие да се класифицираат како дел на она ниво на влада каде што
делуваат. Еден алтернативен третман е групирање на сите фондови за социјална сигурност во посебен
подсектор. Финансираните пензиски планови за вработените во владата не се фондови за социјална
сигурност. Тие се финансиски корпорации/претпријатија и не се вклучени во општиот владин сектор.
SPECIAL ACCOUNTS ПОСЕБНИ СМЕТКИ Сметки на кои се евидентираат трансакции од „вонреден“ карактер, што настанале надвор од нормалните
постапки на одобрување и евидентирање на трошоците. Примери за вакви аранжмани се „привремените
сметки“ (како што се авансите) или трансакциите што не се сигурни, или сметки надвор од буџетските
фондови, или сметки „под линија“.
SPECIAL FUNDS ПОСЕБНИ ФОНДОВИ Честопати се однесуваат на фондови надвор од буџетот, но понекогаш се однесуваат и на фондови што се
финансираат од извори на приходи или кориснички надоместоци, што се составен дел на владиниот буџет.
SPECIAL PURPOSE ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ СО Финансиски извештаи, покрај „финансиски извештаи со општа намена“ што вклучуваат извештаи на
FINANCIAL REPORTS 253 ПОСЕБНА НАМЕНА управата.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.35/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

SPENDING UNIT ПОТРОШУВАЧКА ЕДИНИЦА Секое владино тело што е одговорно за сопствени буџетски операции. Во многу земји, овие единици се
распоредени по неколку хиерархиски нивоа (потрошувачка единица од прво ниво, потрошувачка единица
од второ ниво итн) со тоа што единицата од прво ниво кореспондира со министерствата или други
организации што ги води лице кое е на ниво на министер. Покрај министерствата, вакви единици може да
опфатат и зависни и автономни агенции, надвор од буџетските фондови, како и административни едицици
во состав на тела кои (по исклучок) директно соработуваат со министерството за финансии по прашања за
буџетот.
STANDING APPROPRIATION ПОСТОЈАНА РАСПРЕДЕЛБА Средства одобрени со посебен акт од Парламентот за посебни намени (пр. плаќање доприноси за
НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА социјална заштита). Постојаната распределба може, но и не мора да биде за посебен износ на средства
или за посебен одреден временски период. Сепак, за нив не е потребно издавање одобрение за годишни
трошоци од страна на Парламентот, затоа што не престануваат на крајот на секоја фискална година. Исто
така се означуваат и како „перманентно распределување на буџетски средства“.
STATE BUDGET ДРЖАВЕН БУЏЕТ Документ што содржи проценка на приходите и расходите со кој се презентира владиното пресметковно
барање кое се поднесува до Парламентот. Тој документ може, но и не мора да содржи финансирање и
трошоци за сите владини активности, кои во некои случаи го опфаќаат социјалното осигурување и други
програми што не се вклучуваат во државниот буџет.
STATE GOVERNMENT 257 ДРЖАВНА ВЛАДА Државната влада има независна власт за одредување на функции на поголемиот дел на територијата на
земјата. Ова средно ниво на власт постои во сите земји што имаат федеративно уредување (провинции).
Властите на регионалните влади имаат слични карактеристики во смисла на територијално правосудство,
но генерално може да се најде и во земји што не се со федреативно уредување. Исто така видете и под
централна влада, локална влада, поднационална влада.
STATEMENT OF ASSETS AND ИЗВЕШТАИ ЗА ПРИХОДИ И Финансиски извештај со кој се даваат информации за приходите и обврските на телата на крајот на секој
LIABILITIES ОБВРСКИ период на известување. Исто така видете и под биланс на состојба.
STRATEGIC PLAN СТРАТЕШКИ ПЛАН План со кој се дефинира функцијата на организацијата, општите цели, посебните цели, текот на акциите и
очекувани резултати за одреден временски период, обично 5 до 10 години. Стратешкото планирање е
процес со кој се развиваат вакви планови. Кабинетот на министри може да го има процесот на стратешко
планаирање со кој се востановуваат целите и приоритетите на владата, но од кој обично не се изработува
„стратешки план“ (документ) како што тоа би го направило некое министерство или агенција. Некогаш се
нарекуваат и „деловни планови“, овој документ се користи како главна потврда на буџетско барање на
некоја организација.
STRATEGIC PLANNING СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ Процес на подготовка на стратешки план.
STRATEGY 261 СТРАТЕГИЈА Пристап или тек на активности што е дизајниран за да се постигнат општи или посебни цели. Пример за
една стратегија би било: „склучување на договори со приватни фирми за да се реализираат бараните
трошоци“.
Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.36/40
Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

SUB-NATIONAL ПОДНАЦИОНАЛНА ВЛАДА Сите влади покрај тие на првото (централно) ниво. Исто така видете и под централна влада, општа влада,
GOVERNMENT локална влада и државна влада.
SUBSIDIARITY- the principle СУБСИДИЈАРНОСТ, принцип со Принцип на субсидијарност наложува одлуките да се донесуваат на најниско прифатливо ниво на владата.
that a central authority should кој централната власт треба да Со тоа се имплицира, централната влада да не треба да делува доколку тоа не е поделотворно од тоа
have a subsidiary function, има споредна улога во вршење активностите да се преземаат на регионално или локално ниво. Терминот вообичаено се користи во
performing only those tasks на оние задачи што не може да Европската унија за да се дефинираат подрачјата во кои земјите-членки имаат право независно да
which cannot be performed at a се извршат на локално ниво делуваат, на пр. кадешто не се применуваат правните акти на ЕУ (пр. термински распоред за подготовка
more local level на годишниот буџет и прифаќање на истиот од страна на Парламентот е работа на субсидијарност).
SUBSIDY СУБВЕНЦИЈА Према ГФС и СНА, терминот „субвенција“, во потесна смисла се дефинира како тековен, неповратен
трансфер што владата го дава на претпријатијата, било по основ на нивните производни активности или
врз основа на квантитетот или вредноста на стоките или услугите што ги произведуваат. Во поширока
смисла на зборот, терминот „субвенција“ се користи во смисла на исплата или даночни олеснувања на
поединци по основ на нивните персонални околности, а кои се даваат во согласност со критериумите
поставени со закон или пропис (пр. доколку се невработени или хендикепирани).
SUPPLEMENTARY ДОПОЛНИТЕЛНА Закон, кој се усвојува во текот на буџетската година, а со кој се осигурува финансирање на трошоци покрај
APPROPRIATION 265 РАСПРЕДЕЛБА НА БУЏЕТСКИ оние утврдени во оригиналниот буџет.
СРЕДСТВА
SUPREME AUDIT ВРХОВНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА Јавна организација, обично независна од владата и одговара на законодавните органи, која е оговорна за
INSTITUTION (SAI) РЕВИЗИЈА ревизија на владините финансиски операции. САИ може да спроведува повеќе видови на ревизорски
активности: финансиска ревизија, ревизија за регуларноста и ревизија на учинокот. Исто така видете и под
ревизија.
SURPLUS СУФИЦИТ Видете и под дефицит.
SUSPENSE ACCOUNT ПРИВРЕМЕНА СМЕТКА Вид на посебна привремена сметка што се користи за евидентирање на салдото или корекција на износот
кој сеуште не е книжен (англ. posted) од соодветна ставка. Такви трансакции, честопати вклучуваат
исплата на аванси, сè додека не се знае конечниот износ.
TANGIBLE/ INTANGIBLE МАТЕРИЈАЛНИ/ Овие приходи може да се групираат во неколку категории. Материјален, фиксен имот (приход) се состои од
ASSETS НЕМАТЕРИЈАЛНИ ПРИХОДИ станбени објекти, други згради и градби, машини и опрема и обработливо земјиште. Нематеријалниот
фиксен имот (приход) опфаќа право на експлоатација на минерали, компјутерски софтвер и уметнички
дела. Материјален непроизведен имот е тој што се појавува во природата (пр. земјиште на кое се наоѓаат
станбени објекти). Примери на нематеријален непроизведен имот е давање на патенти.
TAX CREDITS 270 ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА Износ намален за даночна обврска што е дозволено за трошоци за посебни намени во согласност со
даночните прописи.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.37/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

TAX EXPENDITURES ДАНОЧНИ ТРОШОЦИ Отстапки или исклучоци од „нормалната“ даночна структура со кој се променува целокупнио приход на
владата и тие отстапки се третираат како еквивалент на буџетскиот трошок, затоа што владините
политички цели би можеле да се остварат на друг начин, како што е со посредство на субвенции или други
директни трошоци. Прецизна дефиниција и проценка на даничните трошоци со тоа бара дефинирање на
„нормална даночна основица“ како и одредување најприфатлив начин на проценка на трошоците (односно
колку ќе се смали приходот или колку се потребни трошоци за да се постигне одредена политичка цел).
Неколку земји (пр. Франција и САД) вклучуваат информации за даночните трошоци во нивните годишни
буџети.
TAXONOMY СОДРЖИНА/КЛАСИФИКАЦИЈА Систем на категории за сложени прашања. План или шема на класификација на одредени прашања.
TRANSACTION ТРАНСАКЦИЈА Трансакцијата во СНА и ГФС 2000 се дефинира како „интеракција меѓу две институционални единици по
пат на меѓусебен договор или акција во самата единица, а за која од аналитичка корист е да се третира
како трансакција“. Трансакцијата може да биде со готовински средства или во натура. Исто така видете и
под трансфер.
TRANSACTIONS IN ТРАНСАКЦИИ НА Во ГФС од 1986 се дефинира „позајмување намалено за отплата“ како владини трансакции врзани за
FINANCIAL ASSETS FOR ФИНАНСИСКИ ИМОТ/ПРИХОД учеството на задолжувања и побарувања за цели на јавната политика, а со цел управување со владината
POLICY PURPOSES ЗА ЦЕЛИ НА ПОЛИТИКАТА ликвидност. Во ГФС 2000 „позајмувања намалено за отплати“ се дефинира како „финансиски трансакции
со имот/приход за цели на политиката (или со посредство на непазарни средства)“. Вакви трансакции се
прават со намера да им се помогне на претпријатијата што се во лоша состојба или да се покренат нови
индустрии. Може да се јават во различни облици како што се кредити во вид на грант (неповратна парична
помош), со компонента на каматна субвенција, како и во вид на компонентата на каматна субвенцијa или
во вид на стекнување или продажба на учество. Според ГФС, програмите на приватизација и стекнување
на обврски што настануваат од владините гаранции секогаш се поврзани со политиката. Идентификација
на останатите трансакции на финансискиот имот за цели на политиката не е секогаш лесно да се направи.
Иако се означува како „позајмување намалено за отплата“ во верзијата на ГФС од 1986, овој термин не би
требало да се меша со терминот „нето позајмувања на други и од други“ што е дефинирано во
Националните сметки и во ГФС 2000. Исто така видете и под дефицит/суфицит и рамнотежа на
политиката.
TRANSFER 275 ТРАНСФЕР Трансакција во која една индивидуална или институционална единица осигурува стоки, услуги или добра
за друга индивидуална или институционална единица, без примање на било каква стока, услуга или добра
за возврат. Трансферите може да бидат готовински или во натура.
TREASURY SYSTEM СИСТЕМ НА ДРЖАВНА КАСА Систем со кој администрира државната каса или Министерството за финансии, со кој се евидентираат сите
наплати на владините приходи, како и сите исплати.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.38/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

UNFUNDED PUBLIC PENSION НЕФИНАНСИРАЊЕ НА Овој термин се однесува на идните обврски на владата за нефинансирање или делумно финансирање на
LIABILITIES ЈАВНИТЕ ПЕНЗИСКИ ОБВРСКИ пензиските програми. Обврските за такви програми обично не се признаваат во сметководствената
терминологија додека не се појави обврска за плаќање, иако тоа зависи од институционалните аранжмани
во одредени земји.Таквите идни обврски треба да се земат во обѕир при оценување на долгорочна
фискална одржливост.
USER CHARGES КОРИСНИЧКИ НАДОМЕСТОЦИ Плаќања што се вршат директно од страна на потрошувачите на стоки и услуги што телата од јавниот
сектор ги обезбедуваат на телата од приватниот сектор (било за делумен или целосен надоместок на
трошоци на осигурување на истите) или претставува интерно одредување на цените на стоките и услугите
(пр. кориснички надоместоци што една владина агенција ги плаќа на друга). Во многу земји, прописите со
кои се уредува обемот и проманата на кориснички надоместоци и методологијата на нивното сметање се
издаваат од страна на министерството за финансии.
VALUABLES 279 ВРЕДНОСТИ (ВО ФОРМА НА Капитален имот што примарно не се користи во производство или потрошувачка, но се држи како резерва
ИМОТ) за одреден временски период.
VALUES FOR MONEY AUDIT РЕВИЗИЈА „ВРЕДНОСТ Видете под ревизија на учинок.
ДОБИЕНА СО
СРЕДСТВА/ПАРИ“
VERIFICATION, ВЕРИФИКАЦИЈА Кога фактурата за стоката и услугите е примена, ресорното министерство/агенција мора да потврди дека
CERTIFICATION (ПОТВРДУВАЊЕ) фактурата е исправна и дека стоката и услугите навистина се примени. Од тогаш, фактурата станува
обврска на јавниот сектор. Во контекст на сметкововодство по основ на настанување на обврската,
трошокот се признава без обѕир што фактурата не е наплатена.
VIREMENT ПРЕНОС Процес на префрлање на одобрение за создавање трошоци од една ставка на друга во текот на
буџетската година. За да се спречи злоупотребата од користење на средствата, потрошувачките агенции
мораат нормално да поминат низ утврдени административни постапки за да добијат дозвола да вршат
таков трансфер.
VOTE ИЗГЛАСУВАЊЕ Видете под апропријација/распределба.
WARRANT ОВЛАСТУВАЊЕ „Отстапување“ на цела или најчесто дел од годишната апропријација/распределба на квартална и месечна
основа со што се создава можност ресорното министерство или потрошувачката агенција да создадат
договорни обврски. Видете под поделба.
WORKLOAD MEASURES 285 МЕРКИ ЗА РАБОТНО Мерките за работно оптеретување се стоките и услугите што произлегуваат од програмските активности.
ОПТЕРЕТУВАЊЕ

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.39/40


Одделение за превод на европското законодавство, Сектор за европска интеграција при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

ZERO-BASED BUDGETING ПЛАНИРАЊЕ СО НУЛА Систем на програмско планирање што е испробан во САД во доцните 90-ти години. Наједноставно кажано,
(ZBB) 286 ОСНОВА ЗББ се состои од проценка на сите програми, секоја година и во подготовките на буџетот секогаш од
почеток. Сепак, во праксата, со системот на ЗББ не се отишло така далеку. Од агенциите се бараше да ги
рангираат програмите во рамки на поставените финансиски ограничувања. Основни карактеристики на
системот се:
 формулирање на цели за секоја агенција;
 идентификација на алтернативни пристапи за постигнување на целите на агенцијата;
 идентификација на алтернативни нивоа на финансирања, вклучително и „минимално“ ниво, кое обично
е под тековното ниво;
 подготвување на „пакет одлуки“ вклучително и информации за буџетот и учинокот;
 рангирање на пакетите на одлуките, еден во однос на друг.
Сеедно, за ЗББ бeше потребно многу време и беше со краток век на траење. Сепак, слични пристапи се
испробани и во други земји (пр. програмата „Основен преглед на трошоците“ во Обединетото Кралство кој
започна во 1993 година). Исто така видете и под планирање по учинок.

Превод: Катица Манова, 15.01.2004 РАБОТНА ВЕРЗИЈА 1.0 Стр.40/40

You might also like