You are on page 1of 14

СВЕТЛИНА

ИЗВОРИ НА СВЕТЛИНА

• Какви извори на светлина има?


• -природни(Сонце ,ѕвезди,фосфорни
предмети,светулки-инсекти,молња)
• вештачки (батерија,свеќа,сијалица и др.)
• Месечината не е извор на светлина.
ШТО Е СВЕТЛИНА

• Светлината (видлива светлина) претставува електромагнетно зрачење, чија бранова должина е


видлива за човековото око.
• Светлината е форма на енергија.
• Светлина е се што регистрираме со сетилото за вид.
• .Светлината секогаш патува по права линија!
 АКО СВЕТЛИНАТА НАИДЕ НА ПРЕДМЕТ ТАА СЕ ОДБИВА
(РЕФЛЕКТИРА).
НЕКОИ ПРЕДМЕТИ ПОВЕЌЕ , А НЕКОИ ПОМАЛКУ ЈА ОДБИВААТ
СВЕТЛИНАТА.
ОНИЕ КОИ ДОБРО ЈА ОДБИВААТ СВЕТЛИНАТА СЕ ДОБРИ
РЕФЛЕКТОРИ.
КАКО ДОБРИ РЕФЛЕКТОРИ СЕ  МАЗНИТЕ  И СЈАЈНИ ПОВРШИНИ.
МАТНИТЕ , НЕСЈАЈНИ  ПОВРШИНИ НЕ ТОЛКУ ДОБРО ЈА
РЕФЛЕКТИРААТ СВЕТЛИНАТА И ТИЕ СЕ ЛОШИ РЕФЛЕКТОРИ.
ШТО Е СЕНКА

•  Ако на патот на светлината се најде препрека, предмет кој е


непровиден, светлинските зраци не можат да поминат низ
него ,туку се попречени и затоа на спротивната страна од
изворот на светлина се јавува темен простор кој го нарекуваме
сенка.
• Некои предмети воопшто не ја пропуштаат светлината (дебел картон,
дрво, метал и др.),
• некои делумно ја пропуштаат (најлон,хартија и др.),
• некои целосно ја пропуштаат (стакло).
• Таквите предмети кои не ја пропуштаат светлината се непровидни ,
• тие што делумно ја пропуштаат се прозрачни
• тие што целосно ја пропуштаат се провидни.
• Светлината се разликува по интензитет и боја.
• Светлината од сонцето е бела светлина. Но таа во себе ги содржи боите
на виножитото. Виножито настанува како резултат на својството на
светлината да се прекршува.
Кога светлинските зраци се прекршуваат од дождовните капки белата
светлина се расчленува (разделува) на нејзините составни бои(црвена,
портокалова, жолта, зелена, сина , виолетова). Исто  како и во природата
можеме да добиеме виножито кога светлината минува низ стаклен
објект наречен призма.Постојат и други начини да направите
виножито.Погленете ја галеријата од слики!
ПРЕКРШУВАЊЕТО ПРЕДИЗВИКУВА СОЗДАВАЊЕ НА ПОВЕЌЕБОЕН СВОД НА
НЕБОТО, СО ЦРВЕНАТА БОЈА НАЈГОРЕ, А ВИОЛЕТОВАТА НАЈДОЛУ.
ВИНОЖИТОТО ОБИЧНО СЕ ПОЈАВУВА ПОСЛЕ ДОЖД. ВИНОЖИТОТО СЕ СОСТОИ
ОД 7 БОИ. ТОА СЕ БОИТЕ: ЦРВЕНА, ПОРТОКАЛОВА, ЖОЛТА, ЗЕЛЕНА,СИНА,
МОДРА И ВИОЛЕТОВА.
КАКО ГИ ГЛЕДАМЕ ПРЕДМЕТИТЕ И ЗОШТО ГИ ГЛЕДАМЕ ВО
БОЈА?

• Предметите ги гледаме благодарение на својството на


светлината да се одбива.
Но ние знаеме дека белата светлина ги содржи сите
бои на виножитото.Ако сноп од зраци на бела светлина
целосно се одбијат од некоја површина тогаш во
нашите очи доаѓа бела светлина.
НО ПОВЕЌЕТО ПРЕДМЕТИ НЕ ГИ ОДБИВААТ СИТЕ БОИ НА
БЕЛАТА СВЕТЛИНА .НЕКОИ БОИ ГИ ОДБИВААТ, А НЕКОИ ГИ
АПСОРБИРААТ (ВПИВААТ) ВО СЕБЕ. НИЕ ЌЕ ГО ГЛЕДАМЕ
ПРЕДМЕТОТ ВО ОНАА БОЈА КОЈА Е ОДБИЕНА ОД ТОЈ
ПРЕДМЕТ.НА СЛИКАТА СЕ ПРЕТСТАВЕНИ ЗЕЛЕНИ
ПАНТОЛОНИ.ТИЕ , СИТЕ БОИ ГИ ВПИВААТ САМО ЗЕЛЕНАТА ЈА
ОДБИВААТ.
ЦРВЕНАТА БЛУЗА ГИ АПСОРБИРА СИТЕ БОИ ОСВЕН
ЦРВЕНАТА.ЦРВЕНАТА ЈА ОДБИВА.
СИНИОТ ШОРЦ ЈА ОДБИВА СИНАТА БОЈА , А ДРУГИТЕ БОИ ГИ
ВПИВА(АПСРБИРА)
• Наспроти белите предмети кои се бели затоа што ја одбиваат целосно белата светлина,црните
предмети се црни затоа што ја апсорбираат целосно белата светлина.Црната боја всушност е
отсуство на рефлектирана светлина,нема рефлектирани светлински зраци.

You might also like