You are on page 1of 1

СИНТАКСА

*Главни членови на реченицата

Да се потсетиме!

СИНТАКСА (дел од науката за јазикот кој ја проучува реченицата)

Реченица е говорна целина составена од меѓусебно поврзани зборови.

Подметот и прирокот се главни реченични членови.

Иван игра .

ПОДМЕТ ПРИРОК

Подмет: Иван (вршител на дејството, го наоѓаме преку прашањето КОЈ?)

Пр. Кој игра? – Иван.

Прирок: игра ( го наоѓаме преку прашањето што или што прави)

Прирокот е основен, создавачки член на реченицата.

Без прирок – глагол во лична глаголска форма, нема реченица.

Вежби:

Во следните реченици потцртај ги подметите со една, а прироците со две линии.

а) Ветерот дуваше силно и ги кршеше гранките.

б) Во библиотеката влезе ученикот.

в) Пишуваа состав по македонски јазик.

г) Веднаш тие влегоа внатре.

д) Храбрите ја прескокнаа оградата и заминаа.

ѓ) Во саботата јас купив една книга.

е) На натпреварот Тања ја доби првата награда.

ж) Марко беше на натпреварот.

з) Сашо, Бојан и Тамара ја напишале домашната работа.

ѕ) Долго време играа децата.

You might also like