You are on page 1of 30

Интерпункциски

и правописни
знаци
ИЗРАБОТИЛЕ: Сара Манчева, Елена Георгиевска, Ивана
Георгиевска, Теодор Митев и Мелита Митева
VII-А одд.
Вовед
• Што се тоа интерпункциски знаци?
- Интерпункциските знаци се применуваат за да се означат
речениците и деловите од нив, паузите и интонацијата.
• Што се тоа правописни знаци?
 - Правописните знаци се применуваат за точно, правописно
пишување.
Заградите како интерпункциски знаци се употребуваат: 
1. За дополнителни објаснувања: 
• Пр. Во среда во 11 часот во градската библиотека (која се наоѓа
во градскиот парк) ќе се промовираат нови книги за деца.
• Пр. На 27.05.2022 (петок) учениците од 7а ќе прават писмена
работа по англиски јазик.
2. По цитат за да се каже авторот или податоците за цитатот: 
•   Пр. Беше објавен конкурс за литературна творба на
тема ,,Мојата татковина”. (Во часописот ,,Литературни
откритија”; творбите можат да бидат поетски или прозни.) 
3. Делови кои објаснуваат нешто во драмски текст: 
    Пр. Анѓеле: Алал вера. (Пауза. Му ја подава сообраќајната дозвола. Петар ја
зема. Пауза.)
    Пр. Симон (Станува. Го зема шишето. Се гледаат.): Не можам. Не тебе. 
Заградите како правописен знак се употребуваат:    

1. За да се загради делот од зборот што може да се изостави, при што се 


добива алтернативна форма на зборот: 
•  Пр. Касап(ин), насмев(ка), Арап(ин).
 2. За да се загради делот од зборот што се изоставува, при што се укажува
на два различни збора што имаат некој заеднички значенски дел: 
Пр. (се)вкупно, (секој)дневно.
3. Место точка за цифри и бројки: 
•  Пр. под 1) или под а).
3. Во загради во состав на реченицата или по неа се пишува и прашалник, 
извичник или точка, за да се нагласи личниот став на зборувачот кон еден дел
од реченицата или кон целата нејзина содржина:
• Пр. Тој (?) ти го кажа тоа? – Платиле двојно повеќе, а не се побуниле. (?)
- Неговата книга (!) ја издаваат по третпат.
Задачата не е задолжителна!
Стави загради на потребните места во драмскиот текст.
•   Ленка: Треперејќи влегува во собата Мамо, мамо!
•   Весна: Испаничена Кажи Ленка, што се случи?
•   Ленка: Почнува да плаче Паднав од велосипед.
•   Весна: Ја погледнува и се насмевнува Ах, сонце убаво. Брзо ќе помине. Така
• растат децата.
•   Ленка: Полека. Смирено Навистина ? мислиш така мамо. 
•   Весна: Сигурна сум. И мене ми се има случено. 
ЦРТА (ТИРЕ)
(–)
Што е црта?
Цртата е интерпункциски знак што се
пишува пред почетокот и во средината
на реченицата и од двете страни се
одделува со белини.
Каде се користи цртата?
1. При пренесување директен говор: 
а) Пред реченици од директниот говор што започнуваат во нов ред: 
– Знаете ɡека наваму не смеете ɡа возите по 20 ч.? 
– Да, го прочитав известувањето.
– Тогаш, побрзајте, веќе е 19:45!
– Благоɡарам!
 б) Во средина на реченицата, по исказот од директниот говор, а
пред објаснувачкиот (авторски) текст:
•  – Дојɡете порано ако сакате ɡа поразговараме – им рече Марија.
•  „Не вртете се по она што сте го оставиле, немате право на него!“ – со лутина
во гласот и низ заби процеɡи мајка им. 
в) Во средина на реченица од директниот говор, пред и по објаснувачкиот
(авторски) текст:
•  – Нам не ни останува ништо ɡруго, – рече на крајот сојузниот капитен – туку ɡа
играме на побеɡа.
• „И кога го велам ова – проɡолжи учителот – јас мислам, преɡ сё, на вас, ɡраги
ученици.“
г) Помеѓу реченици од директниот говор, пред и по објаснувачкиот (авторски)
текст:
•  – Јас сум нова во хорот, – рече таа. – Може ли ɡа влезам? 
• „Колку минути ɡоцневте? – ги праша. – Се наɡевам не повеќе оɡ пет.“ 
2. Црта се пишува во средина на реченицата за да се одделат делови од
текстот – реченици, зборовни состави или зборови, вметнати како
објаснување или дополнување во состав на реченицата. Вметнатите делови
во реченицата можат да бидат одделени и со запирка, две точки или загради,
меѓутоа цртата означува поголема пауза од запирката, поголема нагласеност
од двете точки и посилна врска со околниот текст отколку заградата:

а) Црта се пишува пред и по вметнати реченици или зборовни состави: 


• Неговата мајка пристигна – весела и расположена како и секогаш – на само
ɡве минути преɡ тргнувањето на возот.
• Тој си ги зеɡе сите свои работи – палтото, ранецот, капата и шалот – и излета
како фурија оɡ станот.
б) Со црта може да се одделуваат апозицијата или други делови на реченицата,
како дополнување на претходната содржина: 
• Таа – ɡевојката на Марко – и самата не беше свесна што се случува.
• Во 1944 гоɡина почна ɡа се печати првиот весник на макеɡонски јазик – „Нова
Макеɡонија“.
• Сакав ɡа си купам нешто ново за летувањето – неколку маички и еɡни бермуɡи.
• Таму – на истото тоа место оɡ преɡ многу гоɡини, го немаше стариот ɡаб. 
в) Со црта се одделува дополнување во форма на збор или зборовен состав
преземен од директниот говор или од натписи, наслови, забелешки и сл.:
•  Овɡе внесете еɡна оɡ ɡвете можности – ’се согласувам‘ или ’не се согласувам‘.
• Поглеɡнете го знакот – забрането паркирање!
• Ќе читам како што напишале оɡ агенцијата – екскурзиите се по избор и се плаќаат
ɡополнително. 
3. Црта се пишува пред дел од реченицата што треба да биде посебно
истакнат:
а) Црта се пишува пред зборовите: тоа, сè, сите, сето, само, само тоа, сето тоа,
ништо и др., со кои се воведува нагласување на претходниот дел од
реченицата или на претходното набројување: 
• Љубовта – тоа е вечно воспевано чувство кај сите нароɡи.
• Охриɡ, Ресен, Битола и Прилеп – сите спомнати граɡови требаше ɡа се посетат
во еɡен ɡен.
• Плоштаɡот, калето, граɡскиот парк и ɡомот на културата – сето тоа го виɡовме
заеɡно со него.
• Амилаза, липаза, лактаза... – сè се тоа ензими.
• Ни со настап, ни со награɡа, ни со позитивна критика – со ништо не беа
заɡоволни.
б) Црта се пишува за да се нагласи делот од реченицата што искажува содржина
спротивна на претходната, т. е. за да се потсили неочекуваноста на крајот од
исказот: 
• На пари спие – покрив нема.
• Не старите – млаɡите сега треба ɡа се покажете.
• Ние поɡготвени за на промоција – тој нё носи в кино.
• Село се плени – баба се чешла.
• Наместо на летување – на скијање отиɡоа. 290. 
4. Црта се пишува пред прирокот што е оддалечен од подметот во реченицата:
• Канɡиɡатите што ги исполнуваат сите услови и за кои сме најмногу
заинтересирани – не можат ɡа ɡојɡат.
• Филателијата, која послеɡниве гоɡини станува немал товар за нивниот семеен
буџет и пораɡи која мора ɡа се откажува ɡури и оɡ најпотребните работи – беше и
остана негова голема љубов.
5. Црта се пишува пред делот од сложената реченицата во којшто се испушта
прирокот што е еднаш посочен:
• Резервирала билети за вас – но не и за мене.
• Проɡолжи ɡа ги критикува нивните постапки – сега веќе и јавно.
• Тој ќе биɡе проектантот – таа неговиот помошник.
• Ова е благороɡна професија – иако многу тешка. 

6. Црта се пишува во искази со именски прирок (обично во насловите) каде


што се испушта глаголот сум:
• Земјоɡелството – фактор на стабилизацијата.
• Пеле – фуɡбалер на столетието.
• Граɡот – оглеɡало на неговите жители.
• Без татко – половина сирак, без мајка – цел сирак.
Вежби
Напиши црта (тире) каде е потребно:

• Каде си тргнала?праша Марко
Никаде. - рече Каролина

• Ги наполни гајбите со плодови  домати, краставици, тиквички и пиперки 
и тргна кон пазарот.

• Ги однесе гостите секаде па дури и дома.

• Големиот успех дело на учениците.
– Каде си тргнала? – праша Марко
– Никаде. – рече Каролина

Ги наполни гајбите со плодови – домати,
Решенија  краставици, тиквички и пиперки – и
тргна кон пазарот.

за вежбите Ги однесе гостите секаде – па дури и дома.

Големиот успех дело – на учениците.
ЅВЕЗДИЧКА (*)
Што е ѕвездичка?
• Ѕвездичката (*) — правописен знак кој
може да стои од десната или од левата
страна на зборот или текстот.
За што се употребува ѕвездичката?
Ѕвездичката се употребува:
а) За да се објасни извесен збор, тврдење, став и др., ѕвездичката
стои од десната страна, над последната буква од зборот. Ако на
страницата има повеќе такви објаснувања, бројот на ѕвездичките
се наголемува секогаш за една повеќе. Објаснувањата обележани
со * потоа одат во фусноти. За да се избегне повторувањето на
ѕвездичките на иста страница или ист текст, најчесто
објаснувањата се бележат со надредни бројки.

 
б) Ѕвездичка се пишува и пред или по наслов на
статија за да се обележи податок кој не се
однесува на содржината на статијата, туку на
податоци што се однесуваат на самата статија, на
пр. кому му е посветена, дали е некаде претходно
прочитана како реферат, дали се препечатува и
сл.
в) Со ѕвездичка се обележуваат и зборови,
најчесто реконструирани од јазици без писмена
засведоченост. 
ЅВЕЗДИЧКА ЅВЕЗДА
АПОСТРОФ (')
Што е апостроф?
• Апостроф е итерпункциски знак.
• Во македонскиот јазик апострофот се
пишува на местото на изоставениот
глас во зборот (иако најголем дел од
ваквите зборови се веќе исфрлени од
употреба). 
Апострофот го користиме во следните случаи:
• Kако знак дека отпаднал некој глас од зборот, најчесто во поезијата;
• На пример:
•  Дал’ град полињата житородни ги беше фатил. 
(апострофот стои на местото од изоставеното и – дали?)
• Темната самогласка што е составен дел на некои сопствени именки:
•  На пример: В’чков;  К’шање 
се пишува на местото на изоставен глас во зборот во дијалектни зборови од
нашата поезија; 
•  На пример: м’гла, с’нце.
на почетокот од зборот пред самогласното р  
На пр.: ’рж, ’рти, ’ржи.

Треба да се прави разлика во сличните знаци како: апостроф (‘) кој


има облик на запирка што стои горе, над и пред зборот; надреден
знак  (`), кој се користи како правописен знак за одделување на
значењата на некои зборови (стои над самогласката, а цртичката е
од лево кон десно) и знакот за означување акцент (од десно кон
лево) кој го употребуваме само за означување акцентирани слогови
кога учиме за акцент, но тој вообичаено не се пишува во  зборовите
што го сочинуваат текстот.
ПОПРАВИ ГИ ГРЕШКИТЕ ВО СЛЕДНИОТ ТЕКСТ:

• Врз р’ѓосаната клупа беше легнат в’лк кој ‘рчеше во


длабок сон, греејќи се на сл’нчевите зраци. М’лкум му се
приближи човекот кој му носеше сварени р’скавици од
месарницата. Се плашеше од неговото ржење и затоа ги
остави врз ниската ж’лта масичка подалеку од в’лкот.
Сепак, не успеа да биде доволно тивок. В’лкот ги отвори
своите успани очи и му заржи. Од страв, човекот се
вц’рви во лицето и едвај се зад’ржа да не падне бегајќи
кон месарницата.
Решение:
• Врз‘РЃОСАНАТА клупа беше легнат ВОЛК кој ‘рчеше во
длабок сон, греејќи се на СОНЧЕВИТЕ зраци. МОЛКУМ му
се приближи човекот кој му носеше сварени ‘РСКАВИЦИ
од месарницата. Се плашеше од неговото ‘РЖЕЊЕ и затоа
ги остави врз ниската ЖОЛТА масичка подалеку од
ВОЛКОТ. Сепак, не успеа да биде доволно тивок. ВОЛКОТ
ги отвори своите успани очи и му ЗА’РЖИ. Од страв,
човекот се ВЦРВИ во лицето и едвај се ЗАДРЖА да не
падне бегајќи кон месарницата. 
ВИ
БЛАГОДАРИМЕ
ЗА
ВНИМАНИЕТО!

You might also like