You are on page 1of 127

Универзитет ,,Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје


Економски факултет – Скопје

Втор циклус студии


МБА Менаџмент

Кандидат
Елпида Ангеловска
Индекс 6226

Зелените бизниси и конкурентската предност


креирана со енергетска ефикасност и
обновливи извори на енергија
(магистерски труд)

Ментор
Вонр. проф.д-р Стојан Дебарлиев

Скопје, 2017
Ss. Cyril and Methodius University
Faculty of Economics - Skopje

Second cycle of studies


MBA Management

Student
Elpida Angelovska
Index No: 6226

Green business and competitive advantage


created with energy efficiency and
renewable energy sources

Mentor
Associate Professor Stojan Debarliev, Ph.D.

Skopje, 2017
Членови на комисијата:

1. Вонр. проф. д-р Стојан Дебарлиев


Економски факултет - Скопје

2. _______________________________
Економски факултет – Скопјe

3. _______________________________
Економски факултет - Скопје
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со


енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Апстракт

Со новата „зелена конкуренција“ се означува поттикнувањето на економската


активност и будењето на зелената индустрија. Зголемувањето на побарувачката од
страна на потрошувачите за зелени производи, им пружа можност и на малите и
средните претпријатија да нудат органски, природни или зелени производи со
високо конкурентска предност. Примената на енергетска ефикасност во
претпријатијата е битен фактор за намалување на трошоците во претпријатието и за
позитивни ефекти за заштита на енергијата. Од друга страна, имплементирање на
обновливи извори на енергија во веќе постоечките системи на зелениот бизнис стана
нов тренд за зелена конкурентска предност.

Прашањето за одржливоста на енергијата се разликува на различните


географски точки во целиот свет, при што постои плодна дискусија и активна
имплементација на прашањата за енергетската ефикасност и обновливите извори на
енергија. Со оглед на фактот дека енергијата станува сè позначаен и критичен
фактор за конкурентски успех на глобално ниво, таа нуди посебни можности и за
бизнисите во Република Македонија. Република Македонија се смета за една од
земјите во Европа со најдобри можности за искористување на обновливите извори
на енергија, ова особено се однесува на сончевата енергија, која што понатаму
овозможува и обезбедува значителен потенцијал за стекнување конкурентски
предности на локалните и глобалните пазари.

Зазеленувањето на одредени бизниси со воведувањето енергетски ефикасни


решенија во своите бизниси, како и самата свест да се биде енергетски ефикасен, но
и желбата за остварување на поголем профит, ветуваат повисоко ниво на економски
раст и остварување конкурентска предност во претпријатијата во Република
Македонија.

Клуцчни зборови: зелени бизниси, енергетска ефикасност, обновливи извори,


Репубулика Македонија

4
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Green business and competitive advantage created with energy


efficiency and renewable energy sources

Abstract
The new “Green Competition” marks the beginning of the increased economic
activity and development of the sustainable energy industries.

Increased consumption of ecofriendly products offers a great opportunity for all


small and medium size businesses to increase their competitive advantage by offering
“green” and organic products. By implementing the energy efficient systems and measures
for energy saving, every company will greatly decrease their power consumption and their
energy costs.Sustainable energy depends greatly on the specific geographic regions, which
brings up questions about the applicability of different sustainable energy systems and
different measures for energy savings.

Energy is becoming one of the most important critical factors for creating
competitive advantage and success on global scale. Energy creates great opportunities for
business advancement in Republic of Macedonia as well. Republic of Macedonia is among
the regions in Europe with the greatest chance of taking full advantage of almost all
renewable energy systems, especially solar energy, which enable us to create a great
competitive advantage on our local and global markets.

Implementing the renewable energy systems in the existing companies are one of
the ways to increase the competitive advantage while decreasing the negative effect on the
envirement

The implementation of energy efficient solutions in our businesses, increasing the


awareness about sustainable energy and increased profitability of our businesses, promises
higher economic growth and creation of a great competitive advantage in all companies in
Republic of Macedonia.

Keywords: green business, energy efficiency, renewable sources, Republic of Macedonia

5
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

СОДРЖИНА

ВОВЕД..................................................................................................................................7
1.Актуелност на проблематиката на истражувањето....................................................7
2.Предмет и цел на истражувањето................................................................................9
3.План за презентирање на истражувањето...................................................................9
4. Методологија на истражувањето..............................................................................11

ГЛАВА I ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ И КРЕИРАЊЕТО КОНКУРЕНТСКА


ПРЕДНОСТ.......................................................................................................................12
1. Дефинирање на зелени бизниси................................................................................12
2. “Движење кон зелено“, новата економска конкурентска предност......................14
3. Енергијата, клуч за конкурентската предност.........................................................19
4. Зелените бизнис стратегии, како извор на конкурентска предност......................21
5. Ефектот од зелениот интелектуален капитал на пазарот за конкурентска
предност...........................................................................................................................24

ГЛАВА II ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ И КОНКУРЕНТСКАТА ПРЕДНОСТ


КЕРИРАНА СО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ.....................................................26
1.Карактерот на енергетската ефикасност...................................................................26
2.Зголемена енергетска ефикасност, намалување на трошоците и управување со
ресурсите.........................................................................................................................30
3.Енергетски ефикасно осветлување............................................................................34
4. Енергетска ефикасност преку загревање и разладување........................................37
5. Градежниот сектор и енергетската ефикасност.......................................................39
6. Енергетска ефикасност преку користење на енергетско ефикасна бела техника 43
7. Интеграција на управувањето со енергијата во постоечките системи на
компанијата.....................................................................................................................46
8. Конкурентска преднос креирана со енергетска ефикасност во Република
Македонија......................................................................................................................53

6
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ГЛАВА III ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И


КОНКУРЕНТСКАТА ПРЕДНОСТ.............................................................................78
1.Дефинирање на обновливите извори енергија.........................................................78
2.Обновливите извори на енергија и одржливоста на бизнисот................................81
3.Обновливите извори на енергија - начин за супституција на енергијата
произведена од фосилни горива....................................................................................83
4.Економски ефекти од енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија
86
5.Ефектите од обновливите извори на енергија врз животната средина.................88
6.Општествени ефекти од обновливите енергетски системи.....................................92
7.Трошоците за производство од обновливите извори на енергија..........................97
8. Конкурентска преднос креирана со користење енергија од обновливи извори во
Република Македонија...................................................................................................99

ЗАКЛУЧОК.....................................................................................................................118
ЛИТЕРАТУРА................................................................................................................122
ПРИЛОГ...........................................................................................................................132

7
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ВОВЕД

1. Актуелност на проблематиката на истражувањето

Во поголемиот дел од глобалната економија, енергијата стана еден од


стратегиските фактори за донесување на деловни одлуки. Претпријатијата, како
впрочем и потрошувачите, сè повеќе размислуваат за енергетска ефикасност на
производите и услугите кои што ги купуваат и употребуваат во нивното секојдневие.
Во индустриското производство, компаниите се составен дел од процесот на потрага
по енергетско ефикасни решенија. Во самата енергетска индустрија, побарувачката
за иновативни климатско - пријателски технологии за производство на топлинска и
електрична енергија, исто така, расте. Сите овие случувања се резултат на бројни
економско - политички фактори и факти.
За зголемениот интерес во голема мера придонесува долгорочното
осиромашување на фосилните горива и одлуките на јавната политика за намалување
на емисиите на стакленичките гасови. На тој начин, енергијата стана клучен фактор
за стекнување конкурентска предност.
Со оглед на фактот дека енергијата станува сè позначаен и критичен фактор
за конкурентски успех на глобално ниво, таа нуди посебни можности и за бизнисите
во Република Македонија. Додека прашањето за одржливоста на енергијата се
разликува на различните географски точки во целиот свет, при што постои плодна
дискусија и активна имплементација, прашањата за енергетската ефикасност и
обновливите извори на енергија во Република Македонија сè уште се во почетна
фаза на зародиш. Од друга страна, не треба да се пренебрегне фактот дека
Македонија е една од земјите во Европа со најдобри можности за искористување на
обновливите извори на енергија. Ова особено се однесува на сончевата енергија, која
што понатаму овозможува и обезбедува значителен потенцијал за стекнување
конкурентски предности на локалните и глобалните пазари.
Што се однесува надо светски најразвиените економии, излезот од кризата и
желбата за економски раст го гледаат токму во стимулирањето на зелените бизниси.
Преминувањето кон нискојаглеродна економија, искористувањето на обновливите
извори на енергија и развивањето енергетски практики, се најмногу заслужни за
силната економската активност на многу високоразвиени земји во светот.

8
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Зазеленувањето на одредени бизниси со воведувањето енергетски ефикасни


решенија во своите бизниси, како и самата свест да се биде енергетски ефикасен, но
и желбата за остварување на поголем профит, ветуваат повисоко ниво на економски
раст и остварување конкурентска предност во претпријатијата во Република
Македонија.
Со новата „зелена конкуренција“ се означува поттикнувањето на економската
активност и будењето на зелената индустрија. Зголемувањето на побарувачката од
страна на потрошувачите за зелени производи, им пружа можност и на малите и
средните претпријатија да нудат органски, природни или зелени производи со
високо конкурентска предност.
Сите овие факти говорат во прилог на недвосмислената актуелност на
проблематиката на овој труд, кој на прво место ќе биде посветен на зелените
бизниси и конкурентската предност. Ваквиот современ начин на размислување
доведува до создавање на одржливи конкурентски предности кои се засновани на
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

2. Предмет и цел на истражувањето

Предметот на истражување се зелените бизниси и конкурентската предност


креирана со енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и нивното
креирање на конкурентска предност во новата зелена економија. Бизниси кои
создаваат, употребуваат и донесуваат енергетски ефикасни решенија, со цел да
остварат поголем профит и конкурентска предност, а воедно придонесуваат за
намалување на енергетската потрошувачка и нудат зелени производи и услуги, а
воедно и се општествено одговорни.
Целта на истражувањето се однесува на оценување на ефектите од
зелените бизниси засновани на енергетска ефикасност и обновливи извори на
енергија и креирањето конкурентска предност. Целта на истражувањето треба да се
остваври преку следниве задачи:
 Кои предности ги пружа новата зелена економија?
 Кои се клучните фактори за еден бизнис да биде зелено конкурентен?

9
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

 Како да се создаде конкурентска предност со имплементирање на енергетска


ефикасност и обновливи извори на енергија во веќе постоечкиот систем на
еден бизнис?
 Како до ефикасен систем за управување со енергијата (EnMS)?

3. План за презентирање на истражувањето

Материјата во магистерскиот труд, на тема Ззелените бизниси и


креирањето конкурентска предност со енергетска ефикасност и обновливи
извори на енергија, е систематизирана во вовед, три глави, заклучок, литература и
прилог.
Во воведот се елаборира актуелноста на проблематиката, односно причината
за интересот за обработка на избраното тематско подрачје. Потоа се дефинирани
предметот и целта на истражувањето, како и методите кои се користатени за
успешна реализација на истражувачкиот труд. Во овој дел е претставен и планот за
презентирање на материјата.
Во првата глава во магистерскиот труд со наслов Ззелените бизниси и
креирањето конкурентска предност, е анализирано прашањето за зелените
бизниси и придвижувањето кон зелената економија и нејзините импликации.
Посебно се истакнува значењето за зачувување на енергијата и важноста на
зелените бизниси и зелените бизнис стратегии и нивниот значаен придонес за
креирање конкурентска предност. Исто така, елаборирани се позитивните ефекти од
зелено - интелектуалниот капитал на пазарот и неговиот однос во процесот на
стекнување конкурентска предност.
Во втората глава во магистерскиот труд со наслов Ззелените бизниси и
конкурентската предност керирана со енергетска ефикасност, истражувањето
се фокусира на енергетската ефикасност и начинот на создавање конкурентска
предност, позитивните ефекти за заштедата на енергија преку енергетската
ефикасност, како и намалување на трошоците за управување со ресурсите. Во овие
рамки се обработени различни сегменти од енергетската ефикасност, како на пример
енергетската ефикасност во градежниот сектор и создавањето енергетската
ефикасност преку користење на енергетско ефикасна бела техника.

10
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Во третата глава во магистерскиот труд со наслов Ообновливите извори


на енергија и конкурентска предност, се анализираат обновливите извори на
енергија во функција и насока на изградба на одржлив бизнис. Акцентот е ставен на
трошоците и ефектите од обновливи извори на енергија, како и социјалните,
економските и еколошки влијанија од обновливите енергетски системи. Понатаму се
разгледува и прашањето за начините и можностите на интеграција и
имплементирање на обновливи извори на енергија во веќе постоечките системи
зелениот бизнис и економија. Значајно место во оваа глава заземаат и негативните и
позитивните ефекти од обновливи извори на енергија, ефектите од обновливите
извори на енергија врз животната средина, со посебен осврт на обновливите извори
на енергија кои се претставени како катализатори за стекнување и негување на
конкурентската предност во зелените бизниси.
Составен дел од овој труд е и заклучокот во кој се сублимирани резултатите
од истражувањето на зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Интегрален дел претставува и литературата која се користи при
истражувањето на оваа материја. Литературата ја сочинуваат 115 библиографскиа
единициа на книги и статии од домашни и странски автори. Од нив осумдесет и
девет (89) се објавени по 2000-та, а десет (10) пред 2000-та година. Исто така,
литературата е проширена со дваесет и девет (29) извори од Иинтернет.
На крајот, во прилогот на магистерскиот труд се приложени изјава за
плагијат, изјава на лекторот за лекториран текст и копија од лиценцата на лекторот
заверена на нотар.

4. Методологија на истражувањето

Зa разработка на темата на магистерскиот труд се врши прибирање,


систематизирање и анализирање на расположливите податоци, со употреба на
логички оправдан и научно фундиран пристап. Предвидена е употреба на следните
научни методи:
 Индуктивен и дедуктивен метод, преку анализа, апстракција и
генерализација, како и поставуванњето на хипотези, проверка и нивно научно
излагање е застапена во магистерскиот труд;

11
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

 Дескриптивниот метод кој е застапен во објаснувањето и опишувањето на


истражувањето на зелените бизниси и креирањето конкурентска предност со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
 Аналитички метод кој е застапен во магистерскиот труд и се користи при
анализа на податоците и сознанијата за зелените бизниси и креирањето конкурентска
предност со енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
 Компаративниот и квантитативниот метод на анализа овозможуваат
поуспешно изведување на заклучоци од споредбите за зелените бизниси и
креирањето конкурентска предност со енергетска ефикасност и обновливи извори на
енергија;
Истражувањето на темата на магистерскиот труд се базира на користење на
секундарните извори на податоци, кои овозможија идентификација и собирање на
два видатипа на податоци и информации: квалитативни и квантитативни. Како
секундарни извори во ова истражување, а во согласност со прифатените дефиниции,
беа избрани извори претходно креирани од други, односно веќе објавени книги,
статии од научни списанија, весници и магазини, истражувања и различни веб-
страници. Секундарни податоци, од посебна важност за предметот на истражување,
зелените бизниси и конкурентската предност креирана со енергетска ефикасност и
обновливи извори на енергија во Република Македонија се добиени од релевантни
организации и институции, како што се: Македонската академија на науките и
уметностите (МАНУ), Министерство за економија на Република Македониоја,
Стопанска комора на Македонија, Државен завод за статистика на Република
Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање на
Република Македонија, Агенција за енергетика на Република Македонија, МЕПСО,
USAID Македонија и др.

12
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ГЛАВА I ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ И КРЕИРАЊЕТО


КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ

1. Дефинирање на зелените бизниси

Поимот „зелен бизнис“ се појавил на крајот на 20-от век, во пресрет на


постојаното зголемување на јавната загриженост во врска со одржливоста на
економскиот развој. Подоцна со растечката свест за прашањата за животната
средина, како што се осиромашување на природните ресурси и влошување на
квалитетот на животната средина, поимот „зелен бизнис“ сèе повеќе се употребувал.
Иако потеклото на модерното зелено движење може да се проследи од средината на
1960-тите години, било потребно речиси 20 години за бизнисот да се прилагоди на
новите трендови на „озеленување“ и да го донесе во својата идеологија и практикаса
терминот „зелен бизнис“. Сепак, дури и денес, суштината на зелениот бизнис
концепт е двосмислен како што може да се забележи преку разновидноста на
бројните дефиниции кои би можеле да се најдат во различни извори. Покрај тоа,
зелените бизнис практики сè уште се далеку од тоа да бидат универзално прифатени
и употребувани од страна на деловните субјекти од целиот свет, а видливи се и
разликите на зелените идеи во различни земји. Ова се должи на неколку причини,
една од нив е фактот дека „позеленување” на бизнис сè уште во голема мера се гледа
како на дополнителен товар (во смисла на зголемување на трошоците или загуби на
приходи). Исто така, постои и голема разновидност во националните специфики во
однос на културни, политички и економски разлики (Cekanavicius et al, 2014).
Се забележува дека зелената бизнис идеологија и онаа за одржливиот развој,
се сметаат за синоними на поимот „одржлив бизнис“. На пример, Brown и Ratledge
(2011) даваат тесна дефиниција за зелени бизниси, како „“фирма која произведува
зелени производи“”. Makower и Pyke (2009) наведуваат дека „“зелен бизнис бара
избалансирана посветеност на профитабилност, одржливост и човештво“ Бизнис
речникот покажува дека зелениот бизнис е „“бизнис кој работи без негативно

13
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

влијание на локалната или глобалната животна средина, на заедницата и


економијата“, и понатаму се додава дека „“зелените бизниси, исто така, се
вклучуваат во политиката за решавање на прашањата за животната средина и
политиките кои влијаат врз човековите права“. Слично на тоа Croston (2009)
наведува дека „“зелените бизниси имаат повеќе одржливи практики од
конкурентите, во корист на природните системи и им помагаат на луѓето да живеат
подобро денес и утре, и додека заработуваат пари придонесуваат за економијата“.
Slovik (2013) предлага соединување на побарувачката за одржливост на
животната средина со онаа на општествената одговорност: „“Ззелениот бизнис може
да се дефинира како организација која користи ресурси од обновливи извори
(еколошки одржливи) и е одговорна за човечките ресурси и нивните активности
(општествено одговорна)“. Повеќе од очигледно е дека сите овие дефиниции
опфаќаат поширок спектар влијание на бизнис активностите, а не само на оние кои
се сметаат како зелени, односно што се однесуваат само на животната средина.
Барањето за посветеност и грижа за животната средина, тука е надополнет со
императивот да се почитуваат човековите права и да се придонесе за благосостојба
на сегашните и идните генерации, додека бизнисот не си обезбеди економска
одржливост. Ваквиот пристап ги брише границите помеѓу поимите „зелен бизнис“ и
„одржлив бизнис“, каде вториот термин се однесува на бизнис кој треба да биде
одржлив економски, социјално и еколошки.
Други автори со потесен пристап, се фокусираат на „зелени“ како составен
дел на овој термин. Тие ги дефинираат зелените бизниси единствено како „бизниси
кои се занимаваат со поддршка на екологијата“ и „со тенденција да се зачува
квалитетот на животната средина“ (Green Times, 2013).Cekanavicius et al. (2014) ја
предложиле следнава дефиниција за зелен бизнис: зелен бизнис е организација која
при своето работење е посветена на принципите за одржливост на животната
средина, се стреми да ги користи обновливите извори на енергија, и се обидува да го
намали негативното влијание од неговите активности за животната средина. Во оваа
перцепција, „"позеленување“" на бизнисот е дел од една долгорочна стратегија за да
стане одржлив, односно да биде во можност да ги остварува своите функции на
начинот на кој не се развива било каква закана - економска, социјална и еколошка -
за сегашните и идните генерации.

14
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

2.„“Движење кон зелено“, новата економска конкурентска


предност

Движењето кон зелено е повеќеслоен процес., Ппостојат различни практики


кои можат да се применат во бизнисот за прифаќање на зелено однесување. Општо
земено, еколошки свесен бизнис треба да учествува најмалку во еден од „“4Rs“-
reduction, reuse, recycling, and recovery (намалување, повторна употреба,
рециклирање и обновување) (Kassaye, 2001). Секоја од овие „"Rs“" може да се
постигне со повеќе практикаса, при што некои од нив можат да послужат и за целите
на повеќе од еден „"R“". „"R“" како намалување има двојно значење: како
намалување на потрошувачката на ресурси и намалување на отпадот. Слика 1 ја
претставува неисцрпната шема на најчесто користени зелени бизнис практики.

Слика 1. Зелени бизнис практики

Зелено пакување
Природни состојки
Семинари за зелени бизниси

Забрана за пушење во канцеларија Редуцирање на отпад

Зелени
Сортирање отпад Еко означување
бизниси

Исклучување на апарати Зелени згради

Користење на јавен превоз Еко чистење


Помалку печатење

15
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Извор: Cekanavicius, L., Bazyté, R. and Dicmonaité, A., (2014). Green Business and
Practices. Ekonomika, 93(1), p.74.

Типичен пример за првиот вид на практикаса е намалување на


потрошувачката на енергија, на пример, со замена на стандардните светилки со
енергетски ефикасни компактни флуроцентни светилки кои овозможуваат заштеда
до 75% од енергијата, или, едноставно, со исклучување на електрични апарати, кога
тие се не е во употреба. Со цел да се зачуваат дрвја, некои компании препорачуваат
печатење на двете страни на хартија или да се печатат само главните документи.
Примена на зелено пакување може да води кон различни начини на
намалување: некои компании го намалуваат волуменот и тежината на пакувањето
(на пример, Campbell Soup), додека други (на пример, Sears) се стремат да го намалат
отпадот од пакувањето. Некои компании (на пример,Whole Foods Market, Revlon,
Estee Lauder) започнале со користење на разградли физички или органски состојки за
нивните производи.
Компаниите исто така можат да ја применат и политиката на ефикасно
управување со производството на нивните производи. Тоа значи дека
производителот е одговорен за намалување на отпадот, за рециклирање, и
користењето на обновливи материјали. Овие стратегии се применети од голем број
претпријатија како што се McDonalds (McDonalds, Greener than Ever) иWhole Foods
Market (Whole Foods Market, Green Mission).
Еко етикетирање-Ecolabeling (исто така познато како зелено или еколошко
означување или зелено брендирање) обезбедува информации на потрошувачите за
профилот на еколошки производи, на пример, за нивниот начин на производство без
загадување на природата и процеси на производство со минимални загуби (отпад,
остаток), рециклирачки потенцијал и начинот на конзумирање (Lavallee и Plouffe,
2004). Придобивките од обезбедување на овој вид на информации за корисниците
сèе повеќе: привлекување на потрошувачите, статус во јавноста, брендирани
прозиводи (прпознатливи) и можности за подобрување на квалитетот. Привлекување
на потрошувачите значи дека преку обезбедување на информации за потрошувачите
за производи кои не штетат на животната средина, компанијата може да го привлече
интересот на потрошувачите за еко-прашања и поттикнување на конкретна
побарувачката за одреден тип на производи. Исто така, се зголемува корпоративниот
имиџ со користење на етикети на животната средина како алатка за демонстрација

16
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

на корпоративната општествена одговорност на компанијата спрема корисниците,


јавноста, партнерите и регулаторите. Зелените брендови ќе им се допаднат на оние
кои преферираат „да биде зелено“ и со тоа ќе си обезбедат конкурентска предност и
зголемена свест и кај потрошувачите на мало и B2B клиентите.
Постојат два начина на поставување доброволно еко-етикирање (voluntary
ecolabel):
- Самопрогласена ознака на животната средина (self-declared environmental
label) се смета дека е изјава на етикета или симбол кој го привлекува вниманието на
одреден сегмент на активности на компанија, производи или услуги, кои позитивно
ќе влијаат на околината. Ознаката може да се појави на производот или на самата
амбалажа или во кој било поврзан маркетинг материјал. Декларациите може да се
издадени од кое било здружение што може да има корист од таквата изјава-
производители, увозници, дистрибутери и трговци на мало. Параметрите со кои се
опишува производот и неговото влијание на околината се избрани од самата
компанија.
- Користење на постоечките системи за еко-етикирање (ecolabeling), како
што се Mobius Loop, Green Dot, Fairtrade, Marine Stewardship Council, и слично. На
овој начин може да се заштеди и време и трошоци потребни за креирање на нова
еко-етикета. Друга предност е во тоа што таквите шеми, се извршуваат на
непрофитна база, бидејќи се смета повеќе на довербата отколку комерцијалниот
интерес. GreenDot (Der Grüne Punktе) е систем на пакување што укажува на тоа
дека производителот на производот придонесува за трошоците за преработка и
рециклирање, со тоа што користи амбалажа направена од разградливи материјали,
која во иднина може да се рециклира. The Fairtrade mark претставува гаранција дека
произведувачите на храната и пијалаци од земјите во развој би требало да добијат
фер цена која ќе може да ги покрие трошоците, кои се резултат на користењето еко-
материјали. Исто така укажува и на некои премии, како придонеси за
производителите кои инвестирале во обезбедување на чиста вода, здравство,
животна средина и образование за нивните заедници.
Исто така, постојат голем број на “мали“ зелени активности кои сèе уште
можат да придонесат за позеленување на бизнисот. На пример, некои компании ги
поттикнуваат своите вработени да го користат јавниот транспорт, наместо
сопствените автомобили со цел да се намали загадувањето на воздухот, или да
надополнуваат гориво во автомобилите после 6 часот попладне, кога издувните

17
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

гасови се помалку штетни за околината (Collins, 2008). Други зелени практики


вклучуваат сортирање на отпадот, организирање на семинари за зелени бизниси и
заштита на животната средина, забрани за пушење во канцеларија итн., како и
учество во еколошки акции. Треба да се напомене дека бројот и спецификите на
зелени бизнис активности усвоени од страна на компаниите зависи од способностите
на одреден бизнис да се справи со имплементирањето на таквите активности.
Од анкетирани повеќе од 1300 компании во 2012 година, се покажало дека
зелениот бизнис на стоки и услуги се зголемува побрзо од било кој друг бизнис во
економијата. Анкетираните се изјасниле дека колку е позелен производот, толку
поверојатно е да се продаде. Зголемувањето на побарувачката на потрошувачите за
зелени производи им овозможува на многу мали и средни претпријатија кои нудат
органски, природни или зелени производи поголема конкурентна предност.
Конкуренцијата во зелените бизниси е движечки фактор на економијата и будење на
зелената индустрија.
 Според „"големата зелена можност“", со отворањето на голем број можности
за премин на бизнисите кон обновливи извори, користењето на обновливата енергија
се зголемил за 456%, пазарот на органска храна се зголеми за 238%, и бројот на
зелените сертификати се зголемил за 180% од 2002 година. Иако станбениот пазар
после рецесијата се намалил за 17%, трендот на енергетски ефикасните згради
продолжил да расте и истиот достигнал раст од 1700%. Бројот на енергетски
ефикасни згради моментално претставува 38% од градежниот пазар и во 2011 година
генерирал приходи од над 54 милијарди долари.
  Малите бизниси ,,зазеленуваат” со купување на енергетски ефикасна опрема,
обезбедување на обука за заштеда на енергија и користење на ефикасно осветлување,
што доведува до намалување на трошење енергија и висок поврат на инвестициите.
Се поголем број на фирми и претпријатија почнуваат да имплементираат енергетски
методи за штедење и системи за производство на обновлива енергија. Ваквиот тренд
се очекува да стане индустриска норма. Побарувачката на одржлива енергија
постојано расте и малите и средни претпријатија треба да ја искористат пред тоа да
стане практика на големите корпорации и на тој начин да станат конкурентни (Mayer
и Velten, 2010).
Владатае, исто така, игра важна улога. Препознавајќи го ефектот од
човечките активности врз животната средина и однесувањето под притисок од
поддржувачите (гласачите) и разни невладини организации (NGO), владите

18
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

(локални, национални и глобални) поставуваат регулативи за функционирањето на


бизнисите, кои имаат за цел да го ограничат штетното, а да го промовираат
пријателското бизнис однесување кон животната средина. Примери за такви закони
и политики се оданочување на животната средина, зелена јавна набавка, интегрирана
производ политика, еко-етикетирање и еко-ревизија. Зелената јавна набавка бара од
претпријатијата да исполнат одредени стандарди за животната средина (на пример
ISO 14000), со цел да можат да работат за и со владата. На ниво на
ЕУ,спецификација на зелените набавки се изработуваат за следниве групи на
производи и услуги: градежништво, транспорт, копирање и графичка хартија,
чистење на производи и услуги, канцелариска опрема, мебел, електрична енергија,
храна и угостителски услуги, текстил и градинарство (Buono, 2011). Интегрирана
политика на производ е еден сеопфатен инструмент за минимизирање на
деградацијата на животната средина што произлегува од употреба, располагање или
производство на производи. Листата на алатки вклучува некои забранети супстанци,
регулативи за дизајн на производи, означување на животната средина (на пример,
Ecolabel на ЕУ, официјална ознака на ЕУ се доделува на производи со намалено
негативно влијание врз животната средина преку целиот живот циклус). Други
примери на владината програма за надзор е еко-етикетирање на енергијата е ЕУ-
етикета, каде сите европски производители треба да ги информираат потрошувачите
за енергетската ефикасност (означени од А до G) на апарати за домаќинство, LEED
(лидерство во енергетски и еколошки дизајн) зелени градежни сертификати во САД
за еколошки одговорни конструкции кои ефикасно користат енергија, водата и
други материјали и обезбедуваат квалитет на животната средина. Исто така, постојат
и задолжителни барања за означување на храна, пијалаоци и фармацевтски сектор.
Алатките за еко-ревизија се наменети за објективно и систематско оценување,
известување и придобивање на животната средина од компаниите (на пример, ЕУ
еко-управување и ревизија - EMAS7), (Avagyan, et al, 2011).

3. Енергијата, клуч за конкурентската предност

Во поголемиот дел од глобалната економија, енергијата стана еден од


стратегиските фактори за донесување на деловни одлуки. Претпријатијата, како
впрочем и потрошувачите, сè повеќе размислуваат за енергетска ефикасност на

19
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

производите и услугите кои што ги купуваат и употребуваат во нивното секојдневие.


Во индустриското производство, компаниите се составен дел од процесот на потрага
по енергетско ефикасни решенија. Во самата енергетска индустрија, побарувачката
за иновативни климатско - пријателски технологии за производство на топлинска и
електрична енергија исто така расте. Сите овие случувања се резултат на бројни
економско - политички фактори и факти.
За зголемениот интерес во голема мера придонесува долгорочното
осиромашување на фосилните горива и одлуките на јавната политика за намалување
на емисиите на стакленичките гасови. На тој начин, енергијата стана клучен фактор
за стекнување конкурентска предност.
Со оглед на фактот дека енергијата станува сè позначаен и критичен фактор
за конкурентски успех на глобално ниво, таа нуди посебни можности и за бизнисите
во Република Македонија. Додека прашањето за одржливоста на енергијата се
разликува на различните географски точки во целиот свет, при што постои плодна
дискусија и активна имплементација, прашањата за енергетската ефикасност и
обновливите извори на енергија во Република Македонија сè уште се во почетна
фаза на зародиш. Од друга страна, не треба да се пренебрегне фактот дека
Република Македонија е една од земјите во Европа со најдобри можности за
искористување на обновливите извори на енергија. Ова особено се однесува на
сончевата енергија, која што понатаму овозможува и обезбедува значителен
потенцијал за стекнување конкурентски предности на локалните и глобалните
пазари.
Што се однесува надо светски најразвиените економии, излезот од кризата и
желбата за економски раст го гледаат токму во стимулирањето на зелените бизниси.
Преминувањето кон нискојаглеродна економија, искористувањето на обновливите
извори на енергија и развивањето енергетски практики, се најмногу заслужни за
силната економската активност на многу високоразвиени земји во светот.
Низ целиот свет, сèе повеќе и повеќе компании се обидуваат да ја зголемат
ефикасноста на користењето на енергија. Потенцијалот за подобрување е огромен, а
се поголема е и побарувачката за енергија од обновливи извори. Како резултат на тоа
многу индустрии се во фаза на интензивно пренасочување која им дава големи
можности на компаниите успешно да се прилагодат на новите услови. Компаниите
покрај тоа што се соочуваат со ризици, исто така добиваат и нов простор за акција.
Токму сега е времето претпријатијата да се фокусираат на енергијата, како клучен

20
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

фактор за постигнување на конкурентска предност и раст. Енергетската ефикасност


веќе игра клучна улога на глобалните пазари и носи годишен приход од 36.500
милијарди евра, од кои само 2.380 милијарди евра во Германија. Просперитетот и
развојот на компаниите и воопшто просперитетот и развојот на светските економии
сèе повеќе зависат од ефикасното користење на енергијата (McKinsey, 2009).
Многу маркетинг стратези ја забележале конкурентската предност што може
да биде создадена од можноста да одговорат на проблемите кои се однесуваат на
животната средина (International Business Research, 2014). Ова покажува зголемено
признавање на компании кои градат позитивни односи со клиенти кои се грижат за
зачувување на животната средина (Crane, 2000). Фирмите ја препознале можноста,
која се појавила како резултат на користењето на „зелениот маркетинг“ за
истовремено намалување на трошоците, задоволување на потребите на нивните
клиенти, зголемување на бројот на клиенти и можност за раст на нивниот бизнис.
Тоа стана мода за компаниите да се наметнат како зелени, за да се идентификуваат
со клиентите. Зелениот маркетинг всушност претставува промена на стратегијата во
парадигмата на многу деловни фирми, бидејќи тие промени ги доближуваат
бизнисите до клиентите. Компаниите користат зелени маркетинг стратегии за да ги
надминат ривалите во индустријата и да се здобијат со конкурентска предност
(Ottman, 1998).

4. Зелените бизнис стратегии, како извор на конкурентска предност

Фирмите кои проактивно ги извршуваат зелените стратегии, се покажува дека


имаат поголема корист на многу начини, не само во смила на остварување на
профит. Една зелена стратегија претставува придобивка и за животната средина и за
подобрување на долгорочната профитабилност на фирмата. Придобивките се
класифицираат во четири категории, прикажани на слика 2.
- Можности од пазарите во развој: Истражувањата покажале дека постои
растечката класа на потрошувачи кои се грижат за тоа како е направен производот
што го купуваат и како се одвива кружниот процес на производство. Истражувањето
на Grail Researchал ( 2009) покажувло дека 85% од жителите на САД купуваат
зелени производи од кои, 8% избираат да купат зелени производи во мнозинството
од нивните купувања. 58% рециклираат, 29% купуваат редовно еколошки

21
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

производи, а 18% позитивно се движат кон зачувување на животната средина


(Gallup, 2011).
Дури и во B2B пазари, директорите го иницираат и следат одржливиот развој
на меѓусебната соработка ( PwC,2012). За малите и средните претпријатија ова
помага за отворање на нови врати на пазарни сегменти со помалку интензивна
конкуренција.
Слика 2. Конкурентски предности од ,,зелени“”стратегии

Можности од
пазарите во развој

Предност за
ЗЕЛЕНИ ,,првина пазарот
СТРАТЕГИИ
Управување со
трошоците и
ризиците

Грижа за
животната средина

Извор: Nulkar, G., (2014). SMEs and Environmental Performance - A Framework for Green
Business Strategies. Procedia-Social and Behavioral Sciences, 133, pp.130-140.

- Предност за ,,први на пазарот“”:,,Први на пазарот” најчесто профитираат


од намалување на трошоците. Поради зелени практики, нивните трошоци се пониски
од другите. ,,Први на пазарот“ ”исто така може да ги предизвикаат постојаните
стандарди и да влијаат на индустријата, на тој начин што конкуренцијата е
принудена да се прилагодува на нивните стандарди, како и корисниците на
производите и услугите.
- Управување со трошоците и ризиците: Намалување на материјалните
трошоци и генерирање помалку отпад е еден од најприменуваните начини на кои
фирмите остваруваат корист од своите бизнис практики поврзани со заштитата на
животната средина. Построгите норми и прифаќањето на иновативни практики во

22
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

индустријата, води до намалување на трошоците. Бидејќи ризиците за животната


средина се сèсе поголема закана за многу индустрии, многу фирми се определуваат
за примена на практики во коиј превенцијата е подобра од лекот.
- Грижа за животната средина: Општествените очекувања во врска со
корпоративното однесување се менуваат. Фирми кои ја злоупотребуваат животната
средина можат да поттикнат гнев кај локалната заедница. Притоа, јавниот притисок
може да ја попречи работата на фирмата, како што беше случајот на Југохром во
Македонија. Од друга страна, фирми кои позитивно влијаат на животната средина,
сèе повеќе се прифатени од јавноста (Gallup, 2011; Grail, 2009).
На кои прашања мора да одговорат зелените бизнис стратегии за да се
здобијат со конкурентска предност? За да станат зелените бизнис стратегии
конкурентни, тие мораат целите на сите нивоа во претпријатието да ги насочат во
корист на животната средина. Стратегискиот план мора да биде прилагоден и да
одговара на факторите на конкурентниот, прикажани на слика 3.

Слика 3. Зелени стратегии и фактори на конкурентност

Промена во
индустријата

Ризици за Нови
животнатасре зелени
дина технологии

Клиенти Јавна свест

Животна Притисоци
средина
ЗЕЛЕНИ СТРАТЕГИИ
Регулатива Етички
мотив

Извор: Nulkar, G., (2014). SMEs and Environmental Performance–A Framework for Green
Business Strategies. Procedia-Social and Behavioral Sciences, 133, pp.130-140.

23
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Бидејќи одржливоста сèе повеќе добива централно значење во бизнисот,


покрај сите притосоци, регулативи, нови технологии и клиенти, важено е
претпријатијата да развијат зелени стратегии со барем пет јасно дефинирани
приоритети (McKinsey,2014).

5. Ефектот од зелениот интелектуален капитал на пазарот за


конкурентска предност

Во денешно време на хипер конкурентска средина, интелектуалниот капитал


игра важна улога во одржување на конкурентската предност. Литературата за
управување со интелектуалниот капитал почна да добива импулс во последните две
децении. Интелектуалните ресурси како што се патенти, трговски тајни, човечкиот
капитал, како и организациската стриктура се сметаат за важен придонес на
ефикасноста на бизнисот и економската раст. Интелектуалниот капитал е еден од
организациските способности кои имаат позитивно влијание врз конкурентската
предност (Amiri et al., 2010). Под влијание на иновациите и учењето на
архитектурата на конкурентската предност во организациите, зголеменото
очекување на клиентите, брзиот технолошки развој и непредвидливото однесување
на потрошувачите, организациите треба да создадат иновативни способности за да се
здобијат со конкурентска предност и за да се добие конкурентна предност
(Choudhury, 2010). Barney (1991) тврди дека организацијата која ги поседува и
експлоатира ресурсите и способностите кои се ретки и вредни, ќе биде во подобра
конкурентска позиција и перформанси. Ресурсите претставуваат материјалните
средства, како што се објекти и процесот на технологија, или нематеријални
средства, како што се патенти, бренд, име, углед и трговски тајни (Hall, 2005),
додека способноста се однесува на способноста на фирмата да ги распореди и
реконструира овие средства за подобрување на продуктивноста и постигнување
стратегиски цели (Makadok, 2001).
Што се однесува надо зелениот интелектуален капитал, разбирливо е дека
фирмите треба да одговорат што повеќе на строгите пазарни барања и прописи
базирани на животната средина, и сèе повеќе и повеќе да се вклучат во промовирање
на доброволно проактивен пристап за заштита на животната средина. Зелениот

24
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

интелектуален капитал треба да одговори на новата зелена економија, истакнувајќи


се со нови зелени технологии, производи и практики кои ќе придонесат за
конкурентска предностAvagyan, et al, (2011).
Денес темата зелен интелектуален капитал, вклучува не само свест за
еколошките прашања, туку и се залга за социјална и економска благосостојба на
организацијата и вработените на една поширока перспектива.

Различни автори дале различни дефиници, но сепак терминот „зелен


интелектуален капитал“, означува употреба на политиките за управување со
човечки ресурси за да се промовира одржливо користење на ресурсите во рамките на
организацијата и поопшто да се промовираат причините за одржливост на
животната средина (Marhatta и Adhikari,2013).
Се забележува дека свеста за одржливост во рамките на бизнис заедниците
сèе повеќе ќе добива на значење и сèе повеќе ќе се применуваат зелени техники на
управување. Денес зеленото управување со човечки ресурси (GHRM), стана клучна
бизнис стратегија, а прашањето за одржливост брзо се придвижува на листата на
приоритети на лидерите на корпоративниот свет (Wirtenberg et al., 2007).
Одделот за човечки ресурси на една компанија игра значајна улога во
создавањето култура на одржливост во рамките на компанијата (Harmon et al.,2010).
Организациите треба да ги обучуваат своите вработени за најдобрите деловни
практики опфатени со зелени иницијативи. Покрај тоа, обуките за одржливост на
вработените и образованието, треба да ги едуцираат и потрошувачите за
предностите од пријателско однесување кон околината и предностите од купување
на зелени производи.
Во контекст на зеленото управување со човечки ресурси (Green HRM),
наградите и компензацијата можат да се претставаат како потенцијални алатки за
поддршка на активностите во претпријатијата во корист на животната средина. Во
согласност на стратешкиот пристап за наградување и управување, современите
организации развиваат системи за наградување и поттикнување на еколошки
иницијативи што ги вложуваат нивните вработени. Ефикасноста на зелените
награди и компензација најдобро била забележана во една студија спроведена од
Berrone and Gomez-Mejia (2009) на 469 американски фирми кои работат во високо-
загадувачките индустрии. Тие откриле дека фирмите што имаат еколошки
перформанси ги платиле своите извршни директори повеќе од неекопријателските

25
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

фирми. Тие исто така заклучиле дека долгорочните резултати на компанијата се


поврзани со поголем успех во спречување на загадувањето. Спротивно на тоа,
литературата укажува дека стимулациите ги поттикнуваат менаџерите да користат
сметководствени и други работи за да постигнат краткорочни резултати и да се
збогатат (Benz и Frey, 2007; Denis et al., 2006).

ГЛАВА II ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ И КОНКУРЕНТСКАТА


ПРЕДНОСТ КЕРИРАНА СО ЕНЕРГЕТСКА
ЕФИКАСНОСТ

1. Карактерот на енергетската ефикасност

За поимот „енергетска ефикасност“ постојат различни дефиниции во


литературата од оваа област, како и во различни научни дисциплини. Енергетската
ефикасност е начин на однесување и ја покажува рационалноста на корисниците на
енергија (Energy Efficiency: Saving energy, saving money, 2016). Одбегнувањето на
несоодветната употреба на енергијата или изборот на најсоодветен уред за
намалување на енергетските трошоци помага во намалување на индивидуалната
потрошувачка на енергија, без притоа да се намалат индивидуалните благодаети.
Енергетската ефикасност придонесува за економски и социјални просперитет и е
решение за (Енергетска ефикасност и ЕУ, 2010):
 Заштеда на енергија
 Намалување на трошоците
 Поголема конкурентност
 Вработување
 Подобрување на енергетската сигурност
 Намалување на загадувањето
 Позитивно влијание врз животната средина и постигнување на
„Лисабонските цели“ на ЕУ

Енергетската ефикасност може да се дефинира како однос на корисни излези


и енергетски влезови на системот. Системот може да биде поединечен уред за

26
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

претворање на енергија (на пример котел), зграда, индустриски процес, сектор или
цела економија. Во сите случаи мерката за енергетска ефикасност ќе зависи од
мерењето на искористените влезови и излези во системот (Patterson, 1996).
Опциите вклучуваат:
 Термодинамички мерки: каде што резултатите се дефинирани во однос на
топлина или на способноста за вршење општокорисна работа;
 Физички мерки: каде што резултатите се претставени во физички
величини како, на пример, колку километри можае да помине возилото;
или
 Економски мерки: каде излезите (а понекогаш и влезовите) се дефинирани
во економска смисла, како што се додадена вредност или БДП.

Обезбедувањето на чист, одржлив и сигурен извор на енергија е еден од


најголемите предизвици кои ја очекуваат Европа во 21 век. Енергијата која
моментално се користи, во главноглавно, доаѓа од традиционалните извори како
јаглен, нафта и природен гас кои не се обновливи, кои се штетни за околината и
наскоро може целосно да се потрошат.
Моделот на Енергетската тТријада развиен од страна на универзитетот Delft
University of Technology, може да се искористи како прирачник за енергетска
ефикасност во градежниот сектор (Eurima, 2011).
Енергетската тТријада точно покажува дека заштедата на енергија е првиот
чекор што мора да се направи за да се заштити животната средина. Само во случај
кога еден објект ќе се изгради така што истиот ќе користи многу малку енергија и
загубите на енергија ќе бидат сведени на минимум, дури потоа можеме да го свртиме
нашето внимание на обновливите извори на енергија како соларните панели,
геотермалните пумпи и слично.
Најпрво треба да се ограничи потрошувачката на енергија, а преостанатата
побарувачка на енергија да се обезбеди со користење на обновливите извори.
Користењето на традиционалните извори на енергија треба да е дозволено само во
случај кога не е можно да се обезбеди потребната енергија со користење на
обновливите извори.
Цената на фосилните горива постојано се зголемува, а со тоа се зголемува и
цената на енергијата произведена од истите. Количините на фосилните горива се
намалуваат, а производството на енергија од обновливи извори сèе уште е развиена

27
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

на посакуваното ниво, затоа штедењето и намалувањето на користењето на


енергијата е еден од најбрзите и најефикасните начини да се намали глобалното
затоплување.
Изолациите се најбрзиот и најефикасниот начин да се намали потрошувачката
на енергија и да се зголеми комфорот во објектите. Време е Европа да стане пример
за енергетска ефикасност кај комерцијалните, станбените и јавните објекти, а тоа
најбрзо и најлесно може да се постигне со користење на изолации (Eurima 2011).

Слика 1. Стратегија на ЕУ “Енергетска триада“

Извор: European Manufacturers Association (2011), Trias Energetica: the smart approach to
climate neutrality, достапно на: http://www.eurima.org/energy-efficiency-in-buildings/trias-
energetica

Енергијата секојдневно се користи за најразлични намени, за греење, ладење,


осветлување и сл. Модерното живеење речиси и не може да се замисли без
електрична и топлинска енергија. Таа им служи на луѓето за извршување на нивните
секојдневни потреби како во домаќинствата така и во индустријата и во сите други
сегменти на општеството. Нерационалната употреба на енергија довело до
енергетска криза во 1973 година. Оттогаш па натаму започнало да се води повеќе

28
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

грижа за употребата на електричната и топлинската енергија, но за жал со трендот на


неефикасно искористување на енергијата, а особено на класичните извори на
енергија се задржал до ден- денес. Сепак, има значително подобрување во начинот
на размислување на луѓето во поглед на енергетската ефикасност, особено во
поразвиените земји. Оттогаш па наваму се води сѐ повеќе сметка за материјалите кои
се користат за изградба, за изолацијата, како и системите за греење и ладење и
нивната потрошувачка на енергија. Стратегии за подобрување на енергетската
ефикасност водат во насока да се намалат трошоците за енергија, да се подобрат
технологиите на апаратите кои користат енергија, да се подобрат методите за
мерење, со што би се постигнал и поголем комфорот во објектите и би се подобрил
квалитетот на животната средина (McKinsey, 2009).
Поради примената на различни облици на енергетската ефикасност, и самата
индустрија за енергетска ефикасност се развила во широк спектар на актери во
различни производствени и услужни сектори. Синџирот на вредност се протега од
производство на градежни и материјали за изолација, врати и прозорци, системи за
производство на енергетски ефикасна електрична енергија, енергетски ефикасни
апарати за домаќинство, технологија на производство и енергетски ефикасна
контрола, регулирање и монтажа на паметни концепти за мерење по
стандардизирани мерки.
Категоризацијата на субјектите во секторот за енергетска ефикасност може да
се разликуваат во зависност од степенот на енергетската ефикасност на производите
и услугите и можат да се декларираат во категории од A до C (слика 2).

Слика 2. Категоризација на субјектите во секторот за енергетска ефикасност


Категорија А: Категорија B: Категорија C:
Целосно енергетски ефикасни Претежно енергетски Делумно енергетски
ефикасни ефикасни
Производи: Производи: Производи:
*Изолација/стиропор/стак.волна *Светилки *Апарати за домаќинство
*Прозорци/Врати *Плински греалки *Информатичка технологија
*Комбинирано производство (на *Грејни тела *Системи за пумпање
топлинска и електрична енергија) *Вентилација *Контрола
*Градежни материјали *Фрижидери
Услуги / Трговија *Пневматиски компресори

*Концепти за енергија Услуги / Трговија

29
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

*Договори, Тестови/Сертификати *Снабдување енергија Услуги / Трговија


*Тестови за вентилација на врати *Дизајн/надзор на *Електрична трговија
*Планирање на комбинирана градежните работи *Трговија за градежни
топлинска и електрична централа *Паметни системи за материјали
(BHKW) мерење *Трговија на мало
*Информативни кампањи
*Семинари

Извор : Interdisciplinary Center for Scientific Computing (IWR), Report 2009–2014

2. Зголемена енергетска ефикасност, намалување на трошоците и


управување со ресурсите

Во однос на високите трошоци за енергија во бизнисот,експертите сметаат


дека тоа не треба да биде така, и велат дека добриот претприемач со намалување на
потрошувачката, заштедува пари. Значи за да се ориентираме кон заштеда на
енергија, значи да се фокусираме на цели и активности кои одговараат на
прашањето, кога и како да се справиме со енергијата. Економските активности
секогаш трошат одредена енергија, која може да се избегне. Мерките како што се
замена на средствата за осветлување со LED диоди кои обезбедуваат ефикасност и
трајност, исклучување на уредите кога не се употребуваат, користење на соларна
енергија, како и доброто затвоарање на прозорци и врати или соодветна изолација,
придонесуваат за заштеда на енергијата, особено кога сите членови на тимот се
свесни дека секоја акција од секој оддел има влијание. Ова се само првите чекори за
намалување на потрошувачката и трошоците.
Со секоја заштеда на енергија во бизнисот, се заштедуваат и пари. Трошоците
за електрична енергија играат улога во крајните финансиски резултати на еден
бизнис, што значи колку повеќе бизнисите заштедуваат енергија, толку повеќе
профитабилни можат да бидат.
Трошоците на електричната енергија за осветлување во комерцијални
простории е до 50%, додека пак трошоците за енергија во објекти за трговија на
големо и мало се дури до 70% од потрошувачката на енергија. Исто така, во
административни згради се користи за осветлување до 45% од потрошувачката за
енергија. Затоа, модерното, енергетско осветлување носи огромен потенцијал за
заштеда. Покрај употребата на модерната и ефикасна опрема за осветлување,

30
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

корисно е да се направи и пресметка на системот за осветлување од страна на


стручни лица во оваа област, што значи непотребните светла може да се исклучат од
употреба, а употребата на автоматско регулирање на светлата во зависност од
светлината во просториите би била уште една корисна превенција за заштеда на
енергија.
Предлог решенијата за енергетска ефикасност имаат за цел да ги
идентификуваат можностите и да ги трансформираат во форма на проекти достапни
за во иднина. Тие служат како поддршка во планирање и при донесување одлуки. Во
секоја компанија треба да се знае колку енергија се користи во форма на електрична
енергија, топлина и ладење. Прв показател на годишниот извештај на едно
претпријатие се потрошувачката и трошоците, а потоа и енергетските контроли.
Еден концепт за енергијата не само што обезбедува вредности за енергетиката, туку
исто така ги зема во предвидпревид и прашањата за ефикасност, пласман на
активности со приоритет и можни опции за финансирање. Во продолжение
следуваат неколку дефинирања на Benchmarking методата (слика 3), само како
потсетување дека и оваа метода може да биде корисна при планирање на енергијата
во претпријатието.

Слика 3.Benchmarking

Внатрешен Конкурентски Функционален Општи


Benchmarking
Benchmarking Benchmarking Benchmarking Benchmarking

Споредба на Споредба на Споредба на Споредба на


перформансите производните одредени бизнис одредени бизнис
на сите посебни процеси помеѓу практики помеѓу практики со
оддели во една различни два или повеќе практиките на
организација производи бизниси лидерите во тој
– Camp (1989) – Watson (1993) - Watson (1993) сектор
-Zairi (1992)

Извор: Kyrö, P., (2003). „Revising The Concept and Forms of Benchmarking. Benchmarking“,An
International Journal, 10(3), pp.210-225.

Benchmarking или мерење на одредени бизнис практики, стратегии,


производи и правила во организацијата и нивна споредба со стандардите, нормите и
бизниси од сличен карактер.

31
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Целта на поставувањето репери е (1) да се види кои процеси можат да се


подобрат, (2) да се види како другите бизниси постигнуваат високи перформанси и
(3) да се искористат овие информации за да се подобрат перформансите на
сопствениот бизнис (Forker и Mendez, 2001).
Во голем дел од индустриите, голем дел од вкупните трошоци за работа
отпаѓа на енергија. На глобално ниво, хемиската индустрија, индустријата за
производство за цемент, рударството, како и металната индустрија трошат повеќе од
една третина од нивниот производствен буџет за енергија. Овие бројки обично се
доста повисоки во не толку развиените региони каде што работната рака е доста
поевтина.

График 1: Бизниси со големи трошоците за енергија

Извор:Choudhry, Harsh, Lauritzen, Mads, Somers, Ken, and Van Niel, Joris (2015), Technologies
that could transform how industries use energy, досптано на:http://www.mckinsey.com/business-
functions/operations/

Ова истражување покажало дека подобрувањата во начинот на работење


можат да ја намалат потрошувачката на енергија од 10 до 20%, а инвестирањето во
енергетски ефикасни системи и технологии може да ги зголеми овие бројки и над
50%. На пример, контролата на енергија во простории каде што се произведуваат
одредени производи може да ја намали потрошувачката на енергија од 50% на
помалку од 15%, особено во индустрии како производство на цемент, челик и

32
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

слично. Има доста примери каде вакви компании инвестирале во енергетски


ефикасните системи, кои значително ги намалиле нивните трошоци и истите
компании си ја вратиле почетната инвестиција за помалку од три години.

Слика 4: Подобрување во производствените процеси кои довеле до заштеда на


енргија во граници од 10% до 20%

Извор:Choudhry, Harsh, Lauritzen, Mads, Somers, Ken, and Van Niel, Joris (2015), Technologies
that could transform how industries use energy, досптано на: http://www.mckinsey.com/business-
functions/operations/

33
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Доколку знаеме дека енергијата која се троши за компаниите е околу 50% од


вкупната потрошувачка на енергија, тогаш можеме да заклучиме кои би биле
добивките на глобално ниво од имплементирањето на ваквите системи во
компаниите, не само за финансиска заштеда туку и за влијанието врз околината. Ова
не е невозможен предизвик за компаниите. Воведувањето на ваквите системи во
компаниите значително ќе ја намали потрошувачката на енергија и ќе направи
финансиска заштеда од над $600 милијарди долари.

3. Енергетски ефикасно осветлување

Голем дел од вкупната потрошувачката на електрична енергија се користи за


осветлување. Со цел да се заштеди повеќе електрична енергија, голем дел од
производителите на системи за осветлување и различни видови на светилки,
обрнуваат сèе поголемо внимание на нивната економичност. Кога станува збор за
енергетска ефикасност, енергетски ефикасното осветлување е еден од секторите каде
речиси секоја нова генерација на светилки е сèе подобра во поглед на енергетската
ефикасност од претходната генерација. Според организација LECO (Low energy
commercial buildings) заклучно со 2010 година, просечната потрошувачка на енергија
за осветлување кај комерцијалните објекти во Норвешка изнесува 47kWh/m2, а
вкупната потрошувачка на енергија е над 300kWh/m2 (Wigenstad и Grini, 2010).
Меѓутоа енергетски ефикасните светилки не се единствениот начин да се заштеди
енергија за осветлување. Енергетски ефикасните системи за осветлување, времето во
кое се користат системите за осветлување, планското искористување на дневната
светлина, начини за лесно и економично одржување на системите за осветлување,
како и позицијата на светилките во просториите се дел од методите за заштеда и
зголемена енергетска ефикасност кај објектите за индивидуално домување како и кај
индустриските објекти (Halonen et al, 2010). Според IEA - Guidebook on Energy
Efficient Lightning, со примената на горенаведените методи, кај градежните објекти
може да се очекува намалување на потрошувачката на енергија од 50% па дури и до
90%. Но и покрај заштедата на енергија системите за осветлување мора да бидат
дизајнирани така што освен што ќе бидат енергетски ефикасни, истите ќе ги
задоволат во целост и потребите на нивните корисници.

34
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

1. Енергетски ефикасни светилки


Постојат повеќе различни видовитипови на светилки и тоа: GLS, Tungsten
halogen, Mercury vapour, CFL, Fluorescent lamp, Induction lamp, Metal halide, High
pressure sodium (standard) lights, High pressure sodium (colour improved), LEDs.
Класификацијата на некоја од претходно наведените типови на светилки како
енергетски eфикасна може да се изврши само доколку точно се знае каде, како и во
какви услови истата ќе се користи, колку е потребното ниво на осветлување, колку е
животниот век на осветлување, достапноста на локацијата и слично. На пример,
доколку местоположбата на светилката е на тешко достапна локација и цената на
промена на истата е доста висока, често пати е енергетски поефикасно да се користи
светилка со долг век на траење отколку да се користи поштедлива светилка со
пократок рок на траење. Сите овие карактеристики најдобро може да се видат од
следната табела:
Табела 1. Видови на енертетски ефикасни светилки

35
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Извор: „Energy Efficiency in Domestic Applances and Lighting“ (2009), Proceedings of the 5th
International Conference EEDAL'09, 16-18 June, Berlin, Germany.

Иако енергетски ефикасните светилки се само еден од бројните чекори до


енергетски ефикасно осветлување, истите имаат потенцијал за заштеда на енергија
од 15% до 33% во однос на класичните светилки, што на долгорочен план, кај
големите потрошувачи на енергија за осветлување може да значи и големи
финансиски заштеди.

2. Користење на светилките во зависност од тоа дали се користи


просторијата во моментот
Вториот чекор до енергетски ефикасно осветлување е распоредот на
користење на светилките. Овој чекор подразбира заштеда на енергија во простории
кои повремено се користат, на пирмеер, ходници во станбени згради. Во ваквите
простории нема потреба осветлувањето да се користи цело време. Најдобар начин да
се спроведе овој чекор е со користење на светла кои се палат со помош на сензор и
кои се гаснат за одреден период после нивното пуштање. Заштедата со помош на
ваквите системи изнесува најмалку 40% помалку потрошена енергија.

3. Искористување на дневната светлина


Третиот чекор до енергетски ефикасно осветлување е искористувањето на
дневната светлина. Искористувањето на дневната светлина е најекономичен начин
на осветлување и истото не е штетно за околината. Можноста за искористување на
овој видтип на осветлување зависи од повеќе фактори како локацијата на објектот,
географската положба на објектот, положбата на прозорците и слично. Со
искористување на дневната светлина, на пример прилагодување на работното време
во период од денот со највисока природна светлина може да доведе до заштеди за
осветлување од 30% до 100%.

4. Распоред на светилките во зависност од фукнцијата на просториите


За поголеми енергетски заштеди, распоредот и јачината на светилките може
да се прилагоди во зависност од намената на просторијата. Некои простории, на
пример канцелариите имаат потреба од појако осветлување, додека во останатите

36
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

простории може да се применат послаби светилки. Ваквиот распоред на светилките


може да доведе до заштеди на енергија од околу 25%.

5. Посветли бои на ентериерот


Со користење на посветли бои на ентериерот (ѕидовите, подот, таванот,
мебелот и сл.) потребата за користење на осветлување се намалува, а очекуваните
заштеди се движат во граници од околу 25%.
Со примена на повеќе од еден од овие чекори заштедите на енергија можат
значително да се зголемат. Очекуваните заштеди од користење на повеќе од
претходно наведените мерки можат да бидат и повеќе од 50% од вкупната
потрошувачка на енергија за осветлување.
Во последните години потребата на енргијата за осветлување се зголемила,
како во домаќинствата така и во бизнисите, како резултат на изградбата на поголеми
домови, инсталција на повеќе светлина дома и на работните места. Осветлувањето
почнало да троши помеѓу 8 и 15 проценти од просечната потрошувачка на
електрична енергија во домаќинствата. Количината на енергија за светлина може да
се намали и 50% со користење на паметени избори на осветлување и повеќе
ефикасни технологии. На пример во Австралија традиционалните и неефикасни
светилки се исклучиле од употреба. Постојат на располагање и други поефикасни
видови на осветлување, вклучувајќи светлечки диоди (LED) и компактни
флуоресцентни светилки (CFLs). Сончевата светлина е најчист и најевтин начин на
осветлување во текот на денот. Користењето пасивно осветлување не користи
електрична енергија и е одличен начин да се намалат емисиите на јаглерод. За
претпријатијата кои се во изградба или при реновирање, одлична можност се добро
дизајнираните прозорци, кои ќе донесат повеќе сончева светлина во работните
простории. Соодветно дизајнираните дополнувања, како прозорци и светларници ќе
ја намалат потребата за други форми на осветлување. Се разбира осветлувањето ќе
зависи и од дизајнот на канцеларијата, одосно работните простории на
претпријатието и активностите кои ќе се извршуваат во истите. Бидејќи не секаде е
потребна истата светлина, потребно е да се направи проценка колку светлина во
секој дел од претпријатието одделно е потребно, а според тоа и да се разгледаа кој
тип на осветлување каде би одговарал. Бојата на ѕидовите исто така придонесува за
потребната светлина на просториите, како и сликарството во светли бои, особено во

37
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

просториите на југ кои ќе одразат повеќе светлина, а тоа ќе придонесе да се намали


потребата за вештачко осветлување Holt и Harrington (2003).

4. Енергетска ефикасност преку загревање и разладување

Трошоците за енергија како загревање, ладење и климатизација се


највисоките трошоци во одржување на домовите, како и бизнисите. Затоа при
изградба и реновирање на постоечки куќи, станбени згради, деловни објекти и сл.,
треба внимателно да се посветии на изборот на градежните материјали и
топлинската изолација. Топлинската изолација ја намалува загубата на топлина во
зимскиот период, а во летниот период не дозволува надворешната топлина да
навлезе во внатрешноста на објектите.
Добро изолираниот дом има топлинска изолација на:
 Темелните плочи, подрумските ѕидови
 Подовите
 Фасадните ѕидови
 Таваниците
 Армирано-бетонска конструкција
 Покривната конструкција
 Фасадните отвори (прозорци, врати)
 Водоводните цевки и цевките од системот за греење и климатизација

38
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Слика 5. Просечни загуби на топлина на еден објект

Извор: „Инфотека, организацијана потрошувачите на Македонија“ (2002), Инфотека,


енергетска ефикасност достапно на (http://opm.org.mk/

На слика 5 се прикажани просечните загуби на топлината на еден објект


изразени во проценти. Се забележува дека изолацијата на сите сегменти на објиектот
се од голема важност за зачувување на топлината.
Добро изолираниот објект, со соодветна вентилација, покрај топлинската
изолација го спречува појавувањето на влага и одбезбедува комфор со рамномерен
распоред на температурата во внатрешниот воздух, без провев и студенило.
Топлинска изолација е намалување на топлинскиот пренос меѓу цврси материјали, и
цврсти материјали и флоиди (течни и гасовити). Со топлинската изолација се создава
изолиран регион во кој се намалува спроведувањето на топлина. Суперизолација
означува степен на изолираност на конструкцијата, со мали вредности на U, во
интервал од 0,1- 0,15 W(m2K). Само со вакви ниски вредности на U може да се
намалат грејните потреби за топлина во нивото околу 15kWh/m2.

39
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Системите за ладење и греење во објектите се вбројуваат меѓу најголемите


потрошувачи на електрична енергија. Од тие причини, ако имаме систем кој не е
енергетско ефикасно решение, тогаш количината на потрошената електрична
енергија е голема а ефектите мали. Денеска се развиени неколку технологии за
ладење и греење на објекти. Еден таков систем е со користење на воздух-вода
топлински пумпи и системи, додека другиот е со користење на
геотермалнатаенергија со помошна геотермални пумпи. Сепак, бидејќи
температурата на земајата е константна, геотермалната пумпа е енергетски
поефикасна од воздушната топлинска пумпа. Двата системи се енергетско ефикасни
и нивното користење и искористување зависи од неколку околности -дали градите
нов објект или реновирате стар, дали имате можност за правење на бунари во блиска
околина на објектот итн. Од енергетска гледна страна ова е еден од најефикасните
системи за греење и ладење нарезиденцијални и деловни објекти каде заштедата се
проценува околу 3 до 6 пати од денешните конвенционални системи за греење
(Закон за градење, 2012)

5. Градежниот сектор и енергетската ефикасност

Важна алка во синџирот на вредноста од градежната индустрија, претставува


енергетска ефикасност. Енергетски ефикасен објект претставува објект кој за
извршување на иста функција (греење, ладење на објектот или производство на
одредени производи) ќе употреби помала количина на енергија (Комора на ОАИ,
2015). Важно е да се напомене дека кога зборуваме за енергетска ефикасност не
станува збор само за штедење на енергија, затоа што под штедење се подразбира
одрекување од користење на енергијата, а за непречено функционирање на објектот
не смеат да се нарушат потребните услови за работа или живот (Закон за
градење,2012).
Во последните неколку години во Република Македонија значително се
зголемени техничките барања за изградба на енергетско ефикасни објекти. Во
блиска иднина задолжително ќе биде секој објект да поседува и сопствен енергетски
пасош, со што точно би се знаело во која категорија на енергетски ефикасни објекти
припаѓа истиот, односно ќе се воведат критериуми за ефикасно користење на
електричната енергија и топлинската енергија на објектите, така што нема да биде

40
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

доволно само делови од објектот да задоволуваат одредени U-коефициенти, туку


целиот објект ќе мора да биде конструиран така да го задоволи саканиот енергетски
степен.
Намалување на енергетските загуби. Загубите на енергија во објектите се
предизвикани од недоволна примена на изолациони материјали или енергетски
неефикасни системи за греење и ладење, како и од лошо изведени изолации или
употреба на столарија со несоодветни термоизолациони својства. Загубите на
енергија кај објектите може да се намалат на неколку начини
 Изолација на поткровјето (со примена на порозни материјали затоа што
воздухот е лош проводник)
 Двојни прозорци (два или три слоја на стакло помеѓу кои се наога воздух,
или некоја благороден гас како аргон или криптон)
 Изолација на ѕидот (со користење на изолациони материјали како
стаклена, минерална волна или експандиран полистирен)
 Изолации на подот.

Исто така, потрошувачката на енергија може да биде намалена и со


штедење, и тоа:
 Исклучување на електричните апарати доколку нема потреба истите да
работат
 Користење на апарати со мала потрошувачка на енергија и сл.
 Автоматско управување со системите за греење, ладење и вентилација.

Зголемување на енергетските карактеристики кај објектите.Под поимот


зголемување на енергетската ефикасност на објектите се подразбира збир на
активности чија крајна цел е намалување на потрошувачката на сите видови на
енергија во објектот, при што објектот ќе продолжи да фунционира при исти или
подобри услови. Примената на обновливите извори значително придонесува за
зголемување на енергетската ефикасност на објектите и за намалување на емисиите
на штетни гасови (на пр. CO2) што придонесува за заштита на животната средина,
намалување на глобалното затоплување и одржлив развој на земјата (Kane, 2010).
Во поразвиените земји енергетската ефикасност на објектот има значајна
улога при дефинирањето на продажната цена на објектот, затоа што граѓаните се
свесни за благодетите кои ги нудат ваквите објекти особено за минималните

41
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

трошоци за топлинска и електрична енергија која ќе им биде потребна. За жал кај


нас најбитна улога има локацијата и цената на m2 на објектот, при што многу мало
внимание се обрнува на фактори како енергетската ефикасност, квалитетот на
изработка на објектот, неговата старост, потребните интервенции врз објектот и сл.
Цената при градба на енергетски ефикасните објекти најчесто е нешто повисока од
онаа на објектите кај кој не се применети мерки за подобрување на енергетската
ефикасност, меѓутоа оваа инвестиција најчесто се враќа на инвеститорот за доста
краток временски период од неколку години. Кај енергетски неефикасните објекти
почетната заштеда на финансии за многу брзо време ќе се потроши и гледано за
подолг временски период за истиот објект ќе бидат потрошени многу повеќе
финансиски сретства отколку кај оној кој првично бил испроектиран како енергетски
ефикасен објект (МАЦЕФ, 2009).
Еколошкото градежништво или „green building“ подразбира изградба на
објекти преку процес одговорен кон природата. Овој процес опфаќа еколошки
извори, почнувајќи од проектирање, реализација, изведба, материјали, одржување,
реновирање, па сèе до реконструкција на објектот. Овој концепт го дополнува
класичниот видтип на изградба, особено од аспект на економичност,
функционалност, трајност и удобност. Денес се развиваат нови технологии кои ги
подобруваат постоечките методи на градежништво и создаваат архитектура која
добро влијае на човековото здравје и на природата. Целта на одржливото
градежништво е да се намали силниот удар кој се врши врз природата преку
заземање големи површини за изградба, енергетска и хидроконсумација, како и
воздушна и атмосферска алтернација. Ваквото движење започнало поради фактот
дека неконтролираната употреба на природни ресурси ќе стане сериозна закана за
животот во иднина. Иницијативата, воедно, повикува на интегриран и синергетски
дизајн, дизајн кој го поврзува целокупниот животен циклус на објектот со
екологијата.
Експертите алармираат дека во Mакедонија многу малку се градат енергетски
ефикасни објекти. Градежните компании од земјава и од регионот, но и оние кои
произведуваат прозорни системи објаснуваат дека заштедата на енергија е
неопходна во време кога енергијата е се поскапа, а многу малку се искористуваат
расположливите ресурси.
Компаниите и инвеститорите кои проектираат, изведуваат и градат згради,
мора да размислуваат и како тие згради да бидат енергетски ефикасни. Македонија

42
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

мора да ја намали потрошувачката на енергија на годишно ниво за 10%, покажуваат


истражувањата, за да ги задоволи европските стандарди и регулативи. За
затоплување на објектите по квадратен метар Македонија троши четири до пет пати
повеќе од европските земји.Енергијата што се користи за изградба и експлоатација
на објектите вообичаено претставува околу 41 % од годишната примарна
потрошувачка на енергија. Една третина од тоа е наменета за комерцијалните
објекти, а околу две третини се потрошена енергија во станбените објекти. Според
тоа, објектите се најголем загадувач на животната средина, бидејќи поради
најголемата потрошувачка на енергија се и најголем емитер на јаглероден диоксид
во атмосферата. Затоа, примената на енергетски ефикасни објекти значи и поголема
грижа за животната средина. Воспоставувањето на механизам кој ќе доведе до трајно
намалување на потрошувачката на енергија кај новите објекти преку нов начин на
проектирање и примена на нови материјали и правилно реконструирање на
постојните објекти е главната цел на енергетската ефикасност (Чинговски, 2010).
Пасивни практики. Пасивните објекти одржуваат термален комфор,
користејки ги сончевите днови и истовремено намалувајќи ја и потребата од активни
системи за загревање и разладување. Пасивното проектирање е дел од „зеленото
проектирање“ и не вклучува активни системи како пумпање, механичка вентилација
или фотонапонски панели. Ширум светот во зависност од карактеристиките на
климатското окружување, се размислувало за различни пасивни техники кои биле
усовршувани. Се создале доста усовршени техниологи , па така денс објектот
самостојно директно ја користи сончевата енергија со помош на неговата
местоположба, геометрија, составните компоненти на објектот и материјали. Ова е
наједноставната и во исто време, најефикасна форма на архитектура (Kane, 2010).
Објектот и неговите компоненти претставуваат сончев систем. Со стручно
проектирање објектот може да се прилагоди за искористување на природниот
енергетски потенцијал со цел да се зголеми неговата енергетска ефикасност.
Почитувајќи неколку едноставни правила, пасивната архитектура е најефективна и
најпрогресивна форма за добивање и зачувување енергија во градежните објекти.
Потребата од загревање/разладување е намалена, со што сезоната за
греење/разладување и периодите во кои има потреба од дополнително
загревање/разладување се значително пократки. Така, градежниот објект има
огромен придонес во заштита на човековата околина, како резултат на намалувањето
на емисиите на СО2 и зачувувањето на енергетските ресурси. Ваквите архитектонски

43
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

објекти се одликуваат со зголемен комфор кој произлегува од природната сончева


светлина, која пак продирајќи во објектот ги загрева внатрешните преградни
површини и ја зголемува нивната температура. Основни елементи кај пасивната
сончева архитектура се: местоположба и микроклима, правилна ориентација на
објектот, фасада, стреи, прозори, топлински заштитници, боја на ѕидови и елементи
(мебел), термална маса, итн. (Организацијана потрошувачите на Македонија(2002),
достапно на:http://opm.org.mk/.

6. Енергетска ефикасност преку користење на енергетско ефикасна


бела техника

Белата техника/домашните уреди можат да учествуваат до 30% во


потрошувачката на енергија во домаќинството. Зависноста од различни уреди се
зголемува, но и цените на енергијата исто така, затоа избирањето на енергетски
ефикасни уреди станува се поважно. Исто така, националните стандарди за
енергетска ефикасност постојано го подобруваат еколошкиот учинок на уредите, па
надградбата/подновувањето со поефикасен уред може да заштеди енергија, пари и да
ги намали емисиите на стакленички гасови во атмосферата (Kavousian, 2013).
Логото Energy star се наоѓа на сите производи кои исполнуваат некои од
услувите за енеергетска ефикасност. Сите производи кои го имаат логото Energy star
ги задоволуваат минималните услови за енергетска ефикасност и квалитет, а
некогаш и многу повеќе. Ова лого може да се најаде на многу болјербојлери,
прозорци и на сите апарати од бела техника во домаќинствата кои трошат енергија.
Етикетата за енергетска класа, ја прикажува класата на уредот и дава информации за
потрошувачката на електрична енергија. Треба да се избере уред со висока класа.
Цената на чинење на уредот, заедно со
трошоците за негова работа даваат поточна слика за
вкупните трошоци на уредот (Слика 6).

Слика 6. Ознака за енергетска ефикасност и


енергетска класа на уред

44
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Извор: EcoTopTen Scenarios for Sustainable Consumption – Reduction Potentials Due to The Use of
Energy Efficient Products Dietlinde Quack, Öko-Institut e.V. Institute for Applied Ecology, Germany.

Колку е повисока енергетската класа на уредот, толку е поголема неговата


енергетска ефикасност. Во посебна графа прикажана е вкупната потрошувачка на
енергија во kWh (кило-ват-часови) годишно. Доколку на располагање има два
соодветни уреди со иста енергетска класа, треба да се избере тој со пониска годишна
потрошувачка на енергија.
Од графиконот се забележува дека за уредите за затоплување на вода трошат
најмногу енергија, која воедно има и највисока цена на годишно ниво, по нив
најмногу што трошат енергоја и пари се оние за сушење на алишта итн. Добро би
било да се обрнува внимание колку енергија троши одреден уред, за да може
полесно да се рационализира неговата употреба.

45
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Графикон2. Потрошувачка на енергија на електричните апарати

Извор: Kavousian, A., Rajagopal, R. and Fischer, M., 2013. „Determinants of Residential
Electricity Consumption: Using Smart Meter Data to Examine The Effect of Climate, Building
Characteristics, Appliance Stock, and Occupants' Behavior“. Energy, 55, pp.184-194.

Според SBA (The U.S. Small Business Administration), ова се препораки за


зголемување на енергетската ефикасност кои ќе ви заштедат пари и ќе ја заштитат
околината:
• Секогаш да се купуваат енергетски квалификувани производи за бизнисите.
Ознаката за енергетска ефикасност (ENERGY STAR) укажува на најефикасни
компјутери, принтери, копири, фрижидери, телевизори, прозорци, термостати,
таванот навивачи, и други апарати и опрема.
• Исклучување на машини, кога тие не се во употреба може да резултира со
огромни заштеди на енергија. Постои заедничка заблуда дека екраните во
мирување го намалуваат користењето на енергија од страна на мониторите,
сепак тоа се смета за неточно. Автоматско префрлување во режим на
мирување е секогаш подобра стратегија за заштеда на енергија.

46
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

• Да се зголеми заштеди со лаптоп, AC адаптерот за напојување треба да биде


приклучен на напопујување кое може рачно или автоматски да се исклучува
секогаш кога на него не е приклучен лаптоп компјутерот; трансформаторот во
AC адаптер црпи енергија постојано, дури и кога лаптопот не е вклучен во
адаптерот.
•. Многу луѓе веруваат дека опремата трае подолго ако тоа не се исклучува. Оваа
погрешна перцепција повеќе се однесува на деновите од постарите супер-
компјутери.
• Треба да се размислиете за купување на лаптоп за вашиот следен компјутер;
тие користат многу помалку енергија отколку десктоп компјутерите, што
резултира со долгорочни заштеди.
• Многу апарати продолжуваат да трошат една мала количина на енергија, и кога
тие се исклучени. Овие „"фантомски“" трошења се јавуваат кај повеќето
апарати кои користат електрична енергија, како што се видео рекордери,
телевизори, стерео, компјутери и кујнски апарати. Во просек дома, 75% од
електричната енергија се користи за напојување додека производите се
исклучени. Ова може да се избегне со исклучување на апаратот, или со
користење на напопујување кое може рачно или автоматски да се исклучува
• Да се исклучуваат полначи на батерии кога батериите се целосно наполнети
или кога полначите не се во употреба.

7. Интеграција на управувањето со енергијата во постоечките


системи на компанијата

Во време кога трошоците за компаниите се задолжителни и трошоците за


снабдување енергија можат да бидат значајни и неизбежни. Трошоците за енергија
може да бидат една петтина од просечните бизнис трошоци, поради нестабилниот
пазар на енергија и поголемото регулирање на хоризонтот.
Сепак, оваа закана може да стане и можност да се намалат трошоците и да се
здобијат со конкурентска предност компаниите кои се подготвени да ги
трансформираат своите пристапи кон управување со потрошувачката на енергија. Се
смета дека компаниите можат да спасат најмалку 10% на нивните сметки со
превзпреземање чекори за поефикасно управување на енергијата. А оние компании

47
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

кои одат чекор понапред со ставање приоритет на енергетска ефокасност во својот


бизнис, заштедуваат и до 20-30%.
Да се биде енергетски паметен - значи да се разбере потрошувачката на
енергија. Прв чекор за да се намали потрошувачката на енргија е да се разбере колку
енергија се користи, за тоа секако ќе помогнат и пметните мерачи (uSwitch,2017)
покажувајќи го реалното време на користењето на енергија, можат да играат голема
улога во промената бизнисите да почнат да ги сфаќаат можностите кои
менаџирањето со енергија може да ги донесе.
Подобрувањето на репутацијата на компанијата со преземање одговорност
денес, е обезбедување конкурентска предност во иднина. Угледот на компанијата и
иницијативата за обезбедување конкретна корпоративна општествена
одговорностможе да има големо влијание врз профитот. Се смета дека сèе повеќе
компании, клиенти, партнери, вработени и добавувачи ќе се однесуваат одговорно,
особено кога станува збор за нивното влијание врз животната средина.
Многу сопственици на бизнис си го поставуваат прашањето: како и дали
воведувањето на мерки за енергетска ефикасност и заштеда на енргија може да им
помогне на бизнисот? Ова е доста добро прашање особено за моменталната
економска состојба на светско ниво.
Најдобар начин да се одговори ова прашање е со разгледување на повеќе
примери на конпании кои ги вовеле овие мерки и нивните резултати. Во
продолжение следуваат неколку примери од компании кои вовеле мерки во областа
на транспорт, енергија, отпад и материјали.

1. Транспорт
За многу бизниси транспортот има најголемо влијание врз климатските
промени. Ова е особено значајно за фирми кои се занимаваат со производство и
дистрибуција на производи и услуги. За поголеми фирми транспортот на
вработените е исто така значаен извор на стакленички гасови. Има повеќе методи
кои компаниите можат да ги имплементираат за да се намали емисијата на
стакленички гасови.
На пример, компанијата Sun Microsystems(Lockheed Expands into Energy
Conservation Market,2008) им овозможила на своите вработени да одберат дали да
работат од дома. После 10 години скоро 20 илјади вработени во компанијата кои

48
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

претставуваат 56% од вкупнита работна сила прифатиле да работат од дома.


Ефектите, односно придобивките од оваа мерка се прикажани во тебела 1.

Табела 1.Придобивки во компанијата Sun Microsystems

Финасиски Бренд Одржливост


Вкупна финасиска Заштеда од 29 илјади тона Зајакнување на
заштеда од повеќе од 300 од емисии на CO2. репутацијата на брендот
милини долари. помеѓу организациите за
заштита на околината.
Извор:Wilhelm, Kevin. Return on sustainability: how business can increase profitability
and address climate change in an uncertain economy(2013),FT Press.

Во овој контекст, мерки кои може да ги превзпреземе секоја компанија за


заштеда на енергија и заштита на животната средина се:
- Поттикнување на вработените да не доѓаат на работа со автомобили (а за
возврад да добијат мали подароци како членство во фитенс центри,
награда за возење велосипед до работа и сл.).
- Заеднички превоз за вработените со eco-friandly возила.
- Давање на бесплатни карти за користење на јавен превоз
- Одбирање на локацијата на канцелариите, на места каде што поминува
јавен превоз
- Достава на роба во време со минимална густина на сообраќај
- Купување или изнајмување на најекономични возила или електрични
хибридни возила
- Различни големини на возила според потребите
(пр. мал автомобил з а градски превоз и возило со прихладна големина за
пренос на стоки).
- Користење на web-конференции, наместо патувања на состаноци

2. Енергија
Енергијата, исто така, е еден од најголемите придонесувачи за штетните
гасови кои ги призведува компанијата. Бидејќи цента на горивата и електричната
енергија се надвор од контролата на поединечните бизниси, компаниите се трудат да
најдат начин за постигнување на целосна енергетска независност од надворешните
фактори.

49
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Еден од најдобрите начини да се постигне ова е преку подобрување на


енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Од
обновливите извори на енергија бенефит можат да имаат и големите и малите
компании, а тоа најдобро може да с е види од следниве примери.
- Компанијата DuPont(Hoffman, Andrew, 2007. Pew Center on Global Climate
Change,2008), употребила голем број на методи за оптимизација на
производствените процеси за намалување на потрошената енергија и бројни мерки за
зголемување на енергетската ефикасност на нејзините фабрики.
Со отпочнување на овие мерки од 2004 година компанијата ги имала
следниве придобивки:
- Финансиски : Заштеда за електрична енергија од 3 милијарди долари и
зголемување на производството за 30%
- Имиџ: Компанија која се сметала за еден од најголемите загадувачи сега е
еден од најголемите иноватори.
- Одржливост: Намалени стакленички гасови за 72% под нивото
забележано во 1990 година; Помали количества на CO2 во еквивалент за
околу 78 илјади возила.
- Компанијата Lockheed Martin(Romm, Joseph, and W. Browning,1994), направила
фабрики каде максимално се искористува дневната светлина и во исто време
задоволува голем број од стандардите за енергетска ефикасност (Табела 2)

Табела 2: Придобивки во компанијата Lockheed Martin


Финансиски Бренд Одржливост
Заштеда од 300 до 400 Зголемена продуктивност на Користи помалку
илјади долари годишно за вработените за 15%. фосилни горива и
сметки за електрична *Добиле договор од 1,5 намалено
енергија. милијарда долари поради производство на
зголемената продуктивност. стакленички гасови.
Извор:„Wilhelm, Kevin. Return on sustainability: how business can increase profitability and
address climate change in an uncertain economy“ (2013), FT Press.

Дополнителни мерки за заштеда на енергија што компанијата може да


ги примени:
- Заштита на прозорците од директна изложеност на сонце преку
натсрешници
- Намалување на термостатот само за еден степен може да донесе заштеда до
2% во сметките за струја
- Чистење на филтрите на клима уредите

50
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

- Поставување на тајмери и термостати кај уредите за греење и ладење


- Гаснење на уредите за греење и ладење кога просторијата не се користи
- Користење на енергетски ефикасни светилки
- Користење на енергетски ефикасна бела техника
- Гаснење на светлата во просториите кои не се користат
- Користење на штедливи LCD-монитори
- Гаснење на електричните апарати од штекер
- Користење на дневната светлина кога е можно и др.

3. Материјали
Секоја компанија во нејзиното работење користи најразлични видовитипови
на материјали, меѓутоа секоја компанија може да најде начини за намалување на
количината на материајли кои се користат, рециклирање на материјали или
користење наматеријали кои не се штетни за околината.
Сите овие чекори ќе доведат до намалување на трошоците на бизнисите,
зголемување на брендот и конкурентска предност, како и намалување на
стакленички гасови во околината.

Компанијата Verizon Communications Inc., NY, преминала од хартиени


сметки за користените услуги на сметки кои се испрќаат по електронски пат (табела
3).

Табела 3: Придобивки во компанијата Verizon Communications Inc., NY(Hoffman,


Andrew,2007. Pew Center on Global Climate Change, 2008).

Финансиски Бренд Одржливост


Заштеда од 5,4 милиони долари Повеќ од 3 милиони Намалено користење
за хартија за печатење на корисници прифатиле на хартија за 1300 тони
сметките и намалување на сметките да ги и можноста за
административните трошоци за добиваат по купување online
3,7 милиони долари. електронски пат. заштедила 47,5 тони
хартија.
Извор:„Wilhelm, Kevin. Return on sustainability: how business can increase profitability
and address climate change in an uncertain economy“(2013), FT Press.

51
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Дополнителни мерки за заштеда на материјали кои компаниите можат


да ги применуваат:
- Принтање на двете страни од хартијата
- Користење рециклирана хартија
- Користење на биоразградлива хартија
- Купување на материјали од локални производители (тоа го намалува
трошокот за транспорт, пакување и складирање и им помага на бизнисите
од околината).
- Користење на електронски форми на комуникација, наместо со принтани
копии
- Поттикнување на останатите бизниси да го направат истото и сл.

4. Отпадни материјали
Отпадни материјали се сите материјали кои немаат никаква вредност за
клиентите. Тоа значи дека намалувањето на отпадните материјали, значи
зголемување на профитот на компанијата. За жал отпадот е еден од најретко
разгледуваните фактори од страна на сопствениците на бизниси. Но сèе што се фрла
е фрлање и пари. Меѓутоа паметните компании нашле начини како отпадот да го
претворат во извор на приходи. Тоа се постигнува преку ефикасен начин ресурсите
да се искористат максимално со што ќе се намали отпадот и загадувањето на
околината.
Garvey Schubert Barer (Kroman, John (Partner, Garvey Schubert Barer).
Personal interview. 11 Feb 2008.)направилл голем чекор за заштеда на хартија. Тие
целосно преминале на WEB- форми на комуникација. Исто така ја префрлиле целата
база на податоци во дигитална форма. Ваквите мерки довеле до намалување на
потребната површина за канцеларии и во просек ослободила и до 6 простории на
секој кат. Придобивките на компанијата најдобро можат да се видат во следнава
табела (табела4) :

Табела 4: Придобивки во компанијата Garvey Schubert Barer


Финансиски Бренд Одржливост

52
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Вкупни заштеди од преку 1 Помогнала фирмата Значително намалена


милион долари, за канцелариски да стане една од употреба на
простории и заштеда на хартии и најпретпознатливите користењето на
ослободување на времето на eco-friendly хартија, чувањето на
вработените за копирање, адвокатски фирми во хартија и фрлањето на
пополнување формулари и сл. Seattle. хартија.
Извор:„Wilhelm, Kevin. Return on sustainability: how business can increase profitability
and address climate change in an uncertain economy“(2013),FT Press.

Дополнителни чекори за намалување на отпадните материјали кои


можќат да ги користат компаниите:
- Испраќање и плаќање на сметки online
- Сепарација на отпадот за овозможување на рециклирање
- Инсталирање на чешми, тушеви и тоалети кои штедат вода
- Намалување на материјалот за пакување и амбалажа
- Користење на батерии кои можат да се полнат
- Рециклирање на стара компјутерска опрема
- Тренирање на вработените со цел за намлување на отпадните материјали и
сл.

За една компанија да може во целост да ги искористи бенефициите од


горенаведените активности, овие практики мора правилно и во целост да бидат
интегрирани во системот на компанијата. Важно е да се направи заложба за
имплементирање на овие практики во целост за максимално искористување на
бенефитите од овие фактори. Притоа потребно е да се следат следниве три чекори
(Wilhelm, K., 2013):
1. Заложба од раководтството на фирмата за имплементирање на
горенаведените стратегии во мисијата, визијата и целите на фирмата.
2. Вклучување на целата компанија, со тренинг на вработените и вклучување
на вработените преку награди или натпревари во различните оддели во
фирмата.
3. Усогласување на стратегиите со системот на менаџирање преку награди,
признанија и системи за мерење на перформансите.

53
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Многу компании сметаат дека со зголемувањето на еколошките стандарди не


може да се зголеми профитабилноста на фирмата. Ова, секако не е точно затоа што
постојат бројни мерки кои можат да се применат и кои во исто време можат да ги
подобрат еколошките перформанси и да ја зголемат профитабилноста на фирмата.
Секоја од компаниите треба да започне со чекорите кои се најлесни за применување
и истите да ги примени веднаш, а потоа да премине на понапредни мерки за
подобрување на енергетската ефикасност и имплементирање на обновлив иизвори на
енргија.

8. Конкурентска преднос креирана со енергетска ефикасност во


Република Македонија

Во Република Македонија потрошувачката на енергија е сконцентрирана во


четири сектори: индустрија, домаќинства, сообраќај и комерцијален и улужен сектор
(графикон2).
Графикон 3. Потрошувачка на енергија во Република Македонија

Извор: Стопанска комора на Македонија, Стратегија за развој на енергетската


ефикасност во Р.М. до 2030 година, Службен весник на РМ, бр. 61 од 03.05.2010 година.

Во земјите од Европската Унија, најголемиот дел од енергијата, околу 40% се


троши за градежните објекти, 32% се наменети за сообраќајот, а останатите 28% ги

54
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

користи индустријата. Домаќинствата најголемиот дел од енергијата го користат за


греење, ладење и затоплување на вода, и тоа над 60%, а останатиот дел отпаѓа за
осветлување, готвење и за електричните апарати. Иако доста голем процент од
потрошената енергија припаѓа на греење и ладење, најголемиот дел од истата се
загуби поради користење на несоодветни изолациони материјали на ѕидовите, подот,
покривот, столарија со лоши изолациони карактеристики и сето тоа доведува до
ситуација во која објектот не е способен да ја сочува топлинската енергија и троши
многу повеќе енергија отколку добро изолиран објект.

Графикон4. Потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата

Извор: Стопанска комора на Македонија, Стратегија за развој на енергетската


ефикасност во Р.М до 2030 година, Службен весник на РМ, бр. 61 од 03.05.2010 година.

Добивањето на енергија од класичните извори (земјен гас, нафтени деривати,


јаглен) придонесува за зголемено загадување на животната средина со штетни
гасови и други отпадни материи.
Од друга страна, користењето на алтернативни извори на енергија како
ветерот, водата, сонцето и сл., придонесува за чиста животна средина и намалување
на потрошувачката на енергија од класичните извори и намалување на цената на
енергијата. Постојат повеќе причини да се намали потрошувачката на енергија и тоа:
 Цената на електричната енергија во иднина ќе се зголемува
 Количините на класичните извори на енергија се ограничени и ќе бидат
целосно исцрпени

55
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

 Штедењето енергија ја зачувува животната средина и го условува нашиот


опстанок

Енергетската инфраструктура на Република Македонија овозможува


експлоатација на домашната примарна енергија, увоз и извоз на примарна енергија,
преработка на примарната енергија и производство на финална енергија, транспорт и
дистрибуција на енергијата. Енергетската инфраструктура на Република Македонија
ja сочинуваат електроенергетскиот сектор, секторите за јаглен, за нафта и нафтени
продукти, за природен гас и за производство на топлина.

Според Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за


период од 2008-2020 со визија до 2030 на Македонска академија на науките и
уметностите, општи карактеристики на енергетската инфраструктура на Македонија
се:
 Застарена технологија и отсуство на инвестиции за
оддржување,модернизација и проширување на постојните капацитети, како
и заизградба на нови капацитети;
 Високи вкупни загуби на електричната енергија (технички икомерцијални);
 Ниска енергетска ефикасност;
 Неповолна структура на видовите на енергија (производство, увоз
ипотрошувачка) од еколошки и економски аспект и од аспект насигурност
во снабдувањето;
 Егзистенција на монополизирани структури во одделни сегменти
насекторот;
 Недовршено разграничување на производството, снабдувањето, преносот и
дистрибуцијата.

Придобивки од штедење на енергија во МСП

Мерките за енергетската ефикасност во малите и средните претпријатија


(МСП) се насочени кон оптимирање на постојните системи, како што се: моторите,
системите за компримиран воздух, осветлувањето, производството и дистрибуцијата
на топла вода и пареа, системите за греење и ладење на просторот, снабдувањето со

56
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

електрична енергија и др. Заштедата во еден систем може да биде незначителна, но


комбинираната заштеда во повеќе системи може да биде значајна.
Повеќето мерки се прифатливи од финансиска гледна точка, и нудат
релативно краток период на враќање на инвестицијата, но некои се финансиски
интензивни и со подолг период на враќање на инвестицијата.
За секој менаџер на мало или средно претпријатие, од исклучителна важност
треба да биде:
• штедење на енергија и пари;
• зголемување на ефикасноста, и
• заштита на околината.

Овој факт бара од менаџерите да имаат листа на практични и ефикасни


опции со цел да се намали потрошувачката на енергија во работењето. Некои
постапки нудат моментална заштеда и соодветни придобивки, а други директни
трошоци кои би можеле да се вратат после неколку месеци, или години. Со цените
на енергијата се очекува да се зголеми политичкиот притисок врз климатските
промени со цел да се намали емисијата на стакленички гасови, со што претпријатија
би штеделе пари и во исто време позитивно ќе влијаат на околината.
Придобивките во работењето на малите и средните претпријатија со
подобрување на енергетската ефикасност, се остваруваат со мерки како што
се(Стопански комори на Македонија, 2012):
 намалување на трошокот за енергија со дејствија како што е набавка на
нова поефикасна опрема, што го прави бизнисот поефикасен и
поконкурентен (модерната нова процесна опрема може да го подобри
квалитетот на производот);
 намалување на влијанието по околината со смалување на потрошувачката
на енергија, односно емисијата на стакленички гасови;
 продолжување на работниот век на опремата, намалување на
експлоатационите трошоци, подбрување на режимот за одржување и
зголемување на енергетската ефикасност.

Од друга страна, проблеми кои се јавуваат при реализација на штедењето на


енергија во работењето на малите и средните претпријатија се следниве:

57
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

 малите и средните претпријатија имаат проблеми во изнаоѓање на


финансиски извори, проблеми со ликвидноста, или страв од земање на
позајмица;
 микро претпријатијата можат да бидат незаинтересирани за штедење при
имплементирање на некој проект кој чини само неколку стотини евра;
 ако малите и средните претпријатија немаат посебно вработени лица за
енергетска ефикасност, треба да потрошат време или да ангажираат
надворешни експерти за тоа;
 во повеќе компании, нема контакти меѓу оние кои ја имаат контролата над
потрошувачката на енергија и тие што ги плаќаат сметките за енергија,
според

Проект за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија

Ефикасното користење на енергијата помага да се зголеми профитот на


компаниите преку намалување на производните трошоци. Во 17 македонски
компании се имплементирале системи за управување со потрошувачката на енергија
и успеале да ги намалат трошоците и да станат поконкурентни на домашниот и на
меѓународниот пазар. Според пресметките на УСАИД (2016) заштедите на
компаниите со помали вложувања изнесуваат од 5 до 10 проценти, а на оние со
поголеми вложувања од 15 до 20 проценти на годишно ниво. Имплементација на
ваков систем за заштеда на енергија компаниите би ги чинело од 15 до 45 илјади
американски долари, а 50 проценти од трошоците за инвестицијата, односно до 20
илјади долари покрива УСАИД.
Во текот на последните четири години, ваквиот проект помогнал на
приватниот индустриски сектор во подобрување на неговата конкурентност на
пазарите во земјата и странство, преку намалување на потрошувачката и трошоците
за енергија, што резултирало и со намалување на емисиите на стакленички гасови
Успешната реализацијата на Проектот дава мотив индустриските компании
во нашата земја да се заложат за намалување на потрошувачката на енергија, што за
нив значи намалување на трошоците на работењето, зголемување на профитот,
помала цена на производите и поголема конкурентност на пазарот. На национално
ниво овие системи придонесуваат за намалување на изложеноста на големи

58
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

варијации на цените на енергијата, како и за енергетската сигурност на земјата,


преку намалување на зависноста од увоз на енергија.
Во рамките на Проектот, имплементирани се системи за мониторинг и
управување со потрошувачка на енергија во различни индустрии како што се;
прехранбена и индустрија за пијалоци, индустрија за градежни материјали,
фармацевска индустрија, екстракција и процесирање на мермер, производство на
хартија и печатење, електроника, производство на индустриски гасови и дрвна
индустрија. Во рамките на овие индустрии, избрани се 17 производни пилот
компании – Кнауф Радика, Хај-теч Корпорација, Алкалоид, Промес, Специјал
Продукт, Макпрогрес, Вивакс, Здравје Радово, Везе Шари, Нова Рефрактори, ДС
Смит, Колид Интернационал, Кадино Индустри Груп, Месер Вардар Техногас,
Свислион, Мермерен Комбинат Прилеп и ДИК Фагус.

Неефикасната употреба на енергија во македонската индустрија значително


влијае на конкурентноста на индустриските производи, како на домашниот, така и на
регионалните пазари. Истата го нарушува капиталот и буџетот за одржување и ја
зголемува вкупната цена по производ, со што се намалува профитот. Денес,
индустрискиот сектор во Република Македонија учествува со повеќе од една третина
во потрошувачката на примарна енергија и следствено, во емисијата на штетни
стакленички гасови во атмосферата. Индустријата учествува со 28% во БДП и 30%
во работната сила. Затоа, обезбедувањето на одржлива енергетска ефикасност и
намалување на потрошувачката на енергија по единица производ се едни од
клучните фактори за поголема конкурентност на индустриските производи.

Проектот за индустриски менаџмент, финансиран од Агенцијата за


меѓународен развој на САД (УСАИД), се однесува на подобрување на
конкурентноста и енергетската сигурност во земјата, намалување на емисиите на
стакленички гасови и стимулирање на инвестициите во чиста енергија преку
воведување на систематски и осмислен приод во управувањето со потрошувачката
на енергија во индустрискиот сектор. Ваквиот приод се базира на меѓународниот
стандард ISO 50001:2011 – Системи за управување со потрошувачка на енергија.

Подобрување на процесните и системските операции

Подобрувањата на процесните и системските операции е од фундаментално


значење за управувањето на компаниите. На тој начин компаниите ја подобруваат

59
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

својата конкурентност и ја истакнуваат културата за континуирано подобрување.


Проектот за индустриски менаџмент воведува една стандардизирана
методологијанасочена кон осознавање на потребата каде и кога треба да се
инвестира во енергетски поефикасна технолошка и техничка опрема во
производството. Понатаму, тоа може позитивно да влијае во компаниите
систематски да пријдат и кон другите сегменти кои влијаат на производните
трошоци: работното време, човечките ресурси, набавката на суровини и материјали,
одржувањето и друго.

Процесот на енергетски менаџмент започнува со обезбедување на


посветеност од страна на највисокиот менаџмент. Посветеноста е повеќе од изјава за
поддршка – таа ги утврдува одговорностите и ги потврдува со доставување на
редовни извештаи за напредокот. Следен чекор е формирање на тим одговорен за
управување со енергија. Откако на членовите на тимот ќе им бидат јасно зададени
нивните улоги и задачи и ќе бидат обучени за тоа, тие можат да започнат со
идентификација на можностите за подобрување, проектирање на план,
превзпреземање активности според тој план и следење на напредокот. Целиот
процес бара фокус, двигател, систематски пристап, а пред сé, подготвеност за
промена.

Системи за управување со потрошувачка на енергија

„Не можеш да управуваш со она што не го мериш“. Врз база на овој основен
принцип, Проектот за индустриски менаџмент, меѓу другото, воведува технички
системи за следење и управување со потрошувачката на енергија во 17 мали и
средни индустриски компании од различни индустриски гранки во земјата. Притоа,
УСАИД покрива дел од трошоците за реализација на тие технички системи. Покрај
ова, проектот врши обука на енергетаски менаџери, како и зајакнување на
капацитетот на домашни инженерски компании во нивно оспособување за
планирање, проектирање и имплементација на системи за мониторинг и управување
со потрошувачката на различни видови енергија во индустриските компании.

Слика 7: Системите за следење и управување на потрошувачката на енергија

60
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Системите за следење и управување на потрошувачката на енергија што ги


нуди проектот претставуваат комбинација на софтвер, хардвер за собирање на
податоци и телекомуникациска опрема. Ваквата технологија помага во
извршувањето на клучните функции од областа на енергетскиот менаџмент, како на
пример организација на податоците за поедини потрошувачи на енергија,
идентификација на недостатоците при потрошувачката на енергија, управување со
трошоците за енергија, оптимизација на набавката на потребната енергија и изградба
на стратегии за ефикасна и навремена реакција на воочените можности за
инвестирање во енергетски поефикасна опрема. Оваа технологија
допринесувапридонесува и за склучување на поповолни договори за набавка на
електрична енергија, сега од снабдувачите во земјата, а во иднина и директно од
берзите на електрична енергија. Инженерскиот тим на проектот за индустриски
менаџмент по потреба спроведува енергетски контроли и дава препораки за
подобрување на енергетската ефикасност во согласност со анализите извршени за
самите компании.

61
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Можности за инвестиции

Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент нуди обука и тесно


соработува со домашните финансиски институции со цел да го зголеми нивното
разбирање за докажаните финансиски механизми, за инвестиции со кои се намалува
потрошувачката на енергија. Ова им помага на малите и средни индустриски
компании да пристапат до финансии за имплементација на системи за управување со
енергија и за енергетски ефикасни надградби. Успешната имплементација како и
усогласеноста со практиките за енергетски менаџмент генерира повеќе капитал, кој
пак за возврат, ја подобрува конкурентската позиција на компаниите и ги поттикнува
идните инвестиции во нив.

Конкретната имплементација на системите за мониторинг и управување со


потрошувачката на енергија и остварените резултати во пилот претрпијатијата е
наведена во продолжение:

1. Инвестиција во Алкалоид АД Скопје во енергетско ефикасно


реновирање на лабораториската зграда
Водечката фармацевтска компанија во Македонија – Алкалоид АД Скопје
има повеќе од 80 години искуство во областа на производство на лекови, козметички
и хемиски производи и преработка на билни суровини. Како компанија со околу
1.250 вработени во земјата и околу 350 вработени во подружниците и
претставништвата во странство, Алкалоид е перманентно посветен и се грижи за
зголемување на енергетската ефикасност во неговото работење и заштита на
животната средина.
Со поддршка од Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент (ПИМ),
преку заедничко учество во трошоците, во Алкалоид АД Скопје успешно беше
имплементиран Систем за мониторинг/управување со потрошувачката на енергија.
После шест месечен период на следење на потрошувачката, ПИМ обезбеди стручна
помош на компанијата во изработка на детална Енергетска контрола и пристап кон
финансиска поддршка за реновирање на лабораториската зграда во состав на
компанијата.
Целта на Енергетската контрола беше да се анализираат и предложат
најекономичните мерки за подобрување на енергетската ефикасност во
лабораториската зграда на компанијата, врз основа на сегашната потрошувачка на

62
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

енергија во зградата во постојните услови. Проектот вклучи детален преглед на


зградата, анализи и проценки на постојните состојби и услови со потрошувачката на
енергија, како и можности за реализација на различни мерки за намалување на
истата и подобрување на комфорот на работа во зградата. Предложените мерки
укажаа на значителни заштеди на енергија, висока профитабилност на инвестицијата
и намалување на емисиите на стакленички гасови.
Имајќи ги во предвидпревид препораките дадени во Енергетската контрола,
Алкалоид одлучи да изврши термичка изолација на зградата на индустриската
лабораторија што вклучува: поставување на термичка изолација на надворешните
ѕидови, изградба на нов покрив со термичка изолација и замена на постојните со
нови енергетско ефикасни прозорци.
ПИМ помогна и за пристап кон финансика поддршка со изработка на
Проценка за подобност за финансирање на овој конкретен проект. Компанијата ја
избра регионалната финансиска програма WeBSEFF II на Европската банка за
обнова и развој, како најпогодна опција да побара финансиска поддршка за
реализација на проектот за подобрување на енергетската ефикасност.
Со имплементацијата на проектот се намалени трошоците за енергија и
загадувањето на животната средина преку согорување на фосилни горива за
производство на електрична енергија во земјата и на природниот гас во компанијата,
што доведува до подобрување на локалната и глобалната животна средина.

Табела 6:Инвестиција во Алкалоид АД Скопје во енергетско ефикасно реновирање


на лабораториската зграда.

63
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

2. ДС Смит АД воведува практики за управување со енергијата со цел да ја


намали потрошувачката на енергија и да придонесе за почиста животна
средина

ДС Смит АД Скопје е производител на брановидни картони за пакување и


рециклирана хартија. Таа е во состав на ДС Смит групацијата - водечки европски
производител на брановидни картонски и пластични пакувања, како и собирање
хартија и рецикларање на истата. ДС Смит Скопје има годишен приход од околу 10
милиони евра и 121 вработени.
Трошоците за електрична енергија на компанијата претставуваат околу 9% од
вкупните годишни трошоци за производство. Како квалификуван потрошувач на
електрична енергија и учесник на либерализираниот пазар на електрична енергија,
ДС Смит АД Скопје е посветена на изнаоѓање на решенија и мерки со кои може да
се подобри енергетската ефикасност. Во овој поглед, Проектот на УСАИД за
индустриски менаџмент (ПИМ) ја поддржа компанијата ДС Смит АД Скопје со
инсталација на Систем за мониторинг/управување со потрошувачката на енергија, со
што се обезбеди постојано следење на потрошувачката на енергија. Тоа вклучува
електрична енергија, природен гас, водена пареа и компримиран воздух. Проектот за
индустриски менаџмент и помогна на компанијата да се идентификуваат и изберат
најефикасните мерки за подобрување на енергетската ефикасност во
административната зграда. Резултатите од енергетска контрола на објектот покажаа
заштеди на енергија од 277 MWh/годишно и поврат на инвестицијата за помалку од
7 години. Намалување на емисиите на CO2 кои се постигнуваат со примена на
мерките се проценуваат на 136,4 t/годишно.
После 12 месеци следење на потрошувачката, ПИМ ја поддржа компанијата
во идентификување на можности за заштеда на енергија и намалување на емисиите
на CO2 во индустрискиот погон и котларата. Физибилити студијата ги препорача
следниве клучни мерки за заштеда на енергија:
Подобрување на енергетската ефикасност на системот за греење, вентилација
и климатизација (HVAC) во индустрискиот погон, со инвестиција од 91.750 евра,
годишни заштеди на природен гас од 51.720 Nm3, годишни заштеди на трошоци од
20.375 евра и поврат на инвестиција од 4,5 години;

64
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Анализа на пневматски систем за транспорт на отпад, со инвестиција од


150.000 евра, годишни заштеди на природен гас од 34.700 Nm3, годишни заштеди на
трошоци од 13.670 евра и поврат на инвестиција од 11 години;
Замена на постојните котли во котларата со нов котел за согорување на екстра
лесно масло за горење или природен гас, со инвестиција од 98.500 евра, годишни
заштеди на трошоци од 20.410 евра и поврат на инвестиција од 4,8 години.
Врз основа на стручната помош од страна на ПИМ, менаџментот на
компанијата одлучи да се изгради целосно автоматизирана котлара со висока
енергетска ефикасност, лоцирана во индустрискиот погон. Со тоа ќе се намалат
загубите за дистрибуција на енергија и трошоците за неа.
Врз основа на стекнатото знаење со поддршката на ПИМ преку повеќе обуки,
менаџментот на компанијата одлучи да се подготви за имплементација на ISO
50001:2011 стандардот за управување со енергијата во блиска иднина.

3. Компанија за изработка на мебел инсталира систем за управување со


енергијата и планира соларна фотонапонска централа за сопствена
потрошувачка
ДИК Фагус е приватна индустрија за преработка на дрво и производство на
мебел. Фирмата произведува дрвени столици со висок квалитет изработени од бука.
Таа е една од водечките компании за производство на мебел во земјата и е целосно
извозно ориентирана. Со повеќе од 300 вработени, таа е најголемата компанија во
градот Пехчево и југоисточниот регион.
Во 2015 година, ДИК Фагус импле-ментира Систем за мониторинг/
управување со потрошувачката на енергија (СУЕ) и се приклучи на портфолиото од
17 индустриски компании финансиски поддржани од УСАИД преку Проектот за
индустриски менаџмент. Како голем потрошувач на електрична енергија,
компанијата инсталира СУЕ за следење на потрошувачката на електрична енергија
од две трафостаници кои го напојуваат целиот индустриски комплекс. Исто така,
преку Проектот за индустриски менаџмент, изработена е и физибилити студија и
изведбен проект за изградба на фотонапонска централа на покривот на фабриката.
Проектираниот капацитет на централата е 250 kW.
Фотонапонската централа ќе покрие површина на покривот од 1.716 m2. Таа е
составена од поликристални модули кои ќе се фиксираат на метална конструкција на
покривот. Проектот вклучува:

65
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

 фотонапонски модули инсталирани на фиксна метална конструкција


 10 трoфазни 25 kW инвертори со излезен напон од 0,4 kV
 кабли за поврзување
 0,4 kV построение во постојната трафостаница
Влезните податоци за соларно зрачење се добиени од Заедничкиот
истражувачки центар на ЕУ како релевантен извор за различни локации во Европа.
Се проценува дека просечното годишно производство на електрична енергија би
било околу 296.000 kWh додека вкупната проценета инвестиција за ФН централата е
околу 252.000 евра, без ДДВ.
Физибилити студијата анализира четири сценарија. Во долната табела се
прикажани финасиските показатели.
Компанијата изрази интерес за финансирање на изградбата на ФН централата
со сопствен капитал.Покрај тоа, Проектот за индустриски менаџмент подготви
извештај за Соларни централи во Македонија - сегашната состојба и идни можности
за нивен развој. Извештајот треба да им помогне на менаџерите подобро да го
разберат статусот на ФН централи и нивниот развој во земјата, со што би донеле
издржани одлуки.

66
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Табела 7: Поврат на инвестиција од инсталира систем за управување со енергијата и


планира соларна фотонапонска централа за сопствена потрошувачка

4. Заштеда на електрична енергија со подобрување на квалитетот на


електричната енергија во Hi-Tech Corporation
Хајтеч корпорацијата е познат источно-европски производител на
прототипови и серии на цврсти, флексибилни и мешани печатени електронски
плочки (PCB) до 36 слоеви. Компанијата реализира успешен бизнис којшто пласира
производи на пазарите во Европа и САД. Компанијата извезува речиси 100% од
своето производство на PCB на клиентите од автомобилската индустрија,
телекомуникациите, индустриска електроника, како и на пазарите за енергетска и
медицинска опрема.
Поради фактот што трошоците за енергија на компанијата изнесуваат 16,4%
од вкупните годишни трошоци на производство, приоритет на Хајтеч е управување
со потрошувачката на електрична енергија и рационално користење на истата.
Преку Проектот за индустриски менаџмент, УСАИД ја поддржа
имплементацијата на Систем за мониторинг/управување со потрошувачката на
енергија (СУЕ) во компанијата. Врз основа на снимање на функционирањето на
дистрибутивната мрежа на местото на приклучување на фабриката во Орешани, во
близина на Скопје, Проектот за индустриски менаџмент обезбеди интегриран

67
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

пристап кој води кон модерно решение за заштеда на електрична енергија преку
подобрување на квалитетот на напонот.
Тимот кој работеше на овој проект го предложи Equalizer, систем за
компензација на реактивната енергија без транзиенти, како техничко решение кое
овозможува заштеда на електрична енергија во компанијата.
Имплементацијата на Equalizer на ниво на енергетски трансформатор
резултира со заштеда на електрична енергија, што се должи на намалувањето на
максималната вредност на струјата на оптоварување, намалување на дисторзијата од
хармониците и намалување на нивото на напонот, со преклопката за регулација на
напон кај енергетскиот трансформатор.
Табела 8: Вкупна заштеда на електрична енергија при намалување на
напонското ниво за -2,5% кај енергетскиот трансформатор

5. Намалување на трошоците за енергија со инвестиции во можностите за


подобрување на енергетска ефикасност во Кадино Индустри Груп
Кадино Индустри Груп е компанија со 23 годишна традиција во производство
на мелни производи, свежо замрзнати пити, колачи и пецива (традиционален бурек).
Денес, Кадино има модерен капацитет за мелење на 70 тони пченица во 24 часа, со
персонал од 50 вработени со полно работно време и 50 вработени со скратено
работно време. Визијата на сопствениците на компанијата е таа да порасне во голема
меѓународна компанија.
Поддршката од Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент (ПИМ) во
Кадино Индустри Груп беше двострана: проектот успешно инсталира Систем за
мониторинг/ управување со потрошувачката на енергија преку заедничко
вложување. После дванаесет-месечно следење на потрошувачката на електрична

68
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

енергија, ПИМ обезбеди стручна помош за изготвување на студија со потребни


инвестиции, заштеди на енергија и парични заштеди преку можни мерки за
подобрување на енергетската ефикасност.
Студијата ги предложи следните под-проекти за подобрување на енергетската
ефикасност во компанијата:
Под-проект 1: Софт стартери и автоматизација на големите електромоторни
погони - финансиски атрактивна мерка со добар поврат на инвестиција. Како
резултат на значителни годишни заштеди на активна електрична енергија (во просек
25.000 kWh) и намалување на ангажираната моќност во првите две години, периодот
на поврат на инвестицијата е помеѓу 6-та и 7-та година. Нето сегашната вредност е
значителна и изнесува €10.000 или 28% од вложениот капитал. Интерната стапка на
поврат е 16%. Оваа стапка попкажува дека профитабилноста на проектот има
резерва над просечниот трошок на капитал од 10%.
Под-проект 2: Сопствена фотоволтаична централа - претставува постројка за
производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија и ќе се користи
за сопствена потрошувачка. При тоа под-проектот 2 разликува две суштински
финансиски придобивки:
 Заштеда од намалени трошоци за набавка на активна електрична
енергија преку производството на електрична енергија од
фотонапонската централа. Годишното производство е околу 110.000
kWh, а годишните заштеди на трошоците се во опсег од €9.000 до
€11.000.
 Избегнување на надомест за ангажирана моќност во текот на 2016-2017
година од 100 kW ангажирана моќност. Годишните заштеди изнесуваат
€12.000, или €24.000 за период од две години (2016-2017).
Под-проектот 3: Постројка за комбинирано производство на топлинска и
електрична енергија - иновативен и современ концепт во индустриската
праксапрактика во Македонија. Оваа инвестиција вклучува постројка за
комбинирано производство на топлинска и електрична енергија со користење на
компримиран природен гас. Ова е финансиски атрактивна мерка која има добар
поврат на инвестицијата, што е особено изразено преку индексот на профита-
билноста. На тоа укажува нето сегашната вредност од €106.500 или 49% од
почетната инвестиција. Кумулативниот готовински тек е позитивен за време на 8-та
година. Интерната стапка на поврат од 16,4% е мошне атрактивна. Меѓутоа,

69
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

реализацијата на проектот зависи од преговорите со корисникот на топлина


(соседната фабрика) и се очекува да бидат завршени во 2017 година.

6. Енергетски заштеди со инсталирање на опрема за течен нафтен гас


(ТНГ), систем за греење, вентилација и климатизација и ново ЛЕД
осветлување во Погонот за слатки во Колид Интернационал – с.
Колешино
Воден од задоволството на потрошувачите како негов најважен приоритет,
познатиот македонски производител и дистрибутер на слатки, Колид
Интернационал, постојано настојува да нуди асортиман на производи со висок
квалитет по достапни цени.
Со цел да го постигне тоа, компанијата во погонот за слатки, лоциран во
Колешино, село во близина на Струмица, разгледува различни можности да ја
зголеми нејзината ефикасност, да ги редуцира трошоците и да ја зголеми својата
конкурентност на пазарот.
Со поддршка на Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент (ПИМ), во
компанијата е имплементиран Систем за мониторинг/ управување со
потрошувачката на енергија со цел извршување на главните функции за менаџирање
со енергијата, како што се идентификација на тенденциите во потрошувачката на
енергија, оптимизација на потребите и надгледување на трошоците за енергија. Како
резултат на следењето на потрошувачката на енергија, ПИМ изработи неколку
основни машински и електротехнички проекти како стручна поддршка на оваа пилот
компанија. Целта беше не само да се зголеми конкурентноста на Колид на пазарот,
туку да се допринесе кон подобрување на животната и работната средина. Овие
проекти се следните:
I. Основен машински проект за склад за ТНГ со испарувачка станица и
инсталации за ТНГ во производниот погон.
II. Основен машински проект за подземен резервоар за ТНГ и избор на нова
опрема за гасна котлара за загревање на админи-стративниот дел од комплексот.
Главната цел на овој проект е подобрување на работните услови на вработените
во производниот погон.
III. Основен машински проект на систем за греење, вентиалција и климатизација
(HVAC) во производниот погон.

70
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

IV. Основен електротехнички проект за замена на постојните електрични


светилки со ЛЕД светилки во производниот погон.
Потенцијалот за заштеда на енергија и профитабилноста на инвестициите во сите
четири проекти се прикажани подолу.
Колид Интернационал ги употреби основните проекти за обезбедување
одобрение за градење. Три од проектите се веќе реализирани и финансирани од
компанијата од сопствени извори.

Слика 8: Проекти заподобрување на енергетска ефикасност во Колид


Интернационал

7. Кондиторска компанија инсталира Систем за управување/мониторинт со


потрошувачката на енергијата и планира изградба на соларна
фотонапонска централа за сопствена потрошувачка
Макпрогрес е приватна компанија за производство на кондиторски и
преработени земјоделски зрнасти производи. Компанијата има повеќе од 300
вработени.
Вкупната потрошувачка на електрична енергија на Макпрогрес е околу 3.600
MWh/годишно. При тоа, електричната енергија се користи за осветлување, ладење,
електрични апарати и електромоторни погони. Производните погони содржат линии
за производтство кои работат со употреба на течен нафтен гас во тунелските печки.

71
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Потрошувачката на течен нафтен гас е околу 60.000 kg/месечно или 720 t/годишно.
Трошоците за енергија изнесуваат околу 4% од вкупните трошоци за производство.
Во 2014 година Макпрогрес стана пилот компанија за инсталација на Систем
за мониторинг/управување со потрошувачката на енергија (СУЕ). Како голем
потрошувач на енергија, компанијата инсталира СУЕ за следење на потрошувачката
на електрична енергија и течен нафтен гас кои се во употреба во целиот производен
комплекс. Како компанија корисник, менаџментот се обрати и побара од Проектот за
индустриски менаџмент (ПИМ) да се изработи физибилити студија и изведбен
проект за изградба на фотонапонска централа на покривите на производните погони.
Проектираниот капацитет на ФН централата е 250 kW.
Како стручна помош, ПИМ изработи физибилити студија и изведбен проект,
кој ги опфаќа покривите на три објекти со вкупна расположива површина од околу
2.000 m2. ФН централата е составена од поликристални модули кои се фиксирани на
метална конструкција на покривите. Проектот вклучува:
 фотоволтаични модули инсталирани на фиксна метална конструкција на
покривите
 10 трофазни 25 kW инвертори со излезен напон од 0,4 kV
 кабли за поврзување
 0,4 kV построение во новата трафостаница од 10(20)/0.4 kV; 1000 kVA
Се проценува дека просечното годишно производство на електрична енергија
на оваа локација би било околу 280.000 kWh додека вкупнита проценета инвестиција
за ФН централата е околу 250.000 евра, без ДДВ.
Физибилити студијата анализира три сценарија. Во долната табела се
прикажани нивните финасиски показатели.
Табела 9: Финасиски показатели од сценарија во Макпрогрес

72
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

8. Заштеда на електрична енергија со мерки за подобрување на квалитетот


на електричната енергија во Месер Вардар Техногас
Messer групацијата, со седиште во Германија, е една од водечките компании
во областа на производството и снабдувањето со кислород, азот, аргон, јаглерод
диоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови
за медицинска употреба и широк спектар на гасни смеси за различни индустрии. Тоа
ги вклучува челичната и метална индустрја, хемиската, прехрамбената,
фармацевтската, автомобил-ската, електронската и медицинската индустрија.
Како претставник на компанијата, која на македонскиот пазар пристигна во
1997 година, Месер Вардар Техногас произведува и дистрибуира јаглерод диоксид и
фреон на локалниот пазар.
Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент (ПИМ) обезбеди стручна
поддршка за намалување на потрошувачката на електрична енергија во компанијата,
а со тоа и намалување на трошоците за неа. За таа цел, ПИМ разви интегриран
пристап составен од: 1) инсталирање на Систем за мониторинг/ управување со
потрошувачката на електрична енергија (СУЕ) во производниот погон во Битола; и
2) стручна помош за развој на можности за заштеда на енергија врз основа на
собраните повеќемесечни податоци од СУЕ и анализата на истите. Стручните
анализи и снимање на функционирањето на дистрибутивната мрежа на местото на
приклучок на погонот покажаа дека е можно намалување на потрошувачката на
електрична енергија во реално време, преку компензација на реактивната моќност и
оптимизација на параметрите на напонот.

73
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Техничкото решение кое беше предложено од страна на проектниот тим


предлага да компанијата инсталира Equalizer, систем за компензација на реактивна
моќност, без транзиенти. Воведувањето на Equalizer на секој од двата енергетски
трансформатори резултатира со заштеда на електрична енергија преку намалување
на максималните вредности за струјата на оптоварување, намалување на
дисторзијата од хармоници и намалување на нивото на напонот со преклопката за
регулација на напон на трансформаторот.
Вкупната потенцијална заштеда на електрична енергија кај енергетскиот
трансформатор 1 со поставување на Equalizer EQ300kVAr се проценува на 3,27% (со
намалување на напонско ниво од -2,5%) и 7,81% (со намалување на напонско ниво
од -5%). Потенцијалот за заштеда на електрична енергија кај енергетскиот
трансформатор 2 со поставување на Equalizer EQ660kVAr се проценува на 5,04% (со
намалување на напонско ниво од -2,5%) и 9,52% (со намалување на напонско ниво
од -5%).
Параметрите на профитабилност со инсталирање на Equalizer на двата
трансформатори, при сценарија (-2,5% и -5% корекција на напонско ниво) е
прикажана во табелата подолу.
Месер Вардар Техногас има намера да инвестира сопствени средства за
имплементација на Equalizer-и во погонот во Битола.
Со намалување на потрошувачката на енергија, компанијата би ги намалила и
трошоците за енергија и емисиите на CO2 кои имаат влијание на климатските
промени. Притоа, Месер Вардар Техногас не само што ќе ја зголеми својата
конкурентност, туку исто така, ќе даде свој допринос кон зачувување на животната
средина.
Табела 10: Инвестиции и поврат на инвестиции во Месер Вардар Техногас

74
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

9. Промената на горивото во Нова Рефрактори резултира со намалување на


трошоците и поврат на инвестицијата за две и пол години
Нова Рефрактори е компанија за производство на огноотпорни керамички
производи, вклучувајќи ќерамиди, тули, тули отпорни на оган и порцелан.
Производството е лоцирано во Пехчево, во југоисточниот дел на Македонија.
Лоцираноста на голема оддалеченост од постоечката примарна гасоводна
мрежа и големите трошоци за употреба на екстра лесно масло за горење во
производниот процес ја наметнува потребата за изнаоѓање на решенија за
искористување на зелената и економски поисплатлива енергија, како алтернатива во
задоволување на потребите на гориво. Ова прашање може да се реши со користење
на течен нафтен гас (ТНГ) или компримиран природен гас (КПГ) како економски и
еколошки оправдани горива.
По успешната имплементација, на Систем за мониторинг/управување со
потрошувачката на енергија во производниот погон со заедничко учество во
трошоците, менаџментот на компанијата се обрати и побара од Проектот на УСАИД
за индустриски менаџмент стручна помош во развојот на студија за промена на
гориво. Студијата ги истражува можностите за штедење на енергијата преку замена
на екстра лесно масло за горење (ЕЛМ) со гасни горива - течен нафтен гас или
компримиран природен гас, како енергенси кои би биле во примарна употреба во
фабриката.
Првиот модел се однесува на замена на ЕЛМ со ТНГ и се состои од три
различни сценарија во однос на просечната годишна потрошувачка на ЕЛМ.

75
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Вкупната инвестиција потребна за спроведување на овој модел изнесува 707.000


евра (без ДДВ), додека очекуваните резултати се прикажани табеларно подолу.
Вториот модел подразбира замена на ЕЛМ со КПГ. Вкупната инвестиција за
спроведување на овој модел се 714.500 евра (без ДДВ).
И двата модели покажуваат дека се ефикасни и економски оправдани
инвестиции. Останатите придобивки, како што се намалување на времетраењето на
периодот на предгревање за околу 3 часа и подобрување на искористувањето на
енергијата потребна за загревање и енергијата која сега се употребува во котларата,
ќе допринесат кон заштеда на трошоците за енергија за 10-15%. Нова Рефрактори
очекува дека преку спроведувањето на една од овие мерки ќе се подобри
конкурентноста на производите и рентабилноста на фабриката.
Дополнително кон овие придобивки, со оваа инвестиција, ќе се овозможат и
голем број еколошки подобрувања. Имаќи во предвидпревид дека фабриката е
лоцирана во урбан простор, оваа инвестиција е значајна како за микро животната
средина во кругот на фабриката, така и за поширокиот урбан простор.
Табела 11: Модели и поврат на инвестиции

10. Компензација на реактивна моќност и надградба на софтвер за


тарифирање води кон подобрување на управувањето со потрошувачката
на енергија во Везе Шари

Везе Шари е една од водечките домашни компании за живинарство која


успешно ги пласира своите производи на локалните и на регионалните пазари повеќе
од 15 години. Во 2007 година, компанијата го прошири својот бизнис со
воспоставување на нејзина ќерка компанија Лекер, која произведува преработки на

76
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

пилешко и говедско месо со користење на домашни суровини. Во 2015 година, Везе


Шари ја изгради првата централа на биогас во Македонија, со инсталирана моќност
од 1 MW.
Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент (ПИМ) реализираше Систем
за мониторинг/управување со потрошувачката на енергија во Везе Шари. Исто така,
на барање на клиентот, ПИМ обезбеди стручна помош која ќе и помогне на
компанијата да ја намали својата потрошувачка на електрична енергија и трошоците
за истата. Поддршката се фокусира на две области:
1. Проектот за индустриски менаџмент подготви изведбен проект за
автоматски систем за компензација на реактивна енергија за централата на биогас
Електро Шари. Системот овозможува автоматска контрола на кондензаторите, со
што се постигнува одржување на факторот на моќност најблиску до вредност 1.Врз
основа на собраните податоци за генерираната реактивна моќност во Електро Шари,
капацитетот на системот за компензација е утврден да биде 125 kVAr. Системот е
проектиран со автоматско реле кое има 6 чекори на контрола. Инвестицијата во овој
систем резултира со кус период на поврат од помалку од 1 година.
2. По реализацијата на Системот за мониторинг/управување со
потрошувачката на енергија во Везе Шари, компанијата изврши собирање на
податоци и детална анализа на потрошувачката на електрична енергија во сите три
производни единици - Лекер, Живинска фарма, и Електро Шари.
3. Со цел компанијата да има јасна слика за потрошувачката на електрична
енергија и трошоците за истата во секој од производните погони, Проектот за
индустриски менаџмент обезбеди техничка поддршка во реализацијата на
нарачаната надградба на постојниот софтверски пакет кој генерира потрошувачка на
електрична енергија по тарифи, на следниот начин:

77
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

• Висока тарифа (ден): 7:00 - 22:00 понеделник - сабота


• Ниска тарифа (ноќ): 22:00 - 07:00 понеделник - сабота
• Ниска тарифа: 0:00 - 24:00 недела

Модернизираната софтверска апли-кација и помага на менаџментот, како и на


техничкиот персонал, да се здобијат со подобро разбирање за распределбата и
потрошувачката на електрична енергија во секој од трите погони. Тоа овозможува
подобро да се дефинираат мерките за подобрување на енергетската ефикасност во
секоја производна единица, а кои компанијата треба да ги превзпреземе со цел да
стане поконкурентна на локалните и на регионалните пазари.

11.Проект за оптимални можности за енергетска ефикасност кој ја


зголемува конкурентноста на млекарата Здравје Радово
За време на 14 години од своето постоење, регионалниот произведувач и една
од најголемите млекарници во Македонија - Млекара Здравје Радово, постојано
вложува значителни напори во развојот на своите производи и проширување на
палетата на повеќе од 60 млечни производи. Денес, погонот на Млекара Здравје
Радово, лоциран во Куманово, е лидер во продажбата на бело сирење, со пазарен
удел од над 60% во земјата. Компанијата е исто така меѓу најпознатите
производители на кашкавал, како и на програмата за кисело-млечни производи која
вклучува јогурт, павлака и кисело млеко.
Со поддршка на УСАИД во заедничка поделба на трошоците, компанијата
инсталира Систем за мониторинг/управување со потрошувачката на енергија (СУЕ),
со цел следење на потрошувачката на електрична енергија. Покрај тоа, Проектот на
УСАИД за индустриски менаџмент и помогна на компанијата да се формулираат,
финансиски да се оценат, како и да се рангираат неколкуте алтернативни мерки
(проекти). Тие би ја подобриле енергетската ефикасност на производните процеси на
компанијата, со што би се зголемила стабилноста на потрошувачката на топлинска и
електрична енергија и би се намалиле производните трошоци на компанијата.
Студијата елаборира инженеринг концепти за три мерки:

78
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

1. Поправка и изолација на главните парни цевководи од котларата до двата


производствени погони за кисело-млечни производи и сирење. Оваа мерка, со буџет
за почетна инвестиција од €10.500, и помага на компанијата да се намалат загубите
на топлинска енергија во системот за дистрибуција на пареа, а кои се јавуваат
поради старата и оштетена изолација на цевководите за пареа. Со воведување на
оваа мерка, загубата во дистрибуција на топлинска енергија, се намалува за 75-80%.
Оваа инвестиција е реализирана во ноември 2016 година.
2. Инвестиција за замена на постојниот котел со нов високо ефикасен котел,
со ефикасност од најмалку 95%.
Ова ќе резултира со заштеди во горивото кои се резултат на разликата во
ефикасноста помеѓу постојниот и новиот котел, како и вкупните трошоци за
одржување на истите. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува €53.500
и поврат на инвестиција до 3 години. Нето сегашната вредност, која изнесува 2,25
пати од почетната инвестиција, ја прави оваа мерка многу исплатлива. Интерната
стапка на поврат е значајна и изнесува 44%, што обезбедува висок поврат на
инвестицијата и го ограничува ризикот во спроведување на проектот (износ на
инвестиција, намалени трошоци за одржување и цена на капитал).
3. Инвестиција во постројка за комбинирано производство на топлинска и
електрична енергија за задоволување на сопствените потреби. Како гориво би се
употребувал компримиран природен гас, што ќе доведе до намалување на годишните
трошоци за енергија во компанијата. Меѓутоа, како резултат на: (1) значителен
капитален буџет од околу €210.000; (2) сегашна ниска цена на електричната енергија
и (3) нееднаква побарувачка за топлинска и електрична енергија, повратот на
инвестицијата е неатрактивен, поради што реализацијата на овој проект е одложена.

79
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ГЛАВА III ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И


КОНКУРЕНТСКАТА ПРЕДНОСТ

1. Дефинирање на обновливите извори на енергија

Обновлива енергија (ОЕ) е енергија добиена од природни и постојани текови


енергија кои се случуваат во непосредната околина. Очигледен пример е соларната
(сончевата) енергија, која ја има во поголемиот период од 24-часовниот период.
Оваа енергија уште се нарекува и ,,зелена“” енергија.
Постојат пет основни извори на користена енергија (ИЕА, 2003):
1. Сонце
2. Геотермална енергија од ладење, хемиски реакции и радиоактивно
распаѓање на земјата
3. Движењето и гравитацискиот потенцијал на Сонцето, Месечината и
Земјата
4. Човечки - индуцирани нуклеарни реакции
5. Хемиски реакции од минерални извори
Обновливите извори на енергија потекнуваат од првите три континуирани
извори на енергија, додека ограничените енергетски резултати од енергија
потекнуваат од последните два извори. Најзначајни извори за глобалните
енергетски резерви се 1 и 4.
За разлика од конвенционалните извори на енергија, кои бараат милиони
години за формирање, обновливите извори на енергија (ОИЕ) се извори кои
постојано се обновуваат во текот на човековиот животен век.
Денес, ОИЕ е термин кој се користи за електрична енергија или топлина
генерирана од сончевата енергија, хидроенергија, енергија од ветер, геотермална
енергија и енергија произведена од биомаса.
Сончева енергија
Активното користење на сончевата енергија се ефектуира со технички уреди
(соларни панели) за добивање топла вода и (фотоволтаични панели) за добивање
електрична струја.

80
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Хидроенергија
Околу 70% од површината на земјата е покриена со вода. Таа отсекогаш
претставувала централен ресурс во човековиот развој. Употребата на
хидроенергијата бележи континуиран технички развој и во моментов претставува
вториот најкористен извор на обновлива енергија во светот, веднаш зад цврстата
биомаса. Од хидроенергијата се добива многу голем дел од обновливата енергија, со
што се произведуваат 16.6% од светската потрошувачка и 92% од вкупната
обновлива електрична енергија (ИЕА, 2003).
Енергија од ветер
Истражувањата покажале дека ветерот има потенцијал да произведе 20%
повеќе енергија од количината која моментално му е потребнана светот.Ветрот треба
да се смета како важна компонента на било која долгорочна енергетска стратегија,
бидејќи е природен извор на електрична енергија и има огромна предност за разлика
од традиционалните извори на енергија, како што се фосилните горива. Кога на сите
постоечки турбини би се направиле уште 100 повеќе, потребите за енергија на светот
би биле задоволени, тврди Марк Џејкобсон, професор по градежништво на
универзитетот Стенфорт.
Биомаса или биогас енергија
Биомастаа е поим за биоразградлив дел од производите, отпадот и остатоците
од земјоделството, шумски отпад и сродни индустрии, како и биоразградливиот дел
од индустрискиот и комуналниот отпад.Може директно да се трансформира во
енергија по пат на согорување. Со ваков вид на искористување на биомасата се
добива како топлинска, така и електрична енергија. Во зависност од агрегатна
состојба, биомасата може да биде цврста, течна и гасовита.
Геотермална енергија
За искористување на геотермалната енергија се употребуваат основни уреди
со електрични топлински пумпи, кои се користат за загревање и ладење, на принцип
одземање топлина од средина со повисока температура и пренесување на топлина
кон средина со пониска температура, при тоа првата средина се лади а втората се
загрева.
Топлинските пумпи користат енергија на надворешен воздух, вода и земја:
Воздух-воздух: топлинската енергија од надворешниот воздух се пренесува на
внатрешниот воздух со вентилациски уреди.

81
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Вода-вода: топлинската енергија од подземните води, реки, езера, отпадна


вода од производни процеси се предава на јадијаториили вентилоконвектори во
внатрешноста.
Земја-вода: топлинската енергија од земјата, преку затворен систем на
хоризонтални или вертикални цевки поставени во земјата, преку дистрибутивен
систем со вода, се предава во ванатрешноста.
Земја-воздух: топлинската енергија се одзема од земјата преку затворен
систем на хоризонтални или вертикални цевки поставени во земјата или преку
воздушен дистрибутивен систем топлината се предава во внатрешниот простор.

Слика 8. Геотермални топлински пумпи

Извор: Практични пресметки на градежни конструкции, Семинар за енергетска


ефикасност, Стопанска комора на Македонија, 6 и 7 декември 2011

2. Обновливите извори на енергија и одржливоста на бизнисот

Поимот "„одржливост“" ги опфаќа прашањата за животната средина,


поширока општествена одговорност на претпријатијата, и континуитетот на
долгорочниот економски опстанок на бизнисот.

82
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Одржлив бизнис модел е пристап кој нуди добра и услуги кој обезбедува
финансиски бенефиции за бизнисот, помага да се подобри животната средина и
обезбедува социјални бенефиции за вработените и локалната заедница.
Одржливиот бизнис прави профит на долг рок, не предизвикувајќи штета на
животната средина, обезбедувајќи конкурентска предност преку усогласување на
добивка и еколошките цели (слика 9). Согалсно моделот на одржлив бизнис,
компаниите треба да ги интегрираат и прашањата за животната средина во
социјалното управување на нивниот бизнис модел и да дејствуваат на нив.

Слика 9: Енергетски ефикасни системи за подобрување на енергетската ефикасност

Извор: Sheila Bonini and Stephan Görner (2011) “The business of sustainability: McKinsey
Global Survey results,” Oct 2011, достапно на: mckinsey.com

На слика 9 е објаснето како успешните компании ги користат енергетски


ефикасните системи за подобрување на енергетската ефикасност за менаџирање на
ризикот и за зголемување на растот и капиталот на компанијата. Тоа што јасно може
да се види од ова истражување е дека компаниите кои ги интегрирале енергетски
ефикасните и одржливи системи во нивното секојдневно работење успеале да
забележат брзи резултати кои им овозможиле уште поголем раст и развој на нивниот
бизнис. Овие лидери во бизнисот ни покажале дека веруваат во можностите кои
енергетски ефикасните системи ги креираат и дека истите можат да придонесат и за
финансиски придобивки на бизнисот. Заштедите кај компаниите со интегрирање на
ваквите системи се движат во граници од 25 до 70% од заработката пред
оданочување и амортизација. Со користење на овие системи за одржливост

83
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

компаниите исто така обезбедуваат и независност од енергетскиот пазар како и од


цената на електричната енергија.

3. Обновливите извори на енергија - начин за супституција на


енергијата произведена од фосилни горива

Фосилните горива се еден од главените извори на енергија кои се користат во


моментот, но овие извори нема да траат вечно, тоа значи дека во иднина
обновливите извори ќе морат да ја превзпреземат нивната улога. Сите извори на
енергија имаат одреден тип на влијание врз околината.
Фосилните горива како јаглерод, нафтата и природните гасови се многу
поштетни за околината отколку обновливите извори на енергија. Најголемо
негативно влијание имаат за загадувањето на воздухот и водат, а со тоа се нарушува
и здравјето на луѓето, како и природните засолништа на животните, користењето на
земјата и се зголемува емисијата на стакленичките гасови (Klugmann-Radziemska,
2010).
Моментално се користи многу мал дел од потенцијалот на производство на
енергија од обовливи извори. Бројни студии покажаале дека обновливите извори
можат масовно да се користат за производство и да завземат се поголемо учество во
задоволувањето на енергетските потреби во иднина. Според (REN21 Renewables,
2010), обновливата енергија може да ги замени фосилните горива во четири области:
Производство на електрична енергија, греење на вода, моторни горива и
производство на енергија во рурални средини каде што нема приклучок на
стандардната електрична мрежа.
1. Производство на електрична енергија
Обновливата енергија моментално произведува околу 19% од енергијата на
светско ниво. Генератори на обновлива енергија има речиси во сите земји во светот.
Енергијата од ветер има голема улога во делот на производствена енергија, На
пример во германската провинција Schleswig-Holstein 40% од електричната
енергијата се произведува од ветер, а во Данска производството на електрична
енергија од ветер достигнува 49%. Голем број од земји во светот ја произведуваат
речиси целата енергија од обновливи извори. Во овие земји спаѓаат Исланд(100%) и
Норвешка (98%). Исто така, голем процент од елетричната енергија од обнволиви

84
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

извори се произведува и во Бразил (86%), Австрија (62%), Нов Зеланд (65%) и


Шведска (54%).
2. Енергија за затоплување
Топлата вода произведена од соларни панели има се поголемо учество во
вкупното производство на енергија за греење, тоа е особено изразено во Кина, каде
што се произведува околу 70% од вкупата енергија произведена од соларни панели
од глобалните 180GWh. Најголемиот број од овие системи се инсталирани на
станбени згради и моментално задоволуваат голем дел од потребите за топла вода на
околу 50 до 60 милиони смејеста во Кина. На светско ниво вкупниот број на
инсталирани соларни панели ги задоволуваат потребите за греење на вода над 70
милиони смејства.
Користењето на биомаса за загревање секој ден завзема се поголема улога. Во
Шведска користењето на биомаса на производство на енергија веке го надмина
користењетона фосилни горива. Освен биомаса, користењето на геотермална
енергија за загревање исто така забрзано расте.
3. Енергија за транспорт
Биогоривата одиграле голема улога за значително намалување на
користењето на фосилните горива во САД уште од 2006 година. 93б милијарди
литри од биогориво произведени во светот во 2009 година замениле еквивалент од
68 милијарди литри на фосилни гориван, што е еднакво на 5% од вкупното
производство на бензин во светот.
Интернационалната агенција за енергија (IEA) предвидува дека обновливите
извори до 2040 година ќе произведуваат само 17% од вкупната енергија, затоа што
производството на енергија од јаглен (31%) и од природен гас (24%) ќе продолжат да
бидат економичен и стабилен извор на енергија. Предвидувањето од 17% можеби е
мало имајќи во предвидпревид дека (IEA) континуирано предвидувала помал раст
кај обновливите извори на енергија и доколку се земат во предвидпревид се
поагресивните мерки за енергетска ефикасност и заштита на околината кои се
преземаат на светско ниво бројките би можеле да се искачат и до 31%. Но дури и со
31% фосилните горива сеуштесè уште би биле значаен фактор во вкупното
производство на енергија(Графикон 5) .

85
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Графикон 5: Светско производство на енергија од 1990 до 2040


изразено во илјада терават часови на енергија

Извор: Mc Kinesey & Company (2014), World Outlook 2014, International Energy Agency,
достапно на: mckinsey.com

86
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

4. Економски ефекти од енергетската ефикасност и обновливите


извори на енергија

Процесот на постепено преминување кон одржлива енергијата, значително ќе


придонесе за исполнување на поставените цели кои се во корист на намалување на
климатските промени. Од витално значење би било и кога креаторите на политиката
би ги разгледале опциите на располагање и социо-економските придобивки на оваа
транзиција.
Забрзаната примена на обновливите извори на енергија ќе промовира да се
создаде економска раст и нови можности за вработување, подобрување на човечката
благосостојба и поздрава клима во иднина. Напредокот во технологиите за
обновлива енергија ќе ја зголеми конкурентноста во трошоци и ќе го зајакне
бизнисот, вооедно создавјќи нови можности за реализација на енергетски системи
(IEA и World Bank, 2015).
Зголемување на светскииот БДП
Двојно зголемување на учеството на ОИЕ во глобалниот енергетски микс, ќе
го зголеми глобалниот БДП во 2030 година до 1,1%, што е еквивалентно со 1,3
трилиони долари. Повеќето од овие позитивни влијанија врз БДП се водени од
зголемување на инвестициите во обновливите извори на енергија, која предизвикува
последователни ефекти во целата економија на глобално ниво (IEA и World Bank,
2015).
Поквалитетен живот
Обновливата енергија покрај зголемување на БДП, ќе придонесе за
благосостојба и подобрување на квалитетот на живеење. Подобрувањата на
човековата благосостојба ќе биде многу позначајна од БДП. Предностите од
обновливите извори на енергија се далеку од традиционалните и ограничени мерења
на економските перформанси. Двојното зголемување на уделот на ОИЕ до 2030
година би имал позитивен ефект на глобалната благосостојба, при што би се
очекувало нејзино подобрување за 2,7%. Доколку се постигне повисока
електрификација, прозводство на топлинска енергија и транспорт, глобалната
благосостојба уште повеќе би се подобриал за 3,7% (IEA и World Bank, 2015).

87
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

За постигнување на очекуваната благосостојба играат голем број на фактори,


вклучувајќи:
 Економски влијанија на потрошувачката и инвестициите;
 Социјални влијанија на трошоците за здравство и образование;
 Влијанието врз животната средина, мерено во емисии на стакленички гасови
и потрошувачката на материјали

Работни места
Двојното зголемување на учеството на обновливите извори на енергија,
директно и индиректно би овозможиле до 24,4 милиони работни места во 2030
година.
Работните места ќе се зголемат во технологиите, кои се одговорни за
поголемиот дел од вработувањата и денес, како што се енергија од биомаса,
хидроенергија и соларна енергија. Долгиот синџирот од вредноста на обновлиовите
извори на енергија ќе донесе работни места од снабдување со гориво (биоенергија и
суровини), инсталации и опрема за производство (IEA и World Bank, 2015).

Трговија
Трансформацијата на енергетскиот систем ќе ги поттикне увозниците и
извозниците да создаваат нови пазари. Употребата на обновливите извори на
енергија ќе влијае и на трговијата со енергетска опрема и услуги, како и трговијата
со фосилни горива. Тргувањето со обновливи извори на енргија и други капитални
стоки и услуги ќе се зголеми со зголемување на употребата на електрична енергија.
Во исто време, тоа ќе придонесе до намалување на трговијата со другите извори на
енергија, особено на фосилните горива.
ОИЕ во глобалниот енергетски сиситем ќе има големо влијание врз гориво
увозниците и извозниците. За фосилни гориво увозници, на патот кон поголем удел
на обновливите извори на енергија има потенцијално поволни трговски импликации
кои произлегуваат од последователни ефекти врз нивните економии, како и
подобрување на енергетската сигурност поради поголемо потпирање на
домородните извори.

88
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Зголеменото учеството на ОИЕ во глобалниот енергетски пазар ќе имаат


големо влијание врз економијата на земјите увозници, како и на земјите извозници
на фосилни горива. За земјите кои се увозници на фосилни горива, зголемувањето на
уделот на обновливите извори на енергија позитивно ќе се одрази врз нивната
економија, ќе се намали нивната зависност од увоз на енергија и ќе се зголеми
нивната енергетска сигурност.
Кај извозниците на фосилни горива може да се појави чувствителна промена
во трговските релации. Со оглед на високиот придонес на фосилните горива во БДП,
зависноста на приходи од извоз значително би влијаело врз нивните економии.
Сепак употребата на обновливите извори на енергија, во земјите извознички на
фосилните горива може да се гледа како можност за економска диверзификација и
позиционирање во нови пазари (IEA и World Bank, 2015)

5. Ефектите од обновливите извори на енергија врз животната


средина

Од голема важност е влијанието на производството на енергија од обновливи


извори, како енергија од ветер, соларна енергија, геотермална енергија, биомаса и
енергија од вода врз животната средина. Видот и големината на влијанието на секој
од овие системи на животната средина зависи од видот на технологија која се
користи, географската локација и многу други фактори (Klugmann-Radziemska,2010).
Голем дел од влијанието на обновливите извори врз околината можат да се следи и
анализира преку: загадувањето на воздухот, водата, производството на отпадни
материјали, особено на штетни материјали, создавањето на бучава, користењето на
земјени површини, придонесот за глобалното затоплување и др.
Имајќи ги предвид моменталните и потенцијалниоте последици врз
околината на секој различен тип на извор на обновлива енергија, може да се
превзпреземат чекори кои ќе го намалат или тотално елиминираат ризикот или
можните штетни ефекти врз околината. Иако моментално дел од обновливите извори
на енергија имаат одредени негативни последици врз околината, сепак споредено со
стандардните извори на енергија истите се многу помали врз животната средина
(Eco friendly).

89
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Во овој контекст се превзпреземаат бројни мерки за зголемување на јавната


свест за да се намали користењето на стандардни извори и да се зголеми
користењето на обновливи извори на енергија. Исто така се носат бројни промени во
владините политики, промени на законите и прописите, па дурии и субвенции за
користење на обновливи извори.
Негативното влијание на обновливите извори врз околината е значително
намалено, а за тоа голема улога имааат следните фактори:
 Зголемена ефикасност на системите за обновлива енергија и зголемениот
животен век
 Поголема ефикасност во нивно производство
 Користење на материјали кои не се штетни за околината и сл.
Споредба помеѓу користите и трошоците на системите за обновлива енергија
се презентирани во табела 12.

Табела 12. Споредба помеѓу загубата и придобивките врз околината:

Придобивки за околината Загуби за околината

1. Произведена енергија од обновливи 1. Производство на системи и управување


извори со системи (BOS)
2. Заштеда од стакленички гасови * Емисија на стакленички гасови
* Загадување со тешки метали
*Време на повраток на потрошената
енергија за производство
2. Загадување настанатао од производство
на системите за обновлива енергија.

Извор: Hunt, T.M., 2001. Five Lectures on Environmental Effects of Geothermal Utilization (No.
1). United Nations University.

Енергетски ефикасни системи и нивното влијание врз околината

Енергијата од ветер
Енергетски ефикасните системи имаат различно влијание врз околината, на
пример ветерниците кога ќе се постават на обработливо земјиште, тоа е еден од

90
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

најмалите можни влијанија врз околината од сите извори на енергија, бидејќи истите
одземаат многу мал простор а произведуваат доста енергија. Енергијата произведена
и претставена во kWh/m2 е многу поголема од кој било друг систем за обновлива
енергија. (Macintosh и Downie, 2006). Во исто време не пречи на културите кои се
одгледуваат на истото земјиште. Ветерниците произведуваат доволно енергија за во
рок од 3 месеци да ја вратат потрошената енергија за нивно производство, а нивниот
просечен животен век е од 20 до 25 години (Klugmann-Radziemska, 2010).
Влијанието врз стакленичките гасови е многу мало и незначително,
ветерниците не правт никакво загадување на околината, а истите можат многу
ефикасно да ги заменат стандардните извори на енргија како што е јагленот.
Турбините на ветер се причина за вкупното намалување на стакленичките гасови и
загадувањето на воздухот. Модерните турбини на ветер работат доста тивко и
ротацијата на перките е доволно бавна за истите да не претставуваат никаква
опасност за воздушниот животински свет (Baerwald et al , 2008).

Влијанието на соларната енергија врз околината:


Фотоволтаиците моментално претставуваат една од најбезбедните технологии
за производство на енергија и истите се значително побезбедни од традиционалните
методи за производство на електрична енергија. Во текот на животниот век
фотоволтаиците произвуваат многу повеќе енергија отколку што е потребно за
нивно производство. Модул од 100W може да спречи емисии на CO 2 од преку 2 тона.
Овие системи не создавват никаква бучава и не загадуваат додека се во функција.
Технологиите за фотоволтаичните ќелии значително го имаат намалено ризикот кон
околината во споредба со останатите извори на енергија. Меѓутоа во текот на
производство на фотоволтаичните ќелии може да дојде до загадување на воздухот,
водата и околината, поради тоа што за нивно производство се користат повеќе
видови на штетни хемикали.
Според податоците од U.S. EPA’s Toxics Release Inventory System (TRIS),
било утвдено дека хемикалиите користени во производниот процес најчесто не се
испуштаат во околината и дека ризикот за нивно испуштање во околината е
минимален.

Влијанието на геотермалната енергија

91
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Геотермалната енергија е релативно стабилен извор на енергија. ГВоглавно


влијанието на овие системи е позитивно. Користењето на овој тип на системи е се
поприсутно низ целиот свет, затоа што е директна замена за увозот на електрична
енергија и фосилните горива (Institute of Geological and Nuclear Sciences, 2001).
Енергијата произвеена од геотермалн иизвори има доста помало количество на
издувни гасови отколку енергијата од фосилни горива. Според International Atomic
Energy Agency (IAEA), доколу се замени 1kWh произведена од фосилни горива со
1kWh од геотермална енергија, влијанието врз глобалното затоплување ќе се намали
за 95%. Меѓутоа инсталацијата на системи за геотермална енергија може да има
одредени негативни последици врз околината, меѓутоа истите можат да се избегнат
со соодветни мерки за ублажување и планови за следење на нивна изведба. Сите
големи градежни зафати и ископи имаат негативно визуелно влијание за околината,
ствараат бучава и отпад (Goff SJ et al, 2012).
Ефектот на енергијата од биомаса врз околината
Погоните за производство на енергија од биомаса имаат некои сличности со
погоните за производство на енергија со погоните за производство на енергија од
фисилно гориво, но не и исти последици врз загадувањето на воздухот.
Погоните на биомаса како и погоните на природен гас и јаглен користат вода
за ладење. Исто така за производство на биомаси потребни се големи површини на
кои се произведува биомаса. Производството на суровините кои се користат за
производство на енергија од биомаса исто така влијаат врз глобалното затоплување,
кое е предизвикано од транспортот на суровините и нивното согорување (Spath и
Mann, 2004).

Ефекти од хидроелектрани врз околината


Иако хидроелектраните немаат негативни последици врз воздухот,
оперирањето со хидроелектраните и браните можат да имаат значително влијание
врз природните текови на реките и врз флората и фауната во водите и околината.
Секоја посебна хидроелектрана има различно влијание врз околината и секогаш е
потребно да се направи студија за нејзиното влијание.
На рамни терени големите брани можат да создадт поплави на земјиштето, да
ги нарушат природни живеалишта на животните, и да ги принудат луѓето да го
променат местото на живеење поради браната. Околу 40 до 80 милиони луѓе го
смениле местото на живеење поради изградба на брана. Исто так се спречуваат и

92
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

некои имиграциони процеси на животни, како што е случајот со пастрмката. Браните


го намалуваат протокот на вода низ реките после браните. Честопати големото
количество на вода во браните е погодно за размножувањето на комарците и
пренесување на некои болести. Поради загревањето на водите во браните се влијае и
врз затоплувањето на климата во регионот, како и на животните кои живеат на места
после браните (Sanguri, 2013).

6. Општествени ефекти од обновливите енергетски системи

Порастот на населението и подобрувањето на квалитетот на животот, ќе бара


сèе повеќе енергија, и покрај подобрувањата во обалста на енергетската ефикасност.
Општествените придобивки, се проценуваат како збир на избегантите трошоци и
економските пирдобивки и се мерат во монетарна валута за киловат-час (US $ /
kWh), Општествените продобивки се зразуваат креку равенката:

општествени придобивки = избегнати трошоци + економски придобивки

Избегнати трошоци
Под избегнати тришоци се подразбира разликата помеѓу користење на
стандарните фосилни горива како енергија и зголеменото користењето на новите
обновливи извори на енергија.
Анализата зема во предвидпревид три типа на избегнати трошоци:
 Избегнување на финансиски трошоци поврзани со штетно издувните
гасови (CO2, CH4, N2O,SF6 ..)
 Избегнување на трошоци поврзани со контрола на загадување на воздухот.
 Избегнување на трошоци поврзани со напори за одржување на
енергетската сигурност.
Оттука избегнаите птрошоци се изразуваат преку следнава равенка:

93
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Избегнати трошоци = климатски последици + контрола на загадување на


воздухот + енергетска безбедност

Каде што, под климатски последици се подразбира вредноста на избегантите


финансиски трошоци за емисиите на јаглерод диоксид кои би се емитувале во
иднина. Под контрола на загадување на воздухот се подразбираат избеганти
трошоци за опрема и заштита на загадување на воздухот, според стандардите за
заштита на животната средина и светската здравстевна организација. Во оваа точка
не спаѓаат потенцијалните здравствени ризици или ефектите од намалена
продуктивност, кои се последица на загадувањето на воздухот. Под енергетска
безбедност се подразбира независност од варијабилната цена на фосилните горива.

Економски придобивки
Под економски придобивки се подразбираат финансиските добивки кои се
резултат на независноста на една држава од увоз и извос на енергија.
Економските бенефициии најдобро можат да с еобјаснат преку следнава
равенка:

Економски бенефиции = баланс на трошоци за енергија + креирање нови


работни места

Во баланс за трошоци за енергија спаѓаат економските бенефиции кои се


резултат на намалувањето на варијациите на цената на енргијата, која зависи од
увозот и извозот на енргија.
Креирање на нови работни места претставуваат сооднос од работни места кои
би се создале со приминување на обновливи извори на енергија и работни места кои
постојат како резултат на традиционалните извори на енергија (како што се
фосилни горива) (EWEA, 1999; Kammen et al. 2006 и Wei et al. 2010).

Избегнувањето на климатски промени е еден од најголемите предизвици за


човештвото на 21век. Ако не се дејствува брзо и ефикасно во насока на намалување
на стакленичките гасови (GHG), би се случила голема катастрофа. Според
извештајот од одделот за климатски промени (IPCC) има сознание дека климата

94
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

глобално се менува како последица на човековиот фактор и последиците се многу


сериозни (IPCC, 2007c). Покачување на средната температура од 2 до 3 степени, би
значело скоро 2 миалијарди луѓе погодени од значително намалено производство на
агро култури, немање доволно вода за пиење, намалување на достапноста на храна
во земјите во развој и голем ризик за изумиранње на 20 до 30% од светската фауна
(IPCC, 2007a, 2007c).
Од посебно значење се потенцијалните можности за поттикнување на
неповратно топење на мрзот на Гренланд и Антарктик, кое може да доведе до нагло
зголемување на океаните, кое може да биде и до 12 метри над моменталното ниво
(Hansen, 2007). За избегнување на негативните последици врз климатските промени
Обединетите Нации, Европската Унија и другите земји во светот, вложуваат
заеднички напори за глобалното затоплување да не надмине 2 степени целзиусови на
годишно ниво, каков што бил случајот пред индустриската револуција (1750-1850
година).
Една од целите е и намалување на концентрацијата на стакленичките гасови
(GHG) во атмосферата, шансите да се постигне оваа цел се поголеми од 50%
(Meinhausen, 2005; Baer и Mastrandrea, 2006). Се очекува до 2020та година
глобалната емисијата на стакленички гасови да биде намалена за најмалку 50% , а
до 2050та година и над 50% ( иако во тоа време популацијата на земјата се очекува
да надмине 9 милијарди).
За да се постигне глобална политичка согласност на толква амбициозна цел,
развиените земји ќе мораат со сигурност да се посветат на пропоционално доста
поголемо намалување на емисиите на штетните гасови, со претпоставка во
границите од 80 до 90%.
Постигнувањето на оваа цел би била предизвик со глобално значење за
човештвото и истото е возможно само доколку значително се зголеми користењето
на обновливи извори на енергија, намалување на потрошувачката на енергија,
подобрување на технологиите, намалување на употреба на традиционалните извори
на енергија од фосилни горива (Pacala и Socolow, 2004; (IPCC, 2007); Krewitt et al.,
2007).
Независните студии, како и официјални владини извори, претпоставуваат
дека главниот начин за намалување на потрошувачката на енергија може да се
постигне преку потикнување и зголемување на енергетската ефикасност. Тешко е да
се предвиди дека економијата може да функционира со ниско ниво на јаглерод

95
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

диоксид доколку истата не е поекономична и поефикасна (Herring и Sorrell, S., 2009).


Во спротивно на досегашните опции за енергија, поддршката за економични и
ефикасни мерки за заштеда на енергија има доста добра поддршка и од бизнисите,
групите за заштита на животната средина, политичките партии и јавноста. Во
модерните економии поимот енергетска ефикасност станл синоним за нешто добро и
корисно, во што никој не се ни сомнева (Princen, 2005).
Меѓутоа подобрувањето на енергртската ефикасност не е толку ефективно во
намалувањето на потрошувачката на енергија и тоа е во спротивно со мислењето на
многумина. Една од причините за иста или поголема потрошувачка на енергијата е
таканаречениот ‘rebound effects’ (бумеранг ефект), кој се случува поради
пристапната цена на обновливите извори на енергија и бидејќи нема недостиг од
истата. Поради тоа очекувањата да се намалат емисиите на издувни гасови ќе биде
потешко да се оствари.
За намалување на емисиите на CO2, многу влади бараат начин за подобрување
на енергетската ефикасност преку економски мерки. Се претпоставува дека ваквите
мерки ќе ја намалат вкупната потрошувачка на енергија во споредба со сценарија
каде овие мерки не се применуваат. Меѓутоа веќе повеќе години економистите
откривале низа на проблеми кои ги намалуваат очекуваните заштеди на енергија.
Истото се случило и кога првпат била претставена парната машина во 19век, што
значително придонело за побарувачката на енергија, но и за поголема економска
раст (Alcott, 2005).
Природата на бумеранг ефектот е фокус на долгорочни дебати во полето на
енергетиката. Едно од прашањата е дали енергетски ефикасната технологија може да
ја намали потрошувачката на енергија во очекуваните граници.
На пример дали 20 процентно подобрување на потрошувачката на енергија
кај патничките возила ќе доведе до 20 процентно намалување на потребата на
фосилно гориво. Некои економски пресметки предвиделе дека тоа нема да се случи,
бидејќи енергетски ефикасните подобрувања ги намалуваат маргиналните трошоци
на услугите како на пример трошоци за патувања, што ќе придонесе за пораст на
потрошувачката на овие услуги. Пр. Доколку патувањето по километар се намали
или е поевтино, потрошувачите често ќе одлучат да патуваат и почесто. Ваквите
појави се дел од проблемите за точно предвидување на потрошувачката на енергија.
Овој т.н директен бумеранг ефект за првпат беше откриен од економистот за
енергетика Daniel Khazzoom (1980) и оттогаш е во фокусот на многу истражувачи

96
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

(Greening et al., 2000). Но дури и да нема директен бумеранг ефект, за одредена


енергетска услуга (на пр. доколку потрошувачите одлучат да возат исто дури и со
поекономично возило) има многу други причини зошто намалувањето на
потрошувачката на енергија нема да се намли колку што покажуваат енергетските
пресметки. На пример заштедените пари на гориво за моторните возила, можат
да се потрошат на други услуги кои исто така трошат енергија, како на пример
патувања за одмор. Ваквите ефекти се наречени индиректени бумеранг ефекти.
Севкупниот ефект врз економијата е збир од таканаречените директени и
индиректени бумеранг ефекти. Тоа нормално се изразува во проценти од
очекуваните енергетски заштеди кои се последица од енергетски ефикасните
подобрувања на технологијата.
Корисниците можат да ги искористат финасиските заштеди од енергија за
зголемување на потрошувачката на други производи, кои самите бараат енергија за
нивно производство. Енергетски ефикасните подобрувања на технологијата ќе
доведат до севкупно зголемување на продуктивноста и зголемување на економијата.
Зголемена побаувачка на производи и услуги ќе придонесе за поголема
потрошувачката на енергија.
Намалувањето на потрошувачката на енергија може да доведе до намалување
на цената на енергијата, која може да поттикне зголемување на нејзината
потрошувачка. Намалувањето на цената на енергијата исто така ќе придонесе за
зголемување на вкупниот приход и оттука потрошувачите ќе бидат охрабрени за
нови инвестициии и поголема потрошувачка на енергија.
Бумеранг ефект со вредност од 100 проценти значи дека севкупната заштеда
на енергија е целосно потрошена од индирекниот бумеранг ефект што значи дека
вкупната заштеда на енергија е еднаква на нула.
Доколку бумеранг ефектот надмине 100 проценти, тоа значи дека
потрошувачката на енергија е зголемена, со што наместо заштеда на енергија има
поголема потрошувачка на енергија. Бумеранг ефектот секогаш треба да биде
поврзан со точно дефиниран временски интервал и систем за следење на
потрошувачката на енергија.
Севкупниот ефект врз економијата обично се поврзува националната
економија, но доколку енергетски ефикасните подобрувања доведат до промени во
трговијата и интернациоанлните цени на енергијата, тие исто така може да имааат
ефект и на другите земји. Бумеранг ефектот исто така може да се очекува да ја

97
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

зголеми својата важност во текот на времето со прилагодувањето на светските


пазари, технологијата и однесувањето на потрошувачите (Herring, H. и Sorrell, S.,
2009).

7. Трошоците за производство од обновливите извори на енергија

Енергијата е еден од основните движечки фактори на економијата. Во


моментот економијата во голема мера зависи од фосилните горива како нафта, јаглен
и природен гас за производство на енергија. Сите овие горива се необновливи.
Обновливите извори како хидро енергија, енергија од ветер, геотермална и
соларна енергија моентално произведуваат помалку од 10% од вкупната енергија на
глобално ниво. Иако се користат многу различни извори на обновлива енергија,
истите не се подеднакво достапни на различни локации во светот (Timmons,2014).
Цената на обновливите извори на енергија зависи од нивните карактеристики,
особено од нивниот ниско енергетски коефициент, тие се средно достапни на
различни локации и бараат голема капитална инвестиција.
Развивањето на новите технологии ќе го намали трошокот за производство,
но можеби нема да ја направи обновливата енергија конкурентна со цената на
фосилните горива во блиска иднина, освен ако не се земе во предвидпревид дека
фосилните горива се во ограничени количини. Брзината за преминување на
обновлива енергија најмногу ќе зависи од изборот на законските прописи.
Зголемување на даноците на фосилните горива и намалување на даноците за еко-
горива е еден од начините да се постигне поенергетски ефикасно решение.
Намалувањето на цената на соларните панели и акомулаторите на енергија се
два клучни чекори за унапредување на технологијата и намалување на цената на
обновливата енргија на долгорочен план. Во иднина се очекува сите објекти и
системи за транспорт, како и произвоствените погони да се редизајнираат како би
користеле помалку енергија (Timmons,2014). Голем дел од преодот кон обновлива
енергија нема да биде направен преку нови извори на енергија, туку преку
намалување на потрошувачката на енергија на постојаните системи на енергија, а
ова ќе биде поттикнато од повисоката цена на чинење на обновливата енергија.
Соларната енергија е достапна речиси на секаде и во неограничени количини,
а трошоците на соларната енергија се приближно еднакви како и традиционалните
извори. Постепеното преминување кон обновливите извори на енергија е речиси

98
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

неизбежно, затоа треба да се запрашаме како да се изменаџира и да се намалат


вкупните трошоци и настанатите штети кои се резултат на користењето енергија.
Фосилните горива можат во целост да се заменат со мерки за штедење на енергија
какои производство на енергија од обновливи извори. Доколку се земе во
предвидпревид негативното влијанието на фосилните горива врз климатските
промени, ќе заклучиме дека преминот кон обновливите извори треба што побрза да
се случи.
Според анализите на LCOE, цената на чинење на различните извори на
обновлива енергија е доста поголема во споредба со онаа на традиционалните
извори на енргија. Најразвиените и најкористените извори на обновлива енергија,
како хидроенергија и енергија од ветер се скоро еднакви на трдадиционалните
извори, додека технологиите кои моментално се развивааат сеуштесè уште се доста
поскапи од традиционалните (Timmons,2014). Има големи варјации во цената на
нивно производство, што во главноглавно зависи од регионот во кој се
произведуваат. Цената на обновливите извори на енергија во западна Европа,
Америка и Јапонија се неколку пати повисоки од оние во Индија заради
ограничените материјали и поголемиот трошок за изработка на системи. Многу од
другите технологии моментално се користат само во одредени региони, во зависност
од карактаристиките на технологијата и локалната законска регулатива. Меѓутоа
инвестициите во чиста енергија во сите географски региони ќе се зголемува особено
во земји како Бразил, Јужна Африка и Јужна Кореа (Salvatore, 2013).

8. Конкурентска предност креирана со користење енергија од


обновливи извори во Република Македонија

Глобалната заложба за заштита на човековата околина и посебно за


намалување на емисиите на стакленички гасови, увозната зависност на Македонија
од енергија, како и потребата за обезбедување на поголема разнообразност и со тоа и
сигурност во снабдувањето со енергија неминовно наметнуваат зголемено учество
на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија. Но, паралелно со
активностите и мерките за зголемување на учеството на обновливите извори треба
да се усвојат мерки и спроведат активности за зголемување на енергетската

99
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ефикасност во финалната потрошувачка. На тој начин многу полесно и побргу ќе се


исполни целниот процент за учество на обновливите извори во финалната
потрошувачка, но и ќе се подобри конкурентноста на економијата заради намалените
трошоци за енергија (Чинговски, В., 2010).
Според Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) компаниите треба
да ги искористат сите поволности кои им се нудат и да инвестираат во сопствени
капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на
енергија. На тој начин освен енергетска независност со изградба на сопствена
фотоволтаична (фотонапонска) електрана, електрана на биогас или мала
хидроелектрана за производство на струја ќе имаат можност и за продажба на
вишокот на електрична енргија по повластени тарифи.
Ваквото вложување во компаниите би требало да се исплати за три до осум
години во зависност од квалитетот и цената на опремата. Инвестирањето во
сопствен капацитет на електрична енергија од обновливи извори на енергија е
клучен фактор за пониски трошоци за компаниите, како и за заштита на животната
средина.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во Македонија , 70,1 %
од вкупно потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 29,9% се од
увоз. Од произведената струја во земјата дури 98,2%се добива од термоелектраните
на јаглен. Овој факт треба да биде поттик за компаниите да размислат за
инвестирање во обновливи извори на енергија.
Во Р.Македонија производството на електрична енергија од обновливи
извори најмногу се базирало на хидроенергијата, но во последните години мало
учество заземала и соларната електрична енергија. Во 2010 година поради поволните
хидролошки услови учеството на обновливата електрична енергија во вкупната
бруто потрошувачка на електрична енергија било најголемо и изнесувало 28%,
додека во 2001 година се забележало најмало учество од 9,2%. После падот од 58%
во периодот од 2010 до 2012 година, позитивно било што во 2013 година имало
повторно пораст на уделот на обновливата енергија во бруто-потрошувачката на
електрична енергија во Република Македонија од 60%, кој за жал во 2014 година има
повторно пад од 17%. Прв пат во 2014 година ветерната електрична енергија
учествувала во вкупната електрична енергија од обновливи извори со удел од 0,85%.

100
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Графикон 6. Удел на обновливата електрична енергија во бруто домашната


потрошувачка на електрична енергија

101
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Извор: Државен завод за статистика (2015), достапно на http://www.stat.gov.mk

Слика10. Тренд на производство на електрична енергија од обновливи извори (%)

Извор: Државен завод за статистика (2015), достапно на: http://www.stat.gov.mk

Планираното учество на ОИЕ од 21% може да се оствари со разни можни


комбинации на искористувањето на ОИЕ и на потрошувачката на финална енергија
во претставените граници. Анализирани се четири можни сценарија.
Како најверојатни се јавуваат сценаријата С2 и С3. Во табела 1 е прикажано
учеството на ОИЕ и потрошувачката на финална енергија (ПФЕ) за најниската
предвидена граница (ДГ), највисоката предвидена граница (ГГ) и планираните
вредности според сценаријата С2 и С3 со кои треба да се обезбеди учеството од 21%.
Најниското учество на ОИЕ (ДГ) во финалната потрошувачка на енергија е добиено
врз основа на најниските планирани учества за секој од ОИЕ поединечно при
истовремена потрошувачка на финална енергија според основното сценарио од
Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија. Највисокото учество на ОИЕ
(ГГ) во финалната потрошувачка на енергија е добиено врз основа на највисоките
планирани учества за секој од ОИЕ поединечно при истовремена потрошувачка на
финална енергија според сценариото со засилени мерки на енергетска ефикасност од
Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија.

102
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Табела 14. Учество на обновливите извори на енергија во потрошувачката на


финална енергија (GWh).

Извор: Стратегија за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030


година, МАНУ, 2010.

Сценариото С3 се базира на потрошувачка на финална енергија според


сценариото со засилени мерки на енергетска ефикасност од Стратегијата за развој на
енергетиката на Македонија и според тоа претставува целна опција.
Сценариото С2 предвидува потрошувачка на финалната енергија според
основното сценарио од Стратегијата.
И во двете сценарија се предвидува намалување на загубите на електрична
енергија и топлина во преносот и дистрибуцијата до прифатливи европски нивоа.
Сценарио С1. Планираното искористување на биомасата за согорување во
2020 година е на ниво на горната планирана вредност која е за помалку од 10%
поголема од потрошувачката во 2006 година кога ќе се земат збирно евидентираната
и неевидентираната потрошувачка. Ова искористување на биомаса може реално да
се оствари со мало зголемување на дрвниот потенцијал и со подобрување на
технологијата за сеча и обработка и со тоа намалување на отпадната биомаса која не
се искористува.

103
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Сценарио С3. Ова сценарио се базира на потрошувачка на финалната


енергија која е планирана во Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија со
сценариото со засилени мерки на енергетска ефикасност (МАНУ, 2010).

МАНУ (2010), Стратегија за искористување на обновливите извори на енергија во


Република Македонија до 2020 година, Македонска академија на науките и уметностите,
Скопје.

Соларна енергија
Вкупното годишно соларно зрачење во Република Македонија варира од
минимум 1250 kWh/m2 , во северниот дел од државата, до максимум 1530 kWh/m2 ,
во југо-западниот дел, што доведува до просечно годишно соларно зрачење од 1385
kWh/m2. Интересот за изградба на сончеви централи сèе повеќе се зголемувал кај
домашните и странските инвеститори. Во октомври Во октомври 2009 година имало
само една фотоволтаична електроцентрала во државата, а сега во регистарот има
впишани вкупно 19 електроцентрали за производство на електрична енергија од
сончева енергија.
Слика 11. Фотоволтаична централа АБ Солар во Демир Хисар

104
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Во изминатиот период искористувањето на сончевата енергија како


топлинска зазема скромно место во енергетскиот биланс во Македонија. Со само
околу 4000 колекторски системи за искористување на сончевата енергија за
затоплување на вода во 2006 година сончевата енергија во потрошувачката на
финалната енергија учествуваше со скромни 7,4 GWh (0,6 ktoe), односно, со 0,04%.
Во текот на 2007, 2009 и 2011 година Министерството за економија на три
пати објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени
сончеви термални колекторски системи во домаќинства. Министерството за
економија со цел за стимулурање на користењето на сончевата енергија во
Република Македонија, на купувачите на сончеви термални колекторски системи
(колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги вградат во
своите домови, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за
обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30 %, но не повеќе од
300 евра во денарска противредност по домаќинство. (http://www.sm.mk20.com/01-
Milica.Andonov.pdf )

Хидроенергија
Нашата земја располага со значителен хидропотенцијал и неговото
искористување е од големо значење за Република Македонија, заради намалување на
високата зависност од увоз на енергија со максимално можно искористување на
домашните ресурси.
Во регистарот на централи за производство на електрична енергија од ОИЕ
кој го води Агенција за енергетика на Република Македонија, впишани се 15 мали
хидроелектрани. Од досегашното искуство, реализацијата на овие инвестициски
проекти е во согласност со енергетската политика на Владата на Република
Македонија за давање на договори за концесија и договори за воспоставување на
јавно-приватно партнерство.

Енергија од ветер
Според најновите истражувања, енергијата и моќноста на ветровите на
Земјата е толку голема, што може да го одржува сСветот функционален и одржлив.
Од сите обновливи извори на енергија највисока стапка на развој во последните две
децении има искористувањето на енергијата од ветрот. Оваа иницијатива совршено
се совпаѓа со стратегијата на Владата за развој на обновливите извори за

105
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

производство на електрична енергија, како и стратегијата на Европската Унија за


развој на овој вид капацитети. Изградбата на ветерни електрани во блиска иднина би
имала позитивни импликации врз електроенергетскиот сектор на Македонија.
Најповолни услови за искористување на ресурси од ветерната енергија во
Македонија има на планинските сртови и на ридовите по течението на реката
Вардар, Овче Поле, Богданци итн. Во насока на утврдување на поволните предели за
искористување на ветерната енергија во Република Македонија, Агенцијата има
издадено 6 одобренија за мерење на потенцијалот на ветерна енергија на
заинтересирани инвеститори, кои што ќе можат да постават соодветна мерна опрема
на определена локација. Во согласност со стратешките определби на државата за
развој на ветерната енергија, во Свети Николе, Богданци, Кожуф и Штип, поставени
се 4 мерни станици за ветерна енергија, донација од Норвешката Влада, кои се во
сопственост на ФЕИТ, а Агенцијата за енергетика е задолжена за базата на податоци.
Исто така, согласно договорот за трајно користење на мерна опрема,
Министерството за економија и отстапи на Агенцијата за енергетика дополнителни 5
мерни станици за мерење на потенцијалот на ветерна енергија. Мерната опрема е
поставена на следните локации: Могила (Долно Српци), Берово (Владимирово),
Старо Нaгоричане (Рамно), Сопиште (Света Петка) и Свети Николе (Орел). Во
општина Богданци, АД ЕЛЕМ е во втора фаза на изградба на ветерен парк од 36,2
MW, кој треба да биде пуштен до крајот на 2013 година, со тенденција истиот да
прерасне во капацитет со инсталирана моќност од 50 MW.
Агенција за енергетика на Република Македонија (2013), достапно на:
http://www.ea.gov.mk/images/stories/E_Izdanija/Agencija_2009_2013.pdf

106
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Производство на електрична енергија од повластени производители

Графикон 7: Склучени договори за откуп на ЕЕ пд ППЕЕ заклучно со декември 2016

Извор: Македонски електро преносен систем оператор-МЕПСО( 2016)„Пазарот на


електрична енергија вo 2016 и иднипланови за развој“, достапно на:
http://mepso.mk/CMS99/Content_Data/Dokumenti

Се забележува од графиконот 7 дека најмногу договори за откуп на ЕЕ од


ППЕЕ заклучно со декември 2016 биле склучени со производители на енергија од
фотонапонски централи.

107
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Графикон 8: Инсталирана моќност (MW)

Извор:Македонски електро преносен систем оператор-МЕПСО( 2016)„Пазарот на


електрична енергија вo 2016 и идни планови за развој“, достапно на:
http://mepso.mk/CMS99/Content_Data/Dokumenti

Виртуелни производители на електрична енергија, нов модел за


интеграција на обнпвливи извори на енергија

Наједноставен модел за интегрирањето на производството од обновливи


извори на енергија е со воспоставување на таканаречени виртуелни производители
на електрична енергија или витруелни генератори (МЕПСО, 2017).

Предизвикот и потребата за постоењето на овие виртуелни производители е:


- Поедноставување на продажбата на електрична енергија од мали и средни
дистрибуирани производители на ЕЕ

108
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

- Интеграција на повеќе мали и средни дистрибуирани производители на


електрична енергија и централизирано водење на истите
- Можност за пласирање на електричната енергија на пазарот на големо и
мало произведена од овие мали и средни дистрибуирани производители на
ЕЕ

Виртуелен производител е лиценцирано правно лице кое претставува центар


за контрола и управување на производниот капацитет на повеќе мали и средни
обновливи производители на електрична енергија приклучени на дистрибутивна
мрежа.
Функциите кои треба да ги извршува еден виртуелен произвопдител на
електрична енергија се:
- Склучува договори за откуп на електрична енергија од мали и средни
производители на ЕЕ
- Врши план на производството на електрична енергија за производителите
кои се интегрирани во него
- Врши контрола на расположливоста на производниот капацитет на
интегрираните производители
- Управување на интегрираните производители на електрична енергија
- Склучува договори за трговија и снабдување со електрична енергија со
цел пласирање на произведената енергија

Услови за интеграција на производители:


1. Интерирањето на производители во виртуелниот производител може да се
поднесува само на мали и средни производители.
o Mалите производители своето производство исклучиво треба да го
пласираат преку вВиртуелен производител,
o Средните имаат можност да одберат помеѓу самостоен настап и
интегрирање во виртуелен производител.
2. Во зависност од местото на приклучок на дистрибутивната или преносната
мрежа, мора да се направи јасно разграничување дека интеграцијата се однесува
само на производители на дистрибутивната мрежа.

109
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

3. Во зависнпст од видот на енергија која ја користат малите и средните


производители во виртуелениот производител, може да се интегрираат само
производители кои произведуваат енергија од обновливи извори:
- Сончеви електроцентрали
- Хидро централи
- Ветерни централи
- Централи за произвопдство на ЕЕ од биомаса

Ова е одлична можност за малите и средните претпријатија, да инвестираат


повеќе во производството на енергија од обновливи иизвори, затоа што, покрај
заштедата на енергија за сопствени потреби ќе имаат можност и да се интегрираат на
пазарот за продажба на електрична енергија преку овластени виртуелни
производители.

110
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ЗАКЛУЧОК

1. Малите бизниси ,,зазеленуваат” со купување на енергетски ефикасна опрема,


обезбедување на обука за заштеда на енергија и користење на ефикасно осветлување,
што доведува до намалување на трошењето енергија и висок поврат на
инвестициите.

2. Сèе поголем број на фирми и претпријатија почнуваат да имплементираат


енергетски методи за штедење и системи за производство на обновлива енергија.
Ваквиот тренд се очекува да стане индустриска норма. Побарувачката на одржлива
енергија постојано расте и сите малии средни претпријатија треба да ја искористат
пред тоа да стане практика на големите корпорации и на тој начин да станат
конкурентни.

3. Истражувањето ги охрабрува малите бизниси да се дејствува брзо – зелената


можност, не секогаш ќе биде конкурентна предност, следствено поголеми фирми и
претпријатија почнуваат да имплементираат зелени и енергетски ефикасни
практики.

Побарувачката на потрошувачите за одржливост е поголема од кога било кога, така


малите и средните претпријатија треба да ја искористат оваа можност пред
поголемите корпорации во целост да ја искористат новата зелена конкурентска
предност.

4.Фирмите ја препознале можноста, која се појавила како резултат на користењето


на „зелениот маркетинг“ за истовремено намалување на трошоците, задоволување на
потребите на нивните клиенти, зголемување на бројот на клиенти и можност за раст
на нивниот бизнис. Компаниите користат зелени маркетинг стратегии за да ги
надминат ривалите во индустријата и да се здобијат со конкурентска предност,
истовремено подобрувајќи си ја долгорочната профитабилнос и животната средина

5. Една зелена конукурентска придобивка за бизнисот е придобивка и за животната


средина. Препознавајќи го ефектот од човечките активности врз животната средина
и однесувањето под притисок од подржувачите (гласачите) и разни невладини
организации (NGO), владите (локални, национални и глобални) поставуваат

111
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

регулативи за функционирањето на бизнисите, кои се со цел да го ограничат


штетното, а да го промовираат пријателското бизнис однесување кон животната
средина.

Интелектуланите средства како што се патенти, трговски тајни, човечкиот капитал,


како и организациската стриктура се сметаат за важен придонес на ефикасноста на
бизнисот и економската раст. Се забележува дека свеста за одржливост во рамките
на бизнис заедниците сèе повеќе ќе добива на значење и сèе повеќе ќе се
применуваат зелени техники на управување.

6.Одбегнувањето на несоодветната употреба на енергијата или изборот на


најсоодветен уред за намалување на енергетските трошоци помага во намалување на
индивидуалната потрошувачка на енергија, без притоа да се намалат
индивидуалните благодаети.

Обезбедувањето на чист, одржлив и сигурен извор на енергија е еден од најголемите


предизвици кои ја очекуваат Европа во 21 век. За да се намалат штетните влијанија
на објектите врз околината, моментално постојат огромен број на енергетски
ефикасни апарати за домаќинство и методи за штедење на енергија. Подобра
изолација на домот е еден од најдобрите начини да се намали производството на
CO2. Поради примената на различни облици на енергетската ефикасност, и самата
индустрија за енергетска ефикасност се развила во широк спектар на актери во
различни производствени и услужни сектори. Синџирот на вредност се протега од
производство на градежни и материјали за изолација, врати и прозорци, системи за
производство на енергетски ефикасна електрична енергија, енергетски ефикасни
апарати за домаќинство, технологија на производство и енергетски ефикасна
контрола, регулирање и монтажа на паметни концепти за мерење по
стандардизирани мерки.

7. Економските активности секогаш трошат одредена енергија, која може да се


избегне. Голем дел од вкупната потрошувачката на електрична енергија се користи
за осветлување. Со цел да се заштеди повеќе електрична енергија, голем дел од
производителите на системи за осветлување и различни видови на светилки,
обрнуваат се поголемо внимание на нивната економичност. Трошоците за енергија
како загревање, ладење и климатизација се највисоките трошоци во одржување на
домовите, како и бизнисите. Затоа при изградба и реновирање на постоечки куќи,

112
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

станбени згради, деловни објекти и сл., треба внимателно да се посветии на изборот


на градежните материјали и топлинската изолација. Топлинската изолација ја
намалува загубата на топлина во зимскиот период, а во летниот период не дозволува
надворешната топлина да навлезе во внатрешноста на објектите. Белата
техника/домашните уреди можат да учествуваат до 30% во потрошувачката на
енергија во домаќинството. Зависноста од различни уреди се зголемува, но и цените
на енергијата исто така, затоа избирањето на енергетски ефикасни уреди станува се
поважно.

8. Во време кога трошоците за компаниите се задолжителни и трошоците за


снабдување енергија можат да бидат значајни и неизбежни. Трошоците за енергија
може да бидат една петина од просечните бизнис трошоци, поради нестабилниот
пазар на енергија и поголемото регулирање на хоризонтот. Сепак, оваа закана
може да стане и можност да се намалат трошоците и да се здобијат со конкурентска
предност компаниите кои се подготвени да ги трансформираат своите пристапи кон
управување со потрошувачката на енергија. Се смета дека компаниите можат да
спасат најмалку 10% на нивните сметки со превзпреземање чекори за поефикасно
управување на енергијата. А оние компании кои одат чекор понапред со ставање
приоритет на енергетска ефокасност во својот бизнис, заштедуваат и до 20-30%.

9. Енергетската инфраструктура на Република Македонија овозможува


експлоатација на домашната примарна енергија, увоз и извоз на примарна енергија,
преработка на примарната енергија и производство на финална енергија, транспорт и
дистрибуција на енергијата.

Денес, индустрискиот сектор во Република Македонија учествува со повеќе од една


третина во потрошувачката на примарна енергија и следствено, во емисијата на
штетни стакленички гасови во атмосферата. Индустријата учествува со 28% во БДП
и 30% во работната сила. Затоа, обезбедувањето на одржлива енергетска ефикасност
и намалување на потрошувачката на енергија по единица производ се едни од
клучните фактори за поголема конкурентност на индустриските производи.

10. Во 17 македонски компании се имплементирале системи за управување со


потрошувачката на енергија и успеале да ги намалат трошоците и да станат
поконкурентни на домашниот и на меѓународниот пазар. Според пресметките на
УСАИД (2016) заштедите на компаниите со помали вложувања изнесуваат од 5 до

113
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

10 проценти, а на оние со поголеми вложувања од 15 до 20 проценти на годишно


ниво. Имплементација на ваков систем за заштеда на енергија компаниите би ги
чинело од 15 до 45 илјади американски долари, а 50 проценти од трошоците за
инвестицијата, односно до 20 илјади долари покрива УСАИД.

Успешната реализацијата на Проектот дава мотив индустриските компании во


нашата земја да се заложат за намалување на потрошувачката на енергија, што за нив
значи намалување на трошоците на работењето, зголемување на профитот, помала
цена на производите и поголема конкурентност на пазарот.

11. Одржлив бизнис модел е пристап кој нуди добра и услуги кој обезбедува
финансиски бенефиции за бизнисот, помага да се подобри животната средина и
обезбедува социјални бенефиции за вработените и локалната заедница. Одржливиот
бизнис прави профит на долг рок, не предизвикувајќи штета на животната средина,
обезбедувајќи конкурентска предност преку усогласување на добивка и еколошките
цели.

12. Моментално се користи многу мал дел од потенцијалот на производство на


енергија од обовливи извори. Процесот на постепено преминување кон одржлива
енергијата, значително ќе придонесе за исполнување на поставените цели кои се во
корист на намалување на климатските промени. Двојно зголемување на учеството на
ОИЕ во глобалниот енергетски микс, ќе го зголеми глобалниот БДП во 2030 година
до 1,1%, што е еквивалентно со 1,3 трилиони долари. Обновливата енергија покрај
зголемување на БДП, ќе придонесе за благосостојба и подобрување на квалитетот
на живеење. Подобрувањата на човековата благосостојба ќе биде многу позначајна
од БДП. Предностите од обновливите извори на енергија се далеку од
традиционалните и ограничени мерења на економските перформанси. Двојното
зголемување на учеството на обновливите извори на енергија, директно и
индиректно би овозможиле до 24,4 милиони работни места во 2030 година.
Зголеменото учеството на ОИЕ во глобалниот енергетски пазар ќе имаат големо
влијание врз економијата на земјите увозници, како и на земјите извозници на
фосилни горива. За земјите кои се увозници на фосилни горива, зголемувањето на
уделот на обновливите извори на енергија позитивно ќе се одрази врз нивната
економија, ќе се намали нивната зависност од увоз на енергија и ќе се зголеми
нивната енергетска сигурност.Работните места ќе се зголемат во технологиите, кои

114
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

се одговорни за поголемиот дел од вработувањата и денес, како што се енергија од


биомаса, хидроенергија и соларна енергија.

13. Од голема важност е влијанието на производството на енергија од обновливи


извори, како енергија од ветер, соларна енергија, геотермална енергија, биомаса и
енергија од вода врз животната средина. Цената на обновливите извори на енергија
зависи од нивните карактеристики, особено од нивниот ниско енергетски
коефициент, тие се средно достапни на различни локации и бараат голема капитална
инвестиција.

Развивањето на новите технологии ќе го намали трошокот за производство, но


можеби нема да ја направи обновливата енергија конкурентна со цената на
фосилните горива во блиска иднина, освен ако не се земе во предвидпревид дека
фосилните горива се во ограничени количини. Брзината за преминување на
обновлива енергија најмногу ќе зависи од изборот на законските прописи.
Зголемување на даноците на фосилните горива и намалување на даноците за еко-
горива е еден од начините дасе постигне поенергетски ефикасно решение.

14.Во Р.Македонија производството на електрична енергија од обновливи извори


најмногу се базирало на хидроенергијата, но во последните години мало учество
заземала и соларната електрична енергија. Во 2010 година поради поволните
хидролошки услови учеството на обновливата електрична енергија во вкупната
бруто потрошувачка на електрична енергија било најголемо и изнесувало 28%,
додека во 2001 година се забележало најмало учество од 9,2%. После падот од 58%
во периодот од 2010 до 2012 година, позитивно било што во 2013 година имало
повторно пораст на уделот на обновливата енергија во бруто-потрошувачката на
електрична енергија во Република Македонија од 60%, кој за жал во 2014 година има
повторно пад од 17%. Прв пат во 2014 година ветерната електрична енергија
учествувала во вкупната електрична енергија од обновливи извори со удел од 0,85%.
15. Одлчна можност за малите и средните претпријатија е инвестирањето во
производство на енергија од обновливи иизвори, затоа што, покрај заштедата на
енергија за сопствени потреби ќе имаат можност и да се интегрираат на пазарот за
продажба на електрична енергија преку овластени виртуелни производители.

115
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ЛИТЕРАТУРА

1. Avagyan, V., Cesaroni, F., Yildirim, G., (2011), How firm value reflects green
intellectual capital. UAM-Accenture Working Papers. Universidad Carlos III de
Madrid, Departamento de Economía de la Empresa, Calle Madrid, pp.126-28903.
2. Arrow, K., Bolin, B., Costanza, R., Dasgupta, P., Folke, C., Holling, C.S., Jansson,
B.O., Levin, S., Mäler, K.G., Perrings, C., Pimentel, D. (1995), "Economic growth,
carrying capacity, and the environment", Ecological economics, Vol. 15, No. 2, pp. 91-
95.
3. Arseculeratne, D., Yazdanifard, R. (2014), "How green marketing can create a
sustainable competitive advantage for a business", International Business Research,
Vol. 7, No. 1, pp. 130-137.
4. Atkinson, G. (2000), "Measuring corporate sustainability", Journal of Environmental,
Planning and Management, Vol.43, No.2, pp. 235-252.
5. Ayres, R.U. (2008), "Sustainability economics: Where do we stand?", Ecological
Economics, Vol. 67, No. 2, pp. 281-310.
6. Baird, L.S., Lyles, M.A., Orris, J.B. (1994),"Formalized planning in small business:
Increasing strategic choices", Journal of Small Business Management, Vol. 31, No. 2,
pp. 38-50.
7. Baker, W., Addams, H., Davis, B. (1993), "Business planning in successful small
firms", Long RangePlanning, Vol.26, No. 6, pp. 82-88.

116
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

8. Banerjee, P.M., Shastri, V. (2010), Social responsibility and environmental


sustainability in business, SAGE Publications Pvt. Ltd, New Delhi.
9. Banerjee, S.B. (2003), "Who sustains whose development? Sustainable development
and the reinvention of nature", Organization Studies, Vol. 24, No. 1, pp. 143-180.
10. Bansal, P. (2005), "Evolving sustainably: A longitudinal study of corporate sustainable
development", Strategic Management Journal, Vol. 26, No.3, pp. 197-218.
11. Baumgartner, R.J. (2009), "Organizational culture and leadership: Preconditions for
the development of a sustainable corporation", Sustainable Development, Vol. 17,
No.2, pp. 102-113.
12. Blackburn, W.R. (2007), The sustainability handbook, Environmental Law Institute,
Washington D.C.
13. Blewitt, J. (2015), Understanding sustainable development, Second edition, Routledge,
New York.
14. Bowen, A., Kuralbayeva, K. (2015), Looking for green jobs: the impact of green
growth on employment, Global Green Growth Institute, Seoul.
15. Brock, W.A., Taylor, M.S. (2010), "The green Solow model", Journal of Economic
Growth, Vol. 15, No. 2, pp. 127-153.
16. B. Forker, L.,Mendez, D. (2001), An analytical method for benchmarking best peer
suppliers. International Journal of Operations & Production Management, 21(1/2),
pp.195-209.
17. Build Up Skills Macedonia (2012), Извештај за капацитетите на градежниот
сектор во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на
енергија, Стопанска комора на Македонија и Агенција за енергетика на
Република Македонија, Скопје.
18. Capezio, P.J. (2009), Manager's guide to business planning, McGraw-Hill, New York.
19. Cato, M.S. (2008), Green economics: An introduction to theory, policy and practice,
Routledge, London.
20. Cekanavicius, L., Bazyté, R., Dicmonaité, A. (2014), GREEN BUSINESS:
CHALLENGES AND PRACTICES. Ekonomika, 93(1), p.76.)
21. Chesbrough, H.W. (2004), "Managing open innovation", Research-Technology
Management, Vol. 47, No. 1, pp. 23-26.
22. Daly, H.E. (1996), Beyond growth: The economics of sustainable development,
Beacon Press, Boston.

117
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

23. Daly, H.E. (2007), Ecological economics and sustainable development: Selected
essays of Herman Daly, Edward Elgar Publishing, Cheltenham.
24. Daly, H.E., Cobb, J.B.Jr. (1989), For the common good: Redirecting the economy
toward community, the environment, and a sustainable future, Beacon Press, Boston.
25. Dayal, V. (2014), The environment in economics and development: Pluralist
extensions of core economic models, Springer Science & Business Media, New Delhi.
26. Diekmann, J., Eichhammer, W., Neubert, A., Rieke, H., Schlomann, B., Ziesing, H.J.
(2013), Energie-effizienz-indikatoren: Statistische grundlagen, theoretische fundierung
und orientierungsbasis für die politische praxis, Springer-Verlag, Berlin.
27. Draker, P.F. (2005), "Upravljanje u novom drustvu", ASEE Books, Novi Sad.
28. Drucker, P.F. (1985), Innovation and entrepreneurship: Practice and principles,
Harper & Row Publisher, New York.
29. Drucker, P.F. (1986), Management: Tasks, responsibilities, practices, Truman Talley
Books, New York.
30. Drucker, P.F. (2008), Management, Revised edition, Harper Collins, New York.
31. Drucker, P.F., Collins, J., Kotler, P., Kouzes, J., Rodin, J., Rangan, K.V., Hesselbein,
F. (2008), The five most important questions you will ever ask about your organization,
Third edition, Jossey-Bass, John Wiley & Sons, San Francisco.
32. Ekins, P. (2000), Economic growth and environmental sustainability: The prospects
for green growth, Routledge: London and New York.
33. Enders, J.C., Remig, M. (2015), "Theories of sustainable development: An
introduction", in Enders, J.C., Remig, M. (Eds.), Theories of sustainable development
Routledge, London.
34. Energy Efficiency in Domestic Applances and Lighting, Proceedings of the 5th
International Conference EEDAL'09, 16-18 June, Berlin, Germany.
35. Epstein, M.J., Roy, M.-J. (2001), "Sustainability in action: Identifying and measuring
the key performance drivers", Long Range Planning, Vol. 34, No. 5, pp. 585-604.
36. Eriksson, C. (2013), Economic growth and the environment: An introduction to the
theory, Oxford University Press, Oxford.
37. Esty, D., Winston, A. (2009), Green to gold: How smart companies use environmental
strategy to innovate, create value, and build competitive advantage, John Wiley &
Sons, Mason.

118
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

38. Everett, T., Ishwaran, M., Ansaloni, G.P., Rubin, A. (2010), Economic growth and the
environment, Defra Evidence and Analysis Series Paper No. 2, Department for
Environment, Food and Rural Affairs, London.
39. Fairfield, K., Harmon, J., Behson, S. (2011), "Influences on the organizational
implementation of sustainability: An integrative model", Organization Management
Journal, Vol. 8, No. 1, pp. 4-20.
40. Field, B.C., Field, M.K. (2016), Environmental economics: An introduction, McGraw-
Hill, New York.
41. Fletcher, M. (1998), "Corporate venture capital, bridging the equity gap in the small
business sector",International Small Business Journal, Vol. 16, No. 4, pp.116-120.
42. Frahm, B.J., Gruber, E., Mai, M., Roser, A., Fleiter, T., Schlomann, B. (2010),
Evaluation des Förderprogramms „Energie-effizienzberatung “als eine Komponente
des Sonderfonds' Energieeffizienz in kleinen und mittleren Unternehmen (KMU),
Forschungsbericht für die KfW, IREES/ISI, Karlsruhe.
43. Frondel, M., Ritter, N., Schmidt, C.M., Vance, C. (2010), "Economic impacts from the
promotion of renewable energy technologies: The German experience", Energy Policy,
Vol. 38, No. 8, pp. 4048-4056.њ
44. Frost, G.R. (2007), "Managing social and environmental performance: Do companies
have adequate information?", Australian Accounting Review, Vol.17, No.3, pp. 2-11.
45. Furtado, J.I.d.R., Belt, T., Jammi, R. (2000), Economic development and
environmental sustainability: Policies and principles for a durable equilibrium, World
Bank Institute, Washington, D.C.
46. Godfrey, B. (2012), Renewable energy, Power for a sustainable future, Third edition,
Oxford University Press, Oxford.
47. Goldin, I., Winters, A.L. (1995), "Economic policies for sustainable development", in
Goldin, I., Winters, A.L. (Eds.), The Economics of Sustainable Development,
Cambridge University Press, Cambridge.
48. Green For All. (2009), The green business plan guide, Green business content, Boston.
49. Grober, U. (2015), "The discovery of sustainability: The genealogy of a term", in
Enders, J.C., Remig, M. (Eds.), Theories of sustainable development, Routledge,
London and New York.
50. Grossman, G.M., Krueger, A.B. (1995), "Economic growth and the environment", The
Quarterly Journal of Economics, Vol. 110, No. 2, pp. 353-377.

119
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

51. Hamel, G., Prahalad, C.K. (1990), Corporate imagination and expeditionary marketing.
Harvard business review, 69(4), pp.81-92.
52. Hargreaves, A., Fink, D. (2004), "The seven principles of sustainable leadership",
Educational Leadership, Vol. 61, No. 7, pp. 8-13.
53. Harris, S.M. (2007), "Does sustainability sell? Market responses to sustainability
certification", Management of Environmental Quality: An International Journal, Vol.
18, No. 1, pp.50-60.
54. Hart, S., Milstein, M. (2003), "Creating sustainable value", Academy of Management
Executive, Vol.17, No.2, pp. 56-67.
55. Hart, S.L., Milstein, M.B. (1999), "Global sustainability and the creative destruction of
industries", MIT Sloan Management Review, Vol. 41, No. 1, pp. 23-33.
56. Haugh, H.M., Talwar, A. (2010), "How do corporations embed sustainability across
the organization?", Academy of Management Learning & Education, Vol. 9, No. 3, pp.
384-396.
57. Higgins, K.L. (2015), Economic growth and sustainability systems thinking for a
complex world, Elsevier Publishing, San Diego.
58. Hitchcock, D.E., Willard, M.L. (2008), The step-by-step guide to sustainability
planning: How to create and implement sustainability plans in any business or
organization, Routledge, London.
59. Herring, H. and Sorrell, S.(2009), Energy efficiency and sustainable consumption. The
Rebound Effect, Hampshire.
60. Holtz-Eakin, D., Selden, T.M. (1995), "Stoking the fires? CO2 emissions and
economic growth", Journal of Public Economics, Vol. 57, No. 1, pp. 85-101.
61. Hughes, R.J., Kapoor, J.R., Pride, W.M. (2013), Business, Twelfth edition, South –
Western Cengage Learning, Mason.
62. Hunger, J.D., Wheelen, T.L. (2011), Strategic management and business policy:
Toward global sustainability, Thiteenth edition, Prentice Hall, New Jersey.
63. Kane, G. (2009), The three secrets of green business: Unlocking competitive
advantage in a low carbon economy, Routledge, London.
64. Knoepfel, I. (2001), "Dow Jones Sustainability Group Index: A global benchmark for
corporate sustainability", Corporate Environmental Strategy, Vol. 8, No. 1, pp. 6-15.
65. Koester, E. (2011), The guide to building and growing a green and clean business,
CRC Press, New York.

120
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

66. Kraus, S., Reiche, B.S., Reschke, C.H. (2007), "Implications of strategic planning in
SMEs for international entrepreneurship research and practice", European Research
and Practice, Vol. 32, No. 6, pp.110-127.
67. Lawn, P. (2006), "Sustainable development: Concept and indicators", In Lawn, P.
(Ed.), Sustainable development indicators in ecological economics, Current issues in
ecological economics, Edward Elgar Publishing, Cheltenham.
68. Linnenluecke, M.K., Russell, S.V., Griffiths, A. (2009), "Subcultures and sustainability
practices: The impact on understanding corporate sustainability", Business Strategy
and the Environment, Vol.18, No.7, pp. 432-452.
69. Lozano, R. (2007), "Collaboration as a pathway for sustainability", Sustainable
Development, Vol. 16, No.6, pp. 370-381.
70. Macintosh A, Downie C; Wind Farms The facts and the fallacies; The Australia
Institute 2006.
71. Makower, J. (2008), Strategies for the green economy: Opportunities and challenges
in the new world of business, McGraw-Hill, New York.
72. Mawhinney, M. (2002), Sustainable development: Understanding the green debates,
Blackwell Science, Oxford.
73. McGrath, R.G. (2013), The end of competitive advantage: How to keep your strategy
moving as fast as your business, Harvard Business School Press, Boston.
74. Mohieldin, M., Petkoski, Dj. (2015), Financing sustainable development: Ideas for
Action, International Bank for Reconstruction and Development, Part of The World
Bank Group, Washington DC.
75. Moorthy, K. (2013), Green accounting: Cost measures, Prentice Hall, New York.
76. Munasinghe, M. (1993), Environmental economics and sustainable development,
World Bank Environment Paper No. 3, World Bank Publications, Washington.
77. Nidumolu, R., Prahalad, C.K., Rangaswami, M.R. (2009), "Why sustainability is now
the key driver of innovation", Harvard Business Review, Vol. 87, No. 9, pp. 56-64.
78. Olson, E. (2009), Better green business: Handbook for environmentally responsible
and profitable business practices, Wharton School Publishing, Philadelphia.
79. Patterson, M.G., (1996), What is energy efficiency?: Concepts, indicators and
methodological issues. Energy policy, 24(5), pp.377-390.
80. Perrini, F., Tencati, A. (2006), "Sustainability and stakeholder management: The need
for new corporate performance evaluation and reporting systems", Business Strategy
and the Environment, Vol.5, No.5, pp. 296-308.

121
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

81. Pfeffer, J. (2010), "Building sustainable organizations: The human factor",Academy of


Management Perspectives, Vol. 24, No. 1, pp. 34-45.
82. Placet, M., Anderson, R., Fowler, K.M. (2005), "Strategies for sustainability",
Research Technology Management, Vol. 48, No. 5, pp.32-41.
83. Porter, M.E., Van der Linde, C. (1995), "Toward a new conception of the
environment-competitiveness relationship",Journal of Economic Perspectives, Vol. 9,
No. 4, pp. 97-118.
84. Power, T.M. (2015), Economic development and environmental protection: Economic
pursuit of quality, Second edition, Routledge, London.
85. Pulliam, P. (2010), Measuring the return on investment in sustainability initiatives,
Nicholas Brealey Publishing, Boston.
86. Robinson, S. (2000), "Key survival issues: Practical steps toward corporate
environmental sustainability", Corporate Environmental Strategy, Vol.7, No.1, pp. 92-
105.
87. Ruth, M. (2006), "A quest for the economics of sustainability and the sustainability of
economics", Ecological Economics, Vol. 56, No. 3, pp. 332-342.
88. Salvatore, J. (2013), World Energy Perspective: Cost of Energy Technologies. World
Energy Council, London, UK.
89. Schwab, K. (2013), The Global Competitiveness Report 2015 - 2016, World Economic
Forum, Geneva.
90. Sharma, S., Ruud A. (2003), "On the path to sustainability: Integrating social
dimensions into the research and practice of environmental management", Business
Strategy and the Environment, Vol. 12, No. 4, pp. 205-214.
91. Timmons, D., Harris, J.M. and Roach, B., 2014. The Economics of Renewable Energy.
Global Development And Environment Institute, Tufts University, Medford, MA, p.52.
92. Trombley D. (2014), One small step for energy efficiency: Targeting small and
medium-sized manufacturers, American Council for an Energy-Efficient Economy,
Washington.
93. Turnhout, E., Hisschemoller, M., Eijsackers, H. (2007), "Ecological indicators:
Between the two fires of science and policy", Ecological Indicators, Vol. 7, No. 2, pp.
215-228.
94. Watson, G.H. (1993), Strategic Benchmarking: How to Rate your Company’s
Performance against the World’s Best, John Wiley & Sons, Inc., New York, NY.

122
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

95. Wilhelm, K. (2013), Return on sustainability: How business can increase profitability
and address climate change in an uncertain economy, FT Press, New Jersey.
96. Willard, B. (2002), The sustainability advantage, New Society Publishers, Gabriola.
97. Wilson, C. (2010), "Why should sustainable finance be given priority? Lessons from
pollution and biodiversity degradation", Accounting Research Journal, Vol. 23, No. 3,
pp. 267-280.
98. Yasin, M.M. (2002), ªThe theory and practice of benchmarking: then and nowº,
Benchmarking: An International Journal, Vol. 9 No. 3, pp. 217-43.
99. Zairi, M. and Whymark, J. (2000a), ªThe transfer of best practices: how to build a
culture of benchmarking and continuous learning ± part 1º, Benchmarking: An
International Journal, Vol. 7 No. 1, pp. 62-78.
100. Zairi, M. and Whymark, J. (2000b), ªThe transfer of best practices: how to build a
culture of benchmarking and continuous learning ± part 2º, Benchmarking: An
International Journal, Vol. 7 No. 2, pp. 146-67.)
101. Ziolo, M., Fidanoski, F., Filipovski, V., Simeonovski, K., Jovanovska, K. (2016),
“Sustainable finance role in creating conditions for sustainable economic
development”, World Sustainability Series, Springer International Publishing.
102. Влада на Република Македонија (2011): Менување на навиките, како до
енергетски ефикасна општина,Прирачник, Скопје.
103. Македонски центар за енергетска ефикасност-МАЦЕФ (2009): Студија за
енергетска ефикасност на објектите на подрачјето на Град Скопје,Скопје,
ноември.
104. МАНУ (2009), Стратегија за развој на енергетиката во Република
Македонија за период од 2008-2020 со визија до 2030, Македонска академија на
науките и уметностите, Скопје.
105. МАНУ (2010), Стратегија за искористување на обновливите извори на
енергија во Република Македонија до 2020 година, Македонска академија на
науките и уметностите, Скопје.
106. Недановски, П. (2000), Економскиот развој и животната средина,
Економски факултет - Скопје, Скопје.
107. Портер, М. (2009), Стратегија за конкурентност, Генекс, Кочани.
108. РКЕ (2011), Производство на електрична енергија од обновливи извори на
енергија, Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, Скопје.

123
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

109. Фити, Т., Хаџи Василева-Марковска, В., Бејтмен, М. (2007),


Претприемништво, второ издание, Економски факултет - Скопје, Скопје.
110. ЦПОЗПРР (2009), Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во
руралните средини во Република Македонија, Центар за промоција на одржливи
земјоделски практики и рурален развој, Скопје.
111. Шуклев, Б. (2011), Корпоративно управување, Економски факултет – Скопје,
Скопје.
112. Шуклев, Б. (2011), Менаџмент на малиот бизнис, петто издание, Економски
факултет - Скопје, Скопје.
113. Шуклев, Б. (2013), Менаџмент, осмо издание, Економски факултет - Скопје,
Скопје.
114. Шуклев, Б., Дебарлиев, С. (2013), Деловно планирање, петто издание,
Економски факултет - Скопје, Скопје.
115. Шуклев, Б., Љубомир, Д. (2001), Стратегиски менаџмент, второ издание,
Економски факултет - Скопје, Скопје.

Извори од Интернет
1. http://www.keabw.de/uploads/tx_ttproducts/datasheet/043._Energiekosten_senken__
Gewinne_steigern_-
_Effizienz_als_Wettbewerbsvorteil_und_Baustein_zum_Unternehmenserfolg.pdf
2. http://www.post2015hlp.org/wp-content/uploads/2013/06/Besada-
Stevens_Addressing-the-Economic-Costs-of-Sustainable-Energy-in-the-Global-
South_FINALFINAL-1.pdf
3. http://www.irena.org/DocumentDownloads/Publications/IRENA_Measuring-the-
Economics_2016.pdf
4. http://www.diva-portal.org/smash/get/diva2:354351/fulltext01.pdf
5. http://www.irena.org/DocumentDownloads/Publications/IRENA_Measuring-the-
Economics_2016.pdf
6. http://www.seai.ie/Publications/Statistics_Publications/Energy_Modelling_Group_Pu
blications/The_Case_for_Sustainable_Energy.pdf

124
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

7. https://www.ipcc.ch/pdf/special-reports/srren/SRREN_FD_SPM_final.pdf
8. http://college.lattc.edu/green/files/2013/03/LATTC-Blueprint_web.pdf
9. http://globe.ca/wp-content/uploads/2012/10/bcge_report_feb_2010.pdf
10. http://www.pretpriemac.com/konkurentska-prednost-dali-e-dovolno-silna/
11. http://www.businessmodelcommunity.com/fs/Root/8jig8-
businessmodelsbusinessstrategy.pdf
12. http://www.diva-portal.org/smash/get/diva2:354351/fulltext01.pdf
13. https://ec.europa.eu/energy/sites/ener/files/documents/CE_EE_Jobs_main
%2018Nov2015.pdf
14. http://www.biware.hsbremen.de/Download/Workshop/technicall%20eng
%20pdf/4.%20TUD%20socio-economic%20benefits%20of%20RE_1.2.pdf
15. https://www.irena.org/DocumentDownloads/masdar/IRENA_lecture_AbuDhabi_Oct_
2011_final.pdf
16. http://www.diva-portal.org/smash/get/diva2:536912/fulltext01.pdf
17. https://www.sba.gov/managing-business/running-business/energy-efficiency/energy-
saving-tips/tips-energy-efficiency
18. www.ccsenet.org/ibr International Business Research Vol. 7, No. 1; 2014
19. http://www.analyticamk.org/images/stories/files/priracnik.pdf
20. https://www.komoraoai.mk
21. http://www.eurima.org/energy-efficiency-in-buildings/trias-energetica
22. https://www.komoraoai.mk
23. https://ec.europa.eu/energy/en/topics/energy-efficiency
24. http://www.sep.gov.mk/en/content/?ID=52#.WShcmmiGPIU
25. http://www.eurima.org/energy-efficiency-in-buildings/trias-energetica
26. http://www.effizienzbranche.de/wirtschaft/energie-branche
27. https://typo.iwr.uni-heidelberg.de/fileadmin/IWR/PDF/IWR_Report_2014.pdf
28. <http://www.mcdonalds.com/us/en/our_story/values_in_action/greener_ than_ever.html>.
29. <http://www.wholefoodsmarket.com/values/green-mission.php>.

SBA (The U.S. Small Business Administration), достапно на https://www.sba.gov

125
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ПРИЛОГ

До: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


Економски факултет – Скопје

Предмет: ИЗЈАВА

Јас, Елпида Ангеловска, студентка на втор циклус студии организирани на


Економски факултет – Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во
Скопје, на студиската програма по МБА МЕНАЏМЕНТ со место на живеење на ул.
с.Конопница во Крива Паланка со ЕМБГ 1005990429001 и број на индекс 6226
изјавувам дека поднесениот магистерски труд под наслов „Зелените бизниси и

126
Елпида Ангеловска
Зелените бизниси и конкурентската предност креирана со
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

конкурентската предност креирана со енергетска ефикасност и обновливи


извори на енергија“ претставува мој самостоен труд и истиот претставува резултат
на самостојна научна работа спроведена во текот на истражувањето.

Согласена сум да ги сносам сите обврски и одговорности кои произлегуваат


од неовластено користење на туѓ текст или плагијаторство согласно важечките
законски и подзаконски акти кои ги регулираат авторските и сродни права.

Скопје, 30.05.2017 Давател на изјавата:


Елпида Ангеловска

127
Елпида Ангеловска

You might also like