You are on page 1of 5

Ботаника 2-7

АПСОРПЦИЈА (ПРИМАЊЕ) НА ВОДАТА ПРЕКУ КОРЕНОВИОТ


СИСТЕМ

1. Изгубената вода по пат на транспирација и во фотосинтезата,


растението ја надокнадува од почвата

2. Растенијата без коренов систем (алги, лишаи, мовови) – водата ја


примаат преку целата своја површина

3. Сувоземните растенијата – водата ја примаат од почвата преку


кореновиот систем

4. Примањето на водата од почвата се изведува:


А) активно
Б) пасивно

5. Пасивно впивање на водата настанува како резултат на:


- намалување на водата при интензивна транспирација;
- намалување на содржината на водата во вакуолата,
цитоплазмата и клеточните ѕидови на клетката, посебно на
кореновите влакненца во кои се создава повисока
концентрација на соли отколку во почвата (што е важен
услов за впивање на водата од почвата);
- силата на цицање на водата, која во клетките на коренот е
поголема од таа на почвата

6. Разликата на содржината на водата помеѓу клеточните


структури, клеточниот ѕид, протоплазмата и вакуолите го овозможува
движењето на водата низ клетката

7. Разликата во вредноста на силата на цицањето помеѓу разните слоеви


на клетки во кората го обезбедува протокот на водата од кореновите
влакненца до внатрешните слоеви и до спроводните елементи за водата.
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ВОДАТА ВО РАСТЕНИЕТО

1. Спроведувањето на водата низ растенијата се одвива на два начина:


А) преку спроводните елементи за вода (ксилемско спроводно ткиво изградено од
трахеиди и трахеи)
Б) надвор од нив

2. Спроведувањето на водата низ спроводните елементи се одвива


многу брзо. Преку нив водата се спроведува од коренот до листот, при
што се совладува мал отпор, па транспортот на водата се одвива многу
лесно.

3. Спроведувањето на водата надвор од спроводните елементи се


одвива во напречна (хоризонтална) насока во однос на правецот на
органите. На овој начин водата се спроведува од една до друга клетка, со
релативно мала брзина на движењето на водата.

4. Спроведувањето на водата преку спроводните елементи се довива во


присуство на следниве сили:
А) кореновиот притисок
Б) кохезионите сили и
В) транспирацијата

5. Кореновиот притисок е сила со која водата може да се движи на мало


растојание од местото на примање. Тој е од посебно значење за
спроведувањето на водата во рана пролет, кога растенијата се уште не се
разлистани а транспирацијата е се уште слаба. Во овој период водата се
искачува до горните катови на растението со силата на кореновиот
притисок. Но бидејќи вредностите на кореновиот притисок се мали,
главна движечка сила во спроведувањето на водата претставува
транспирацијата.

6. За да може водата да се искачи до големите височини, мора да постои


континуитет, односно непрекинат воден столб. Континуираноста на
водениот столб се одржува со кохезионите сили, со кој се сврзани
молекулите на водата. Кохезионите сили се доста големи, на што се
должи непрекинатоста на водениот столб и при интензивна
транспирација. Прекинувањето на водениот столб моѓе да настане
единстевно со повреда, кога во него навлегува воздух.
7. Од стеблото низ спроводните елементи, водата се движи до листовите.
Листовите се послени органи до кои се спроведува водата. Водата минува
од една до друга клетка заради разликата во силата на цицање помеѓу
нив. Последната клетка е епидермална која има најголема сила на
цицање. Епидермалните клетки дехидрираат, нивниот вакуоларен сок
станува концентриран, а со то атие поседуваат поголема влечна сила, што
условува впивање на водата од соседните клетки, а тие од спроводните
елементи.

8. Брзина на споведување на водата низ спроводните елементи зависи од


нивната градба (најголема е брзината кај лијаните - по 100м на 1 час), или
од годишното време (во рана пролет брзината достигнува и до 45м на
час).
- Водата бавно се спроведува низ иглолисните растенија (околу 1м на
час), бидејќи тие имаат многу тесни спроводни елементи, па отпорот на
триењето е доста голем.

ТРАНСПИРАЦИЈА

1. Транспирација – е испуштање на водата во облик на водена пареа.

2. Транспирацијата може да биде:


А) стоматална
Б) лентицеларна
В) кутикуларна

3. Во најголема мера транспирацијата се довива преку стомите.


4. Лентицеларната транспирација е испуштање на водата преку
лентицелите и во однос на другите типови транспирација таа е најслаба.
Се јавува кај дрвенестите растенија.
5. Кутикуларната транспирација се одвива кога стомите се затворени (на
пример ноќе).

3. Транспирацијата зависи од:


А) светлината (со појачување на светлината се појачува и транспирацијата,
затоа што со појачување на светлината стомите се отвораат, а во темно се
затвораат. Затоа и интензитетот на транспрацијата преку стомите се менува
дури и во текот на денот – напладне транспирацијата е максимална, во
попладневните часови опаѓа, за да навечер и целосно престанува затоа што во
отсуство на светлина стомите се затвораат)
Б) температурата на воздухот (влијае правопропорционално и дректно со
загревање на листовите)
В) влажноста на воздухот (влијае обратнопропорционално – со зголемување на
влажноста на воздухот, транспирацијата се намалува и обратно)
Г) ветерот (при ветер транспирацијата се зголемува, затоа пто струењето на
воздухот/ветерот ја отстранува водената пареа од површината на листот)
Д) водата (при поголема количина на вода транспирацијата се зголемува) и др.

4. Транспирацијата помага да не дојде до прегрејување на растението а од


тука значи учествува во регулирањето на внатрешната температура на
растението (разладувањето).

ГУТАЦИЈА

1. Гутација – е испуштање на водата од растението во вид на водени


капки.

2. Гутацијата се одвива само при одредени услови:


- кога растението обилно прима вода од кореновиот систем
- кога таа се одделува во форма на капки само кај оние растенија кои
поседуваат водени жлезди.

3. Кај подводните растенија каде транспирацијата воопшто не се одвива,


водата се излачува со гутација, така што се овозможува постојано
движење на водата низ растението и транспорт на хранливите материи.
СОЛЗЕЊЕ

1. Процес сличен на гутацијата, само што при солзењето водата не


излегува низ водните жлезди, туку низ пресечените спроводни елементи
за вода во пресечените органи.

2. Солзењето настанува при режење на лозата и овошните дрва на пролет.

(при режење на лозата напролет од една пресечена гранка може да истече


и 1л течност; кај брезата за еден ден може да истече и по 50л течност)

Понекогаш истечените материи се собираат и се користат за преработка


на пијалаци, сирупи и др.

You might also like