You are on page 1of 19

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

МСС 18 - ПРИХОДИ
Предмет: МЕЃУНАРОДНИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ

ментор кандидат
доц. д-р Оливера Трајковска Гордана Манасиева
број на индекс 08907

Штип, Декември 2010


СОДРЖИНА
Вовед ...................................................................................................... 3
1. Приходи од продажба на стоки............................................................. 5
1.1. Илустрација за примена на МСС 18 кај продажбата на стоки...... 6
1.2. Практични примери кај продажбата на стоки................................ 9
2. Приходи од давање на услуги............................................................... 10
2.1. Илустрација за примена на МСС 18 при давање на услуги.......... 11
2.2. Практични примери кај давањето на услуги.................................. 14
3. Приходи од камати, тантиеми и дивиденди.......................................... 15
4. Останати деловни приходи и вонредни приходи................................... 16
4.1. Приходи од субвенции, дотации, регреси, компензации и други
надомести…………………………………………………………………. 16
4.2. Приходи од даноци и придонеси...................................................... 16
4.3. Приходи од укинување на долгогодишните резервирања и од
одложени приходи ………………………………………………………. 16
4.4. Приходи од продажба на постојани средства................................. 16
4.5. Приходи од отпис на обврски и приходи од вишоци...................... 17
4.6. Приходи од наплатени пенали, неподигнати капари,
отстапници, награди......................................................................... 17
4.7. Приходи од наплатени отпишани побарувања.............................. 17
4.8. Приходи од поранешни години........................................................ 17
4.9. Приходи по основ на рекламна пропаганда, донации и
спозорства …………………………………………………..................... 18
4.10. Останати неспомнати деловни приходи........................................ 18
5. Вонредни - невообичаени приходи......................................................... 18
6. Користена литература ............................................................................. 19

2
ВОВЕД – ПРИХОДИ

Во овој труд приходите се третирани од аспект на МСФИ. Ќе бидат


разгледани следните видови:
– приходи од продажба на стоки;
– приходи од давање на услуги;
– приходи од користење на други средства на претпријатието со кои се
заработува камата, тантиеми и дивиденди;
– останати деловни приходи и вонредни приходи.
Ќе се осврнеме на најчесто застапените приходи во нашата практика. Притоа,
покрај барањата предвидени во МСС дадени се и едноставни практични примери
кои треба да помогнат во согледувањето на суштината за признавање и мерење
на одделниот вид на приход. Сепак, најнапред се осврнуваме на следните три
прашања кои се значајни за сите видови приходи:
1. како се дефинира приходот согласно МСС 18;
2. што е објективна вредност;
3. како треба да се мерат приходите.
1) Приходи се бруто приливи на економски користи за време на
пресметковниот период кои произлегуваат во текот на редовните активности на
едно претпријатие кога таквите приливи резултираат во зголемување на
главнината, освен оние зголемувања кои се однесуваат на придонесите во
главнината од страна на учесниците. Приходите ги вклучуваат само примените
бруто приливи на економски користи и побарувања од страна на претпријатието
на неговата сметка. Наплатените износи за сметка на трети лица какви што се
даноците на продажбата, даноците за стоките и услугите и даноците на
додадената вредност, не се економски користи кои значат прилив во
претпријатието и не резултираат во зголемување на главнината. Според тоа, тие
се исклучуваат од приходите. На сличен начин и во посредничкиот однос, бруто
приливите на економските користи вклучуваат наплатени износи за сметка на
наредбодавателот и тие не резултираат во зголемување на главнината на
претпријатието. Тие износи кои се наплатени во име на наредбодателот на се
приходи. Наместо тоа, приход претставува износот на провизијата.
2) Објективна вредност е износот за кој некое средство може да се размени
или обврска да се надомести (подмири) помеѓу познати и заинтересирани
(подготвени) странки во трансакции пред спогодба.
3) Приходите треба да се мерат според нивната објективна вредност,
примениот надомест или побарувањето. Износот на приходот кој произлегува од
некоја трансакција обично се утврдува со договор помеѓу претпријатието и
купувачот или корисникот на средството. Тој се мери според објективната
вредност на примениот надомест или побарувањето земајќи го предвид износот
на било каквите трговски и количински попусти кои му се одобрени на
претпријатието. Во многу случаи надоместот е во парични средства или
еквиваленти на паричните средства и износот на приходите е износ на парични
средства или примени еквиваленти на паричните средства или побарување.
Меѓутоа, кога приливот на парични средства или еквиваленти на парични
средства е одложен, објективната вредност на надоместот може да биде пониска

3
од номиналниот износ од примените парични средства или побарувањето. На
пример, едно претпријатие може да му даде бескаматен кредит на купувачот или
да прими меница како надомест за продадена стока која има каматна стапка
пониска од пазарната. Доколку договорот претствува финансиска трансакција,
објективната вредност на надоместокот се утврдува по пат на дисконтирање на
сите идни примања користејќи една импутирана каматна стапка. Импутираната
каматна стапка појасно може да се утврдува како:
- стапка која преовладува во сличен инструмент на некој корисник со
сличен облик на кредитирање; или
- каматна стапка која го дисконтира номиналниот износ на инструментот
на тековна парична продажна цена за стоките и услугите.
Разликата помеѓу објективната вредност и номиналниот износ на
надоместот се признава како приход од камата.
Кога стоките или услугите, кои се слични по својата природа и вредност, се
разменуваат или се заменуваат, оваа размена не се смета како трансакција која
создава приход. Ова е чест случај со стоките какви што се нафтата или млекото
при што добавувачите меѓусебно разменуваат или заменуваат залихи од
различни локации за да ја задоволат побарувачката на времена основа во некоја
посебна локација. Кога стоките се продаваат или услугите се даваат во замена на
неслични стоки или услуги, размената се смета како трансакција која создава
приход. Приходот се мери според објективната вредност на стоките или
примените услуги, корегирана за износот на било какви паричини средства или
пренесени еквиваленти на парични средства. Кога објективната вредност на
примените стоки или услуги не може веродостојно да се мери, приходот се мери
според објективната вредност на стоките и услугите кои се преотстапени,
приспособени за износот на паричните средства или пренесени еквиваленти на
парични средства.
Критериумите за признавање обично се применуваат посебно за секоја
трансакција. Меѓутоа, во извесни околности неопходно е да се примени
критериумот за признавање на компоненти кои посебно можат да бидат
идентификувани во една единствена трансакција со цел да ја одрази суштината
на трансакцијата. На пример, ако продажната цена на производот содржи износ на
услуга кој подоцна може да се идентификува, тој износ се разграничува и се
признава како приход во текот на периодот за време на давањето на услугата.
Спротивно на тоа, критериумот за признавање се приложува на две или
повеќе трансакции наеднаш кога тие се поврзани на таков начин што не може да
се разбере комерцијалниот ефект доколку не се согледа низата на трансакции
како целина. Така на пример, едно претпријатие може да продаде стоки и, во исто
време, да склучи посебен договор за подоцнежно повторно купување на стоки, со
што го негира ефектот од таа трансакција, и во тој случај, двете трансакции се
третираат заедно.

4
1. Приходи од продажба на стоки

Согласно МСС 18 стоките ги вклучуваат производите произведени од


страна на претпријатието со цел да бидат продадени и стоките купени за
препродажба, какви што се стоките купени од страна на некој продавач на мало
или земјиште и друга недвижност наменета за продажба.
Приходите од продажбата на стоки треба да бидат признати кога ќе се
исполнат во целост следните услови:
- претпријатието му пренело на купувачот значајни ризици и користи од
сопственоста на стоките;
- претпријатието не задржува постојана менаџерска инволвираност до
степенот кој обично се поврзува со сопственоста, ниту има вистинска контрола врз
продадените стоки;
- износ на приходите кои можат веродостојно да се мерат;
- веројатно е дека економските користи ќе дојдат како прилив во
претпријатието; и
- настанатите трошоци или трошоците кои треба да бидат настанати во
врска со трансакцијата можат веродостојно да се мерат.
Проценката за тоа кога едно претпријатие пренело значајни ризици и
користи од сопственоста на купувачот бара испитување на околностите на
трансакцијата. Во многу случаи преносот на ризиците и користите од сопственоста
се совпаѓа со преносот на правото на сопственоста или преносот на
поседувањето на купувачот. Ова во најголем број на случаи е во трговијата на
мало. Во други случаи преносот на ризиците и користите од сопственоста се
случува во некое друго време различно од времето на преносот на законското
право на сопственоста или преносот на поседување.
Доколку претпријатието задржува значајни ризици на сопственоста,
трансакцијата не е продажба и не се признава како приход. Претпријатието може
да задржи значаен ризик во сопственоста на повеќе начини. Примери на ситуации
во кои претпријатието може да задржи значајни ризици и користи на сопственоста
се:
- кога претпријатието задржува некоја обврска за незадоволително
извршена работа, која не е опфатена со вообичаени резервирања за емства;
- кога примањето на приход од поединечна продажба на неговата стока е
неизвесно;
- кога испорачаните стоки се предмет на монтажа и монтажата претставува
значаен дел на договорот кој се уште не е извршен од претпријатието; и
- кога купувачот има право да го отповика купувањето поради причини кои
се наведени во договорот за продажба и на претпријатието не му е извесна
веројатноста на надоместот.
Доколку претпријатието задржува само незначителен ризик на
сопственоста, трансакцијата е продажба и приходот се признава. На пример,
продавачот може да задржи право на сопственост на стоките единствено со цел
да го наплати износот кој достасува. Во таков случај, доколку претпријатието
пренело значителни ризици и користи на сопственост, трансакцијата е продажба и
приходот се признава. Друг пример кога претпријатието задржува само безначаен

5
ризик на сопственост, може да биде трговијата на мало, кога рефундирањето се
нуди доколку купувачот не е задоволен. Приходот во таков случај се признава во
времето на продажбата, под претпоставка продавачот веродостојно да ги процени
идните враќања и да ја признае обврската за враќањата засновани на претходно
искуство и другите релевантни фактори.
Приход се признава само кога е веројатно дека претпријатието ќе има
прилив на економски користи во врска со трансакцијата. Во некои случаи, тоа
може да не биде веројатно се додека надоместот не е примен или додека
неизвесноста не е отстранета. На пример, може да биде неверојатно дека
странските државни власти можат да дадат дозвола за исплата на надомест за
продажба во странство. Кога се дава дозволата, неизвесноста се отстранува и
приходот се признава. Меѓутоа, кога неизвесноста произлегува поради наплатата
на износот кој веќе е вклучен во приходот, ненаплатениот износ или износот за кој
наплатата престанала да биде веројатна се признава како расход наместо како
исправка на износот на приходот кој бил порано признаен.
Приходи и расходи кои се однесуваат на иста трансакција или друг настан
се признаваат истовремено. Овој процес е општо прифатен како
спротивставување на приходите со расходите. Расходите, вклучувајќи ги емствата
и другите трошоци кои се стекнуваат по испораката на стоките, можат нормално
веродостојно да се мерат кога условите за признавање на приходот ќе бидат
исполнети. Меѓутоа, приход не може да се признае кога расходите не можат
веродостојно да се мерат и во такви околности, било каква наплата веќе примена
за продажба на стоки се признава како обврска.

1.1. Илустрација за примена на МСС 18 кај продажбата на стоки

Во продолжение ќе се осврнеме на приходите од аспект на додатокот кон


МСС 18 (Приходи). Притоа особено треба да се има во предвид дека овој додаток
е само илустрација и не е составен дел на стандардот и дека негова цел е да ја
прикаже примената на стандардот како и да помогне во разјаснувањето на
неговото значење во бројните комерцијални ситуации. Примерите посветуваат
внимание на поединечните аспекти на трансакцијата и детално не ги објаснуваат
сите релевантни чинители кои можат да имаат влијание на признавањето на
приходите. Овие примери обично претпоставуваат дека приходот сигурно може да
се измери и дека е веројатен приливот на економски користи во претпријатието,
при што настанатите или трошоците кои ќе настанат сигурно можат да се измерат.
Овие примери не ги менуваат ниту пак се надредени на стандардите. Во оваа
точка се дадени примери кои се однесуваат на приходите од продажба на стоки, а
приходите од давање на услуги и од камати тантиеми и дивиденди се дадени
понатаму во текстот. Напоменуваме дека претходно наведените претпоставки во
овој наслов важат и за тие наслови.

1) "Прифатена сметка за продажба" според која испораката се одлага на


барање на купувачот, но купувачот ја презема сопственоста и го прифаќа
фактурирањето.
Приходот се признава кога купувачот ќе ја преземе сопственоста под
следните услови:
6
(а) веројатно е дека испораката ќе биде извршена;
(б) предметот на продажбата е на располагање, идентификуван и спремен
за испорака на купувачот во времето во кое се признава приходот од продажба;
(в) купувачот дава посебни инструкции за одлагање на испораката и
(г) се применуваат вообичаените услови на плаќање.
Приходот не се признава ако постои само намера за стекнување или
производство на стоките во времето на испорака.

2) Стока испорачана според следните услови:


(а) поставување и надзор
Вообичаено приходот се признава кога купувачот ја прифаќа испораката и
кога поставувањето и надзорот се довршени. Меѓутоа, приходот веднаш се
признава доколку купувачот ја прифати испораката според следните услови:
- според својата природа постапката на поставување е едноставна, на пример
поставување на фабрички тестиран телевизиски приемник кој изискува само
распакување и приклучување на струја и антена или
- надзорот се обавува само поради конечно одредување на договорните цени,
на пример, испорака на железна руда, шеќер или соја.
б) со одобрение, ако купувачот договорил ограничено право на поврат
Ако постои неизвесност околу можностите за поврат, приходот се признава
кога купувачот формално ќе ја прифати испораката или кога стоката е испорачана,
а времето за рекламација е истечено.
(в) консигнациона продажба
според која примачот (купувачот) ја презема продажбата на стоката во име на
испорачателот (продавачот). Приходот го признава испорачателот кога
примателот ја продал стоката на трета странка.

3) Резервирана продажба според која стоката се испорачува дури кога купувачот


целосно ќе го изврши плаќањето кое се врши на рати.
Приходот од таквата продажба се признава кога стоката ќе биде
испорачана. Меѓутоа, кога искуството покажува дека поголемиот дел од таквите
продажби е довршен, приходите можат да се признаат кога е примена поголемата
уплата, под услов стоката да е на располагање, идентификувана и спремна за
испорака на купувачот.

4) Нарачки кај кои плаќањето (или делумното плаќање) е примено однапред за


испорака на стока која моментно ја нема на залиха, на пример, стоката треба да
биде произведена или на купувачот ќе му биде испорачана директно од трета
странка. Приходот се признава кога стоката му е испорачана на купувачот.

5) Договор за продажба или повторна продажба (освен трансакциите на замена)


според кои продавачот едновремено прифаќа подоцна повторно да ја купи истата
стока или кога продавачот има можност да биде повикан повторно да купи или
кога купувачот има можност од продавачот да бара повторно купување на стоката.
Условите на договорот треба да се анализираат со цел да се утврди дали
продавачот вистински ги пренел ризиците и сопственоста на купувачот и потоа се

7
признава приходот. Ако продавачот ги задржал ризиците и користите од
сопственоста, дури и таму каде што сопственоста правно е пренесена,
трансакцијата претставува финансиски аранжман и не создава приходи.

6) Продажба на посредници, како што се дистрибутери, препродавачи или други,


за повторна продажба. Приходите од такви продажби обично се признаваат кога
се пренесени ризиците и користите од сопственоста. Меѓутоа, ако купувачот
всушност делува како застапник, со таквата продажба се постапува како со
консигнациона продажба.

7) Претплата на публикации и слични ставки.


Доколку односните предмети се со слична вредност, приходот се признава
рамномерно во текот на периодот во кој се испорачани тие предмети. Ако
предметите имаат различни вредности од период во период, приходот се
признава врз основа на вредноста на испорачаните предмети во однос на вкупно
проценетата продажна вредност на сите предмети на кои се однесува
претплатата.

8) Продажба на рати при која надоместот може да се побарува во рати.


Приходот во висина на продажната цена, без камати, се признава на датумот на
продажбата. Продажната цена е сегашна вредност на надоместот одредена со
дисконтирање на ратите според импутирана каматна стапка. Каматата е елемент
кој се признава како приход во периодот во кој што е заработена земајќи ја во
предвид и импутираната каматна стапка.

9) Продажба на недвижен имот.


Приходот обично се признава кога сопственоста правно е пренесена на купувачот.
Меѓутоа, во некои законодавства уделот во сопственоста на недвижноста може да
се пренесе на купувачот пред сопственоста целосно правно да биде пренесена и
поради тоа ризиците и користите од сопственоста се пренесуваат во таа фаза. Во
таквите случаи, под услов продавачот веќе да нема важни обврски за да го
исполни договорот, би било соодветно да се признае приходот. Во друг случај, ако
продавачот, се обврзал да изврши било кое важно дејствие после правниот
пренос на сопственоста, приходот се признава откако дејствието ќе биде
извршено. Пример е зграда или друг објект во изградба кој сеуште не е завршен.
Во некои случаи недвижниот имот може да се продаде, а продавачот до одредена
мерка да остане и понатаму врзан за имотот така да ризиците и користите од
сопственоста не се пренесени. Пример за тоа се договорите за продажба и
повторно купување, кои содржат опција според која продавачот гарантира дека ќе
ја користи таа недвижност за одреден временски период или продавачот
гарантира поврат на вложувањата кои ги направил купувачот за одреден
временски период. Во такви случаи видот и опсегот на натамошната поврзаност
која се однесува на продавачот го одредува начинот според кој ќе биде
пресметана трансакцијата. Таа може да се пресмета како продажба,
финансирање, наем или некој друг аранжман со кој се учествува во добивката.
Ако оваа трансакција се пресметува како продажба, понатамошната вклученост на

8
продавачот може да го одложи признавањето на приходот.
Продавачот исто така мора да ги согледа начините на плаќање и доказите
дека купувачот преземал обврска да го изврши целокупното плаќање. На пример,
кога примените вкупни уплати, вклучувајќи ја и почетната уплата на купувачот или
постапното плаќање, не даваат доволен доказ дека обврската на купувачот за
плаќање е во целост извршена, приходот се признава само до висина на
примениот износ.

1.2. Практични примери кај продажбата на стоки

Пример 1
Трговското друштво "А" продало трговски стоки на купувач во земјата во
вредност од 200.000 денари. Набавната вредност изнесува 160.000 денари. ДДВ
изнесува 36.000 денари.

Книжење:
120 - Побарувања од купувачите во земјата 236.000
751 - Приходи од продажба на производи,
стоки и услуги на домашен пазар 200.000
260- Обврски за ДДВ 36.000
701 - Набавна вредност на продадени стоки 160.000
660 - Стоки на залиха 160.000

Пример 2
Трговското друштво "А" продава компјутери. Еден компјутер чија набавна
вредност изнесува 60.000 денари друштвото го земало за сопствена употреба во
сметководството.

Книжење:
022 - Постројки и опрема 60.000
660 - Стоки на залиха 60.000

Пример 3
Трговското друштво "А" продава канцелариски материјали. За сопствени
потреби друштвото од залихата на трговски стоки земало хартија за копирање
чија набавна вредност изнесува 1.000 денари.

Книжење:
703 – Расходи по основ на продадени стоки и материјали 1.000
660- Стоки на залиха 1.000

9
2. Приходи од давање на услуги

Давањето на услуги типично ја опфаќа способноста на претпријатието да го


изврши договореното барање во договорен период на време. Услугите можат да
се даваат во рамките на еден единствен период или во рамките на повеќе од еден
период. Некои договори за давање на услуги директно се поврзани со договорите
за изградба, како на пример, оние за услугите во врска со проектите на
менаџерите и архитектите. Приходите кои произлегуваат од ваквите договори се
третираат во согласност со барањата за договори за изградба.
Кога резултатот од трансакцијата опфатен со давањето на услугите може
веродостојно да се оцени, приходот во врска со трансакцијата треба да се
признае според степенот на довршеноста на датумот на сочинувањето на
билансот на состојбата. Реултатот на трансакцијата може веродостојно да се
процени ако се исполнат следните услови:
(а) износот на приходот може веродостојно да се мери;
(б) веројатно е дека претпријатието ќе има прилив на економски користи во
врскасо трансакцијата;
(в) степенот на довршеноста на трансакцијата на датумот на сочинувањето
на билансот на состојбата може веродостојно да се измери; и
(г) трошоците стекнати за трансакцијата и трошоците за довршување на
трансак-цијата можат веродостојно да се мерат.
Признавањето на приход во зависност од степенот на довршеноста на
трансакцијата често пати се третира како метода на процент на довршеност.
Според оваа метода, приходот се признава во пресметковниот период во кој се
дадени услугите. Признавањето на приходот на ваква основа дава корисна
информација за обемот на услужната активност и успешноста во работењето за
време на пресметковниот период. Меѓународниот сметководствен стандард МСС
11, Договори за изградба, исто така бара признавање на приход на таа основа.
Барањата на тој стандард во целина земено се применети во признавањето на
приходите и се поврзани со расходите за трансакции кои опфаќаат давање на
услуги.
Приход се признава само кога е веројатно дека претпријатието ќе има
прилив на економски користи во врска со трансакцијата. Меѓутоа, кога се јавува
неизвесност во врска со наплатата на некој износ кој веќе е вклучен во приходот,
ненаплатениот износ, или износот за кој престанала веројатноста дека ќе биде
наплатен, се признава како расход, а не како исправка на порано признаениот
износ како приход.
Претпријатието во целина земено е во можност да направи веродостојни
проценки доколку со другите странки во трансакцијата се сложило со следното:
(а) право на секоја странка во врска со услугата што треба да се даде и да
се прими од страна на странките;
(б) надоместот што треба да се размени,
(в) начин и рокови на извршување.
Исто така, неопходно е претпријатието да има успешно интерно финансиско
планирање и извештаен систем. Претпријатието ги проверува и, кога е потребно,
ги ревидира проценките на приходите откако приходите ќе бидат извршени.

10
Потребата за таквите проверки нужно не покажува дека резултатот на
трансакцијата не може веродостојно да се процени. Степенот на довршеноста на
трансакцијата може да се утврди по различни методи. Претпријатијата користат
метода која ја мери веродостојноста на извршената услуга. Во завиност од видот
на трансакцијата, методите вклучуваат:
(а) прегледи на извршените работи;
(б) извршени услуги до определен датум како процент на вкупните услуги
кои треба да се извршат; или
(в) сразмерен дел на трошоците стекнати до определен датум до вкупно
проценетата сума на трошоците на трансакцијата. Само трошоците кои се
однесуваат на извршените услуги до определениот датум се вклучуваат во
стекнатите трошоци до тој датум. Само трошоците кои ги одразуваат услугите или
услугите кои треба да се извршат се вклучуваат во проценетите вкупни трошоци
на трансакцијата.
Постепените плаќања и примените аванси од купувачите честопати не
одразуваат извршени услуги.
Поради практични причини, кога услугите се извршуваат од страна на
неопределен број на дејствувања во рамките на определен период на време,
приходот се признава рамномерно во текот на определен период, доколку не
постои доказ дека некоја друга метода може подобро да го претстави степенот на
довршеноста. Кога едно специфично дејствување е позначајно во споредба со
некое друго дејствување, признавањето на приходот се одлага се до
извршувањето на значајното дејствување.
Кога резултатот на трансакцијата која го опфаќа давањето на услуги, не
може веродостојно да се утврди, приходот може да се признае само до висината
на признаените расходи кои што ќе можат да бидат надоместени.
Во првите степени на трансакцијата чест е случај резултатот на
трансакцијата да не може веродостојно да се процени. Меѓутоа, може да биде
веројатно дека претпријатието ќе ги надомести настанатите трошоци за
трансакцијата. Поради тоа, приходот се признава само до висината на
настанатите трошоци кои се очекуваат да бидат надоместени. Бидејќи резултатот
на трансакцијата не може веродостојно да се процени, не се признава ниту
добивка.
Кога резултатот на трансакцијата не може веродостојно да се процени и не
е веројатно дека стекнатите трошоци ќе бидат надоместени, приходот не се
признава а стекнатите трошоци се признаваат како расходи. Кога повеќе не
постои неизвесноста, која го попречува резултатот на договорот да може
веродостојно да се процени, приходот се признава според степенот на
довршеноста.

2.1. Илустрација за примена на МСС 18 при давање на услуги

1) Надомести за поставување (монтажа).


Надоместите за поставување (монтажа) се признаваат како приход според
степенот на довршеност на поставувањето, освен при продажбата на производи
во кој случај надоместите се признаваат кога стоката е продадена.

11
2) Надомести за сервисирање содржани во цената на производите.
Ако продажната цена на производот содржи износ за дополнително
сервисирање, а тој износ може да се идентификува (на пример, после продажба
на софтвер подоцнежна помош и подобрување), тој износ временски се
разграничува и се признава како приход во текот на периодот во кој се обавува
услугата. Одложениот износ е оној кој ќе ги покрие очекуваните трошоци на
услугите според договорот, заедно со разумна добивка од тие услуги.
3) Провизии за огласување.
Медиумските провизии се признаваат кога односниот оглас или реклама ќе
се појави во јавноста. Провизиите за рекламна продажба се признаваат според
степенот на довршеност за тој проект.
4) Провизии на осигурителните агенции.
Примените провизии од осигурителните агенции или нивните побарувања,
кои не
бараат од застапникот натамошно давање на услуги, застапникот ги признава како
приход во моментот кога тој ја презема обврската или на датумот на кој се
обновени односните полиси. Меѓутоа, кога е веројатно дека застапникот и
понатаму ќе дава услуги во периодот кој го опфаќа времетраењето на полисата,
провизијата или нејзин дел се одлага и се признава како приход во тек на
периодот кога полисата е на сила.
5) Провизија за финансиски услуги.
Признавањето на приходи кај провизиите за финансиски услуги зависи од
намената за која се пресметани надоместите и од основата за пресметка на било
кои финансиски инструменти. Описот на провизиите за финансиски услуги можеби
нема да биде показател за видот и суштината на дадената услуга. Според тоа,
нужно е да се разликуваат провизиите кои се составен дел на стварниот принос
од финансиски инструменти, провизиите кои се заработени од услуги и
провизиите кои се заработени при извршување на важна активност.
а) Провизии кои се составен дел на принос од финансиски инструменти.
Со таквите провизии обично се постапува како со исправката на стварниот
придонес. Меѓутоа, ако финансискиот инструмент треба да се мери според фер
вредноста, после неговото почетно признавање провизијата се признава како
приход ако инструментот е почетно признат.
б) Провизии кои се заработени кога се извршени услугите.
в) Провизија која е заработена при извршување на активност која е многу поважна
од некоја друга важна активност. Оваа провизија се признава како приход кога
поважната активност е извршена како што
покажуваат следните примери:
- Провизија за доделување акции на коминтентите;
Оваа провизија се признава како приход кога акциите се доделени.
- Провизија за аранжман - пласман на заем помеѓу заемодавачот и
заемопримачот; Оваа провизија се признава кога заемот е договорен.
- Провизија за заем каде што има повеќе учесници.
6) Влезници.
Приходот од уметнички приредби, банкети или други посебни настани се
признава кога настанот е одржан. Ако се работи за претплата на повеќе настани,

12
надоместот се распоредува на секој настан на основа која го одразува опсегот во
кој се извршени услугите за секој настан.
7) Школарина.
Приходот се признава во тек на периодот во кој трае наобразбата.
8) Пристапница, влезница и членарина.
Приходот се признава зависно од видот на дадените услуги. Ако
надоместот допушта само членство, а сите други услуги и производи се плаќаат
засебно или ако постои посебна годишна претплата, надоместот се признава како
приход кога не постои поголема несигурност за негова наплата. Ако надоместот
му овозможува на членот да ги користи услугите или публикациите додека трае
членството или купување на стоки или услуги по пониска цена од онаа што им се
наплатува на нечленовите, надоместот се признава на основа која го одразува
времето, видот и вредноста на пружените користи.
9) Франшизи.
Франшизата може да содржи испорака на почетни или дополнителни
услуги, опрема и други материјални средства како и "да се знае како" ("know-how").
Според тоа, франшизата се признава како приход на основа која ја одразува
намената за која е остварен надоместот.
Методите за признавање на франшизата се следни:
а) Испорака на опрема и други материјални средства.
Износот, темелен на фер вредноста на продаденото средство, се признава како
приход кога предметот е доставен или го променил сопственикот.
б) Испорака на почетни и дополнителни услуги.
Провизијата за континуирано давање на услуги, зависно од тоа дали е дел на
почетна или засебна провизија се признава како приход кога услугата е извршена.
Ако посебната провизија не го покрива трошокот на континуираните услуги заедно
со разумна добивка, делот од почетната провизија, кој е доволен да ги покрие
трошоците на континуираните услуги и да осигура разумна добивка од тие услуги,
се одлага и се признава како приход кога услугата ќе биде извршена. Договорот за
франшиза може да предвиди да давателот на франшизата добавува опрема,
залихи и други материјални средства по цена која не осигурува разумна добивка
од тие продажби. Во такви околности, делот од почетната провизија, која е
доволна да ги покрие проценетите трошоци кои се повисоки од таа цена и да
осигура разумна добивка од тие услуги, се одлага и се признава во текот на
периодот кога е веројатно дека стоката ќе се продаде на примателот на
франшизата. Салдото на почетната провизија се признава како приход кога сите
почетни услуги и други обврски кои ги бара давателот на франшизата (како што е
помош при избор на место, увежбување на персоналот, финасирање и
огласување) се главно довршени.
Почетните услуги и други обврски според договорот за франшиза можат да
зависат од бројните поединечни решенија воспоставени во ова подрачје. Во тој
случај провизијата, која може да се припише на почетните услуги, се признава
како приход сразмерно на бројот на тие решенија за кои почетните услуги главно
биле довршени.
Ако почетната провизија се наплатува во тек на периодот кој е продолжен, а
постои поголема несигурност околу целосната наплата, провизијата се признава

13
при наплатата на паричните рати.
в) Континуирани надомести за франшиза.
Провизијата за континуирано користење на правата кои се одобрени со договорот
или за други услуги дадени во текот на договорниот период, се признава како
приход така како што се даваат услугите или се користат правата.
г) Посреднички трансакции.
Трансакциите можат да постојат помеѓу давателот и примателот на франшизата,
и тие во суштина ги опфаќаат активностите на давателот на франшизата како
застапник на примателот на франшизата. На пример, давателот на франшизата
може да порача набавка или испорака на стока за примателот на франшизата без
добивка. Таквата трансакција не доведува до приходи.
10) Провизија за развој на софтвер
Провизијата за развој на софтверски решенија се признава како приход
според степенот на довршеност на тој развој, вклучувајќи ја и довршеноста на
дадените услуги за услугите на поддршка после испораката.

2.2. Практични примери кај давањето на услуги

Пример 1

Трговското друштво "А" извршило консалтинг услуга на 25.12.2005. Фактурираниот


надомест за услугата изнесува 3.000 денари. ДДВ изнесува 540 денари.

Книжење:
120 - Побарувања од купувачите во земјата 3.540
751 - Приходи од продажба на производи и услуги 3.000
260- Обврски за ДДВ 540

Пример 2

Tрговското друштво "А" продало компјутерска програма за водење на


сметководство на купувач во земјата. Програмата е инсталирана на 25.12.2005.
кога и е издадена фактура во износ од 62.000 денари (без ДДВ). Во оваа цена е
вклучен надомест од 12.000 денари кој се однесува на одржувањето во текот на
целата 2005 година (1.000 денари месечно).

Книжење:
120 - Побарувања од купувачите во земјата 73.160
751 - Приходи од продажба на производи,
стоки и услуги на домашен пазар 50.000
292 - Однапред наплатени (пресметани приходи) 12.000
260- Обврски за ДДВ 11.160

14
3. Приходи од камати, тантиеми и дивиденди

Користењето на средствата на претпријатието овозможува појава на


приходи и тоа од:
- камати - за користење на парични средства и еквиваленти на парични
средства или износи кои му се должат на претпријатието;
- тантиеми - надомести за користење на долгорочни средства на
претпријатието како на пример, патенти, заштитни знаци, авторски права и
компјутерски софтвери; и
- дивиденди - распределба на добивката од страна на поседувачите на
вложувањата во главнината во сразмери со нивните вложувања во
посебните групи на капиталот.
Приходите кои произлегуваат од употреба на средства на претпријатието од
други претпријатија со кои се заработуваат камати, тантиеми и дивиденди, треба
да бидат признаени ако:
- постои веројатност дека претпријатието ќе има приливи на економски
користи во врска со трансакцијата; и
- износот на приходот може веродостојно да се мери.
Приходите треба да бидат признати на следните основи:
- каматите треба да бидат признати сразмерно на времето, така што се зема
предвид фактичкиот принос на средствата;
- тантиемите треба да бидат признати како пресметани приходи во
согласност со суштината на релевантниот договор; и
- дивидендите треба да бидат признати кога ќе се утврдат правата на
акционерите за примање на наплати.
Фактичкиот принос на едно средство е каматната стапка која се бара за
дисконтирање на текот на идните парични примања кои се очекуваат за време на
векот на употреба на едно средство за да се изедначи со почетниот книговодствен
износ на средството. Приходот од камати го вклучува износот на амортизацијата
на било каков дисконт, провизија или друга разлика помеѓу почетната
сметководствена вредност на должничката хартија од вредност и неговиот износ
на денот на достасаноста.
Кога ненаплатената камата е пресметана пред стекнување на вложување кое
носи камата, дополнителното примање на каматата се алоцира помеѓу периодот
пред и по стекнувањето, додека само делот кој се однесува на периодот по
стекнувањето се признава како приход. Кога дивидендите на акциите на главината
се објавуваат на нето добивката пред стекнувањето, таквите дивиденди се
одземаат од трошоците на хартии од вредност. Доколку е тешко да се направат
такви алокации, освен на арбитражна основа, дивидендите се признаваат како
приход доколку тие јасно претставуваат надомест на дел од трошоците на
хартиите од вредност на главнината.
Тантиемите пресметани во согласност со условите на соодветниот договор,
обично се признаваат на таа основа, освен ако, имајќи ја предвид суштината на
овој договор, е поупатно да се признаат како приход на некоја систематска и
рационална основа.
Приходот се признава само кога е веројатно дека претпријатието ќе има

15
приливи на економски користи во врска со трансакцијата. Меѓутоа, кога се јавува
неизвесност во врска со наплатата на некој износ веќе вклучен во приходот,
ненаплатениот износ или износот за кој веројатноста за надомест престанала да
постои, се признава како расход, наместо да се исправува порано признатиот
приход.

4. Останати деловни приходи и вонредни приходи

4.1. Приходи од субвенции, дотации, регреси, компензации и други надомести

Овие приходи се утврдуваат кога ќе се утврди правото за остварување на


приходот по тој основ, без оглед на тоа дали тие се наплатени или не. По правило
овие приходи се остваруваат како резултат на мерките на економската политика
со кои се настојува да се остварат одредени цели. За да биде констатиран
приходот неопходно е документацијата врз основа на која се пресметуваат овие
приходи да биде потврдена од страна на надлежен орган од кој што се
остваруваат приходите.

4.2. Приходи од даноци и придонеси

Оваа група приходи по правило се остварува кај субјектите кои обавуваат


нестопанска дејност и преку нив овие субјекти обезбедуваат средства за
финансирање на својата дејност. Сето она што беше кажано во врска со двата
услови кои треба да бидат исполнети за да приходот се смета за остварен,
соодветно се применуваат и за оваа група приходи.

4.3. Приходи од укинување на долгогодишните резервирања и од одложени


приходи

Оваа група на приходи настанува по основ на укинување односно


намалување надолгорочните резервирања. Вкалкулираните резервирања се
евидентирани на товар на сметките од групата 42, а во корист на сметките од
групата 28. Кога ќе настанат трошоците резервирањето се укинува со
задолжување на соодветната сметка од групата 28, а во корист на сметката 772.

4.4. Приходи од продажба на постојани средства

Приходи од продажба на постојан имот се пресметуваат кога како предмет


на продажба се јавуваат постојаните средства со кои располага субјектот, при што
специфично е тоа што вкупниот износ на приходот се намалува за износот на
капиталната добивка. Доколку при продажбата на основните средства не се
оствари капитална добивка тогаш целиот приход се искажува на сметката 773.
Продажбата на постојаниот имот се книжи, на тој начин што се задолжува

16
соодветната сметка од групата 12 - Купувачи, а се одобрува сметката 773 -
приходи од продажба на постојани средства и сметката 779 за евентуалната
капитална добивка. На оваа сметка, се искажуваат приходите на нематеријалните
средства како и материјалните средства и хартиите од вредност намалени за
капиталната добивка

4.5. Приходи од отпис на обврски и приходи од вишоци

Приходите по основ на отпис на обврски ќе предизвикаат посебен интерес


по оваа годишна пресметка. Имено, како резултат на општите регионални
случувања во изминатите неколку години во билансите на субјектите се присутни
мноштво средства и обврски кои имаат фиктивен карактер односно кои што не
претставуваат реални средства и обврски. Поради наведеното субјектот е должен
да изврши попис на обврските со состојба на 31.12.2004 година при што во
пописната листа ќе ги издвои сите обврски кои што се законски застарени.
Надлежниот орган на управување во субјектот е должен да ги отпише овие
обврски со своја одлука. Книжењето на отписот на обврските се врши на товар на
обврската а во корист на сметката 774. Приходите по овој основ се утврдуваат врз
основа на извршениот попис односно врз основа на одлуката на органот на
управување во врска со извршениот попис. Ако со извршениот попис се утврди
вишок на одредени средства (парични средства, залихи и други материјални
вредности) тој вишок се евидентира како приход врз основа на одлука од
надлежниот орган на правното лице. Книжењата во приходи по оваа основа се
вршат во корист на сметката 774, а на товар на сметката на кое се однесува
утврдениот вишок.

4.6. Приходи од наплатени пенали, неподигнати капари, отстапници, награди

Овие приходи се остваруваат врз основа на договор, пропис или судска


одлука. Тука се вклучуваат и наградите кои се примаат во материјални вредности
или во пари, подароци и друго. Приходите од наплатените пенали, награди и
слично се евидентираат во корист на сметката 775, а на товар сметката 167 (174,
177) ако се пресметуваат, односно на товар на сметката 100 кога се наплатуваат.

4.7. Приходи од наплатени отпишани побарувања

Овие приходи се пресметуваат доколку во пресметковниот период субјектот


наплати одредени побарувања кои што претходно биле отпишани, независно од
основот по кој што е извршена наплатата. Овие приходи се книжат на товар на
жиро сметката, а во корист на сметката 776.

4.8. Приходи од поранешни години

Во оваа група приходи се пресметуваат приходите од претходните години


настанати по бил кој основ. Овие приходи се евидентираат во корист на сметката
777, а на товар соодветната сметка на која се искажува побарувањето.

17
4.9. Приходи по основ на рекламна пропаганда, донации и спозорства

Остварените приходи по основ на реклама, пропаганда, донации и


спонзорства се евидентираат во корист на сметката 778.

4.10. Останати неспомнати деловни приходи

На сметката 779 се евидентираат сите вонредни приходи кои по ниеден


основ неможат да се вклучат во некоја друга сметка од групата 77. На оваа сметка
се книжи и капиталната добивка

5. Вонредни - невообичаени приходи

Во рамките на оваа група приходите се опфатени преку следните сметки:


780 - Приходи од вонредна продажба на значаен дел на постојаните средства
781 - Вонредни приходи кои произлегле од значајна промена во
сметководствената
проценка
782 - Вонредни непредвидени приходи
789 - Останати вонредни - невообичаени приходи
Во рамките на сметките од оваа група се вклучуваат приходите кои
потекнуваат од сосема невообичаени настани кои ретко се случуваат и немаат
никава поврзаност со настанатите трошоци од редовното работење.

18
6. Користена литература:

www.primeko-revizija.com

Службен весник 159 од 2009г.

19

You might also like