You are on page 1of 20

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

ПРЕДМЕТ

Психолошки интервенции и третмани

НА ТЕМА

ПРОДОЛЖЕНО ЛЕКУВАЊЕ НА АЛКОХОЛИЗМОТ

ВО КЛУБОВИ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

Ментор: Изработил:
Проф. д-р Анита Ристеска Драгица Стаменковиќ
индекс М213014

Свети Николе, 21.12.2021

1
СОДРЖИНА

ВОВЕД 3
АЛКОХОЛИЗМОТ КАКО СИСТЕМАТСКИ ПРОЦЕС 5
ВИДОВИ НА ТРЕТМАНИ ВО ЛЕКУВАЊЕ ОД АЛКОХОЛИЗМОТ 6
Системска семејна терапија 6
Клуб на лекуваните зависници и зависници од алкохол 7
Типови на терапија со кои членовите на клубовите се лекувани 8
Алкохолизмот во семејствата-меѓугенерациско пренесување 9
АЛКОХОЛИЗАМ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО 11
ТРЕТМАН НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО 13
ЛЕКУВАЊЕ НА АЛКОХОЛИЗАМ 13
ТЕРАПИСКА ЗАЕДНИЦА ПРИМЕНЕТА ВО КЛА
(КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ) 15
Организација на работа на Клубот 16
Цели и задачи на Клубот 18
РЕЗИМЕ 19

ВОВЕД

2
Во светот, а и кај нас на алкохолизмот се гледа како на комплексен проблем кој
длабоко навлегува во сите сфери на човековиот живот: медицински, социјален,
економски, психолошки и физиолошки.
Алкохолизмот е долготрајна болест која зема замав и покрај сите предупредувања и
информации за штетноста на алкохолот.
Алкохолот е вброен во групата на депресори на функции на мозокот, а една од
особините на депресорите е нивната растворливост во масти. На тој налин
алкохолот продира низ клеточната мембрана, ја менува протеинската структура на
секоја клетка, со што предизвикува пореметување на нејзините функции. Алкохолот
има токсично дејство врз сите телесни клетки и органи.
Треба да се нагласи дека патот кон алкохолизмот е долг, а крајниот исход за многу
лица е проследен со низа иреверзибилни телесни и психички реакции. Причините се
бараат во улогата на срединскиот фактор, но во последно време се зборува за
генетски фактор, односно постоење на неврохемиски функции кои се поразвиени кај
некои лица и ги прават почувствителни за развој од психичка зависност од алкохол,
а со тоа и побрз развој на толеранција кон истиот, односно побрз развој и за физичка
зависност.
Според СЗО, за алкохоличар се смета она лице кое прекумерно употребува
алкохолни пијалоци и е зависно од алкохол. Зависноста се карактеризира со
пореметувања на физичко и психичко здравје, пореметени односи со околина,
економски потешкотии и сл.
Постојат шест типа на алкохолизам:
1. Алфа алкохолизам – психичка зависност од алкохол, лицето конзумира
алкохол за да побегне од реалноста, да се орасположи, зајакне, да се ослободи
од болка. Ако не се реагира на време, преминува во болест.
2. Бета алкохолизам – долготрајна, секојдневна употреба на алкохол. Пристутни
се физички оштетувања на нервите, мозокот, црниот дроб.
3. Гама алкохолизам – психичка зависност, постепено се претвара во физичка
зависност, лицето нема контрола на пиење, покачена толранција на алкохол,
изменето однесување под дејство на алкохол.
4. Делта алкохолизам – освен погоре споменатите проблеми, личноста нема
способност за апстиненција, при недостаток на алкохол се јавуваат кризи, па
дури и делириум. Овие луѓе никогаш не се трезни, пијат по тип на долевање.
Најчесто се среќ аваат во клиничка пракса.
5. Епсилон алкохолизам – периодично пиење. Може да не конзумираат долг
период, но кога ќ е почнат немаат контрола. Овој тип уште се нарекува
дипсоманија и често пати е поврзано со некое друго заболување.
6. Зета алкохолизам – патолошко труење со алкохол и се јавува заедно со анти
социјално однесување (агресивност)

3
Пет карактеристични знаци за развиен алкохолизам:
Според СЗО алкохолизмот се манифестира низ следниве пет знака:
I знак – изменета толеранција на алкохол
Со тек на времето толеранцијата опаѓа и во крајните стадиуми и при мал внес на
алкохол личноста се опива.
II знак – изменето однесување во алкохолизирана состојба
Алкохолот делува на самоконтролата и промени во расположението.
III знак – несеќ авање за случките додека лицето било во алкохолизирана
состојба
Етанолот (супстанција во алкохолот) делува на мозокот, ја менува свесноста и
функционирањето.
IV знак – губење на контрола за внес на алкохол
Алкохоличарите немаат контрола за внес на алкохол.
V знак – физичка зависност и апстиненцијални кризи во недостаток на алкохол
во организмот
Овие кризи се карактеризираат со: внтрешен немир, тресење на телото, мачнина,
гадење, повраќ ање, препотување, главоболка, болки во телото, грчеви.
Импликации од прекуменрна употреба на алкохол се телесни, психолошки,
социјални, еконмоски и општествени.
Лекувањето се одвива во примарното и секундарносто здравство, а
продолженото лекување со одвива во групи за поддршка и клубови на лекувани
алкохоличари. Со оглед на тоа дека во групите се вклучуваат семејните членови, а
алкохолизмот како проблем се рефлектира на поширокиот семеен систем,
пристапот на лекување во клубовите е системиски.

4
АЛКОХОЛИЗМОТ КАКО СИСТЕМАТСКИ ПРОЦЕС

Современите еко- системски теории за настанување на алкохолозмот тврдат дека тој


се разбира како интеракциски, системски процес така да сосема јасно се појавува
континуум. На една крај на тој континуум е ,, нулта пиењето” т.е апстинентите, а на
другиот, спротивен крај на континуумот се тнр. тешки ,,пијаници” или алкохоличари
односно оние кои покажуваат патолошки образец на пиење на алкохолни пијалоци.
Постоењето на овој континуум и точката до која некој поединец, семејство или
некоја друга група на луѓе ке стигне е детерминирано од особините на системот и
делувањето на системските процеси, а како најважни се процесите на хомеостаза.
Од друга страна се идентификуваат ,,фактори на ризикот” за започнување со пиење
и интензивирање на пиењето и алкохолизмот (пиење и алкохолизам на родителите,
агресивност и социопатија на родителите, ниско самопочитување, стресови
општествени фактори, пиење кај врсничката група и тн.).
Интеракцијата на ,,факторите на ризик” и механизмот на хомеостаза (во кои се освен
карактеристиките на семејството, битни и особините на општетствената средина),
т.е со нивната меѓуигра и синхронизација се детерминира
поместувањето, ,,напредување кон болеста” на опишаниот континуум. До
определена точка изгледа дека е можно спонтано прекинување и престанување на
процесот и враќ ање назад кон претходната точка на континуумот, но во еден
момент се остварува ,,вклопување” или ,,хиперсинхронизација” на повеќ е системски
процеси и прекинот повеќ е не е можен.
На ниво на биолошкиот систем на поединецот се случуваат биохемиски структурни
промени, како и во психолошкиот и социјалниот систем на поединецот. Сето ова
заедно одредува иреверзибилност, во однос на одвивањто на континуитетот на
процесот. Имено, се губи можноста за враќ ање на контролираното однесување, на
контролираниот образец на пиење на поединецот, а системот влегува во патолошки
баланс кој оневозможува промени на подобро.
Се развива значи алкохолизмот како комплексен ,,симптом”, а кој се одликува со:
- создавање промени во биолошкиот систем на поединецот;
-предвидливи и познати облици на негово телесно и психолошко
дисфункционирање;
- пореметување на односите со блиските особи;
- појава на дисфункции кај тие блиски особи (сопругата, децата);
- сериозни пореметувања во однос на социјалното опкружување;

5
Движењето на поединецот на континуумот, т.е развој на алкохолизмот овозможен е
од ,,процесите на одржување” или ,,процесите на прилагодување” што води кон
деструктивен исход, доколку не се случат промени во системите околу него. (1)

ВИДОВИ НА ТРЕТМАНИ ВО ЛЕКУВАЊЕ ОД АЛКОХОЛИЗМОТ


Системска семејна терапија
Овој терапевтски модел на лекување од алкохолизмот се темели на системскиот
пристап, а системската компонентта ја вклучува сопругата и членовите на
семејството.
Особеностите на овој модел кои веќ е цврсто се инконпорирани во терапевтската
работа се:
1. Активно учество на сопругата и/или проширеното семејство и пријателите во
лекувањето. Основна терапијска форма е групнаат терапија.
2. Терапевтско делување на семејството како терапевтска единица и/или
социјално-професионалното опкружување како целосен систем. Тоа
подразбира, за учесниците во лекувањето позиција на составен дел од
системот на пациентот, т.е позиција на ко-пациент, кој допринесувал на
адаптивните и хомеостатски процеси, чиј исход бил алкохолизмот.
3. Постоење на фази во остварување на програмата, кои од една страна ги
истакнуваат нивоата на терапевтските акции и терапевтските барања, а од
друга страна го определуваат временскиот редослед на анализирање и
менување на системот, кој изгледа вака: сегашност, минато, иднина.
4. Неминовно сериозно едуцирање на пациентот и семејството за да можат
квалификувано да го согледаат своето учество во одржувањето на
дисфункционалниот систем и за да можат да ги постигнат неопходните
промени.
5. Спецификација – индивидуализација на програмот за семејството низ
комбинирање на техники и методи на семејна терапија на алкохолизмот и
групна психотерапија и низ спроведување на програмот на сите нивоа на
работа: клиничко оделение, дневна болница, вонболнички семејни групи,
клуб и диспанзер.
Меѓутоа, треба да се има во предвид неколку фактори при примената на
семејната терапија на алкохолизмот, а тоа се;
- Разновидноста на клиничките слики на алкохолизам;
- Значајни психооргански оштетувања на алкохоличарите;
- Пореметувања на личноста, социопатски однесувања и трајни органски
оштетувањеа на личноста на алкохоличарот;

6
- Наоди од генетичките истражувања на психијатриските пореметувања и
алкохолизмот.

Клуб на лекуваните зависници и зависници од алкохол

Целите на лекување од алкохолизмот, токму поради претходно наведените факти се


многу тешки и потребно е повеќ е години интензивна работа за нивната реализација.
За остварување на промените во цврсто воспоставената алкохоличарска хомеостаза,
клубовите и групите за самопомош се многу корисни.
Клубовите се најзначајни во фазата на рехабилитација која се смета за најтешка во
лекувањето од алкохолизмот. Рехабилитацијата е интензивен процес, кој
подразбира промени во начинот на животот (патологија на животниот баланс), и тоа
во смисла на промена на образецот на однесување кој одржува различни видови на
зависност.
Рехабилитацијата по Чексфилд е враќ ање во животот, после болеста или
инвалидитетот. Во фазата на рехабилитација на лекуваните зависнициод алкохол се
очекува продолжување на започнатата работа (често во групни семејни или терапија
на едно семејство како и индивидуална)на воспоставување континуитет и изградба
на подруг личен и семеен систем на вредности како и подобрување на квалитетот на
животот.
Квалитетната рехабилитација треба да им помогне на зависниците да го подобрат
квалитетот на животот.
Компоненти на квалитетот на животот се: постоење, припаѓање и сфера на
манифестација. Во тек на процесот на рехабилитација, но и во процесот на лекување,
се потикнуваат и се одржуваат припаѓањето-потесна социјална припадност која
подразбира подобрување на односите со партнерот, семејството, пријателите.
Посебно во процесот на рехабилитација се издвојува припадноста во средината
воопшто, која подразбира различни општествени активности и манифестации или
активности насочени кон остварување на определени цели и аспирации во кои
спаѓаат – домашни активности, работа, учење, рекреација , релаксација. Токму во
клубовите и групите за самопомош се остварува позитивниот тераписки притисок за
учење на нови социјални однесувања кои доаѓаат од групата во целина, а кои се
отворени кон општествената заедница, поадаптирани и позрели.
Димиќ наведува дека клубот е ,,транзитна станица” по запаѓање во алкохолизмот, а
за излегуање од истиот. Го смета како неопходен за одржување на постигнатата
апстиненцијата. Во клубот се освежува мотивацијата и се добива константна
поддршка од другите членови и терапевтите. Клубот представува место за тренинг
на социјалните вештини. Основна задача на клубот е трајна апстиненција и
7
максимално можна рехабилитација и ресоцијализација, што значи повеќ егодишна
работа на членовите и терапевтите во изградба на еден модел на здраво
функционирање во општествената заедница .
Сметаме дека клубот е место за едукација, мотивација, одржување на
апстиненцијата, исто како и место за создавање на социјален капитал, усвојување на
нови семејни, културни и општествени вредности, намалување на стигматизацијаат,
а на крај како резултат на сето ова зголемувањена квалитетот на животот.
Познавање на различни рехабилитациони програми е од суштинско значење во
правење на план за лекување од алкохолизмот. Во САД, програмите за
рехабилитација се прават така што се земаат во предвид различни, специфични
фактори како и степенот на прифатеност и ефикасност на програмот, нпр. доколку
пациентот има семејство кое сака да учествува во програмата, се бира програм кој
вклучува учество на семејството во процесот, доколу се во прашање верници, се бира
програма со религиска ориентација, доклку пациентот сака да се вклучи во група
која е наменета само за едниот пол или во програм за геј популацијаат, потоа во
програми кои вклучуваат детоксикација или медикаментна терапија, како и посебни
терапии за пациенти со коморбитетни состојби и за пациенти кои преживеале
физичко или сексуално насилство. За пациентите кои имале повеќ е лекувања, а со
увид во типовите на терапиите кои претходеле и не довеле до подолга апстиненција,
може да се определи сегашна терапија. Рехабилитационите програми се разликуваат
во однос на времетраењето, интензитетот, филозофијата на програмата, како и во
тоа да ли се одвиваат во болнички или вонболнички услови.
Нашите адиктолози исто така вршат процена и прилагодување на програмите на
пациентите, иако е изборот на програмите помал во однос на погоре спомнатите.
Избор на соодветен рехабилитационен програм за зависникот/зависничката од
алкохол е многу важен чекор во лекувањето.

Типови на терапија со кои членовите на клубовите се лекувани

Во одредување на типот на третманот се раководевме од фактот дека постојат


институции на сите нивоа на здравствента заштита (домови на здравје, клинички
одделенија на општите болници, специјални одделенија за лекување на
алкохолизмот, психијатриски болници, клиники, заводи)и дека секоја од тие
институции спроведувала свој тераписки процес, со користење на методологијата на
класична биолочка психијатрија и системска семејна терапија. Што се однесува до
медикаментната терапија се мисли на примена на медикамнети во сите фази на
третманот (на почетокот или подоцна) пришто примената на есепралот

8
(дисулфирам) е издвоена, бидејки тој не е медикамнет во класична смислатуку
средство со авезивно дејство.
Пред психоедукацијата како многу битен дел од од терапијата се проценува и
висината на мотивацијата и нтелектуалните и емоционалните капацитети на
пациентите и на членовите на семејството, адекватноста на соработниците и во
смисла на не (употреба) на спстанци, а се со цел одржување на добра мрежа на
поддршка неопходна за успешно лекување.
Без медикаменти моментално се лекуваат и рехабилитираат 70% од членовите на
клубот. Овој податок укажува на неколку суштински особености и квалитети на
рехабилитацијата во Клубот:

- Долготрајноста на апстиненцијата омозвожува стабилни интерперсонални


односи и квалитетно психолошко закрпнување кое не бара никаква
медикација.
- Потребата и понатаму да се остане во Клубот како поволно социјално
опкружување и кога симптомите на алкохолизмот и не се значајни во своето
медицинско значење. Членовите на Клбот може да се сметаат и за здрави во
медицински смисол, но остануваат во Клубот поради комплетирање на
семејната рехабилитација, подобрување на квалитетот на животот и
социјалната интеграција.
- Супериорноста на психотерапевтските и социотерапевтските методи над
медикацијата за психолошко заздравување.
- Значењето на вклучувањето на семејниот соработник или некоја друга друга
битна индивидуа бидејки не ерегистриран ниту еден член на клубот од
примерокот кој немал соработник.

Алкохолизмот во семејствата-меѓугенерациско пренесување

Развојот на општата теорија на системот и нејзината примена во психијатријата


одамна го усмерува вниманието на посматрачите и практичарите на интеракциите
помеѓу поединците и групите, на нивната вистинска природа и влијанието во
семејните и социјалните процеси, кои се одвиваат во клучните хумани системи (во
прв ред во семејстваат). Согледувајки го семејството во целина, случувањата во него,
се постигнува подобро разбирање за настанувањето на тешкотиите, проблемите и
пореметувањата, а на крај и процесот на комуникацијата помеѓу генерациите,
односно пренесување на одредени на следната генерација. Тоа подразбира
истражување на комуницирањето помеѓу генерациите, не само низ генетскаат
комуникација, туку и преку социјално психолошките процеси на трансмисија.

9
Ставовите за трансгенерациска трансмисија на алкохолизмот формирани од
позицијата насемејно-ситемски влијанија поаѓаат од ставот дека алкохолизмот е
процес, кој споро и притаено се одвива. Возраста на најчесто појавување на
алкохолизмот е помеѓу 25 и 35 години.
Овдека не се мисли на трансмисија на генетски својства туку на трансгенерациска
трансмисија на карактеристиките на семејството (интерперсонални односи,
алкохоличарски брак, алкохоличарски идентитет на семејството, семејни ритуали)
Бројот на лекувања од алкохолизмот е во статистички значајна корелација со
алкохолизмот во семејството, но во смисла дека доминираат испитаници до сега, т.е
прво лекување. Меѓутоа, поголем број на рецидиви имаат испитаниците чии
татковци биле зависници, но статистички значајна поврзаност на поголем број
рецидиви најдена е само кај испитаниците чии вујковци биле зависници. Кога би се
анализирале само испитаниците со пет или повеќ е од пет рецидиви може да се
примети дека кај нив во семејството има присатен алкохолизам кај татковците и
браќ ата.
Едногодишната апстиненција многу почесто се постигнува со вклучување во клубот,
отколку без овој тип на третман, што се покажало статистички значајно за сите
старосни кохорти. Така да хипотезата за поврзаноста на рехабилитацијата во Клубот
и должината на апстиненцијата е потврдена. Не е потврдена претпоставката дека на
мажите во лекувањето повеќ е им одговара групната терапија и клубот, а на жените
семејната и индивидуалната терапија, битна разлика во родот нема.
Во семејното порекло алкохолизмнот е присатен во 60% што ја потврдува
претпоставката за позитивна историја на алкохолизмот и трансгенерациска
трансмисија на образецот на однесување поврзан со пиењето и комплетен
алкохоличарски систем.
Конечно, контекстот во кој се одвива трансмисијата на алкохолизмот всушност
представува збирна сите интеракции, ставови, начини на размисување, верувања и
нивните афективни експресии во тоталитетот на времето и сеејниот систем.
Процесот е динамичен и нема определен почеток и крај, ниту има стоѓерни
показатели.Често се довива по периферија на свеста или останува несвесен за
учесниците (испраќ ач-родител, примател-деца).
Можеме да заклучиме дека семејните клубови или групите за самопомош
представуваат социјален капитал за лекуваните зависници од алкохол. Социјалниот
капитал е всушност мрежата за поддршка која покрај блиските и подалечни
роднини, ги опфаќ а и пријателите, колегите, комшиите и други битни поединци кои
за лекуваниот зависник /зависничка и за нивното семејствопредставуваат важна
компонента за поддршка во ,,периодот на здравје”, а посебно во ,,периодот на
болеста”.

10
АЛКОХОЛИЗАМ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Алкохолизмот е тежок социјално - медицински проблем, чии што последици
негативно се одразуваат не само врз лицето кое боледува од алкохолизам, туку и врз
останатите семејни членови, работата и поширокото окружување.
Со развивање на болеста доаѓа до нарушување на телесните и психолошките
функции, а со тоа се јавуваат низа проблеми во семејното функционирање.
Алкохоличарот го менува своето однесување, престанува да се грижи за
семејствтото, за работата, се жртвува себе си и другите. Повеќ ето од нив го губат
чувството за пристојно однесување, ги занемаруваат обврските, грижата и
воспитувањето на децата, не водат сметка за нивните потреби и чувства. Единствена
преокупација е како да дојдат до алкохол, трошат материјални средства во таа
потрага и семејството го доведуваат во незавидна материјална состојба.
Алхохолизмот го погодува целото семејство, доаѓа до дисфункционалност,
метеријално осиромашување и губење на угледот. Топлите и позитивни емоции
исчезнуваат, а присутни се стравот, несигурноста и неизвесноста од однесувањето
на алкохоличарот. Често се случува агресивно однесување, кое води кон вербални и
физички напади, кон семејните членови.
Алкохолизмот е сериозна појава која треба да се лекува, посебно што алкохолизмот и
насилството се поврзуваат поради дезинхибирачкото влијание на алкохолот врз
нервните клетки, што допринесува за неможноста за ублажување или
пренасочување на агресијата.
Како семејно насилство се смета сторено однесување:
- Од едниот брачен другар врз другиот, кои живеат во брачна или вонбрачна
заедница
- Меѓу сиблинзи и полусиблинзи
- Над дете
- Над постари челнови
- Над лица членови на семејство, чија што деловна способност е делумно или
целосно одземена
Многу често е трансгенерациско пренесување на насилство, односно насилникот
често пати бил жртва на насилство, тоа се личности кои се несигурни во себе, со
недеостаток на самопочитување и недостаток на комуникациски вештини. Својата
несигурност ја компензираат, така што воспоставуваат контрола и моќ над другите.
Овие личности имаат потешкотија да ги препозанаат своите емоции, тешко се
соочуваат со улогите и избегнуваат прифаќ ање на одговорност за семејството. Имаат

11
бурни реакции, а злоупотреба на алкохол е механизам за соочување со стресот. Во
пракса се забележува дека насилниците имаат слаба контрола над импулси, ниска
толеранција на фрустрација, експолозивен и непредвидлив карактер, љубоморни се,
а своето однесување го толкуваат како напор за зачувување на семејството.
Сепак, алкохолизмот и семејно насилство се два различни проблема и не секогаш
алкохоличарот е насилник и обратно. Во криминолошките студии и во други
истражувања овие две однесување, често пати се поврзани.
Насилствотото може да се јави како:
- Психичко кое се однесува на обид да се разори психичкото здравје на жртвата,
преку навреди, закани, исмејувања, омаловажување, обезвреднување,
изолирање и сл.
- Телесно насилство кое опфаќ а: туркање, тепање, нанесување на телесни
повреди, опекотини, повреди со разни видови на оружје, обид за убиство и сл.
- Сексуално насилство опфаќ а телесно и психичко насилство преку сексулано
вознемирување, тепање, силување и сл.
- Економска злоупотреба одземање на финансиски средства и скратување на
истите, неплаќ ање алиментација и сите однесувања кои другата личноста ја
прават економски зависна.
Динамика на насилство
Искуствата покажуваат дека со текот на времето насилството се повторува, му
претходат поврзани настани и во еден момент ескалира. Најчесто се одвива во три
фази и тоа:
Прва фаза
Расте напнатоста. Оваа фаза се карактеризира со помали инциденти и обиди за
смирување на состојбата.
Втора фаза
Насилни настани
Доаѓа до неконтролирано ослободување на напнатоста. Кај жртвата се јавува шок,
изненаденост и повлекување.
Трета фаза
Насилникот се извнинува и жали. Дава ветувања дека нема да се повтори
насилството, го оправдува своето однесување. Доколку во оваа фаза не се превземе
нешто, насилството најчесто се повторува.
Многу често, жртвите на насилство го минимизираат истото, ги потиснуваат
негативните чувства и живеат во сеќ авање на добрите времиња. Она што се

12
забележува во пракса се крајна пасивност, емотивна тапост, емотивна недостапност
кон децата, понекогаш гневот го пренасочуваат кон децата и користат секундарна
добит, така што стекнуваат емпатија од поширокото семејство, извинување, каење
од насилникот и сл.
Кај жртвата се развиваат симптоми и доаѓа до промени во личноста: ја губи
самодовербата, прифаќ а одгвоворност за однесувањето на насилникот, социјално се
изолира, го губи чувството за лична слобода, се повлекува, развива психосоматски
заболувања и сл.
ТРЕТМАН НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Кога станува збор за насилство поради алкохолизам, прво се работи на
постигнување на апстиненција, а програмата за лекување од алкохол, треба да се
надополни со програма за третман на семејно насилство. Сама по себе терапијата на
алкохолизам ќ е допринесе за престанок со пиење, но без промени во семејните
релации и однесување, може да се случи многу брзо да се врати симптомот –
алкохолизам.
Почетна точка во овие терапии е промена од прв ред, веднаш да се прекине со
насилството. Насилникот се едуцира во стекнување вештини за ненасилно
изразување начувства и моќ . Се работи на деконструкција на кохнитивните
убедувања кои водат кон себе оправдување од типот „ кога сум лут, не сум одговорен
за своето однесување“ или „ јас сум лут заради нејзините грепки“.
Кај жртвата се работи на јакнење на самодовербата, многу е важно да почувствува
дека има поддршка од околината, вклучително и институциите.
Во групната работа за помош и самошомош стекнува вештини за надминување на
стресот и релаксација, добива совети за правна и социјална заштита. Преку групна
работа се соочува со својата состојба и се зајакнува психички, за да се спротивстави
на насилството.
Програм за третирање на алкохолизам заедно со програм за изменето однесување,
трае подолго, опфаќ а мултидисциплинарен пристап, но опфаќ а работа на два клучни
проблема поврзани со алкохолот: прекин на алкохолизам и прекин на насилство.
ЛЕКУВАЊЕ НА АЛКОХОЛИЗАМ
Лекувањето е процес чија што цел освен прекин на конзумирање на алкохол е и
промена на алкохоличарското однесување. Секако прво и основно е апситенција, која
треба да трае што подолго за да дојде до реинтеграција, ресоцијализација и
рехабилитација на алкохоличарот. За ова да се постигне потребно е време од 3-5
години.
1 Фаза (3 недели)

13
Во оваа фаза се прочистува организмот од токсичната супстанца, се надминува
телесната криза и телесното опоравување. Во оваа фаза е вклучен: прием на пациент
на лекување, детоксикација и воспоставување на апстиненција. Се прават клинички
и параклинички испитувања, за да се види дали има и други нарушувања. Фазата
трае околу 3 недели и основно е токсичното прочистување. Се воспоставува контакт
со семејството и пошироката околина за да се добие целосен увид во состојбата.
2 Фаза (3-6 месеци)
Фаза на лекување во индивидуална и групна терапија, главна цел е позитивна
промена во однесувањето. Се применува:
Индивидуална терапија, пациентот работи со терапевт, еден на еден.
Групна социо и психотерапија, корисна при лекување на зависности. Се базира на
претпоставката дека човекот е социјално битие, проблемот се создава, одржува, но и
лекува во група.
Состаноците се одржуваат во одреден временски интервал, секој член има свои
улоги и задачи. Во групата се работи на оспособување на челновите, на адекватен
начин да ја совладаат емоционалната напнатост, потребно е секој член да стекне
реален увид во својата состојба, да воспостви комуникација со групата со цел
самокорекција, но и да допринесе за корекција на однесувањето на другите членови.
Групата работи по принцип на тераписка заедница, сите челнови се рамноправни,
дури и терапевтите се членови, тие ја координираат групата. Групите се од отворен
тип, најчесто бројат од 15 – 20 членови. Стручниот тим е составен од: лекар
специјалист, психолог, социјален работник, окупационен терапевт, спортски
терапевт, медицински сестри. Се прави проценка на состојбата на секој член, но и на
неговите снаги, во работата се користат стимулации, награди, пофалби.
Паралелно се работи на менување н а ставовите на семејството, за да останатите
чченови го прифатат лекуваниот член како рамноправен, да му помогнат да си го
врати авторитетот, улогата, преку подобра комуникација и прифаќ ање.
На почеток се прави тераписки план, по етапи и се прави тераписки договор, со кој се
утврдуваат улогите на сите семејни членови.
Основни облици на групна терапија се:
- Социо – тераписка група која ги опфаќ а сите пациенти и семејните ченови
- Едукативна група која работи по програма која обработува теми поврзани со
алкохол. Целта е да се стекнат знаења во врска со проблемите, како и начинот
на лекување.
- Рекреативна и окупациона групна работа е задолжителен дел од
комплексниот третман, а целта е да се научат на здрав начин на живеење.

14
3 Фаза (3-5 години)
Фаза на продолжено лекување во Клуб на лекувани алкохоличари. Вклучување во
клубот почнува уште од самото болничко лекување. Во овој третман
задолжително се вклучува семејството. Оновна цел е стабилна апситенција,
ресоцијаизација и превенирање на рецидив. Работи по принцип на тераписка
заедница.
ТЕРАПИСКА ЗАЕДНИЦА ПРИМЕНЕТА ВО КЛА (КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ
АЛКОХОЛИЧАРИ)
Клуб на лекувани алкохоличари е сложена социјална група која ја сочинуваат
апстиненти, нивните блиски и нивните терапевти, а со цел да се одржи
апсиненцијата и да се ресоцијализираат во смисла на корекција на изменето
однесување поради алкохолозимот. Работата во клубот се одвива по принципи на
Треписка заедница.
Тераписка заедница е форма на тераписки третман на група луѓе кои имаат
заедничка цел или проблем и кои што се среќ аваат повремено со цел меѓусебно
да си помогнат во разрешување на тој проблем, поради кои е формирана
Тераписката заедница.
Алкохолизмот, изменето однесување и насилство може да се третираат преку
тераписка група. Се постигнуваат резултати преку соочување со проблем,
стекнување увид и промена на однесувањето, во смисла стекнување
самоконтрола и вештини за ненасилно однесување.
Начинот на организирање се базира на активно сопствено партиципирање во
лекувањето, што подразбира дека секој член во групата доаѓа до решение на
својот проблем. Овој третман вклучува постепена корекција на личноста,
стекнување на комуникациски вештини и ресоцијализација. Тераписка заедница
е основана како семејна и општествена заедница, а нејзини начела се
демократија, заедништво, пермисивност, соочување со реланоста и стекнување
увид.
Третманот се одвива преку групна работа, динамички во групата се создава
атмосфера на доврба, добронаменост и почитување. Промените се постигнуваат
преку стекнување на нови сознанија, меѓусебни делувања и личните промени. Во
групата се користи конфронтација како интервенција, позитивна конотација и
преурамување. Тераписките интервенции се директивни, а крајна цел е
подобрување на однесувањето и реинтеграција во социјалната средина.
Организација на работа на Клубот
Клубот е место каде што алкохоличарот наоѓа разбирање за себе, своите потреби,
а неговиот напор да го остави пиењето се валидира, потнцира и конотира.
Поддршката и критиките од другите членови се од големо значење. Позитивните
15
примери од постарите апстиненти се голем извор на мотивација и енергија за
свежиот апстинент.
Оптимална бројка на членови е до 12 апстиненти и 1-2 семејни членови, 1-2
терапевти, а вкупниот број не треба да надминува 25 члена. Поголемиот број
доведува со пасивизација, нередовност и ревидив кај некои членови.
Состѕаноците се одвиваат во определно време, на определено место, најмалку
еднаш во неделата. Членовите седат кружно, за да можат сите да се видат.
За попријатна атмосфера се пушта тивка музика. Во моментот на пристигнување,
контактите се спонтани и неформални.
Во следниот дел од средбата следува разговор со однапред зададена содржина. Се
поднесувава неформален усмен извештај за претходната средба и евентуалните
договори.
Самата содржина на состанокот може да биде претставување на нов член,
запознавање, едуцирање. Прво се претставуваат старите челнови, по име, возраст,
време на апстиненција, а потоа се претставува новиот член кој хронолошки
изнесува податоци за себе, за своето пиење, последиците, искуството, резултатот
од своето лекување. Семејните членови го изложуваат своето видување на
проблемот и семејните потешкотии. Се планираат чекори за апстиненција и
рехабилитација. Останатите членови од клубот поставуваат прашања и го
изнесуваат своето мислење.
Ова е значаен дел од средбата, проблемот со алкохол се претставува како личен
проблем. Уште на почетокот е битно учесникот да прифати и сфати една вистина,
а тоа дека во иднина има два избора како начин на живеење: да живее како
апстинент или како алкохоличар. Тоа значи дека има само еден лек за болеста –
потполна апстиненција од алкохол за целиот свој живот.
Како друга можна сосдржина на состаноците на Клубот е појава на рецидив.
Обично по рецидив имало акција на патронажа, била направена детоксикација и
по смирување и опоравување во Клубот, рецидивистот ја изнесува состојбата која
претходела на рецидивот и ја опишува кризата. Останатите членови ја
анализираат состојбата, укажуваат на јасните манипулации кои претходеле (на
пр.непочитување на правилата за апстиненција, свесно предизвикување на
конфликт за да се оправда рецидивот и сл.). Сите овие укажувања имаат за цел да
му помогнат на рецидивистот да се врати на апстиненција.
Доколку некој од членовите има потешкотија или потреба која сака да ја изнесе
пред групата, се дава предност на тоа барање. Групата се ангажира во пронаоѓање
решение.
Како содржина на состанокот може да биде анализата на некои претходно
заедничко искуство (посета на театар, кино или друга клубска активност).
16
Во групата се настојува повеќ е членови да имаат активности и улоги.
Освен во просторијата, средбите се одвиваат и во природа, заеднички пешачења,
викенд прошетки и сл.
Групата се зближува преку заеднички акции, заеднички дружења и прослави.
Цели и задачи на Клубот
Основна цел на Клубот е терцијална превенција и тоа:
- Зацврстување и трајно одржување на апсиненција од алкохолни пијалоци кај
своите членови
- Ги спречува рфецидивите, а при појава на рецидив преку партонаѓата брзо ги
санира со укажување помош
- Работи на ресоцијализација и рехабилитација на членовите
- Им овозможува помош на семејствата во надминување на проблемите
- Работи на подобрување на комуникација
- Помага во реинтеграција на лекуваниот алкохоличар
- Работи во изнаоѓање на форми за подобрување на квалитетот на живеење на
своите членови
Искуствата покажуваат дека клубовите имаат незаменлива улога во
продолженото лекување. Самиот факт што во клубовите се вклучуваат и семејни
членови, го потврдува фактот дека алкохолизмот е комплексен проблем. Има
значајна улога и во превенција во примарното и секундарното здравство.
Ефектите од намалување на рецидиви и повторни лекувања се значително
помали кај членови на КЛА, а тоа го потврдуваат и повеќ е истражувања.
Така да, во едно истражување спроведено во Србија во 2012 се добиени следниве
резултати:
Околу 40% од мажите во истражувањето спроведено од примерок имаат повеќ е од
едно лекување, пред да се вклучат во нашиот третман, што значи и повеќ е од еден
рецидив, додека кај жените 13% се оние кои се лекувале повеќ е пати. Она што е
битен податок добиен од овие истражувања е дека повеќ е од 90% од членовите
сметаат дека клубавите и Заедниците на клубовите на лекуваните од алкохолизмот
во Србија (ЗКЛАС) можат да помогнат да се чуствуваат помалку стигматизирани. Се
покажало дека едногодишната апстиненција се постигнува почесто вклучувајки се
во клубот, отколку без оваа врста на третман. Во текот на последното лекување,
рецидив имале само 17% од испитаниците, кои потоа продолжиле со терапијата, што
е многу позитивно.
Добивме исто така многу значаен податок дека само 17% од членовите на Клубот во
тек на сегашното лекување и рехабилитацијата имале рецидив, така да и хипотезите

17
за анмален број на рецидиви сега во однос на поранешнте периоди на лекување, без
вклучување или кратко вклучување во клубот се потврдила.

РЕЗИМЕ
Продолженото лекување од алкохолизмот е ВТОРА ФАЗА ВО ПРОЦЕСОТ НА
ЛЕКУВАЊЕ ОД АЛКОХОЛИЗАМ и следува по болничкото лечење од алкохолизмот. Во
продолженото лечење од алкохолизмот се вклучуваат брачните парови и
поединците кои ГО ЗАВРШИЛЕ ПРОЦЕСОТ НА БОЛНИЧКОТО ЛЕКУВАЊЕ ОД
АЛКОХОЛИЗМОТ.
Целта на продолженото лекување од алкохолизмот во клубовите е социjално
лекување на алкохоличарите и нивните соработници, така да се оствари
максимална лична и семејна рехабилитација и ресоцијализација на алкохоличарите
и изгради здрав начин на живот- без алкохол.
Патот за постигнување на оваа цел е долг и трновит, бара многу напор и
одрекнувања, но со добра мотивација и лично ангажирање на лекуваниот
алкохоличар и соработникот, може да се оствари.
Времетраењето на продолженото лекување во клубот е условено од природата и
развојниот процес на самиот алкохолизам, формално трае 1-2 години, а суштински
до крајот на животот.
Основен метод за работа на продолженото лекување во клубовите за лечени
алкохоличари во е групната системска семејна психотерапија.
Семејството се третира како систем, заснован на меѓусебните односи на нејзините
членови. Бидејки поради алкохолизмот тој систем во семејството на алкохоличарот е
нарушен, целта на системската семејна психотерапија е тие односи повторно да се
воспостават.
Низ разовор со групата на алкохоличари и соработници, терапевтот и ченовите на
клубот даваат совети за подобрување на комуникацијата и успешно надминување на
семејните односи и и проблеми. Ова значи дека разговорите во група треба да
реултираат со ПРОМЕНА НА ОДНЕСУВАЊЕТО на алкохоличарите и соработниците
кон себе, семејството и општеството.
Групната системска семејна терапија подразбира искрен разговор помеѓу групи
семејства во Клубот за личните проблеми од лекувањето од алкохолот, т.е лична и
семејна рехабилитација.
Исто така подразбира и доверливост дека разговорите водени во Клубот остануваат
помеѓу членовите на Клубот на лекуваните алкохоличари. Интимата на членовите
не треба да се дели со други луѓе надвор од Клубот.

18
По пристапувањето во клубот, новиот лекуван алкохоличар и соработникот се
представуваат пред членовите на клубот заради запозавање со неговата лична и
семејна ситуација.
Социотерапевтската група ја сочинуваат терапевтот, алкохоличарте кои се лекуваат
и семејни членови. Групата работи на принципите на искреност, добронамерна
критика, доверба и спремност за помош на секој член на клубот.
Преку советите на терапевтот и другите членови на клубот, алкохоличарот и
неговите семејни членови разменуваат искуства со другите семејства во клубот и
истите ги применуваат кај себе.
Ако некој проблем од лекувањето на алкохолизмот не може да се реши во клубот, се
ангажираат и семеен терапевт, психолог или псијијатар.
Со почитување на правилата на однесување во апстиненција и низ активен
повеќ егодишен ангажман во клубот, се гради нов модел на на здраво
функционирање во семејството и околината.
Изнесување и решавање на проблемите околу личната и семејната рехабилитација
пред групата алкохоличари и соработници е се друго само не ,,пријатен разговор”.
Соочувањето со самиот себе, со мислењата, ставовите и искуствата на групата често
е многу болно, но затоа и многу ЛЕКОВИТО.
За следење на текот и напредувањето на продолженото лекување од алкохолизам,
алкохоличарите и соработниците повремено во клубот вршат АНАЛИЗИ НА
ЛИЧНАТА И СЕМЕЈНАТА РЕХАБИЛИТАЦИЈА.
Преку сугестии и личните искуства на останатите членови на клубот, им се укажува
на пропустите и се даваат препораки за поуспешно лекување.
На тој начин, алкохоличарите го менуваат своето алкохоличарско однесување, а со
тоа и односите во семејството.
Напредувањето на членовите на Клубот за лекување на алкохолизмот се следат
спреку повремени АНАЛИЗИ НА ЛИЧНАТА И СЕМЕЈНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА.
ВО ЛЕКУВАЊЕТ НА АЛКОХОЛИЗМОТ НЕМА ИНСТАНТ РЕШЕНИЈА, така да
продолженото лекување од алкохолизмот е долготраен и макотрпен процес.
Само мотивација, истрајност и упорност, спремност за промени и прифаќ ање совети
од другите можат да резултираат со успешно залечување од алкохолизмот.
Бидејки искуствата и поддршката кои се добиваат во Клубот на лекуваните
алкохоличари се нешто драгоцено, лекуваните алкохоличари и соработници често
остануваат во клубот и по 10 и повеќ е години, прифаќ ајки го како свое второ
семејство.

19
ЛИТЕРАТУРА

B.Gačić. (1985). Alkoholizam - bolest pojedinca, porodice i društva. Beograd.

Dragišić-Labaš, S. (2009). Istraživanje promena u strukturi i organizaciji alkoholičarske porodice pod


uticajem sistemske grupne porodične terapije alkoholizma. Beograd: Filozofski fakultet.

Dragišić-Labaš, S. (2012). Čovek i alkohol u društvu - od podsticanja do odbacivanja. Beograd: Čigoja.

Lambaš, S. . (2012). Alkoholizam u porodici i porodica u alkoholizmu. Beograd: Čigoja štampa.

Nastasić, P. (2011). Ekosistemski pristup alkoholizmu. Beograd: Publikum.

P.Nastasić, Z. S. (1992). Mogućnosti primene porodične terapije alkoholizma na kliničkom psihijatrijskom


odeljenju. Psihijatrija danas, vol. 24, br.1-2, 73-79.

S.Dimić. (2012). Pad i povratak alkoholičara. Beograd: Zadužbina Andrejević.

Z. Stanković, D. L. (1995). Sistemska grupna porodična terapija alkoholičara u dnevnoj bolnici. Psihijatrija
danas, vol. 27, br. 3-4, 279-292.

П.Васкова, В. М. (2016). Алкохолизам, Развој и Последици. Скопје: Арт&Арт.

20

You might also like