You are on page 1of 8

БОЛЕСТИ НА ЦИРКУЛАТОРЕН СИСТЕМ

проект: Биологија

Изработил: Матеј Миленков VIII 4


ЦИРКУЛАТОРЕН  Циркулаторниот систем, уште се нарекува
СИСТЕМ кардиоваскуларен систем 
 Тоа е органски систем кој овозможува
крвта да циркулира и да ги транспортира
хранливите материи (како што се амино
киселини и електролити),  кислород,
јаглерод диоксид, хормони, учествува во
создавањето на стабилна средина за
виталните функции во однос на pH
вредноста и температурата, поврзан е со
имунолошкиот одговор и придонесува за
коагулација на крвта.
 Циркулаторниот систем се состои од
срцето како главен орган на
циркулаторниот систем и крвните
садови: артерии и вени.
БОЛЕСТИ НА ЦИРКУЛАТОРЕН СИСТЕМ
 Болестите на циркулаторниот систем (БЦС), во пракса често се
нарекуваат кардиоваскуларни болести (КВБ).
 Кардиоваскуларни болести е општ термин за нарушувања кои влијаат
на срцето и крвните садови.
 Болестите на срцето и крвните садови претставуваат голема,
хетерогена група на заболувања и се најчеста причина за смрт во
генералната популација во светот и кај нас.
 Во светот, кардиоваскуларните болести се одговорни за еден на секои
три смртни случаи – што во превод значи 17 милиони луѓе низ целиот
свет секоја година умираат од болести на Циркулаторниот систем.
 Најголем дел од нив настануваат како резултат на атеро-склеротични
промени на артериските крвни садови. 
Видови коронарни болести
 Во однос на клиничките манифестации кардиоваскуларните болести
опфаќаат повеќе групи болести на срцето и крвните садови и тоа:
 коронарна артериска болест - болести на крвните садови на срцевиот
мускул (болести на срце или исхемични болести на срце) ; 
 цереброваскуларни болести - болести на крвите садови на мозокот;
Цереброваскуларните болести, особено цереброваскуларниот инфаркт,
интрацеребралното и друг вид крварење се вбројуваат во десетте
најчести причини за смрт на населението.
 болести на периферните артерии - болести на крвните садови на
екстремитетите;
 ревматски болести - болести на срцевиот мускул и валвулите заради
претходно прележана ревматска треска предизвикана од стрептококни
инфекции; и тромбоза на длабоките вени и пулмонална емболија.
 Исхемичната болест на срцето со своите четири
Симтоми на клинички форми – ангина пекторис, акутен
инфаркт на миокардот, ненадејна срцева смрт и
Циркулаторните исхемична кардиомиопатија, е најчеста болест од
оваа голема група заболувања, а настанува како
болести последица на атеросклероза во коронарните
артерии.
 Во основа на сите кардиоваскуларниболести,
некаде во 95 %, главен
виновник е атеросклерозата.
 Атеросклерозата е биолошки процес кој се одвива
со години и со стареењето во поодмината возраст
таа сè повеќе се манифестира во своите први
симптоми и манифестации, така што зависно од
тоа кој орган ќе го нападне, добиваме болести на
срце, болести на мозокот и болести на
периферниот циркулаторен систем.
 Атеросклерозата доведува до стеснување и
зачепување на артериските крвни садови.
Ризик фактори кои влијаат врз појавата
на кардиоваскуларните болести
 Ризик факторите се делат на две основни групи – ризик фактори кои можат
да се модифицираат во текот на животот и ризик фактори кои се
немодифицирачки како возраста, полот и генетскиот фактор.
 Најчести ризик фактори за настанување на кардиоваскуларните
заболувања кои се поврзани со однесувањето и стилот на животот на
човекот се: употреба на тутун, физичка неактивност, нездрава исхрана и
прекумерна употреба на алкохол, како и нервна напнатост (стрес), што
доведуваат до четири клучни метаболни/физиолошки промени:
 покачен крвен притисок,
 прекумерна тежина/дебелина,
 покачено ниво на шеќер во крвта, и
 покачен холестерол (маснотии во крвта).
Патолошки Цуркулаторни болести
 Најчестите патологии на неправилното функционирање на срцето се:
 Артериска хипертензија која се состои од покачени вредности на систолен
притисок, поголем од 140 и дијастолен притисок поголем од 90. Ова доведува
до абнормален проток на крв низ циркулаторниот систем.
 Аритмија се однесува на модификација на срцевиот ритам, производ на
неконтролиран ритам - тахикардија - или брадикардија. (убрзано или
успорено отчукување на срцето).
 Мрмори во срцето (Шум на срце) - се состојат од абнормални срцеви звуци
кои се откриваат со процесот на аускултација. Овој звук е поврзан со
зголемен проток на крв поради проблеми со вентилите.
 Срцевата слабост се однесува на неефикасно испумпување на крв до
остатокот од телото, предизвикувајќи симптоми на тахикардија и проблеми со
дишењето.
Во вкупната смртност на населението во Република
Македонија во 2017 година поголемиот број на умрени
лица се на возраст од 65 и повеќе години, а најголемо
учество имаат умрените лица од болести на
циркулаторниот систем.

You might also like