You are on page 1of 8

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“- Скопје

Филолошки факултет „Блаже Конески“

Катедра за општа и компаративна книжевност

Семестрален труд по:

Книжевноста и ликовните уметности

Тема: Јапонската Хаига

Ментор: проф. д-р Владимир Мартиновски


Изработил: Стевче Китановски
Содржина

1. Вовед……………………………………………………………………...3,4
2. Кратка Историја……………………………………………………….…5
3. Заклучок………………………………………………………………..….6
4. Библиографија…………………………………………………………....7
Кратка Историја

Ноногучи Рјухо, студент на Кано Танју, понекогаш е “заслужен” за основа на


стилот; иако поезијата, вообичаено, била придружена со слики од векови пред
тоа, Риухо бил првиот поет кој редовно вклучувал слики заедно со неговата
калиграфија.

Мацуо Башо - кој се сметал за еден од најголемите мајстори на хаику, често


сликал во ритамот на поезијата која ја пишувал. Хаигата станала главен стил на
сликање за него, како резултат на поврзаноста со неговите познати хаику дела.
Како и неговите песни, сликите на Башо, биле изградени на едноставен начин,
што откривал голема длабочина, надополнувајќи ѓи празнините во песните со кој
тој ги спојувал.

(слика 2.1 - Портрет на Мацуо Башо од Јокои Кинкоку, 1820 годинa)

(слика 2.2 - Најпознатото дело на Башо “Старо Езерце”)


Во Едо периодот на Јапонија, компонирање на Хаига била честа активност за да
го надополнат нивното слободно време. Хаига, исто така, се користело како
заедничка форма на забава на пријателски собири.

За разлика од другите школи за сликарство кои си одржувале свој стандарден


сет на стилови пренесени од учител до ученик, жанрот Хаига опфаќал различни
уметници со различни пристапи. Некои, како Башо, кои биле главно поети,
придружувајќи ги своите композиции со едноставни скици, додека други, како
Бусон, кои биле главно сликари, обрнувале повеќе простор и централност на
фокусот на сликата.

(слика 2.3 - Мала кукавица прелетува преку хортензија од Јоса Бусон.)

Иако хаигата во традиционален стил сè уште се произведува денес,


современите уметници експериментираат со стилот, поврзувајќи хаику со
дигитални слики, фотографија и други медиуми.

(слика 2.4 - Примери за традиционален стил на хаига што се произведува денес


и хаику поема придружена од страна на дигитална слика)
Вовед

Хаига (Xаикаи цртеж) е стил на јапонско сликарство што ја вклучува естетиката


на “Xаикаи”. Хаигите обично биле насликани од хаику поети (Хаиџин) и, често
придружени со хаику песна. Хаигата се засновала на едноставна, но често
длабоко набљудувачка страна на секојдневниот свет.

Стивен Адис, кој бил уметник, автор, музичар и еден од најголемите научници на
источно азиската уметност и хаику, истакнал дека „бидејќи и двајцата се
создадени со иста четка и мастило, додавањето слика на хаику песната беше ...
природна активност“.

Стилски гледано – хаигата, варирала во голема мера врз основа на


преференциите и обуката на поединечниот сликар. Хаигата, генерално ги
покажувала влијанијата од формалното “Кано училишно сликарство”,
минималистичкото “Зен сликарство”, и “Ōtsu-e” (народно сликарство кое
започнало во 17ти век), притоа споделувла голем дел од естетските ставови на
традицијата на нанга. Некои дури биле испринтани и на дрвени плочки. Луѓето кои
ги насликувале, исто така варираат во голема мера, но генерално се елементи
спомнати во калиграфијата, или поетките слики, кои, пак, даваат значење или
длабочина на ова пробува (го) изразува песната.

Месечината била честа тема во овие песни и слики. Понекогаш таа била
претставена заедно со зен кругот “Ensō”, кој предизвикува голем број други
значења, вклучувајќи го и она на “празнината”. Ова е многу интересен начин на
комбинација меѓу Jапонската култура, традиција и нивната Хаига. Ensō е еден од
најдлабоките симболи во Јапонскиот зен. Tој го означува светот на духот без
почеток и крај. Другите теми, се движеле од планината Фуџи до покривите, често
биле претставени со минимални потези со четката, со што предизвикувале
елеганција и убавина во едноставноста.
(слика 1.1 - Ensō придружено со хаику поема )

(слика 1.2 - Планината Фуџи од Тагами Кикуша)


Заклучок
Екфразисот во Јапонската хаига е претставен на интересен начин, каде што во
зависност од стилот на сликарот/поетот како приидувал првичност имала и
сликата и книжевноста.

За разлика од школите, во тој период кои се држеле строго на еден стил,


начинот на сликарите/поетите варирал од еден до друг. Тие никогаш не се
ограничувале строго на еден стил. Во Јапонската хаига, имаме првичност на слика
и првичност на текст. Мацуо Башо е пример за еден од тие луѓе кој никогаш не се
ограничил на еден стил, туку варирале на истиот.

За разлика од остатокот од светот, тие највеќе се фокусирале на сликање и


пишување за природата и нејзината гледка. Тие го ценеле тоа, и на некој начин е
останато во нивната култура, со тоа што го пренесувале од генерација на
генерација.

Со комбинирање на хаикаи цртежи и хаику поеми, тие ја формирале хаигата,


која е една од најфасцинантните книжевности произлезена од Едо периодот во
Јапонија. Тие биле огромни минималисти кои со истата четка успевале да
напишат и насликаат такво естетски пријатно дело. Со само неколку зборови и
линии, со поглед кон природата и пишувајќи за истата, оставале луѓе без зборови.
Тоа за нив дури се сметало дури и за природна навика.

Во денешно време, сеуште се применува и изработува хаига на традиционален


начин. Со технолошките унапредувања, дури и хаигата има унапредено каде што
се изработува со помош на фотографија и дигитални сликарство, придружено со
поема.
Библиографија

“Haiga.” Wikipedia, https://en.wikipedia.org/wiki/Haiga.

“Haiku.” Wikipedia, https://en.wikipedia.org/wiki/Haiku.

“Matsuo Bashō.” Wikipedia, https://en.wikipedia.org/wiki/Matsuo_Bash%C5%8D.

You might also like