You are on page 1of 11

I.

Детерминирање на деловната логистика

Последниве 3-4 децении,во земјите со долгорочна пазарна традиција станува се


поактуелна проблематиката на логистиката и менаџментот на синџирите на снабдување
(supply chain management) и тоа како во практичната примена на концептот така и во
теоретската мисла и понуда на знаења во вид на наставни дисциплини.

Основната причина за зголемениот интерес за оваа проблематика лежи во фактот


дека учеството на логистичките активности во формирањето на бруто националниот
производ во многу земји со развиени пазарни економии изнесува од 20 -25%, коешто
пак директно влијае врз стапката на инфлација, каматната стапка, продуктивноста,
трошоците за енергија и нејзината расположливост и врз другите аспекти на
економијата.

Областа на делоната логистика и уште пошироко менаџментот на синџирите на


снабдување денес претставува особено значајна менаџмент дисциплина на голем број
универзитети во светот.Оваа дисциплина којашто претходно малку го привлекуваше
вниманието на постарите менаџери во фирмите сега привлекува најголем интерес кај
најголем број на фирми, што се потврдува со фактот дека менаџерите се повеќе
настојуваат да го зголемат своето знаење од оваа област.

Паралелно на тоа, во практиката, полето што еднаш беше утврдено како последен
елемент за редукација на трошоците (60 години) сега станува нова област за создавање
профит и растеж на бизнисите, односно, областа што долго време имаше мало значење
за менаџерите сега станува клучна во нивното деловно планирање.

Денес логистиката претставува голем бизнис.Нејзиното ангажирање на


земјиште,работна сила, капитал и информации, заедно со нејзиното влијание врз
стандардот на живеење во целиот свет има одромни импликации.

Во последната четвртина на 20 век логистиката особено доби во значење и тоа,


преминувајќи од една функција која што е гледана како одвај потребна во:

 Активност каде што можат да се направат значајни заштеди на трошоци;


 Активност што има огромен потенцијал да влијае врз задоволството на
потрошувачите и оттука да ја зголеми продажбата;
 Маркетинг „оружје“ кое може ефикасно да се искористи за да се обезбеди
конкурентска предност.

Логистичките барања коишто обезбедуваат единствена комбинација на пакување на


производот, ракување со материјалите, складирање, контрола на залихите и транспор

1
често можат двојно да ја зголемат вредноста на производот од моментот на
производство до моментот на негова употреба.

Конкурентно, ако сакаме да ги поедноставиме работите би можеле да укажеме на


фактот дека логистички активности отсекогаш постоеле во деловното работење и
одамна биле предмет на изучување, но потоа, извесен временски период биле
запоставени. Неопходноста од пребродување на временското и просторното
несогласување меѓу производството постои толку долго колку и човечката активност
насочена кон задоволување на неговите потреби од најпримитивен до најсовремен
начин на нивно организирање.Оттука логистичките активности се стари колку и самата
економско-стопанска активност на луѓето. Но, се до скоро логистичките активности
биле третирани како помошни и подредени на други функции како што се
производството, маркетингот, финансиите.

Денес кога е повеќе од очигледно дека скоро половина од малопродажните цени


на производите ги чинат трошоците направени во рамките на логистичките
активности, оваа проблематика добива значење на менаџмент дисциплина на новиот
милениум. Причините за ваква промена се наоѓаат во можноста што логистиката ја нуди
во насока на редукација на трошоците и остварувањето конкурентска предност. Значи,
станува збор за активности кои во најголем дел од секогаш биле неопходни, но
разликата е во пристапот којашто сега подразбира интегрирање и управување со
таквите интегрирани логистички активности и синџири.

Но, и покрај тоа што многу одамна била согледана критичната и суштинската улога
на логистиката, нејасно е зошто дури последниве децении деловните организации го
согледале и го признаваат виталното влијание што менаџирањето со логистичките
процеси и активности го има во постигнувањето конкурентна предност: Овој недостиг
од признавање доаѓа како резултат на релативно ниското ниво на разбирање на
корисностите од интегрираната логистика.

Кога станува збор за нашата земја факт е дека на оваа област се уште не и се
посветува доволно внимание и покрај тоа што потребите во пракса се повеќе од
очигледни заради постојаното зголемување на трошоците во оваа област.

2
1.Дефинирање на деловната логистика

Скоро и да нема област во рамките на човечките активности која не е на директен


или индиректен начин поврзана со потребата и одвивањето на логистичките
процеси.Така на пример,еден просечен потрошувач или вработен во некоја компанија се
среќава со проблем од областа на логистиката тогаш кога се наоѓа во некоја од следниве
ситуации:

 Кога оди во продавница да купи производ за кој видел пропагандна порака, а


него го нема;
 Кога за направена порачка по пошта или по електронски пат добива погрешен
производ;
 Кога испраќа некаква пратка, а истата или не стигнала или пак стигнала
оштетена; кога е ветена испорака за неколку дена, а поминале недели и
 Во бројни слични ситуации

Логистиката е област која се одвива континуирано,односно нејзините активности се


извршуваат непрекинато што произлегуа од нејзината основна задача: да им обезбеди
на потрошувачите на секое место и во секое време ги имаат на располагање
производите или услугите што ги бараат и во состојба која ја бараат.

Деловната логистика се базира врз концептот на логистиката. Притоа и терминот и


концептот се позајмени од воената терминологија и практика и употребени во бизнисот.

Ова позајмување се темели на фактот дека во најголем дел на случаеви низ


историјата на човештвото војните биле добивани или пак како резултат на нивниот
недостиг.

Кога станува збор етимолошко значење на зборот „логистика“ би можеле да кажеме


дека истиот има француско потекло и доаѓа од зборот „logistique“ чие што значење
може да се интерпретира како умешност во доставувањето на материјалите и производи
и одржување стабилност и континуитет во тоа доставување.1

И покрај тоа што уште во 1915 година Arch Shaw ја потенцира дистинкцијата меѓу
создавањето побарувачка и физичкото снабдување укажувајќи на значењето на двете
активности и истакнувајќи ја потребата од нивна координација, поминале повеќе од 70
години додека не се добиени прецизни дефиниции за основните принципи на кои се
заснова и врз коишто функционира деловната логистика.
1
Интересно е дека зборот логистика (logistics) не е поврзан со зборот logistic од математиката која доаѓа
од грчкиот збор logisticos и значи вештина на преместување со букви наместо со броеви.
(www.logistics.about.com)

3
Денес постојат повеќе различни дефиниции за поимот на деловната логистика.
Според М.Christopher,2 лидерот на научната мисла од областа на логистиката и
менаџментот на синџирите на снабдување, основната дефиниција на концептот на
логистика е следнава:

„логистиката е процес на сртратешко управување со набавките, движењето и


складирањето на маеријали, делови и залихи на готови производи (и соодветен проток
на информации) низ организацијата и нејзините макетинг канали, на таков начин што
сегашната и идна профитабилност се максимизира преку ефективно исполнување на
порачките“.

Во 1991 година Советот за логистички менаџмент (Council of Logistics Management –


CLM) кој претставува престижна професионална организација ја дефинира логистиката
како:

„процес на планирање, имплементирање и контрола на ефикасен, ефективен


проток и складирање на производи, услуги и соодветни информации од местото на
потекло до местото на потрошувачка со цел да одговори на барањата на
потрошувачите.3

Оваа дефиниција е доста солидна особено заради фактот што е водена од идејата
дека тековите на производот или услуата треба да бидат менаџирани од местото каде
што тие се наоѓаат во форма на суровина до местото каде што истите финално се
реализираат (трошат). Покрај наведеното од дефиницијата може да се согледа дека
областа на логистиката е област со постојана и растечка можност за подобрување, као
и тоа дека станува збор за процес кој вклучува голем број активности кои влијаат
производите или услугите да им бидат на располагање на потрошувачите или
корисниците тогаш кога ним им се потребни и онаму каде тие сакаат.

Имајќи го предвид фактот за силното внимание и напредокот што во оваа област


последниве децении се случува, Советот за логистички менаџмент во 1998 година ја
ревидира наведенава дефиниција со тоа што истакнува дека логистиката претставува
дел од синџирите на снабдување.

Во рамките на логистичкиот менаџмент, според оваа организација4 (која од


неодамна има ново име, но за тоа ќе зборуваме подоцна) типично се вклучени
активности поврзани со:

 Управување со внатрешниот и надворешниот транспорт,


 Управување со возниот парк,
2
M.Christhopher: Logistics and Supply Chain Management, Prentice Hall, London, 1998, p.4
3
J.C. Johnson, D.F. Word, D.L. Wardlow, P.R. Marphy, JR: Contemporary logistics, 7ed, Prentice Hall Inc, New
Jercy, 1999
4
www.cscmp.org (посетена на 18.08.2006)

4
 Складирање,
 Ракување со материјали,
 Исполнување на порачките,
 Дизајнирање на логистичката мрежа,
 Управување со залихите,
 Планирање на понудата/побарувачката и
 Управување со трети лица (third party) кои нудат и обезбедуваат логистички
услуги.

Секогаш кога постојат брзи промени во една област се појавуваат нови термини и
дефиниции. Ист е случајот и со логистиката. За оваа обласр може да се сретнат повеќе

термини, како на пример: деловната логистика, физичка дистрибуција, управување со


материјали, логистички менаџмент (термин кој во најголем број трудови од оваа
област се третира како синоним на деловната логистика), управување на синџири на
снабдување и сл. И сите тие прближно ја објаснуваат истата област-логистиката.

Основни термини кои би требало да се објаснат,а ќе бидат од корист за


натамошното разбирање на материјалот се следниве:

 Логистика- ги опишува процесите на движење на материјалите и производите


кон, во и надвор од фирмата;
 Влезна логистика- ги покрива движењата на суровините и материјалите кои
доаѓаат од снабдувачите до фирмата;
 Управување со материјали- ги опишува движењата на материјалите и
компонентите во рамките на фирмата;
 Физичка дистрибуција (излезна логистика)- се однесува на движењето на
производите „надвор“, поточно од завршувањето на процесот на производство
кон потрошувачите;
 Управивање со синџири на снабдување- е поширок концепт на логистиката
бидејќи управува и со протокот на материјалите и со соодносот меѓу
посредниците во синџирот од местото на производството на суровините до
крајниот потрошувач.

2.Генеза и развој на концептот на бизнис логистика и управување со синџири на


снабдување

Логистиката и натамошното проширување на логиката на овој концепт во синџири


на снабдување и управување со нив има своја генеза. Поточно, концептот на менаџмент

5
на синџирите на снабдување има своја еволуција чиј зачеток е во концептот на
деловната логистика на која и претходи фрагментарно извршување на активностите
поврзани со снабдувањето, транспортот и складирањето на материјали, делови и готови
производи.

Во наредното излагање ке бидат елаборирани неколку гледишта на развојот на


концептот на бизнис логистика од страна на веќе споменати најистакнати теоретичари
во оваа област. Притоа, треба да се напомене дека не станува збор за различни
гледишта, уку повеќе за нијанси во третирањето на развојните фази.

Така, и сите автори се согласуваат дека најнапред или, поконкретно во првата фаза
(која може да се нарече и предфаза) на развојот на концептот, станува збор за
комплетната независност на функциите каде секоја деловна функција како что се:
производство, набавка, продажба, финансиите и др. Ги извршуваат своите активности
во потполна изолација една од друга.

Според M.Christopher5 во втората фаза или фазата на функционална интеграција,


компаниите ја согледуваат потребата од извесен ограничен степен на интеграција
помеѓу блиски функции како на пример: управувањето со текот на производите и
залихите или контрола на набавките и контролата на материјалите.

Во третата фаза доаѓа до воспоставување и имплементација на “од крај до


крај„ планска рамка, односно, интегрирање на сите логистички активности во
рамките на компанијата.

И четвртата фаза (надворешна интеграција) претставува вистинска интеграција во


синџирите на снабдување со тоа што концептот на врски и координација что е
постигнат во третата фаза сега се проширува “нагоре„ кон понудувачите и “надолу„ кон
потрошувачите. Ова е всушност значајната разлика помеѓу логистиката и синџирите на
снабдување.

Сл.1 –Развивање на концептот на интегрирана логистика и менаџмент на


снабдување

Фаза 1: линија

Проток на материјали Услуги на купувачот

5
Контрола на
M.Christhopher: Logistics and Supply Chain Management,
Купување 2ed., Prentice Hall, London, 1998, p.16Дистрибу-ција
Производ-ство
материјали
6
Продажба
ккккк

Фаза 2: функционална интеграција

Проток на натеријали Услуги на купувачот

Управување со Управување со Дистрибуција


производство
материјали

Фаза 3: внатрешна интеграција

Проток на натеријали Услуги на купувачот

Управување со Управување со Дистрибуција


материјали производство

Фаза 4: надворешна интеграција

Проток на натеријали Услуги на купувачот

Снабдувачи Внатрешен снабдувачки синџир Купувачи

Според Ballou6 кој како основа го зема размислувањето на John Yuva, после
независното (фрагментирано) одвивање на активностите кои што траеле некаде до
шеесеттите години, а во рамките на втората фаза на развој на концептот на деловна
логистика доаѓа до интегрирање на активностите на набавка/управување со материјали
и и физичката дистрибуција.Оваа фаза трае до почетокот на новиот милениум.

Следната фаза е фазата на менаџмент на синџирите за снабдување.

6
R.H. Ballou: Business Logistics Management, 5ed, Pearson/ Prentice Hall, 2004, str 9

7
Истово многу попрегледно е дадено на слика бр.2

Сл.2 –Еволуција од логистиката кон синџири на снабдување

Фрагментирани активности до 1960 Интеграција на активностите од 1960-2000 2000+

Предвидување на побарувачката

Набавување

Планирање на побарувачката Набавување/управување

Планирање на производството со материјали

Залихи на суровини

Складирање Логистика

Ракување со материјали

Пакување
Управување со сна-
Залихи на готови производи бдувачки синџири
Планирање на дистрибуцијата Физичка

Процесуирање на потрошувачката дистрибуција

Транспортирање

Услуги на потрошувачи/купувачи

Стратегиско планирање

Информациски услуги

Маркетинг/продажба

Финансии

По проучувањето на обемната литература од оваа област сметаме дека сепак


еволуцијата на концептот се одвива во четири фази земајќи ја предвид фазата на
фрагментирнао одвивање на логистичките активности. Или најпрегледно прикажано,
тоа се следниве фази:

1.фрагментирано (независно) одвивање на активностите за поддршка на процесите на


производство и промет;

8
2.финансиска дистрибуција;

3.бизнис логистика (интеграција во рамките на фирмата);

4.менаџмент на синџирите на снабдување;

Фаза 2: Физичка дистрибуција

Во периодот на 60. и 70. Многу фирми ширум светот го фокусирале своето внимание
на она што беше дефинирано како физичка дистрибуција или надворешен логистички
систем. Тие се обиделе систематски управувајќи со веќе наведените активности да
обезбедат ефикасна испорака на готови производи до потрошувачите.

Во оваа фаза фирмите се обидувале да го интегрираат транспортот на готови


производи, складирањето, управувањето со залихите, услугите на потрошувачите и
другите функции директно поврзани со испораката на производите на потрошувачите.
Фокусот на управување со физичката дистрибуција, беше на управување со
дистрибуција на готови производи на начин што ги задоволува очекувањата на
потрошувачите со најниски можни трошоци.

Постојат најмалку три причини зошто процесот на интегрирање отпочнал со готови


производи. Овие причини се уште важат за фирмите коишто отпочнуваат да управуваат
со логистичките активности, а тоа се следниве:

а) готовите производи се најголем поодделен сегмент на залихите

б) заради контактот на готовите производи со потрошувачите влијаат врз нивните


очекувања

в) управувањето на дистрибуцијата на готови производи дава можност да се


интервенира, односно да се интегрираат активностите во еден значаен процес –
процесот на дистрибуција, а без да се навлегува во процесот на производство.

Ова е период кога фирмите почнале да ја признаваат поврзаноста меѓу трошоците за


чување залихи и транспортните трошоци од аспект на вкупните трошоци на системот.
Значи, првиот чекор во развојот на концептот на менаџментот на синџирите на
снабдување е концептот на физичка дистрибуција која се нарекува и маркетинг
логистика.

Фаза 3- Интегрирана деловна логистика

Во периодот на 70. и 80. Фирмите почнуваат да ги согледуваат дополнителните


можности за заштеди кои ги нуди комбинирањето на внатрешните процеси или
активности (управувањето со материјали) со надворешниот систем на физичка

9
дистрибуција. Оваа комбинација всушност го претставува концептот на деловната
логистика или едноставно, логистичкиот систем.

Концептот на логистика претставува интегриран приод во управувањето со


активностите поврзани со текот на материјалите од добавувачите, преку
производствената потрошувачка, чувањето залихи, па се до доставувањето на готовите
производи до крајните потрошувачи, а со цел нивна рационализација.

Појавата на овој концепт е резултат на повеќе фактори меѓу кој најзначаен е оној кој
укажува на големото учество на трошоците поврзани со логистичките активности во
продажната цена на готовите производи (и до 30%).

Во основа овој концепт обезбедува потенцијални заштеди со тоа што на пример


единствениот менаџер за транспорт го координира внатрешниот и надворешниот
транспорт.

Фирмите стануваат свесни дека можат да имаат преглед на целиот процес на


движење на суровините, преку залихите во процесот на производство до залихите на
готови производи што од своја страна обезбедува ефикасност на извршувањето на
операциите.

Интегрирањето на двата процеси – управување со материјалите и физичка


дистрибуција во логистика го претставуваат третиот чекор во развојот на концептот на
синџири на снабдување.

Сл.3 Концепт на деловна логистика

набавка на

материјали за

допрема на
производство залихи на
производствена складирање на
производи
потрошувачка готови
унитизација
добавувачи материјали производи потрошувач
10
(над.транспорт)
ракување со материјали физичка дистрибуција

деловна логистика

тек на материјали и готови производи

тек на информации

фаза 4-синџири за снабдување

11

You might also like