Целиот живот на земјата се состои од вода,со тоа и телата на сите живи организми растенија,животни и луѓе,се состојат од 70-90% од вода.Сите хемиски реакции кои се случуваат во нас,се случуваат во водена средина.Водата не е само медиум кои сите овие животни реакции ги овозможува, туку водата е многу важен продукт на сите овие реакции. Важноста на водата за одржување на животот, неговиот развој и исполнување е исклучително голема,ниедна телесна функција не е можна без вода. Денес се повеќе се чувствува недостаток на квалитетна вода за пиење. Причината треба да се бара во фактот дека само 1% од водената маса која изнесува 71% од површината на нашата планета, е прикладен за пиење; и во постојаното загадување на тие води од страна на човекот.
Најчестите загадувања во водата се хемиски загадувања, пестициди,
јаглеродни и нафтени феноли, тешки метали, олово, бакар, хром, кадмиум, жива и цинк. Од термичките загадувања присутни се киселите дождови, издувните гасови од автомобилите, радиоактивни загадувања каде што наоѓаме присуство на стронциум и радиум. Од каде доаѓаат загадувањата од тој вид? Површинските води ( реки, езера ) примаат голема количина на отпадни води кои содржат биолошки, хемиски, органски и неоргански загадувања. ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ МОРА ДА ЗАДОВОЛИ ОДРЕДЕНИ ХИГИЕНСКО – ЗДРАВСТВЕНИ КРИТЕРИУМИ. Тоа подразбира микробиолошка, физичко-хемиска и органилептичка исправност на водата. Науката допушта 5% од водоводната вода годишно (17 дена годишно) да бидат микробиолошки неисправни, и хемиски неисправна вода до 20%, практично 72 дена во текот на годината, бидејќи тоа не остава последици по здравјето. БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО