You are on page 1of 40

АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ

ИЗВЕШТАИ
Верица Хаџи Василева-Марковска
ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРАВИ
АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ
ИЗВЕШТАИ
 Системот на финансиско известување е несовршен:
 Несовпаѓање на настаните со сметководственото
признавање
 Некогаш и во различни периоди (капитална добивка)
 Голем број договори не добиваат сметководствен третман, туку
само се обелоденуваат (ако воопшто тоа е случај!)
 Различен сметководствен третман во различни земји,
дејности или фирми
 Претпријатијата содржат и дополнителни информации,
кои се надвор од ФИ – индикатори и сл.
 Воидеален свет  би се гледале само нето
добивката и главнината
ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА
 Цели:
 Компаративно согледување на ризикот и приносот со цел да се донесат
поквалитетни одлуки за инвестирање или кредитирање
 Таквите анализи означуваат способност да се погледа во иднината
 А за тоа епотребно да се објасни минатото и да се даде основа за
проектирање на идните заработувачки и парични текови
 Капиталниот инвеститор е првенствено заинтересиран за
заработувачката способност на подолг рок
 Кредиторот повеќе го интересира ликвидносниот статус
 Кредитниот ризик обично е помал од капиталниот ризик и
полесно се квантифицира.
 Аналитичките техники се слични
НЕКОИ ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА
ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА
 Споредувајте, но споредувајте конзистентно: треба да се корегираат
податоците за евентуалните промени: забелешките објаснуваат
 Никогаш не се потпирајте само на еден индикатор
 Колку повеќе години се анализираат – толку подобро: 3-5 години
 Идентична фискална година: 31 Декември, или др.
 Споредувај со секторскиот просек: аритметички просек или медијана
 Испитајте зошто фирмата е ралзична од секторските карактеристики?
Не треба да се избрзува со заклучоци.
 Цртајте графикони
 Никогаш не се потпирајте на туѓи анализи. Особено не од самата
фирма. Пре-пресметувајте!
 Пресметувајте проценти, индекси
 Преведувајте ги финансиските извештаи во споредбени валути
 Користете јавни бази на податоци
АНАЛИЗА
 Билансот на успех ни покажува колкаво богатство
друштвото креирало во определен период на време
 Колкава е способност на друштвото да креира
профит?
 Вертикална анализа ни овозможува анализа на
финанискиот извештај во текот на еден период
 Хоризонталната анализа ни овозможува анализа на
трендовите во тек на време.
ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА
АНАЛИЗА НА БИЛАНСОТ НА
СОСТОЈБА
 Билансот на состојба ја презентира финансиската
позиција на друтшвата на еден пресечен ден.
 Тоа е фотографска снимка
ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АНАЛИЗА
 Белешки за финансиските извештаи и други извештаи
 Природата на средствата на претпријатието
 Тековни и идни промени на пазарот на претпријатието,
 скорешни стекнувања или оттуѓувања на подружници од страна
на претпријатието
 Невообичаени ставки посебно обелоденети во билансот на
успех
 Некои други забележливи карактеристики на извештајот и
финансиските извештаи, како што се
 настани по датумот на билансот на состојба,
 неизвесни обврски,
 квалификуван ревизорски извештај,
 даночната состојба на претпријатието, и тн.
ВИДОВИ ИНДИКАТОРИ
 Споредба на еден параметар со друг за да се направи
коефициент - индикатор
 Пет категории индикатори:
 Профитабилност и поврат
 Долгорочна солвентност и стабилност
 Краткорочна солвентност и ликвидност
 Ефикасност (коефициенти на обрт)
 Коефициенти на акционерски вложувања
 Секое поединечно претпријатие треба одвоено да се разгледува
 Индикатор кој е значаен за производствено претпријатие е
различен од финансиска институција.
 Споредбата е важна.
 споредување на коефициенти низ време во рамките на исто
претпријатие
 споредување на коефициенти помеѓу слични претпријатија
 Споредување со просекот во рамките на дејноста.
ИНДИКАТОРИ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ
 Иако најексплицитни на прв поглед, овие можат да
бидат најнејасни
 Профитабилноста е резултанта. На неа влијае сé
 Низок профит во една или две години не мора да
значи лошо
 Многу деловни можности значат жртвување на
сегашен профит за идни профити
 Сметководствениот профит го игнорира ризикот. Две
фирми со ист профит можеби имаат различни
проспекти, зависно од ризикот.
 Сепак, за обичен инвеститор, таа е директно
споредлива со профитабилноста на алтернативните
инвестирања на пазарот на капитал
ПОВРАТ НА АНГАЖИРАНИОТ КАПИТАЛ
(ROCE)
добивка пред камата и даноци
 ROCE = ------------------------------------------------- Х 100

ангажиран капитал

Добивка пред камата и даноци =


= Добивка пред даноци + расходи за камата

Ангажиран капитал = главнина + нетековни обврски или


Ангажиран капитал = вкупни средства - тековни обврски
КАКО СЕ КОМЕНТИРА ROCE
 Постојат три споредби кои може да се направат.
 Промената на ROCE од една година до друга.
 ROCE кој го заработуваат други претпријатија.
 Би можела да се направи споредба на ROCE со
тековните пазарни стапки на позајмување.
ПОВРАТ НА АКЦИОНЕРСКА ГЛАВНИНА
(ROE, ROAE)
нето добивка
 ROE = ---------------------------------- Х100

главнина
 Поврат на капиталот (ROAE)=
Нето добивка
= -----------------------------------------------------
Просечна главнина
 Просечна главнина =
Главнина (200Х) + Главнина (200Х-1)
= -------------------------------------------------------
2
 Колку денари добивка се добива на 100 денари ангажирани
сопствени средства (главнина)
ВТОРОСТЕПЕНИ КОЕФИЦИЕНТИ
 ROCE може да се анализира и со анализирање на
неговите компоненти
 Профитна маржа. Колку добивка се остварува на 1
денар продажба.
 Обрт на средства. Обрт на средства е мерка за тоа колку
добро средствата на претпријатието се користат за
создавање на приходи од продажба.
 Обртот на средства се изразува како ‘x пати’ така што средствата
ја генерираат x пати нивната вредност во годишната продажба.
 Профитна маржа и обрт на средства заедно го објаснуваат
ROCE,
 ROCE е примарен коефициент на профитабилност,
 Профитна маржа и обрт на средства се секундарни
коефициенти.
МАТЕМАТИЧКИ ПРИКАЗ
 Профитна маржа Х Обрт на средство =
PBIT Продажба
 ROCE --------------= ------------------------------- =
 Продажба Ангажиран капитал

PBIT
= ----------------------------------
Ангажиран капитал
ПРОФИТНА МАРЖА
 Профитна маржа =
Нето добивка
= -----------------------------------------------------
Приходи од продажба
 Способност на фирмата да произведува
приходи од продажба со високи односно мали
трошоци
 Висока профитна маржа значи висока
добивка на 1 денар продажба.
ROE РАЗЛОЖЕН
 ROЕ = Профитна маржа * Обрт на вкупните средства * Мултипликатор на главнина
 ROЕ =

Нето добивка Приходи од продажба Просечни вкупни


средства
= --------------------------------------- Х ---------------------------------------- Х ----------------------------------
Приходи од продажба Просечни вкупни средства Просечна главнина

 Колку денари добивка се добива на 100


денари ангажирани сопствени средства,
главнина
 Висок обрт на средства значи дека
претпријатието генерира многу продажба, и
брзо ги врти средствата.
 Колку е задолжувањето поголемо, толку е
ROE поголем, но...
МАРЖА НА БРУТО ПРОФИТ
 Маржа на бруто профит =
Бруто добивка
= -----------------------------------------------------
Приходи од продажба
 Способност на фирмата да произведува
приходи од продажба со високи односно мали
директни трошоци
ДОЛГОРОЧНА СОЛВЕНТНОСТ:
КОЕФИЦИЕНТИ НА ДОЛГ И ЗАДОЛЖЕНОСТ
 Колку претпријатието должи во однос на неговата големина?
 Дали влегува во поголеми долгови или се подобрува неговата финансиска
позиција?
 Дали неговиот должнички товар изгледа тежок или лесен?
 Кога претпријатие е во долгови, банките и другите потенцијални
заемодаватели може нема да сакаат да одобрат кредити.
 Кога претпријатие заработува умерена добивка пред камата и данок, и има
голем должнички товар, ќе има малку добивка која ќе остане за
акционерите по плаќањето на трошокот за камата.
 Тоа би можело евентуално да води кон ликвидација на претпријатието.
 Коефициенти :
 коефициент на долг,
 коефициент на задолженост,
 покриеност на камата
 коефициент на готовински тек.
КОЕФИЦИЕНТ НА ДОЛГ
 Долг спрема вкупни средства =
Вкупен долг
= -----------------------------------------------------
Вкупни средства
 Вкупен долг = Кусорочни обврски +
+ Долгорочни обврски
 За секој денар актива, друштвото ангажира
___ денари долг
 Ова е директно поврзано со
профитабилноста: атрактивно, но и ризично
 Некакво мерило: 50%
КОЕФИЦИЕНТ НА ЗАДОЛЖЕНОСТ /
ЛЕВЕРИЏ

 Задолженост =
долг што носи камата
 = -------------------------------------------------- × 100%

главнина + долг што носи камата


Поинаку / обратно:
 Задолженост =

акционерка главнина
= -------------------------------------------------- × 100%
главнина + долг што носи камата
ДРУГИ ИНДИКАТОРИ НА
ЗАДОЛЖЕНОСТ
Долг спрема капитал =
Вкупен долг
= ------------------------------------------
Вкупен капитал
Вкупен долг = Кусорочни обврски +
+Долгорочни обврски
За секој денар капитал, друштвото
ангажира ___ денари долг
КОЕФИЦИЕНТ НА ПОКРИЕНОСТ НА
КАМАТА
 Покриеност на камата =
ДПКД (EBIT)
= -----------------------------------------------------
Трошоци за камата
 За секој денар камата, друштвото остварува
___ денари ДПКД
МУЛТИПЛИКАТОР НА КАПИТАЛОТ
 Мултипликатор на капиталот =
Вкупни средства
= -----------------------------------------------------
Вкупен капитал
 За секој денар капитал, друштвото има ___
денари средства
КОЕФИЦИЕНТ НА ГОТОВИНСКИ ТЕК
 Коефициентот на готовински тек на нето готовинските
приливи на претпријатието во однос на неговиот
вкупен долг.
 Нето готовински прилив е износот на готовина која
претпријатието ја генерира со неговите активности.
 Вкупен долг се краткорочните и долгорочните обврски,
вклучувајќи и резервирањата. Разлика може да се направи
помеѓу долгови кои се плативи во рамките на една година и
други долгови и резервирања.
КРАТКОРОЧНА СОЛВЕНТНОСТ И
ЛИКВИДНОСТ
 Ликвидноста е износот на готовина која претпријатието може брзо
да ја добие за да ги подмири достасаните долгови.
 Ликвидните средства се состојат од:
 Готовина
 Краткорочни вложувања за кои постои пазар
 Депозити во банка или друга финансиска институција со фиксен рок, на
пример, шестмесечен каматен депозит во банка
 Побарувања од купувачи (бидејќи тие ќе го платат тоа што го должат во
рамките на разумно краток временскипериод)
 Побарувања по меници (тие претставуваат износи на готовина која треба да
се прими во рамките на релативно краток временски период)
 Ликвидни средства се ставки на тековни средства кои ќе или
може наскоро да се конвертираат во готовина.
 Сите текоовни средства без исклучок
 Сите тековни средства со исклучок на залихите
 Добивките не водат секогаш кон зголемување на ликвидноста.
ЦИКЛУСОТ НА ГОТОВИНА
 Циклусот на готовина го опшува текот на готовината надвор од
претпријатието и нејзиното враќање повторно како резултат на
редовното работење.
 Плаќање на добавувачи, плати и други расходи,
 користење на кредитирање.
 Претпријатието може да држи залихи за некој период и потоа да ја
продаде.
 Готовината ќе се врати во претпријатието со проадажбите, иако
купувачите може самите да го одложат плаќањето со користење на
кредитирање.
 Коефициентите на ликвидност и коефициентите на обрт на
обртниот капитал се користат за тестирање на ликвидноста на
претпријатието, должината на циклусот на готовина и за вложување
во обртен капитал.
МЕРЕЊЕ НА ЛИКВИДНОСТ
 Тековен коефициент =
Тековни средства
= ---------------------------------
Тековни обврски
 Способност на друштвото да ги подмири кусорочните обврски.
Вклучени се сите тековни средства и обврски
 За секој денар тековни обврски компанијата чува __ денари
тековни средства
 1:1 е груба мерка
БРЗ (ЛИКВИДЕН) КОЕФИЦИЕНТ
 Брз коефициент =
Ликвидни средства
= ---------------------------------
Тековни обврски
Ликвидни средства = Тековни средства – Залихи или
Ликвидни средства = пари + хартии од вредност + побарувања од
купували
 За секој денар тековни обврски компанијата чува __ денари
ликвидни тековни средства
МЕРИЛА ЗА ТЕКОВНИТЕ
КОЕФИЦИЕНТИ
 Апсолутните цифри не треба да се толкуваат толку
буквално.
 Се смета дека прифатлив тековен коефициент е 1,5
 Прифатлив брз коефициент е 0,8, но тоа е само насока.
 Ланец на супермаркети може да има на пример, тековен
коефициент од 0,5 а брз коефициент од 0,2.
 Супермаркетите имаат малку побарувања од купувачи,
малку готовина, средни залихи и многу високи обврски
спрема добавувачи.
 Важен е трендот на тие коефициенти
 Не треба ни да се преголеми
КОЕФИЦИЕНТИ НА ЕФИКАСНОСТ
 Период на наплата на побарувања од купувачи
 Период на обрт на залихи

 Период на плаќање на обврски спрема добавувачи


КОЕФИЦИЕНТИ НА ОБРТ НА
ПОБАРУВАЊАТА
 Коефициент на Обрт на побарувањата од купувачи =
 Приходи од продажба
= -------------------------------------------------------
Просечни побарувања
 Просечни побарувања =
Побарувања (200Х) + Побарувања (200Х-1)
= ----------------------------------------------------------------
2
 Денови во побарувања = 365 / коефициент на обрт на
побарувањата
 Колку е коефициентот поголем, толку се деновите врзани во
побарувањата помали и обратно
 Супермаркет наспроти производствено претпријатие
КОЕФИЦИЕНТИ НА ОБРТ НА
ЗАЛИХИТЕ
 Коефициент на Обрт на залихите =
Трошоци на продадени стоки
= -------------------------------------------------------
Просечни залихи
Просечни залихи =
Залихи (200Х) + Залихи (200Х-1)
= -------------------------------------------------------
2
 Денови во залихи = 365 / коефициент на обрт на залихите
 Колку е коефициентот поголем, толку се деновите врзани во
залихи помали и обратно
ЗАЛИХИ
 Подобар е повисок обрт на залихите, или помал
период на обрт е подобар, но неколку аспекти на
политиката на чување залиха треба да бидат
избалансирани.
 Времетраењето
 Сезонски флуктуации во нарачките
 Алтернативна употреба на магацинскиот простор
 Попусти за купување на големи количини
 Веројатноста за оштетување на залихите или да станат
застарени
КОЕФИЦИЕНТИ НА ОБРТ НА
ОБВРСКИТЕ
 Коефициент на Обрт на обврските од добавувачи =
 Трошоци на продадени производи
= -------------------------------------------------------
Просечни обврски
 Просечни обврски =
Обврски (200Х) + Обврски (2000Х-1)
= -------------------------------------------------------
2
 Денови во обврски = 365 / коефициент на обрт на
обврските
 Колку е коефициентот поголем, толку се деновите
врзани во обврски помали и обратно
ОПЕРАТИВЕН ЦИКЛУС
 Оперативниот циклус се премсетува како:
 Период на обрт на залихи:
 плус

 Период на наплата на побарувања:


 минус

 Период на плаќање на обврски


КОЕФИЦИЕНТИ НА АКЦИОНЕРСКИ
ВЛОЖУВАЊА
 Коефициенти кои им помагаат на акционерите и другите
вложувачи да ја оценат вредноста и квалитетот на едно
вложување во обичните акции на некое претпријатие.
 Заработувачка по акција
 Дивиденда по акција
 Покриеност на дивиденда
 Коефициент Ц/З
 Принос на дивиденда
 Вредноста на вложувањето во обични акции на некое
претпријатие кое котира на берза е неговата пазарна
вредност
 Коефициентите на вложувањето треба да имаат предвид
не само кон информациите во објавените финансиски
извештаи на претпријатието, туку и тековната цена.
ЗАРАБОТУВАЧКА ПО АКЦИЈА
 Можно е да се се пресмета повратот на секоја обична
акција во годината.
 Тоа е заработувачката по акција (ЗПА).

 Заработувачката по акција е износот на нето


добивката за периодот кој и се припишува на секоја
обична акција која е во оптек за време на целиот
или дел од периодот
ДИВИДЕНДА ПО АКЦИЈА И
ПОКРИЕНОСТ НА ДИВИДЕНДА
 Дивиденда по акција самата се објаснува.
 Покриеност на дивиденда е коефициент:
заработувачка на акција
 ПД = -----------------------------------------------------
дивиденда на акција
 Таа го покажува делот од добивката за годината кој е
расположлив за распределба на акционерите и кој бил
платен (или предложен), а кој дел ќе биде задржан од
претпријатието за финансирање на иден раст.
 Задржаните добивки се важен извор на средства.
 Значајна промена во коефициентот на покриеност на
дивиденда од една до друга година би била вредна за
разгледување.
КОЕФИЦИЕНТ Ц/З
тековна цена на акцијата
 Ц/З = -----------------------------------------------------
заработувачка на акција
 Висок коефициент Ц/З укажува на силна доверба на
акционерите во претпријатието и неговата иднина, на
пример, раст на добивката, а низок коефициент на Ц/З
укажува на помала доверба.
 Коефициентот Ц/З на едно претпријатие може да се
спореди со Ц/З на:
 Други претпријатија во истиот деловен сектор
 Други претпријатија генерално

 Тој често се користи во известувањето на берза каде


цените се веднаш расположливи.
ПРИНОС НА ДИВИДЕНДА
 Принос на дивиденда е поврат кој акционерот тековно го
очекува за акциите на претпријатието.
 Принос на дивиденда =

дивиденда од претходната година


= ------------------------------------------------------- Х 100%
тековна пазарна вредност на акцијата
 Дивидендата по акција ја зема дивидендата за претходната
година.
 Ex-div значи дека цената на акцијата не го вклучува
правото на неодамнешната дивиденда.
 Акционерите ги разгледуваат двете, принос на дивиденда
и раст на капиталот.

You might also like