You are on page 1of 7

48 дневно Хроно мени за Велигденски пости

“Кога постот e во прашање, а зборуваме за правите пости, а не за модерното


гледање на постот, со внесување на одредени намирници како што се растителните
сирења, гауда, или растителните сирења трапист, разни пити од компири, посни
колачиња, шлаг од билки или бројни замени за месо како шницли од соја, може да
се каже дека тој претставува големо прочистување на телото и на духот.” страна 9
од прирачникот на др. Ана Гифинг за постите

Велигденскиот пост трае вкупно 48 дена од кои 40 дена (Четириесетница), од Чист


понеделник до Лазарова сабота и последната Велика (Страдална) седмица која
трае од Цветници до Велигден.

Црковни правила:
• Постот е на вода а масло и вино се дозволени само во сабота и недела и на
одредени празници. Сите јадења вклучувајќи го и лепчето се приготвуваат без
масло освен во деновите кога е дозволено.
• Масло и вино се допушта и на празниците:
27ми февруари Упокоение на свети Кирил Солунски,
9ти март Наоѓање на главата на свети Јован Крстител,
12ти март свети Агатангел Битолски,
8ми април Младенци Собор на свети архангел Гаврил,
9ти април света Лидија Македонска,
19ти април Упокоение на свети Методиј Солунски
• Дозволена е риба за ручек и вечера на празиците:
7ми април Благовештение
9ти април Цветници
• 8ми април Лазарева сабота / дозволено е да се јаде икра
• 13ти април Велики Четврток / масло се допушта и на „преполовение“ на постот и
на Велики Четврток заради Тајната вечера.

Хроно правила за пост:


• Припрема на кашите од цело зрно житарка. Од вечер потопете ги житарките во
ладна вода со малку морска сол (однос 1:3 те. една шолја житарки, 3 шолји вода),
ставете да се варат и откако ќе почнат да вријат оставете ги уште 3-4 минути.
Потоа тргнете ги од ринглата и покријте ги со капак да отстојат во текот на ноќта.
Утрото доколку имаат вишок течност, процедете ја житарката.
• цело зрно житарки се дозволени 2 пати во неделата
• скробен зеленчук е дозволен неколку пати во неделата. Во ова мени скробните
ручеци се застапени 3 пати неделно.

Појадок
1ва недела
1.1 Хроно леб, хумус и домат / за подготовка на хумусот е потребно 200 грама
наут, 1 лажица тахини, 3 лажици од течноста на наутот, лук и сок од половина
лимон. Сите состојки се блендираат заедно
1.2 Мафини со праз и малиџано
1.3 Каша од овес со динстан спанаќ и пропржен кромид
1.4 Каша од просо со домат, авокадо и магданос (со масло)
1.5 Уштипци со Соњин намаз и маслинки / за подготовката на намазот е потребно:
2 печени пиперки, 1 мал печен црн домат, 50 гр. мелени бадеми, сенф, лук, сол и
зачини по избор. Сите состојки се блендираат заедно.
1.6 Пита од хељдини кори со кисела зелка (со масло)
1.7 Проја со праз (со масло) / 1 шоља р'жано брашно, 1 шоља јачменово брашно, 1
пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, 2 страка праз, сончоглед, сусам и
сол. Печење 40 мин. на 200 степени

Македонска FB група за поддршка на Хроно исхрана bit.ly/FBgrupaHronoIshrana


2ра недела
1.8 Каша од хељда со пропржен праз и семки по избор
1.9 Хроно леб со намаз баба Гануш и маслинки / за подготовка на намазот е
потребно: 1 поголем модар патлиџан, 1/2 лимонов сок, 1 чешне лук, 1 лажица
тахини (таан), сол, ким, рузмарин и шафран. Сите состојки се блендираат заедно.
1.10 Потпечен јачмен со тиквица, домат и кромид / приготвениот јачмен се додава
на веќе пропржениот зеленчук и се заедно се потпечува во рерна
1.11 Хроно леб со намаз од печурки и свеж зеленчук по избор / динстани печурки
со лук и бибер се блендираат и се додава малку сок од лимон и магданос
1.12 Мафини со сушени домати и ајвар
1.13 Палачинки и хумус со авокадо (со масло) / за подготовка на хумусот е
потребно: 200 грама наут, 1 лажица тахини, 3 лажици масло, 3 лажици од течноста
на наутот, сок од половина лимон, едно авокадо. Сите состојки се блендираат
заедно
1.14 Проја со спанаќ (со масло) / 1 шоља р'жано брашно, 1 шоља јачменово
брашно, 1 пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, спанаќ, сончоглед, сусам и
сол. Печење 40 мин. на 200 степени

3та недела
1.15 Каша од амарант со пропржен праз и семки по избор
1.16 Хроно леб и хумус со печени црвени пиперки / за подготовка на хумусот е
потребно: 200 грама наут, 1 лажица тахини, 3 лажици од течноста на наутот, сок од
половина лимон, лук и една печена црвена пиперка. Сите состојки се блендираат
заедно
1.17 Потпечен овес со доматно пире, оригано и сусам / приготвениот овес се
потпекува со доматното пире, ориганото и претходно потпечениот сусам
1.18 Хроно леб со намаз Гвакамоле / за намазот е потребно: половина испасирано
авокадо, ситно сецкани кромид, црвена пиперка и домат, сол и бибер
1.19 Палачинки со намаз од маслинки / за подготовка на намазот се потребни
црни маслинки, домат, магданос бибер и оригано. Сите состојки се блендираат
заедно
1.20 Проја со спанаќ (со масло) / 1 шоља р'жано брашно, 1 шоља јачменово
брашно, 1 пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, спанаќ, сончоглед, сусам и
сол. Печење 40 мин. на 200 степени

Македонска FB група за поддршка на Хроно исхрана bit.ly/FBgrupaHronoIshrana


1.21 Пита од хељдини кори со печурки (со масло) / за филот од печурки е
потребно: печурките треба да бидат издинстани на малку масло со бибер и лук а
подоцна иситнети на помалку парчиња

• По завршување на 21виот ден, започнува нов циклус со 1.1 предлогот за појадок


• Во вториот циклус дозволено е масло и вино за празниците:
22ри март св. 40 мч-ци во Севастија, Младенци
12ти април св мч. Агатангел Битолски

Ручек
1ва недела
2.1 Варен бел грав со суви пиперки и свежа салата по избор
2.2 Полнети тиквички со печурки со свежа салата по избор / печурките се
динстаат со лук, сол и бибер. Тиквичките се сечат на половина и се длаби
средината. Издлабената тиквичка ја додаваме во печурките и пропржуваме додека
не испари течноста. Потоа ги полниме тиквичките и ги потпекуваме во рерна.
2.3 Чорба од грашок со свежа салата по избор
2.4 Интегрален ориз со пиперки, домат и маслинки (со масло)
/ само во првиот циклус е дозволено масло и вино за празникот св. мч. Теодор
Тирон
2.5 Салата од печен зеленчук со авокадо
2.6 Полнети пиперки со праз и доматно пире / пиперките се полнат со веќе
динстаниот праз и се преливаат со доматно пире пред да печат
2.7 Гриловани печурки и прокељ со свежа салата по избор (со масло)

2ра недела
2.8 Обарена зелена боранија со грилован зеленчук по избор
2.9 Спанаќ со авокадо и брокула со свежа салата од цвекло и морков
2.10 Грилувани печурки и тиквички со лук
2.11 Зелка манџа со сушени домати и суви пиперки и свежа салата по избор
2.12 Свежа зелена салата со 50гр. непечен и несолен лешник
2.13 Викенд пица киноа (со масло) / за подготовка на тестото е потребно: 100
гр.киснета киноа одвечер ја блендирам со малку вода, сол и една лажица прашок
за пециво, ја сипувам на измрсена хартија за печење и печев 15 минути па ја

Македонска FB група за поддршка на Хроно исхрана bit.ly/FBgrupaHronoIshrana


превртев од другата страна уште 10 минути, после тоа намачкав со домашен сос од
патлиџан, рендана моцарела, домашна печеница, оригано и запеков уште малку.
Тестото премачкајте го со доматен сос а за топинг можете да користите печурки,
свеж домат, пиперка, кромид и маслинки
2.14 Сарма со карфиол и праз со свежа салата по избор (со масло)

3та недела
2.15 Кофтиња од леќа со свежа салата од домат, кромид и магдонос / за
подготовка на ќофтињата е потребно: леќата треба да седи потопена во вода 6 часа
а потоа да се сомеле во блендер. На таа смеса се додава магдонос, лук, сол и
бибер. Од смесата се формираат ќофтиња и се редат на пекарска хартија. Така
подготвени се печат во рерна.
2.16 Салата од киноа и свеж зеленчук по избор
2.17 Кус-кус со зеленчук / за подготовка на кускусот е потребно: 1 шолја од 200мл.
кус-кус се попарува со 200мл. зовриена вода00 мл. Се покрива со капак и така
треба да остои некое време додека не се впие водата. Зеленчукот се сецка,
посолува и се пече. Се меша се заедно и се додава малку сок од лимон и зачини по
желба.
2.18 Подварок со црвени суви пиперки и сушени домати и свежа салата од
роквица
2.19 Свежа зелена салата со 50гр. непечен и несолен бадем
2.20 Македонска пица (со масло) / за подготовка на тестото е потребно: 1 помала
главица карфиол се дели на цветови се мие убаво и се ситни во сецко. Се зачинува
и се пропржува на малку маслиново со затворен капак (2-3 мин., да го фати
топлото). Се лади и се замесува. Cе премачкув со доматно пире а топингот може да
биде составен од печурки, сушени домати, свежа пиперка, кромид и маслинки
2.21 Полнети пиперки со грав (со масло) / пиперките се полнат со веќе сварениот
грав и се преливаат со доматно пире пред да печат

• По завршување на 21виот ден, започнува нов циклус со 2.1 предлогот за ручек.


• Во вториот циклус дозволено е масло и вино за празниците:
22ри март св. 40 мч-ци во Севастија, Младенци
12ти април св мч. Агатангел Битолски
• Во вториот циклус дозволено е да се јаде риба за ручек на:
7ми арпил Благовештение / Печен Лосос со зеленчук
9ти април Цветници / Крап
Македонска FB група за поддршка на Хроно исхрана bit.ly/FBgrupaHronoIshrana
Вечера
1ва недела
3.1 Крем супа од брокула и карфиол
3.2 Стапчиња од свежа краставица со сос (блендиран печен модар домат со печена
пиперка, сок од лимон, сол и бибер)
3.3 Свежа салата од спанаќ, рукола и морков
3.4 Талијатели од морков со спанаќ, брокула и прокељ (со масло)
3.5 Свежа зелка салата со морков и авокадо
3.6 Грилован зеленчук (со масло) / брокула, прокељ, тиквица и лук
3.7 Пица со тесто од карфиол (со масло) / за подготовка на тестото е потребно: 1
помала главица карфиол се дели на цветови се мие убаво и се ситни во сецко. Се
зачинува и се пропржува на малку маслиново со затворен капак (2-3 мин., да го
фати топлото). Се лади и се замесува. Cе премачкув со доматно пире а топингот
може да биде составен од пиперка, кромид и маслинки

2ра недела
3.8 Крем супа од тиквица и праз
3.9 Стапчиња од свеж морков со сос (печена тиквица, печена црвена пиперка, лук,
сок од лимон, сол и бибер)
3.10 Талијатели од тиквичка со зеленчук / тиквичката се сече на ленти и се динста
со лук и бибер. Се пропржува кратко на сува тава црвена, жолта и зелена пиперкаи
се додаваат печурките. Сервираното јадење се наросува со млад кромид и сецкани
зелени маслинки

3.11 Свежа зелка салата со обарена брокула и прокељ
3.12 Мици пици од карфиол
3.13 Грилован зеленчук со пире од карфиол (со масло) / брокула, прокељ, тиквица
и лук
3.14 Свежа салата по избор со два зеленчука со сусамово масло (со масло)

3та недела
3.15 Крем супа од карфиол
3.16 Свежа салата од зелка со карфиол, кромид и маслинки
3.17 Крем супа од келераба
3.18 Печени тиквици со лук и магдонос
3.19 Свежа салата по избор со два зеленчука
Македонска FB група за поддршка на Хроно исхрана bit.ly/FBgrupaHronoIshrana
3.20 Грилован зеленчук (со масло) / брокула, прокељ, тиквица и лук
3.21 Гриловани печурки со спанаќ (со масло)

• По завршување на 21виот ден, започнува нов циклус со 3.1 предлогот за вечера.


• Во вториот циклус дозволено е масло и вино за празниците:
22ри март св. 40 мч-ци во Севастија, Младенци
12ти април св мч. Агатангел Битолски
• Во вториот циклус дозволено е да се јаде риба за вечера на:
7ми арпил Благовештение / Печен Полок и карфиол
9ти април Цветници / Ципура печена во морска сол

Македонска FB група за поддршка на Хроно исхрана


bit.ly/FBgrupaHronoIshrana

Македонска FB група за поддршка на Хроно исхрана bit.ly/FBgrupaHronoIshrana

You might also like