You are on page 1of 9

Богомил

Ѓузел
Кратка биографија

• Македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач - припадник на


третата повоена генерација македонски писатели, онаа генерација што се појавува во
втората половина на педесеттите години на дваесеттиот век и која со своето дејствување
ќе изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на
македонската книжевност, Негова сопруга е македонската писателка Лилјана Дирјан.
• Бил роден во Чачак, Кралство Југославија на 9 февруари 1939 година, а починал во Скопје
на 22 април 2021 година.
• По бугарската окупација во 1941 година неговото семејство доаѓа во Скопје, каде Ѓузел
израснал и се школувал. 
• Творечкиот опус на акад. Богомил Ѓузел опфаќа повеќе од 230
библиографски единици, од кои триесетина се поетски
збирки, над 90 единици се објавени песни во антологии,
списанија, зборници и сл., 85 единици се преводи на дела од
странски автори, 23 единици се прозно творештво, како и
редакции и уредништва на антологии, зборници, списанија и
сл. За творештвото на акад. Ѓузел се напишани и голем број на
критики и осврти, како од домашни, така и од странски
автори.

Творештво
Есеите кои акад. Ѓузел ги објавуваше во периодиката и дел од
кои се собрани во книгите „Историјата како маштеа” и
„Бовча”, ни го покажуваат овој автор не само како еден
извонредно луциден интелектуалец, кој поседува висока доза
на информираност и на сестрано образование, туку и како
творец кој на прашањата што ги зема во средиштетото на
своето внимание знае да им најде оригинален и често
неочекуван аспект. Овој вид текстови на акад. Ѓузел се плод на
упатеноста на овој автор во суштинските прашања на нашата
епоха, како и резултат на неговата страсна желба да им најде
одговор кој ќе биде во согласност со неговите етички и
естетски сфаќања. 
• Акад. Богомил Ѓузел е несомнено наш најзначаен
преведувач и препејувач на поезијата од
англофонското книжевно подрачје.
Високопрофесионалиот однос кон комплексните
проблеми што се отвораат при преводот на
поетските дела од класиката, совесноста и
истенчениот вкус го красат овој дел од творечката
дејност на овој автор. Благодарение на неговиот
Неговиот преведувачки ентузијазам, на јазичното
мајсторство и на еден навистина студиозен
придонес пристап, на македонски јазик, во негов превод, се
приопштени најпознатите драмски дела на
Вилијам Шекспир (вкупно, осумнаесет). Освен тоа,
Ѓузел е преведувач на изборите од поезијата на
Т.С. Елиот, Е. Дикинсон, Езра Паунд, Шејмас Хини и
др. а и составувач (заедно со Луис Симпсон и Серж
Фошро) и преведувач на една сериозна и
откривачка Антологија на современа американска
поезија.
Награди и
признанија
• Акад. Ѓузел е добитник на најзначајната
книжевна награда „Браќа Миладиновци” за
најдобра поетска книга помеѓу две Струги
(двапати) и наградата за преведувачки опус
„Кирил Пејчиновиќ”. Исто така, добитник е и на
главната награда на Меѓународната писателска
средба во Загреб 2002 година.
За редовен член на Македонската академија на
науките и уметностите е избран на 4 јуни 2012
година.
Есеи и поезија
• Во песните на Ѓузел генерално гледано е
воочлив еден фундаметален парадокс на
припадноста и отпадништвото: многу
често, самото име (идентитет) е
доживотна стигма „сопственички жиг“ на
Поезија делегираната вина (на претците),
клаустрофобично доживување на малиот
простор (собата, куќата, татковината),
априорно прогонство, чувство на
неизлечлива отуѓеност во сопствениот
дом, јазик, свет.
Кавказ и за мене е кафез.
Иако не сум прикован
за карпана
јас морам по цел ден
да му го колвам џигерот
па ноќе, јасно,
сум сосема папсан.
Дур нему џигерот
му се обновува и расте

Орелот на јас сонувам за бескрајните


пространства
што некогаш ги летав слободен

Прометеј
пред боговите да ми ја
дадат гаднава работа.
А тие ни сами веќе не знаат
што сакаат.
Ми велат – колви го,
но не премногу за да не пцојса;
нека го боли, но понекогаш
и заскокоткај го
за да ждригне она што мисли…
Но јас не го разбирам ни она што го збори!
– Како тоа, кога си му утробата,
кога знаеш што јаде и што пие?
Научи му го јазикот
на клетките!
Хм, божем богови,
а ништо не разбираат.
Дур јас го колвам,
без ништо да му можам,
глувци и стаорци им ги јадат дур и жртвите
што луѓето уште
им ги пренесуваат
а не пак летнината
и зимнината.
Јас, пак, сум толку наколкан што не можам да летам
(а да јадам џигер замразив за довек!)
Тие, кутрите, мислат
– Прометеј е само џигерот.
Линкови

• Богомил Ѓузел - поезија


• Интервју со Богомил Ѓузел, Струшки вечери на поезијата (34:05)

You might also like