You are on page 1of 23

РОМАНТИЗАМ

Општествени прилики

Европскиот романтизам се појавувило кон крајот 18 до 30 години од 19 век и трае до сега.  


Буржоазијата, ја превзема власта во Англија и во 17 век, а во Франција при крајот на 18 век, со
Француската револуција, поточно во 1789 година, Капитализмот е новото општествено уредување,
во повеќето европски држави. Претходните движења, хуманизмот и ренесансата, како и
рационализмот и просветителството, всушност претставувале своевидни етапи во рушењето на
фаудалното  и создавањето ново, граѓанско општество. При својата борба, буржоазијата се
потпирала врз поддршката на широките народни маси од градското и селското население, кое
секако и за себе ги очекувало плодовите на слободата. Но, во создавањето на новото,
капиталистичко општество, народните маси останале потчинети работејќи во фабриките и
установите, додека буржоазијата ги собирала приходите и класно се раздвојувала.

Човекот во новото општество

На која класа припаѓаат романтичарите: Граѓанската класа тие се отфрлени од


општеството тажни, бегаат во природата и од лугето, сакале да се вратат во минатото.
создадена во новото капиталистичко општество, која се борела за слободен општествен и
духовен напредок, останува изневерена и изиграна. Општеството не ѝ овозможило
слободно да дејствува, што довело до длабоко разочарување, без вера во иднината и без
перспектива. Затоа и уметноста создавана во овој период создаде човек кој е со загубена
доверба, човек кој бега од општеството во свој субјективен свет. Писателите се нурнале
во својата длабока интима, изразувајќи ги своите желби и доживувања.

Особини на романичарската литература

Роматизмот се јавува како реакција на просветителската и псевдокласичарската


(класицизмот) литература.  Како директна спротивност на рационалистичкото величање
на разумот и објективното гледање на светот, авторите во романтизмот прокламирале
крајно субјективен став кон животот и стварноста.
Прва одлика на романтизмот е субјективноста, односно ставањето на индивидуалниот
став на централно место.

Ликовите се индивидуалисти, отпадници од средината, најчесто незадоволни,


гневни луѓе со големи кобни страсти кои се борат за големи и хумани идеали.

На индивидуализмот се надоврзуваат и другите одлики на романизмот кои произлегуваат


од субјективната психичка стварност, а тоа се:

1
6 одлики на ромнтизмот:

а. чувството на осаменост,

б. чувството на светската тага ( за романтичарите, светот тоне во несреќи )

в. слобода во творечкото создавање ( во романтизмот се создава историскиот


роман, романот во стихови, поемата )

г. бегство од реалноста ( осаменост во природата, опседнатост со свои мисли )

д. незадоволство од сегашноста и копнеж кон далечно и непознато

ѓ. култ кон народното творештво ( романтичарите го преземаат стилот на народните


песни, ги проучуваат народните приказни, ги оживуваат бајките и ја збогатуваат
литературата со секакви вонземни суштества, вили, чудовишта и магии )

е. се создава култ кон жената која е претставена како прекрасна убавица. Во овој
период за првпат по античката литература, се појавуваат главни женски ликови.

Кои книжевни жанрови се појавуваат првпат во романтизмот: роман, романот во


стихови, поемата

Романтизмот се развил во две насоки:

а. реакционерна ( потомци на собореното благородништво кои биле незадоволни


од сегашноста и мечтаеле за минатото ( среден век, феудализам )

б. прогресивно – револуционерна ( новото граѓанство кое гледало кон новата


идеализирана иднина )

Романтизмот во Германија

Во Германија, предромантичарското движење се појавува со името „Бура и натисок“


според истоимената драма на Максимилијан Клингер, а дефинирано од страна на
филозофската мисла на Хердер. Според него, литературата треба да биде индивидуална
и оригинална, во спрега со народниот дух. Покрај нив, претставници на романтизмот од
Германија се и браќата Грим, кои собираат народно творештво, за да создадале од
народната бајка создаваат посебен книжевен вид. Браќата Грим развиваат методологија
на одбирање, запишување и класифицирање на бајките со што ја основале
фолклористиката како научна дисциплина. Тие ја пишуваат публикацијата ,,Детските и
домашните бајки”, ја пишуваат ,,Германската граматика” и ,,Германскиот речник” Сепак,
најзначаен претставник на германскиот романтизам е Гете, со младешкиот роман
„Страдањата на младиот Вертер“, но за најзначајно негово дело се смета драмата
„Фауст“.

Романтизмот во Франција

Мадам де Стал / Во 1810 година, ја напишала книгата – манифест ,,За Германија” која
Наполеон ја забранил затоа што авторката се восхитувала на германската философија и
литература. Во своите романи ,,Делфина “ и ,,Корина” таа застапува први феминистички
гледишта со што жестоко го критикува машкото општество. Според неа, жените не можат
да најдат свое место според интелектуалните способности. Во романтизмот, ја
воведува омилената тема – страста е основа за среќна љубов.

Виктор Иго / Според Иго, романтизмот значи почеток на нова епоха во развитокот на
цивилизацијата. Иго в о целокупноста на светот и постоењето е гротескцен и
трагикомичното.

Франсоа Рене де Шатобријан / Овој писател го интересираат три теми: политиката,


религијата и романтичарското соживување со природата. Тој е првиот поет кој ќе ја
опее светската тага во светската литература. Според многумина, со делата на
Шатобријан се раѓа француската романтичарска проза. Во романите, романтичарскиот
лик е вечен патник, без дом, аналитичар на душата, човек на природата и противник
на општеството.

Романтизмот во Америка

Во овој период, во САД, литературата добива свој правец со појавата на Едгар Алан По,
наречен поет на смртта. Тој е поет, раскажувач, публицист, критичар, кој е предвесник на
новата литература – симболизмот. Тој се надоврзува на романтизмот со своето
творештво, пишувајќи за мистичните и недофатливи привиденија, патувања во чудни и
фантастични светови, проколнатата љубов и смртта. Автор е на поетските книги:
„Тамерлан и други песни“, „Гарванот и други песни“; прозата: „Раскази, гротески и
арабески“ и „Раскази“, новелата „Доживувањето на Артур Гордон Пим“, а пред крајот на
животот ги пишува песните „Ѕвона“, „Анабел Ли“ и „За Ани”

Запомни

Романтизмот се појавува по рушењето на феудалното општество и создавањето


ново, граѓанско, капиталистичко општество. Во овој период се создал човек кој е со
загубена доверба, човек кој се издвојува од општеството и бега во свој субјективен
свет. Оттука произлегуваат и обележјата на романтизмот: субјективноста
(индивидуалноста), меланхолијата и светската тага, копнежот по нешто далечно и
недостижно, патувањето во далечни земји, враќањето во минатото, свртувањето
кон традицијата и народното творештво, создавањето на националното чувство и
целосната творечка слобода.

Главните претставници на романтизмот, во Германија се: Јохан Волфганг Гете,


браќата Грим; во Англија: Џорџ Гордон Бајрон, во Франција: Жан Жак Русо, Франсоа
Рене де Шатобријан, Мадам де Стал, Виктор Иго; во САД: Едгар Алан По; во Русија:
Александар Сергеевич Пушкин, итн.

Лорд Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е претставник на романтизмот од


Англија.

Неговото семејство било со благородничко потекло, но осиромашено. Кога имал 10


години, починал некој негов братучед и од таму се стекнал со богатство и лордовска
титула. Ова му овозможило да се школува во Кембриџ, а потоа да биде член на
англискиот парламент. Таму ги застапувал правата на работниците и затоа
конзервативците го мразеле и јавно го напаѓале. Неговите противници го напаѓале, не
само заради политичките убедувања, туку и поради неговото слободоумно однесување.
Тој бил убав, но куц (едната нога му била покуса), а односите со мајка му биле чудни. Таа
на моменти била многу мила, нежна и интимна, а потоа хистерична и непресметлива (го
тепала). Уште кога бил дете и кога доаѓал дома на распустите, го гледал нејзиниот
распуштен живот исполнет со забави и оргии. Ваквиот начин на живот и тој го
продолжува. Се оженил за грофица, но таа го напуштила.Подоцна повторно ја напуштил
Англија, но овојпат засекогаш. Во Грција се приклучил во ослободителното движење и
таму починал од силна треска (најверојатно сифилис). Со своите поеми Бајрон се
искачува на врвот на англиската литература: „Странствувањето на Чајлд Харолд“,
„Абидонската свршеница“, „Лара“, „Корсар“, „Ѓаур“; драмите: „Манфред“ и „Каин“;
и хумористично-сатиричните текстови: „Дон Жуан“ и „Небо и земја“.

,,Странствувањето на Чајлд Харолд” (содржина од интернет )

„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема,


составена од четири песни.

Тема во поемата: Патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд.

Идеја: Да искаже разочарување од случувањата во Европа.

Основни карактеристики на Бајроновиот романтичен јунак се чувството на светската тага,


откривањето нови егзотични простори и поддршка на борбата за ослободување на
угнетените европски народи.
4

1 песна

Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван и познат, од
благороднички род, кој наместо да се посвети на полезна и творечка работа, се оддава на
бурен, развратен живот со оргии и пир. Презаситен од таквиот живот кој веќе му здодеал,
решава да го напушти родниот кат. Разочараноста не произлегува само од ваквиот живот
туку и од односите во општеството, па решението го бара во бегството, во осамувањето,
во потонувањето во сопственото јас. По описот на главниот лик следува Поемата
започнува со Прошталната песна тука се збогува од неговиот роден крај

 во која преовладува возвишениот и патетичен тон на разделбата на главниот јунак од


својата татковина.

Песимистичкото расположение и копнежот по светли хоризонти се причината тој да ги


изрече топлите исповедни зборови на љубов кон родниот крај, родителите и пријателите.

Проштална песна

О, збогум, роден крај. Ти сив


исчезнуваш зад морска шир.
А ветрот јачи; галеб див
со својот пискот руши мир.
На запад сонцето се крие
и ширта морска губи сјај;
се губиме по патот ние…
О, добра ноќ, мој роден крај!
По час и друг, пред зора-ал
ќе прсне тоа лачи пак;
ќе сретнам тогаш море сал,
но не и тебе брегу драг.
Глеј, дреме мојот замок убав;
во каминот ни плам, ни жар.
Во бршлан ѕидишта се губат
и вие таму песот стар.
„Мој пажу мал, приближи се
и речи зошто плачеш ти?
Те плаши бранот бурен, не?
Ил мракот злобен, можеби?
Избриши се и глава горе:
На коработ е се вввво ред;
одвај да може најбрз орел
тој кораб да го стигне в лет.
И нека да не лула бран,
и ветрот нека праќа крик;
не ме плаши ни океан,
ни бурата со својот рик.“
— Не чудете ми се, ве молам
сер Чајлд, што в тага тонам цел.
Разделбите со блиски болат…
Ме пратија по светот бел.
Од тате испратен јас бев, 5
му видов в очи светол лач;
за мама појќе ми е грев
што долго ќе ја гуши плач…
„Да, чудно солзите ти стојат;
успокојуваат, јас знам.
Да имав невиност јас твоја
би плачел како ти и сам.
Ти ела, верен слуго мој!
Зар повторно од бледност знак?
Те плашат бури ли без број,
а можеби и Француз-враг?“
— В малодушност јас не сум свенат.
Сер Чајлд, не се плашам ни јас!
Но дома оставив и жена.
Ме сакаше со силна страст.
Со децата и минат дни
крај личниот ви голем двор.
Но, штом го спомнат татка си
— што ќе рече тој тажен створ?
„Те разбирам, ќе страда често.
Се запознав со твојот бол.
Но и да сум на твое место
со потсмев би го примил зол.
Зар има уште таков маж
што верува во женски стон?
Штом не си тука — нова драж
ќе блесне кај нив и во сон!
А страстите се стара тема;
за идни ништо не би дал.
Јас жалам само зашто нема
за некого да сум во жал.
А вака сам, сред море, мрак,
ко крадец некој што се скрил —
кај човечки ќе најдам траг
штом туѓ за луѓето сум бил!
Да, мојот пес… Два-три дни само
(дур не свикне!) тој жал ќе таи,
но ако пак се вратам ваму
— ќе бидам пречекан со лај.
Мој корабе, да одиме!
Ти сечи бран, на долг сме пат!
Кај сакаш таму води ме,
но само не во татков кат.
Јас поздрав искрен вам ви праќам
о, бранови со таква моќ.
На поздрав — поздрав, земјо, враќам:
мој крају роден — добра ноќ!“ 6

Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија, каде иако се земји со древна цивилизација,


луѓето страдаат и се потчинети. Тој се надева дека славните витешки времиња повторно
ќе се вратат и луѓето ќе се ослободат од ропската потчинетост. Неговата лична тага и
разочараност се зголемува и прераснува во светска тага поради доминација на злото и
несреќата.

2 песна

Чајлд Харолд чувствувајќи симпатии кон поробените народи го продолжува своето


патување во Грција и Албанија каде се соочува со истото страдње и несреќа. Поетот не
може да сфати дека потомците на Античка Грција можат да го поднесат теророт што се
врши врз нив од страна на османлиската власт. Сликата на Балканот е мрачна и крвава.

Албанецот, со чалма, застанал на патот,


а пиштолот со резба беше шарен сет,
навезена му беше дреата со злато…
Македонец со појас, крвав, сиот блед
крај делија што држи јатаган…И ред
од вакви робје гледаш…
Особено е воодушевен од љубезноста и гостопримството на Албанците. Во оваа песна
освен разочараноста која ја чувствува, поетот повикува на борба

3 и 4 песна

Харолд го продолжува своето патување во Холандија, Германија, Швајцарија и други


европски земји за да го задоволи својот авантуристички дух, како и да се пронајде себе.
Во овие песни е поприсутен мотивот на осаменоста, како и мотивот на природата која е
единственото нешто недопрено од човекот и можност да се избега во нејзините
прегратки. Пејзажот е во функција на романтичарскиот идеал каде човекот го пронаоѓа
својот мир и спокојство. Единствено во природата Харолд се чувствува исполнет и
среќен.

Во последната песна при посетата на Италија исто така се навраќа на нејзиното античко
минато. Тој и понатаму е во истото расположение, осамен бунтовник кој останува само
набљудувач на општествените збиднувања.

Бајронизмот култ кон слободата и желба за патување во далечни егзотични места


како движење влијаело врз англиската и европската литература.

Под бајронизам се подразбира: култ кон слободата, желба за патување во далечни и


егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување кое
преминува во светска тага, величање на славното минато (античко и витешко) и
недопрената природа.

Едгар Алан По „Гарванот“ ( По е претставник на американскиот романтизам


и предвесник на модерното струење во литературата – симболизмот )

Едгар  Алан  По (1809-1849) е роден во Бостон, САД.


Откако таткото ги напуштил, мајка му починала кога тој имал две години, па бил
неофицијално посвоен од богатиот трговец Џон Алан.Пет години живееле во Англија и
таму го започнал своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со
потаткото и ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал да се
осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две години бил во американската
армија, за потоа целосно да ѝ се посвети на литературата. Работел како публицист и
уредник на повеќе списанија, но цел живот бил сиромашен и гладен. По смртта на
неговата млада сопруга тој ќе се растрои и ќе му се оддаде на алкохолот и дрогата.
Живеел во агонија, работел многу, претчувствувајќи ја блиската смрт. По е автор на
поетските книги:„Тамерлан и други песни“, „Аларааф Тамерлан и помали песни“,„Песни“,
„Гарванот и други песни“; книгите куса проза:„Раскази, гротески и арабески“, „Раскази“;
новелата:„Доживувањето на Артур Гордон Пим“; и песните:„Ѕвона“, „Анабел Ли“, „За
Ани“. 

Симболизмот и романтичарските елементи во “Гавранот“


од Едгар Алан – По
а. “Гарванот” е елегична лирска поема со наративен тек во дијалошка форма,
напишана во 18 строфи, секоја строфа содржи шест стиха.

б. Примарна инспирација: Прераната смрт на поетовата сакана жена, младата


и убава Вирџинија, заради која поетот доживува нервен слом.

в. Примарен мотив: Тагата поради смртта на саканата Ленора


Носители на драматичниот набој се: лирскиот субјект, гавранот, Ленора

Сметајќи дека некој непоканет гостин тропа на неговите порти во ниедна доба и помалку иритиран
од таинственото движење на гостинот што не сака веднаш да го открие, ги разотвара вратите и во
прв момент ја потвтдува својата мисла за таинственоста на тоа тропање. Низ прозорецот влегува
гавран кој ја потврдува скршеноста на поетот. Гавранот е симбол на смртта, на изгубената
љубов, Тој, делумно убиен од болката за својата сакана, започнува разговор со птицата која
постојано повторува “Nevermore”. Всушност тој води растрган дијалот со сопствената душа.
Гавранот го симболизира второто поетово јас кое се самоуништува. Гарванот долетува во
својата горделива поза како ужасно сениште, именувајќи се како “nevermore”.Оваа
синтагма се повторува во песната како црн рефрен, како тешка содржина на очајот, на
безнадежноста, на смрттa.

Гарванот

Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,


дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, – чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.

Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,


жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,


грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е пти се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!

Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:


„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!

Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,


сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.
В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,


низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!

И со таа птица света, што пред малку тука сета


одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Станав плен на почудица, кога таа грда птица


ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”

Гавранот, штом седна таму, еден збор тој гракна само


в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе нид а каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,


„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, припев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”

Но Гавранот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,


па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”

10

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,


без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”

Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими


божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којто мати.
Испи го и тогај мора да ja заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!


Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!


Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повторно ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,


птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”

А Гавранот ни да претне, ниту пак замиг да летне


oд бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”

11

„Евгениј Онегин“ од Пушкин ( содржина од интернет )

Романот „ Евгениј Онегин “ е роман во стихови. Го сочинуваат осум пеења, со


различен број песни. Александар Сергеевич Пушкин ја создал онегинската строфа
составена од 14 стиха.
 

Иако поетот е претставник на романтизмот, романот е замислен врз реалистична основа


каде се запознаваме со секојдневните настани од животот на руското дворјанство.

Темата во романот: е љубовта; младешката, идеализирана и неостварена љубов на


Татјана кон Онегин и нејзиното созревање.

Времето на случување: се дваесеттите години од деветнаесеттиот век, во Петроград,


на село и во Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на
неколку сижејни линии.

Содржина
Романот започнува со претставување на Онегин, кој по смртта на вујко му од кого добил
наследство, решил да замине на село и да го смени начинот на живот, бидејќи градскиот
веќе му здодеал.Поетот се навраќа на минатото на Онегин, на татко му, кој правел по три
бала годишно и на тој начин го потрошил богатството. Се навраќа на детството, кога
Онегин не добил којзнае какво образование и на неговата младост, кога најважно од сè
му било убаво да се облече, да оди по балови и театри и да кокетира со девојките. Без
разлика на неговото површно образование, тој знаел убаво да зборува, знаел да се
шегува, бил прифатен во друштвото и омилен кај дамите.Тој постојано излегувал, бил
канет на сите балови и приеми, а дома се враќал во мугри кога другите луѓе тргале на
работа. Во театарот него не го интересирале претставите и уметноста, туку убавината на
дамите. Дома тој имал свој работен кабинет, но Пушкин со иронија го опишува, бидејќи во
него имало: турско луле, увозни украси, парфеми, прибор за нокти. Всушност, тој кабинет
не бил за работа, туку за дотерување. Таму тој поминувал по три часа дневно контејќи
се.И неговата облека била помодарска, странска. И храната исто така, односно,
специјалитетите што ги јадел биле странски. Всушност сè во животот на Онегин е
подредено на уживањето и на бесполезното поминување на времето. Преку него, Пушкин
ни ја претставил однародената, безработна петроградска младина. Тој е тип на излишен
човек (непотребен, вишок).Откако му здодеал ваквиот бесмислен живот, а и заради
вујкото кој е пред умирање и кој му остава наследство, Онегин решава да замине на село.

12

Но писмо одеднаш му дојде:

да тргне веднаш, овој саат.

Го викна вујко му да појде —

за заден да се видат пат.

Ги прочита редојте неми,

за патот далечен се спреми,

го приготви багажот свој,

на тројката се качи тој,

и, зарад пари готов беше

на лаги, воздишки, на се…

Но, и на село само неколку дена бил воодушевен од воздухот, природата и мирот, а
потоа повторно му станува здодевно. Се обидува да ги смени господарските односи со
воведување на помали даноци со што го предизвикува револтот на соседите.Тогаш во
селото доаѓа Владимир Ленски, убав, млад поет. Тој е сосема различен од Онегин. Тој ја
сака природата, ја опејува во своите песни, живее во занес и верува во чистата и искрена
љубов.

…Се зближија. Та бран и камен,

ил стих и проза, мраз и пламен

по нешто личат, блиски се…

Но зарад спротивностите,

во нив досадата се влеа.

А потем … што да зборувам


и зошто да оспорувам!

– Неразделни и блиски беа.

Од немање што да правиш

пријателство ќе направиш!…

13

Тие толку се зближуваат што Ленски отворено му раскажува на Онегин за големата


љубов што ја чувствува кон Олга. Тој ја засакал уште кога биле деца, ја гледал како
расцутува и се вљубувал во неа, осамувајќи се и посветувајќи ѝ безброј песни. Сестрата
на Олга, постарата – Татјана била различна и посебна.
Молчалива и тажна, дива

ко срна плашлива што бива,

во својот роден татков кат

ко туѓа била секојпат.

Од својте галена да биде

не можела да трпи баш;

ко дете неа никогаш

да игра никој не ја видел,

Крај прозор сама седела,

по цел ден, мисли редела.

Таа не се интересирала за женските работи, за везењето, за облеката, за модата, неа ја


интересирале страшните приказни кои во детството ѝ ги раскажувала дадилката, ја
интересирала природата, изгрејсонцето и читањето на романтичарските
книги.Претставувајќи ги сестрите, поетот се навраќа и на нивните родители, на нивната
мајка која во младоста била вљубена во друг, но нејзините ја омажиле за имотен човек,
па по некое време таа се помирила со судбината и презела сè во свои раце – владеела
со својот маж и со имотот. Таткото, пак, ја сакал, ѝ дозволил сè, ѝ верувал и само јадел,
пиел, спиел и понекогаш со блиски пријатели попладне се дружел. Живеејќи мирен
селски живот остареле заедно и тој починал.Заедно со Ленски, од здодевност и Онегин
оди во посета кај Ларини. При таа посета, мирната и повлечена Татјана се вљубува во
Онегин бидејќи тој е единствениот нов лик во селото. Таа само чекала да се вљуби во
некого, во главата и срцето направила место за својот идеален љубовник. Не го ни
познава каков е, но го поистоветува со ликовите од романите што ги чита. Затоа, кога ќе
се појави Онегин, таа ќе си рече: тоа е тој!По оваа средба Татјана уште повеќе се
повлекува во себе и гори од љубов. Не можела да јаде, не можела да спие. Единствена
на која ѝ се поверувала била нејзината дадилка, па во разговорот со неа малку ја
стивнувала својата љубовна болка.Љубовта на Татјана поетот ја опишува со многу
милост и топлина, но и со сочувство кон нејзината наивност, заслепеност, страст која ѝ ја
отвара душата ѝ ја прави бескрајно искрена. Не знаејќи како да си ја стивне љубовната
страст, таа решава да му напише писмо на Онегин во кое сосема отворено ги искажува
чувствата.

14

На крајот од писмото таа вели:

Но — сеедно: во твое крило

судбината ја препуштам

што заштита од тебе моли…

Би сакала да не пуштам

ни плач… но, напразно? ме боли.

Јас сама сум. Зар некој мене

ме разбира? Но кој е тој?

Молчејќи гинам … Сепак, денес

те чекам тебе мили мој.

Со поглед еден надеж јака

оживи ми, ил овој сон

прекрати го со ошто сакаш:

со прекор, презир, суров тон.

Завршувам! До смрт се плашам:

јас премирам од страв и срам…

Но, позната е честа ваша:

во неа не се сомневам…
Таа три дена чека одговор на писмото, пребледува и гори, но одговор нема.Тогаш Онегин
доаѓа во нивната куќа, а таа од срам и страв бега во градината. Тој ја наоѓа и ѝ кажува
дека е многу поласкан од нејзиното писмо, дека тоа поттикнало љубов кај него, дека кога
би сакал да се жени, би ја одбрал неа, но тој не е подготвен на таков чекор. Објаснува
дека тој не човек за брак и дека таа би била несреќна со него. На крајот ја теши дека таа
ќе си најде друга љубов, подостојна од него. Татјана не му одговара ништо, само си ја
наведнува главата од болка и тага.По тој состанок љубовта кај Татјана не стивнува. Таа и
понатаму тагува, молчи, не спие и свенува. А, љубовта на Владимир кон Олга сè повеќе
расте. Тој по цел ден е кај неа, ѝ пишува песни во нејзиниот споменар, а не може да се
оддели од неа ни ноќе зашто и сонот и го посветува.

15

Времето минува, Онегин повлечен на својот имот станува како Чајлд Харолд, го обзема
монотонијата и мрзливоста. Зимата, доаѓа Владимир и го посетува и поканува Евгениј кај
Ларини на именденот на Татјана.

На прославата, Онегин ја забележува тагата на Татјана која го оптоварува и не му се


допаѓа.

Не трпеше Евгениј веќе

од нервни појави ни траг;

девојчински тој солзи нејќе,

ни сака нејзин воздив благ.

Се лути чудаков што дојде:

Со погледот по Тања пројде:

ја виде свената од бол.

Тој спушти поглед, молњи полн,

се наду. И негодувајќи,

тој Ленски ќе го фрла в бес,

— за одмазда. Ни пет ни шест

и предвреме тржестувајќи

во својта душа, полна гнев

— со гостите ќе прави смев.


Прославата продолжува, гостите јадат и пијат, се развеселуваат. Кога започнуваат
валцерите, тој го дочекува часот на одмаздата. Ја повикува Олга да игра со него и со неа
ја поминува целата вечер. Од срам и од љубомора Ленски го предизвикува Онегин на
двобој.Пред двобојот, во лутина, Ленски посакува да не ја види повеќе Олга, но таа се
појавува пред него весела и безгрижна како и секогаш, прашувајќи го каде се загубил тој
на прославата. Тоа малку го расколебува за извршувањето на двобојот, бидејќи повторно
се чувствувал сакан. Но, омразата кон Онегин и потребата да ја заштити Олга од таков
развратник и ласкател, ќе го одведе во смрт.Во двобојот, по стапките на оддалечување,
Евгениј пука и го погодува Ленски под срцето, а Ленски воопшто не испукува од својот
пиштол. Тогаш Онегин се чувствува изиграно, го гризе совеста и иако победник, тој е
поразениот.

16

По таа случка, Онегин му се враќа на стариот живот, веќе никој не знае ни каде е, ни што
прави.Од друга страна, пак, за жал, поетот Владимир Ленски, неговата љубена брзо го
заборава и се омажува за друг. Татјана останува сама во селото. Таа тагува, шета по
полињата и еднаш влегува во куќата на Онегин, во неговиот кабинет. Гледајќи ги неговите
работи, читајќи ги неговите книги, таа за првпат се запознава со него и сфаќа каков бил
тој.Во тој период Татјана ги одбива сите понуди за брак, па затоа мајка и одлучува да
заминат во Москва каде сигурно ќе се најде некој за ќерка и. Таму ги дочекуваат
многубројните роднини, а сите тетки веднаш се обидуваат да и најдат некое момче. Ја
носат по балови и театри и ја запознаваат со многу луѓе.Патешествијата и желбата за
забава и заборав, го доведуваат и Онегин во Москва, на бал, каде го сретнува својот стар
пријател, кнезот, кој се оженил со Татјана. Кога се сретнуваат во новата средина, во
изменета ситуација, Татјана реагира многу ладнокрвно, достоинствено, учтиво му
проговорува и си заминува.Онегин не може да верува дека оваа рамнодушна московска
дама е истата девојка од село. Тој се вознемирува, почнува сонот да не го фаќа, да мисли
само на неа. Тогаш му стигнува покана за вечера кај кнезот. Станува нестрплив, едвај
чека да оди и да ја види.Оди на гости растреперен, влегува кај нив, и иако на момент е
насамо со Татјана, тој не може ни да прозбори. На вечерата таа е прекрасна, со сите
гости се однесува убаво, насмеана, љубезна, вистинска домаќинка. Ваквата Татјана,
Онегин не може да ја тргне од умот.

Но, без сомнение: Онегин

љубовната ја сети моќ:

во мисли љубовни тој сега

поминува и ден, и ноќ.

Без трошка страв од својта совест

под прозорец Татјанин снове

и, речиси, е секој ден.


Ко сенка тој ја гони, нем,

и среќен, чест што му падна,

— тој крзно и наметнува

и погледот засветнува

од допирот на рака ладна.

Ги враќа назад слугите,

и држи шал пред другите… 17

На сето тоа, Татјана не реагира.

Од невозвратената љубов, Онегин се разболува, но не сака  да оди во странство и да се


лекува бидејќи сака да биде во нејзина близина. Немоќен, несреќен, тој решава да и
напише писмо. Во него тој ја изразува својата љубов и каење што кога таа сакала, тој не
бил подготвен за брак. Сега, тој е подготвен да ја моли, да ја преколнува, да плаче, само
таа да му ја возврати љубовта. Но, таа не му одговара. Тој ѝ пишува уште писма, но не
добива никаков одговор.Онегин се повлекува во себе, чита книги, живее во минатото.
Пролетта тој малку живнува, почнува да шета, но не издржува и оди кај Татјана. Ја наоѓа
дома сама, облеана во солзи читајќи ги неговите писма. Остануваат некое време гледајќи
се со љубов, но Татјана прва го прекинува тој момент. Таа многу трезвено му кажува дека
секогаш ќе го сака, и дека ѝ е жал што тој не ја прифатил нејзината љубов кога тоа било
возможно, но дека сега е доцна и таа нема да го изневери својот маж.

Ликови
Евгениј Онегин е претставник на градската благородничка средина. Тој е многу
самоуверен човек кој умее да го прикрие своето незнаење и површно образование.

Неговите стремежи и чувства се нестабилни. Тој се обидува од здодевноста да избега со


пишување поезија и читање книги, но не успева. Ништо не го интересира – забавите му
стануваат здодевни, и животот на село му е здодевен, и дружбата со Ленски му е
здодевна, а љубовта на Татјана му претставува товар.

Навикнат да се однесува кон жените ладнокрвно, тој и кон неа е таков. Нејзиното писмо
не го допира премногу, а кога ја одбива (воопшто не помислува да не ја одбие) за да не ја
навреди, се обвинува себеси и своето сфаќање за слободен живот. Сепак, настапува
џентлменски бидејќи веројатно чувствува некаква симпатија и сожалување кон неа штом
не ја искористува нејзината љубов, како што го правел тоа многупати претходно.

Најнегативно е неговото однесување на именденот, кога за да го направи Ленски


љубоморен, тој цела вечер танцува со Олга. И зошто? Само затоа што нему му била
здодевна љубовта на Татјана. Уште пострашно е што избрзува и не размислува за
последиците. Од истите причини го прифаќа двобојот во кој го убива својот пријател.
Тврдоглавоста и глупоста го прават убиец. Тој не е рамнодушен што го убива пријателот,
го гризе совест и сосема се повлекува одејќи во непознат правец.

Кога повторно ја сретнува Татјана, тој не може да се помири што таа е туѓа и недостижна.
Не може да се помири со нејзиното студенило и одбивање и затоа лудачки се вљубува во
неа – до разболување. Но, Онегин не би бил свој кога на крајот не би се помирил и вратил
на претходните идеали, на распуштениот и безделнички живот, тешејќи се дека времето
лечи сè.

18

Татјана е сосема поинаква, постојана во својата љубов и реална. Достоевски ќе рече


дека би било подобро ова дело да го носело нејзиното име, зашто таа е главниот лик,
позитивниот лик, претставничка на здравата, убава, паметна и цврста руска жена.Уште во
детството таа била сериозна, израсната на село, без детски игри и кукли, со желба да
слуша народни приказни – таа е претставничка на романтичарското сфаќање за животот
и природата.Осамена и отуѓена од градските манири, таа го чека својот принц да дојде кај
неа, но го дочекува Онегин. Млада и наивна, безрезервно се вљубува во него, иако не го
ни познава. Затоа се решава на чекор кој е несфатлив за тоа време – да му напише
љубовно писмо.Премногу искрена и отворена, таа верува во човечноста и искреноста на
другите. По неостварувањето на нејзината желба да биде со Евгениј, се задоволува со
близината на неговите предмети. Но, набрзо преку нив сфаќа каков е тој и се разочарува
од својот херој. Напуштањето на селото за неа е многу болно зашто не го сака бучниот
град и тамошната малограѓанска средина. Тука, таа ќе ја жртвува својата љубов и ќе се
омажи за стариот кнез, роднина на Онегин. При повторната средба, таа ќе се однесува
ладнокрвно, но е јасно дека сè уште го сака. Ќе го одбие, не заради освета, туку заради
нејзиниот цврст карактер и морал кои нема да ѝ дозволат да го изневери мажот.

Владимир Ленски е типичен романтичарски лик. Тој е мечтател, поет, кој детски се
вљубува во Олга. Поседува висок морал и жестоко ги брани своите ставови. Неговата
нестабилност, пребрзаност и занес се гледаат кога во жарот на љубомората го
предизвикува Онегин на двобој што всушност го убива.
19

ПРАШАЊА ЗА МАТУРА ОД ЕВРОПСКИ РОМАНТИЗАМ

1. Кога се појавува романтизмот во Европската литература?

2. Наброј неколку особености на романтизмот?


А.
Б.
В
Г.
Д.

3. Наброј неколку претставници на романтизмот во Европа.

4. Делото ,,Странствувањето на Чајлд Харолд” од Бајрон е ________________________________________

5. Одреди ги темата и идејата во поемата ,,Странствувањето на Чајлд Харолд”.тема

тема _________________________________________________________________________________________

идеја ________________________________________________________________________________________

6. Кои се основните карактеристики на Бајроновиот романтичен јунак?

.А.

Б.

В.

7. Содржината на поемата почнува со стиховите од ______________________________________________

8. Делото ,,Евгениј Онегин” од Пушкин е _____________________ _______ сочинето од ________________

9. Колку стихови содржела Онегинската строфа?


10. Што опишува авторот во романот ,,Евгениј Онегин”?

11. Која е темата во романот?

25. Автор – претставник на американскиот романтизам е _____________________________

26. Најпозната песна / поема од По е __________________________________

20

27. Во поемата гавранот е симбол на ____________________

28. Гарванот, симбол на смртта по истоимената поема, истовремено е симбол на:_______________________

29.Песната ,,Гавранот” е напишана во форма на __________________________________

30. Дијалогот во поемата се води меѓу __________________________________________

31. Мотивот во поемата е _____________________________________________________

32. ,,Nevermore” во песната се јавува како ___________________________________________

33. Песната ,,Гавранот” е врв на ____________________________________________________

34. Кој литературен правец се појавува како реакција на класицизмот? а. ренесансата б. експресионизмот
в. реализам г. романтизам
21

You might also like