You are on page 1of 55

Содржина на предметот

Вовед во логистиката
Логистички трошоци
Канали на дистрибуција (Канали на продажба и Канали на физичка

дистрибуција)
Набавки
Залихи (Категории на залихи, Управување со залихи, Анализа и контрола

на залихи)
Складирање (Функции на складирањето, Локации и изградба на

складишта)
Ракување и пакување
Транспорт (Алтернативни начини на транспорт, Основни модалитети

на транспортот, Планирање)
Информациски системи во логистиката
Содржина на предавањето
 Потекло на логистиката
 Терминологија
 Развој на логистиката
 Класификација на логистичките области
 Дефиниции
 Примена на логистиката
 Фактори кои влијаат на порастот на интересот за
логистиката
 Логистички активности
 Логистичка стратегија
 Идни промени и подрачја за подобрување на
перформансите на логистиката
Потекло на логистиката
 Византискиот цар Леонтос (886-911) прв го вовел поимот
логистика. Според Леонтос: Логистиката треба да ја
наоружа војската во согласност со потребите за
средства за заштита и оружје, навремено да се грижи
за нејзините потреби на теренот и да ја подготви
секоја нејзина aкција во военото движење.

 Henri Jomini (1779-1869), воен историчар и основач на


Воената академија во Петроград логистиката ја
дефинира како: дејност за снабдување и транспорт на
потребите на вооружените снаги, вклучувајќи ги сите
установи, прописи и мерки кои служат за одржување и
зачувување на ударната моќ на вооружените снаги
 За време на Втората светска војна зборот
логистика често се употребувал во планирањето и
управувањето со процесите на пополнување и
снабдување на сојузничките трупи.
 За разлика од воената област каде што поимот

логистика се однесувал на жива сила и добра,


поимот логистика во стопанската област се
однесувал првенствено на материјални добра.

 Заливската војна (1990-1991) повторно го


демонстрира значењето на логистиката за успехот
на воените акции. Затоа оваа војна е позната како
“логистичка војна” (генерал Pagonis)
Своите искуства од војната ген. Pagonis ги
искористил за управување со логистичките
активности во компании. Во октомври 1993 год.
станал менаџер за логистика во познат
малопродажен гигант кој опфаќа:
 30 големи и 90 помали дистрибутивни центри,
 2000 продажни објекти со асортиман поголем од

100.000 производи
 Извршување на 5.000 испораки на стока во
домаќинствата, односно 250.000 испораки годишно.

Познат е по изјавата “никогаш не треба да се губи


од вид кои се вашите потрошувачи”
Терминологија
Француски

 Logistique – изведено од подофицерскиот чин


“Marechal de logis” чија задача била да ги планира
сите административни работи кои биле врзани со
придвижувањето на единиците во француската
војска во 17 век.

 Loger – да се живее под ведро небо, да му се


обезбеди некому сместување.
Грчки

 Logos – наука за принципи и облици на правилно


мислење (вештина на размислување) и расудување
(смисла).

 Logistikos – вештини, искуства и знаења за


зачувување, проценка и расудување на сите
релевантни елементи во просторот и времето,
потребни за оптимално решавање на стратешки и
тактички задачи во сите подрачја на човековите
активности (мислител, човек кој правилно проценува
и брзо одлучува).
Развој на логистиката

Првите записи посветени на логистиката почнале да се


појавуваат дури во средината на минатиот век во време
кога Piter Draker, познат бизнис експерт, автор и консултант
изјавил дека логистиката станала вистинска можност за
организациите кои се стремат кон зголемување на својата
корпоративна ефикасност.

1. Во 50-тите години се појавуваат поимите:

 Физичка дистрибуција (PH DISTR)


 Управување со материјали (MATERIJAL MGMT)
 Управување со снабдувањето (SUPPLY MGMT)
 Управување со дистрибуцијата (DISTRIBUTION MGMT)
2. Во 60-тите години се појавуваат “нови”
работни места
 Директор за физичка продажба
 Менаџер за материјали

и нови поими:
 Маркетинг логистика
 Индустриска логистика
 Логистичко управување (LOGISTICAL MGMT)
 Деловна логистика (BUSINESS LOGISTICS)
 Инженерска логистика
Периодот 1956-1965 е декада на кристализација, кој
се карактеризира со четири фази на развој

 Развој на анализа на вкупните трошоци


 Развој на системски пристап
 Пораст на интересот за услугите кон корисниците
 Ревизија на дистрибутивните канали

1965-1970 е период на тестирање на основниот


концепт на логистиката
1970-1980 – период на промена на приоритетите

Криза со енергијата / Супституција


Екологија / Транспорт на загадената околина
Формирано е меѓународно здружение за логистика во
САД

и нови поими:

Управување со интегралната логистика


Управување со канали на логистиката
Управување со синџири на снабдување
После 1980 – полна имплементација на
инженерската и деловната логистика.

Примената на логистиката во различни области на


човековите дејности условила нејзино
диференцирање на:

 Деловна логистика
 Индустриска логистика
 Социјална (управна логистика)
 Медицинска логистика
 Комунална логистика, и

Останати посебни логистики


Основна класификација на
логистичките области

 Првата фаза на текот на материјали опфаќа


набавка на материјали (суровина, помошни
материјал, енергенти, трговска стока и резервни
делови) со транспорт од добавувачот до влезот во
приемното складиште (меѓускладиште) на некое
производно претпријатие. Оваа фаза се
дефинира како логистика на набавка.
 Во втората фаза материјалите, влегуваат во
процесот на производство, а потоа од
производството готовите производи и
полупроизводи преоѓаат во дистрибутивно
(отпремно) складиште. Делот од системот кој ја
реализира втората фаза т.е. движењето на
текот на материјали низ производниот систем
се дефинира како производна (индустриска)
логистика.
 Во третата фаза доаѓа до тек на готовите
производи или полуфабрикати, кои може да
имаат и функција на резервни делови, но и
обележје на готова стока.
 Одредена количина од стоката може да биде

испорачана до купувачите од дистрибутивните


складишта, а во одредени случаи и директно
од производството. Логистичкиот процес кој ја
реализира третата фаза се дефинира како
дистрибутивна логистика или логистика на
дистрибуција.
 Во четвртата фаза стоковиот тек има спротивна
насока.

 Овие повратни текови ги опфаќаат тековите на


оштетена или погрешно испорачана стока како и
таканаречени повратни (изменливи) теретни
единици како што се користени контејнери, палети и
други облици на теретни единици кои се користени
за пакување или формирање на логистички единици.
 Овој дел од логистичкиот систем се дефинира како
логистика на отпад и повратни материјални
ресурси или постпроизводна логистика
Влијание на квалитетот на информациите врз
квалитетот на услугите на испорака и работата на
системот
Дефиниции

Генерално може да се каже дека терминот


логистика има две значења:

1. Научна дисциплина,

2. Специфична деловна функција во рамките на


организационите системи, чија смисла се состои
во поддршка на унапредувањето на ефикасноста
на тие системи.
Логистиката како наука претставува збир на
мултидисциплинарни и интердисциплинарни
знаење кои ги изучуваат и применуваат
законитостите на планирање, организација,
управување и контролирање на текот на
материјали, луѓе, енергија и информации во
системот.
Таа настојува да најде методи на оптимизација
на тие текови со цел остварување на економски
ефект (профит).

Универзална дефиниција за логистиката не


постои.
Задачите на логистиката како наука се состојат во:

 Идентификација и следење на движењето на сите


елементи во циклусот на репродукција, како и сите
фактори кои го условуваат ова движење.

 Истражување и анализа на идентификуваните


движења т.е. текови од гледна точка на целите на
деловните системи.
 Дефинирање на модели, методи и техники со чија
практична примена се остварува надминување на
временските и просторни димензии на работните
текови со цел унапредување на ефикасноста на
системот.

 Заштита на резултатите остварени со примена на


логистичките модели, методи и техники на работа и
нивно натамошно усовршување.
 Логистиката како деловна функција ги опфаќа
сите дејности потребни за комплексна подготовка и
реализација на просторна и временска
трансформација на добрата и знаењата.

 Настојува со искористувањето на човечките


ресурси и средства во системите, да ги стави
добрата (производите) на располагање на пазарот во
право време, на право место, во бараната
количина, квалитет и цена, со точни информации
за тие производи.
 Акцентот се става на минимални трошоци и
оптимизација за постигнување поголема
профитабилност.
Во многу верзии се среќава дефиницијата 7”R”
(Seven “Right”) (right – право) за која понекогаш се
вели дека е лаички опис на логистиката. Таа гласи:
“Да се обезбеди достапност на правиот производ, на
право место, во право време, во права количина, во
права состојба, за правиот купувач и по права цена”.

Дефиницијата 7”R” ги содржи најважните активности


на логистиката:

 Ја нагласува просторната и временската димензија


(место, време, движење и складирање)
 Ги нагласува трошоците и услугата
Другиот аспект на оваа дефиниција е значењето
за исполнување на барањата на потрошувачите.

Суштината на логистиката е во фокусот да бидат


потрошувачите, бидејќи логистиката игра важна
улога во исполнување на нивните барања.
Додаден елемент во дефиницијата 7”R” е
квалитетот, т.е. идејата дека претпријатието мора
да изврши:

 Права работа
 Во право време
 На конкурентски пазар (право место).
 Логистиката може да се дефинира и како ефикасно
управување и контрола на залихите (суровина, добра
во процесот на преработка и готови добра) при нивното
движење или при нивното задржување во некој погон.
 Советот за управување со логистиката (Тhe Council
of Logistics Management – CLM) 1985 год. логистиката ја
дефинирал на следниот начин: ”Логистиката е
процес на планирање, примена и контрола на
ефикасниот и ефективен тек (и складирање) на
суровините, добрата во процесот на
производство, готовите производи, услуги и
информации поврзани со нив, од местото на
потекло до местото на потрошувачка, опфаќајќи
ги при тоа влезните (inbound), излезните
(outbound), интерните и екстерните движења, со
цел прилагодување на барањата на
потрошувачите”
Со појавата на концептот како што се конкуренција
и стратегија, улогата на логистиката во деловната
стратегија станала значајна. Како последица на
ова, CLM во 1990 год. ја дефинирал стратегијата
како најзначаен поим во програмите на
логистичките истражувања. Во врска со тоа се
јавува нова дефиниција за логистиката
“Логистиката како значајно проширување на
физичката дистрибуција, е одредена логика на
управување со користење на финансиски и
човечки ресурси кои се ангажирани во физичката
дистрибуција, во операциите на поддршка на
производството и во операциите на набавка”.
Развој на концептот на бизнис логистика
и управување со синџири на снабдување

Концептот на менаџмент на синџирите на снабдување има


своја еволуција која се одвивала во четири фази:

 I фаза – фрагментирано (независно) одвивање на


активностите за поддршка на процесите на производство и
промет.

 II фаза – физичка дистрибуција

 III фаза - бизнис логистика (интеграција во рамките на


фирмата)

 IV фаза – менаџмент на синџирите на снабдување


 Првата фаза е фаза во која сите логистички
активности се дисперзирани низ целата фирма и
не е точно определено од која позиција се врши
контролата.

 Во втората фаза (физичка дистрибуција)


фирмите се обидувале да ги интегрираат
активностите поврзани со транспортот на готовите
производи, складирањето, управувањето со
залихите, услугите на потрошувачите и другите
функции директно поврзани со испораката на
производите до потрoшувачите.
 Третата фаза - интегрирана деловна
логистика - претставува интегриран приод во
управувањето со активностите поврзани со текот
на материјалите од добавувачите, преку
производствената потрошувачка, чувањето
залихи, до доставувањето на готовите производи
до крајните потрошувачи, а сé со цел нивна
рационализација.
 Четврта фаза – Синџири на снабдување

Во периодот меѓу 80 и 90 години доаѓа до


проширување на перспективите на фирмите во
насока на вклучување и активирање на сите
фирми кои овозможуваат обезбедување на тоа
крајниот потрошувач да го добие вистинскиот
производ, во право време и под најдобри услови.
На овој начин логистичкиот концепт преминува во
нова форма во процесот на управување со
логистички активности. Оваа нова форма се
синџирите на снабдување.
Примена на логистиката

Според просторното разграничување на


логистичкиот систем логистиката може да се
посматра како:

Глобална логистика
Макро-микро –мезологистика
Сервисна логистика
Информациска логистика
Менаџмент логистика
Логистика на одржлив развој
Концептот на глобалната логистика може да
се сфати како процес на фокусирање на
логистичките активности, ресурси и потенцијали на
можностите кои ги нуди глобалниот пазар.

Задачата на глобалната логистика е да им


овозможи на претпријатијата комбинирање на
домашните и меѓународните логистички
активности така што логистичките услуги во
глобалниот логистички систем би се одвивале
ефикасно и ефективно.
Макрологистиката се однесува на логистиката
на стопанството во една земја.

Микрологистиката може да се посматра во


потесен и поширок смисол. Во потесен смисол се
однесува на логистиката на набавка, производна
и логистика на продажба. Во поширок смисол
покрај наведените области ги опфаќа и развојот
на производот и технолошките припреми на
производството.
Мезологистика (Металогистика) се наоѓа
помеѓу макрологистиката и микрологистиката.

Металогистиката става нагласок на


партнерство помеѓу претпријатија и на
поделба на одговорноста со цел во
логистичкиот процес да се вклучат сите
релевантни претпријатија и крајниот
потрошувач да го добие правиот производ, во
право време, со најмалку трошоци, во
очекуваната состојба и во бараната количина.
Сервисната логистика има посебно значење за
работењето на претпријатијата од
компјутерската индустрија и индустријата за
занаетчиска опрема, како и претпријатија кои се
бават со давање услуги, производни претпријатија
кои мора да ги обезбедат резервните делови и
сл.

Сервисната логистика означува збир на


координирани, интегрирани и контролирани
логистички активности кои обезбедуваат давање
на ветен квалитет на крајните корисници.
Информациската логистика е збир на
логистички активност кои обезбедуваат
системско и ефикасно прибирање на примарни
и секундарни податоци, овозможуваат нивна
обработка, употреба и размена со други
активни учесници во логистичкиот ланец,
поттикнувајќи ги претпријатијата на ефикасно
користење на бројните потенцијали на
современата телекомуникациска технологија.
Менаџмент (Management) логистика е збир на
логистички активности кои обезбедуваат развој на
ефикасен систем на менаџментот на
претпријатието, врз основа на координација и
контрола на географски дисперзирани менаџмент
активности, зголемувајќи ја ефикасноста на
одлуките на сите нивоа.

Логистика на одржлив развој е збир на


логистички активности кои обезбедуваат
истовремено остварување на стопанските и
еколошките цели во склад со сите строги
еколошки закони и закони за заштита на
потрошувачите.
Логистички активности

Во протокот на производите од местото на


потекло до местото на нивна потрошувачка
вклучени се голем број активности:

Услуги на потрошувачите
Управување со залихи
Комуникации во логистиката
Обработка на порачките
Сообраќај и транспорт
 Ракување со материјали
 Предвидување на побарувачката
 Пакување
 Постпродажни услуги
 Локација на фабриките
 Набавки
 Реверзна логистика
 Складишта и складирање
Клучни логистички активности

 Услуги на потрошувачите – Тоа е всушност


филозофија која е ориентирана кон купувачите,
а нејзина основна цел е тие да го добијат
вистинскиот производ во право време,
место, количина, и цена.
Услугата на потрошувачите вклучува успешна
имплементација на интегрираната логистика со
цел да се обезбеди потребното ниво на
задоволување на потрошувачите со најниски
можни вкупни трошоци.
 Управувањето со залихи – вклучува
рамнотежа на нивото на залихи, чувани за да
обезбедат највисоко ниво на услуги на
потрошувачите со трошоците на чување на
залихите вклучувајќи го и капиталот ангажиран во
залихите, трошоците на складирање и
застареност. Во пракса овие трошоци може да
надминат 50% од вредноста на производите на
залиха на годишно ниво.
 Комуникации во логистиката – претставуваат

витална врска во самите логистички процеси и со


потрошувачите на фирмите. Точни и навремени
комуникации се носители на успешното
управување со логистичките активности.
 Обработка на порачките – брзината и
точноста на обработката на порачките има
значајно влијание врз нивото на услугите што
фирмата ги обезбедува за потрошувачите. За таа
цел автоматизацијата и електронското
водење на овие активности имаат широка
примена, со што се редуцира времетраењето на
порачката и испораката.

 Сообраќај и транспорт – најзначајна


компонента на логистиката. Најчесто при
транспортот се прават највисоките трошоци
во процесот на логистиката.
Активности за подршка на логистичкиот тек
 Ракување со материјалите – настанува при секое
движење или тек на материјалите, суровините и готовите
производи. Целта на ракувањето со материјалите е
истото да се елиминира секогаш кога тоа е можно, да се
минимизира растојанието за превоз, да се
минимизираат загубите од кршење, расипување и сл.

 Предвидувањето на побарувачката – вклучува


определување на износот на производи и придружни
услуги што потрошувачите би ги барале во определено
време во иднина.
Истото се извршува во координација со останатите
оддели (маркетинг, производство), а со помош на
повеќе методи и компјутерски модели
 Пакување – пакувањето има улога на
заштита на производот при транспортот,
складирањето и активностите на ракување, како
и улога на олеснување на процесот на
транспорт и складирање кое се рефлектира
на редукцијата на трошоците на ракување.

 Набавување (доставување) – го опфаќа


процесот на селекција и избор на добавувачи,
формата во која материјалите ќе бидат
доставени, времето на набавка, определување
на цената и квалитативна контрола на
испораката. Во денешни услови ова е особено
значаен дел од логистичките процеси.
 Складирање и сместување – неопходна
компонента на логистиката која вклучува и
чување и одржување на залихите. Одлуката
за тоа дали ќе се гради сопствено складиште
или истото ќе се закупува, изгледот на
складиштето, кои производи ќе се чуваат,
процедурите на обезбедување и одржување на
залихите, обука на кадарот, претставува
значајна одлука во логистичкиот менаџмент.

 Постпродажни услуги – Поправките,


сервисирањето, замената на делови и сл. се
дел од постлогистичките услуги кои им се
нудат на потрошувачите.
 Реверзна (повратна) логистика – ги
опфаќа активностите што се спроведуваат за
сите производи што купувачите би ги
вратиле од најразлични причини и заради
определени неисполнувања на договорот.
Зошто треба да се интегрираат логистичките
активности
Логистиката е систем или процес со многу
компоненти или подпроцеси. Тоа е мрежа на
поврзани активности, чија примарна цел е
управување со текот на материјали и лица во
рамките на едно претпријатие и во синџирот на
снабдување.

Во основа, концептот на менаџментот на


интегрираната логистика се однесува на
управување со различни активности како еден
интегриран систем.
Без примена на таков интегриран пристап би
дошло до зголемување на залихите во деловните
трансакции помеѓу:

Добавувачите и набавката
Набавката и производството
Производството и маркетингот
Маркетингот и дистрибуцијата
Дистрибуцијата и посредниците (трговија на
големо и трговија на мало)
Посредниците и потрошувачите.
Логистичка стратегија

Стратегија е избран тек на акции односно


избран план за реализација на целите со помош
на кој претпријатието сака да стекне предност
над конкурентите.

Стратегијата поставува приоритетни задачи и


време на реализација на истите.

Начинот на реализација на дело на одредена


стратегија се нарекува тактика.
При донесувањето на стратегијата треба да се
придржуваме на следните правила:

формирање на јасна стратегија,

вклучување на сите извршители во


формирањето на стратегијата,

формирање на управувачки тим,

сите функции на работење да се посматраат


заедно (успешна стратегија е интегративна
стратегија),
спремност за промена на стариот начин на
работење,

смалување на трошоците на работење,

брзо да се реагира на промените,

високиот квалитет да се посматра како


императив итн.
Стратешката предност се дефинира како
постигнување подобри перформанси во однос
на конкурентите, при што мора да се
задоволат следните критериуми:

 на секој параметар, со кој се остварува


подобрување на перформансите во однос на
конкурентите, мора да му се посвети посебно
внимание

 предностите за корисниците мора да бидат


опипливи т.е. стварни односно евидентни

 предноста мора да биде што потрајна, односно


на такво ниво што конкуренцијата нема
да може брзо да ја достигне.
Мисија и визија на логистиката

Мисија на логистиката
“Да обезбеди достапност на прав производ, во
права количина, во права состојба, на право
место, во право време, за правиот купувач и по
права цена”

Визија на логистиката
“Да развие логистика на одржлив развој како збир
на логистички активности кои обезбедуваат
истовремено синергијско остварување на
стопанските и еколошки цели во склад со сите
строги еколошки закони и со законите за заштита
на потрошувачите.

You might also like