You are on page 1of 4

ООУ ИЛИНДЕН – КРИВА ПАЛАНКА НАСТАВНИК: САЊА ЈАНКОВСКА

Постигнувања по одделните јазични компоненти, методи и инструменти на оценување,


критериуми за оценување по англиски јазик во I одделение

ЛЕКСИЧКИ ЕДИНИЦИ (ВОКАБУЛАР)

1. Го разбира значењето на лексичките единици и ги репродуцира и употребува во


соодветни говорни ситуации.

 членови на семејството, другари,


 предмети во училницата,
 играчки,
 основни геометриски форми,
 основни бои,
 броеви од 1-10,
 родендени и празници (Божик, Велигден, Нова година и сл.),
 некои домашни миленичиња и други животни

 Активности
 Слушање на аудио снимки или говорот на наставникот и репродуцирање на
слушнатото
 Именување на лексичките единици со помош на постери, флеш-карти, цртежи
 Вежби од типот на посочување на предмети од училницата и непосредната
околина, игри од типот на “Simon Says”, “Во која боја е...?” и сл.
 Игри од типот на Меморија, подредување на сликички, Бинго
 Пеење песнички, вежби со боење по диктат, изработка на честитки, украси и сл.

 Методи на оценување и инструменти на оценување


 Набљудување- чек листа
 Дискусија и усни одговори од учениците- чек листа
 Изведбени активности - чек листа, саморефлексија на учениците, писмена
повратна информација од наставникот
 Наставно ливче

 Критериуми за оценување (УСПЕШНО, ДЕЛУМНО, СО ПОМОШ)*


 Ги препознава и именува членовите на семејството
 Ги препознава и именува предметите во училницата
 Ги препознава и именува играчките
 Ги препознава и именува основните геометриски форми
 Ги препознава и именува боите
 Ги препознава и именува броевите од 1-10
 Ги препознава и именува миленичињата
 Ги разликува и имнува најчестите празници од англиската култура

*ЛЕГЕНДА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ:


ООУ ИЛИНДЕН – КРИВА ПАЛАНКА НАСТАВНИК: САЊА ЈАНКОВСКА
УСПЕШНО – Доколку ученикот ги именува сите лексички единици од бараниот вокабулар,
освен една или две
ДЕЛУМНО – Доколку ученикот именува половина од лексичките единици од бараниот
вокабулар
СО ПОМОШ – Доколку ученикот именува само една или две лексички единици од
бараниот вокабулар или пак именува лексички единици само ако му помогне наставникот

ЈАЗИЧНИ ФУНКЦИИ (ГОВОРЕЊЕ)

1. Ги користи неформалните форми на поздравување и отпоздравување


2. Умее да се претстави себеси, другарчето и членовите на семејството
3. Да ги препознае и правилно употреби соодветните форми на честитање празници,
родендени и сл.

 Активности
 Активности за увежбување на формите на поздравување и отпоздравување по
говорен модел
 Преставување на себе си, пријателите и членовите од семејството преку користење
на цртежи, фотографии и сл.
 Учество во кратки дијалози, драматизација, роденденска забава и сл.
 Цртање и боење на картички и нивно именување, и пеење на пригодни песни

 Методи на оценување и инструменти на оценување


 Набљудување- чек листа
 Дискусија и усни одговори од учениците- чек листа
 Изведбени активности- чек листа, писмена повратна информација од наставникот
 Наставно ливче

 Критериуми за оценување (УСПЕШНО, ДЕЛУМНО, СО ПОМОШ)*


 Може да поздрави и отпоздрави
 Може да се претстави себеси, другарче, членови од фамилијата
 Може да искаже која му е омилена боја, играчка и сл.
 Може да учествува во драматизација дијалози
 Може да честита роденден или некој празник
 Може да продуцира песничка, бројалка

*ЛЕГЕНДА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ:


УСПЕШНО - Доколку ученикот умее самостојно да продуцира одреден јазичен исказ
(претставување, честитање, пеење, поздравување, броење и др.)
ДЕЛУМНО-Доколку ученикот именува јазични искази со делумни корекции од наставникот
СО ПОМОШ-Доколку ученикот умее да продуцира одреден јазичен исказ само со помош
на наставникот (самостојно не)
ООУ ИЛИНДЕН – КРИВА ПАЛАНКА НАСТАВНИК: САЊА ЈАНКОВСКА
ГРАМАТИЧКИ СТРУКТУРИ

1. Ги разбира, разликува и активно ги користи формите на глаголите To Be за прво и второ


лице при усна комуникација
2. Ги разбира значењето на глаголот to have во усна комуникација
3. Може да го разликува и користи еднина и множина кај именките
4. Може да ги препознае и употребува личните заменки за прво и второ лице еднина
5. Го препознава значењето и примената на показните заменки и присвојните придавки
6. Да брои од 1-10
7. Да разбира, репродуцира и продуцира едноставни искази
8. Го препознава значењето на заповедите и реагира соодветно на нив

 Активности
 Слушање на искази од наставникот кој истовремено користи и пантомима
 Активности од типот на претставување на себеси и другарчињата
 Вежби со цртање, боење, користење на илустрации, флеш-карти и слики
 Игри со броење, подредување, поврзување, цртање
 Песнички, бројалки и сл.

 Методи на оценување и инструменти на оценување


 Набљудување- чек листа
 Дискусија и усни одговори од учениците- чек листа
 Изведбени активности- чек листа, писмена повратна информација од наставникот
 Наставни ливчиња за евалвација на целина

 Критериуми за оценување (УСПЕШНО, ДЕЛУМНО, СО ПОМОШ)*


 Може да се претстави себе си, другарче, членови од фамилијата
 Може да брои од 1-10
 Може да искаже која боја или играчка му е омилена
 Може да разбере и репродуцира песничка и бројалка
 Може да драматизира едноставни дијалози
 Може да одговори на едноставни прашања

*ЛЕГЕНДА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ:


УСПЕШНО - Доколку ученикот самостојно разбира, разликува и користи одредени
граматички форми или искази
ДЕЛУМНО - Доколку ученикот разбира, разликува и користи одредени граматички форми
или искази со делумни корекции од наставникот
СО ПОМОШ - Доколку ученикот неможе самостојно да разбира, разликува и користи
одредени граматички форми или искази, туку само со помош на наставникот

СЛУШАЊЕ СО РАЗБИРАЊЕ
ООУ ИЛИНДЕН – КРИВА ПАЛАНКА НАСТАВНИК: САЊА ЈАНКОВСКА
1. Го препознава значењето на лексичките единици предвидени за оваа возраст
2. Разбира едноставни куси искази

 Активности
 Невербално реагирање на говорен поттик, игри, флеш карти, слики
 Слушање на искази од аудио снимка или наставникот
 Слушање на песнички, бројалки
 Цртање/боење според дадени инструкции (Picture dictation)

 Методи на оценување и инструменти на оценување


 Набљудување- чек листа
 Листови за оценување на учениците- техника семафор
 Техника Бинго

 Критериуми за оценување (УСПЕШНО, ДЕЛУМНО, СО ПОМОШ)*


 Невербално реагира на инструкција, исказ од наставник (ТПР, мимика)
 Соодветно реагира на слушнати искази од аудио снимка или наставник
 Може да нацрта/обои цртеж според инструкции од наставникот/соученик
 Слуша и правилно репродуцира искази, песнички од ЦД или наставникот

*ЛЕГЕНДА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ:


УСПЕШНО - Доколку ученикот правилно разбира и соодветно реагира во конкретни
говорни ситуации
ДЕЛУМНО - Доколку ученикот правилно разбира и соодветно реагира во конкретни
говорни ситуации откако ќе добие подетални објаснувања или делумна помош од
наставникот
СО ПОМОШ - Доколку ученикот не разбира и не реагира соодветно во конкретни говорни
ситуации

You might also like