ЗНАЧЕЊЕТО НА ПОЕТСКИТЕ СЛИКИ И ЛИКОВИ ОД ВОВЕДНАТА ПЕСНА ВО ДЕЛОТО БОЖЕСТВЕНА КОМЕДИЈА ОД ДАНТЕ АЛИГЕРИ

You might also like

You are on page 1of 2

„ЗНАЧЕЊЕТО НА ПОЕТСКИТЕ СЛИКИ И ЛИКОВИ ОД ВОВЕДНАТА ПЕСНА ВО

ДЕЛОТО БОЖЕСТВЕНА КОМЕДИЈА ОД ДАНТЕ АЛИГЕРИ“

Секој од нас потребно е да има барем по еден свој глас на разум кој ќе му помага
да му ја буди совеста при патувањето низ животот. Данте Алигери си го имал својот
Вергилиј испратен од неговата љубов Беатриче сакајќи да му помогне во намерата да ги
пронајде одговорите за суштината на битисувањето. И навистина му успеало. Тој во три
дена поминал низ Пеколот, Рајот и Чистилиштето и го нашол смислот на животот, ги
добил посакуваните одговори.
Патот на Данте започнува во Пеколот, кој претставува и воведна песна во неговото
непроценливо дело за историјата на книжевноста – „Божествена комедија“. Бројот три во
ова негово дело симболички се провлекува низ сите делови, а секој од нив завршува со
зборот ѕвезда што претставува уште една алегориска уметност во творењето на овој
предренесансен виртуоз. Пеколот го прикажува светот од тоа време, истакнувајќи ги сите
зла – омраза, прељуба, нечесност, промискуитетност, убиства...Набројуваќи ги овие зла, а
поминати векови од постоењето на Данте, се прашувам да не случајно пак сме на тој
почеток од неговиот пат?!
За да успеам да го прикажам значењето на поетските слики и ликови од воведната
песна, делот Пеколот, морам да дадам наративно објаснување. Имено, Пеколот е
прикажан со 9 кругови, а највпечатлив факт е што авторот прво дава податоци за себе, а
потоа кога пристигнува пред вратата на пеколот ја забележува реченицата: „Одречете се
од секоја надеж вие кои влегувате“. И нели понекогаш секој од нас знае да се изгуби во
шумата наречена живот и бара излез кон светлиот пат. Тоа не е најстрашното,
најстрашното е ако не го пронајдеме патот на вистината, праведноста, искреноста, честа.
Данте метафорички сето ова ни го прикажал што едноставно е невозможно да не го
разбереме што ни кажал и што ни оставил како вредносна порака.
Изгубен во шумата, вложувајќи ги сите сили да го најде својот душевен мир и
благосостојба, наидувајќи на илјадници пречки, следуваат низа слики и ликови кои ако
подлабоко ги анализираме ќе разбереме дека секој од нас е Данте Алигери. Всушност,
преку симболичко значење на одредени животни можеме да согледаме со што
секојдневно се соочуваме трагајќи по она што нас ќе не направи подобри личности.
Прв на патот во изгубеноста Данте го сретнува пантерот кој ја симболизира зависта,
а тоа и без да има напишани зборови, од самата слика можеме да го забележиме. Следен
е лавот кој е можеби симбол на гордост, но сепак гордоста може да биде најголем
непријател на човекот доколку не се разбере вистинската смисла како една позитивна
карактерна црта. На сликата јасно се гледа како лавот покажува надмоќ, а тоа не е
вистинското значење на гордоста. На крајот ја сретнува волчицата која ја симболизира
алчноста – нешто што разорува и уништува.
За крај само сакам да порачам: Бидете горди на своите дела, но не и да покажувате
надмоќ. Остранете ги зависта и алчноста, бидејќи тие ја разоруваат вашата личност, а
потоа најблиските до вас и секако, се она што ве опкружува.

You might also like