Professional Documents
Culture Documents
Гоцеви Видици
Гоцеви Видици
Содржина
МАКЕДОНИЈА
Зошто?
Зошто кога ќе го слушнам
твоето име срцето ми затреперува?
Зошто кога ќе ја слушнам твојата песна,
солзи ми потекуваат?
Зошто Тешкото, душата ми ја пара?
Ах, друго оро нема!
Друга песна и не пејам.
Срцето ми трепери за мојата татковина,
а таа се вика Македонија.
Колку и да е далеку,
едно камче в џеп носам.
Колку и да е далеку,
Знамето во рака се вее.
Колку и да е далеку,
коренот кој ме храни таму е.
Нема да се исуши.
Македонка сум!
Колку и да е далеку,
мојот дом ме вика.
Колку и да е далеку,
мојата слава ме чека
и гробовите плачат.
Како можам да те заборавам
татковино моја?
Сè што имам, спие во твојата прегратка.
Рашири раце!
Допри во далечината!
Земи ме и мене.
Милена Златеска
Република Хрватска
6
ТИ И ЈАС
ПЕСНАТА НА КАМЕНОТ
Во коренот на постоењето
каменот е јатка
на едно минато
раскрвавено време
црна пајажина
разорена земја
купишта пепел
отворена јама
голи скелети
и сето тоа во еден народ
собран во името –
Македонија.
Звонко Танески
Република Словачка
7
БРАНИТЕЛИ
Да ги видиш, не ќе ги познаеш
стојат будно на браникот на нечиј сон
заборавени од надоаѓањето штуро
згазени од времето...од луѓето
в срце грутка земја носат
скржаво скриена од погледи туѓи
да ги слушнеш, не им веруваш
токму нозе кај стапнале в трње
криенка животот кај играл со смртта
верата кај само ја разблажува крвта
мислата клета, таа птица преселница
ни на земји, ни на небо...скита
да ги нема, не чувствуваш празнина
водотекот не запира веднаш
парче по парче умира една земја
не бранета...
За Гоце!
Голем скунав денес ти правам
Овде пред ковчег со мошти свети
Целиот свет нека разбере знае
Единствено делото вековно ќе трае.
Викторија Македонска
Република Македонија
9
ГРАБЕЖЛИВО СЕМЕ
Од пеколот дојде сурија
настрвени волци,
посеа алчно семе во утробата на Мајката
Се силеа да надраснат
жолчност кај поколение,
го важеле за јагнешка питомина
Од дрво делкал кавал за песна
од сур камен
колец искоматувал
и во око го забодувал
Влегов во собласни времиња
од брат против брат,
на закрвен барут мирисаа,
Од далеку ме прогонуваше, од гробјето
закоба на откорнатите синови
Во корените на Македонија
сенката на Гоце ми шепотеше
за верба, за слобода, за видик
кон сончева заложба
Ја предизвикав вистината
да верзира со мене
“Од што стрвниците
го ослободувале народот, ако катаден
од месото, кожата му ја одлепувале!?”
“Од се’она што свето му било-
крикна болно стварноста
Семе грабежливо и алчно
од кој-и-да-е народ
ни на живо-ни на мртво
во стеблика би се извило
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Го гледам прекрасниот портрет
на творецот на нашата судбина.
На оној, кој белината на сите наши утра
сликовито и јасно ја исткајал.
На оној, чија крв залезот го пои
и влева надеж во сечија душа,
надеж за нов, подобар ден.
О, Гоце, име македонско,
незаборавно!
Ти си симбол за желба,
симбол за храброст.
Големината твоја е во твојот збор.
Твојата солза е сета жуборлива река.
Твојата мисла е секое ново утро.
Твоите очи се две големи сонца,
а твојот шепот-мелодичен ветар.
Твојот поглед сите не гали,
ни грее срца,
ни буди љубов,
љубов кон нашата земја,
љубов која ти најмногу и ја даде,
венчан со неа во најдлабок сон.
Игор Лозаноски
Република Македонија
12
Г.В.
Елеонора Николовска
Република Македонија
13
ЗА ТЕБЕ МАКЕДОНИЈО
Бевме фиданки откинати од ветрот
што со луни се борат
и само една мала жичка
чинам нашите прадедовци ја ткаеле
не сврза еден до друг.
Низ оган и пукот одевме рамо до рамо
и само една песна
што низ распуканите усни чувме
прадедовците да ја пеат
ја пеевме и ние.
Со твоето име на усните
одевме голи и боси сите заедно
Денот молскавично брзо мина во неврат
однесе тага однесе секаков бол
И тогаш твоето име Македонија
не згасна од нашите усни
Во пазувите на денот неизмерно горди
облечени во сончеви поли
го градевме нашето денес и утре
секогаш одејќи по тебе.
Секоја рака кула на мирот гради,
секое срце со твоето чука
и тој тропот низ песна ветерот го носи.
Во секој дом огниште на нашите сништа
дрвјата горејќи за тебе пеат,
нивниот пламен,пламен на нашите срца
жарот ,жар на нашите усни
а твоето име Македонија
легенда што секој ја знае.
Божана Тренческа
Република Македонија
14
ЗРНО ЉУБОВ
...посветена со љубов на мојата Македонија...
Каролина Ристеска
Торонто-Канада
15
Илинденци наши
Поразен Сум
Музи
Не се подбивајте повеќе со мене
Ви бев понизен,понекога и беден слуга
Се топам
Наскоро може и да ме нема
Оставете ме на мира покрај моето срце нека мине танкиот ветар
И птиците на моето небо се уморија од летање
Не успеав
Поразен сум
Со мојот последен проштален здив ве молам
Закопајтеме на Месечината.
Никодин Чернодримски
Република Македонија
17
Блажо П Стојаноски
Република Македонија
18
КРВ МАКЕДОНСКА
Сопственоста не ни е дозволена, Крвта ни е алал.
Остра предавничка сабја забиена во мајчина утроба.
Смртна пресуда за нас или за вас!?
Тивок шепот како говор на предавство,
Не, не, пазарот не е готов, Сега ќе го правиме.
Кој ќе даде повеќе негова е МАКЕДОНИЈА.
Ние го даваме најскапоценото,
Крвта МАКЕДОНСКА, Срце и душа МАКЕДОНСКИ.
Вие што давате или се продавате?!
Во воздухот тага на незаборавен крвопис.
Нашето кале не гори, не се руши.
Ние гориме но не догоруваме.
МАКЕДОНЦИ со отворено срце,
Гради полни болка, тела искамшикувани.
Алово црвен бајрак развиорен,
Остра сабја со сончев блесок извадена,
Вашиот сатар не ја сече нашата глава.
Храбро влегуваме во шумата на душманот
Топлина крвава, студови крвави.
Таму каде ќе капне крв МАКЕДОНСКА на земја МАКЕДОНСКА,
Пак јунак МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНИЈА ќе роди.
Нашиот крик од Вашето предавство,
Црниот гавран на смрта го чу.
Оловниот ферман за смрта ви го спрема.
Суден ден, МАКЕДОНЕЦ, остра сабја, длабоки корени.
Сега ќе се види, сега ќе се чуе....
Биљана Челик
Република Македонија
19
Едни, те пљачкосаа.
Други, те распарчија.
Трети, те раздадоа.
Четврти, те запалија.
Петти, те предадоа.
Шести, те распродадоа.
Седми, те обесчестија
Осми, те разграбаа.
Деветти, глава и јазик ти секоа.
Десетти, име ти зедоа.
Единаесетти, знаме ти изгазија.
Дванаесетти, сеир си гледаа
Тринаесетти, име ти заборавија...
Но сите и на мене заборавија,
на онаа која не те заборава,
оти во мене, уште одекнуваш
неискорната од дамарите.
Те пишувам, како песна од ноти и зборови.
Те пеам, како химна на достоинство.
Те слушам како приказна, од прабаба раскажана.
Те пијам, како вода, во пештерски манастир излиена.
Те изникнувам, ко крик за живот, пред глава да ми сечат.
Те извикувам, ко последен повик за непокор.
Те воскликнувам, гласно од душа: Македонија!
Лили Бошевска
Република Македонија
20
Мајка Македонија
Ридови, планини, езера, реки,
сe во грст една рака може да се собере.....
Земјата кој секој да ја згазе сака
да ја милува пожелува,
некој само малку во неа љубов посеал...
други пак живот го подарилe за слободата да царува името,
Македонија гордо да се изговара.
Гоце Делчев,Питу Гули,Јане Сандански јунаци Mакедонски
ќе се бориме браќа до последната капка крв
за Mакедонската грутка да остане нашa..јуначки Гоце кажа.
Мостовите на пријателството со брзо темпо неможе да се градат!
До кога.. вака?
Каде сте Mакедонци оваа грутка во која има љубов и топлина
од рака да не ни ја земат?
Мајко Македонијо не израсна чеда твои сме
ќе останеме покрај тебе како Македонци
должници сме кон тебе да те милуваме
и зачуваме никогаш да не се заборави
името твое Македонија.
Земјата Македонска каде сонцето не грее,
а славејот песна ни пее.
Ленче Ристевска
Република Македонија
21
МАКЕДОНИЈА
Мојата мила ми земја Македонија
Со векови страдална , со крв пролеана
Со цареви и херои во историја е запишана
Таа има приказна која неможе да биде избришана
Од колено на колено раскажана
Со тешки маки е создадена…
А пак Македонска песна од душа и срце испеана
Преку најмилото ни дете амбасадор на земјава
Со ангелски глас светот го освои
Неговата песна со векови ќе постои
Маријана Митревска
Република Македонија
22
Македонска Идила
Плодна си бие мала,
во своето седало мило,
има се што е свето
лозни корени од митови.
Митови на себе лежат,
горди се на песна ежат,
Македонско сонце рајно,
изгрев на најродно едро.
Во спомен на своите синови
горди поети творат,
лебеди со бели крилја,
најголеми сласти мијат.
Езерска шир на свои
три езера песни пее,
не е наша убавина ваша,
Изморена одмор бара.
ливади, гори и шуми
градови и села се наши
лов на следен терен
изминете редно го вие.
Наш се народ краси,
лесен сон, семе лие,
рожба и среќа лебед ни е
Мит од крева песна плете.
Радица Ѓорѓевиќ
Република Македонија
23
НЕБЕСНА ГОРНОСЕЛИЈА
Не знаевме како поинаку да ја толкуваме слободата
освен како слободна птица што сама високо лета,
над небесната Горноселија, над овие соголени врвови,
низ изретчената разлистена корија
кога ќе надојдеа кисели северни дождови,
истовремено се јавуваше сончевиот проблесок од истокот
и тогаш на иста раскрсница се сретнуваа маглите и сонцето,
иако беа непријатели со две спротивни војски
сепак на одминување се поздравуваа и секој се витосуваше,
удолу низ раскопаните долови, а таму црвената глина
ги отпретуваше стапалата на новодојдени грнчари.
Не умеевме да користиме странски јазици
овде владее законот на еден јазик и ништо не се сменува,
се' додека не речат овдешните војводи
време е да се зберат селаните на сред село,
да ги остават гумната недовршени,
добиците здив да поземат
и кој каде се затекнал на пладне,
седнати да го вкусат мирисот на зелниците
жедта да ја разладат со ладна матеница.
Со нас седнуваа и птиците колвајќи трошки
најадени одлетуваа на стеблата,
овде никогаш не се раскараа и во ниедно доба
сами ги палеа огновите и сами градеа камени тврдини,
оздола војски идеа со гласни труби
и туку слушаш пукотни стрелби.
Овде сонцето, дождовите, месечевото соѕвездие
не се скараа со небото сино,
сложни останаа при секој напад од туѓи војски
и громови удираа во запретани заседи.
Останаа лузните од војните од свршено време
само историјата ги повторува датумите
на изродени велепредавници,
кои сами се запретаа на голи ридје
без свое време на умирање и без датум и година на раѓање.
Живко Деспотоски
Република Македонија
24
НЕБОТО ДА СЕ ОТВОРИ
Открај-накрај на земјава ни,
и вдолж и попреку
се оптегнало црнилиште
од морничаво виножито
во сите преливи на сивило,
ниту вино има за здравица
ниту жито за леб на трпеза.
Штури нивје вриштат
по семето непосеано
црно, глуво, пеплосано.
Сегде пустош и празнина.
Опустеле дури мравјалници,
поцрнеле булки
и замреле штурци.
Празни гнезда по стреите,
мртви души зад ѕидовите.
Еј, нагрдена личотијо!
Еј, здивена питомино!
Се вжарува образот на денот,
но не од пурпурот на залезот
туку од гнев и од срам
што молчат паталците
наместо силно да грмнат
и громови да стрештат.
Еј, жална мајчице,
илјадапати си умирала
и уште душа не даваш,
уште стоиш исправена
и правда чекаш Господова,
небесата да се отворат,
образот да ти го обелат.
Розита Христовска
Република Македонија
25
Гордост Македонска,
со почит кон тебе,
со една мисла во себе,
да чекориме по твојот пат.
Слободата да ја чуваме,
татковината да ја градиме
во аманет оставена од
нашите претци.
Зора Ивановска
Република Македонија
26
Песна за Гоце
Името ни е големо,
срцето ни е јуначко.
Гордоста ни е бескрајна,
земјата ни е дедовна, непокорна.
Гордана Каракашевска
Република Македонија
27
ЧАСОВНИКОТ НА ДЕНОТ
Пишувам и молчам во чекалната
на едно распнато време.
Чекорам по страниците
на Македонскиот јазик и
ја продолжувам кирилицата.
Пишувам во книгата за сонот
кој го сонувам будно
го сакам денот,извикувам
Те сакам родино,
часовникот на денот го делам сотебе,
во љубовта нема далечина.
Времето одминува,
а звездите ми го осветлуваат патот.
Празни останаа улиците на стравот,
стрпливоста на денот се раѓа
со зората на времето
и носи радост.
Го слушам часовникот и шумот
кој се движи по моето лице
и ме кани во убавината на денот.
Часвовникот,чуку да раздадиме,
за мртвите, за живите,
ливадите останаа некосени,
под јамболијата на денот стега силен студ,...
Благословената земја
Еден бисер во рацете Божји стои
Благодатта негова, Света ја стори
Стапките од чекорите,
на Светиот апостол Павле,
на неа трагови оставија
Мала земја, но со љубов полна е
Многу животи, на херои згаснаа
За мајката нивна, Македонија
А таа, деноноќно
Во својата прегратка,
мирен покој им дава
Оваа земја,на вечна
Голгота е ставена
Секоја педа,со капка крв е оросена
Секој камен, солзи за неа,
до ден денес Пролева
Ти... Мајко воскресна
од рацете на злосторниците
Секогаш ќе имаш сила
Секоја Голгота да ја победиш
И ние сме тука покрај тебе
Рака да ти подадеме
Мој роден крај
Ѕвезда во рајска градина
Вечна Македонија
Виолета Јовановска
Република Македонија
29
ИСТОРИСКАТА ЛЕГЕНДА
Историската легенда, која живее вечно во
нескротливиот дух на идните поколенија,
од лулка па и после надгробната плоча,
творат тие спомени за борецот,
се дур чекори некој на оваа почва.
Теророт, секогаш ни е неподнослив,
кога поробувачот воден од мисла
дека копнежот и силната верба,
не се доволни за победа.
Ајде ти, заштитнику на народот,
разбуди ги повторно закоравените споменени,
отпеј ги Гоцевите умотворби,
од нас за него створени.
Од Македонски поколенија водени.
Нема да постои дилема,
која нашиот народ неможе да ја разреши.
Оти темелите наши се судбински вродени.
Магдалена Јованова
Република Македонија
30
ВО ВРЕМЕ НЕВРЕМЕ
Црна земја ораница,
плодна,како утроба на млада невеста.
Спремна храбри синови
од лоза херојска да раѓа.
Моми убави, на снага тенки високи
на лице бели црвени
со топла насмевка на усните
и скриена солза во очите.
Сите од едно сонце огреани
со Гоцева мисла задоени.
Темен се облак зададе,
пороен дожд земја ми поплави,
дожд од солзи насобран,
солзи за мртви излеани
солзи од мртви пролеани,
мртви во гроб што се превртуваат.
Силен ми ветер задува,
огнени јазици ми донесе
земја во прав и пепел ми претвори.
Онаа земја што в′раце
херои ја дежеа и во неа се колнеа со
-СМРТ ИЛИ СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА!
Мери Арсовска
Република Македонија.
31
СТРАДАЛНИЦА
Кога ќе седнам да пишувам за тебе,
секогаш жалам,
и се прашувам
каде изчезна духот на борецот,
ама можеби писание ти било
да бидеш земја страдалница,
и кога те укоруваат
и кога те проколнуваат
и кога те понижуваат
и кога те продаваат
тебе никогаш изворот не ти запира,
сонцето не ти заоѓа,
љубовта не ти престанува,
коренот не ти се корни,
семето ти никнува.
И можеби срцево ми плаче
што си земја страдалница,
ама како орден те чувам на моиве гради,
оти сум горда Македонка.
Елена Христоска
Република Македонија
32
Ана Дедова
Република Македонија
33
ВАТАШКА ТАГА
Желни за сонце дванаест пупки рози
Непроцветани останаа во денот студен.
Пролетта не ја дорастеа тие,
а летото веќе беше на прагот.
Како во лош сон не свенаа од мракот
туку невиден ѕвер се надвиснал над нив
па ги кине, лист по лист ги гмечи.
Луѓе божји, каков злостор да убиваш рози,
во крв запенета да се сладиш,
без милост да ги сечеш и газиш.
Наместо пев на птици и радост
крик на црни гаврани крешти
и писок на мајки завиени во тага.
Ах рози мили, ах тие млади души
Птици од кафез желни да замавнат крила
не им било судено, слобода да видат.
Виолета Ачкоска
Република Македонија
34
МАКЕДОНИЈА
Со златни букви
врз божји камен
име навезено,
со свето длето
в карпа издлабено,
од памтивек
на поколенија
пренесувано.
Газена,ограбувана,
поробувана,разделувана
и пак создавана.
Од пепелта
како феникс
изникната,
како троскот
и пиреј
неуништива.
И војски врвеле,
и војни се воделе,
пепел,чад
и пламен.
Ропство клето,
зандани темни,
а синџири тешки,
нерамна борба,
живот или смрт,
но силна верба
во изгрејсонце
и слободарско утро .
Аманетот уште стои :
Името вечно,
вечно да трае.
НОВЕ БОГОЈЕСКИ
Република Македонија
35
ДА НЕ ТЕ САКАМ
НЕ МОЖАМ
Реалност, длабоко вкоренета,
вистина исконска
ти, Македонијо си!
во моменти безумни
со зборови непромислени-те кудам
без причина - ти судам,
ветрови кога дуваат
и низ мене поминуваат,
студ, тело ко со окови ми стега
а во око солза ми мрзне
тебе ти се лутам,
во денови едни тага,
во други, надеж ти нудам,
а во туѓина кога ќе појдам
со моите најмили и тебе
во срце и душа ќе те понесам,
во птица ако треба ќе се сторам
година секоја
кај тебе ќе доаѓам,
на крштевки, свадби, слави
ќе се радуваме, веселиме,
рака ќе си подадеме
на верност ќе се заколнеме,
Македонијо вечно
вековна да ни бидеш!
Македонијо мајко
збор верен, збор искрен кажувам,
да не те сакам
ете, само тоа не можам!
Марина Стојанова
Република Македонија
36
СТРАНСКИ
Трошна куќа, мрачно утро,
на прагот нема да ја заборавам мајка ми
кога тргнав во друг свет
да се најде подобра среќа.
Солзите се слеваа по неговото старо лице,
изглед како камен во тажни очи,
свесен дека таму нема среќа
каде странец морам да служам засекогаш.
Нејзините зборови се ретки како среќата,
секогаш како што ја познавам,
и јас постојано повторував исто
дека морам сама да ја пронајдам среќата.
Поминаа деновите, годините со нив,
во странска среќа не цвета
Го сфатив погледот од стариот праг,
со тажни очи ми кажа сè.
Во мојата меморија, сликата е иста,
татко и мајка, драга татковина,
среќата е таму каде што си,
Македонија и прагот на раѓање.
НЕРМИНА СУБАШИK
КАЛЕСИЈА
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
37
М А К К Е Д О Н И Ј А
ДА МЕ БОЦНЕШ
БИЛО КАДЕ
ЌЕ ПОТЕЧЕ ОД МЕНЕ
МАКЕДОНИЈА
ЌЕ ПОТЕЧЕ КАКО ЛАВИНА
ШТО ЌЕ ГИ ЗАСЛЕПИ
ЈАВАЧИТЕ НА АПОКАЛИПСАТА
СО СВОЈАТА УБАВИНА
ПА ВО УМОТ ЌЕ ИМ СЕ ВГНЕЗДИ
ПА ЌЕ ИМ ГИ ЗГМЕЧИ СИТЕ НАЕЗДИ
И ПО ИСТОРИЈА
И ПО ТОА ШТО МИ СТОРИЈА
ДА МИСЛАМ ДЕКА НЕМАМ КАДЕ
КОГА ЌЕ ТРГНАМ НА ПАТ
ОД КРАТОВСКОТО ПО СВЕТСКОТО ЏАДЕ
ЌЕ ПОТЕЧЕ ОД МЕНЕ
МАКЕДОНИЈА
ДА ИМ ГИ ПОПЛАВИ НА СИТЕ
УЛАВИТЕ МИСЛИ И ДУМИ
ДЕКА УЈДУРМИ МОЖАТ ДА ПРАВАТ
ПО НАШИТЕ ШУМИ
ЌЕ ПОТЕЧЕ И ОДВЛЕЧЕ
СЕ ОНА ШТО СТОИ НА ПАТОТ
ДА МИ СЕ СИМНЕ ОД ВРАТОТ
КАКО ШТО СЕ ВЕЛИ
АМАНЕТОТ ОСТАВЕН ПРЕД ВЕКОВИ ЦЕЛИ
ЗА ТАТКОВИНАТА ДА ЖИВЕАМ И ТВОРАМ
И ДА УМРАМ АКО МОРАМ
ПОСАКУВАМ ДА МЕ БОЦНАТ
ЗА ДА ВИДАТ ЈАВАЧИТЕ
ДЕКА ЗУЛУМИТЕ И ЗАКАНИТЕ
ОДАМНА ИМ ДОЦНАТ
Панче Младеновски
Република Македонија
38
ОД СРЦЕ ОТКОРНАТА
МАКЕДОНИЈО!
Освојувана низ вековите,
Ограбувана од диви хорди,
Обесправувана од низа племиња,
Оневозможувана да постои,
Обезличувана, за да не опстои,
Откинувана од срцата!
МАКЕДОНИЈО!
Откорнувана од коренот,
Ожалостувана со генерации,
Обиколувана од сите страни,
Опкружувана од непријатели збрани.
МАКЕДОНИЈО!
Отфрлувана од „великите”
Отуѓувана од силниците,
Онеспособувана од поробувачите.
МАКЕДОНИЈО!!!
Благојка Филипчева
Република Македонија
39
Но едно да знаете...
На кукавицата
и Орлови крилја да и ставите....
Кукавица
пак ке си остане!
Македонците...
Македонка мајка ги раѓа!
А вие копилиња...
Никогаш,ни приближно
Македонци нема да бидете!
Јазикот ни го негирате!
Оној свет јазик
што писмото ви го донесе,
и кој во сите православни храмови
Господ и Христос ги проповеда.
Тој свет јазик...
Вие Татарски племиња
ниту бил ваш
ниту некогаш ке биде.
Ниту пак историјата славна,
хероите големи на овој народ,
просветителите...
Се додека постои светот...
40
И векот...
МАКЕДОНСКИ ЌЕ ОСТАНАТ ! ! !
Иле Наумов..Република Македонија
Историја
Има сторија за нашата историја
За Македонија од праисторија
За поделбата, градбата и крадбата
За жртвите, плачот и страдбата
Менде Димовски
Република Македонија
41
СТРАДАНИЈА
Еднаш кога мојот народ страдаше,
гробовите имаа свој лик,
карпите имаа свој знак,
сноповите и срповите не поврзуваа,
воденичките камења заветуваа,
крстовите на чело осветлуваа.
Тони Павлески
Република Македонија
42
НЕСПОКОЈ
Татковино моја!
Како да сум спокојна
кога мир не ти даваат,
кога те мразат, распнуваат,
те кршат, те делат,
те прогонуваат, те силуваат.
Од каде им храброст
на бездушниците,
по светоста да ти газат и плукаат ?
Хулигани од сите врсти те сквернават,
бараби од сите страни
и од секогаш те толчат,
корените сакаат да ти ги ништат.
До кога ќе пијаат омраза од бунарот
кој никогаш не пресуши
а одама е ископан?
Боже дај и сила на оваа земја
да го сочува сонот,
на илјадници јунаци
кои земјата со крв ја натопиле,
кои слобода не дочекале.
Уште малку сила,
да го сопре бродот со своето име,
кој на дното ја носат оние
кои ја грабаат со рака на срце.
Весна Шереметкоска
Република Македонија
43
ИСТОРИСКА МАКЕДОНИЈА
Овие први траги датираат од времето на паолитот
Неа Никомидија беше првата цивилизација што се појави
Во Подварје ги потиснаа злобните луѓе од винчанската култура
Кој преживеа со обработка на тешки метали
Иако не живеевме во тој период, ја знаевме нејзината возраст
Маид Чорбич
Република Босна и Херцеговина
44
СИМБОЛ ХЕРОЈСКИ
Та ми исплаши,
и големо и мало.
Та ми зацрни,
и старо и младо.
И ми наруши,
мирот в праг.
И ми стори,
денот мрак.
Тогаш,мајка
сина прашува.
В нејзини очи,
жар пламнува.
Кога Гоце,
неа одговара.
Во заклетнички чин,ветив.
Чекаат ме, моите чети.
Да исполнам едно,морам.
За ова парче,се ќе сторам.
Виолета Јосифовска
Република .Македонија
45
ТАМУ Е МАКЕДОНИЈА
Таму, кај што тече Вардар
Кањон,убавина на една земја
Пресвета, горда македонска
Таму, високо на Шара
Распукала голема до небото
Планина убава македонска
Таму,кај што републиката
Крушевска се прва создаде
Горда, света македонска
Таму, каде под Пелистер
Ко очи две се наполнија езера
Чиста,бистра душа македонска
Таму, високо на Плаошник
Словото свето Климентово
Охридска, убавина македонска
Таму,над мостовите велешки
Деновите од дамнина Рацинови
Тешки, но горди македонски
Таму ете баш таму, да се знае!
Таму уште пошироко и таму
Многу надалеку по светот
Во душа и срце длабоко
Низ дамари тече крв македонска
Ете таму е нашата Македонија!
Мимоза Лазова
Република Македонија
46
Хартиена држава
Од Бога крстени,
од душман прекрстени,
аир ќе видат ли
домашни предавници.
До вчера постоевме,
денес исчезнуваме,
како ретки животни
неприметно умираме.
Од домашни предавници
Македонија – дали ќе опстои.
Пепио Николоски
47
Република Македонија
Аманет
Окови и пранги
зулумот насекаде царува.
Ропство тешко,
надвиснало врз плеќи стари.
Храброста,
во крвта им врие
комита до комита дружина цела.
Но предадени беа,
од родот свој.
Опколена дружината
славно загина, платија со животот свој.
Во Баница славна згасна и животот твој.
Но аманет ни остави
до денешен ден,
да се слави Гоцевата визија!
Билјана Поповска
48
Република Македонија
РОДИНА
Во тебе се родив,
Во тебе живеам!
Во твојата утроба
Вечен дом за мир
И спокој ќе осветам.
Родино – за твојата борбеност
И ѕвездите говорат,
За тагата со месечев сјај проткаена,
Во ноќите со тивок шепот
И молитва притаена.
Горда Македонија,
Со широки полиња родни
Вкотвени езера сини
Питоми планини и гори...
Топли прегратки
За твоите чеда мили,
Развигорот во тебе
Нежно милува
Како раката на мама,
Болката во сон ја смирува.
Те љубам силно
Македонијо Мајко Мила!
Во песните опеана,
Со ората разиграна,
Со боите на знамето
Во светот развиорено...
Вечна да си Македонија!
Македонијо!
Откако си се мајко родила,
славно име си добила
и на среде Балкан си се распослала,
Македонијо, слобода си дочекала!
Ментор-Анета Јумбрукова-Алексова,
наставник по македонски јазик
50
ГО СЛУШНА ЛИ ДЕЛЧЕВ
ПИСОКОТ НАШ
Го слушал ли Делчев
писокот наш од далеку
гласно што се слуша,
мајките плачат наши,
девојки коси корнат,
а мажите кој знае каде
тргнале и дали ќе се вратат.
А од комшилук се задала
по тебе орда да те земе,
гробот да ти урне и коските
парче по парче да ги збере.
Што бараат сега од тебе
на кои никогаш не си бил
дел од нивните стари,
отрцани шаблони
и политички рамки.
Не те сакаа ни жив кога
најдобар од сите беше,
а камо ли сега мртов
цел век под земја да
покриена лежиш.
Младите ваши не знаат
ништо за тебе сега,
а јас ќуствувам ветар по
лицето постојано што ме
шиба и заудира в гради
како разиграна гранка
пред дождот што стихови
вечни за тебе се нижат,
музика гласно нека свири
и заувек да останеш таков
Јован Башески
Република Македонија
51
Гоцеви видици
,,Утрински мугри”
Темнина
Зрак
Од смачкано племе
До троскот и пиреј,
Напатени души со мисии свети.
Од Кирил и Методиј до ,,Везилка” и Блаже,
Во срце ги носам, со кавал ќе свирам,
А оттаму негде и славеј ќе викне:
,,Аз, буки, веди” – македонски круни.
За утрински мугри без сомнеж и грижи,
Небесен зрак - јазик и писмо,
Погребаа црнила под камен и свила.
Стефани Србиновска
Република Македонија
53
НОВ ДЕН
Некое семе никнало.
Подобро и да не било.
Коров и бршлен разлази
по тие ниви дедови.
Дедови и прадедови.
Некои води потекоа.
Па земја ми поплавија.
Дали се води,
ил солзи се?
Од мајки и црни вдовици.
Од дробни мали сираци.
Дали ќе сонце огрее,
зад тие темни облаци?
Па мома песна да запее,
славејот да го натпее.
Оро да вијат беќари.
По туѓи земји да не одат.
Туѓинци и измеќари.
Дали ќе сонце огрее
и семе да се посее?
Да исуши коров
и бршлени,
по тие ниви дедови.
Дедови и прадедови.
Да никне бела пченица!
Да светне зрак,
сред темница!
Нов ден,нов ден,
Боже дали ќе се роди!?
На мојата земја
Што беше толку лична ТИ,
па среќата ти ја украдоа,
со врели погледи на сладокусците.
На што ли се надеваат?
Те гледам со векови,
ги следам твоите раѓања
и тивките умирања во стихиите.
Па стигнавме на почетокот.
Земја си моја и наша,
на мојот селски прадедо.
И одново силна ќе бидеш
8-мо септемвриска убавице.
Внуците ќе ти ја вратат каматата
и одново ќе вишнееш.
И ново сонце ќе те огрее
за да ти ја врати девственоста.
И пак лична ќе бидеш Македонијо
ОТИ САМО ТЕБЕ ТЕ ИМАМ
И ОД ТЕБЕ НИКАДЕ НЕ ЗАМИНАВ.
Гордана Такец
Република Македонија
55
ДВА ИЛИНДЕНИ
Би робје векутум.
Би црно црнило.
Би пранги, окови.
Би солзи, кукавици.
Улера и чумата би.
Би сотра, поштома.
Би ѓердан камења.
Би мувлет Уриет.
Би с'клет и пак БИ,
во синџири Македонија.
1967 г.
Татковино
Во рано зори, Сонцето прво се буди.
Во утринските пролетни
часови ја почувстував
топлината на мојата татковина.
Да сакаш, ама да сакаш од срце,
да копнееш и да мечтаеш од желба,
да имаш надеж, за подобри утра.
Ти татковино моја која ме топлиш
во зори со топлите зраци,
ти која и во мрак ме осветлуваш
со блескав зрак
Тебе татковино моја,
тебе која во душа те носам,
во ум не те вадам,
а не те ни давам.
Тебе татковино моја,
за тебе зборам за другите да разберат,
ти која издржа секакви борби,
ти која не потклекна на неправди и неуспех,
ти која не ја спушти главата, туку јунаци кои
се бореа за твоја правдина.
За тебе и со душа пеам,
За тебе и во срце те носам,
За тебе мила моја татковино,
Тебе на туѓ непријател не те давам,
Јас имам едно име и тоа е МАКЕДОНИЈА!
Атанасовска Ема
Република Македонија
57
Дванаесет млади
Одамна беше тоа клето
деветсто и трето лето,
дванаесет млади беа мета
иста судба ги снајде клета.
Владо Поповски
Република Македонија
58
Земјо моја
Со матен и празен поглед
низ пожолтените лисја од книгите,
во пукнатините и пепелта,
пребарувам низ коските од предците,
кои младоста за нас ја изгубиле.
А ние многу богати сме биле
штом има уште за безмилосно крадење
на се што е свето длабоко вкоренето...
Корнете не, убивајте не молкум...
Нема да не уништите.
Низ иглени дупки ќе изникнеме,
во небо ќе се вивнеме.
Во длабините од крвта пролеана
сила имаме за да изникнеме,
да постоиме и ќе бидеме уште многу векови
Знаете ли зошто?
Затоа што ние сме пиреј,
не има секаде, нишките длабоко се исплетени.
црвени, срмени, златни,
взаемно преплетени не се отплетуваат,
не се отпишуваат,
запишани се по плочите на прадедовците,
во свети благословени книги,
испишани се сите историски мигови.
Тргнете ги канџите од нашето,
да не ве гламносаат нашите силни клетви,
оти ние имаме исконска сила,
се издигаме како пиреј, како феникс.
Од пукнатините, од пепелта развеана насекаде.
Ние сме Македонци, земјо моја...
Митра Дупчинова
Република Македонија
59
БЕСМРТНИ ИДЕИ
Исполнет со мудрос-снаодливост
високо на небото го зацврстил
македонскиот ген и го овековечил
вечно да грее ко најсјајна ѕвезда.
Гоцевите вечни идеи, врз нас истураат
пораки дека македонската нација е света и вечна.
Зоран Костески
Република Македонија
60
Силвана Крстовска
Република Македонија
61
Никодин Чернодримски
Никодин Чернодримски
Лектор
Сузана Гоцева-Стоун
Уредник на Алманахот
Никодин Чернодримски
Патриотски Алманах
CIP-Каталогизација на публикацијата
ISBN-978-608-4778-09-7
COBISS.MK-ID 53743109
62