You are on page 1of 6

ЛИСТ

1. Морфологија на листот
- главен орган за фотосинтеза и транспирација
- се развиваат од врвното стеблесто меристемско ткиво (или од лисните зачетоци)

2. Оформениот лист е составен од:

- лиска (лисна плоча) – најважниот дел на листот и има најголема површина во


однос на другите делови;
- лисна дршка – ја прикрепува лиската за стеблото и го поставува листот во
одредена положба во однос на светлината;
- лисна основа – местото каде листот се прикрепува за стеблото. Само кај некои
растенија, кога само дел или целата лисна основа преминува во лисен ракавец (на
пример кај житните растенија, тревестите растенија).

3. Нерватура на листот
Ја даваат мноштвото жили испреплетени на целата лиска. Нерватурата на листот е
систем на спроводни снопчиња на лиската.
Кај монокотиледоните, нервите (спроводните снопчиња) се скоро еднакво развиени
и се протегаат од основата до врвот на листот, а нервите се меѓусебно поврзани со
тенки снопчиња. Таквиот лист има паралелна нерватура.
Кај листовите кај повеќето дикотиледони, нервите се разгранети, каде од поголемите
нерви се одвојуваат помали, а средниот нерв (главен нерв) е значително поразвиен
од другите. Таквата нерватура е мрежеста.

4. Видови листови
Постои големо разнообразие во формата, големината, должина на живеење и
распоредот на листовите. Поделени се во две групи:
А) прости – листови со една лиска
Овие листови според изгкедот на рабовите на лиската, може да бидат:
- целокрајни со рамна лиска (кај повеќето скриеносемени листовите се тркалезни,
јајцевидни, срцевидни и др.)
- целокрајни со нерамна лиска (кај голосемените растенија – игловодни и др.)
- нецелокрајни (кои имаат назабени, засечени, врежани и други рабови на лиската)
Б) сложени – на една лисна дршка има повеќе од една лиска (двојни, тројни,
дланковидни, перјести, прстетси и др.)

Кај семените растенија, според градбата, функцијата и местоположбата на стеблото


и изданокот, се разликуваат повеќе видови листови:
- котиледони – имаат резервна улога и обезбедуваат хранливи материи за
развитокот на никулецот. Според бројот на овие котиледони, скриенисемените
растенија се делат на монокотиледони (имаат еден котиледон) и дикотиледони
(имаат два котиледони).
- долни листови – најчесто се лушпести и не се зелени, имаат заштитна улога (пр.
лушпи на луковици, надворешните лушпи на пупките, ризомски лушпи).
- средни листови – вистински листови кои се главни фотосинтетирачки органи
одговорни и за транспирација на растението.
- горни листови – најчесто сместени на врвот на фиданките во областа на
цветовите и соцветијата.

5. Распоред на листови на стебло


Листовите се така распоредени што еден на друг не ја сокриваат светлината и со
својата тежина рамномерно го оптоваруваат стеблото. Распоредот на листовите
може да биде:
- наспремен распоред – кога два листа се сместени еден наспрема друг на
нодиумот (пр. кај нане);
- спирале (наизменичен) распоред – ако во секој нодиум има само еден лист (пр.
кај даб, црница);
- пршленест распоред (цикличен) – кога во нодиумите се формираат повеќе од
два листа (пр. иванско цвеќе);
- лажнопршленест распоред – кога покрај двата листа во нодиумите има и повеќе
прилисници кои даваат лажен број на листови.

6. Анатомска градба на лист кај скриеносемени растенија


- горен и долен епидермис со стоми
- палисадно паренхимско ткиво – изградено од издолжени и цилиндрични клетки
богати со хлоропласти и нивната функција главно е фотосинтеза
- сунѓересто паренхимско ткиво – изграден од тркалезни клетки и богато е со
меѓуклеточни простори, посиромашно е со хлоропласти и е одговорно за
транспирацијата на растението
- спроводно ткиво – кое во лиската образува жили (спроводни снопчиња)
испреплетени во мрежа
7. Анатомска градба на лист кај голосемени растенија (кај иглолосните
растенија)
А) Надворешни ткива
- епидермис – изграден од мртви клетки со задебелени ѕидови, однадвор покриени
со кутикула, а стомите се од сите страни на листот по целата површина
- хиподермис – се наоѓа под епидермисот
- мезофил со смолни канали – кој ја дава главната маса на листот
Б) Централен дел
- жила (т.е. нерватура) каде се сместени спроводните снопчиња
8. Метаморфози на листот
А) трн – (лисни трнови) на одделни делови или цели листови, имаат заштитна
функција

Cirsium Cactus
Б) лушпи – ципестите и кожести листови кај луковиците, лушпите на ризомот и др.

В)Филодии – се добиваат со метаморфоза на лисната дршка. Ги има кај некои


австралиски акации.

Г) кај карниворните (инсектојадните) растенија – лиската и лисната дршка се


метаморфозираат во специфични уреди за фаќање и разградување на уловените
ситни инсекти. На овој начин овие растенија се обезбедуваат со азот.
Д) ластари – претставуваат издолжени израстоци со кои растението се прикрепува

Ѓ) лисни сукуленти – листови во кои се врши фотосинтеза но имаат силно развиен


водоносен паренхим па истите се месести и сочни (Алое, Агаве и др)

Агава Алое

You might also like