You are on page 1of 2

Есеј по предметот Проценка на надомест и штета

Штетен настан:

Пожарот по дефиниција значи неконтролирано горење на материи кое


намерно или од невнимание го предизвикал човекот или е резултат на природни
биолошки, физички или хемиски процеси.

Како тема за овој есеј беше дадена изработка на еден од видовите штети
со која некоја компанија се има справено, кои биле нејзините последици, како и
постапките по понаправента штета. Како штетен настан обработив случај на
пожар, поточно станува збор за пожар кој настанал во кафе барот Ориентал АС во
Тетово.

Пожарот настанал околу 6 часот, во Жеровјане. Во моментот на


настанување на пожарот локалот бил затворен и во него немало никој. Опожарен
е задниот дел од објектот т.е. ноќниот клуб и значително е оштетен целиот
инвентар во неговата внатрешност. Станува збор за маси, мебел, телевизори,
музички системи и друго, додека пак другите простории биле видлово зачадени.

Пожарот бил пријавен од страна на вработен во кафе барот, по што веднаш


било интервенирано со тетовските против пожарни возила, така што пламенот
бил локализиран за 15-тина минути и било спречено негово проширување кон
околните објекти.

Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за пожарот,


околностите и се друго. Додека пак, вкупната материјална штета се проценува на
околу три милиони денари.

Во рамките на опсегот одреден со овие услови, осигурувањето покрива


уништување или оштетување на осигурените предмети што настанало како
резултат на опасност од пожар.
Кога настанал осигурен случај, осигурувањето исто така покрива и
исчезнување на осигурени предмети и трошоци што настанале како резултат на
расчистување, рушење и отстранување во врска со настанатиот случај.

Меѓутоа, доколку се утврди дека пожарот настанал како резултат на


изложување на оган или топлина при обработка, преработка или друга намена,
прегорување, исчадување, запалување со цигари, жар, светилка, печка и слично,
како и дејството на електрична енергија од преголем напон или загревање поради
преоптоварување на електрични машини, апарати или електрични водоводи. Во
тој случај не се смета дека настанал пожар. Како исклучок, осигурувачот е должен
да ја надомести штетата од пожар што настанал поради дејство на електрична
енергија и кој по прекинот на тоа дејство самостојно би се ширел.

Изработил:

Милка Гаиќ 174540


Бизнис логистика

You might also like