You are on page 1of 8

Универзитет ‘’Св.

Климент Охридски’’ – Битола


Висока медицинска школа – Битола

Семинарска работа по предметот Дерматовенерологија на тема:

Нокти (Ungues, Onyx)

Изработил: Професор:
Арсовски Денис Пред. М-р Гордана Ристевска – Димитровска
Индекс: 5356

Битола, 2016 год.


1. Вовед

Ноктите, како и влакната, масните и потните жлезди претставуваат кожни додатоци од


епително потекло.
Ноктите се во блиска анатомска врска со фалангите, на кои и даваат форма и облик.
Ноктот претставува фиброколагенозна мрежа во која недостасува хиподермис и
пилосебачелен апарат. Во споредба со епидермалните кератиноцити, ноктно-
матриксните кератиноцити се поголеми и имаат повисока пролиферативна структура.
Ноктите на нозете се подебели и растат побавно од ноктите на рацете. Целосната
замена на ноктите на нозете е до 18 месеци, а на ноктите на рацете – 6 месеци.

2. Структура на ноктите

Ноктниот апарат има пет анатомски региони, и тоа:


1. Ноктена плоча;
2. Проксимален ноктен набор;
3. Ноктен матрикс;
4. Ноктно легло;
5. Хипонихиум.
Проксималниот ноктен набор, ноктното легло и хипонихиумот се специфично епителни
субјекти.
1. Ноктна плочка – ноктите претставуваат густи роговити плочки – lamina ungualis
кои се лоцирани на дорзалната површина на крајните делови на фалангите на
прстите. Тие се со светлорозева боја и мазна, конвекситетна површина која може
да има попречни бразди – бразди на Beau. Овие попречни бразди се зголемуваат
со текот на возраста. Формата на ноктната плочка е правоаголна, а дебелината
им е различна а зависи од возраста, полот, надворешни и внатрешни влијанија.
Предниот крај на ноктната плочка е слободен margo liber, додека задниот margo
occultus и страничните – margines lateralis се покриени со ноктен набор – vallum
unguis при што се образува жлебот – sulcus unguis. На ноктите се разликуваат
corpus unguis et radix unguis. Во задниот дел на ноктната плочка се гледа бел лак,
наречен lunula. Ноктната плочка чежи врз ноктното легло – lectulus unguis.
Ноктената плоча е составена од цврсто прикачени кератиноцити наречени
онихоцити. Голем дел од ноктената плоча потекнува од ноктениот матриксен
епител. Слично на корнеоцитите на епидермисот и трихоцитите на влакненото
стебло, онихоцитите се составени од кератински влакна. Меѓу 80 – 90% од
кератинските влакна на ноктените плочи се тврди. Други составни делови на
ноктената плоча се вода, липиди, траги од железо, цинк, калиум, липиди од 0,1
до 5%. Содржината на водата во ноктената плоча е о7 – 18%. Содржината на вода
под 7% е причина за фрагилност на ноктите. Содржината на водата во ноктената
плоча над 30% доведува до омекнување на ноктите. Хомогената розева боја на
ноктите се должи на капиларите под ноктната плоча. Некои од ноктите, особено
палецот, во проксималниот дел има бел лак – lunula. Во оваа област
припојувањето на ноктената плоча е послаба, а со тоа и побрзо навлегување на
микроорганизми како и оштетување од разни физички фактори. На слободниот
раб на ноктената плоча има тенка, трансверзална лента наречена
онихокорнеална ивица. Таа е многу важна анатомска бариера за надворешни
штетни влијанија. Нејзиното нарушување доведува до дистална онихолиза
(одлепување на ноктената плоча). Дури и по смртта ноктите продолжуваат да
растат. Овој феномен се должи на контракција кој е сличен со постморталниот
пораст на брадата. Бавниот раст на ноктената плоча ја прави многу погодна за
разни патолошки процеси.
2. Проксимален ноктен набор – Голем дел од ноктената плоча е видлив, само 1/3 е
покриена од ноктениот набор. Роговиот крај на овој набор формира епонихиума.
Дорзалниот дел на проксималниот контен набор продолжува во кожата, кадешто
се наоѓаат голем број на крвни капилари. Овие капилари најмногу се оштетуваат
при разни автоимуни болести. Вентралниот дел на проксималниот кожен набор
продолжува во ноктениот мартикс и се прилепува кон ноктената плоча.
3. Ноктен матрикс – Ноктениот матрикс е со клинеста форма. Составен е од високо
специјализиран епител и условно може да се подели на проксимален и дистален
дел. Во ноктениот матрикс се среќаваат Лангерхансови клетки – главно во
супрабазалните слоеви на проксималниот ноктен матрикс и Меркелови клетки.
Бројот на Меркеловите клетки е различен со возраста, тие се повеќе на број кај
фетусот отколку кај возрасните индивидуи.
4. Ноктно легло – Ноктното легло лежи под ноктената плоча и започнува од
дисталниот раб на лунулата и достигнува до ониходермалната врска.
Нормалното поврзување на ноктното легло и ноктената плоча се должи на
соодветните лонгитудинални бразди. Ова поврзување е многу силно. Ноктното
легло ја одредува насоката и должината на растење на ноктената плоча, освен
тоа делумно придонесува и за нејзината форма.
5. Хипонихиум – Хипонихиумот е просторот под работ на ноктената плоча, од
местото на одвојување на ноктената плоча од ноктеното легло, до дисталниот
крај на ноктената плоча. Ширење на хипонихиумот проксимално претставува
онохолиза.

3. Крвоснабдување и инервација на ноктите

Ноктот има богата циркулација, што се обезбедува од дигиталните артерии кои лежат
до фалангата – по четири артерии за секој прст, по две од секоја страна. Уникатна
анатомска карактеристика се големите артериско-венски анастомози на сите места во
ноктената едицина, со исклучок на проксималниот ноктен набор. Овие анастомози
можат да бидат обични немодифицирани или специјализирани – гломусни зрнца. Тие
се откриваат главно во дермисот под ноктното легло. Гломусните зрнца содржат криви
артериски и венски садови, нерви и капсула, кои се формирани од модифицирани
големи холинергични мускулни клетки и холинергични нерви. Гломусните зрнца
обезбедуваат адекватна циркулација на периферијата на прстите дури и при студ.
Дигиталните артерии се придружени со пар дигитални нерви. Терминалните
разгранувања ги инервираат ноктното легло и ноктениот матрикс, а дисталните
разгранувања ги инервираат периунгвалните ткива преку бројни нервни завршетоци, а
и со највисок интензитет. Оваа богата инервација ја објаснува силната болка при
повреда на пери и субунгвалните ткива.

4. Развивање на ноктите

Ембриологичниот развој на ноктите започнува за време на деветата гестациска недела


создадени дд истиот примитивен епидермис од кој потекнуваат влакната и потните
жлезди. Ноктите се користат како дијагностички критериум за одредување на период
на бременост. Се смета дека за развојот на ноктите, како и кај влакната, е одговорна
невроектодермална – мезенхимска интеракција.

5. Болести на ноктите

Патолошките промени на ноктите можат да бидат резултат на генетски дефект (вродена


аномалија), на стекнати промени на ноктите како самостојни заболувања, или симптом
на системско заболување (промени на ноктите кои се јавуваат како резултат на некои
внатрешни заболувања).

 Наследни промени на ноктите


- Anonychia е делумен или целосен недостиг на една или на повеќе ноктени
плочи. Аномалијата е присутна со раѓањето.
- Pachyonychia congenita е автосомно-доминантно наследна аномалија.
Хиперкератозата, со задебелување на ноктената плоча, посебно е изразена
на нејзиниот дистален дел. Кај тешки форми ноктите добиваат изглед на
канџа. Пахионихијата често е здружена со болни хиперкератонични плочи на
дланките и на слузницата.

 Стекнати промени на ноктите


- Leuconychia – ноктената плоча побелува, промената може да ја зафати целата
ноктена плоча, или да се јават бели дамки.
- Koilonychia –ноктените плочи се вдлабнати во форма на лажица. Ноктите се
тенки и кршливи. Причина за ова можат да бидат работа во влажна средина,
контакт со детергенти, а можно е да се јави кај сидеропеничната анемија и
кај различни ендокринопатии. Опишано е и фамилијарно јавување.
- Onychodystrophia – ноктите се со намален сјај, задебелени се, деформирани,
има субунгвална хиперкератоза. Се сретнува кај егзем, микози, псоријаза, а
може и како составен дел на некој синдром.
- Onycholysis – ноктената плоча се поткрева и доаѓа до нејзино одвојување од
лежиштето. Овие промени се предизвикани од најразлични процеси:
микотични заболувања на ноктите, псоријаза, егзем, циркулаторни
нарушувања, лесни механички трауми, постојано влажнење на рацете и
употреба на детергенти.
- Onychorrhexis – абнормална кршливост на ноктената плоча а може да се јави
истовремено со онихолизата. Најчесто е резултат на егзогени влијанија
(хемикалии).
- Onychogryphosis – екстремно задебелување на ноктената плоча со
искривување на ноктите како кај птица грабливка. Најчесто се локализира на
палците на нозете.
- Onychoschisis – цепење и одлупување на ноктената плоча во вид на листови,
паралелно со нејзината површина. Се јавува поради претерано изложување
на влага и употреба на средства за перење. Вакви промени можат да настанат
и поради ниско ниво на серумско железо, како и кај разни диети.
- Нокт како стакло на часовник – ноктот е во целост зголемен, конвексен.
Најчесто се јавува кај белодробните заболувања, но и како генетска
карактеристика.
- Unguis incarnatus – враснување на ноктот во бочните делови на
перионихиумот, што е следено со инфламација и со болка, а подоцна се
создава гранулационо ткиво кое ја спречува санацијата. Најчести причини за
враснување е погрешно сечење на ноктите, носење тесни чевли, а обично се
јавува на палците на нозете.
- Melanonychia – се јавува поради активирање или намножување на
меланоцитите во ноктениот матрикс. Доаѓа до меланинска
хиперпигментација на ноктот, парцијална или комплетна.

6. Локални нарушувања на ноктената единица

Локалните нарушувања на ноктената единица доведуваат до цел спектар на хронични


заболувања на ноктите.

 Хронична паронихија (Paronychia chronica) – редовно е придружена со


разорување на кутикулата – механичка или хемиска. Ризични групи од ова
нарушување се возрасни жени, оние што работат со храна, домаќинки,
хигиеничарки. Манифестација на болеста е кај првиот вториот и третиот прст од
доминантната рака, проксималните и латералните ноктени набори се
еритематозни и отсечени, кутикулата е исчезната. Перзистентната лесна
инфламација одвреме-навреме се разгорува во субакутни болни егзацербации
што резултираат во дисколорирани попречни гребени на страничните рабови.
Терапија: заштита, леќење на дерматитот со гликокортикостероиди локално,
краткотрајна перорална терапија со преднизон, лечење на секундарна
инфекција.
 Синдром на зелен нокт – ова нарушување обично е поврзано со онихолиза.
Pseudomonas aeruginosa е најчест предизвикувач на оваа појава, го произведува
зелениот пигмент пиоцијанин. Терапија: вадење на литичниот нокт.
 Психијатриски нарушувања – повторувани дејства врз ноктената единица можат
да предизвикат промени на паронихијалната кожа и на ноктената плоча. Пример,
постојано грицкање на кожата околу ноктот може да предизвика lichen simplex
chronicus. Во екстремни случаеви доаѓа до разорување на ноктената плоча.

7. Зафаќања на ноктената единица кај кожните заболувања

 Псоријаза – најчеста дерматоза што ги погодува ноктите. Ноктите личат како


даска за перење здобиени при постоење на тик (туркање наназад на кутикулата).
Терапијата е честопати незадоволителна.
 Lichen planus – зафаќањето на ноктите може да претставува единствена
манифестација на ова заболување. Може да биде зафатен еден, или да се појави
синдромот на 20 нокти (губење на ноктите). Доаѓа до целосно расцепување на
ноктот. Резултира со парцијално губење на централната ноктена плоча што се
пројавува со истегнување на кожата од проксималниот ноктен набор што е
прицврстена за ноктеното лежиште, а личи на буквата V.
 Алопеција ареата – геометриски дупчиња, изглед на бакарна плоча исчукана со
чекан. Прошаран еритем на лунулата. Клучна манифестација е трахонихијата
(рапавост предизвикана од опсежна појава на лонгитудинални линии).
 Болеста на Дарие (Morbus Darier) – промените на ноктите се патогономичен знак
за оваа болест: надолжни ленти, дистални субунгвални хиперкератотични
папули со дистално напукување на ноктената плоча во форма на буквата V или
во форма на шајка.

8. Неоплазми на коскената единица

Бенигни тумори: фибром, фиброкератом, субунгвална егзостоза, микосидна циста,


гломус тумор (болна црвена дамка на ноктеното лежиште).
Малигни тумори: сквамоцелуларен карцином, меланом, тумор на Меркелови клетки.

 Невуси на ноктениот матрикс – се појавуваат како лонгитудинална меланонихија.


Се појавуваат во детството.
 Акролентигинозен меланом – периунгвални истегнувања од кафеаво-црни
пигментации кон проксималните и латералните ноктени набори.

9. Инфекции на ноктената единица

Дерматофитите се најчести патогени што ја инфицираат ноктената единица. S. aureus et


GAS предизвикуваат акутна инфекција на мекото ткиво од ноктениот набор. Кандида и
ауреус можат да предизвикат секундарна инфекција кај хронична паронихија.

 Акутна паронихија – може да настане на латералниот и проксималниот кожен


набор. Обично е предизвикана од микротраума што го нарушува интегритетот на
епидермот.
 Панарициум/Пришт – мекоткивна инфекција на пулпозниот простор од
дисталната фаланга. Настанува од убодна повреда. Се карактеризира со болка,
еритем, оток, апцес. Најчесто се јавува на палецот или на показалецот.
 Кандида Онихија – инфекциите од кандида најчесто се јавуваат на рачните нокти,
обично како секундарна инфекција на хронична паронихија. Ноктената плоча е
зафатена само кај имунокомпромитирани домаќини, т.е во случаевите на
хронична мукоакутна кандидијаза или кај ХИВ/СИДА заболување.
 Tinea unguinum – ноктите ја губат својата заштитна и манипулативна функција.
Компликации: болка во ножните нокти при притискање од чевлите.

10.Промени на ноктите кај мултисистемски заболувања

 Синдром на жолти нокти – ноктите престануваат да растат. Лимфедем, болест на


респираторниот тракт, ревматоиден артритис, малигноми на внатрешните
органи. Ноктите се тврди, нагласено испакнати, дифузно бледожолта до
темножолта дисколоризација.
 Периунгвален фибром – кененови тумори. Се јавува при туберозна склероза, се
јавува во пубертетот.
 Сплинтер хеморагии – субунгвални епидермални гребени што се протегаат од
лунулата дистално кон хипонихиумот што налегнуваат како сложувалка. Прскање
на нежните капилари сместени долж овие надолжни дермални гребени
доведува до сплинтер хеморагии.
11.Користена литература

1. Фицптариков атлас во боја и краток преглед на клиничка дерматологија, Клаус


В., Ричард Ален Џ.;
2. http://medpedia.framar.bg/%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BC%D
0%B8%D1%8F/%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B8
3. http://medpedia.framar.bg/%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D1%8F%D
0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%8F/%D0%BC%D0%BA%D0%B1-b351-
4/%D0%BC%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-
%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5
4. Дерматовенерологија за стоматолози, Љубица П.;

You might also like