You are on page 1of 2

Со желба и љубов до големи дела

За да се живее добар живот потребно е тоа да се


поткрепи со добри дела, а да се направат добри дела во
животот потребни се желба и љубов. Чувствата како што се
љубов, желба, среќа, тага, болка не прават токму она што
сме –луѓе.
Не би требало да постои човек кој би се препуштил на
фразата што е мое ќе си дојде, треба сила, мотив, желба
за движење напред. Моја движечка сила се надежта,
љубовта, вербата, желбата за подобро утре, да успеам да
ги израдувам луѓето околу мене, да направам добро дело
со кое би променил барем малку од светот околу мене.
Животот ни се промени на сите во денешнава ситуација, но
и тоа можеме да извлечеме поука, дека она што е важно е
здравјето, семејството и луѓето кои ги сакаме да се здрави
и живи. Желбата за големи дела не учи и во оваа состојба
да не се откажуваме и да се бориме подобро утре, да
бидеме истрајни и да ги цениме вистинските вредности кои
се бесценети. Имам желба и љубов, иако знам дека е
тешко целосно да успеам, да вратам дел од насмевките на
нечии лица, многу пати сум помислил:“ Ех да можам да ги
запрам сите војни кои одземаат нечии домови, уништуваат
семејства, детски насмевки“. Ме движи силата да можам на
миг да ја запрам оваа забрзана технологија, мислам на
нашата детска комуникација, која веќе и не постои за жал,
бидејќи се се сведува на компјутерски игри, таблети,
телефони, да ја вратам онаа безгрижна игра на
училишните терени и на улица за која ми имаат
раскажувано моите родители. Сакам да уживам во новото
утре, во зраците на утрешното сонце, да гушнам и
израдувам некој на кој тоа му е потребно. Да имаш љубов
значи да имаш и желба да постигнеш некоја цел, за која си
спремен високо да полеташ и длабоко да препливаш
знаејќи дека после големата борба следат остварувања на
големи дела. Едноставно сакам да да можам кога ќе се
затвори една тажна врата, со друг клуч да може да се
отвори една врата каде што има љубов и желба. Можеби
неможам да направам многу, но сигурно некој ќе посака да
го следи мојот пример како јас што следам примери од
други луѓе.
Крилата кои ги дава желбата и љубовта навистина
водат кон големи дела. Човекот кој нема љубов во него е
како риба без вода. Мојот дедо често знаеше да каже: “Ако
немаш крила со љубов и желба, никогаш нема да го видиш
животот и сонцето од високо“.

You might also like