You are on page 1of 4

Ветерни централи

Ветерна турбина
Ветерна турбина (позната и како ветерогенератор или аерогенератор)
— вртежна направа што ja користи силата на ветрот за да добие механичка
енергија, која потоа ја претвора во електрична.

Видови турбини
Ветерните турбини може да имаат хоризонтална или вертикална оска на вртење.
Хоризонталните се почести од вертикалните и имаат подолга историја на употреба.

 Турбини со хоризонтална оска


Кај ветерните турбини со хоризонтална оска, главната осовина на генераторот е
сместена на врвот од јарболот (кулата), а јарболот мора да се насочува кон
ветрот. Помалите турбини се насочуваат само со ветроказ, додека пак поголемите
имаат сензор за ветер и сервомотор. Највеќето имаат вграден запченички пренос,
со кој бавното вртење на перките се засилува на брзина соодветна за
генераторот.
Бидјќи јарболот предизвикува турбуленција зад себе, таа обично се поставува на
страната спроти ветрот. Перките се прават цврсти за да не се виткаат кон
јарболот, и се монтирани на значајно растојание од јарболот, напати малку
поднаведнати.

 Турбини со вертикална оска

Турбините со вертикална оска се турбини со исправени осовини. Нивна главна


предност е што не мора да се насочуваат кон ветрот за да бидат делотворни.
Особено се погодни на места кајшто правецот на ветрот се менува често. Кај овие
турбини генераторот и преносот се поставени на приземниот дел, така што
јарболот е ослободен од товарот. Нивен недостаток е што извесни конструкции
имаат момент на сила што прави трепет.
Перките на овие турбини најчесто се поставени ниско, што значи дека добиваат
помалку ветер и потурбулентни воздушни струења заради различните објекти на
тлото кои му пречат на текот. Ова напати ги засилува вибрациите и го зголемува
абењето на лагерите, што ги зголемува трошоците за одржување, а го намалува
работниот век. Меѓутоа оваа турбина е подогна за покриви, бидејќи струењата се
пренасочуваат преку покривот и ова ја удвојува брзината на ветерот. Во ваков
случај, најделотворни се турбините со височина двојно помала од зданието врз
кое се поставени, со што се добива најголема брзина при најмала турбуленција.
Составни делови на турбината

Турбините се наменети за искористување на ветерната сила присутна на извесно


место. За оваа цел се врши аеродинамично моделирање оптималната висина на
јарболот, контролните системи, бројот и обликот на перките. Оние со
хоризонтална оска имаат три дела:

 ротор - перки што ја претвораат ветерната сила во нисковртежна механичка


сила. (20% од трошокот за турбината)
 генератор - генератор, контролна електроника и запченички пренос за
забрзување на добиените вртежи погодни за производство на електрична
енергија. (34% од трошокот)
 носач - јарболот (кула) и механизам за навалување. (15% од трошокот)
Ветерна енергија

Енергијата на ветерот (или еолската енергија) е една од првите форми на


енергија која ја користел човекот. Уште старите Египќани ја користеле за
задвижување на своите бродови и ветерни мелници. Ваквиот начин на
искористување на ветерната енергија, подоцна вклучувајќи и пумпи за вода, се
задржал до крајот на деветнаесет години од неговиот живот
Првата ветерна турбина која е користена за производство на електрична енергија
била направена во 1891 год. од Данецот Пул ла Ур. Интересно е да се забележи
дека добиената електрична енергија ја користел за електролиза на водата, а на
тој начин добиениот водород понатаму се користел за осветлување во локално
училиште. Кон крајот на дваесеттиот век се јавиле идеите за користење на
ветерната и сончевата енергија за електролиза на водата и користење на
водородот за генерирање на електрична енергија во горивни ќел

You might also like