You are on page 1of 8

Секојдневни материјали и

нивните својстваХемија за осмо одделение


Наставник- Зацеска Марија
 Што е претставено на
сликата?
 Кои предмети можете да
ги идентификувате на
сликата?
 Секој предмет што го
идентификувавте е
направен од различен
материјал. Да ја пополниме
табелата.
предмет материјал
 Зошто баш така ја пополнивте табелата?
 Зошто клупата е направена од дрво и железо?

 Значи ќе заклучиме дека предметите се направени од


различни материјали.
 Што се тоа материјали?
 Материјали се супстанци кои ги користиме за да
направиме предмети.
 Пример дрвото го користиме за да направиме маса или
чкорче.
 Како ќе опишеме еден материјал? Опишете го материјалот
од кој е направена масата на претходната слика!

 Материјалот го опишуваме преку неговите својства


боја, форма, густина, тврдина итн.
 Опишете ги материјалите од кои се направени предметите на
сликите.
 Дали можете да најдете некоја сличност?
 Дали можете да најдете некоја разлика?

 Можеме да заклучиме дека:


- еден ист материјал може да има различна примена
- мало, големо, тешко, лесно не се својставо
- својство кое е за нас битно е густината (во случајот густината
на железото)
 Досега забележавме дека еден ист материјал може да има
различна примена.
 Дали може за иста примена да користиме различен
материјал?
 Да! На сликите подолу е даден пример со кутии за накит
направени од различен материјал.
КОРИСТЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

 Како ќе одбереме кој материјал ќе го користиме за да


направиме некој предмет?
 Изборот на материјал што ќе го користиме за да направиме
некој предмет зависи од тоа за што сакаме да го користиме
предметот.
 Од каков материјал се
направени патиките?
 Зошто не се направени од
железо?
 За наставната содржина имаш на страна 16 и17 од
учебникот.

 Што треба да знаеш?


- Да правиш разлика помеѓу материјали и предмети
- Да ги опишуваш својствата на некои секојдневни
материјали
- Да ја поврзуваш примената на секојдневните материјали
со нивните својства.

You might also like