You are on page 1of 2

Прво оставате да се изјасни синдикатот во однос на нашите барања, односно

да ја отворат тие дискусијата на средбата. Наташа продолжува со следното :


Јас како претставник на сестрите со средна стручна спрема, баравме да се
организира овај состанок се со цел да се реши долгогодишниот статус на
сестрите. Имено запознаени сте и вие а моментално и синдикатот дека
сестрите во нашиот хоспис во битола сеуште ја прат негата, односно веќе 6
години не се најде соодветно решение, за статусот на сестрата. Бидејќи ние не
наидуваме на разбирање од одговорните во хосписот битола, се одлучивме да
си ги бараме нашите права во однос на работните обврски. Ние не бараме она
шо не ни следува. Сакаме да се најди некое соодветно решение, ниту ние како
сестри да бидиме оштетени, ниту пак да одиме контра установата.
Она што ние го бараме е да се тргни сестрата од нега. По систематизација
(овде законски ќе збора или наташа или синдикатот ) .
На ова реплика ви дава директорката ( во овај случај ќе се кажи дека нема
финансии или има доволно кадар, има ова има она, нема работа )

Следно Мери одиш под овие потточки... Почнуваш со, во ред е тоа дека нема
доволно финансии и ние сме свесни за ситуацијата во државата, но ајде да
видиме што заеднички можиме да се договориме, вервајте ние сме сестри
искусни сестри и наместо да бидиме унапредени со сестрински обврски ние
сме уназадени во негователив во време кога во цела држава има недостиг на
медицински кадар, ние буквално сме негователи. Кога од хигиеничари станват
сестри ние од сестри се враќаме назад. Не знам дали сте запознаени како
работи целиот хоспис и на кој принцип, имаме замерка и за тоа бидејќи од вас
како надлежни се базирате само на пренесувањата на проблемите од
Одделенската сестра и управникот а верувам дека не е во целост пренесено.

1. Ние бараме да бидиме изземени од негата, бидејќи веќе 6 години како


шо спомна Наташа не се најде соодветно решение исклучиво за
хосписот во Битола. Ние не викаме дека проблемот ќе се реши преку
ноќ, и имаме разбирање дека министерство за финансиии не пушта
согласности за нови работни места, еве ние како колектив, би ви
предложиле дека се додека се реши статусот со нови вработувања на
негователи да се исплати додаток за нега на сестрите кои што ја
работиме.

2. Бараме да укини работно место сестра на терапија, еве и синдикатот


нека кажи, дали негде во останатите институции сестрата со висока
школа е привилегирана и е поштедена од работните обврски. Еве во
нашиот случај сестрите со висока е да речам 90% од работно време на
терапија ( одговорна само за пер ос терапија, 3 пати неделно земање на
крв на не повеќе од 5 пациенти, се останато е на сестрата на нега –
преврски, мерење витални знаци, правење на промени, изведување на
екг кога е една сестра на терапија, стерилизација итм ) . Никој не можи
да не убеди дека сестра завршена на 50 години висока вондредно е
постручна и поспремна од сестра со средно и години работен стаж. Ова
повлеква и многу други проблеми за кои вервам дека треба да бидат
дискутирани со главната сестра.

Е сега тука ако ви речи немате тешки пациенти нема доволно медицински
отпад вие ќе стојте на то дека НИЕ СМЕ СЕСТРИ ЗА ТОА КАКВИ ПАЦИЕНТИ
СЕ ПРИМАТ; КАКВА ТЕРАПИЈА Е ОРДИНИРАНА Е НАДВОР ОД НАША
РАБОТА, НИЕ САМО ГИ ИЗВРШУВАМЕ ЗАДАЧИТЕ НАЛОЖЕНИ ОД ДОКТОР.

- СМЕТАМЕ ДЕКА И НЕГАТА КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ Е НА ВИСОКО НИВО, А


ЗА ТО СИГУРНО ГОВОРИ ФАКТОТ ДЕКА МНОГУ МАЛКУ НЕСАКАНИ
СЛУЧУВАЊА СЕ ПРИЈАВЕНИ ЗА ДЕКУБИТАЛНИ РАНИ.
- Ние не се ограничуваме на тоа дека доколку бидиме тргнати од
негователски работи не би помагале на негователите кога би имала
некоја голема потреба, но веќе сме истрошени сестри, премногу
кревање, премногу пациенти, премногу наложени обврски на сестрите на
нега.
Јас сметам дека во ниту една установа една сестра во текот на 24 часа
е хумано да прај 3 пати нега или вкупно на 100 пациенти кога би ги
броеле.
Одговорните упорно ни наложват и укажват на то дека сме се сложиле
да идиме 24 часа, па нема да бидиме поштедени. Нема да се откажиме
бидејќи сите идиме за пари. Но сметам дека е крајно нехумано. Ние
вервајте повеќе немаме сила, ниту имаме воља. Со то паѓа и квалитетот
на негата но и ние самите вработени се осеќаме како пациенти.

You might also like