You are on page 1of 2

Расказ на дрмата “Цар Едип“ од Софокле

Лица:

Едип- царот на Тива

Јокаста-царицата и мајка на Едип

Креон- брат на Јокаста

Тирезиј- пророк

Гласник од Коринт

Овчар

Драмата „Цар Едип“ се состои од шест чина. Група граѓани од Теба


доаѓаат кај Едип, со молба да му помогне на градот што страда во
невидени маки. Во тоа време, пристигнува Креонт кого Едип го
испратил во храмот на Аполон во Питија, со цел да побара совет од
богот. Креонт им соопштува на луѓето дека единствениот спас за Теба
е да го пронајдат и казнат убиецот на претходниот цар, Лај. Тогаш,
Едип се заколнува дека ќе ја дознае вистината за убиството на царот
Лај и дека виновникот ќе биде убиен или прогонет од градот. Во
дворот на Едип пристигнува слепиот пророк Тирезиј, кој најпрвин не
сака да ја соопшти вистината, но кога Едип го обвинува за зли намери,
пророкот во скриена форма му соопштува дека Едип е убиецот на
царот Лај. Едип, бесен од неговите зборови, го брка пророкот и го
неоправдано го обвинува Креонт дека сака да му го земе престолот.
Расправијата меѓу Едип и Креонт ја прекинува Јоакста, која потоа му
раскажува дел од историјата на царот Лај - како му било проречено
дека ќе биде убиен од неговиот син, начинот и местото каде што бил
убиен итн. Од тие зборови, Едип се вознемирува, зашто почнува да го
мачи сомнежот дека тој е злосторникот кој го бара. Имено, тој се
потсетува дека непосредно пред да дојде во Теба, на една раскрсница
во планината, убил еден благородник со неговата придружба. Во
дворот на царот Едип доаѓа гласник од Коринт, со веста дека умрел
тамошниот цар Полиб и дека тамошните жители бараат Едип да им
биде цар. Исто така, тој му кажува на Едип дека Полиб не е неговиот
вистински татко, туку дека тој само го посвоил при што токму
гласникот му го предал бебето Едип на Полиб, а нему му го дал
овчарот на Лај. Тогаш, во дворот го повикуваат и овчарот, кој најпрвин
не сака да ја каже вистината, но притиснат од заканата на Едип,
најпосле кажува дека Јокаста му го дала бебето за да го однесе во
планината, но тој се сожалил и му го дал бебето на овчарот од Коринт.
Така, страшната вистина излегува на видело: јасно е дека Едип е син
на царот Лај, дека си го убил својот татко и дека се оженил со својата
мајка. Потресена од страшната судбина, Јокаста се затвора во својата
соба и извршува самоубиство, а Едип самиот се ослепува, не сакајќи
да погледне во очите на луѓето поради срамот што го снашол. Креонт,
како брат на Јокаста, станува нов цар на Теба, а Едип го замолува да
го протера од градот и да се грижи за неговите деца.

Изработил: Урим Џафери I²

You might also like