You are on page 1of 17

ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

 https://youtu.be/A134hShx_gw?si=-QIsKS5U9R8LD1MJ

се дискутира за истата, односно што подразбираат под поимот почит и што може да
извлечат како клучни зборови од песната која ја слушнале. Како дополнување на вежбата
може да им се зададе домашна задача на учесниците, инспирирани од песната, да смислат
своја песна која ќе е приказ на инклузивното образование.

Објаснување на вежбата: Од текстот на песната може да се увиди дека почитта значи многу,
значи сигурни училишта, успешни ученици. Исто така укажува и на тоа дека секое дете и
семејство се важни, децата треба да се прифатени од нивните соученици и да имаат
пријатели, на инклузивното образование треба да се гледа како на право на секое дете, а
не привилегија и одлуките кои се носат се врз база на потребите на детето, а не врз база на
етикети.
ВЕЖБА
ШТО Е ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ?
Образовен пристап кој се стреми да обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование за сите ученици во
рамките на истиот образовен систем, без оглед на различните способности, карактеристики или потекло.
Инклузивното образование е процес со кој се излегува во пресрет и се одговара на различните потреби на
децата, младите и возрасните преку обезбедување пристап, зголемување на нивното учество во учењето, во
училиштето и во заедницата. Тоа вклучува разумно прилагодување на образовните содржини, соодветни
наставни приоди и стратегии, како и организација на воспитно – образовниот процес воопшто, за да се
овозможи квалитетно образование за сите. Инклузивното образование подразбира дека сите деца се
вклучени и се прифатени, со особено внимание на децата што може да бидат маргинализирани,
дискриминирани или исклучени од образовниот систем.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИНКЛУЗИВНО
ОБРАЗОВАНИЕ
 Сите ученици учат заедно
 Фокусот е на способностите и можностите, а не на она што можат
потешко да го направат,
 На наставниците им се дава поддршка и насоки за работа со тие
ученици,
 За секој ученик има индивидуален пристап во оценувањето,
 Се поддржува и промовира различноста и индивидуалноста,
 Секој ученик има различен стил на учење, па поради тоа
неопходно е да се открие и да се прилагоди оценувањето, но и
наставната програма на секој ученик,
 Вниманието се насочува кон развивање на емпатијата.
 Инклузивното образование значи менување на
системот за да му одговара на ученикот, а не менување
на ученикот за да се вклопи во системот, бидејќи
„проблемот“ на исклученост е цврсто вкоренет во
системот, а не во лицето или неговите карактеристики.
ИО е континуиран динамичен процес кој постојано се
развива во согласност со потребите на учениците.
Во таа смисла значајно е секое училиште да може да ја
препознае вредноста на различностите на своите
ученици, да изнајде начини како да се почитуваат
истите, да ја прилагоди наставата на индивидуалните
карактеристики на секој ученик, да ги зголеми и
мобилизира постоечките ресурси со кои располага, со
цел сите ученици подеднакво да учестувуваат во
севкупното училишно живеење.
• Инклузивното образование има за цел да им овозможи на
заедниците, системите и структурите да се борат против
дискриминацијата, да ги слават различностите, да го
промовираат учеството и да ги надминат бариерите за
учењето и учеството на сите луѓе.
ИО ги прифаќа и почитува сите разлики според возраст,
род, етничка припадност, јазик, здравствена состојба,
статус, религија, попреченост, начин на живот.
ИО е дел од пошироката стратегија за промовирање на
сеопфатен развој, со цел создавање општество каде има
мир, толеранција, одржливо користење на ресурси и
социјална правда
КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ИНКЛУЗИВНО
ОБРАЗОВАНИЕ
СПРОВЕДУВАЊЕ
НА РАБОТИЛНИЦА
ЗА ИНКЛУЗИВНО
ОБРАЗОВАНИЕ
 Учествуваат учениците и наставниците,
но може да се вклучат и родителите
 се спроведува во 4 недели и секоја
недела е посветена на една поим кој
треба да се обработува ако сакаме да
имаме инклузивно образование.
 Ние ги предлагаме следните поими:
 1. Различност,
 2. Рамноправност,
 3. инклузија и
 4. Припадност
ПРВА НЕДЕЛА - РАЗЛИЧНОСТ

 Првата недела е посветена на поимот различност!


 Неделата може да се подели така што првиот ден
ќе се работи со родителите, вториот ден со
учениците, третиот ден со наставниците
 различност се однесува на разликите помеѓу
индивидуите или групите во рамките на одредена
заедница, организација или општество
 Активности: дискусија на дадена песна, изработка
на слогани.
 Преку игрите ќе треба да се поттикне
размислување кај учениците дека треба да се
почитува секој човек, да се почитуваат
различностите!
АКТИВНОСТИ И ВЕЖБИ СО КОИ БИ
СЕ РАБОТЕЛО НА РАЗНОВИДНОСТА
 Да му се даде на соученик комплимент,
 Кога ќе се работи во групи, да се одбере соученик кој не го познава многу добро и со
кој претходно не работел,
 Да му се помогне на некој доколку има некаков проблем. На тој начин учениците може
да согледаат кои се нивните способности, можности, но и ограничувања,
 Доколку некој ученик е сам за време на училишниот одмор, ученикот да му прави
друштво,
 Да се запознае со соученик, но од друг клас или друга година,
 Учениците или пак наставниот кадар на направат презентација како да им се помогне
на ученици кои имаат потешкотии во учењето.
ВТОРА НЕДЕЛА - РАМНОПРАВНОСТ

 се однесува на принципот на праведност


 децата не се делат според потребите, бојата на кожата,
потеклото, способностите
 се отстрануваат препреките кои може да ги ограничат
способностите на некое дете за учење, растење, развивање и
придонесување за општеството
 обезбедување поддршка и соодветни ресурси, базирани на
посебните потреби на детето,
 секое дете ќе има можност да учи и да просперира.
АКТИВНОСТИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА
ВТОРАТА НЕДЕЛА
 Играње со дофрлување на топка при што некои од учениците се со превез на очи и не може да
гледаат, додека пак на други едната рака им е позади грбот и само едната рака може да ја
користат за да ја фатат топката
 Играње кошарка, но некои ученици треба да се во количка за инвалиди и од таму да се обидат
дадат кош

 По нивно спроведување следува дискусија за какво им било нивното искуство, како се


чувствувале, како би им било доколку секојдневно се соочуваат со тие предизвици и какви
промени би направиле со цел да се адаптираат на ситуацијата.
 Исто така во насока на подобро разбирање на поимот рамноправност на учениците може да
им се постават следните прашања: Дали би требало на сите да им бидат дадени истите
можности? Зошто да и зошто не? Опиши ситуација каде не си ја добил можноста која си ја
заслужувал. Потоа може да се отвори дискусија поврзана со тие прашања и да се провери со
учениците какви емоции и чувства се појавиле додека одговарале на прашањата и
размислувале на таа тема.
ТРЕТА НЕДЕЛА - ИНКЛУЗИВНОСТ
 филозофијата на прифаќање и значи многу повеќе од тоа само да си
физички присутен на некое место.
 не се подразбира посебен третман, туку ефективно планирање на
наставната програма и активностите со цел да се задоволат различните
потреби на учениците и да се обезбедат еднакви можности за сите.
 секој ученик е почитуван, ценет и постои посветеност кон активно
одржување на односите со другите соученици со цел формирање на
чувство на припаѓање
 емоционално и физички поздрави ученици, безбедна и поддржувачка
училишна средина, поуспешни ученици и долгогодишни пријателства.
 Еднаков третман
 Попреченоста не е примарната карактеристика која ја дефинира
индивидуата, туку е само еден аспект од целата нивна личност.
ПРЕДЛОГ ВЕЖБА:

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ ВО ГРУПИ И ИМ СЕ ДАВА ИНСТРУКЦИЈА ДА


НАПИШАТ СЦЕНАРИО КАДЕ НЕКОЈ ОД УЧЕСНИЦИТЕ Е ЛИЦЕ СО
ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. ЗА ТАА ЦЕЛ ИМ СЕ ДАВА 10 МИНУТИ И ДОДЕКА
ГО СМИСЛУВААТ СЦЕНАРИОТО МОЖЕ ВО ПОЗАДИНА ДА СЕ ПУШТИ
НЕКОЈА МУЗИКА. ОТКАКО ЌЕ ГИ НАПИШАТ СЦЕНАРИЈАТА
ПОТРЕБНО Е ИСТИТЕ И ДА ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ, ОДНОСНО СЕКОЈ
УЧЕНИК ДА ВЛЕЗЕ ВО ДОДЕЛЕНАТА УЛОГА И ДА ЈА ПРИКАЖЕ
НАЈДОБРО ШТО МОЖЕ. ЗА НАЈДОБРАТА ГРУПА КОЈА ЌЕ ОДГЛУМИ,
ПО ПАТ НА ГЛАСАЊЕ ОД УЧЕНИЦИТЕ, СЕ ДОДЕЛУВА НАГРАДА ИЛИ
СЕРТИФИКАТ.
ОБЈАСНУВАЊЕ НА ВЕЖБАТА: ОВАА ВЕЖБА Е МНОГУ ЗНАЧАЈНА,
БИДЕЈЌИ Е ПРИКАЗ НА ИГРАЊЕТО НА УЛОГИ, КОЕ Е ИСКЛУЧИТЕЛНО
ВАЖНО ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ЕМПАТИЈАТА, КАКО И ЗА ИНКЛУЗИЈА.
ЧЕТВРТА НЕДЕЛА - ПРИПАДНОСТ

 фундаменталната човечка потреба да се чувствува поврзано,


прифатено и ценето во рамките на општеството, социјалните
кругови, но и во односите со другите луѓе
 Клучна компонента на човековата добросостојба и ментално
здравје
 Влијае на идентитетот на поединецот, самодовербата,
емоционалниот и когнитивниот развој
 Намалено отсуствување од часови, повисок успех
 истакнување на сличностите кои постојат помеѓу учениците, а
не на нивните разлики
АКТИВНОСТИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА
ЧЕТВРТАТА НЕДЕЛА
ВЕЖБИ
 Од учениците се бара на лист хартија да го напишат името на
секој ученик и за секого посебно да напишат по нешто.
 Од учениците се бара да си го напишат на лист хартија своето
име, да го поделат на букви и за секоја буква, да напишат збор
кој ги опишува нив.

• Од учениците се бара прво да се погледнат себеси во огледало и додека


го прават тоа да не се брзаат, детално секоја црта од своето лице да ја
анализираат. Потоа се бара од нив тоа што го виделе на огледалото да го
напишат и на листот хартија каде е отпечатено огледало.
Објаснување на вежбата: Целта на вежбата е согледување на себеси во
реално светло и увидување дека ученикот поседува и позитивни работи.
Може да се согледа преку начинот на кој се опишал себеси и зборовите кои
ги користел ученикот колкаво е неговото ниво на самодоверба, односно
доколку повеќе е насочен кон користење на негативни епитети, тоа е знак за
ниска самодоверба.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА
ВНИМАНИЕТО!

You might also like