You are on page 1of 17

Книжење на потрошокот на суровини и материјали

Факултет за Економика и организација на


претприемаштвото
(Menaxment)

Семинарска работа по преметот


„ Smetkovodstveni presmetki, analiza i revizija““

на тема:
" FINANSISKO SMETKOVODSTVO - KNI’@EWE NA POTRO[OKOT
NA SUROVINI I MATERIJALI “"

1
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

1.ТРОШОЦИ
Гледано од аголот на книговодственото опфаќање на средствата,трошоците
се една фаза во процесот на трансформирање на средствата од парична до стоковна
форма. Тие во суштина се економско пресметковна категорија, главно
детерминирана од цената на чинење на учиноците. Во зависност од видот на цената
на чинење која се утврдува (потполна, непотполна), а не само од обемот на
производството, зависи структурата и обемноста на трошоците во конкретното
претпријатие. Исто така, висината на трошоците зависи и од аголот од кој се
набљудуваат, на пример од агол на претпријатието или од агол на пошироката
заедница. Според тоа трошоците претставуваат во пари изразени потрошоци на
средината и исплатените пари во периодот за кој се утврдува цената на чинење на
учиноците, кога таа цена е потполна, сеопфатна. Кога се утврдува некој вид на
непотполна цена, тогаш дел од вкупните трошоци наместо да се искажат во цена се
искажуваат како расходи на периодот. Зависно од намената на евиденцијата на
трошоците терминот “трошоци” ќе има различно значење и ќе се структуираат
различно.
За евиденција на трошоците се користи класа четири каде се групираат од
различни агли и тоа според потребите на: управувањето, контролата, ревизијата,
одлучувањето и сл. Вообичаено, сите трошоци се гледаат како материјални
трошоци, амортизација, нематеријални трошоци и лични доходи (плати) и други
исплати на работниците. Во зависност што ќе потразбира како трошок и потребата
на претпријатието класата четири може да се подели на посебни групи на трошоци.
Овие групи во разни периоди по број и по структура во практиката се различни.
Нивната честа промена, гледано според содржината,опфатеноста и структурата ја
обезвреднува евиденцијата на трошоците од аналитичка точка на гледање. Во
најновиот контен план трошоците, го носат белегот на ваквите тенденции.
Содржински и структурно тие ги одразуваат желбите на Министерството за
финансии и се групирани во следните групи на класа четири, која носи наслов:
трошоци и расходи:
40 – Трошоци за суровини, материјали, енергија, резервни делови и
ситен инвентар
41 – Услуги со карактер на материјални трошоци
42 – Резервирање на трошоци и ризици
43 – Амортизација и вредносно усогласување на долгорочните и
кусорочните средства
44 – Нематеријални трошоци од работењето
45 – Останати трошоци од работењето од редовната активност
47 – Плати и надоместоци
48 – Расходи по основ на камати, курсни разлики и слични расходи
49 – Распоред на трошоците
За класа четири може да се каже дека е наменета за евиденција на
трошоците по видови. По ова опфаќање на трошоците во книговодството, истите
понатаму се евидентираа, се пресметуваат и се групираат од други агли на гледање,
на пр.според учиноците за кои се направени, пресметковните единици каде што се

2
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

направени и сл. Овие првични податоци за трошоците, на класа четири, зборуваат


за висината на трошоците во еден пресметковен период и за структурата и
динамиката на тие трошоци според групите. За финансиското сметководство
трошоците се значајни затоа што во најголем дел се расходи, а расходите се
елемент на пресметка на резултатот од работењето-добивката.

2.МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ
Во оваа група трошоци се опфатени вредностите на потрошените предмети
на трудот. Тие се нивна преносна вредност на новиот учинок. Во оваа група
спаѓаат: потрошените материјали, резервни делови, инвентар, амбалажа и
автогуми. Во поново време оваа група е дополнета и со вкалкулираните
резервирања за овие трошоци. За евиденција на трошоците за суровини и
материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар во контниот план се
предвидени следните аналитички конта:
400 – Потрошени суровени и материјали
401 – Потрошена енергија
404 – Потрошени резервни делови
405 – Отпис на ситен инвентар
Во рамките на контот 400 – Потрошени суровини и материјали треба да се
отворат аналитички конта за евиденција на трошењето на суровините, основниот
материјал, потрошениот материјал, канцеларискиот материјал и други видови на
материјал.

3.ПОТРОШЕНИ МАТЕРИЈАЛИ
За евиденција на трошоците на потрошените материјали,резервни делови и
ситен инвентар, во сметковниот план е резервирана групата 40. Трошењето на
материјалите, горивото, енергијата и резервните делови настануваа со
секојдневното работење, а за производството на учиноци, односно обавување на
основната дејност на претпријатијата. Бидејќи голем дел од материјалите се чуваат
во магацините треба да се побара од оние на кои му требаат и да се подигнат од
магацинот. Издавањето на материјалите за потребите на производството за врши со
требување, а враќањето во магацинот со повратница. Овие два документа се прават
најмалку во три примероци и служат за евиденција, за книжење. Оние материјали
кои не можат да се складираат, директно се трошат, но за нив како документ ќе
служи фактурата за набавката, односно калкулацијата за нивната набавна вредност.
По требувањето со вредноста која е требувана се задолжува соодветна
сметка од групата 40 – Трошоци на материјали, резервни делови и ситен инвентар,
а се одобрува сметката на која се воделе залихите од каде се издадани материјалите
или резервните делови. Враќањето на непотребните, погрешно тебуваните и оние
кои биле непотрошени материјали е со повратница, а книжењето е обратно од
издавањето.

Пример 1: Со требовање бр.5 издадени се материјали за потребите на


производството во износ од 1000ден.
Пример 2 : Од погон вратен е материјал во магацинот како погрешно требуван со
повратница бр.4 во износ од 200ден.

3
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

Пример 3: Според требовање бр.2 се издадени суровини и материјали во


производството за 182882ден. и тоа:

-железо фи 1. 1700кг.х30ден. за 1кг. =51000


-железо фи 7. 1250кг.х26ден.за 1кг.=32500
-железо фи 13. 472кг.х31 за 1кг.=14362
-железо фи 10. 2010кг.х25ден. за 1кг.=50250
-железо фи 3. 1500кг.х23ден. за 1кг.=34500
------------
182882

Дневник:
Ред. Дата Опис конт Прет Долгува Побарува
бр о колона
1. 21.08 Потрошени суровини и материјали 400 1000
Суровини и материјали на 310
залиха
-врз основа на тебовање бр.5
1000

2. 23.06 Суровини и материјали на залиха 310 2000


Потрошени суровини и 400
материјали
-врз основ на повратница бр.4
40 2000
0
3. 09.06 Потрошени суровини и материјали 400 182882
4000-Потрошено железо 1 51000
(1700х30)
4001- Потрошено железо 7 32500
(1250х26)
4002- Потрошено железо 13 14632
(472х31)
4003- Потрошено железо 10 50250
(2010х25)
4004- Потрошено железо 3 34500
(1500х23)
Суровини и материјали
на залиха 310 182882
3100-железо 1(1700х30) 51000
3101-железо 7(1250х26) 32500
3102-железо 13(472х31) 14632
3103-железо 10(2010х25) 50250
3104-железо 3(1500х23) 34500
-врз основа на требовање бр.2

4.АНАЛИТИЧКА ЕВИДЕНЦИЈА НА СУРОВИНИ И


МАТЕРИЈАЛИ
Евиденцијата на материјалните средства и податоците за висината на
истите, нивната реалност во голема мерка е детерминирана од начинот на
пресметка, односно од цените по кои пресметани потрошоците. Во оваа смисла,
станува збор за можноста за евиденција на залихите по два вида на цени: набавни и
однапред утврдени цени. Но, пресметано од аспект на претпријатието последиците

4
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

од лошо вреднуваните средства не се кобни се додека тие се на залиха. Проблемите


почнуваат со нивното трошење . Лошо, пониско вреднуваните трошоци ќе се
одразат на пониските цени на чинење, понатаму на пониските расходи во
претсметковниот период, а при дадени проходи тоа би значело поголема добивка.
Ваквата состојба ствара лажна слика за успешно работење, а тоа пак води,кон
грешни, нездрави одлуки.
Во литературата постојат многу методи за пресметка на вредносте на
потрошените матерјали како што се набавки, плански, репродукциони, стандардни
цени во моментот на замената и сл. Објаснувањето на сите овие би барало многу
простор и напор за совладување. Затоа и ние ќе се задржиме на проблемите со
приложувањето на набавните и планските цени.
ФИФО-методот е еден од најпознатите методи за пресметка на потрошените
матерјали по набавни цени. Според овој метод трошоците на потрошените
суривини и матерјали се пресметуваат по цени од најстарите набавки, а залихите се
искажани по цени од поновите набавки. Правило е цената по која е набавена првата
набавка да послужи за пресметка на првите трошоци. За примена на овај метод
претпоставка е ист редослед помеѓу набавките и потрошокот.
ЛИФО-методот е варијанта на набавни цени. Овај метод тргнува обратно и
потрошоците ги пресметува по цени од последните набавки, а залихите ги
искажува по цени од постарите набавки. Правило е последната цена при набавката
е прва при пресметката на трошењето.
Од евидентна точка на гледање методот на пресметка ќе влијае врз
резултатите од работењето. Меѓутоа, правилен избор на цените по кои се
вреднуваат залихите го подобрува квалитетот на сметководствените информации и
ги прави употребливи во управувањето и работењето.
Проблемот на пресметка и евиденција сега веќе не се чувствува толку,
бидејќи пресметката и евиденцијата на залихите и трошоците е компјутеризирана, а
компјутерот е вреден и верен слуга на сметководителот.
Проблемот на цени постои само ако тие се разликуваат од набавка до
набавка, а особено при постојан пораст, во услови на толерантна инфлација. Во
услови на голема инфлација сметководството е беспомошно. Овај проблем постои
и при паѓање на цените, но тој проблем нема толку лошо влијание и последици врз
работењето.

Пример.4: Во ДООЕЛ Мега,во врска со набавката и издавањето на материјалот


“Х” во месец јуни е оформена следната документација:

 На 01.01 почетна состојба на материјалот“Х” 200кг. По цена од 30ден. за


1кг.
 На 03.05 според фактура бр.3 е набавен материјал“Х”60кг по цена од
40ден. за 1кг.
 На 05.06 според требовање бр.10 издаден се 150кг. од материјалот“Х” во
процесот на производство
 На 07.06 според трбовање бр.12 издадени се 50кг. од материјалот“Х” во
прозесот на производство

5
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

 На 09.06 според фактура бр.5 набавено е 300кг. од материјалот“Х” по


цена од 70ден. за 1кг.
 На 13.06 според фактура бр.9 набавено е 200кг. од материјалот“Х” по
сена од 50ден. за 1кг.
 На 18.06 според требовање бр.25 издадено е 70кг. од материјалот“Х” во
процесот на производство
 На 21.06 според требовање бр.30 издадено е 290кг. од материјалот“Х” во
процесот на производство

4.1.Аналитичка евиденција на суровини и материјали според методот


“прва влезна – прва излезна”(ФИФО)

Набавено Издадено Залихи


Ред.
бр Дата Опис кол. цена износ кол. цена износ кол. цена износ
1. 01.01 Почетна состојба 200 80 16000 / / / 200 80 16000
2. 03.05 Набавено по ф-ра бр.3 60 40 2400 / / / 60 40 2400
3. 05.06 Издадено по треб.бр.10 / / / 150 80 12000 / / /
4. 07.06 Издадено по треб.бр.12 / / / 50 80 4000 60 40 2400
5. 09.06 Набавено по ф-ра бр.5 300 70 21000 / / / 300 70 21000
6. 13.06 Набавено по ф-ра бр.9 200 50 10000 / / / 200 50 10000
Издадено по треб.бр.25 / / / 60 40 2400 / / /
7. 18.06 / / / 10 70 700 / / /
8. 21.06 Издадено по треб.бр.30 / / / 290 70 20300 200 50 10000
Почетна состојба за наредениот месец 200 50 10000

4.2. Аналитичка евиденција на суровини и материјали според методот


“последна влезна-прва излезна”(ЛИФО)

Набавено Издадено Залихи

Ред.бр Дата Опис кол. цена износ кол. цена износ кол. цена износ
1. 01.01 Почетна состојба 200 80 16000 / / / 200 80 16000
2. 03.05 Набавено по ф-ра бр.3 60 40 2400 / / / 60 40 2400
60 40 2400
3. 05.06 Издадено по треб.бр.10 / / / 90 80 7200 110 80 8800
4. 07.06 Издадено по треб.бр.12 / / / 50 80 4000 60 80 4800
5. 09.06 Набавено по ф-ра бр.5 300 70 21000 / / / 300 70 21000
6. 13.06 Набавено по ф-ра бр.9 200 50 10000 / / / 200 50 10000
7. 18.06 Издадено по треб.бр.25 / / / 70 50 3500 / / /
130 50 6500
8. 21.06 Издадено по треб.бр.30 / / / 160 70 11200 140 70 9100
Почетна состојба за наредениот месец 140 70 9100

6
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

4.3. Аналитичка евиденција на суровини и материјали според методот


просечна цена – варијабилен просек

Набавено Издадено Залихи


изно
Ред.бр Дата Опис кол. цена с кол. цена износ кол. цена износ
1. 01.01 Почетна состојба 200 80 16000 / / / 200 80 16000
2. 03.05 Набавено по ф-ра бр.3 60 40 2400 / / / 260 70,77 18400
3. 05.06 Издадено по треб.бр.10 / / / 150 70,77 10616 / / /
4. 07.06 Издадено по треб.бр.12 / / / 50 70,77 3539 60 70,77 4246
5. 09.06 Набавено по ф-ра бр.5 300 70 21000 / / / 360 70,77 25246
6. 13.06 Набавено по ф-ра бр.9 200 50 10000 / / / 560 63 35246
Издадено по треб.бр.25
7. 18.06 / / / 70 63 4410 490 63 30870
8. 21.06 Издадено по треб.бр.30 / / / 290 63 18270 200 63 12600
Почетна состојба за наредениот месец 200 63 12600

4.4.Аналитичка евиденција на суровините и материјалите според


методот просечна цена - фиксен просек

Набавено Издадено Залихи

Ред.бр Дата Опис кол. цена износ кол. цена износ кол. цена износ
1. 01.01 Почетна состојба 200 80 16000 / / / 200 80 16000
2. 03.05 Набавено по ф-ра бр.3 60 40 2400 / / / 260 65 16900
3. 05.06 Издадено по треб.бр.10 / / / 150 65 9750 110 65 7150
4. 07.06 Издадено по треб.бр.12 / / / 50 65 3250 60 65 3900
5. 09.06 Набавено по ф-ра бр.5 300 70 21000 / / / 360 65 23100
6. 13.06 Набавено по ф-ра бр.9 200 50 10000 / / / 560 65 36400
Издадено по треб.бр.25
7. 18.06 / / / 70 65 4550 490 65 31850
8. 21.06 Издадено по треб.бр.30 / / / 290 65 18850 200 65 13000
Почетна состојба за наредениот месец 200 65 13000

7
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

5.КНИЖЕЊА НА НАБАВКИТЕ НА СУРОВИНИ И


МАТЕРИЈАЛИ СПОРЕД ПЛАНСКА ЦЕНА
Планските цени не се евидентираат како што се набавните. Тие се плод на
напорот и желбата од приложувањето на набавните цени. Нивната примена ја
олеснува евиденцијата. Не треба да се чека цела документација за евиденција на
залиха и издавање, но овој метод никогаш не егзистира самостојно, туку паралелно
со метод на набавни цени.
Употребата на однапред утврдените (планските), бара од сметководството
дополнителен напор за да ја констатира разликата во вредноста на залихите и
трошоците пресметани по набавни, фактички цени и по плански цени. Оваа разлика
е позната како отстапување од цените, се искажува на сметката 319 и истата
зборува за добри или лоши набавки од аспект на цените,односно се користи во
секојдневното одлучување.
Сумата искажана на сметката 319 може да биде на негативна или позитивна
страна. Кога се набавува по пониски цени од планските, отстапувањето се книжи на
негативна страна, и обратно. Сметката 319 е корективна на сметката 310, кога на
истата залихите се водат по плански цени. Кога се посматраат заедно залихите се
сведуваат на фактичката вредност. Бидејќи отстапувањето се однесува на
материјалите на залиха, тогаш кога материјалите се трошат, планската вредност се
пренесува на класата четири. Во тој случај ако не се пренесе и соодветното
отстапување, тогаш немаме ниту реално искажани залихи, ниту реално искажани
трошоци. За да се избегне оваа нереалност се пристапува кон пресметка на
отстапувањето, кое опаѓа на потрошените материјали и книговодствено се
пренесува на класата четири. Со ова пренесување се корегираат трошоците, се
сведуваат на фактичко ниво.
Пресметката на отстапувањетоможе да се изврши при секое издавање на
материјалите сфатени на најширока смисла, но и периодично. Било кога да се
пресметува и за било кој материјал таа изгледа вака:

Салдо на сметката Х Збир на издадени залихи


Пресметано =
отстапување Збир на почетните залихи и сите набавки

Книжењето на пресметаното отстапување на издадените материјали кога


планската цена е поголема, се спроведуваат со задолжување на сметките за
отстапување, а тоа се 319, 329 или359, а одобрувањето на сметките 409, 449 или
459 за потрошените материјали. За продадените и уништените материјали
пресметаното тстапување ги намалува расходите, штетите. Обратна е состојбата
кога планските цени се помали.
Пример5: Состојбата на залихите на суровини и материјали е следна:
сметка 310 на позитивна страна 22500, салдо на сметката 319 на негативна
страна 1000ден. По требување бр.1 издадени се материјали за производство за
16500ден .Претпријатието го преместува и книжи отстапувањето при секое
издавање на материјали.

8
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

1000 х 16500
Пресметано = =750
Отстапување 22500

Ред.бр Дата Опис конто Долгува Побарува


1. 21.0 Потрошени суровини и материјали 400 16500
8 Суровини и материјали на
залиха 404 16500
-врз основа на тебовање бр.1
2. 23.0 Отстапување од цените на 319 750
6 материјалите
Пресметано отстапување 409 750
од цените на материјалите
-врз основ на прасметка

5.1Книжење кога планската цена е поголема од набавната цена


Пример 6: ДООЕЛ Мега, набавило суровини и за истото добило фактура
од добавувачот на износ од 118000ден, од кој износ 18000 се однесува на ДДВ. За
превоз пристигнала фактура од ДООЕЛ Транс во износ од 54000ден., од кои на
ДДВ отпаѓаат 4000. Суровините и материјалите се водат по планска цена од
3000000.
Калкулација:
Вредност според пресметка од добавувачите 100000
Зависни трошоци според фактура 50000
Набавна цена(вредност) 150000
Планска цена 300000
Отстапување од цената на сур.и материјалите (-)150000

Дневник:
Ред.бр Дата Опис конто Долгува Побарува
1. 21.0 Вредност според пресметка на 300 100000
8 добавувачите
Побарувања за платен ДДВ 160 18000
Обврски спрема добавувачите 220 118000
-врз основа на ф-ра
2. 23.0 Зависни трошоци 301 50000
8 Побарувања за платен ДДВ 160 4000
Обврски спрема добавувачите 220 54000
-врз основ на ф-ра
3. 23.0 Суровини и материјали на 310 300000
8 залиха
Вредност по пресметка 300 100000
Зависни трошоци 301 50000
Отстапување од планските 319 150000
цени на сур.и материјали

9
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

-врз основа на прасметка

Главна книга:

Вредност по прсеметка Побарувања за платен


од добавувачите ДДВ Зависни трошоци

+ - + - + -
100000 100000 18000 50000 50000
4000

Отстапување од цените на Суровини и материјали на


Обврски спрема добавувачите сур.и материјали залиха
+ - + - + -

118000 150000 300000


54000

5.2Книжење кога планската цена е помала од набавната цена

Пример6: ДООЕЛ Мега, набавило суровини и материјали и за истото е


добиено фактура од добавувачот во износ од 354000ден , во кој износна ДДВ опаѓа
54000ден. За превоз на суровините и материјалите добиена е фактура ДОО
Превоз добиена е фактура во износ од 54200 од кои на ДДВ се 4200ден. За утовар
и растовар добиена е фактура во износ од 15000ден. кој не е даночен обврсник.
Суровините и материјалите се водат по планска цена од 250000.
Калкулација:
Вредност според пресметка од добавувачите 300000
Зависни трошоци според фактура 65000
Набавна цена(вредност) 365000
Планска цена 25000
Отстапување од цената на сур.и материјалите (+)115000

Дневник:
Ред.бр Дата Опис конто Долгува Побарува
1. 21.0 Вредност според пресметка на 300 300000
8 добавувачите
Побарувања за платен ДДВ 160 54000
Обврски спрема добавувачите 220 354000
-врз основа на ф-ра
2. 23.0 Зависни трошоци 301 65000
8 Побарувања за платен ДДВ 160 4200
Обврски спрема добавувачите 220 69200

10
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

-врз основ на ф-ра


3. 23.0 Суровини и материјали на 310 250000
8 залиха
Вредност по пресметка 300 300000
Зависни трошоци 301 65000
Отстапување од планските 319 115000
цени на сур.и материјали
-врз основа на прасметка

Главна книга:
Вредност по прсеметка Побарувања за платен
од добавувачите ДДВ Зависни трошоци

+ - + - + -
300000 300000 54000 65000 65000
4200

Отстапување од цените на Суровини и материјали на


Обврски спрема добавувачите сур.и материјали залиха
+ - + - + -

354000 115000 250000

5.3Пресметување и книжења на отстапувањето од планските цени на


суровините и материјалите
Пример7:
-залиха на материјали 200000
-издаден материјал со требување по планска цена 100000
-пресметано отстапување 10000
-салдо на сметка 319 20000

Дневник:
Ред.бр Дата Опис конто Долгува Побарува
1. 26.0 Потрошени суровини и материјали 400 100000
5 Суровини и материјали
на залиха 310 100000
-врз основ на издадени материјали
2. 26.0 Отстапување од цените на сур. 319 10000
5 и материјали
Потрошени суровини и 400 10000
материјали
-врз основ на пресметка отстапување

11
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

Пресметката на отстапувањето се врши на следниот начин:

(салдо)319 х 100 20.000х100


Просечна стапка = = =10%
на отстапување(%) 310 долговен предмет 200.000

310(побарувачки промет)х
Просечна стапка на отстапувањето 100.000х10
износ на = = =10.000
отстапувањето 100 100

Пример 8: ДООЕЛ Мега, набавило суровини и материјали од деловниот субјект


“Тома” со фактура бр.1 на износ од 572000ден. во кој износ е пресметано ДДВ во
износ од 72000ден. Превозот на суровините и материјалите е извршен од “Транс”
кој за тоа има доставано фактура бр.2 во износ од 28000ден. од кои за ДДВ
отпаѓаат 8000ден. За растовар и сместување пристигната е фактура бр.3 во
износ од 15000ден. во кој е саодржан и ДДВ во износ од 5000. Суровините и
материјалите се водат по планска цена во износ од 600000ден.
-Со требовање бр.1 издадени се суровини и материјали во реедност од
200000ден.
-По прокнижување на наведените сметководствени настани потребно е
да се изврши ресметување на книжење на отстапувањето од цените на
суровините и материјалите што се содржани во потрошените суровини и
материјали.
Калкулација:
Вредност според пресметка од добавувачите 500000
Зависни трошоци според фактура 43000
Набавна цена(вредност) 543000
Планска цена 600000
Отстапување од цената на сур.и материјалите (-)56000

Дневник:
Ред.бр Дата Опис конто Долгува Побарува
1. 08.0 Вредност според пресметка од 300 500000
9 добавувачите 72000
Побарувања за платен ДДВ 160
Обврски спрема добавувачите 220
572000
- според ф-ра бр.1

2. Зависни трошоци 301 43000


08.0 Побарувања за платен ДДВ 160 13000
Обврски спрема добавувачите 220
9 -според ф-ра бр.2 и бр.3
56000

12
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

3. Суровини и материјали на залиха 310 600000


Вредност според пресметка од 300 500000
добавувачите 301
4. 08.0 Зависни трошоци 319
56000
9 Отстапување од цените на 44000
суровините и материјалите
08.0
5. 9 Потрошени суровини и материјали 400 200000
Суровини и материјали на залиха 310
-според требовање бр.1
200000

6. Отстапување од цените на 319 14600


08.0 суровините и материјалите
9 Вкалкулирано отстапување на цените 400 (14600)
на суровините и материјалите
-според пресметка

08.0
9

(салдо)319 х 100 44000х100


Просечна стапка = = =7,3%
на отстапување(%) 310 долговен предмет 600.000

310(побарувачки промет)х
Просечна стапка на отстапувањето 200000х7.3
износ на = = =14600
отстапувањето 100 100

Главна книга:
Вредност по прсеметка Побарувања за платен
од добавувачите ДДВ Зависни трошоци

+ - + - + -
500000 500000 8000 28000 28000
5000 15000 15000

Отстапување од цените на Суровини и материјали на


Обврски спрема добавувачите сур.и материјали залиха
+ - + - + -
572000 44000 14600 600000 200000
56000

Потрошени суровини и материјали


+ -

200000

13
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

(14600)

Пример 9:
-Потрошени се следните видови на материјали:
-основни суровини и атеријали 120.000
-помошен материјал за изработка 48.000
-материјал за чистење и одршување 8.000
Материјал за ХТЗ 72.000

Дневник:
Ред.бр Дата Опис конто Долгува Побарува

1. 26.05 Потрошени суровини и материјали 400 120000


за изработка
Потрошен помошен материјал
за изработка
48000
Материјал за чистење и одржување 8000
Суровини и материјали за ХТЗ 72000
Суровини и материјали на залиха 310 248000
-врз основа на требување

Пример 9:
-од продавница земена е фотокопирана хартија за сопствени потреби 3500
-Вкалкулиран ДДВ-18% 534
-Вкалкулирана мрежа 269

Ред.бр Дата Опис конто Долгува Побарува


1. 28.07 Потрошени суровини и материјали 400 3500
Вкалкулиран данок на ДДВ 534
Разлики во цени на стоките 269
Стоки во продавница 663 4303

Признавањето на тошоците на материјалите во процесот на градење е


опфатен во МСС – Договори за изградба кој го уредува начинот на пресметување
на трошоците и приходите на субјектите кои вршат продажна дејност, односно се
изведувачи на градежни работи.
Според МСС 11,трошоците на договорот треба да опфатат:
-трошоци кои директно се однесуваат на определен договор;
-трошоците кои се препишуваат на договорена активност општо земено и
можат да се алоцираат на договорот;
-другите трошоци кои конкретно се наплаќаат од нарачеталот според
условите за договорот;

14
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

Трошоците по основ на договорите за иаградба се признаваат како расход,во


зависност од степенот на извршувањето на договорените активности на денот на
билансирањето.
Според МСС 11, признавањето на приходите и расходите според степенот
на довршност на договорот често се нарекува како метода на процент на
довршеност. Според оваа метода, приходите од договорот кои се направени при
достигнувањето на степенот на довршеност, што резултира во прикажувањето на
приходи, расходи и добивка кои можат да се препишат на делот од работата која е
завршена.
Согласно методот на процент на довршеност, трошоците на договорот
вообичаено се признаваат како расходи во билансот на успех во сметководствените
периоди во кои е извршена работата на којшто се однесуваат. Меѓутоа, било каков
очекуван вишок на вкупнит трошоци на договорот над вкупните приходи од
договорот се признава како расход веднаш.

15
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

6.ЗАКЛУЧОК

Трошоците се основни фактори на производство, а оттаму и елементи на


цената на чинење на учиноците. Потрошокот на суровините и материјалите исто
така се трошоци на претпријатието, и се од голема важност. Со оглед на фактот
што овие трошоци според својата големина заземаат значајно место во вкупните
трошоци, сосема се во право претпријатијата кога за нив водат и организираат
покрај главно, поточно финансиско сметководство уште и помошно аналитичко
сметководство. Врз основа на аналитичката евиденција се придонесува
менаџментот, во секое време да располага со потребните податоци и информации
за нивното поединечно учество во цените на чинење на производите и услугите.
Односно врз основа на аналитичките податоци, менаџментот може аргументирано
да носи релевантни деловни одлуки и решенија за нивниот потенцијален вид и
големина.
Особено важно и значајно е да се одбележи и тоа дека врз основа на
ваквите податоци и информации на полесен начин се овозможува вршење на
анализата и контролата не само на нивното настанување, туку и за откривање на
причините за евентуално направените поголеми трошоци во текот на работењето
на деловните субјекти. Од тоа излегува дека евиденцијата на суровините и
материјалите е многу значајна за правилно работење на деловниот субјект. Нивната
евиденција се води на три посебни места:финансиското сметководство само по
вредност, во материјалното книговодство поединечно за секој материјал или
суровина по вредност и количина и во магацинската евиденција поединечно за
секоја суровина или материјал само количински.
Потрошените суровини и материјали и основни и помошни материјали
се особено значајни за производствените деловни субјекти. Потрошените
материјали според четирите методи: ФИФО, ЛИФО, според методот просечна цена
или според методот на плански цени корегирани за отстапување во
претсметковниот период. Примената на овие методи при пресметка на
потрошениот материјал дава различни износи на трошоци и различен износ на
прикажаниот материјал на залиха. Различниот износ на потрошените суровини и
материјали има за резултат поголем или помал износ на расходи и на финансискиот
резултат.

16
Книжење на потрошокот на суровини и материјали

Користена литература

1.Сметководство – Трајко А.Русевски

2.Финансиско сметководство – Трајко А.Русевски

- Саша П.Твртковиќ

3.Сметководство – Здравко Здравкоски

- Игор Здравковски

4.Основи на сметководство – Гордана Витанова

5.Smetkovodstvena presmetka analiza I revizija - проф.Сашка


Поп-Димитриоска

17

You might also like