You are on page 1of 2

10/18/2020 Прeпорaки за хронични пациенти со ревматски заболувања | Коронавирус | Влада.

мк

s Побарај помош Пребарувај...

Прeпорaки за хронични пациенти


со ревматски заболувања
Објавено на: 15.04.2020 | 15:04
Категории: Известувања | Препораки

 Facebook  Twitter
0 2

Во услови на пандемија со вирусот COVID-19, хроничните пациенти


со ревматски заболувања спаѓаат во групата на  високоризични
https://koronavirus.gov.mk/vesti/215394 1/10
10/18/2020 Прeпорaки за хронични пациенти со ревматски заболувања | Коронавирус | Влада.мк

пациенти. Поконкретно, станува збор за пациенти со


некротизирачки васкулопатии, системски еритемски лупус,
дерматомиозитис, системска склероза, како и пациенти третирани
со биолошка или комбинирана имуномодулаторна терапија. 

Поради високиот ризик, овие пациенти треба да бидат во домашна


самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат
препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и
ракавици.

Во однос на здравствената сотојба на основното ревматско


заболување, на овие пациенти им се препорачува да консултираат
матичен лекар и специјалист ревматолог кој им ја следи состојбата.

За сите потребни стручни консултации, пациентите како и нивните


матични лекари може да се обратат на Клиниката за ревматологија
на контакт телефонот:  02 3 147 110 и на mail-
адресата bio.revmatologija@gmail.com. На оваа mail-адреса
матичните лекари можат да испраќаат и резултати од извршени
анализи и испитувања на пациентите за дополнителна консултација
со Клиниката. Тие ќе бидат разгледани од страна на специјалист
ревматолог и доколку е потребно ќе биде дадена соодветна
дополнителна препорака.

D Назад кон Медија центар

Последна прес-конференција

https://koronavirus.gov.mk/vesti/215394 2/10

You might also like