You are on page 1of 29

UDK 902 ISSN 0350-0179 (print)

ISSN 2545-4358 (online)

BALCANOSLAVICA
47
2018

vol. 47
Issue 1

BALCANOSLAVICA VOLUME 47, ISSUE 1, pag. 1-293, PRILEP, 2018


UDK 902 ISSN 0350-0179 (печатено)
ISSN 2545-4358 (електронски)

BALCANOSLAVICA
47
2018

Главен уредник и редактор:


Ели ЛУЧЕСКА

Членови на редакција:
Виолета КРСТЕСКА, Владимир КАРАЏОСКИ,
Бранислав РИСТЕСКИ, Атанас АТАНАСОСКИ,
Звонко ДИМОСКИ, Орданче ПЕТРОВ,
Христијан ТАЛЕВСКИ

BALCANOSLAVICA ТОМ 47, БРОЈ 1, стр. 1-293, ПРИЛЕП 2018


Издавач:
ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

Уреднички одбор:

Ели ЛУЧЕСКА (Прилеп)


Андреј ПЛЕТЕРСКИ (Љубљана)
Данијела БИРТ КАТИЌ (Задар)
Виолета КРСТЕСКА (Прилеп)
Богуслав ЖЕЛИЊСКИ (Познањ)
Иванка ГЕРГОВА (Софија)
Роберт МИХАЈЛОВСКИ (Мелбурн)

Технички уредник:
Орданче ПЕТРОВ

Секретар:
Христијан ТАЛЕВСКИ

Лектор на македонски јазик:


Виолета КРСТЕСКА

Компјутерска обработка:
Орданче ПЕТРОВ

Печати:
ГРАФОПРОМ - Битола

Тираж
200

ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп


ул. Кичевско Џаде, бб. 7500 Прилеп, Р Македонија
balcanoslavica@isk.edu.mk
balcanoslavica.mk

Изданието е финансиски помогнато од


Министерството за образование и наука на Република Македонија
UDK 902 ISSN 0350-0179 (print)
ISSN 2545-4358 (online)

BALCANOSLAVICA
47
2018

Editor-in-Chief:
Eli Lučeska

Editorial committee:
Violeta KRSTESKA, Vladimir KARADŽOSKI,
Branislav RISTESKI, Atanas ATANASOSKI,
Zvonko DIMOSKI, Ordanče PETROV
Hristijan TALEVSKI

BALCANOSLAVICA VOLUME 47, ISSUE 1, pag. 1-293, PRILEP, 2018


Publisher:
PRI Institute of old slavic culture - Prilep

International editorial commitee:

Eli LUČESKA (Prilep)


Andrej PLETERSKI (Ljubljana)
Danijela BIRT KATIĆ (Zadar)
Violeta KRSTESKA (Prilep)
Boguslaw ŽIELINSKI (Poznań)
Ivanka GERGOVA (Sofia)
Robert MIHAJLOVSKI (Melbourne)

Techniocal editor:
Ordanče PETROV

Secretary:
Hristijan TALEVSKI

Macedonian proofreading:
Violeta KRSTESKA

Computer layout:
Ordanče PETROV

Print:
GRAFOPROM - Bitola

Copies:
200

Institute of Old Slavic Culture - Prilep


adress: Kichevsko Dzade, bb. 7500 Peilep, Republic of Macedonia
balcanoslavica@isk.edu.mk
balcanoslavica.mk

This publication is financially supported by


the Ministry of Education and Science of Republic of Macedonia
Трудовите содржани во овој број на Balcanoslavica се резултат на четвриот
заеднички научен собир на тема „Процеси на културна интерференција: Балканот помеѓу
истокот и западот“, организиран од Институтот за старословенска култура – Прилеп и
Институтот за класична и словенска филологија при Ун. „Адам Мицкјевиќ“, Познањ во
преродбенскиот манастир Св. Ѓорѓи, Неготино од 10 до 12 септември 2017 г.
Собирот успешно ги реализира и интегрира тридневните сесии во кои беа
презентирани различни тематики од поголем број научни дисциплини на хуманистиката
проследени со плодни дискусии каде што приматот беше ставен на посредувањето со
културната традиција како основното аксиоматско начело што го поврзува епохалниот
òд на историските настани, општествено-економските односи, архитектурата, уметноста,
книжевноста, литературата, религијата, митологијата. Притоа се отворија нови согледби,
но и се надоградија досегашните сознанија за сè она што се создавало во областа на
културата на балканската почва од страна на народите и етносите кои се составен дел од
неговата многувековна историја и генеза.
Во оваа насока содржините на списанието го продлбочуваат широкиот опсег на
културата сфатена како органска синтеза на духовните и материјалните вредности, како
севкупност на сите творечки достигнувања од областа на јазикот и писмото, религијата и
фолклорот, градителството и уметноста, со што уште еднаш го потврдуваат фактот дека
Балканот ѝ дал на светската цивилизација многу капитални придонеси почнувајќи од
праисторијата, антиката, средновековието, т.н. османлиски период, преродбата па сè до
денес, периоди кои се карактеризираат со свој сопствен дух – рационален и ирационален,
религиски и атеистички, со своја сопствена креативна генијалност – разумна и надсетилна,
филозофска и интуитивна, со свое сопствено искуство – цивилизациско и антрополошко,
морално и етично. Поконкретно кажано во трудовите се поставуваат и засегнуваат
повеќе прашања поврзани со манифестациите на општествената интеракција во источно-
медитеранскиот ареал и рефлексијата врз материјалната култура и античките култови
и верувања на балканските простори, балканските религиозни традиции и културните
модели: светителите, светите места, иконите, светите реликвии и обичајните практики,
иконографските модели и сликарските решенија во сакралната уметност на Балканот,
потоа фолклорот, обредите, митот, миграциите и идентитетите и нивното влијание врз
градењето на културната политика и пракса, како и континуитетот и промените на јазикот,
неговата динамика и етно-социо-лингвистичките согледувања на истиот.

Од редакцијата
СОДРЖИНА - CONTENT

ПРИЛОЗИ / ARTICLES

Дафина ИСТОЧНИ И ЗАПАДНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ СТАНБЕНАТА АРХИТЕКТУРА ВО


ГЕРАСИМОВСКА 11-23 РИМСКИОТ ПЕРИОД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РАНОРИМСКОТО НАСЛЕДСТВО И ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ


Христијан СТАНБЕНАТА И САКРАЛНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ДОЦНОРИМСКИТЕ
ТАЛЕВСКИ 25-43 УРБАНИ СРЕДИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Бошко
АНГЕЛОВСКИ
Давча АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ДРМА“ - БАДЕР И ПРОБЛЕМОТ НА
СПАСОВА 45-54 УБИКАЦИЈА НА БАДЕРИЈАНА

Јехона РАЗВОЈНИОТ ПАТ НА ПРЕТСТАВИТЕ НА СВЕТИ МЕРКУРИЈ


СПАХИУ 55-76 ПРЕКУ ПРИМЕРИТЕ ОД Р МАКЕДОНИЈА

Иванка
ГЕРГОВА 77-88 СКОПСКАТА БОГОРОДИЦА ТРОЕРУЧИЦА

Ивона “ТИ, КОЈ НЕКОГАШ БЕШЕ ДАЛЕКУ, СЕГА ГЛЕДАШ ОДБЛИЗУ”: ЦИКЛУСОТ
ПАНЏАК-ПИНЕВА 89-103 ХРИСТОВИ ДЕЛА И ПОУКИ ВО СВЕТИ ДИМИТРИЈА – МАРКОВ МАНАСТИР

Дарина
БОЙКИНА 105-118 ДВЕ МОЩЕХРАНИТЕЛНИЦИ ОТ ТРОЯНСКИЯ МАНАСТИР В БЪЛГАРИЯ

ЧУДОТВОРНОСТА НА МАНАСТИРОТ СВ. МАРЕНА ВО НЕПОСРЕДНА


Ели БЛИЗИНА НА С. Л’НГА, НА ПЛАНИНАТА МОКРА НАД ПОДГРАДЕЦ,
ЛУЧЕСКА 119-127 Р АЛБАНИЈА

Зоранчо
МАЛИНОВ
Велика
СТОЈКОВА ОБРЕДНОСТА НА ЃУРЃОВДЕН (HIDIRELLEZ) КАКО МОСТ И ЈАЗ
СЕРАФИМОВСКА 129-140 ПОМЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ

Весна ПРЕДЕЊЕТО И ПРЕДИЛКИТЕ ВО БАЛКАНСКИТЕ НАРОДНИ КУЛТУРИ И


ПЕТРЕСКА 141-154 НЕКОИ ПАРАЛЕЛИ СО ЕВРОПСКИТЕ КУЛТУРИ

Владимир УЛОГАТА НА ВОДАТА ВО МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ВЕРУВАЊА И


КАРАЏОСКИ 155-165 ОБРЕДИ

ОБРЕДОТ КУРБАН КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ И ВЛИЈАНИЕТО НА


Владимир ХРИСТИЈАНСТВОТО И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА –
БОЦЕВ 167-181 ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ВРЗ НЕГОВАТА АКТУЕЛНА СОСТОЈБА
Виктор ДЕРВИШКИОТ РЕД БЕКТАШИ ВО МАКЕДОНИЈА
ТРАЈАНОВСКИ 183-194 карактеристики и современа состојба

ЗА СЕМАНТИЧКАТА ПРОМЕНА НА ГРЧКАТА ЛЕКСЕМА ΚΛῆΣΙΣ


Марија „ПОВИКУВАЊЕ, ПОВИК, ЗВАЊЕ“ ВО НОВИОТ ЗАВЕТ И ЗА ЗНАЧЕЊЕТО
ЧИЧЕВА-АЛЕКСИЌ 195-204 НА НЕГОВИТЕ ПРЕВОДНИ ЕКВИВАЛЕНТИ НА ИСТОКОТ И НА ЗАПАДОТ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ЛЕКСИКА КАКО СИНТЕЗА ПОМЕЃУ ИСТОКОТ И


Виолета ЗАПАДОТ, ВО “РЕЧНИКОТ НА ЈАНАКИ СТРЕЗОВ, ВТОРА ПОЛОВИНА НА
КРСТЕСКА 205-208 19 ВЕК”

Ana PRILOG PROUČAVANJU SEMANTIKE GLAGOLA ČULNE PERCEPCIJE U


SAMARDŽIĆ 208-221 ARUMUNSKOM JEZIKU

Васил СВЕДОШТВО ОД НИКОЛА ХЕРЦИГОЊА ЗА НАЦИОНАЛНАТА


ЃОРГИЕВ-ЛИКИН 223-241 АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

Meri BUILDING AND RE-BUILDING OF BALKAN NATIONAL IDENTITIES IN THE


STOJANOVA 243-250 LIGHT OF INDIVIDUAL NATIONAL POLICIES

ИЗВЕШТАИ / REPORTS

Гоце
НАУМОВ 253-285 ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛИТЕТОТ ВРБЈАНСКА ЧУКА ВО 2017 ГОДИНА

ПРИКАЗИ И РЕЦЕНЗИИ / BOOK REVIEWS

ЗНАЧАЕН ПРИЛОГ ЗА АФИРМАЦИЈАТА НА СРЕДНОВЕКОВНОТО


РАКОПИСНО НАСЛЕДСТВО
Ѓорѓи Поп-Атанасов, Словенски ракописи од Македонија во странски
Лилјана ракописни збирки X – XIX век, Македонска академија на науките и
МАКАРИЈОСКА 289-293 уметностите, Скопје 2017, 457 с.
СВЕДОШТВО ОД НИКОЛА ХЕРЦИГОЊА ЗА НАЦИОНАЛНАТА
АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

Васил ЃОРГИЕВ-ЛИКИН изворен научен труд


НУ Завод и музеј - Струмица прифатен: 10.06.2018
vgorgiev@yahoo.com УДК 323.1(=163.3) "1918/1939"

Абстракт: Во прилогот се проследува содржината на едно писмо (документ-


сведоштво) од хрватскиот композитор Никола Херцигоња испратено
до вработените во музичкото училиште “Боро Џони” во Струмица.
Писмото-документ содржи сведоштво за националната асимилација
на Македонците и забраната јавно да се употребува името Македонија,
Македонци, македонски јазик и сл., грубо спроведувана од ненародниот режим
во Кралството Југославија во чиј состав, во периодот меѓу двете светски
војни, влегувала денешна Република Македонија. Овој документ - сведоштво е
мошне актуелен и денес, ако се има предвид фактот дека од некои балкански
и европски центри на моќ сè уште се забранува употребата на имињата:
Македонија, Македонци, македонски, македонски јазик и сл. со што директно
се загрозуваат основните човекови права на Македонците, пропишани со
актите донесени од страна на Организацијата на Обединетите Нации,
чијшто основоположник, меѓу другите, е и Македонската држава (како
рамноправна членка на Југословенската федерација). На граѓаните на
Република Македонија од земјите членки на Европската Унија им се ускратува
правото да се декларираат како Македонци со македонска национална свест,
јазик, култура и идентитет, а својата земја да ја именуваат Македонија -
име коешто претставува симбол на македонската културно-историска и
цивилизациска меморија.

Клучни зброви: Никола Херцигоњ, Македонија, светски војни, композитор, Винковци

Кој е Никола Херцигоња?


Никола Херцигоња е хрватски композитор, музички педагог и публицист. Роден
е во Винковци на 19. 02. 1911 година. Починал на 2. 07. 2000 година во Белград (Србија).
Студирал и дипломирал композиција на Музичката академија во Загреб (1935). Работел со
хорови од 1932 до 1937 година. Предавал музика (“учител по вештини”) во нижата граѓанска
гимназија во Струмица (Македонија, 1938) и во Сушак (Хрватска). Учесник е во Втората
светска војна (1942 – 1945) како борец-антифашист. Од 1950 до 1975 година на Музичката
академија во Белград предавал општа историја на музиката. Својот композиторски
израз го градел врз основа на музичкиот фолклор. Објавил околу 300 музиколошки и
224 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.

публицистички трудови со различна жанровска


структура: ораториуми: “Горски Венец”, “Јама”,
“Слугата Јернеј и неговото право” и др.; музичко-
сценска визија “Планетариум”, повеќе вокално-
инструментални дела и свечени песни, како и
филмска музика, есеи и статии коишто ги печател
во стручни списанија и сл.1 .
Опис на документот
Спомените на Н. Херцигоња од неговиот
престој во Струмица во 1938 година се пишувани
на 25 февруари 1976 година, на барање од
вработените во музичкото училиште “Боро
Џони” во Струмица, како дел од подготовките за
издавање монографија по повод одбележување
јубилеј на училиштето. Фотокопија од писмото
Сл. 1. Никола Херцигоња (фото- на Н. Херцигоња во 2012 година нам ни отстапи
архива на историското одделение Кирил Лазаров – професор во музичкото
при НУ Завод и музеј-Струмица). училиште во Струмица (сега во пензија) и негов
бивш студент на Музичката академија во Белград.
Подоцна, овој документ - фотокопија ние го приложивме во архивата на историското
одделение при Националната установа “Завод за заштита на спомениците на културата
и музеј” –Струмица каде и денес се чува под бр. 01 – 2012 ЗМС. Писмото – сведоштво
составено од Н. Херцигоња овде за првпат се објавуват во целост.
а) надворешни карактеристики
Документот е пишуван на хартија со машина за пишување, на српско-хрватски јазик
со латинско писмо. Димензии на хартијата: 210х300 мм. Ширина на текстот: 160 мм, со
нееднакви завршетоци на редовите во правец кон десната маргина.
Содржина на документот
б) внатрешни карактеристики
Писмото на Никола Херцигоња е документ во кој се одразени историско-
општествените и географските прилики и околности коишто авторот ги согледал при
патувањето и престојот во Струмица во втората половина (септември/ноември) од 1938
година. Неговото писмо во суштина претставува обид за реконструкција на настаните од
престојот во овој македонски град. Содржината на документот-сведоштво е интересна не
само за историчарите туку и за етнографите, етнолозите, социолозите, книжевниците итн.
Во него се зборува за секојдневниот живот и обичаите на еден народ – македонскиот, како
и за природните убавини и пејсажи, старите споменици, народните носии, селските куќи и
сл. На микро-план овој историски документ ни дава слика на едно општествено уредување
- ненароден режим воспоставен во Кралството Југославија, во периодот меѓу двете светски
војни. Документот-сведоштво може да се проследува и од позиција на патописниот
книжевен жанр затоа што во себе содржи своевидна уметничко-емотивна и субјективно-
мемориска состојба на авторот. Тоа покажува дека писмото на Никола Херцигоња не е
1  Opća enciklopedija – Jugoslovenskog leksikografskog zavoda, direкtor Miroslav Krleža, tom 3, ( Zagreb:
1977, 396).; Enciklopediski članak: Hercigonja Nikola, on-line izdanje Hrvatske enciklopedije Leksokografskog
Zavodа Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr; пристапено на 05.04.2018 година;
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 225

само документарен приказ на едно место или патување туку и книжевно дело.
Она што ова сведоштво го прави значајно за проследување се личните импресии,
искуствата и сознанијата на авторот до кои дошол за време на неговата прва средба со
Македонија, односно со Струмица и Струмичко. Од писмото дознаваме за неверојатните
и монструозни забрани, како и за невидениот терор којшто тогашниот државен режим
го спроведувал врз локалното македонско население. Кај Н. Херцигоња самоволијата на
државната бирократија, потценувањето на населението, грозоморните убиства, потоа
унишувањето на цели населени места, забраната за употреба на македонското име и јазик,
насилното преименување на македонските презимиња и сл., предизвикале неверување и
вознемиреност,какоичувствонатага.Мошневпечатливисенеговитеописинасекојдневните
контакти со училишните власти, потоа со наставниците и учениците, средбите со локалното
македонско население итн. Од граѓаните бил срдечно и пријателски прифатен. Важно
е да се потенцира дека авторот на овој документ-сведоштво пројавил активен интерес
за македонскиот јазик. За време на неговиот кус престој во Струмица, тој изготвил мал
речник составен од зборови кои ги запишувал при контактите со месното население. Во тој
контекст, како илустрација, само ќе ја споменеме епизодата со претпазливата реакција на
учениците кога нивниот “привремен учител по вештини” на часовите, барал од нив да кажат
како некој предмет или нешто слично се именува на македонски јазик. Изненаден од молкот
на учениците, Н. Херцигоња овој настан го раскажал на еден од колегите во училиштето
од кого веднаш бил предупреден повеќе тоа да не го прави од причина што изговарањето
на зборовите: Македонија, Македонци, македонски е опасно и забрането. Љубопитен
по природа, Н. Херцигоња често ги посетувал околните населени места. Се интересирал
за природните убавини, старите споменици, народните носии, селските куќи, садовите
изработени од дрво и керамика и сл. Така, во една прилика го посетил струмичкото село
Велјуса. Таму престојувал во старата манастирска црква (во манастирската црква “Пресвета
Богородица Милостива”, изградена во XI век). Во својот бележник ја опишал и ги нацртал
нејзините основи. На истиот начин ја евидентирал и т.н. “Инќар Џамија” чиишто остатоци
и денес постојат, како и некој стар амам во Струмица. За жал, овие белешки авторот на
писмото не успеал да ги сочува. Според него, бележникот и неговиот речник во кој имал
и нотни записи ги изгубил за време на Втората светска војна. И покрај кусиот престој во
Струмица, хрватскиот композитор и музички педагог станал миленик на учениците во
гимназијата, како и на граѓанството. За тоа сведочат неговите средби со населението,
пријатниот амбиент и позитивните чувства за време на наставата и ученичките излети во
околината на градот. Од содржината на писмото-сведоштво може да се констатира дека
тој длабоко и искрено сочуствувал и негувал симпатии кон обесправеното македонско
население.
Никола Херцигоња во Струмица дошол на 14 септември 1938 година. Патувал со
воз преку Белград и Ниш до железничката станица – “Струмица” (попрецизно до селото
Удово, сместено на 13 километри оддалеченост од градот Валандово на левата страна од
реката Вардар). Оттаму, со автобус пристигнал во Струмица. Во 1938 година Н. Херцигоња
имал полни 27 години. Писмото-сведоштво го пишувал во својот дом во Белград на 65
годишна возраст, по изминати 38 години од учителствувањето во Струмица. Но, и покрај
евидентната временска дистанца, спомените на Н. Херцигоња поврзани со почетоците
на неговата кариера како музички педагот и композитор останале недопрени од заборав.
Тоа го потврдува и самиот автор кон крајот на писмото. Во суштина, сведоштвото на Н.
Херцигоња е еден вид интимна исповед која се памети јасно и долго - цел живот. Тоа значи
дека при обидите за реконструирање и интерпретирање на минатото или стварноста за
226 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.

истражувачите се важни и корисни не само паметењата на големите државници, на славните


војсководци, на самопрегорните револуционери, политичари и сл. туку и паметењата на т.н.
мали/обични луѓе каков што е Никола Херцигоња.

Прилози
Како прилог го пренесуваме документот во оригинал без интервенции преведен на
македонски јазик од/со коментари на Васил Ѓоргиев-Ликин.
Белград, 25-II-76
.Почитувана колешке!
Сопругата ми ја пренесе Вашата порака – да напишам нешто за мојата должност
како службеник во Струмица. Не знам што би можело да Ве интересира од мојот краток
престој таму – во Струмица бев само месец и половина; бев наставник во тамошната “нижа
гимназија” (тоа е истоветно со вишите класови при осмолетките), а ништо посебно не се
случуваше. Така барем изгледа на прв поглед. Меѓутоа, за мене престојот во Струмица – и за
тоа кусо време – ми остави неизбришлив впечаток којшто би можел да го објаснам, или само
со најкратка сувопарна формулација ( на пр. дека ја засакав средината), или преку опширни
евоцирања на секојдневни спомени, кои не се особено интересни, такашто оној кој ќе ги
чита, самиот нека извлече сопствен заклучок. Се одлучив за второто и тоа да пишувам на
едноставен начин во едно писмо.
Би можел во детаљи да Ви опишувам – како дознав за моето именување (како
“привремен учител по вештини”), како на географската карта ја барав Струмица, како
кусо застанувавме во Белград2 и Ниш3, како допатував вечерта на станицата во Удово4
каде дознав дека до Струмица има уште околу 40 километри, а автобусот до таму тргнува
следниот ден точно на пладне итн.
Но, сега, најпосле по Вашата повторна телефонска интервенција, нема време
за таква опширност. Ќе се обидам набрзина да ги возобновам сеќавањата – но нé на
настаните, бидејќи, како што и на почетокот Ви реков, никакви настани немаше – туку да се
присетам, да ги оживеам моите впечатоци од средбите со луѓето, со училиштето, со децата,
моите впечатоци од природата, пејсажите, накратко, моите впечатоци од првата средба со
Македонија. На повеќето луѓе со кои имав можност да се сретнам не им ги паметам ниту
имињата, а кој знае каква била нивната судбина и животните патишта, каде биле кога се
разгоруваше нашата народна револуција, каде се сега? Не се сеќавам ниту на имињата на
селата околу Струмица, ниту пак на имињата на ридовите и рекичките во околината – освен
оние коишто ми се врежале во моите сеќавања или пак сум ги сочувал во белешките кои не
се изгубиле.
Кога дојдов (тоа го знам точно, 14 септември 1938) во гимназијата љубезно ме
пречека тогашниот в.д. директор, се викаше Кемф, по потекло од Славонска Пожега5, а

2  Денес главен град на Република Србија.


3  Град во денешна југоисточна Република Србија.
4  Станицата кај с. Удово (на левата страна од р. Вардар) меѓу двете светски војни е позната како
железничка станица “Струмица”.
5  Град во источна Хрватска. Ова име за него се употребувало од 1921 до 1991 година. Денес името на
градот е Пожега и е седиште на Пожешко-славонската жупанија и Пожешката бискупија. (www.pozega.
hr; пристапено на 8.04.2018 година).
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 227

тука беше како – “политички сомнителен”. (Отпосле дознав – дека и јас сум бил “политички
сомнителен”..). Ми рече дека со нетрпение ме очекуваат затоа што наставникот по
цртање отишол во пензија...Наставник по цртање!? Не беше крив директорот, бидејќи
било јавено дека доаѓа “привремен учител по вештини” – а тоа звање се однесувало и за
наставникот по пеење и за наставниците по цртање како и за наставниците по гимнастика
(т.е. фискултура)...Не помагаше тоа што објаснував дека не знам да цртам (цртањето не
се учеше во класичните гиманзии) – требаше да се исполнат бројот на часовите. И така
предавав цртање во сите класови од првите до четвртите, пеење во првите и вторите, а за да
ги дополнам часовите предавав – по сопствена желба – уште и запознавање на природата
и географија. И убаво. Се запознав со наставната програма и, верувајте ми, со задоволство
предавав запознавање на природата и географија. Со цртањето одеше потешко, меѓутоа
мојот покоен брат кој тогаш живееше во Белград, ми испрати еден практичен германски
учебник и така започнав заедно со моите ученици да учам цртање. Ми беше полесно кога
видов дека бившиот наставник по цртање не знаел повеќе од мене...Што се однесува до
пеењето (тогаш според наставната програма се учеше само теорија на музиката во првите
и вторите класови) овде се обидов да работам по методите кои на Музичката академија во
Загреб ги претпочиташе професорот Гргошевиќ.6 Се зачудив како тоа се леснотија оди и
како децата убаво реагираа. Тоа не е чудно, бидејќи правилата и дефенициите не се учеа
напамет туку во првите класови се пееше, а децата беа многу музикални. Да, децата беа
музикални, бистри и дисциплинирани и со интерес ја следеа наставата.
Видете, тоа е главно сé што би можел да кажам за работата во училиштето.
Да споменам уште и тоа дека вршев подготовки за хор, меѓутоа –дојде време за мое
заминување, а што можев да направам за толку кусо време и сеуште прилично неускусен
за училишна работа?
И од каде силните впечатоци што ми останаа од тој кус престој?
Во Загреб бев поврзан со работничкото движење, и таму ние стекнавме бројни
сознанија за постапките на ненародниот режим во целата земја, па и во “далечната”
Македонија. Меѓутоа тоа што, веднаш, уште на почетокот го слушнав од колегата Кемф за
теророт што властите го вршеле над населението – од бирократските интриги и навреди до
грабежите, подмолните убиства и уништувањето на цели населби, оставија врз мене мачен
впечаток. Од самиот почеток срдечно бев примен, од секого: од меанџијата кадешто се
хранев, од станодавецот каде престојував, од столарот на кого му дадов да ми изработи
некои училишна помагала за наставата, од селаните на пазарот. Не беше тоа лицемерно
однесување, туку пријателско, другарско; почустував дека е тоа – со еден збор кажано –
добар и чесен народ, близок за мене. Не го познавав јазикот и секогаш се трудеа да ми
објаснат какво значење има некој збор кога ќе видеа дека сериозно се интересирам за
тоа, тие зборови ги бележав. (Имав цел мал речник со забележани зборови). Тоа го правев

6  Гргошевиќ Златко (1900 – 1978), хрватски композитор, музички писател и педагог. Се школувал во
Загреб (Хрватска) на тамошната Музичка академија. Се усовршувал во Париз (Франција) од 1926 до 1927
година. Музичко-педагошка работа обавувал во Загреб, од 1921 до 1961 година. Работел и како музички
уредник во Радио Загреб: 1941-1945 и 1947-1951. Соработувал со повеќе дневни весници и часописи.
Припаѓал на т.н. хрватски национален правец. Музички се инспирирал од традиционалниот фолклор.
Најуспешни му се вокалните дела (кантата Жетва) и соло-песните ( циклусот Kajkavska lirika ; Od koljevke
do motike и др.). Компонирал и дела за оркестар и клавир. Автор е на повеќе студии, статии и стручни
дела какви што се: Solfegio, 4 sv.; Metodika muzičke nastave и сл. Бил ко-уредник на музичка ревија
итн.; В:Opća Enciklopedija jugoslovenskog leksikografskog zavoda, t. 3, (Zagreb: 1977), 278.; Enciklopediski
članak: Grgošević Zlatko, on-line izdanje Hrvatske enciklopеdije leksikografskog zavoda Miroslav Krleža(www.
enciklopedija.hr; пристапено на 8.04.2018 година ).
228 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.

и во училиштето на часовите. Децата често– кога ќе прашав за некои предмети како ги


именуваат – се колебаа да одговорат или кажуваа на српско-хрватски, и јас обично барав да
ми кажат “како тоа кај нив се изговара”; еднаш, кога не добив вистински одговор, запрашав:
“..но како тоа се вика на македонски?”. На ваквото прашање целиот клас се насмеа, како
што децата се смејат кога нешто не е им е смешно туку невообичаено и потоа настана молк.
За случката му разкажав на еден мој колега и тој ме предупреди повеќе да не го правам тоа,
зашто изговорот на зборовите: Македонија, Македонци, македонски – едноставно е опасно
оти овие зборови се забранети...Новиот директор (кој дојде по еден месец бидејќи Кемф
беше преместен) објаснуваше на еден состанок дека на децата не смее да им се дозволува
на часовите да одговараат “на својот јазик”; а еден наставник час поскоро му се додвори и
му рече: “..Да, да...јас и за време на одморите пазам меѓу нив да не зборуваат како по дома”...
На крајот од писмото Ви доставувам список на ученици кој случајно сум го сочувал во
некој бележник. (Тоа не е ништо посебно, вакви списоци може да се пронајдат испечатени
и во училишните извештаи од тоа време; но списоците се работени според редоследот
како учениците седеле во своите клупи (скамија)7 – тоа сигурно било запишувано за време
на моите први доаѓања во класовите и имале за цел запознавање со учениците). Сите
презимиња завршуваат на “-ич” или “-вич”. Вам тоа секако Ви е познато. Ама за мене тоа
беше ново откако мојот колега ми објасни дека – сите презимиња биле насилно променети.
(Нешто слично подоцна доживеав за време на италијанската окупација во Сушак8 –
менување на личните имиња и ортографијата на презимињата...). За мене тоа беше ново;
ново и неверојатно, пред се монструозно: забрана на имиња и забрана на јазик...!
Често шетав по околината. Ме интересираше природата, старите споменици,
народната носија, селските куќи, садовите, дрвени и од керамика – сé сакав да видам и да
забележам. Еднаш ме повикаа на панаѓур во Вилусе9 – таму цртав стара црква и манастир
(?)10, изработив основи и опис (на истиот начин ги опишав и Инќар-џамија11 во градот и
еден стар амам12). Каде ли исчезнаа моите белешки, не знам (секако за време на војната)13,
а имав и нотни записи. Единствено е сочуван споменатиот мал бележник со список на
ученици, по некој македонски збор со толкување, сметки (водев “домаќинство” со голема
7  училишна клупа...
8  Дел од денешниот пристанишен град Риека, на Јадранскиот Брег од приморска Хрватска, во
Кварнерскиот Залив (попрецизно местоположбата на населбата Сушак е на левиот брег од реката
Риечина на местото кадешто таа се влива во Кварнерскиот Залив). Во 1919 година заедно со Трсат бил
прогласен за градска населба/општина. Со договорот во Рим од 1924 година, градот Риека бил припоен
кон Италија, а Сушак кон тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (Кралство СХС, подоцна
Кралство Југославија). Меѓу двете светски војни властите на Кралството СХС се обидувале градот Сушак
да го афирмираат како пристаниште. По Втората светска војна оваа населба била припоена кон Риека
и денес сочинуваат едниствено градско подрачје.; В: Opća Enciklopedija jugoslovenskog leksikografskog
zavoda, t.7, Zagreb, 1981, 739.; Sušak. Hrvatska enciklopedija, mrežno izdanje. Leksikografski zavod Miroslav
Krleža, 2017.(www.enciklopedija.hr; пристапено на 14.04.2018 година).
9  Се однесува на селото Велјуса, оддалечено околу 8 километри западно од градот Струмица.
10  Се однесува на стариот манастир “Пресвета Богородица Милостива”, изграден кон крајот на XI
век којшто и денес постои и претставува значаен споменик на македонското културно-историско и
духовно наследсто. За него поопширно види: Петар Миљковиќ-Пепек, Велјуса, (Скопје: РО Факултет за
филозофско-историски науки на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје,1981).
11  Остатоци од т.н. Инќар –џамија постојат и денес во стариот дел на градот Струмица.
12  Овде, најверојатно станува збор за амамот чијшто скромни остатоци сèуште постојат и се наоѓаат
на ул. “Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 25 во Струмица, во приватен двор. Според мислењето на А. Стојановски, овој
објект бил изграден во XVI век. В: Живко Велковски, Амамите во Југоисточна Македонија, во Зборник
на трудови во спомен на Емилија Петковска, ( Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-
Струмица, Струмица, 2014), 195.
13  Се однесува на Втората светска војна.
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 229

внимателност бидејќи требаше да се преживее со плата од 900 динари месечно, а за првиот


месец од службата се добиваше само половина плата...). Еднаш, за време одржувањето на
панаѓурот во Струмица, шетав по една ливада на која беа испоседнале групи од селани
за нешто да каснат – леб и лубеница, слушав од повеќе места тивка песна и се обидував
по нешто да забележам. Од далечина пак се слушаше тапан и зурли. Тука патролираа
двајца жандарми и ми се пристори дека да ме следат. И навистина, по некое време, ми
пријдоа и побараа легитимација. (Секако дека им беше сомнително оваа младо момче во
граѓански костум којшто се вртка меѓу селаните и нешто запишува.) Јас се направив важен
и им дадов легитимација – резервен потпоручник, а тие, зачудени, се поздравија и заминаа,
но постојано ме набљудуваа...А песната стивна – можеби поради жандармите? Можеби?
Често пати, доцна навечер, одев по во сон потонатиот град. Така, еднаш од далечно место
слушнав песна –вистинска старинска, народна, тешка, придружена со некакво удирање.
Дојдов до тоа место и слушнав дека пеат група мажи во една затворена кафеана од која
се гледаше само пругаста светлина што сјаеше од под вратата. Песната беше возбудлива,
необична, содржеше одлучност во себе, без малку борбена, а ударањето со дланките по
масите и со нозете по подот и придодаваше заканувачка особина...Тогаш си помислив дека
воопшто добро нема да си помине некој ако се обиде оваа песна да ја прекине....
Се спријатлив со еден учител (се викаше Цвијановиќ)14 кој престојуваше во градот
а училиштето му беше во некое село оддалечено околу десетина километри. Таму,
одеше со мотор и неколку пати ме носеше со него. Додека престојуваше во училиштето,
јас разгледував наоколу, се качував по ридовите (се сеќавам еднаш видов огромен орел,
а друг пат ме нападнаа овчарски кучиња) или пак се шетав по селото. Луѓето насекаде
беа гостопримливи, срдечни. Често пати одев кај него дома и со себе морав да ја носам
хармониката и таму се свиреше и пееше. Од сите песни најмногу ја сакаше песната од
филмот “Pastir Kostja”15: “Zapevaj pesmu kad mori te tuga…” Кога веќе ја споменав хармониката.
Пред една година конечно успеав да си купам хармоника (пред тоа позајмував). Со неа го
вежбав хорот во работничките и селските хорови во Загреб; ја зедов со себе во Струмица –
да ми се најде..(Не ни сонував дека за точно четири години ќе биде со мене и во партизани).
Понекогаш ја носев во друштво меѓу нашите колеги, професори и учители, а и на училишните
излети. Се сеќавам на еден излет, некаде надвор од градот, на кој беше целото училиште.
Школо како школо, а излетот некако школски официјален; некои колеги и колешки
настојуваа напразно да направат “штимунг” со помош на некои детски игри. Јас, бидејќи не
знам да свирам многу игри, повторно бев како врзан. Но, кога собрав храброст и засвирив
една игра – токму покрај III клас – девојчињата почнаа да играат такашто малку по малку се
разигра целата полјанка; а јас бев горд исто како да ми аплаудира полна театарска сала...
Имаше и зошто: почуствував дека учениците ме прифаќаат како свој.. И во училиштето, на
часовите, го имав истото чувство. Ме следеа со внимание, какво што подоцна забележав
само кај младинците партизани - курсисти и, многу подоцна, кај моите најдобри студенти
на Музичката академија.

14  Станува збор за Богољуб Цвијановиќ, тогашен учител во селото Куклиш кај Струмица.; В: Манол
Пандевски и Ѓорги Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, (Струмица: Општина
Струмица и СЗБ-Струмица, Струмица,1969), 383-384.
15  Вистинскиот наслов на филмот е “Весели момчиња” (на руски јазик: “Весëлые ребята”). Во
тогашното Кралство Југославија бил дистрибуиран под насловот “Pаstir Kostja” (“Овчарот Костја”).
Филмот бил снимен во 1934 година во црно-бела техника во студиото “Мосфилм”, во режија на Григориј
Александров. Тој бил првиот мјузикл во советската кинематографија и еден од најпопуларните советски
филмови во 30 –тите години од XX век. Овој филм стекнал голема популарност надвор на границите на
Советскиот Сојуз. (www.wikipedia.org; пристапено на 3.05.2018 година).
230 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.

Ете како што гледате, ништо во суштина не се случуваше; тоа се само спомени за
најобични секојдневни работи.
Помина само еден месец од моето доаѓање, кога ми јавија дека сум преместен
во Сушак. Се разбира дека се радував: ќе бидам по блиску до Загреб, своето семејство,
пријателите – затоа што пораснав таму, сé ми беше блиско и мило. Се радував на Сушак
– ќе бидам во истата гимназија во која својата служба ја започна мојот татко кон крајот на
минатиот век16. Треба да се сфати: во Струмица бев далеку од своите; тогаш немаше авиони,
автопатишта, за да може човек да “скокне” преку викенд (а немаше ни викенд) до Белград,
а не пак до Загреб. Ниту преку телефон можеше така лесно, како што, ете Вие, двапати ми
се јавувате. Се радував на моето враќање, што да кријам (но тогаш се уште не знаев колку
пати во Сушак ќе зажалам за Струмица!). И покрај сé, во мене навлезе тага. Ги оставам луѓето
кои така срдечно ме примија и сега срдечно ме испраќаат, луѓе коишто можеби почуствуваа
дека и јас со нив сочуствувам, со нив на кои им го одземаат името, народноста, јазикот, па
и песната. Заминував од еден крај кој го засакав – неговите полиња, шумите и ридовите во
есенско шаренило, неговите села и старите споменици, темносините планини во далечина.
Ги оставав оние деца кои како да почуствуваа дека ги засакав.
И кога во утринските часови на матниот ноемвриски ден возот иташе кон Велес
(денес Титов Велес)17 и дождот започна да ги замаглува прозорците од вагонот, мислев на
децата од струмичката гимназија, ги гледав милите лица со умни очи, се сеќавав на нивните
имиња – Роса...Јордан...Калиопа...Васил...Донка...Фроска.....и капките дожд на прозореецот
од вагонот се соединија во една голема капка, која низ стаклото се лизна како крупна солза.

-----------------------
Почитувана колешке!
Јас напишав само едно приватно писмо, а Вие видете дали може од него нешто да
се искористи.
Како што се гледа – за музиката и музичката работа најмалку станува збор. Меѓутоа,
научив, стекнав искуство во текот на животот дека музика не може да се создава ниту
чуствува ако не се набљудува и впива светот околу нас....
Со почит
и другарски поздрав
Вам, на Вашите колеги
и - на Струмица
своерачно
/Н. Херцигоња/

16  Всушност во XIX век.


17  Се однесува на 1976 година.
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 231

SUMMARY

A DOCUMENT – TESTIMONY BY NIKOLA HERCIGONJA ABOUT THE NATIONAL


ASSIMILATION OF THE MACEDONIANS BETWEEN THE TWO WORLD WARS

Vasil GjORGIEV - LIKIN

The letter-document (memories) by Nikola Hercigonja is a testimony about the national


assimilation of the Macedonians and the prohibition to publicly use the name of Macedonia,
Macedonians, Macedonian language etc., fiercely conducted by the treacherous regime in the
Kingdom of Yugoslavia within whose territory also entered today’s Republic of Macedonia. This
document – testimony is current even today. In favor of this claim goes the knowledge that
some Balkan and European centers still, even in the 21st century, forbid the use of the names:
Macedonia, Macedonians, Macedonian, Macedonian language etc. This is a direct violation of
the fundamental human rights of the Macedonians guaranteed by the acts brought by the
Organization of the United Nations in which is prescribed the right to freely, not obstructed
by anyone, declare themselves as Macedonians with a Macedonian national consciousness,
language, culture and identity and to name their country Macedonia.
232 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.

Сл. 2. Железничката станица “Струмица”(фото-архива на историското одделение при НУ


Завод и музеј-Струмица; фотографијата за прв пат се објавува).

Сл. 3. Зградата на некогашната нижа гимназија во Струмица. Денес во неа е сместен


Државниот архив на Република Македонија-одделение Струмица и дел од постојаната
музејска поставка на Завод и музеј-Струмица (фото-архива на историското одделение при
НУ Завод и музеј-Струмица;).
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 233

Сл. 4. Факсимил- записник бр. 632. Училишен записник потпишан и од Никола Херцигоња.
Неговиотпотписеединственсолатинскописмо.В:ДржавенархивнаРепубликаМакедонија-
одделение Струмица, Фонд: Државна реална гимназија во Струмица, Записничка книга,
Записник од втората половина на септември 1938 година, бр.632, страница 1.
234 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.

Факсимил од писмото на Н. Херцигоња


В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 235
236 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 237
238 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 239
240 BALCANOSLAVICA vol. 47 is. 1 (2018): 223-241.
В. ЃОРГИЕВ-ЛИКИН - Сведоштво од Никола Херцигоња... 241

You might also like