You are on page 1of 8

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДНИ ПРОЦЕСИ – II КОЛОКВИУМ

78. Поделба на локационите модели со оглед на оптималноста на просторот


Локационите модели се предмет на просторната економија која ги истражува начините за зголемување на
економичноста со помош на изборот на оптималните:
- индивидуални локации
- збирни локации

79. Индивидуални локации


Кај индивидуалните локации оптималноста на локацијата се однесува на еден објект.

80. Збирни локации


Збитните локации содржат повеќе поединечни објекти на едно место. Сите единици (објекти) имаат исти или
слични барања з алокација, а оптималноста се остварува и манифестира на ист начин.

81. Поделба на збирните локации


Сите облици на збирните локации можат да се сведат на два основни типа:
- индустриски зони и
- индустриски комплекси.

82. Индустриски зони


Индустриските зони претставуваат типичен облик на просторна интеграција во услови на збирна локација, чија
цел е постигнување на поголема рационализација на трошоците за инвестирање и работење.
Според локационите карактеристики озните можат да се поделат на:
- градски зони
- приградски зони
- пристанишни зони

83. Индустриски комплекси


Индустриските комплекси се специфични модели на збирни локации, кај кои просторното групирање е условено
прво од потребата, а потоа од рационализацијата на технолошката интеграција.

84. Основни зони кај индустриските комплекси


Секој индустриски комплекс, без разлика а технологијата или капацитетот има четири основни зони:
- производна зона
- зона за складирање
- енергетска зона
- зона на помошни објекти.

85. Влијанија (фактори) при избор на локацијата


Изборот на лоакцијата е условен од низа објективни и субјективни влијанија. Влијанијата можат да бидат
различни по јачина, правез и насока на дејството.

86. Влијанија со објективен карактер


Влијанијата со објективен карактер се оние чие дејство може да се изрази на квантитативен начин во одредени
мерни единици (парични, енергетски и сл.). Во објективните влијанија спаѓаат трошоците за ресурси, трошоците
за земјиштето и објектите, трошоците за инфраструктура, трошоците за работа и сл.

87. Влијанија со субјективен карактер


Субјективните влијанија претставува збир на влијанија кои се карактеризираат со следни квалитативни изрази –
да/не, повеќе/помалку, подобро/полошо и сл. Во овие влијанија спаѓаат климатските услови, расположивоста на
сообраќајот, расположивоста на работната сила, можноста за проширување и сл.

88. Постапката за избор на локација опфаќа:


- утврдување на влијателните чинители релевантни за изборот на локацијата,
- предвидување и оцена на интензитетот, правецот и наоската на нивното дејство во одредено време и одредени
услови на околината од гледна точка на процесот на одлучување за локацијата,
- вреднување на можните решенија и избор на оптималната варијанта.

89. Поим за поширока локација


Под поимот поширока локација се подразбира подрачјето кое ги задоволува основните услови за изградба и
развој на проектираниот објект со минимлани трошоци за изведба на производството.

90. Поим за потесна локација


Под поимот потесна локација се подразбира место во подрачјето на пошироката локација кое ги задоволува
условите за изградба не само на проектираниот објект туку и за изградба на сите негови составни делови имајќи
ја во предвид нивната просторна, организациона и технолошка поврзаност со цел за изведување на планираното
производство.

91. Влијанија за избор на поширока локација


Изборот на поширока локација на производниот процес во најголема мера е условен од карактеристиките на
производната програма. Од повеќето влијанија за избор на пошироката локација можат да се идвојат следните:
суровинската база, пазарот, комуникациите, енергијата, горивото и водата, отпадните материи и заштита на
околината, климатските услови и можноста за проширување и развој на производниот процес.

92. Влијанија за избор на потесна локација


Од низата влијанија врз изборот на потесната локација можат да се издвојат расположливите површини, зоните
за живеење, трошоците за земјиштето, подземните води, расположивата инфраструктура и воздушните струења.

93. Постапка за утврдување на елемнетите релевантни а донесување а одлука за избор на оптимална локација
Чекор 1: утврдување на проблемот,
Чекор 2: идентификација на влијателните чинители,
Чекор 3: вреднување на влијателните чинители,
Чекор 4: оцена на релевантното значење на влијателните чинители,
Чекор 5: избор на локација.
Идентифкацијата на влијанието на чинителите, утврдување на вредностите и оцената на релативното значење го
овозможува изборот на оптиалната локација.

94. Чинители кои ја одредуваат положбата на претпријатието во однос на едно или повеќе населени места се:
погодноста на теренот за лоцирање на производството, можностите за снабдување со суровина и
репродукционен материјал, пазарот на продажба, снабдување со сите видови енергија и вода, заштита на
животната средина од штетните влијанија на произвдоството и сл.

95. Површината и големината на локацијата во современото просторно организирање на производството


Во современото просторно организирање на производството пожелно е да се обезбеди површина на локацијата
која би имала највеќе 50% под градежни објекти од ниско и високо градба, а најмалку 50% под зеленило.

96. Претпријатието (фабриката) како просторен систем може да се организира како:


- отворен, повеќезграден градежен систем,
- затворен, еднозграден систем и
- комбинирн систем.

97. Отворен повеќезграден градежен систем


Овој систем содржи повеќе згради во кругот на фабриката кои се посебни и просторно одвоени и наменети за
посебни функции. Ваквиот просторен систем бара поголеми инвестициони вложувања, а од друга страна
предност кај овие системи е можноста за постепено инвестирање во поедини објекти. Има полош однос на
градежните спрема сообраќајните површини, но затоа е поголема застапеноста на зелените површини.
98. Затворен еднозграден систем
Овој систем ги содржи сите функции во еден објект кои се посебни, а просторно заедно. Ваквиот просторен
систем бара помали инвестициони вложувања, но има и недостаток затоа што за негова изградба е потребно да
се обезбедат вкуните инвестициони средства. Подобар е односот на градежните спрема сообраќајните
површини, но затоа нема зелени површини кои се потребни за подобрување на условите на работната средина.

99. Комбинирн систем на организација на просторот


Овој систем настанува со комбинација на отворениор, повеќезграден систем и затворениор, еднозграден систем.

100. Поим за генерален план


Генералниот лан на претпријатието претставува основен технички сокумент ри проектирање на новото или
реконстуркција на постоечкото претпријатие. Тој ги опфаќа: просторниот распоред на сите површини и градежни
објекти и разводни мрежи на техничка инсталација со приклучни места на избраниот терен, со одредени
карактеристични обележја и нивната просторна, организациона и производна поврзаност при проектирање на
производството. Се изработува во размер 1:500, 1:1000 и 1:2000

101. Видови на генерални планови:


- идеен генерален план,
- уводен генерален план,
- технички генерален план,
- изведувчки генерален план.

102. Основна поделба на површините и објектите:


- откриени површини и објекти
- покриени површини и објекти.

103. Откриени површини и објекти


Можат да бидат:
- складови,
- манипулативни површини,
- сообраќајници,
- слободни површини и
- останати површини.

104. Складишта
Сладовите на отворен простор се уредени површини кои служат за одлагање и чување на режената граѓа и
цврстите горива. Големината на површината зависи од каацитетот на претпријатието, од видот и вложеноста на
материјалот и од начинот на манипулација.

105. Манипулативни површини


Манипулативни површини на отворено се уредени површини кои служат за манипулација со репродукциониот
материјал, полупроизводите и производите. Манипулативните површини можат да бидат во облик на слободни
површини, патишта и платформи.

106. Поим и поделба на сообраќајници


Интензитетот на сообраќајот и разгранетоста на неговата мрежа зависат од видот на производството, капацитетот
и бројот на вработените. Постои внатрешен и надворешен сообраќај. Претријатието е поврзано со околината со
помош на надворешниот сообраќај, а тој се дели на: сообраќај за вработени и странки и на товарен транспорт.
Во применото складиште започнува внатрешниот транспорт кој завршува на отпремното складиште, каде што се
поврзува со надворешниот транспорт.

107. Покриени површини и објекти


Можат да бидат:
- надстрешници
- згради

108. Надстрешници како градежни објекти се користат за основниот процес на производството и за одлагање на
репродукциониот материјал, средствата за работа, средтсвата за транспорт и останати средства кои не се
отпорни на температурни разлики и треба да бидат заштитени од атмосферски вијанија.

109. Производни згради


Зградите треба да ги заштитат работниците, средтсвата за работа и предетите за работа од надворешните
влијанија, а исто така и животната средина на која може неповолно да влијае технолошкиот процес.

110. Поделба на производните згради врз основа на димензиите на зградата:


Производните згради можат да бидат: приземни, високо приземни, спратни и комбинирани. Ваквата подлеба е
резултат од производниот процес односно висината, ширината и конструкционите решенија кои димензиите на
зградата и самиот процес ги бара.

111. Поделба на производните згради според облиците на основата на зградата:


- со правоаголна и квадратна основа,
- комбинација од правоаголници кои како основа кај производните згради се јавуваат во повеќе облици,
- во вид на чешел,
- во облик на квадратен или правоаголен прстен,
- комбинација на основите на наведените четири групи.

112. Поделба на системите на изградба на производните згради


Во основа постојат два система на изградба на производните згради и тоа:
- по начинот на преносот на товарот на зградата на земја и
- по начинот на производство на елементите и изведбата на градбата.

113. Поделба на системите на роизводни згради според облиците на основата на зградата


По начинот на преносот на товарот на земја систмеите на производние згради можат да се подлеат на:
- костурен систем на носечката конструкција,
- просторно – површински систем на носечка констуркција,
- систем на висечка конструкција на зградата.

117. Поделба на системите на производни згради според начинот на производство на елементите и изведба на
градбата се делат на:
- систме на класична градба – елементите се лиат на градилиштето
- систем на современа градба – може да биде полумонтажна и монтажна од елементи кои се произведуваат во
фабрика, а на градилиште само се монтираат.

118. Предности на констуркцијата на приземните производни згради од лепено ламелирано дрво


(стр.89)

119. Основни елементи на прозиводните згради се: темели, подови, врати, прозори, скали, лифтови, тавани,
кровови и темели за машините.

120. Темели на производните згради треба да обезбедат подеднакво налегнување и рамномерно оптеретување
на земјиштето. Оптеретувањето треба да биде еднакво или помало од дозволеното. Најчесто употребуваните
темели се во вид на стапка.

121. Подовите на производните згради на приземјето треба да бидат над нивото на земјиштето за да
просториите бидат заштитени од подземни и површински води и заради полесно излегување од зградата. Подот
треба да биде мазен и рамен, но не клизив, да не се абе, лесно да се мие и чисти и да не е запалив.
122. Ѕидовите на производните згради треба да го затворат просторот во однос на околината и со помош на
прегради да ги одвојат просториите во внатрешноста на зградата. Ѕидовите можат да бидат надворешни кои ги
заштитуваат просториите на згардата од надворешната околина и внатршени, кои претставуваатпреградни
ѕидови.

123. Вратите кај производните згради треба да овозможат непречено одвивање на транспортот на предметот за
работа и движење на работниците помеѓу околината и работните простории и помеѓу работните простории во
внатрешноста на зградата. Треба вратите лесно да се отвараат, секогаш во две насоки, и ако е возможно да се
отвараат автоматски на далечина. Внатршениот дел на вратата треба да има свој заштитен дел.

124. Прозори кај производните згради треба да обезбедар природно осветлување и проветрување со тоа што
светлинаа и воздухот да влегуваат во просториите под најповолен агол. Според својата конструкција можат да
бидат со ендо, две или три крила, единечни или двојни и со отварање одвнатре или на надвор.

125. Скали кај производните згради треба д аги поврзуваат сратовите со просториите и спратовите со околината
Тие треба да имаат надвореш влз на приземје и влез на секој спрат. Скалите придонесуваат за стабилност на
зградата и треба да претставуваат посебна градежна целина.

126. Лифтови во производните згради се користат за пренос на товар и превоз на работниците. Нивната
конструкција често се подесува според двојната намена.

127. Таваните во производните згради зависат од големината и подвижноста на оптоварувањето. Во приземјето


на спратите згради често оптоварувањата се големи и подвижни и затоа таваните се поставуваат на столбови. Се
состојат од масивни лочи од армиран бетон, можат д бидат носечки и изолациони.

128. Крововите кај производдните згради ги покриваат зградите и го заштитуваат просторот од студ и толина, од
прашина, ветер, дожд, град и снег. Тие треба да бидат со одредена висина и облик, и во исто време да
обезбедуваат природно осветлување и проветрување. Сите имаат констуркција која се состои од кровна носечка
конструкција и кровна покривка.

129. Темели за машините во производните згради треба на земјиштето да го пренесат притисокот, вибрациите,
осцилациите и ударите и да бидат амортизирачки маса помеѓу машината и земјата.Од таа причина темелите на
машините се одвоени од темелите на зградата.

130. Поделба на површините и објектите по намена


При проектирање на производните површини и објекти според намената можат да се поделат на:
- површини и објекти за материјално послужување на роизводството,
- повшрини и објекти за основниот процес на производството,
- површини и објекти за техничко и енергетско ослужување на производството,
- површини и објкети за општа намена.

131. Површини и објекти за материјално послужување на производството можат да се поделат на:


- складови за основен материјал
- складови за помошен материјал
- складови за леснозапалив материјал
- складови за делови од кооперанти
- скалдови за готови производи
- складови за потрошен материјал и резервни делови
- сообрќајници и платоа за материјално послужување
- манипулативни површини и останати површини и објекти.

132. Видови на скалдишта во однос на репродукциониот материјал и намената


Складови во зависност од видот на репродукциониот материјал и самата намана, во индустрискиот комплекс
можат да бидат отворени, полузатвореи, затворени и вкопани.
133. Видови на скалдишта според техничките решенија на градежните објекти
Според техничките решенија на градежните објекти складовите можат да бидат приземни, спратни и високи.

134. Површини и објекти за основниот процес на производство можат да се поделат на:


- површини и објекти за сушење на бичена граѓа
- објекти за финализација на бичена граѓа
- објекти за финализација на плочи
- објекти за изработка на тапациран мебел
- објекти за лични потреби на работникот
- помошни и прирачни скалдови
- сообраќајници и платоа
- манипулативни површини
- останати површини и објекти.

135. Објекти за сушење на режена граѓа можат да бидат монтажни и ѕидани објекти. Во праксата често се
користат монтажните објекти кои се поставуваат на однапред подготвени бетонски темели.

136. Објекти за производство на мебел се затворени градежни објекти чија големина зависи од усвоениот
систем на градба, капацитетот, средствата за работа и усвоениот тек на процесот на производство.
Површините на основниот процес на производство можат да се поделат на четири елементарни дела и да се
пресметаат според формулата: , каде
Fu – вкупната производна површина (m2)
Fn – нето производната површина (m2)
Ft – поврината за транспорт (m2)
Fod – површина за одлагање (m2)
Fp – помошни површини (m2)

137. Нето производна површина претставува збир од површините на сите работни места Fo (површина во
потесна смисла)

138. Пресметка на површината на работното место врз основа на површината која ја зазема средството за
работа
Врз основа на познатата големина на површината која ја зазема средство за работа (машината) F1, се пресметува
големината на површината на работното место Fo (површина во потесна смисла), со помош на факторот за
пресметка , според формулата:

139. Вредност на факторот во зависност од големината на површината под машина F1 (табела)

F1 (m2)
0.5 - 1.0 18
1.1 - 2.0 15
2.1 - 3.0 13.5
3.1 - 4.0 12
4.1 - 5.0 10
5.1 - 10 5
10.1 - 15.0 4.5
> 15 4
140. Површини за транспорт
, при што вредноста на факторот се движи во границите: = 0,3 – 0,6

141. Површини за одлагање


, при што вредноста на факторот се движи во границите: = 0,2 – 0,5

142. Помошни површини


, при што вредноста на факторот се движи во границите: = 0,1 – 0,2

143. Објекти за лични потреби на работниците можат да се подлеат на:


- гардероби,
- простории за пушење и одмор на работниците и
- санитарни простории.

144. Површини и објекти за техничко и енергетско послужување на производството можат да се поделат на:
- објекти за острење на алатот
- објекти за ремонт и одржување на средствата за работа и инсталацијата
- објект за изработка на прототип
- котларница
- трафостаница
- компресорка станица
- склад за гориво
- гаража и сервисна работилница
- систем за отпрашување
- објекти и површини за заштита од пожар
- лаборатории
- сообраќајници и платоа
- останати површини и објекти.

145. Острачница за алатот - Во технолошкиот процес на производството на мебел во употреба е алатот за


обработка на дрвото кој треба да се подготвува и остри во одредени интервали. Подготовката и острењето на
алатот се врши во централизиран објект.

146. Трафостаница се употребува за да го менува напонот на електричната енергија и може да се наоѓа во


производниот објект или на слободен простор. Димензиите на трафостаницата зависи од моќноста и напонот на
станицата. Вкупниот простор под трафостаницата треба да биде ограден со висока огрода од жица и осветлен со
светилки кои се наоѓаат над аглите на оградата.

147. Котларницата се лоцира во кругот на претпријатието со најповолна положба во однос објектите кои ги
снабдува со технолошка и топлина за греење. Котларницата претставува градежен објект најчесто со вградену
хоризонтални котли, а со помал капацитет и низок работен притисок. Топлинската енергија од котларницата се
ренесува до потрошувачите со разводна мрежа која мора да биде прилагодена на условите на теренот и
положбата на објектот.

148. Компресорка станица се лоцира во кругот на претпријатието со најповолна положба во однос на


потрошувачите на компримиран воздух. Поради сигурност на компресорскиот погон , пожелно е станицата да
има посебни компресорки груи, меѓусебно независни, со сите пратечки елементи, со тоа што основниот технички
елемент на секоја група претставува компресор.

149. Систем за отрашување има значајна технолошка и еколошка улога. Тој ги има следните функции:
- одвојување на дрвниот отпад од производството
- собирање на отпадокот во силоси за ложење на котлите или брикетирање
- враќање на филтрираниот воздух во производните простории
- заштита на животната средина со одвојувањето на прашината од воздухот.

150. Систем за гасење на пожар може да биде класичен и автоматски. Класичниот систем денеска во најголема
мера е заменет со автоматскиот. Автоматските противпожарни инсталации се конструирани за работа на вода –
Спринклер уреди, јаглерод диоксид, пена и прав. За постигнување на максимален ефект ри гасењето на пожар,
најефикасно средство е водата која се користи во облик на водена прашина, т.е. фино дисперзирање на водени
честички, чиј ефект на гаснење е 15 пати поголем во однос на гасењето со млаз.

151. Површини и објекти за општа намена можат да се поделат на:


- портирница
- паркинг
- деловен објект
- изложбен салон
- амбуланта
- ресторан за исхрана на вработените
- површини за рекреација
- слободни површини за проширување
- зелени површини
- останати површини и објекти.

152. Портирницата се наоѓа на влезот на претпријатието. Постојат три вида на портирници


- за влез на пешаци – служи за влез на работниците и клиентите во кругот на претпријатието.
- за влез на возила – се користи за влез и излез на возилата во кругот и од кругот на претпријатието, и за
извршување на материјална и кадровска контрола при влезот на товарот и луѓето.
- комбинирани.

153. Деловен објект е посебна спратна зграда која треба да има посебни влезови за клиенти и вработени. На
приземјето треба да се наоѓа: просторија за прием на клиентите, просторија за постојана продажна изложба на
производите, служби за продажба и набавка и простории на службата за заштита при работа. На вториот спрат
треба да бидат сместени аналитичко-програмската и аналитичко-планската слуѓба, кадровската служба, салата за
состаноци и канцеларијата за директорот.

154. Ресторанот треба да обезбеди топол оброк за сите запослени во претпријатието и исхрана за децата во
прифатилиштето. Ресторанот може да работи на два начина: да набавува готови јадења и да обезбеди услуга за
вработените или да се спремаат самите јадење во ресторанот.

155. Објектот за истражување и развој е посебна спратна зграда. На приземје на зградата се сместени
училниците за образование на кадарот и документационата служба со библиоетка. На спратовите треба да се
сместени разните служби за развој, а на последниот спрат од зградта треба да се наоѓа информатички центар со
банка на податоци и информации.

156. Скривалиштето треба да овозможи безбедно сместување и престој на 200 работници најдолго до 15 дена.
Претставува цврст и затворен градежен објект од армиран бетон и челик кој е вкопан под зградите и има посебен
влез и излез. Меѓусебните растојанија меѓу скривниците треба да биде најмалку 25м.

157. Површините и објектите за рекреација и одмор се наменети за сите вработени во претпријатието. Нивната
големина зависи од големината на локацијата (50% од расположливата површина се наоша под спортски терени).
Површините и објектите за рекреација и одмор содржат тревници, површини под сенка со клупи, патеки со тврда
подлога, ниска ограда, спортски терени и базен.

You might also like