You are on page 1of 5

6.

СОВЕТУВАЊЕ
Охрид, 4 - 6 октомври 2009

Сашо Мартиновски
СИСКОН ДООЕЛ, Скопје
Лидија Петковска
Фаkултет за Електротехника и Информациски Технологии, Скопје

АНАЛИЗА НА АСИНХРОН МОТОР СО МЕТОД НА КОНЕЧНИ ЕЛЕМЕНТИ СО


КОРИСТЕЊЕ НА FCSMEK

КУСА СОДРЖИНА
Во овој труд е презентирана анализа на асинхрон мотор со кафезен ротор со помош на
методот за конечни елементи. Програмот кој се користи при оваа анализа е FCSMEK и тој е
развиен во лабораторијата за електромеханика на “Хелсиншкиот Универзитет за Технологии” и
служи за пресметка со метод на конечни елементи во две димензии. Најпрво од фабричките
податоци се пресметани параметрите на моторот и тие се споредени со оние добиени од
практичните испитувања. Понатаму овие параметри се искористени како влезни податоци за
симулацијата. Со помош на програмот подоцна се определени карактеристиките на моторот и
истите се споредени со оние добиени од теориските пресметки и практичните испитувања.
Клучни зборови: асинхрон мотор, метод на конечни елементи
1 ВОВЕД
Кога се врши анализа на асинхрон мотор со класичните методи, магнетното поле во
машината не може да се одреди прецизно туку само може да се пресмета приближно. Овие
класични методи на пресметка обично даваат задоволителни резултати само кога се анализира
стационарна состојба на машината, меѓутоа за транзиентна анализа овој метод не дава
задоволителни резултати. Поради ова во последно време акцент се дава на нумеричката анализа
ма машините и процесите кои се одвиваат во нив. Методот на конечни елементи е докажан како
ефикасен за пресметка на процесите во машината особено при сложени геометрии.
Распределбата на магнетното поле се решава со помош на решавање на Максвелови
диференцијални равенки. Поради нелинеарноста на материјалите кои најчесто се користат за
изработка на машините, овие равенки се решаваат итеративно. Треба да се напомене и дека со
помош на овој метод можно е да се потенцираат и местата каде се потребни и најпрецизните
пресметки. Освен за 2D анализа, овој метод успешно се применува и за 3D анализа на
машините.

2 ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ
Во овој труд е анализиран трифазен асинхрон мотор со намотан ротор. Моторот е
производство на SEVER и е со следниве номинални величини: Un=380V; In=2.53A; Pn=750W;
cosφ=0.67; nn=690 rpm.
На самиот почеток според добиените фабрички податоци, беше направена пресметка на
моторот и беа одредени параметрите на моторот. Подоцна со помош на овие параметри
аналитички се пресметани работните карактеристики на моторот и врз моторот се извршени

A1-6R 1/5
MAKO CIGRE 2009 A1-6R 2/5

практични испитувања како празен од, номинален режим и куса врска и се добиени резултати
кои на крајот ќе бидат споредени со оние од симулацијата.

3 АНАЛИЗА СО МЕТОД НА КОНЕЧНИ ЕЛЕМЕНТИ


Пресметките со методот на конечни елементи се направени за истите работни режими
при кои моторот беше тестиран. Како што беше напоменато, при вршење на симулацијата беше
користен 2D програм. На самиот почеток се дефинира геометријата на машината, како и
материјалите од кои е таа изработена. Поради симетрија на моторот, анализа се врши само на
една четвртина од моторот. Откако ќе се дефинираат геометријата и материјалите, останува да
се дефинира и густината на мрежата. Мрежата од триаголници е дадена на сликата 1, и во овој
случај за една четвртина од моторот имаме 2.643 јазли и 1.300 триаголници. Очигледно од
сликата е дека густината на мрежата во воздушниот зјај е многу поголема во споредба со
густината на периферните делови на моторот.

Слика 1 Изглед на мрежата со елементи Слика 2 Изглед на магнетно поле при празен од

Слика 3 Изглед на магнетно поле номинален режим Слика 4 Изглед на магнетно поле при куса врска
MAKO CIGRE 2009 A1-6R 3/5

Откако ќе се дефинира геометријата на моторот и материјалите од кои е изработен статорот и


роторот се поминува на димензионирање на намотките на статорот како и на роторскиот кафез.
Во посебен прозерец најпрво се одбира изгледот на статорскиот канал а потоа се дефинира
типот на статорската намотка, бројот на проводници во намотката, бројот на паралелни гранки,
начинот на намотување, дијаметарот на жицата, дебелината на изолацијата, факторот на
пополнетост на статорскиот канал, како и материјалот од кој е изработена намотката, т.е.
специфичната проводност на бакарот. Важно е да се напомене дека за разлика од повеќето
програми за анализа со метод на конечни елементи каде влијанието на бочните врски се
занемарува, кај овој програм се дефинира должината на овие врски како и отпорот на овој дел
од намотката и растурниот флукс во тој дел од намотката.
Истата постапка која се однесуваше за дефинирање на статорот се повторува и за роторот.
Најпрво од базата на програморт се одбира изгледот на роторскиот канал и се внесуваат
димензиите на каналот. Доколку тој тип на канал не се содржи во базата истиот може
дополнително да се исцрта и да се внесе. Понатаму се внесуваат и специфичните параметри на
материјалот со кој е наполнет роторскиот канал.
Откако ќе се изврши димензионирањето на проводниците се пристапува кон дефинирање на
врската на намотките. Се бира дали е врската е во ѕвезда или триаголник и се задава вредноста
на напонот или струјата, како и фреквенцијата на изворот од кој се напојува моторот. Понатаму
се дефинира и аголот на роторот во однос на статорот за кој што сакаме да ја направиме
анализата. Откако ќе се завршат овие подесувања започнува анализата која со овој програм трае
релативно кратко и е во редот на неколку секунди.
На сликите: 2, 3 и 4 е дадена распределбата на магнетната индукција по пресекот на моторот
како и изгледот на магнетните силови линии за режим на празен од, номинален режим и режим
на куса врска соодветно. Кај сите три цртежи за да може да се направи споредба е одбрано
максималната вредност на магнетната индукција да биде 1,8Т. На сликата 2 која се однесува на
режим на празен од може да се види дека магнетните силови линии се глатки и магнетното
поле не е изобличено. Во овој режим најголем дел од енергијата се користи за магнетизирање
на магнетното јадро на моторот и магнетната индукција тука е најголема.. Сликата 3 се
однесува на номинален режим на моторот и овде може да се забележи лизгањето, т.е.
доцнењето на полето на роторот во однос на статорот. Исто така се забележува и дека
магнетните силови линии се изобличени поради ова доцнење. Во овој режим најголемиот дел
од енергијата која се превзема од мрежата се трансферира на осовината на моторот како
корисна енергија а помал дел се троши на покривање на загубите поради магнетизација и
џуловите загуби во намотките на статорот и роторскиот кафез. Сликата 4 се однесува на режим
на куса врска, т.е. на закочен ротор. Може да се забележи дека магнетните линии се крајно
изобличени и дека статорот и роторот се размагнетизирани. Овој режим е хавариски и не е
дозволен при номинална големина на напонот и тука најголем дел од енергијата се троши на
покривање на загубите во намотките на статорот и роторскиот кафез.
Покрај можноста за графичко прикажување на изгледот на силовите линии, овој програм нуди
и графичко прикажување на загубите во моторот. Може да се одбере приказ само на загубите
во железо, на загубите во проводниците или вкупните загуби во моторот. На сликите 5 и 6 се
дадени загубите на магнетизирање како и загубите во намотките на моторот соодветно. Вкупно
дадено по три слики кои соодвествуваат на режим на празен од, номинален режим како и
режим на куса врска соодветно.
Од сликата 5 која се однесува на загубите во железото може да се забележи дека загубите се
најголеми при режимот на празен од. Како што беше претходно кажано најголемиот дел од
енергијата при овој режим се троши на магнетизирање на железото во статорот и роторот. Во
овој режим максималната вредност на загубите во одредена точка од моторот изнесува 62,5
W/kg. При режимите со номинално оптоварување и закочен ротор максималните вредности на
специфичните загуби во железото се многу помали и изнесуваат 36,9 W/kg и 35,2 W/kg
соодветно.
MAKO CIGRE 2009 A1-6R 4/5

а) празен од б) номинален режим в) куса врска


Слика 5 Распределба на загубите во железото

а) празен од б) номинален режим в) куса врска


Слика 6 Распределба на загубите во намотките на моторот
Од сликата 6 може да се може да се забележи дека најголеми загуби во намотките има при
режимот на куса врска. Од сликата која се однесува на празен од може да се забележи дека
загубите во роторските канали се многу мали така да можат да се занемарат, а од сликата која
се однесува на куса врска се гледа дека најголемите загуби се во периферниот дел на
роторските канали, т.е во делот кој што е поблиску до воздушниот зјај. Спротивно од
претходниот случај каде се разгледуваа загубите во железо и каде загубите беа од исти ред овде
постои голема разлика така што при празен од загубите се на петти степен, при номинален
режим на шести степен, а при куса врска на седми степен.

3 СПОРЕДБА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Програмот FCSMEK овозможува и определување на работните карактеристики на
моторот за различни режими. Подоцна во ова поглавје ќе бидат споредени кривите на
зависноста на фазната струја во однос на лизгањето и зависноста на електромагнетниот момент
во однос на лизгањето.
На сликата 7 и 8 се дадени овие криви. На сликите има по три криви кои се однесуваат на
симулацијата, теориските пресметки и практичните испитувања соодветно. Како што може да
се види од овие криви, тие се приближно исти и не постои некоја поголема разлика помеѓу нив.
Истиот заклучок може да се изведе и за кривите кои се однесуваат на електромагнетниот
момент.
MAKO CIGRE 2009 A1-6R 5/5

Слика 7 I(s) Слика 8 T(s)


Понатаму во табелата 1 се споредени некои карактеристични величини како што се моќноста и
електромагнетниот момент.
Пресметана Пресметан момент
Измерени вредности
Режим моќност (W) (Nm)
U (V) I1(A) P (W) n (rpm) T (Nm) FEM FEM Аналитички
P0=216 P0=188 W
Празен од 380 2.15 pFe=86 748 1.1 pFe= 64 W 0.53 /
P1=1116 P1=1190 W
Номинален 380 2.53 P2 = 750 690 10.39 P2 = 796 W 12.9 9.28
Куса врска 380 9.3 Pk=4371 0 19.64 Pk=4700 W 21.4 21
Табела 1 Споредба на резултатите
Како што може да се види од табелата разликата помеѓу пресметаните, измерените и
симулираните резултати е во границата на нормалата.

4 ЗАКЛУЧОК
Од претходно изнесеното, може да се заклучи дека методот на конечни елементи може
да послужи за определување на карактеристиките на електричните машини. Ова има големо
значење при димензионирањето на нови машини, со што значително се скусува времето и
средствата кои се потребни за димензионирање на машината. Иако во овој труд беше
разгледуван релативно мал мотор, истиот метод може успешно да се примени и за анализа на
поголеми мотори со посложени геометрии.

5 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

[1] Antero Arkkio, "Analysis of Induction Motors Based on the Numerical Solution of the Magnetic Field and
Circuit Equations", Doctoral Thesis, Helsinki University of Technology, Laboratory of Electromechanics,
Helsinki, Finland, 1987; web address for guidance: http://lib.hut.fi/Diss/198X/isbn951226076X/ .
[2] Zlatko Kolondzovski, Lidija Petkovska, Sami Kanerva, Antero Arkkio, Asko Nimenmaa, "Transient
Analysis of Synchronous Generator Based on the Numerical Solution of Magnetic Field and Circuit
Equations", in Booklet of Abstracts p.66; full paper published in the Proceedings of the 15th ISEF'2005 on
CD, 7EE–3(25), pp. 1-6, Baiona, Spain, 2005.
[3] Saso Martinovski, Lidija Petkovska, Anton Hamler, Mladen Trlep, "A Contribution to the Finite Element
Analysis of an Induction Motor Using FLUX 2D", Book of Digests of the 16th ISEF'2007, pp. 352-353; full
paper published in the Proceedings on CD, pp. 1-6, Prague, Czech Republic, 2007.

You might also like